javni finansii

26
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ стручен труд по предметот: ЈАВНИ ФИНАНСИИ на тема: АНАЛИЗА НА ПРИЈАВЕНИТЕ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО УЈП Ментор: Изработила:

Upload: bibi-spasenovska

Post on 25-Oct-2014

191 views

Category:

Documents


2 download

Tags:

TRANSCRIPT

Page 1: Javni finansii

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

стручен труд по предметот:

ЈАВНИ ФИНАНСИИ

на тема:

АНАЛИЗА НА ПРИЈАВЕНИТЕ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО УЈП

Ментор: Изработила:

проф. Д-р Михаил Петковски Биљана Спасеновска

Мај, 2012

Page 2: Javni finansii

Кратка содржина:

Вовед . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2 За Управата за јавни приходи.... . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3

o Правна рамка и финансирање

o Организација

Начини за пријавување неправилности. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7 Анализа на податоците . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 12 Заклучок . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 20 Користени извори . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 21

ВОВЕД

1 |

Page 3: Javni finansii

Управата за јавни приходи обезбедува висок квалитет на услуги за даночните обврзници, поедноставени данични постапки за навремено и точно исполнување на обврските и фер и ефикасно собирање на даноците и на другите јавни давачки.

Спроведувајќи ја оперативно даночната политика и наплатата на даноци, социјални придонеси од плата, парични казни, односно глоби и трошоци изречени во парнични, прекршочни, кривични и управни постапки во корист на Р.Македонија и други јавни давачки, Управата обезбедува остварување на функциите на државата, им дава помош на даночните обврзници за исполнување на нивните даночни обврски, го следи и анализира функционирањето на даночниот систем и дава предлози за негово унапредување, соработува со даночни органи од други држави и дава меѓународна правна помош во даночни предмети.

2 |

Page 4: Javni finansii

ЗА УЈП

Акт за основање на Управата за јавни приходи (УЈП) е Законот за Управата

за јавни приходи („Службен весник на Р.М.“, бр. 80 од 30.12.1993 година) кој

е во примена од 1 јануари 1994 година. Со донесување на овој закон,

постојната Републичка управа за приходи и нејзините подрачни органи –

одделенијата за даноци и одделенијата за инспекција – продолжуваат да

работат како Управа за јавни приходи со нов делокруг утврден со овој закон.

Новата институција ги презема и ги вклучува во својот состав и вработените

од Службата на општествено книговодство на Република Македонија коишто

работат на работи на контрола.

За статусот и функционирањето на Управата за јавни приходи од основно

значење е Законот за Управата за јавни приходи, а процесен закон по кои

УЈП ги уредува и води своите постапки е Законот за даночна постапка.

Законот за Управата за јавни приходи, донесен во месец септември 2005

година, со измените и дополнувањата од 2008, 2009 и 2010 година,

претставува правна рамка со која се уредува делокругот, организацијата,

начинот на вршење на работата и раководењето, како и овластувањата и

одговорностите при собирањето, евидентирањето, обработката и заштитата

на податоците во врска со работите на УЈП.

Со последните измени и дополнувања на Законот во 2008 година, се создаде

и основата за новата организација на УЈП по функционален модел и за

промена на статусот на вработените во „даночни службеници”.

3 |

Page 5: Javni finansii

Законот за даночна постапка, донесен во 2006 година и со измените и

дополнувањата од 2009, 2010 и 2011 година, на единствен начин го регулира:

- општото даночно право,

- постапката на утврдување на данокот,

- постапката на контрола,

- постапката на наплата на јавните приходи,

- правата и обврските на даночните обврзници,

- постапката по жалба,

- водењето на прекршочна постапка и

- прекршочните одредби.

Правната рамка, вклучувајќи ги и подзаконските акти и оперативните

инструкции за работа на одделните функции на Управата, обезбедува

можност за засилување на административниот капацитет за спроведување

на законодавството и за борба против одбегнување на плаќање даноци.

Финансирањето на УЈП се обезбедува од: Буџетот на Република Македонија Приходи од склучени договори за вршење на контрола и наплата на

јавни давачки

25% од приходите од откриени и наплатени даноци и камати

Други приходи утврдени со пропис

Управата за јавни приходи е орган на државната управа во состав на Министерството за финансии, со својство на правно лице. Заклучно со 31.12.2010 година, бројот на вработени изнесува 1.327 лица.

4 |

Page 6: Javni finansii

Како даночен орган кој функционира единствено на територијата на Република Македонија, Управата за јавни приходи извршува управни и други стручни работи кои се однесуваат на делокругот на нејзиното работење и работи кои произлегуваат од посебните даночни закони.

УЈП примарно е задолжена за управување (утврдување и наплата) на: персоналниот данок данокот на добивка

данокот на додадена вредност

социјалните придонеси од задолжителното социјално осигурување

парични казни, односно глоби и трошоци изречени во парнични, прекршочни, кривични и управни постапки во корист на Р. Македонија

и на сите други јавни давачки за кои надлежноста се утврдува со закон или врз основа на склучен договор.

Работите од делокругот на институцијата се вршат преку: Генерална дирекција, Дирекција за големи даночни обврзници,пет регионални дирекции со

седишта во:o Скопје, o Битола, o Штип, o Тетово и o Кавадарци,

Осум даночни одделенија лоцирани во: o Охрид, o Прилеп, o Куманово, o Струмица, o Гостивар, o Кичево, o Велес и o Гевгелија и 72 даночни шалтери кои треба да се отворат во сите

општини.

5 |

Page 7: Javni finansii

Генералната дирекција на УЈП ги утврдува стратешките цели и ги носи

плановите за работа и го следи квантитавното и квалитативно исполнување на работите, надлежна е за координирање, надзор и контрола над работењето на сите функции и на единственото спроведување на даночната политика и во таа смисла давање стручна помош и едукација на пониските организациони структури и на функциите на УЈП, следење на примената на меѓународните договори и обезбедување на меѓународната правна помош од областа на даноците и предлагање на измени во даночната политика заради унапредување на даночниот систем и поефикасна наплата на даноците.

Регионалните дирекции и Дирекцијата за големи даночни обврзници се надлежни за оперативните активности поврзани со водење на регистерот на даночни обврзници и на сите даночни евиденции, прием на даночни пријави, утврдување на даночни обврски, наплата на даноците и враќање на повеќе или погрешно платените даноци, спроведување на контроли, поведување и водење на прекршочни постапки, поднесување на кривични пријави, издавање на исправи за работи за кои се водат евиденции и давање на појаснувања на даночните обврзници за примена на даночните прописи.

Даночните одделенија и Даночните шалтери се надлежни за прием на даночни пријави и утврдување на нивната исправност и законитост, водење евиденции, а особено за давање услуги на даночните обврзници во вид на појаснувања за примена на даночните прописи и процедури, или во вид на давање исправи за работи за кои УЈП води евиденции.

6 |

Page 8: Javni finansii

НАЧИНИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НЕПРАВИЛНОСТИ

Управата за јавни приходи се залага да ги сведе на минимум

неправилностите што ги прават голем број претпријатија со што му штетат на

домашниот буџет. За таа цел покрај големиот број на вработени инспектори во

овој сектор, Управата за јавни приходи ја побара помошта на граѓаните со

отворање на бесплатната телефонска линија 198 за пријавување на

неправилности во работењето. Од 01 Април 2011 беше активиран проектот за

електронско пријавување на неправилности.

УЈП е една од институциите која е опфатена со системот на електронски

формулари, кој вклучува 20 различни услуги дефинирани според европски

критериуми, кои граѓаните и компаниите ги добиваат по електронски пат.

7 |

Page 9: Javni finansii

Лицето кое пријавува неправилност има можност да остане анонимно, а УЈП

ќе постапува електронски по добиените пријави преку веб локацијата на ист

начин како да се добиени во хартиена форма или по телефонски пат.

Времето за обработка на поднесените форумулари од страна на

институциите е намалено со тоа што поднесоците се достапни за

авторизирани корисници од повеќе работни станици.

8 |

Page 10: Javni finansii

Со овој проект, се зголемува степенот на софистицираност на електронските

улуги, стандард по кој ЕУ секоја година ги оценува сите земји членки на ЕУ и

е дел од стандардите кои ги постави македонската Влада за развојот на

информатичкото општество.

9 |

Page 11: Javni finansii

Статситичките податоци на УЈП покажуваат дека преку телефонската

линија 198 и контакт центарот на оваа институција од 2006 до крајот на

2010 се регистрирани 24.330 обраќања на граѓани по основ на неправилности

за корупција, неиздадена фискална сметка, затајување данок или за

непрофесионално однесување на вработените во администрацијата.

Според директорот на УЈП Горан Трајковски, со воведувањето на

електронските формулари за тие неправилности се добиваат поквалитетни

пријави. За непрофесионално однесување на даночните службеници преку

линијата 198 во 2008 имало 108 пријави, во 2009 - 99, а во 2010 - 131 пријава.

10 |

Page 12: Javni finansii

Кај 95 проценти од пријавите постапила службата за внатрешна

контрола, но секогаш останува број од пет до осум проценти од пријавите

кај кои УЈП не може да постапува поради недоволно или невалидни

податоци, а за кои во одреден сегмент семетаме дека тие што пријавуваат се

сомневаат во можноста да биде заштитен нивниот идентитет, новите е-

формулари ќе овозможат максимална заштита на личните податоци.

Меѓу таргетите на УЈП се и пријавите за нередовно и неточно

исплаќање на бруто платата, каде целтата група е 460.000.

11 |

Page 13: Javni finansii

АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ

Разгледувајќи ги статистичките податоци за пријавени неправилности

во УЈП, ги приложувам следниве аналитички графикони и табели.

12 |

Page 14: Javni finansii

13 |

Page 15: Javni finansii

14 |

Page 16: Javni finansii

15 |

Page 17: Javni finansii

16 |

Page 18: Javni finansii

17 |

Page 19: Javni finansii

Направив анализа на податоците за 2011 година, каде што може убаво

да се види ефектот од воведување на електронското пријавување на

неправилности во УЈП.

Пријавувањето во 3тиот и 4тиот квартал се зголемува а како причина за тоа е

воведувањето на проектот за електронско пријавување. И понатаму во 2012

оваа крива има нагорен тренд.

18 |

Page 20: Javni finansii

Земено наназад уште од 2006 па се до 2011 ( бидејќи 2012 сеуште трае)

можеме да забележиме дека максимумот по број на поднесени пријави за

неправилности е постигнат во 2007 година. Од тогаш започнал константно да

опаѓа за кон крајот на 2010 повторно започне брзо да расте. Сметам дека

причина за ова е зголемената кампања на властите, напорите да го поттикнат

народот да пријави неправилности. Масовните медиумски кампањи,

воведувањето на електронскиот систем и сл. се дел од причините поради кои

кривата на пријавени неправилности оди забрзано нагоре.

19 |

Page 21: Javni finansii

ЗАКЛУЧОК

Секој граѓанин има должност да ги пријави сите случаи на неиздавање

фискална сметка, затајување данок и други неправилности со цел

корегирање и санкционирање на истите.

Благодарение на ваквите јавувања се откриени и санкционирани поголем

дел од пријавените случаи за неправилно работење.

Отворената линија која постои веќе долго време и електронското

пријавување, се отворени за да ги вклучат граѓаните во воведувањето ред во

даночната и фискалната сфера во Македонија.

20 |

Page 22: Javni finansii

КОРИСТЕНИ ИЗВОРИ

1. http://www.ujp.gov.mk

2. http://www.finance.gov.mk/

3. http://www.mio.gov.mk

4. Архива на МИА (Македонска информативна агенција)

21 |