kamenicko oko 17

20
ВЕСНИК НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВЕСНИК НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА БРОЈ 17 ОКТОМВРИ 2013 ГОДИНА БРОЈ 17 ОКТОМВРИ 2013 ГОДИНА БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

Upload: gradonacalnik-opstina-makedonska-kamenica

Post on 28-Mar-2016

230 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

 

TRANSCRIPT

Page 1: Kamenicko oko 17

ВЕСНИК НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦАВЕСНИК НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

БРОЈ 17 ОКТОМВРИ 2013 ГОДИНАБРОЈ 17 ОКТОМВРИ 2013 ГОДИНАБЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОКБЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

Page 2: Kamenicko oko 17

3 странаГордана Јанкуловска во работна посета на Македонска КаменицаНово повеќенаменско игралиште

4 странаПуштена во употреба новата училишна зграда во село МоштицаРеконструкција на манастирско-туристички комплекс во Еленец, село Цера

5 странаАсфалтирано платото пред автобуската станицаМеѓународна соработка

6 странаКампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“Отворени денови за социјална заштита во руралните средини

7 странаДругарска пензионерска вечерТрадиционална меѓугранична средба „Руен 2013“

8 странаЦрковно-народен собир на ЕленецМакедонија без отпад 2013

9 странаФолклорниот караван на „Истибањско здравоживо 2013“ во Македонска КаменицаКултурно-уметничко друштво „Вера Јоциќ“

10-11 странаКаменичко Културно Лето 2013Прва Изложба на олдтајмери

12 странаЈаков од Камена Река

13 странаСпомен Костурница во село Цера

14 странаВладиката Иларион и заменик министерот за локална самоуправа во посета на Македонска Каменица

15 странаРаботен состанок на Општински огранок на НЗСПШ

16 странаПоезија

17 странаЗапочна новата учебна година

18 странаСпортски активности во Македонска Каменица

СОДРЖИНА

КАМЕНИЧКО ОКО 17Општина Македонска Каменицател/факс: 033 432 741web: www.makedonskakamenica.gov.mkадреса: ул. Каменичка ббиздавач: Општина Македонска Каменицаза издавачот: д-р Дарко Митевскиуредува: Васко Десподовскифотографија: Гоце Ангеловдизајн и печатење: Eвропа 92 Кочанитираж: 2000 примероци

Page 3: Kamenicko oko 17

НОВО ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕНа 28 Август 2013 година, на големиот празник Успение на Пре-

света Богородица (Голема Богородица), во Македонска Каменица, све-

чено беше пуштено во употреба ново повеќенаменско спортско игра-

лиште. На свеченоста свое обраќање пред присутните имаа, вицепре-

миерот и министер за финансии Зоран Ставрески, градоначалникот

на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, пратеникот

Влатко Ѓорчев и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Алексан-

дар Пујовски.

Повеќенаменското игралиште е дел од проектот на Владата на

РМ „Сто повеќенаменски игралишта“ кој се реализира преку Агенцијата

за млади и спорт. Новото игралиште е со површина од 1100 метри ква-

дратни и со вкупна вредност од седум милиони денари.

Со реализацијата на овој проект е остварено уште едно ветување

на државната и на локалната власт, изграден е уште еден капитален

објект со кој значително ќе се подобри спортскиот живот во Македон-

ска Каменица.

ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

На 8-ми Октомври 2013 година,

во работна посета на општина Македон-

ска Каменица беше Гордана Јанкуловска,

Министер за внатрешни работи во Вла-

дата на Република Македонија. На сред-

бата со градоначалникот на општина Ма-

кедонска Каменица, д-р Дарко Митев-

ски, беа поканети и градоначалниците

од Источно-планскиот регион. Се разго-

вараше на повеќе теми, а особено вни-

мание беше посветено на динамиката

на реализација на проекти кои се од кру-

цијално значење за животот на граѓани-

те од Источна Македонија.

Page 4: Kamenicko oko 17

44 www.makedonskakamenica.gov.mkwww.makedonskakamenica.gov.mk

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА УЧИЛИШНА ЗГРАДА ВО СЕЛО МОШТИЦА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА МАНАСТИРСКО-ТУРИСТИЧКИ КОМПЛЕКС ВО ЕЛЕНЕЦ, СЕЛО ЦЕРА

Општина Македонска Каменица продолжува со

реализацијата на крупни проекти финансирани од меѓу-

народни финансиски институции. Општината е лидер по

реализирани проекти од првиот повик на IPA Програ-

мата за прекугранична соработка, а веќе интензивно се

работи и на проекти од вториот повик на оваа Програ-

ма. Заеднички, со општина Белица, Република Бугарија

е аплицирано со проектот „Подобрување на квалитетот

и достапноста до природни атракции во Општина Бели-

ца и Општина Македонска Каменица".

Овој проект опфаќа уредување на манастирско-

туристички комплекс во месноста Еленец, село Цера.

Веќе се започнати градежни активности за реконструк-

ција и адаптација на два од шестте манастирски конаци

и изградба на пристапен асфалтен пат во должина од 1,5

км. Еден од конаците ќе биде адаптиран во сместувачки

туристички објект, а другиот ќе биде целосно реконстру-

иран и пренамент во угостителски објект.

Во наредната фаза од реализацијата на овој про-

ект ќе бидат изградени и пристапни еко-патеки до ма-

настирот „Покров на Пресвета Богородица“, ќе биде по-

ставена урбана опрема и осветлување и ќе започне ту-

ристичката промоција на овој преубав дел од Републи-

ка Македонија.

Вкупната вредност на заедничкиот проект со

општина Белица, Бугарија е околу половина милион

евра, од кои околу 270 илјади евра ќе бидат потрошени

за реконструкција на манастирскиот комплекс кој се на-

оѓа во близина на Македонска Каменица. Очекувањата

се дека овој комплекс во иднина ќе биде еден од најзна-

чајните објекти за развој на еко-туризмот во Источниот

дел на Македонија.

На 10-ти Септември 2013 година, беше осветено и свече-

но пуштено во употреба новото монтажно училиште во с. Мо-

штица, општина Македонска Каменица.

На пригодната свеченост се обратија, градоначалникот

на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, и ди-

ректорот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Димчо Атанасовски. Овој

проект е од огромно значење за развој на оваа рурална средина

и за непречено одвивање на наставата во селото.

Објектот е со површина од 109 метри квадратни, енер-

гетски е ефикасен, има санитарни јазли, две училници, ходник

и просторија за котел за греење.

Училиштето чини околу 3 милиони денари , а инвеститор

е Министерството за образование и наука.

Старата училишна зграда ќе биде реконструирана и пре-

наменета за потребите на жителите од Месната Заедница во

село Моштица.

Page 5: Kamenicko oko 17

[email protected]

АСФАЛТИРАНО ПЛАТОТО ПРЕД АВТОБУСКАТА СТАНИЦА

Градежните активности за доуредување и асфалти-

рање на неуредените површини во Македонска Камени-

ца продолжуваат под полна пареа. Во изминатиот перид

беше ставен нов асфалтен слој на платото околу Автобус-

ката станица. Со овој зафат целокупната површина околу

Новиот Градски пазар и сите пристапни улици до него, се

комплетно уредени и асфалтирани. Со овие градежни ак-

тивности овој дел од Македонска Каменица доби нов, ев-

ропски лик. Реализацијата на оваа градежна активност е во

согласност со општинската Програма за Изградба и рекон-

струкција на локални патишта и улици, и е комплетно фи-

нансирана од буџетот на општина Македонска Каменица.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКАВо изминатиот период, во официјална посета на општина Македонска Каменица беше делегација од локалната са-

моуправа на Киелце, Полска. Делегацијата беше предводена од заменик градоначалникот на оваа локална самоуправа и

од претседателот на Советот на Киелце. На средбата беше разговарано за начинот на функционирање на двете локални са-

моуправи, за можноста од размена на искуства и продлабочување на соработката меѓу општина Македонска Каменица и

општина Киелце, Полска.

Page 6: Kamenicko oko 17

66 www.makedonskakamenica.gov.mkwww.makedonskakamenica.gov.mk

ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

Во тек е Проектот за отворени денови за социјална заштита во руралните средини, што Министерството за труд и со-

цијална политика во соработка со Центрите за социјални работи го планираше за периодот Септември – Ноември 2013 го-

дина. Во таа насока, општина Македонска Каменица во соработка со Центарот за социјална работа од Делчево ќе реализи-

ра непосредни средба со граѓаните од руралните делови на Општината.

Проектот „Отворени денови за социјална заштита” со кој се нуди унапредување на пристапот кон правата и услугите

од социјалната заштита за жителите од руралните населени места ширум државата, значително ќе го приближи системот

на социјална заштита до оние на којшто им е најпотребна. Активностите ќе се реализираат од Септември до Ноември 2013

година и стручните тимови од центрите за социјална работа ќе ги посетуваат руралните средини за да детектираат, преве-

нираат и спречат настанување социјални ризици и на граѓаните да им помогнат полесно да ги остварат своите права во об-

ласта на социјалната заштита. Денови за социјална заштита веќе се одржаа во селата Саса, Моштица, Дулица и Цера, а на

6-ти Ноември 2013 ќе бидат посетени селата Косевица и Костин Дол.

КАМПАЊАКАМПАЊА „ ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ „ ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ

ДЕЦАТА ВО ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ “СООБРАЌАЈОТ “

Со соодветни образовни предавања започна кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот" во основните учи-

лишта и детските градинки. Со фактот дека пешаците, а особено помладите и понатаму се една од најранливите категории на

учесници во сообраќајот, во оваа кампања се вклучени деца од одделенска настава како и повозрасните групи на деца од дет-

ските градинки. Главна цел на кампањата е спроведување на стратегијата „0 деца жртви во сообраќајот".

Во периодот од 11-ти до 13 Септември 2013 година страна на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на па-

тиштата, а во соработка со ООУ „СВ.Кирил и Методиј" и ЈОУДГ „Бамби", беше реализиран првиот дел од кампањата „Да ги заш-

титиме децата во сообраќајот". Непосреден ангажман имаше и локалната самоуправа, особено во делот на сообраќајното

уредување на пешачките премини пред училиштата и детската градинка.

„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ се спроведува во текот на месеците Септември и Октомври, при што вториот

дел од сообраќајниот буквар ќе биде презентиран во текот на месец октомври.

Page 7: Kamenicko oko 17

[email protected]@makedonskakamenica.gov.mk

ДРУГАРСКА ПЕНЗИОНЕРСКА ВЕЧЕРДРУГАРСКА ПЕНЗИОНЕРСКА ВЕЧЕРЗдружението на пензионери од Македонска Каменица

по повод верскиот празник „Мала Богородица“ како и измина-

тите години организираше другарска вечер за своите членови.

Претседателот на Здружението на Пензионери од Македонска

Каменица, г-дин Видан Коневски и Градоначалникот на општи-

на Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски во своите об-

раќања ги поздравија присутните гости, им се заблагодарија на

покровителите на овој настан и посакаа уште многу години за-

едничко дружење.

Во сабота, на 14 Септември 2013, на врвот Руен (2252м) на Осоговските планини се одржа Традиционалната меѓугранична

средба - Руен 2013. Средбата се организира помеѓу општините Македонска Каменица и Крива Паланка, Македонија и општина Ќус-

тендил, Бугарија. Годинава настанот го организираше Еколошко друштво „Здравец“ со поддршка од општина Македонска Камени-

ца и локални фирми и претпријатија.

ТРАДИЦИОНАЛНА МЕЃУГРАНИЧНА ТРАДИЦИОНАЛНА МЕЃУГРАНИЧНА СРЕДБА „РУЕН 2013“СРЕДБА „РУЕН 2013“

Page 8: Kamenicko oko 17

88 www.makedonskakamenica.gov.mkwww.makedonskakamenica.gov.mk

МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД 2013

Општина Македонска Каменица се

приклучи кон големата национална ак-

ција „Македонија без отпад 2013“. Цел-

та на акцијата е да биде собран отпадот

расфрлан низ природните средини, поди-

гање на еколошката свест кај население-

то, да се придонесе за здрава и чиста жи-

вотна средина и да се овозможат оддрж-

ливи решенија за управување со отпадот

во Република Македонија.

Во акцијата која се спроведе во ата-

рот на село Моштица, Македонска Каме-

ница, се вклучија вработени од Јавното

Претпријатие „Камена Река“, вработени и

ученици од СОУ „Миле Јаневски Џингар“,

Центарот за управување со кризи и локал-

ното население.

ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБИР НА ЕЛЕНЕЦНа 14 Октомври 2013 година, по повод големиот христијан-

ски празник Покров на Пресвета Богородица, кај истоимениот ма-

настир, на месноста Еленец, село Цера традиционално се оддржа

голем црковно-народен собир. Сончевото време и добрата орга-

низација беа дополнителен мотив за повеќе од четири илјади ве-

рници да бидат дел од овој голем настан. За гостите дојдени од

сите краеви на Македонија организаторите подготвија бесплатен

оброк подготвен на традиционален македонски начин.

Овој собир беше организиран од Црковниот Одбор при ма-

настирот „Покров на Пресвета Богородица“ со поддршка на општи-

на Македонска Каменица и локалното Здружение на Пензионери.

Општина Македонска Каменица интензивно работи на ре-

конструкција и преадаптација на манастирските конаци, на подо-

бар пристап до манастирот и популаризација на овој преубав крај.

За таа цел, преку IPA Програмата за прекугранична соработка се

обезбедени околу 300.000 евра. Веќе се завршени земјените ра-

боти на пристапен пат и наскоро тој ќе биде асфалтиран, ќе бидат

реконструирани два од манастирските конаци, ќе биде изградена

еко-патека до манастирот и ќе биде поставена соодветна урбана

опрема. Со овие активности, манстирско-туристичкиот комплекс

Еленец ќе биде едно од најатрактивните места за еко-туризам во

Источна Македонија.

Page 9: Kamenicko oko 17

[email protected]@makedonskakamenica.gov.mk

ФОЛКЛОРНИОТ КАРАВАН НА „ИСТИБАЊСКО ЗДРАВОЖИВО“ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Од 13-ти до 18-ти Септември 2013 година се оддржа 28 Меѓународен Фолклорен Фестивал „Истибањско здравоживо“. Романија, Сло-

вачка, Ерменија, Србија, Молдавија, Нигерија, Украина, Словенија, Турција, Бугарија и многу домашни фолклорни ансамбли и друштва беа

дел од овој фестивал.

На 15-ти Септември Фолклорниот караван на „Истибањско здравоживо“ гостуваше и во Македонска Каменица. Најпрвин беше одр-

жано дефиле по градските улици, а вечерта гостите настапија на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Домаќин на вечерта беше Кул-

турно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ со поддршка од Културно-информативниот центар „Романса“ и Општина Македонска Каменица.у у у у у

Ф Ф И б “ Р ј СО 13 18 С 2013 28 М ѓ

К УЛТ УРНО-УМЕТНИЧКО ДРУШТВО „ВЕРА ЈОЦИЌ“

Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ е друштво

на вљубеници во народните песни и ора од регионот на Маке-

донска Каменица. Неговите почетоци датираат од 1960 година,

кога во склоп на Рудник „Саса“ започнува со работа фолклорна

група која постепено ширејќи се, во 1980 година прераснува во

културно-уметничко друштво, кое го добива своето име по на-

родниот херој Вера Јоциќ.

Моментално, членовите на друштвото се распоредени во

три групи: детска, младинска и група на ветерани. Во рамки на

друштвото функционираат и стилизиран оркестар и оркестар на

изворни инструменти.

Во КУД „Вера Јоциќ“ се негуваат игри, песни, ора и оби-

чаи од богатата фолклорна културна ризница на Македонија,

претежно со мотиви од нашето поднебје. Најпознати од нив се:

„Источно“, „Повардарие“, „Пирин“, „Водарки“, „Осоговка“ и мно-

гу староградски македонски песни и обичаи. Во својата богата

К В Ј ќ“

историја друштвото има издадено разновиден аудио и видео

материјал.

За актуелизирање и промоција на македонската тради-

ција и култура КУД „Вера Јоциќ“ има учествувано на голем број

фестивал, домашни и меѓународни. Особено значајни и забеле-

жителни беа настапите на фолклорни фестивали во Романија,

Бугарија, Полска, Андора, Шпанија, Германија, Словачка, Тур-

ција, Хрватска.

Во последниот период друштвото настапи на локалната

манифестација „Каменичко Културно Лето 2013“ и на меѓуна-

родниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо 2013“

Page 10: Kamenicko oko 17

10000000 www.makedonskakamenica.gov.mkwww.makedonskakamenica.gov.mk

ПРВА ИЗЛОЖБА НА ОЛДТАЈМЕРИ ПРВА ИЗЛОЖБА НА ОЛДТАЈМЕРИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦАВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Во рамки на манифестацијата Каменичко Културно Лето

2013 беше организирана и „Прва изложба на олдтајмери“ во

Македонска Каменица. Изложбата се одржа на 28 Август од

10.00 до 16.00 часот. Околу триесетина возила беа вистинска ат-

ракција за граѓаните. Вљубеници во старите и атрактивни вози-

ла пристигнаа од сите краеви на Македонија. За сите учесници

на Изложбата на олдтајмери општина Македонска Каменица и

Културно-информативниот центар „Романса“ обезбедија дору-

чек и ручек, како и ваучери за освежителни пијалоци на штан-

дот на Градскиот плоштад.

Олдтајмерите ги разгледаа и вицепремиерот и минис-

тер за финансии Зоран Ставрески, градоначалникот д-р Дарко

Митевски, пратеникот Влатко Ѓорчев, директорот на Агенцијата

за млади и спорт Александар Пујовски, градоначалници од со-

седните општини и локални функционери и раководители. Ор-

ганизаторите на Изложбата ветија дека догодина таа ќе добие

натпреварувачки и меѓународен карактер.

Page 11: Kamenicko oko 17

[email protected]@makedonskakamenica.gov.mk

КАМЕНИЧКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2013

Со спектакуларниот концерт на Жељко Самарџиќ завр-

ши петтото издание на „Каменичко Културно Лето“. Атмосферата

пред настапот на големата балканска поп икона ја загреа маке-

донскиот шармер Влатко Илиевски. И годинашниов спектакл ќе

остане запаметен кај илјадниците посетители како уште една ус-

пешна приказна, а Македонска Каменица покажа и докажа дека

е подготвена за организација на големи настани.

Реки народ, колони возила пристигаа во текот на послед-

ниот ден од манифестацијата, цела Источна Македонија беше

сплотена на едно место, а гостопримлива Македонска Каменица

срдечно ги прими сите гости на големиот верски празник Успение

на Пресвета Богородица - Голема Богородица, кој воедно е и Ден

на Општината и Ден на рударите.

Посетителите имаа можност да присуствуваат и да ужива-

ат во неколку настани организирани од општина Македонска Ка-

меница, предводена од градоначалникот д-р Дарко Митевски и

Културно-информативниот Центар „Романса“. Последниот ден од

манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2013“ започна со Из-

ложба на олдтајмери, која се организира за прв пат во Македон-

ска Каменица, имаше ревијален карактет, а сите учесници добија

Благодарница за учество. Следуваше пуштањето во употреба на

новоизграденото повеќенаменско спортско игралиште. На свече-

носта присуствуваа вицепремиерот и министер за финансии Зо-

ран Ставрески, пратеникот Влатко Ѓорчев и директорот на Аген-

цијата за млади и спорт Александар Пујовски.

Вечерта се случи вистинска ерупција од енергија. Последен

концерт во рамки на Каменичко Културно Лето 2013. Настанот го

водеше Снеже Велков, а прв на големата сцена се појави Влатко

Илиевски. Неговите хитови беа одлична најава на она што допр-

ва следуваше. По поздравните говори на Директорот за развој и

инвестиции во Рудник „Саса“, Максим Прохоров и на градоначал-

никот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски за-

пошно двочасовното шоу на Жељко Самарџиќ. Незаборавно ис-

куство, позитивна и разиграна енергија и исклучителна забава

која финишираше со спектакуларен огномет.

Организаторите пресметаа дека годинашното Каменичко

Културно Лето ги урна сите претходни рекорди. Илјадниците по-

сетители можеа да уживаат во десетдневната програма, а мани-

фестацијата е оценета како најурбана манифестација од музичко-

сценски карактер не само во Источна Македонија туку и поширо-

ко. На големата сцена на Градскиот плоштад во Македонска Ка-

меница, настапија диџеите Гоце САФ и Димитри фром Чаир, кавер

бендовите Лабаво Лаваби и ПМ (Пи Ем), етно составите Били Есте-

бан и Ајдаред, Викторија Лоба, Александар Тарабунов, реномира-

ни културно-уметнички друштва, Уска Кан Оркестар, Влатко Или-

евски, Фолтин и балканската поп икона Жељко Самарџиќ.

Од Општина Македонска Каменица и Културно-информа-

тивниот Центар „Романса“ им се заблагодаруваат на сите граѓа-

ни на Македонска Каменица, на спонзорите и на медиумските по-

кровители за несебичната поддршка и труд се да помине во нај-

добар ред и воедно ги покануваат сите љубители на добра музи-

ка и извонредна кујна да бидат дел од Каменичко Културно Лето

2014.

Page 12: Kamenicko oko 17

12222222 www.makedonskakamenica.gov.mkwww.makedonskakamenica.gov.mk

„Јас, Јаков, од родното ми место наречено Kамена Река,

во полите на Осоговските Планини, излегов од Македонија,

мојата татковина, дојдов во градот Венеција и почнав да ја

работам оваа книга на 15 мај 1566 година, а ја завршив на 30

август истата година“. Вака, меѓу другото, напишал во пого-

ворот на својата прва печатена книга „Часослов“ првиот ма-

кедонски печатар Јаков од Kамена Река, топоним на неколку

километри од Македонска Kаменица каде што била една од

локациите на денешното рударско гратче. Раскошната за тоа

време книга, Јаков, како што пишува, ја печати во 1566 го-

дина, 111 години по печатењето на Библијата од страна на

Германецот Јохан Гутенберг, пронаоѓачот на техниката за пе-

чатење со подвижен слог, со што Македонците се вбројуваат

меѓу народите што меѓу првите го прифатиле револуционер-

ното откритие на Гутенберг.

Македонскиот Гутенберг во тие тешки години за

Македонија, кога згаснала секаква издавачка дејност,

кога била замрена и богатата дејност на црквите и на

манастирите, го донел првиот проблесок на европската

култура надградувајќи ја на нашата претходна богата

книжевна традиција. „Часословот“, црковно-религиозна

книга, напишана на старословенски јазик, која некогаш

се користела за црковни обреди и за молитви, но, според

нашите научници, е исклучително значајна и од културно-

историски аспект, а Јаков македонската култура и духовното

творештво ги вметнал во европските текови.

За Јаков се знае многу малку и, за жал, за него ретко кој

слушнал во неговата Македонија. Во родната му Kаменица,

пак, на него потсетуваат само две работи – улицата што се

вика Јаков и големата табла на локалното јавно комунално

претпријатие „Kамена Река“, на која, освен името на

фирмата, пишува и Јаков од Kамена Река, а има и слика што

илустрира стар печатар зашто досега не е пронајден некаков

цртеж со ликот на Јаков.

Всушност, најмногу податоци за себе, кои нудат основа

за натамошни истражувања, си оставил самиот Јаков во

поговорот на „Часословот“. Еден примерок од книгата

се чува во НУБ „Kлимент Охридски“ во Скопје, еден бил

пронајден во 1968 година во куќа во Струга каде што книгата

се чувала како семејна реликвија од колено на колено. Се

претпоставува дека можеби ја има и во други домашни

библиотеки, но луѓето веројатно не знаат со што располагаат.

„Часословот“ има 563 страници, печатен е на формат

14,5 на 9,5 сантиметри, секоја полна страница има 22 реда,

илустрирана со цртежи и со орнаменти што Јаков ги пра-

вел сам. Текстуалниот дел бил збогатен со 47 знаменца и со

вињети и со 31 илуминација - отпечатоци од оригинални др-

ворези. Од техничка и од уметничка страна тоа било една од

ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКАнајбогатите отпечатени книги во таа печатница, а брзото пе-

чатење за тоа време на книгата, за три и пол месеци, укажу-

вало дека Јаков имал солидни познавања за печатарството.

Академик Харалампие Поленаковиќ пред 40

години запишал дека „работата на Јаков, првиот печатар-

Македонец, се развивала во Венеција, во печатницата на

Божидар Вуковиќ, со која изгледа некое време раководел.

Д-р Михајло Георгиевски подоцна пишува дека Јаков ја

изнајмил, а можеби и ја купил од синот на Божидар, Виценцо.

Според скромните историски сознанија, Јаков дошол

во Венеција во 1565 година по долго и тешко патување.

Црногорскиот војвода и културен деец Божидар Вуковиќ

веројатно ја отворил печатницата во 1519 година откако

претходно, по освојувањето на Црна Гора од Турците,

заедно со симнатиот црногорски владетел Ѓураѓ Црноевиќ,

ја напуштиле родната земја и дошле во Венеција. Во

печатницата Божидар отпечатил повеќе богослужбени

книги. Во 1540 година тој починал, а печатницата ја наследил

син му Виценцо. Но, работата му тргнала лошо и препечатил

само неколку книги од татко му. Јаков во поговорот запишал

дека во печатницата нашол стари и одамна неупотребувани

калапи. Подоцна работата тргнала, а книги од таа печатница

се носеле во ретките книжарници на Балканот, меѓу кои и во

Скопје, во книжарницата на Kара Трифун. Се смета дека Јаков

во Венеција отишол со солидна техничка култура стекната

овде, најмногу од германското рударско племе Саси, кои во

неговиот роден крај дошле уште во 13 век да го раздвижат

тогаш подзамреното рударство. Од нив му останало и името

на денешното каменичко село Саса каде што е и денешниот

истоимен рудник за олово и цинк. Се претпоставува дека и

името на селото Kалиманци е останато од другото германско

племе Алимани, кое на овие простори се задржало пократко

за разлика од Сасите, кои останале до 17 век.

Предизвик за истражување на ликот и делото на

Јаков можеби ќе бидат и записите на сопствениците на

печатницата во Венеција во која работел тој. Во поговорот

на Молитвеникот од 1520 година Божидар Вуковиќ напишал

дека во Венеција дошол од „землје Диоклитије еже јест в

пределех македонских от града нарицајемаго Подгорица“.

Син му Виценцо, пак, прогласот до високи црковни

достоинственици и владари на балканските христијански

земји, отпечатен во 1546 година во Псалтир, го упатил до

„благочестиним Мацедоние, Шервие, Босне, Сримске земје

и осталим кнезом христијанских...“

автор на текстот: Љупчо Шатевски

(текстот е објавен во дневниот весник „Дневник“)

Page 13: Kamenicko oko 17

[email protected]@makedonskakamenica.gov.mk

СПОМЕН КОСТУРНИЦА ВО СЕЛО ЦЕРАВо подрумот на училиштето во село Цера се наоѓа еден од

најзначајните историски споменици на територијата на општи-

на Македонска Каменица. Изградена пред околу 75 години,

Спомен Костурницата денес е заборавена и од посетителите и

од институциите. Само повремено, љубопитници доаѓаат, ја ви-

дуваат и си одат. Локалните жители ја изградиле сами. Песок и

камења носеле на грб, а коските на загинатите ги собирале со

месеци. До Костурницата води асфалтен пат кој поминува низ

убави шуми и пасишта на Осоговските планини.

Инаку, ова спомен обележје е нем сведок на трагичната

македонска историја, но и паметник за илјадниците српски, бу-

гарски и македонски војници во туѓи униформи кои учествува-

ле во битката на месноста Говедар во Втората Балканска војна,

по која се исцртани новите граници на Македонија. Овој споме-

ник е сведок на македонската трагедија и во овој крај надолго

и нашироко се раскажуваат вистински приказни за братоубист-

вената војна на Македонците кои биле принудени да се борат за

туѓи идеали и на различни завојувани страни.

Влагата на ѕидовите и лошата состојба на полуотворени-

те гробници во кои се наоѓаат коските на загинатите војници во

битката на Говедар говорат за колективната негрижа.

Конечно годинава, кога навршија и сто години од Втора-

та Балканска војна, општина Македонска Каменица обезбеди

средства, и најверојатно преку Културно-информативниот цен-

тар „Романса“ наскоро ќе се започне со санација на ова значај-

но културно наследство.

Page 14: Kamenicko oko 17

144444 www.makedonskakamenica.gov.mkwww.makedonskakamenica.gov.mk

ВЛАДИКАТА ИЛАРИОН ВЛАДИКАТА ИЛАРИОН ВО МАКЕДОНСКАКАМЕНИЦАВО МАКЕДОНСКАКАМЕНИЦА

На 12 Октомври 2013 година во работна посета на Маке-

донска Каменица беше Митрополитот на Брегалничката Епар-

хија, владиката Иларион. Владиката го посети храмот „Успение

на Пресвета Богородица“, а оствари средба со градоначалникот

на Општината, д-р Дарко Митевски и со претседавачот на Сове-

тот, г-дин Мице Бошкоски. На средбата се разговараше за доу-

редување на просторот околу црквата „Успение на Пресвета Бо-

городица“ како и за довршување на фрескоживописот. По за-

вршувањето на работниот состанок владиката Иларион имаше

можност накратко да прошета низ Македонска Каменица и да

се запознае со реализираните проекти на локалната власт.

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЛОКАЛНА

САМОУПРАВА ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

На 16 Октомври 2013 година, во официјална работна по-

сета на општина Македонска Каменица беше Заменик минис-

терот за локална самоуправа, Ѓоргија Сајкоски. Заменик ми-

нистерот и градоначалникот на Општината, д-р Дарко Митев-

ски остварија средба на која се разговараше за моментална-

та состојба во Македонска Каменица, за локалните проблеми

на граѓаните, за начините на нивно решавање и други актуел-

ни прашања. По работната средба и по дадените изјави за ме-

диумите Градоначалникот Митевски на Заменик министерот

Сајкоски му ги презентираше најкрупните проекти реализира-

ни во претходниот период како и проектите кои се во фаза на

реализација.

Page 15: Kamenicko oko 17

[email protected]@makedonskakamenica.gov.mk

РАБОТЕН СОСТАНОК НА ОПШТИНСКИ ОГРАНОК

НА НАЦИОНАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА

СОПСТВЕНИЦИ НА ПРИВАТНИ ШУМИ

На 15 Октомври 2013 година во просториите на Општина Каменица од 16:30 часот беше оддржан редовен состанок на

Општинскиот Огранок Македонска Каменица на Националното здружение на сопственици на приватни шуми (НЗСПШ). Овој соста-

нок е редовна програмска активност на НЗСПШ во текот на 2013 година како дел од циклусот на состаноци во 16 од 25 општински

ограноци на НЗСПШ. Досега се оддржани 9 состаноци, а во наредниот период останува да се реализираат уште 7 состаноци.

Дневниот ред по кој се оддржуваат состаноците е ист за сите ограноци на НЗСПШ, а покрај теми кои се процедурални вклучу-

ва точка за појава која во моментот е актуелна во цела Македонија. Станува збор за новите промени на Законот за шуми, по кои, Ј.П.

„Македонски Шуми“ преку неговите поддружнице повеќе не може да дава услуга на сопствениците на приватни шуми во поглед на,

популарно нареченото, маркирање, прием на дрвна маса и издавање на испратници во шума и надвор од шума. Тоа од сега ќе го ра-

ботат исклучиво лиценцирани шумарски правни и физички субјекти. Во исто време со промените се забранува и т.н. селска сеча, по-

пуларната мерка со која руралното население се снабдуваше со огревно дрво од државните шуми. Оваа состојба на терен уште по-

веќе е усложнета со немањето на доволен број на лиценцирани субјекти кои ќе ги покријат сите подрачја во Македонија. Единстве-

на олеснителна околност во ваквата ситуација, претставува фактот, што традиционално во некои подрачја сопствениците поднеле

барања за користење на своите шуми во подружниците на Ј.П. „Македонски Шуми“ пред забраната и за оваа година ќе се обезбедат

со огревно гориво. Од друга страна, во подрачјата каде тоа традиционално се врши после месец јуни, сопствениците имаат реален

проблем да ги користат своите шуми поради непостоење на лиценциран субјект во близина. Само како за пример, во општините во

Струмичкиот регион, Радовиш, Конче, Штип, Свети Николе и Велес, каде НЗСПШ досега оддржа состаноци, не постои ниту еден ли-

ценциран субјект, па сопствениците од овие општини мора да бараат услуга од лиценцирани субјекти кои работат во други општини.

Во Македонска Каменица проблемот со лиценцираните субјекти не е толку изразен оваа година, бидејќи поголем дел од соп-

ствениците добиле услуга од Ј.П.„Македонски Шуми“, додека останатиот дел добива услуга од лиценцираните субјекти кои работа-

та во општините Берово, Делчево и Виница.

На состанокот, НЗСПШ, изврши промоција на државната Програмата за проширена репродукција на шумите, во која на соп-

ствениците на приватни шуми им стојат на располагање 2 поддршки, за пошумување и проереда на млади шуми до 30 годишна

возраст. На состанкот бе присутни 10 члена на здружението од Општина Македонска Каменица, претседателот и националниот ко-

ординатор на НЗСПШ и претставник од холандската развојна организација CNVP.

автор на текстот: Дарко Скендерски

Национален Координатор на НЗСПШ

Page 16: Kamenicko oko 17

16666666 www.makedonskakamenica.gov.mkwww.makedonskakamenica.gov.mk

Ноќта што ја нарекуваме ДенНоќта што ја нарекуваме Ден

Звуците на утрото го будат денотЗвуците на утрото го будат денот

се љушпат облаците и Сонцето се раѓа,се љушпат облаците и Сонцето се раѓа,

кревките зраци го намамуваат пленоткревките зраци го намамуваат пленот

а небото ко сина монета врз глава паѓа.а небото ко сина монета врз глава паѓа.

И се е така идеално.И се е така идеално.

Ехото од тивката ноќ сеуште ечиЕхото од тивката ноќ сеуште ечи

го теши залутаниот поспан дух,го теши залутаниот поспан дух,

дишаат, се нишаат и ништо не им пречидишаат, се нишаат и ништо не им пречи

мислите во етерот си развиле слух.мислите во етерот си развиле слух.

А се е така тивко.А се е така тивко.

И дур Окото се загрева за плесИ дур Окото се загрева за плес

го пикнува мракот во својата дупка,го пикнува мракот во својата дупка,

и прескочуваат ограда која нема влези прескочуваат ограда која нема влез

воскреснатите сенки од новата пупка.воскреснатите сенки од новата пупка.

А се е така по старо.А се е така по старо.

Кој рано рани, екстра момент граби!Кој рано рани, екстра момент граби!

Ако останеш уште моментАко останеш уште момент

ќе ја видиш насмевката која ги успива ѕвездите и

ќе ја видиш насмевката која ги успива ѕвездите и

Месечината,Месечината,

ќе го слушнеш крикот кој го буди Денот секое утро

ќе го слушнеш крикот кој го буди Денот секое утро

и ќе го осетиш допирот чија топлина го гали твоето

и ќе го осетиш допирот чија топлина го гали твоето

лице.лице.Ако останеш уште моментАко останеш уште момент

ќе ја намамиш светлината на небото вечерва,

ќе ја намамиш светлината на небото вечерва,

ќе го натераш ехото да се одбие уште еднаш

ќе го натераш ехото да се одбие уште еднаш

и ќе ја украдеш нежноста во чиј допир се кротиш.

и ќе ја украдеш нежноста во чиј допир се кротиш.

Ако останеш уште моментАко останеш уште момент

ќе ја облечеш наметката на Синилото,ќе ја облечеш наметката на Синилото,

ќе го намамиш Сонцето под своите пазувиќе го намамиш Сонцето под своите пазуви

и ќе танцуваш во стилот на Песочната Принцеза.

и ќе танцуваш во стилот на Песочната Принцеза.

Ако останеш уште момент, остани барем уште два.

Ако останеш уште момент, остани барем уште два.

Да можеш иако не е потребно..Да можеш иако не е потребно..

Можеш ли да ме слушнеш?Можеш ли да ме слушнеш?Како чекорам во ритам со твојата сенкаКако чекорам во ритам со твојата сенкаи ги будам полумртвите сонови,и ги будам полумртвите сонови,оковани во одајата на твојата душаоковани во одајата на твојата душако зли духови воскреснати без причина. ко зли духови воскреснати без причина. Можеш ли да ме видиш?Можеш ли да ме видиш?Кога влегувам скришум во твоите очиКога влегувам скришум во твоите очии ги толчам виножитата,и ги толчам виножитата,вбризгани во шаренилото на твоето слепило

вбризгани во шаренилото на твоето слепилоко вечни бои - робови на мртвата природа.

ко вечни бои - робови на мртвата природа.Можеш ли да ме допреш?Можеш ли да ме допреш?Без да те осетат чуварите на страсттаБез да те осетат чуварите на страсттаи да го скротиш она што дивее во мене,и да го скротиш она што дивее во мене,намами ги љубовните облаци инамами ги љубовните облаци иистреси ги врз мојата осаменост.истреси ги врз мојата осаменост.

Збогум на 21-от век!!Збогум на 21-от век!!

Бакни го неботоБакни го неботозаведи ги ѕвездитезаведи ги ѕвездитеи заплови низ Галактиката.и заплови низ Галактиката.Дај им нека ти ја исцицат крвтаДај им нека ти ја исцицат крвтанахрани ги - стрелај во сржта,нахрани ги - стрелај во сржта,падни во кома и воскреснипадни во кома и воскреснина друг свет, во друга ерана друг свет, во друга ерасам себе Бог и своја вера,сам себе Бог и своја вера,прероден во суштествопрероден во суштествобез навици, без чувства,без навици, без чувства,со жолта крв во венитесо жолта крв во венитеи вечен живот во корените,и вечен живот во корените,биди влажна сенка на Злотобиди влажна сенка на Злотозачекори и завојувај под свое мото,зачекори и завојувај под свое мото,ископај ги мртвите, од смртта укради гиископај ги мртвите, од смртта укради гидај им пулс, вбризгај им животдај им пулс, вбризгај им животпороби ги и завладеј во Земјата на слепите

пороби ги и завладеј во Земјата на слепитекаде Едноокиот е Крал!каде Едноокиот е Крал!

автор: Влатко Коцевскиавтор: Влатко Коцевски

Page 17: Kamenicko oko 17

[email protected]@makedonskakamenica.gov.mk

ЗАПОЧНА НОВАТА УЧИЛИШНА ГОДИНА

На 3-ти Септември 2013 година и официјално започна но-

вата учебна година за учениците од основното и средното об-

разование во Основното општинско училиште „Св. Кирил и Ме-

тодиј“ и Средното општинско училиште „Миле Јаневски Џингар“

во Македонска Каменица.

Градоначалникот д-р Дарко Митевски беше во посета на

образовните институции во општина Македонска Каменица и

им посака успех на сите ученици, да бидат примерни и трудољу-

биви, да се стекнат со многу знаење, зашто тоа е единствен пат

до успехот. На новите првачиња им го честиташе првиот учили-

шен ден и им додели скромни подароци.

Пред учениците беше презентирано и новото мултифунк-

ционално спортско игралиште, а во насока на подобрување на

условите во образованието, и официјално беше пуштено во упо-

треба новото монтажно училиште во село Моштица, Македон-

ска Каменица.

И РУДНИК САСА СО ПОДАРОЦИ ЗА УЧЕНИЦИТЕПо повод почетокот на новата учебна година во образовните институции во општина Македонска Каменица претставници од

Рудник „Саса“ ги посетија училиштата и детската градинка. Како и претходните неколку години, така и годинава, од раководството

на Рудникот беа подготвени подароци за учениците. За дечињата беа подготвни пакети со училишен прибор и помагала кои значи-

телно ќе им го олеснат следењето на наставата. Од Рудникот беше ветено дека ваквата соработка со образовните институции ќе про-

должи и дека во иднина таа дополнително ќе се продлабочува.

Page 18: Kamenicko oko 17

18888888 www.makedonskakamenica.gov.mkwww.makedonskakamenica.gov.mk

РЕВИЈАЛНИ НАТПРЕВАРИ

НА БАСКЕТ КАМВо рамки на мини-спортскиот настан кој се оддржа во

Македонска Каменица, а по повод државниот празник 8-ми

Септември спортско дефиле имаше и Кошаркарскиот Клуб од

Македонска Каменица, Баскет Кам. Ревијалните натпревари се

одиграа помеѓу членовите на Кошаркарскиот Клуб, а публика-

та имаше можност да го види брзиот напредок на младите ко-

шаркари и нивниот раскошен талент. Иако КК Баскет Кам функ-

СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

По повод државниот празник 8-ми Септември-Ден на не-

зависноста на Република Македонија, општина Македонска Ка-

меница во соработка со Основното општинско училиште „Св.Ки-

рил и Методиј“ и Средното општинско училиште „Миле Јаневски

Џингар“ од Македонска Каменица организираа спортски нат-

превари во неколку спортови: баскет, кошарка, ракомет и мал

фудбал. Спортскиот мини хепенинг се одржа на Новото повеќе-

наменско игралиште во Македонска Каменица. Натпреварите

беа од ревијален карактер и во функција на промоција на спор-

тот кај младите, а се одржаа на 5-ти и 6-ти Септември 2013 го-

дини. Мото на мини-спорскиот настан беше: Нашето единство,

наша победа! 22 години независна РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

ционира краток период забележителен е развојот кај дечиња-

та и голем дел од младите таленти веќе будат интерес за ан-

гажман од големите кошаркарски клубови во државата. Клу-

бот од Македонска Каменица засега функционира единствено

со поддршката од општина Македонска Каменица и наскоро ќе

ја започне новата натпреварувачка сезона, во која се очекуваат

уште позабележителни резултати и успеси.

Page 19: Kamenicko oko 17

[email protected]@makedonskakamenica.gov.mk

192

193 194

188 431 201

“ “ 432 694 431 217

“ “ 431 227 “ “ 431 416

“ “ 431 266 431 404

432 283 431 415

431 100 431 261

“ “ 431 210 431 431

“ “ 279 200

Page 20: Kamenicko oko 17