karpos nedelen e-bilten br.53

5
Општина К а р п о ш Неделен Е-Билтен Изготвува: Одделение за односи со јавност

Upload: municipality-of-karposh

Post on 30-Jul-2015

216 views

Category:

Entertainment & Humor


6 download

TRANSCRIPT

Page 1: Karpos Nedelen E-BILTEN BR.53

О п ш т и н а К а р п о ш Н е д е л е н Е - Б и л т е н И з г о т в у в а : О д д е л е н и е з а о д н о с и с о ј а в н о с т

Page 2: Karpos Nedelen E-BILTEN BR.53

Општина Карпошул.Демир Трајко б.б www.karpos.gov.mk

[email protected]

15-21 октомври 2012 Билтен бр.53

Отворена изложбата на ракотворби во Општина Карпош

Во организација на Општина Карпош и Здружението на пензионери „Тафталиџе ДДД“, во салата на Општина Карпош беше отворена изложба на ракотворби од секцијата за култура и уметност на ова здружение. Овој културен настан има цел да ја промовира етнокултурата и традицијата на нашиот народ. Тоа е уметност која се пренесува од рака на рака, од колено на колено, од постари на помлади. Изложбата за отворена ја прогласи секретарот на Општина Карпош, Владо Поповски, кој рече дека Општина Карпош во континуитет ги поддржува сите активности на здруженијата и таа соработка ќе продолжи и понатаму.

Покрај секретарот на Општината, на овој настан говореа и Убавка Николиќ, претседател на секцијата за култура и уметност при здружението и Димитрије Димовски, претседател на Здружението на пензионери „Тафталиџе ДДД“.

Page 3: Karpos Nedelen E-BILTEN BR.53

Општина Карпошул.Демир Трајко б.б www.karpos.gov.mk

[email protected]

15-21 октомври 2012 Билтен бр.53

Зимница базар: „По рецептот на баба ми “

Во ООУ „Војдан Чернодрински“ беше организиран базар на домашна зимница под мотото „По рецептот на баба ми“. Во овој базар земаа активно учество учениците со своите родители. Учениците учествуваа во продажбата на зимницата. Оваа акција се реализираше во рамките на ЕКО проект „ЕКО училиште“.

Собраните средства ќе бидат употребени за потребите предвидени во истоимениот проект.

„Ајварче за мене, ајварче за тебе“ По повод денот на гладтта во ООУ „Јан Амос Коменски“ беше спроведена хуманитарна собирна акција под мотото „Ајварче за мене ајварче за тебе“. Во денешната акција собрани се повеќе од 300 тегли со разновидна зимница.Родителите и учениците со големо задоволство учествуваа и донираа за своите соседи и соученици.

Собраните средства заедно со oпштина Карпош ќе бидат подарени на социјално загрозените семејства во нашата општина.

Page 4: Karpos Nedelen E-BILTEN BR.53

Општина Карпошул.Демир Трајко б.б www.karpos.gov.mk

[email protected]

Во просториите на Кинотека на Македонија во рамките на Програмата за култура на Општина Карпош за поддршка и организирање на ликовни изложби, се одржа изложба насловена „JAZZ“,инспирирана од светските великани на џезот.Поздравен говор даде советникот за култура во Општина Карпош, Горан Михајлов, кој истакна дека општина Карпош секогаш ги подржува ликовните уметници и им дава простор тие да го изразат својот талент.

Автори на цртежите се Гоце и Владимир Илиевски, млади и надежни таленти кои учествувале на ликовните хепенинзи во рамките на Карпошево културно лето.Беа изложени 40 дела во техника масло на платно на кои се преставени портрети од џез легендите. Изложбата беше збогатена со настап на легендарниот Симон Киселички.

„JAZZ“ ИЗЛОЖБА ВО КАРПОШ

15-21 октомври 2012 Билтен бр.53

Page 5: Karpos Nedelen E-BILTEN BR.53

Општина Карпошул.Демир Трајко б.б www.karpos.gov.mk

[email protected]

15-21 октомври 2012 Билтен бр.53

ФОРУМОТ НА ГРАЃАНИ ИЗГЛАСА-ЕНЕРГЕТСКИ ЌЕ СЕ ЗАЈАКНЕ ГРАДИНКАТА „ПРОЛЕТ“

Во просториите на ООУ „Лазо Трповски“ се одржа петата, претпоследна форумска сесија од проектот „Форум на Заедницата“.Со десет добиени петки за проектот - Подобрување на условите за реализација на воспитно образовната работа и намалување на оперативните трошоци , преку зголемување на енергетската ефикасност на објектот, победи проектот на ЈУОДГ „Пролет“ – Карпош. Имено, Општина Карпош, во периодот од јуни до октомври годинава, во серија од пет сесии го реализираше проектот „Форум на заедницата“. Проектот има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локалните субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

Проектот е подржан од Швајцарската агенција за соработка и развој и сопствено учество на локалната самоуправа, а беше имплементиран од Институтот Отворено Општество – Македонија. На денешната форумска сесија, присутните граѓани со право на глас (право на глас имаа сите оние кои присуствувале на најмалку 3 форумски сесии вкулучувајќи ја и последната – петта сесија), гласаа за петте претходно прифатени проекти. По краткото обраќање од страна на претставниците на работните групи и нивен повик за гласање се пристапи кон евровизиско гласањето. По гласањето од страна на Секретарот на Општина Карпош, Владо Поповски беа презентирани и препораките донесени од Форумот како и тоа што од тие препораки до сега е преземено и што се планира во иднина. На крајот од сесијата,пред присутните се обрати Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој заблагодарувајќи се на присутните за досегашното партиципативно учество во форумите и големиот интерес за ваквиот вид на распределување на средствата не поттикна и ние како Општина од следната година, да определиме буџет за секоја урбана заедница, а самите граѓани да определат за што ќе бидат наменети средствата “.- изјави Градоначалникот Јакимовски. Проектот ќе се финансира од добиениот грант од Швајцарската агенција за развој и соработка во износ од 2.400.000,00 денари, и 2.400.000,00 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Карпош.