izbor br.10

50
Izbor Godina I Broj 10 2 noemvri 2009 g. Izleguva vo ponedelnik Nastani na nedelata Ekonomija Komentari Kolumni Intervju Feqton Nadvor od zakonot Nauka i novi tehnologii Kultura i obrazovanie @ivot, moda, estrada Reporta`i Patuvawa i patopisi Avtomobili Semejstvo Slobodno vreme Zanimlivosti Zdravje i ubavina Sport Horoskop Тајната на моливот (стр. 10) Еве, нека дува и детето... (стр. 14) ИСТОРИЈА НА ВИЗАНТИСКОТО ЦАРСТВО - последен дел од фељтонот - (стр. 18) Хунта со начела на мафија (стр. 24) Книгите ѝ пркосат на кризата (стр. 27) Како личен печат на раката (стр. 46)

Upload: mihailo-anastasovski

Post on 14-Dec-2014

182 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Izbor br.10

Izbor Izbor

Godina I Broj 10

2 noemvri 2009 g. Izleguva vo ponedelnik

Nastani na nedelata

Ekonomija

Komentari

Kolumni

Intervju

Feqton

Nadvor od zakonot

Nauka i novi tehnologii

Kultura i obrazovanie

@ivot, moda, estrada

Reporta`i

Patuvawa i patopisi

Avtomobili

Semejstvo

Slobodno vreme

Zanimlivosti

Zdravje i ubavina

Sport

Horoskop

Тајната на моливот(стр. 10)

Еве, нека дува и детето...

(стр. 14)

ИСТОРИЈА НА ВИЗАНТИСКОТО ЦАРСТВО- последен дел од фељтонот -

(стр. 18)

Хунта со начела на мафија

(стр. 24)

Книгите ѝ пркосат на кризата(стр. 27)

Како личен печат на раката

(стр. 46)

Page 2: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

2 Nastani na nedelata

Електронски неделник “ИЗБОР”

Основач и издавач: Зодијак - електронско издаваштво, Скопје

Стручен соработник за македонско говорно подрачје: Д-р Александар Прокопиев,

повисок стручен соработник на Институтот за македонска литература

Стручен соработник за немакедонско говорно подрачје: М-р Зоран Димитријевиќ

Технички уредник: Александра Исаковска Димитријевиќ

Web: http://www.zodijak.infoКонтакт и претплата: [email protected]

Првиот број излезе на 31 август 2009 г.“Избор” излегува секој понеделник.

Словенечки медиуми: Пахор од Загреб се врати

со празни раце

За можноста и словенечката страна во спогодбата за арбитража да внесе и тол-кување како го сфаќа нејзиниот текст гово-реше пред неколку дена за словенечката те-левизија и портпаролот на словенечкото министерство за надворешни работи Ми-лан Балажиц, наведувајќи дека тоа поради критиките на опозицијата на сметка на Па- хор не е исклучено

Словенечкиот премиер Борут Пахор се врати од Загреб во Љубљана “со празни раце” од својата “мисија на уверување” на хрватската страна дека нацрт погодбата за арбитражно решавање на граничниот спор треба што побргу да се потпише, за да не трпат меѓусебните односи. Вакви се доминантните оценки кои во своите ко-ментари ги изнесе словенечкиот печат.“Пахор од Загреб се врати со празни раце - хрватската премиерка вели дека својот потпис ќе го даде дури откако за тоа ќе добие согласност од Саборот и претседа-телот на државата. Во Загреб Пахор се по-јави насмеан и полн со оптимизам, а отиде потиштен и на новинарите не знаеше да им одговори на прашањето дали од Јадранка Косор добил гаранции дека Хрватска спо-годбата сепак ќе ја потпише”, наведува љубљанскиот дневен весник “Дневник”.

“Пахор се најде во апсурдна ситуација бидејќи не само што мора да ја брани ар-битражната спогодба во Словенија, каде на негова сметка се слушаат сè повеќе критики за квазипатриотизмот, но и од ко-алиционите партнери на Пахор, туку сега за неа лобираше и во соседната држава, уверувајќи ги хрватските станки, јавност и парламент дека спогодбата е добра за обете страни и дека во случај на непотпи-шување ќе трпат меѓусебните односи”, се наведува во коментарот на тој весник. “Дневник”, меѓутоа, правејќи споредба со

“парафираната спогодба” Дрновшек - Рачан од 2001 година, наведува дека на почетокот за договорот на двата сега ве-ќе покојни премиери се говореше дека е “прилично добар”, а на крајот никогаш не е реализиран, и дека можеби токму тоа е сигналот дека овој пат работите би може-ле да тргнат напред.“За спогодбата на Дрновшек во Словенија се говореше дека е добра, а неславно пропадна во Хрватска поради логиката: ако е за нив добра, за нас е слаба. Спогод-бата Пахор - Косор сега ја напаѓаат обете страни, што дава дури и надеж дека ќе преживее”, наведува коментаторот на словенечкиот дневник.Љубљанско “Дело”, водечкиот словенечки весник, песимистички заклучува дека по сѐ изгледа дека и договорот Косор - Пахор неславно ќе заврши како и договорот Дрновшек - Рачан и се прашува “има ли Словенија во тој случај резервно сцена-рио”.

“Малку оптимизам влеваат оптимистич-ките изрази на лицата на Борут Пахор и Јадранка Косор, но тие не дадоа одговор на главното прашање дали договорот сега ќе биде реализиран, за да се затворат непријатните поглавја од минатото. Кај реализацијата на спогодбата Дрновшек - Рачан затаи Хрватска, а сега се чини дека ќе се случи истото. Дали Пахор во Загреб зад затворени врати доби нешто повеќе од нови ветувања или историјата ќе се повтори и има ли Словенија сценарио ако се повтори 2001-та?”, се прашува “Дело” во коментарот, и додава дека е “потполна непознаница” може ли премиерката Ко-сор за спогодбата да добие мнозинска поддршка во политиката и во јавноста, и дека повторувањето на дебаклот со спо-годбата Дрновшек - Рачан сега би било опасно.Мариборскиот весник “Вечер” ги изнесу-ва оценките на повеќе словенечки и хрват-ски аналитичари за тоа какви се шансите за реализација на арбитражната спогодба и дали е потребно јавно да се објави за да отпаднат резервите на обете страни кон

прифатливоста на спогодбата.Словенечките политиколози и политички набљудувачи Милан Брглез и Борут Шукље оценија дека позицијата на хрватската премиерка во врска со потпишувањето на спогодбата во овој момент е многу деликатна бидејќи опозицијата бара за-едно со парафираната спогодба да се до-несе и “интерпретативна изјава” за тоа што значи контакт со отворено море, со што, како што вели Шукље, словенечката страна не може да се согласи.За можноста и словенечката страна во спогодбата за арбитража да внесе и тол-кување како го сфаќа нејзиниот текст го- вореше пред неколку дена за словенечка-та телевизија и портпаролот на словенеч-кото министерство за надворешни работи Милан Балажиц, наведувајќи дека поради критиките на опозицијата на сметка на Па- хор тоа не е исклучено.

Извор: “Вечерњи лист”, Загреб

Нова поларизација на БиХ

Додека на Билјана Плавшиќ на една страна ѝ се организира свечен дочек, во кој се вклу-чува и самиот премиер на РС, на друга, како во најшироката јавност така и на ниво на висока политика, се изразува силно неза-доволство со нејзиното предвремено изле-гување на слобода

Случајот Плавшиќ е заклучен. Некогашна-та членка на најтесното водство на СДС и блиска соработничка на Радован Караџиќ, потоа и сојузничка на единствениот серио-зен опонент на Караџиќ Милорад Додик,

Page 3: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Nastani na nedelata 3па, на крајот, прва и единствена жена во Хаг осудена за воено злосторство, ја от-служи, за третина скратената затворска казна.

Тој факт, како и самото патување на Билја-на Плавшиќ од шведскиот затвор во својот стан во Белград, односно реакциите на тие настани, јасно сведочат за тоа до ка-де стигнала повоената нормализација на состојбите во Босна и Херцеговина.

Додека на Билјана Плавшиќ на една стра-на ѝ се организира свечен дочек, во кој се вклучува и самиот премиер на РС, на друга, како во најшироката јавност така и на ниво на висока политика, се изразува силно незадоволство со нејзиното пред-времено излегување на слобода.Вистина, од сигурносни причини не бе-ше можно да се организира масовен до- чек, дури и нејзиниот адвокат во хашки-от процес залудно на VIP влезот на бел-градскиот аеродром го чекаше доаѓа-њето на Билјана Плавшиќ - кога се покажа дека чекањето е залудно, таа веќе беше во својот белградски стан. Но, во станот стигна држејќи се за рака со премие-рот на Република Српска Милорад До- дик, истиот оној политичар кој своевре-мено на власт дојде со помош на меѓуна-роната заедница, претставувајќи се како

противник на кликата на Караџиќ и нејзи-ната злосторничка политика. Навистина, тој, помалку дефанзивно, во едно интервју рече дека ја дочекал “од чисто морални причини”, ценејќи ја нејзината одлука да отиде во Хаг за да не го оптоварува ин-ституционалниот капацитет на РС, но исто така, по излегувањето од нејзиниот стан, кажа дека Билјана Плавшиќ е “слободна по сите, овие и божјите закони”. Дека е слободна по “овие”, тоа не е спорно, но со додатокот “и божји” Додик всушност ја вброи во - ако е да се верува во она што последниве денови го слушаме и читаме - не малата група на оние кои сметаат дека Билјана Плавшиќ е невина. Накратко, до-

дека една половина на БиХ слави, другата тагува и протестира, потсетувајќи на во-ениот пат на Билјана Плавшиќ, до Бије-љина, каде 1992 година, пред ТВ каме-рите се бакнуваше со Аркан, по што неговите сили го “ослободија” градот и при тоа убија десетина цивили, преку из-јавата дека муслиманите се расипан ге- нетски материјал, па сè до фактот дека била во врвот на РС кога во Сребреница се убиени осум илјади луѓе. За секога нова поларизација на БиХ можат да се дадат неброени објаснувања, а за оваа е несомнено дека не би ја имало да не по-стоеше нелогичното и непримерно хашко нагодување.

Извор: “Вјесник”, Загреб, автор: Иван Шабиќ

За богаташите двојно поголем данок на имот

Од јануари идната година цела Србија ќе плаќа порез на имот бидејќи сите соп-ственици ќе бидат во евиденција. И како от-секогаш и требаше да биде, оние кои имаат вили, ќе плаќаат најмногу. Државата не-ма да опростува до 70% од вредноста на недвижноста, како што е во моментов, па многумина кои имаат баснословно богат-ство плаќаа повеќе од смешен данок.

Како што дознава “Блиц” во работната гру-па која ги подготвува измените на законот, новините ќе ги заболат пред сè оние кои имаат недвижности и земјиште со голема вредност, иако и многу други, со оглед на тоа дека скоро половина од Србија овој порез не го плаќа. Сите останати доби-ваа во однос на европскиот просек и на-чинот на пресметување на овој намет, “смешни” решенија за плаќање со оглед на тоа дека на пример, квадрат стан по кој се пресметува пореската основица во

централната белградска општина Врачар беше смета на околу 80.000 динари. Во “реалниот живот” тој се продава и по 2.500 евра.

До сега поднесувањето на пореската пријава беше доброволно, а оние кои не ги поднесуваа не ни снесуваа санкции. По-крај тоа, често беше пријавувана куќа од 100 квадрати, а во меѓувреме подигнати уште три ката кои не беа пријавувани. Си-те ќе бидат попишани, а кој тоа нема да го направи Пореската управа ќе добие овла-стувања сама да ја одреди пореската основица - вели изворот на “Блиц” од ра-ботната група.Пореската основица ќе биде поголема по-ради тоа што сега ќе се плаќа и порезот на користење на градското градежно зем-јиште и на парцели помали од 10 ари. А се знае дека осум ари на Врачар можат да одат и до два милиони евра.Исто така, сите кои имаат дотраени ку-ќарчиња на атрактивни локации на државата ќе ѝ плаќаат на основа на сте-пенот на можна изграденост. Така е се-каде во светот. - Сето тоа ќе влијае на па-зарната вредност од која се почнува во пресметката. Имено, пореската основица ќе биде сметана на основа на површината на имотот, зоната, степенот на дозволена изграденост и комуналната опременост - објаснува нашиот соговорник.

Интересно е дека Пореската управа во овој момент има прилично точни по-датоци за пазарните вредности и тоа преку плаќањето на порез на пренос на апсолутни права кој се пресметува при продажба, односно купување на стан. Тоа, меѓу останатото, е најпрецизниот начин да се одреди колку што чини. - Така оние кои имаат недвижност или земјиште кое вреди повеќе и ќе платат повеќе - тврди членот на Работната група.Со забелешка дека сè се тоа предлози, иа-ко скоро приведени кон крајот, нашиот соговорник додава дека најверојатно и правото на закуп ќе биде оданочено. Во Србија тоа главно е изнајмување на 99 го-дини на што на државата по таа основа не ѝ беше плаќан ни динар.Конечно, она што на домашниот терен пред сè беше неправедно, а потоа и вон праксата на развиениот свет, се таканаре-

Page 4: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

4

www.zodijak.info

Page 5: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Nastani na nedelata 5чените порески кредити, односно можно-ста за намалена пореска основица по основа на член на домаќинството. Сега е тоа до 70% од проценетата пазарна вредност па оние кои, на пример, имаат вила од милион евра, на основа на живот во недвижноста од државата добиваат опростување од дури 700.000 евра. Име-но, данок им се пресметува на само 300.000 евра. Тоа во домашниот закон е најголемата нелогичност која би требало да биде исправена така што пореските кредити ќе бидат во апсолутен износ од 30.000 евра. Како треба и приличи, оние кои имаа имот вреден 70.000 евра ќе до-бијат значително ослободување од 30.000 евра и ќе платат многу помалку, додека сопственикот на вила ќе плати данок на 970.000 евра.Тука не е крајот на намалување на поре-ската основица без никаква селекција. Таа се намалувала и на основа на годините на старост на недвижноста по секоја година за 1,5%, а максимално до 70%. Со новиот закон при амортизацијата ќе се земе предвид и зоната.- План е амортизацијата да се намали и да се направи пореална бидејќи работи-те на терен не се ни блиску до она што се пресметува и како што оние кои посе-дуваат големи станови по центрите пла-ќаат - наведува нашиот соговорник. Треба да се истакне и дека приходот од овој порез ќе биде исклучиво додаток

на буџетите на локалните самоуправи од кои се финансираат изградба на патишта, паркови и секое друго јавно добро. По воведувањето на сите во евиденцијата и плаќање на порезот според губерот, про-ценки се дека касите на општините ќе нараснат по основа на овој порез скоро двојно повеќе. Инаку, како што тврди на-шиот соговорник, на највисоките нивоа на власта не се зборувало за измени на законот кој во најголем дел е договорен, но се проценува дека нема причина оваа работа да се стопира бидејќи новиот доку-мент ќе воведе прво пореска правда, а потоа и дисциплина.За нелегалните објекти двојно поголе-ми издатоциОд 1 јануари 2011 година нема да се плаќа надомест за градско градежно земјиште бидејќи тоа секако ќе биде оданочено. Овој датум во исто време е и крајниот рок за легализација по поповолни услови кои се сега овозможени. Ко, меѓутоа, до тогаш не ги легализира бесправно подигнатите објекти, ќе плати двојно поголем данок, дознава “Блиц”.Плаќање на ратиСоговорникот на “Блиц” од работната група вели дека најсиромашните граѓа-ни ќе бидат заштитени од големото “поскапување” така што е предвидено

пореската обврска идната година да не може да биде повеќе од двојно пого-лема. Тоа значи дека оние кои досега плаќале 1.000, а со новото решение им е пресметан порез од 12.000, во следната година ќе платат 2.000, а во 2011 година 4.000 динари. Веќе следната 8.000 и така по ред. Затоа, најверојатно нема да го има ослободувањето кое сега важи за на-малување на пореските обврски и до 75% за постари од 65 години кои живеат сами во стан помал од 65 квадрати.Клучни измени- сите сопственици на имот ќе бидат попи-шани- ќе се плаќа порез и на користење на градското градежно земјиште помало од 10 ари- пазарната вредност ќе се пресметува на основа на површината, зоната, степенот на можна изградба и степенот на кому-нална опременост- се воведува и фиксен износ за ослободу-вање со 30.000 евра- ќе се намали и можното ослободување за старост на недвижноста.

Извор: “Блиц”, Белград

Во Европа без Косово?

Пратеничката на Европскиот парламент Дорис Пак порача дека Србија нема да влезе во Европската унија сè додека не го реши проблемот со Косово

Пратеничката на Европскиот парламент Дорис Пак порача дека Србија нема да влезе во Европската унија сè додека не го реши проблемот со Косово. Пак на трка-лезната маса во Берлин изјави дека Србија “не сака да го признае најблискиот сосед”, и дека односот на Србија кон Косово е “исклучително лош и тоа мора да се про-мени”. Ваквата порака на Дорис Пак, по изјавата на шведскиот амбасадор во Бел-град дека Србија треба да воспостави ца-рина со Косово, претставува уште еден во низата ставови на поедини европски функционери дека Србија не може во ЕУ со Косово. Политичарите во Србија имаат различни видувања на ваквите пораки.Политичарите во Србија не се изненадени со изјават на пратеничката на Европскиот парламент, но не се согласуваат со мисле-њето дека станува збор за официјален став на ЕУ.Драган Тодоровиќ, заменик претседателот на Српската Радикална Странка, уверен е дека е ова само дел од барањата на ЕУ кон Србија.- Потоа за Војводина ќе бараат усвојување на статутот, па референдум, па отцепување. Па ќе бараат да ѝ дадеме автономија на Рашката област и така додека не ја доведат Србија на Белградскиот пашалак. Тоа што го зборува Дорис Пак е нивната

апсолутно дефинирана политика, која се остварува - вели Тодоровиќ.Борислав Пелевиќ од Српската Народна Странка вели дека Дорис Пак никогаш не била пријател на српскиот народ, но неј-зините изјава го претставува глобалниот став.

- Тоа дека Косово и Метохија ќе биде сосед на Србија, тоа таа може само да го сонува во своите најмрачни соништа. Не ни треба ЕУ без Косово. Тоа Александар Вучиќ го порача и кога беше во Вашингтон. Оваа власт ги крие барањата на ЕУ. Младиќ и Хаџиќ нив не ги интересираат, само сакаат Косово да биде независно од Србија, за Америка да го претвори во своја колонија и таму да изгради ракетен штит. Но кога - тогаш ќе го повратиме она што е наше - порачува Пелевиќ.Драган Шормаз од Демократската Странка на Србија потсетува дека Дорис Пак често била известувач од овие простори, но дека нејзиниот став, како и изјавата на шведскиот амбасадор, говорат за сериоз-ните барања на ЕУ.

- Тоа е она што нè чека. Признавањето на Косово ќе биде услов за влез во ЕУ. Можеби тоа нема да ни го кажат директно, туку само ќе зборуваат за добрососедските односи. Но како може Борис Тадиќ да каже дека Европа нема алтернатива, а потоа дека нема да влеземе во Европа без Косово и Метохија? Тоа противречи едно на друго и укажува на лажење на граѓаните на Србија - истакнува Шормаз.Од друга страна, Александар Југовиќ од

Page 6: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

6 Nastani na nedelataСрпскиот Покрет за Обнова вели дека тоа не е прв пат Дорис Пак да изнесува такви ставови, но таа за среќа не е висок европ-ски функционер.

- Никој нема да ѝ постави услов на Србија да се откаже од јужната српска покраина. Ако тоа и се случи, СПО никогаш нема да ја прифати самостојноста на Косово и Метохија - нагласува Југовиќ.И претседателот на Покретот на Ветерани Саша Дујовиќ е уверен дека изјавата на Дорис Пак претставува нејзин личен став.

- Претпоставувам дека на тоа нејзино мислење имало влијание албанското ло-би или нарко-картелите. Мислам дека по одлуката на Меѓународниот суд за прав-да сите овие притисоци ќе спласнат - за-клучува Дујовиќ.Дорис Пак порача дека ни евентуалната поделба на покраината не би го решила постоечкиот проблем, туку единствено Србите на Косово треба да ја преземат судбината во свои раце.

- Србите на Косово тоа навистина и треба да го направат. Со тоа ќе допринесат таа мала држава Косово да остане одржлива. Тоа е во интересот на Србите и целиот регион. Србите од Косово треба да се акти-вираат и да се вклучат во креирање на политиката на својата земја, а најголема шанса имаат на претстојните локални из-бори, во текот на кои би можеле да из-борат места во општинските совети на Косово - вели Дорис Пак.

Извор: “Курир“, Белград

Page 7: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Ekonomija 7

Не е време за долгови

Иако во НЛБ Развојна банка и Балкан инвест-мент банка во соработка со Министер-ството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска на земјоделците им понудија поволни креди-ти, во вкупен износ од 2.240.000 марки, малобројни се заинтересираните кои конку-рираат за овие пари.

Земјоделците се плашат дека, во услови кога е тешко да се најдат купувачи за своите производи, не би можеле да го отплатуваат кредитот. Со оглед на тоа де-ка кредитите се наменети исклучиво за изградба на нови објекти за сточарство, купување основно стадо, подигнување на повеќегодишни засади, стакленици и пластеници, заинтересирани има уште помалку.- Ова не е вистинско време за проширува-ње на дејноста, бидејќи тешко успеваме да го одржиме и постоечкото производ-ство. Имам фарма со крави од 140 грла и за сега тоа ми е доволно. Кога домаш-ниот пазар ќе се стабилизира и кога ќе се створат подобри услови за пласман на производите, ќе размислиме и за про- ширување на производството - вели зем-јоделецот од Бијељина, Небојша Ѓокиќ.Слично размислува и земјоделецот од Градишка, Жарко Шврака кој се осврна и на компликуваните процедури околу кре-дитното задолжување.- Ќе стопанисувам со капацитетите со кои располагам, а кога состојбата на пазарот ќе се промени, во наша корист, ќе разми-слам за нов кредит - вели тој.Претседателот на Здружението на земјо-делски произведувачи и сточари, Влади-мир Усорац, смета дека кредитите кои ги нудат банките, во соработка со ресорното министерство, се добра прилика за произ-ведувачите да ги осовременат своите об-јекти и да го прошират производството.- Со оглед на тоа дека се стремиме да ги почитуваме стандардите на Европската унија неопходно е повеќе да се инвестира. Од 55.000 регистрирани земјоделци само 10% имаат пообемно производство. Оста-натите, доколку не вложуваат во произ-водството, ќе бидат изложени на ризикот за опстанок - вели Усорац.Потсетуваме, кредитите се обезбедени од фондот “Партнер”. Каматната стапка изнесува 3,25%, со трошок од 0,5% за об-работка на кредитот. Рокот за отплата на кредитот е до пет години, со грејс период до една година.

Извор: “Фокус”, Бања Лука, автор: Д. Видовиќ

Риба за Европа

Економската криза која влијаеше на ку-повната моќ на населението, се одрази и на произведувачите и преработувачите на риба во Република Српска. Нивниот опстанок го загрозува и увозот на евтина смрзната риба, често со сомнителен ква-литет.

Во претпријатието за рибарство “Санича-ни” а.д. Приједор велат дека домашниот пазар поради тоа е оптоварен, а големи количини смрзната риба од Азија, поради непостоењето на одредени лаборатории кои би ги вршеле соодветните проверки, лесно ја поминуваат границата на БиХ.- На европскиот пазар домашните произ-ведувачи можат да се најдат само со прера-ботена риба. Жива риба не може да се из-везува додека не се исполнат условите, зоонирање на речните сливови на терито-ријата на цела БиХ, сертифицирање на референтните лаборатории, како и ус-кладување на законската регулатива од областа на ветеринарството со земјите од ЕУ - појаснува директорот на ова претпри-јатие, Лазо Марчетиќ.

Најдобар механизам за заштита, смета тој, се субвенциите и поттиците од државата. Само на тој начин домашните произве-дувачи можат да бидат конкурентни и да имаат апсолутен примат кај потрошува-чите.- Домашниот пазар е можно да се заштити исклучиво со субвенции, односно со пот-тици на домашните производства на сите прехранбени продукти, а особено на зем-јоделските производи кои се директно под влијание на климатските услови. Ни-какви закони ниту затворање на пазарот тоа не можат да го направат. Неопходно е драстично да се оданочи акцизната стока, пред сè алкохолот и цигарите и од

тие средства да се стимулира домашното производство - рече Марчетиќ.Според неговите зборови, оваа година за претпријатието “Саничани” била исклучи-телно тешка, поради сушниот период, а водата од реката Гомјеница ја користи и рудникот за железна руда од Омарска “Acelor Mittal”.- Во текот на летото кога треба најмногу да се врши исхраната на рибите немаме ни доток ни проток на вода низ објектите, па како последица на тоа имавме загуба од околу 40 денови за хранење. Тоа вли-јаеше со намален прираст на рибата и зголемување на угинувањето, па штетата се проценува на износ од 1,2 милиони марки - вели Марчетиќ.

Произведувачите и преработувачите на риба во РС исто така плаќаат голем на- домест за водостопанство, што е главен проблем со кој сите се соочуваат. Оваа година издвојувањата за вода се зголеме-ни за 300%.Според неговите зборови, укинати се и поттиците за произведена и продадена риба како и можноста за конкурирање за поттикнувачки средства за извоз, што не е занемарливо, ако се има на ум податокот дека рибарите извезуваат околу 60% од своето годишно производство.- Во минатата година предвидените сред-ства за поттик на рибарството беа милиони КМ, а од тоа се реализирани само 341.861 КМ. Во оваа година планирани средства за поттик се 252.240 КМ, со тоа што еден поднесувач на барање на може да добие повеќе од 60.000 КМ. Тоа значи дека имаме поттици од 0,05 КМ по килограм, а само надоместокот за вода изнесува око-лу 0,18 КМ за килограм произведена риба - рече Марчетиќ.

Извор: “Фокус”, Бања Лука

Лазар Марчетиќ, Фото: Igor Motl

Лазар Марчетиќ, Фото: Igor Motl

Рибник “Саничани“, Приједор

Рибник “Саничани“, Приједор

Page 8: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

8 Ekonomija

Железниците на Република Српска успешно

го положија испитот

Два ремонтирани патнички вагони, кои при брзина од 120 километри на час, на делницата од Приједор до Брезичани им се испитани виталните делови, успешно го положија испитот, и спремни се за ме-ѓународен сообраќај.

По пробното возење, ресорниот мини-стер, Недељко Чубриловиќ, најави нови вложувања во “Железниците”. - Радува фактот дека овие вагони се ремонтирани со сопствени сили, без по-мош од страна и без кредитни задолжу-вања. Тоа е јасен сигнал дека можеме да инвестираме во железничката инфра-структура - рече Чубриловиќ.Тој прецизираше дека ремонтот на еден вагон чинел околу 300.000 КМ, појаснувај-ќи дека ремонтот би чинел двојно повеќе доколку би бил извршен во некоја рабо-тилница надвор од РС.Според неговите зборови, на овие два вагони заштедата изнесува повеќе од 300.000 евра.Чубриловиќ рече дека “Железниците на РС” имаат потреба од патнички вагони, така што до крајот на годината уште еден ваков вагон ќе биде оспособен во Бања Лука.Исто така најави дека првата испорака на тагло вагоните може да се очекува на почетокот на 2011 година. На тој начин ќе се поправи квалитетот на услугите во же-лезничкиот сообраќај.Забрзувањето до 120 километри на час и кочењето по тоа, поминаа без проблеми, а од чашата наполнета со вода, која беше пред генералниот директор на “Железни-ци на РС”, Петко Станојевиќ, не се истури ни една капка.- Заштедата која ја постигнавме, гаранција е за определувањето и во наредниот период уште повеќе да се ангажираме на постоечките работилници и да ја усо-вршуваме работната сила - истакна Ста- нојевиќ.Според неговите зборови, за пет години би требало да се остварат плановите ком-плетната железничка инфраструктура да биде оспособена за брзини од 160 кило-метри на час.Тоа ЖРС ќе ги направи попопуларни во однос на патниот транспорт.На пробното возење на релација Бања Лука - Брезичани, освен претставниците на ресорното министерство и ЖРС, прису-ствуваа и новинари, и така се уверија во новиот дизајн на патничките возови.

Извор: “Фокус”, Бања Лука, автор: Ц. Удовичиќ

Page 9: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

9

Page 10: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

10 KomentariБАЛКАНСКА ВОЈНА ЗА МОШТИТЕ

НА МАЈКА ТЕРЕЗА

Тајната на моливот

Гонџа Бојаџиу, ни по дванаесет години од упокојувањето, не престанува да биде по-вод за контроверзни настани

Изгледа дека во нејзиниот накалемен све-течки ореол е вградено и наследството името и делото да ѝ се провлекуваат по медиумите и политичките кабинети во настојување на несудените роднини да профитираат од нејзиното име.

Токму овие денови вниманието на свет-ската јавност го побуди официјалното барање на Албанија до индиската влада моштите на Мајка Тереза да ѝ се отстапат на “земјата на орлите” за “нејзината душа да се смири покрај најблиските роднини”: мајките и сестрите кои се погребани на гробиштата во Тирана. Некој месец пора-но, македонскиот претседател Ѓорѓе Ива-нов на папата Бенедикт Шеснаесетти му врачи официјален повик да ја удо-стои Македонија со посета следната година, а по повод одбележување на стогодишнината од раѓањето на Мајка Тереза. Овие денови во Приштина се за-вршуваат работите на палатата “Мајка Тереза” која се подига во знак на благо-дарност кон сонародничката која го по-могнала осамостојувањето на Косово.Се чека со некоја своја идеја да се огласат македонските Цинцари, кои веќе понудија докази дека Гонџа Бојаџиу е од нивната гора лист, па да биде надополнета листа-

та на Балканци кои на свој начин би са-кале да профитираат од своите врски со “светицата од Калкута”.

Веднаш треба да се нагласи дека сите претенденти на канонизираното наслед-ство на Мајка Тереза веќе ја искусиле плодотворноста на своите врски со неа и дека тоа е неисцрпна основа за нео-граничените финансиско-политички ма-нипулации.Доктор Сали Бериша на своја кожа ја осети делотворноста на светицата на неговиот политички просперитет: сите свои предизборни митинзи ги почнуваше и завршуваше со зборовите на Мајка Тереза и со ветување дека моштите на најсветата сонародничка ќе му ги врати на албанскиот народ. Требаше да се види жарот во очите на сиромавиот народ и да се слушнат повиците на поменот на името на Мајка Тереза на митинзите ширум Ал-банија па да се сфати како и со што Бериша два пати по ред ги декласираше своите политички противници. На неговите ми-тинзи имаше повеќе плакати со ликот на Мајка Тереза отколку портрети на Енвер Хоџа во цела Албанија во текот на него-вото полувековно владеење.

Од Индија ладно “не”Во секој град, после изборната победата на Бериша, никнуваа бисти на светицата а на улиците и установите надевано им е нејзиното име. А за да покаже колку е предан на делото на Мајка Тереза, Бе-риша со нејзиното име го крсти аеро-дромот во Тирана а на академците и пратениците на народниот парламент им нареди да формираат комисија која ќе ги оживотвори неговите ветувања. Тим на експерти, во кој влегоа и некој ал-бански интелектуалци од Македонија,

му советуваше на премиерот, лично и во име на албанската влада, официјално да побара на Албанија да ѝ се отстапат мош-тите на Мајка Тереза што тој и го стори пред дваесетина дена со писмено барање до својот колега индискиот премиер Вишну Пракаш. Индискиот премиер на својот албански колега му порача дека милосрдната сестра Тереза е Индијка и дека нема ни збор за поместување на нејзините мошти од црквата Св. Тома во Калкута.Македонците непобитната вистина дека Мајка Тереза, како Гонџа Бојаџиу е родена во Скопје умешно ја искористија за про-моција на престолнината и државата, особено после Нобеловата награда со која таа е овенчана. Преку ноќ со плоча го обележаа местото на нејзиното ра- ѓање во центарот на Скопје, напишаа и отпечатија книги, снимија филм за слав- ната сограѓанка и така, без никаква зад- на намера, ја отворија војната за наслед-ството на Мајка Тереза, која уште трае.

За тоа се напишани брда текстови, но не е на одмет да се спомене и дека Албан-ците се најдоа навредени што нивната со-народничка се слави без нивно знаење и учество. Тогаш популарниот лидер на Ал-банците во Македонија, Арбен Џафери, отвори дебата за тоа чија е Мајка Тереза, веднаш утврдувајќи дека идната светица е Албанка родум и дека за употреба на нејзиното име и духовно наследство един-ствено се повикани токму Албанците.Во времето на најжестоките полемики, кога споменикот на светицата веќе бе-ше поставен во центарот на градот на Вардар, се огласија претставниците на македонските Власи (Цинцари), со доку-мент докажувајќи дека Гонџа Бојаџиу е Влаинка и дека друго и не може да биде кога татко ѝ бил познатиот влашки ра-ботник и угледен скопски трговец. Без поддршка на имотните сонародници, бранителот на влашкото потекло на Мајка Тереза Димо Димчев (Дину Кувата) остана осамен во своите тврдење.

Споменик на Мајка Тереза во Скопје

Споменик на Мајка Тереза во Тирана

Спомен куќата на Мајка Тереза

Спомен куќата на Мајка Тереза

Page 11: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Komentari 11Мајка Тереза во македонската стварност доби нови значење кога за претседател е избран Ѓорѓе Иванов. Освен што на отворањето на Спомен-музејот “Мајка Тереза” вдахновено говореше за нејзини-от лик и дело, Иванов дојде на идеја неј-зината популарност да ја искористи во државни цели. Во мај оваа година, во седиштето на Светата столица, лично на папата Бенедикт Шеснаесетти му врачи покана да ја посети Македонија, а дека за тоа е како порачана прославата на стого-дишнината од нејзиното раѓање.

Благодарност на косовските АлбанциПомеѓу четирите самопрогласени пре-тенденти на ликот и делото на Мајка Тереза, косовските Албанци, само за не-упатените, се загадочна појава. Нависти-на, тие поради фактот дека е таа родум Албанка, последните неколку години сесрдно вложуваат во култот на Мајка Тереза, особено во тоа се агилни по едно-страното осамостојување на јужната срп-ска покраина. Вистинската причина за таквата верност кон индиската светица е нејзиното повеќегодишно заземање за “нивната цел”, собирање и донирање на пари за вооружување на припадниците на Ослободителната војска на Косово. Славната хуманистка со посредство на ал-банската емиграција донирала поголе-ма сума пари кој со години се слевал на сметките на нејзините фондации за по-мош на сиромашните и унесреќените.Во многубројните текстови кои светските медиуми ги посветија на финансирањето на ОВК на Косово, редовно се споменуваат и прилозите кои ограноците на Редот мисионерки на љубовта ги давале на фондовите на албанската дијаспора ши-рум светот. Нема сомнение дека дел од доказите за тоа, во вид на фотографии и документи, ќе биде изложен во идниот музеј на Мајка Тереза во Приштина.

Другата страна на ликот и делото на голе-мата мисионерка, нобеловка и светица може да се дознае од “Мисионерскиот положба: теорија и пракса на Мајка Тере- за” која после повеќегодишно истражу-

вање ја напишал британскиот публицист Кристофер Хиченс. Го сторил тоа по сосе-ма случајната средба со Мајка Тереза, пре-стојувајќи во Калкута поради снимање на документарец на друга тема. Во едно интервју објаснил дека се запрепастил кога видел дека Калкута не е град каков што со својата мисија на светот му го прет- ставила самопрогласената “мајка” на си-ромашните и особено кога посетил една од нејзините “такаречи болници”.

“Шетајќи по Калкута и муабетејќи со неа, решив да напишам книга за да го про-верам личниот сомнеж во она што го видов и што светот го усвоил како висти-на”, го објаснил Хиченс мотивот кој го навел да ја напише една од најчитаните книги за мисионерката од Калкута. “Открив дека земала пари од богати диктатори, како бандата Дувалиеви од Хаити, дека повеќе била пријател на си-ромаштвото отколку на сиромашните, дека никогаш не образложувала како ги троши големите донации, дека се борела против контрацепцијата во најнаселениот град на светот и дека била застапничка на најекстремните догми на верскиот фундаментализам. Всушност, да кажам дека сум открил било што од наведеното би значело неоправдано фалење. Сè бе-ше тука, јавно, видливо со голо око. Но, никој не се сетил да праша дали таквата

глобална репутација е навистина заслу-жена или пак е плод на сјајна медиумска пропаганда, умешност во комуникацијата со јавноста”, се чудел и објаснувал Хиченс.Благодарение на него и особено на Сузан Шилдс, која девет години поминала со Мајка Тереза, светот дознал за патолош-ката љубов на Мајка Тереза кон парите. Првиот документирал дека диктаторот Ду-валие и американскиот преварант Чарлс Китинг ѝ биле омилени бидејќи богато ја наградувале иако, како што пишува Хиченс, обата парите го “позајмувале” од сиромашните и заборавале да им ги вратат. Шилдс во детали го опишала рачното сметководство кое е водено за донираните пари, посведочувајќи дека таа и нејзините колешки со ноќи ги пре-бројувале парите, бележејќи ги сумите со обичен молив.Како е тоа можно? Зарем не е општопозна-то дека го поминувала времето бакнувајќи ги раните на прокажаните и лечејќи ги болните? Меѓутоа, она што сите го знаат не мора секогаш да биде вистинито. Мно-гу е поверојатно дека Мајка Тереза ќе ја затечете како се слика со Ненси Реган, по-зира со принцезата Дајана, или седи во прва класа на авионот на Ер Индија (каде имала трајна резервација), заклучува “ѓа-воловиот адвокат”, како што Хиченс го нарекле официјалните лица на Ватикан и поклониците на Мајка Тереза.

Извор: “Илустрована политика”, Белград,

автор: Миле Раденковиќ

Дваесет години по падот на Берлинскиот ѕид

Долго таа генерација, родена 1989 година, била во илузија дека е предодредена да жи-вее во благосостојба. Сега тие мораат да ја прифатат можноста дека стандардот попрво ќе им се влоши отколку да им се зго-леми

Сара, родена историската 1989 година - која донесе соединување на Источна и Западна Германија - го напушта родното место Хојерсверда (Hoyerswerda), гратче кое се намалува со рапидна брзина.Бројот на жители во бивша Источна Герма-нија непрестајно опаѓа и покрај желбата на многу млади луѓе да останат во родниот крај. Но, за жал, овде едвај имаат било какви изглед за вработување. Да речеме, гратчето Хојерсверда. Сара Штецнер (Sarah Stötzner) веќе го спакувала својот куфер. Таа е родена 1989, во историската година кога падна Берлинскиот ѕид. Сара била стара само три дена кога народот на Источна Германија (in der Deutschen Demo-kratischen Republik), скратено “DDR”, се

Спомен куќата на Мајка Тереза

Споменик на Мајка Тереза во Приштина

Hoyerswerda

Page 12: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

12 Komentariдигнал на востание. Луѓето започнале со мирни демонстрации. Чекор по чекор ја освоиле слободата на говорот и печатот и на крајот дошло до германското со-единување. Долго таа генерација, ро-дена во годината 1989, живеела во илу-зија дека е предодредена да живее во благосостојба. Сега тие мораат да ја уви-дат можноста дека стандардот нема да им се зголеми, туку дека ќе им се влоши. Животот во демократија донесува ризик и секој стои сам пред тој избор и ризик. Она што им е заедничко на луѓето “од истокот”: тие се млади, школувани, спо-собни, квалификувани и едвај имаат из-гледи на вработување во родниот крај. Роми Штецнер и нејзиниот маж Делф доживеале на 24 август 1989 година приватна авантура. Младиот брачен пар добил дете. Се родила Сара. Била буц-

маста, имала сини очи и светла коса. Околу нив владее револуција, луѓето де- монстрираат, но ним им е најважна при-ватната среќа, нивното дете. Роми и Делф се студенти и се радуваат што, како мла-ди родители, добиле стан од 45 квадра-ти. Зградата е стара само една година и изградена е во сив, бетонски, грд соција-листички стил. Но, сè функционира, па ду-ри и нивниот телевизор, кој не е во боја. Можеле да го опремат станот и тоа од државен бескаматен кредит. Освен тоа, Источна Германија за секое родено дете им давала на родителите седум илјади марки.Во Источна Германија (DDR) луѓето се женеле многу млади, бидејќи тогаш од државата побргу добивале станови. Исто така им било гарантирано дека бебето ќе има место во градинка, а на родителите им било обезбедено вработување. Сето тоа им било гарантирано од државата. Најголемиот работодавач во Хојерсверда до 1989 година бил комбинатот “Schwar-ze Pumpe”. Од мрк јаглен овде се произве-дувал гас. Во 1950 година гратчето имало само 6.000 жители, а во 1989 дури 67.881 жител.На зелената ливада настанал еден при-мерен социјалистички град од бетон. Јули, 2009-тата година. Небото е сиво и облаци го покриле градот. Сиви се и бетонските згради. Сара Штецнер стои на крајот на на-селбата број 10. Таа е стара скоро дваесет години и живее веќе неколку години со родителите во нивната сопствена, уба- во уредена куќа во Шварцколм, село недалеку од Хојерсверда. Во него можат да се видат стари селски куќи, со гра-дини и цвеќе пред куќите. Во тоа село подигната е нова населба на приватни куќи, кои се надоврзуваат една на друга. Архитектурата делува конзервативно и селото поради тоа добило златен медал на германскиот натпревар кој е одржан

под мотото: “Нашето село треба да стане поубаво”. Во Хојерсверда, во населбата број 10, нема многу што да се види, што би можело да заслужи златен медал. Са-ра со своето друштво почнала со бои да ги украсува тие сиви бетонски згради, но работата не успеале да ја приведат кон крајот. Снемало пари, а освен тоа, таа населба и онака ќе биде срушена. Сите

станови во таа населба веќе со години зја-паат празни. Покрај населбата се наоѓа и детско игралиште. Нишалките ги движи ветерот. Сè делува пусто. Во близина е и супермаркет. И тој е веќе долго време зат-ворен.“После со родителите се преселив во станбената населба број десет”, раскажу-ва Сара. Тоа се наоѓа на другата страна на улицата. Зградите се срушени. Целата на-селба ја снема. Уште еден дел помалку, кој потсетува на минатото на Источна Гер-манија.

За Сара Штецнер DDR претставува минато. Кога таа е родена, тогаш пропаднал еден политички систем. Таа го познава само од училиште и од приказните на своите родители. “Кога ќе го слушнам зборот DDR, прво помислувам на нивната тајна полиција Штази (Stasi). Да, токму така”, вели Сара. Па сепак тешко ѝ паѓа Источна Германија да ја окарактеризира како др-жава која не била правна. “Верувам дека не било сè лошо во таа држава, како, на пример, социјалната грижа за луѓето. А исто била добра и идејата дека, имено, сите луѓе се еднакви”, вели младата жена.Дека во таа држава не можеле да се купат многу работи, дека не можело слободно да се патува, дека постоел цел систем на информатори и дека високите партиски функционери уживале големи приви-легии, сите тие темни страни на реално постоечкиот социјализам за Сара се само нешта кои ги познава од кажувањата. “Еднаш со класот го посетивме затворот на Штази во местото Хохеншенхаузен. Разговаравме со бивш политички затво-реник. Беше страшно да се слуша негова-та приказна, вели младата жена од Хојер-сверда.За Сара реални проблеми се она што се однесува на пазарното стопанство. “Сигур-носта, која ја уживале моите родители кои живееле во времето на DDR - да речеме,

дека им било гарантирано работното место - денес веќе не ја познаваме ние младите луѓе од Хојерсверда. Нашиот живот е далеку понесигурен. Слободата изгледа има и своја цена”, верува Сара.“После соединувањето, по 1989-тата го-дина, ѝ дојде крајот на нашата фабрика ‘Schwarze Pumpe’. Минатата година бројот на жители опадна на 39.214, а според прогнозите таа бројка наскоро ќе падне на 30.000.Тешко ми е да поверувам дека моите родители биле среќни кога добиле мал стан”, раскажува Сара Штецнер.Во Хојерсверда денес има многу празни станови и тие згради наскоро ќе бидат срушени. Од 1990-тата до 2008-та срушени се 7.150 станови. Оваа година планирано е да бидат срушени уште 830 станови, а до 2010-тата уште околу 500. Хојерсверда се смалува и смалува.

Ваквиот развој ја боли Сара Штецнер. Таа нè води низ стариот дел на градот. Сè е одлично санирано. Младата жена го сака својот град, па дури и сивите, бетонски згради. И, се разбира, и околината на градот и нејзините природни убавини. Овој крај се вика Лужице. Тука има про-страни шуми како и голем број езера (La-usitzer Seenlandschaft), а “многу села во околината се убаво средени и сето тоа мо-же да биде интересно за посетителите. Можеби Хојерсверда ќе го извлече туриз-мот”, ни објаснува младата жена.Се разбира дека и Сара копнее по подоб-рите, далечни краеви. Уште како ученичка една година поминала во Норвешка. За-тоа матурирала една година подоцна од своите врсници. Оваа година патува во До-миниканската Република. Тука ќе работи доброволно во рамките на програмата за неразвиените земји, која ја финансира министерството за стопанска соработка и развој. Сара Штецнер размислува како млада Европејка која е отворена кон светот. Да, во Германија сеуште постојат вицови на сметка на Источна Германија и нејзините жители и таа не ги наоѓа за во-општо смешни, туку попрво непријатни. “Понекогаш ме боли кога ќе ги слушнам. На семинар, на пример, ми рече еден од Западна Германија: “А, да, ти доаѓаш од ‘мрачната Германија’. А што им значи тоа?”, се прашува Сара.Постојат и денес стереотипи на релација исток-запад, но од своите родители нико- гаш не слушнала за нив. Нејзините родите-ли се учители и го сакаат својот роден крај, но истовремено се толерантни и отворени кон светот. Неодамна се вратиле дома, от- како три години живееле во Истанбул.После матурата Сара Штецнер поминала една година на еден остров на Карибите. Таа би сакала да студира, а после тоа желба ѝ е да се врати во Хојерсверда. Ова ќе биде тешко изводливо. Хојерсверда едвај дава некои можности за вработу-

Page 13: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Komentari 13вање, а уште потешко е за академски образованите млади луѓе. Бројот на не-вработени во градот изнесува скоро 20%. Особено е голем бројот на невработени меѓу младите луѓе. На едно место за при-правник се појавуваат двајца кандидати.“Тоа е ужасно. Во Хојерсверда остануваат главно постари луѓе. Ние младите едвај имаме шанси за вработување”, раскажува Сара Штецнер.Падна мрак. Навечер пазарот е скоро пуст. Матурантите заминуваат во кафеаната “Ambiente”. Тоа е мал паб во кој владее атмосфера на приватен стан. Ѕидовите се обоени во црвено.Сара Штецнер стигна за да го прослави заминувањето на својата другарка Зузи. За два дена Зузи лета во Летонија, а мал-ку подоцна друга пријателка, Канди, за-минува во Чиле, а Кристина се сели во Канада.Тешко им паѓа помислата дека ќе го напуш-тат родното гратче Хојерсверда. Тоа е нивниот роден крај, без оглед на тоа што архитектурата на градот е неутешна, грда, соц-реалистичка. Многумина од кругот на нивни пријатели имаа проблеми со “скин-хедс” - групите (Skinhead-Gruppen), кој стануваат сè побројни. “Та, јас сум овде родена и овде пораснав. Хојерсверда ќе ми недостасува. Има толку и поубави стра-ни во нашето место и добри, вредни луѓе кои го сакаат овој крај. Многу се руши, но исто така многу и се гради. Штета е што овој град не добил подобра прилика да се изгради”, верува Сара Штуцнер.

Кога Сара, Зузи, Канди и Кристина повтор-но ќе можат вака заедно да слават? Мо-жеби при прославата на годишнината од матурата и тоа во “стариот роден крај”. А новиот роден крај можеби ќе се вика Минхен или Штутгарт, каде бројот на невработени е занемарлив, кога ќе се спореди со родното место Хојерсверда.

Извор: “Нин”, Белград, автор: Никола Живковиќ, од Берлин

Page 14: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

14 Kolumni

Еве, нека дува и детето...

Џабе предупредувањата на лекарите, џабе полициските статистики. Во јужните села кружат легенди за корисното дејство на алкохолот, особено ракијата

Додека не дојде некој “Ден против алкохо-лот”, или така нешто слично, овде никако не се поставува прашањето дали во Србија многу се пие. А не дека се пие, се суши. Тука ви е југот посебно интересен; како да постои некоја традиција, такаречи завет. Да ти го е..м човекот кој не пие. Мислам, страшно.Се чини дека еден од главните алкохолни генератори е - селото. Во јужните села ал-кохолот и не се вика алкохол, туку “лута”, “мека” и “препек”. На лута, мека и препек се навикнувате уште како дете. Кога некој Швеѓанец би видел како - на датумите на славење и датумите на смрт - децата се учат да пијат, би го пријавил случајот на меѓународни институции.

Јужните села се прекриени со алкохолни легенди. Легендите говорат за корисното дејство на алкохолот, особено ракијата. Имате многу приказни кои ја опишуваат чудесната исцелителска моќ на тој пија-лак. Синопсисот, со мали нијанси, е секо-гаш ист:Лежел дедо во болница, и сите лекари, дури и оние од Белград, рекле дека му нема спас. И веќе ќерките, синовите, снаите и зетовите и баџанаците почнале да спремаат црница, и веќе капаросале гробно место, кога, еден зимски ден, де-дото рече со треперлив глас:- Ддоонесеетте мми ррраккија...Последната желба на дедото била испо-читувана, по кратка дискусија одлучено е да се употреби “мека слива”, таканаречена “брља”, како најмалку ризична по човеч-ките органи, исклучувајќи го мозокот. Имено, човек од пијалак сосема побрлаву-ва: заклучено е, меѓутоа, дека дедото и пред болеста бил брлив, така што некоја поголема штета нема да има. Шишето е прошверцувано во болница.И дедото испил една, па втора, па трета. Чашички од по децилитар, што се смета за минимална количина. Триста грама.Тогаш се случило чудо, какво ни во Лурд не е забележано: се подигнал од креветот.

Миц по миц, чашка по чашка, дедото за три дена станал, а болеста како со рака однесена. Сите се чуделе, и лекарите и цивилите, но, еве, четврта година е отто-гаш, дедо рани добиток, и ништо не му фали.Таквите, ете, легенди кружат по јужните села: алкохолот не само што не е штетен, туку има и магиски дејства. Магијата, се-како, се проширила и на градовите: 90% од јужното градско население дошло од село.И џабе се предупредувањата на лекарите, џабе полициските статистики. Не вреди.Тоа што далеку најголемиот проценти на крвни деликти се случува главно поради алкохол, тоа се секакви врсти на злоупо-треби се поврзани со алкохолот, тоа што висок процент на децата во училиштата пијат секојдневно, сето тоа нема врска.Главно е дека брљата го излечила дедото.Неодамна еден нишки полицаец, рутин-ски запрел автомобил во кој биле тато, мама и деветгодишен син. Возачот, таткото, бил малку сомнителен па бил за-молен да дува. Балонот позеленел како ливада. Но таткото вели:

- Сто посто е расипан, ништо не сум пиел. Еве, ако не верувате, и жената нека дува, таа воопшто не пие. Дувнала и жената, балонот повторно силно позеленел. По-лицаецот е веќе во недоумица. Тато вели:- Ете, гледате. Но, ако и натаму се сомне-вате, еве, се согласувам и детето да дува!Колебајќи се, полицаецот го тестирал и детето. Балонот повторно зелен. Полицае-цот учтиво отпоздравил, се извинил пора-ди дефектот на балонот и отишол.Во што е штосот?Во тоа што и тато и мама и детето биле пијани.

Извор: “Недељни телеграф”, Белград, автор: Мирослав Ќосиќ

УРБАНА ГЕРИЛА...

Кај коњот

Каква врска имаат Кнезот Михајло и херои-нот? Скоро никаква! Сепак барем една епоха се испречила помеѓу влегувањето на опасниот прав во мода, ноздри и вени и владеењето на модерниот кнез, кому Срби-те му се заблагодарија за театарот на ори-гинален начин - со убиство во Кошутњак

Е, а кога сме веќе кај хероинот, или хорсот, тогаш е интересна неодамнешната из- јава на Јелена Драгиќевиќ, инаку мајката на наркоман, која за оваа дрога рекла дека “кај зависниците кои ја користат ги убива емоциите, па дури и оние кои ги негувале кон најблиските”. Синот на Јелена Драги-ќевиќ се лечел во рехабилитациониот центар “Црна Река”, кој пред неколку ме-сеци дојде во центарот на вниманието кога се објавени фотографии на кои е от-криен еден од методите за одвикнување од дрога, а се состоел од тепање, поточно

од удари со лопата по задникот. Набргу по објавувањето на сликите од оваа единствена метода на одвикнување, јав-носта прв пат дозна за старешината на “Црна Река” Бранислав Перановиќ, кој не

бил оригинален само по тоа што го бла-гословил специфичното симнување од хероин во своите рехаб ординации, туку и по “харли дејвисон” моторот, пославен во култниот филм “Голи во седло”. Пет месеци после оваа афера, по која уследи промена на правилата за работа на овој центар, шест бивши штитеници умреа од предозирање, а голем е бројот на оние кои го напушиле кампот и повторно му се вратиле на консумирањето дрога. Роди- телите на штитениците велат дека е тоа последица на попуштањето на дисципли-ната во центарот, поточно откажување од физичкото казнување, уште поточно - за-копување на лопатата. Анализирајќи ги овие последни епизоди врзани за “Црна Река”, сосема е јасно дека во Србија уште еднаш е потврдена точноста на изреката дека “ќотекот од рајот излегол”. Потполно е тогаш нормално и на крајот српски, во нашата земја “метадон” и неговите дери-вати да не се сметаат за така успешни во борбата со хероинот, како обичниот ќотек кој средува сè, па зошто не и кризата на апстиненција. Зошто Србите отсекогаш веруваат во ќотекот или, уште поточно, во цврстата рака? И зошто Србите веруваат во само еден крај и една улога на ќотекот, иако изреката вели дека “ќотекот има два краја”?

Во сите области на животот кои ги допи-раат просечните Срби се барала цврста рака. Како во политиката, така и во спор-тот. Српските либерали со Марко Никезиќ на чело, кои Тито ги сменил обвинувајќи

Page 15: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Kolumni 15ги за техно менаџерство и прозападни ставови, и покрај сите митови кои ги следеле, никогаш не уживале толкава популарност како Александар Ранковиќ. Србите отсекогаш сакале некој со цврста рака, некој кој го држи ќотекот, а во тие фантазии неколку децении најдобро проаѓал Ранковиќ, синонимот за срп-скиот пандур и човекот чиј погреб, по-точно големиот број на луѓе на неа, била една од иницијалните каписли за антиби-рократската револуција и доаѓањето на Милошевиќ на власт. Воочи распадот на Југославија, на рафтовите со понуди на најразновидни сценарија за излез од кризата, Србите никогаш не го одбрале ев-ропскиот пат на Анте Марковиќ. Било тоа меко и неопипливо, иако биле опипливи телевизорите и шпоретите кои граѓаните масовно ги земале, истресувајќи ги за нив конвертибилните динари на Анте. Животот не е телевизија, а ни телевизорите, ќе ре-чат тогаш Србите, па ќе го изберат Сло-бодан Милошевиќ, човекот кој токму пре- ку телевизијата ќе ги руши своите против-ници и ќе ја цементира својата власт. Ќе го поддржат и во отстранувањето на Анте Марковиќ, на кој многумина ќе се сетат во деведесеттите, додека ја раз-влекуваа својата месечна плата од 10 мар- ки. Покрај Милошевиќ добро одеше и мустаклестата воена фигура, ако што се веруваше за опасниот офицер Благоја Ан-џиќ, кој требаше пучистички да го смени млитавиот Кадијевиќ и со армиски ќотек да ги среди работите во земјата. Не беше баш мал бројот на оние кои сонуваа и по-сакуваа воен удар и преоѓање на власта во воените канџи, “па нека се заебава не-кој со војската ако смее”.Дел од Србите, и покрај сите приказни за слободата и гордоста, всушност е тра-диционално вљубен во авторитетите, ќотекот и цврстата рака. Најновото оправ-дание на оваа теорија се наоѓа, а каде би било подобро ако не во актуелниот “Велики брат”, и тоа во ликот на Радиша Миљковиќ, инаку клонираниот Радашин од серијата “Село гори...”, кој со страхопо-чит го респектира Големиот брат во своите рапорти во исповедницата, во која дури ветува и тетовирање ВБ на челото.Понекогаш за модерниот живот, српската традиција и авторитетите може да се учи и од “Велики брат” или од оригиналните методи за одвикнување од хероин. А ка-ква врска имаат еден од најзначајните владетели Кнез Михајло и хероинот? Ско-ро никаква! Иако стариот виц го говори спротивното, а гласи:

“Зошто Кнез Михајло е насмеан на Плош-тадот? Па затоа што е веќе повеќе од 100 години на хорс”.

Извор: “Пресс”, Белград, автор: Бранко Росиќ

Page 16: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

16 IntervjuРајан Џонсон, режисер

Филмот треба да го издаде својот автор

Создавањето на филмови никогаш не би-ло нешто кон што сум приоѓал од про-фесионална перспектива одвоена од луѓето околу мене и мојот живот. За мене тоа се-когаш мора да биде како да ја зграбувате камерата и да снимате филмови со своите пријатели. Создавајќи го и овој филм, кој имаше поголем буџет од мојот првенец “Брик”, една од главните работи околу кои бев загрижен беше - дали и натаму ќе можам да го имам тоа чувство?”, вели ре-жисерот на филмот “Браќата Блум”.За овој филм, кој е сниман и во Белград, во кој играат Ејдријен Броди, Рејчел Вајс и Марк Рафало, како и неколку српски актери (Ана Софреновиќ, Мира Бањац, Јосиф Татиќ, Ду-бравко Јовановиќ, Бранка Пујиќ) разговара-ме со режисерот Рајан Џонсон.

* Вашиот прв филм “Брик” освои награ-да на жири за оригинална верзија на “Санденс фестивалот” 2005 година. И за вашиот актуелен филм “Браќата Блум” многу коментари одат на сметка на ори-гиналноста. Што за Вас значи да се биде оригинален во време кога компилаци-ската уметност доминира?- Мислам дека работата е во тоа да снимаш филмови кои лично те возбудуваат, за теми кои и лично те интересираат и да имаш сопствен сензибилитет. Филмот се-когаш треба да го поткаже својот автор. Ако така постапуваш, мислам дека таа ра-бота со самото тоа станува единствена. Иновациите и експериментите се главно добредојдени, но мене првенствено ме интересира да раскажам добра приказна.* За филмот “Браќата Блум” би можело да се рече дека е авантуристички; дали

може да се каже дека и снимањето на овој филм беше вистинска авантура?- Тоа беше најголемата авантура во мојот живот. Пред сè, доаѓањето во Белград за прв пат и работата во нова култура за мене беше вистинско изненадување. Станав во извесна смисла врзан за Белград, неколку пати и после снимањето го обиколував.* Мислите ли дека се зголемува интере-сот за авторскиот филм?- Мене ми се чини, откако авторскиот филм влезе во мода во 60-тите години, дека сите постојано се фокусирани на ре-жисерите како автори.* Каков е вашиот однос кон авторскиот филм?- Сите мои омилени филмови се такви што имаат карактеристичен израз, а тој потекнува од режисерот. Во исто време, сметам дека културата на авторски ѕвезди има и своја лоша страна. Кога средиштето на вниманието е на режисерот, а не на са-мите филмови, тоа претставува извесен проблем.* Кој е ваш омилен режисер?- Ги имам доста на листата, но неколку од нив ми се омилени, Кјубик, Куросава, Браќата Коен, Џон Хјустон... Би можел да испишам цела хартија. Исто така сум и фан на Кустурица, за мене беше многу возбудливо да ги видам локациите на кој тој снимал во околината на Белград.

* Во главните улоги имате добитници на “Оскар” и номинирани за ова престижно филмско признание; што за вас значеше да работите со актерски ѕвезди?- На почетокот беше застрашувачки, пред сè поради тоа што имам многу високо мислење за нив. Но тие сите беа прекра-сни и еднаш кога ќе почнеш да снимаш филм, фактот дека тие освоиле “Оскар” или дека се на насловните страници на списанијата дополнително те мотивира сè да направиш како што треба.* Првобитно беше предвидено снима-њето на филмот “Браќата Блум” да биде на Малта и во Прага. Како дојде до тоа всушност поголемиот дел да го снимите во Србија и Црна Гора?- Мојот продуцент Рам Бергман ме доведе на извидување на локации во Белград и тогаш видов дека Србија и Црна Гора имаат толку добри места за снимање, но

и останата логистика, и тоа за многу по-малку пари, па изборот беше лесен.* Какви се вашите впечатоци од снима-њето во Србија?- Овде на снимање сум си поминал подобро од било кога и стекнав пријатели за цел живот.* Како би сте ја опишале работата со срп-ската екипа?- Повеќето филмски екипи ги сочинуваа домашни луѓе кои одлично си ја завршија својата работа. На почетокот бевме за-грижени како делот од екипата кој го доведовме со себе од САД и Велика Бри-танија ќе се вклопи со домашниот дел од екипата, напросто затоа што навикнале на поинакви услови на работа. Но стравува-њето беше непотребно.* Во филмот се појавуваат многу наши познати актери. Дали имавте време по-добро да ги запознаете?- За жал, не бидејќи на снимањата на филмови е вистинска лудница, но беше задоволство да се работи со нив и да се запознае начинот на кој тие работат.* Кое место ви беше омилено во Белград?- Повеќето сцени во Белград ги снимавме со наменски направени кулиси, но моето омилено место беше Титовиот воз, каде снимавме неколку дена. На Калемегдан-ската тврдина не снимавме, но тоа во Бел-град е моето омилено место за прошетки бидејќи е многу убаво. Исто така ми се допаднаа кафулињата и клубовите на сплавовите. А наша главна база беше во студио на “Авала филм”. Радо се сеќавам како секое утро одев на работа возејќи се покрај шумовитото брдо. Ме фасцинира и историјата на “Авала филм” и начинот на кој Тито го изградил.

Извор: “Блиц”, Белград, автор: Ј. Ковачевиќ

Метју Перкинс

Кризата нè соедини

Нашите работници многу помогнаа во го-дината на криза да функционираме како компанија. Благосостојбата на фирмата е заедничка цел на менаџментот и синди-катот. - Гледаме знаци на подобрување, но времето и размерите на одржливото економска заздравување тешко е да се пред-види во овој момент

Безбедноста на прво место: Метју Перкинс фото: Ж. Јовановиќ

Критикувајќи ја владата пред некој ден гу-вернерот на Народната Банка на Србија Радован Јелашиќ рече дека таа “скоро ни-што не прави и само гледа во Ју ес стил”. Сите гледаат во “Ју Ес Стил” од повеќе причини - тоа е американска компанија, произведува челик за градежништво и автомобилската индустрија и околу нејзи-ната челичана во Смедерево се собрани како сателити многу дејности и фирми.

Page 17: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Intervju 17Сите тие желно го очекуваат знакот од Питсбург кој ќе означи крај на рецесијата и почеток на нов економски раст.На прашањето до кога ќе се “гледа во Ју Ес Стил”, генералниот директор на таа ком-панија во Србија Метју Перкинс вели:- Глобалната економска криза во големи размери влијаеше на индустријата на челик ширум светот. Намалувањето на побарувачката за челик кое го осетивме кон крајот на минатата година беше мно-гу поголемо од што било кој осетил во својот живот. Нашата компанија го ускла-ди своето производство со барањата на купувачите и на ниво на Европа го кон-солидираше своето производство на че-лик. Но, во последниве неколку месеци повторно го покренавме примарното про-изводство во “Ју Ес Стил Србија”. И нашето вкупно производство беше подобро от-колку на почетокот на 2009-та, но уште не е ни приближно на производството од 2008 година.Гледаме знаци на подобрување во по-следниве месеци кои ни дозволуваат да започнеме со поголемо производство, меѓутоа, општата слика на вкупните по-барувања за челик и натаму оста-нува несигурна за предвидување. Времето и размерите на одржли-виот економски раст тешко е да се предвидат во овој момент. За-тоа и натаму сме фокусирани на намалување и контрола на тро-шоците.* Какви мерки подразбира раци-онализацијата на работење?- Во изминатите шест години се уверивме дека нашите вработени имаат исклучителни идеи. Кога почна кризата ги повикавме да ра- змислат и да предложат кој е нај- добриот начин во секое поединечно од-деление во оваа фабрика да се намалат трошоците на работење. Имаме многу та-лентирани и креативни вработени кои по-могнаа во креирањето и намалувањето на трошоците на работење во сите наши производни погони.* Дали сте задоволни со идеите и сугести-ите на работниците?- Нашите вработени многу помогнаа во го- дината на криза да функционираме како компанија. Тие луѓе и по кризата ќе ја до-ведат оваа компанија до уште поголем деловен успех во следните години.* Дали и во останатите компании на “Ју Ес Стил” има сличен ангажман на врабо-тените?- Да. Ние сме глобална корпорација и има-ме редовна комуникација со сите наши компании во корпорацијата. Разменуваме информации и идеи за најдобра пракса за да ги примениме во сите погони. Таа брзина на комуникација и размена на добра пракса е голема предност за наша-та компанија.* “Ју Ес Стил Србија” беше меѓу првите компании која излезе со шокантни мерки на штедење, што беше прво соочување на Србија со кризата. И покрај таквите мерки кај вас немаше незадоволство и штрајкови на работниците какви што има овие денови ширум Србија?- Менаџментот на оваа компанија има ис-клучителна соработка со своите вработени и со репрезентативните синдикати. Секој

од репрезентативните синдикати во фа- бриката реагира и ја работи својата ра-бота на фер и професионален начин. Оваа фирма, нејзиниот менаџмент и ре- презентативните синдикати на тој начин покажаа дека имаат заедничка цел, а тоа е успешен живот и развој на компа-нијата. Тие мошне професионални од-носи со синдикатите се развиени во ше-сте години работа и соработка, а еко- номската криза само уште повеќе нè зближи и соедини во таа соработка. Како кризата растеше, се бараше зголемена комуникација и соработка на менаџмен-тот и репрезентативните синдикати, што им помогна на обете страни во спроведу-вањето на задачите. Факт е дека таа заед-ничка работа долгорочно ѝ помогна на компанијата, на сите вработени, нивните семејства и локалната заедница.* Каква е моментната состојба во произ-водството на “Ју Ес Стил Србија”?- Произведуваме со сите погони, но не сме ни блиску од полниот капацитет кои го остварувавме во првата половина на 2008-та.* Имаше обвинувања дека компанијата

“Ју Ес Стил” ја запоставила Србија во време на криза и дека примарното про-изводство на челик го преместила во својата челичана во Кошице. Што бе-ше аргумент за одржување на произ-водството во Кошице, а не во Смедерево?- Запирањето на примарното производ-ство во Смедерево не беше единствениот случај во нашата корпорација. Голем број наши северноамерикански фабрики ја за-преа работата. Тие одлуки се донесени на основа на многубројни фактори, но во ни-еден момент не навестуваа дека ние ќе ја напуштиме Србија. Не ја напуштивме Србија и нашето примарно производство во Смедерево работи. Продолжуваме да ја покажуваме својата посветеност кон Србија и во време на криза “Ју Ес Стил” инвестира во Србија. На почетокот на ми-натата година потпишавме спогодба со Министерството за заштита на животната средина за двогодишно инвестирање на педесет милиони долари во системи за подобрување на заштитата на човековата околина. И иако го почувствуваме удар на економската криза каков што никој не мо-жеше да предвиди и иако привремено го запревме примарното производство како реакција на таа криза, продолживме со инвестирање во склад со Спогодбата. Во финална фаза сме на реконструкција на главниот оџак во погонот Агломерација и работиме на намалување на секундарната емисија во Челичаната.* Имате ли стратегија на работење во

случај кризата да се одолжи?- Нашата прогноза нè упатува да спроведу-ваме токму онакви активности кои во из-минатите шест години нè доведоа на ниво на многу успешна компанија во Србија. Прво и пред сè, нашата посветеност на заштитата и безбедноста при работење во сите наши погони. Тоа е прва цел и прио-ритет на нашата компанија и тоа никогаш нема да се намали, ниту да се промени. Следна цел е константното подобрување на условите за заштита на човековата сре-дина. И трета е производството на што поквалитетен челик за да ги задоволиме барањата на купувачите на сите пазари.И натаму ја продолжуваме соработката со вработените за да пронајдеме нови за-штеди во работењето и со тоа да бидеме поконкурентни на пазарот на челик. Тоа во последните шест години нѐ направи успешна компанија во Србија и на тоа ќе се концентрираме и во иднина.* “Ју Ес Стил Србија” досега се воздржу-ваше од поголемо отпуштање на работ- ници. Неодамна е објавено дека сепак до 250 работници ќе ја напуштат компани-јата. Каква е моментната ситуација?

- Во првата половина на оваа годи- на направивме преглед на бројот на вработени и нивната работа во администрацијата на компанијата. Внимателно направивме процен-ка на улогата и резултатите од рабо- тата на секоја целина, а сè со цел да бидеме поуспешни и поконкурен- тни на пазарот на челик. И после таа мошне внимателна проценка заклучивме дека мораме да на- правиме сериозни чекори кои би довеле до поквалитетен баланс во бројот на вработени во произ- водството, од една, и администра-

цијата и придружните целини, од друга страна. Сето тоа го направивме за да обез-бедиме успешно работење и долгого-дишно продолжување на работата на “Ју Ес Стил Србија”. Изработката на Програмата за решавање на вишокот вработени е во завршна фаза, а потпишавме и Анекс на Колективниот договор со репрезентатив-ните синдикати, кои ја одредува висината на отпремнините. Веруваме дека напра- вивме фер спогодба за секој од вработе-ните.* Наскоро ви претстојат договори со син-дикатите за новиот колективен договор и за цената на труд за идната година. Дали сте подготвени за тие преговори и што очекувате од нив?- Ова е тешко време за сите нас. Имавме до сега многу блиска соработка со син- дикатите и обете страни се подготвуваат за тие преговори. Очекувам во претстојното време да се продолжи нашиот добар и професионален однос со репрезентатив-ните синдикати.* Дали за Вас е добра вест најавата дека Фиат ќе започне со производство на нов модел во голема серија во Крагуевац?- Ние соработуваме со Фиат на европско ниво и ја снабдуваме со челик таа компа- нија. Секако, со добредојде ја прифаќаме таа голема компанија и така голем инвес-титор кој се појави на српскиот пазар, осо- бено поради фактот дека купуваат челик и секогаш се радуваме на идната соработка.

Извор: “Политика”, Белград, автор: Миша Бркиќ

Page 18: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

18 FeqtonШАРЛ ДИЛ

ИСТОРИЈА НА ВИЗАНТИСКОТО

ЦАРСТВО (продолжение X)

Византиската цивилизација во времето на Палеолозите

Сепак, и во времето на своето опа-ѓање, животната сила на византиската ци-вилизација била толкава што последната преобразба, книжевна и уметничка, го краси со зрак на слава во изумирање вре-мето на Палеолозите. Во XIV и XV век Цариград уште бил еден од најубавите и најпознатите градови на светот, матица на православјето во која доаѓале поклоници од грчкиот и сло- венскиот Исток, голем трговски град ка-де се среќавале трговците од Западот, ве- личествено и плодоносно средиште на значителна духовна и уметничка култура.

Школите во византиската престол-нина биле понапредни и попосетени од било кога, а познатите професори на уни-верзитетот, Плануд, Москопул, Триклиниј, во почетокот на XIV век, подоцна Хрисо-лора и Аргиропул, обновувајќи го изучу-вањето на класичните писатели, се пока-жале како достојни претходници на ху-манистите од времето на Преродбата. Со нив, филозофите Гемист Плитон и Ви-сарион продолжиле со проучување на Пла- тоновите доктрини и се подготвувале да ги предадат на Западот. Имало, потоа, цела низа на само-никнати и особени таленти, историчари како Јован Кантакузин или Никифор Григор во XIV век, Франца, Дука, Халкондил или Критовул во XV век; богослови како Гри-гориј Палама или двата Кавасили во XIV, Марко Евгеник или Ѓорѓи Схолариј во XV век; беседници како Никифор Хумно или Димитриј Кидониј; есеисти како Теодор Метохит или Манојло Палеолог; поети како Манојло Фил; сатиричари како без-имениот писател на Симнувањето на Ма-зарис во пеколот. Науката, астрономијата, медицина-та, природните науки, биле негувани како и книжевноста и со право можело да се каже за научниците од тоа време дека не направиле помалку услуги отколку Роџер Бекон на Западот. Изгледа, навистина, ка-ко да пред пропаста Византија ги собрала сите духовни сили за последен пат да бле-сне. Исто така, во мугрите на XIV век, византиската уметност се будела за по-следниот препород. Враќајќи им се на своите најстари извори, особено на алек-сандриската традиција која современите

хуманисти ја оживеале, оваа уметност го губи своето апстрактно обележје за да стане реална и живописна, наизменично возбудлива, драматична или симпатична. Иконографијата се обогатила и пре-родила и станала потрогателна и потопла. Боите, складно и мајсторски измешани, скоро се со импресионистичка техника. Се создаваат школи, разновидни по инспи-рацијата и по стилот: цариградската школа чии мозаици во Кахриј-џамијата (почеток на XIV век) се ремек-дело; македонската школа чии учители ги ук-расиле црквите по Македонија и Стара Србија и најстарите цркви на Атос и чиј, можеби, последен претставник е позна- тиот Манојли Панселин; критската шко-ла чии фрески во Мистра без сомнение

се ремек-дело. Така Византија, на изглед исцрпена, добива во XIV како и во X век, во допир со античката традиција, нова сила; и благодарејќи на овој моќен умет-нички покрет, кој може да се спореди со италијанската обнова во XIV век, но кои ништо не ѝ должи, византиското влија-ние уште еднаш се раширило помеѓу источните народи, Србите, Русите, Роман-ците.

Деспотството Мистра

Меѓу овие разни средишта на ду-ховна и уметничка култура Мистра заслу-жува особен помен.

Овој град, кој го основал Вилхелм од Вилардуен над рамнината каде била Спарта и кој станал потоа столица на грчките пелопонески деспоти, со своите цркви потполно украсени со фрески, со своите бедеми, куќи, палати, претставува,

како што е со право речено, византиска Помпеја. Кога во 1262 г. повторно потпад-

нал под византиска власт Андроник II се трудел да го насели и разубави и по-дигнал во него неколку цркви. Јован Кан-такузин подоцна со него уште повеќе се занимавал.

Од провинцијата Мореја, постепе-но повратена од Франците, тој направил апанажа за својот помлад син Манојло кој го добил називот деспот (1348 г.); за време на управата на овој владетел, како и останатите помлади синови од династи-

Page 19: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Feqton 19јата Палеолози (од 1383 г.) Мистра била средиште на сјајниот двор на кој се негувала книжевноста и уметноста, вис-тински извор на елинизам и хуманизам и прибежиште на грчката народност пред изумирање. Ова ненадејно будење на спомени-те на далечното еленско потекло, пред пропаста, во Византија која многу одамна престанала да се занимава со старата Гр-ција, достојно е на внимание. Од усните на луѓето на XV век не-очекувано се слушаат големите имиња на Перикле, Темистокле, Ликург и Епами-нонда за чии подвизи “за општото не-што, за татковината” радо се зборува. Најре-шителните луѓе на тоа време, Гемист Плитон, Висарион, гледаат во будењето на еленската традиција никулец кој ќе го спаси царството и тие го преколнуваат владетелот наместо застарениот назив “василеус Ромеја” да земе ново и живо име “крал на Елените” кое единствено ќе биде во состојба, говореле тие, “да оси-гура спас на слободните Елени и осло-бодување на нивните поробени браќа”. Висарион го потсетува последниот Палеолог на подвижите на некогашните Спартанци и го моли да се стави на чело на нивните потомци за да ја ослободи Европа од Турците и да ѝ го врати на Ази-ја наследството од нејзините предци. Пли- тон му предлага на Манојло II пред ко-нечната пропаст цел програм со кој со-стојбата во преродената Елада би се из-менила на подобро. И колку и залудни да изгледале овие мечтаења во времето кога Мухамед II бил пред вратата, сепак претставува значителен факт ова враќање на свеста за елинизмот кој нема да умре, овој пророчки поглед во далечната иднина каде, според зборовите на Халкондил, писател од XV век, “извесен ден еден грчки крал и неговите наследници ќе го обноват кралството во кое обединетите синови Елени сами ќе управуваат со свои-те работи чинејќи еден народ”. Овие теж-неења особен израз нашле на дворот во Мистра, а исто така и во црквите во Мистра, во Соборната црква (почетокот

на XIV век), во Перивлепта (средината на XIV век), се наоѓаат неколку ремек-дела на уметничката обнова од тоа време. Ту- ка може да се види извонредното деко-ративно разбирање, бараната живопис- ност, движењето, изразот, значителната смисла за отменост и симпатичност, прекрасното чувство за боја, едновреме-но нежна и силна, уметност во исто вре-ме учена и слободна. Истите особини се наоѓаат и на фреските по црквите во Македонија како и на најстарите живо- писи во манастирите на Атос. Тие пока-жуваат за каква создателска изворност

византиската уметност уште била спо-собна и го заблескуваат времето на Пале-олозите со последен блесок.

Грчкото трапезунтско царство

На далечниот црноморски брег, спротивниот крај на византискиот свет, трапезунтското царство било второ инте-ресно средиште на еленската цивилиза-ција. На почетокот на XIII Алексиј I (1204-1222 г.), од семејството Комнини, ос-

новал, и покрај нападите на никејските владетели и Турците Селџуци, држава која го опфаќала целиот стар Полемонскиот Понт и се протегала на исток до Фаза. Но новото царство, осамено на крајната точ-ка на Истокот, зафрлено помеѓу Турци и Монголи, разриено со внатрешна неслога на бунтовното феудално благородништво, искористувано од страна на Џеновјаните, вознемирувано од страна на завидливите грчки цариградски цареви, имало тежок живот. Тоа сепак проживеало и среќни денови под Алексиј II (1297-1330 г.) и за времето на долготрајното владеење на Алексиј III (1304-1390 г.) кој ја украсил сво-јата престолнина со цркви и манастири. Трапезунт, лежејќи скалесто над морската површина, меѓу реки и зеле-нило, необично богат благодарејќи на трговијата која се во водела во внатреш-носта на Азија, познат по својата раскош и убавината на неговите принцези, бил то-гаш еден од најубавите градови на Истокот и еден од најголемите светски пазари. На висорамнината која се издигала над бре-гот владетелскиот двор бил вистинско чудо на господствена велелепност, а сла-вата на градот, “глава и очи на целата Азија”, била раширена по сиот источен свет. Без сомнение, почнувајќи од XV век, длабоката расипаност на наравот го разо-

рувала дворот на Комнините и го испол-нувала со крвави сплетки и кобни аванту-ри. Покрај сето тоа, благодарејќи му на трапезунтското царство, траел на крај-ната точка на Црното Море отсјајот на византискиот сјај и за време од два и пол века грчката народност имала тука едно од своите засолништа. Морејското деспотство и трапезун-тското царство само неколку години го преживеале падот на Цариград. 1453 г. арбанското востание на Пелопонез ги довело Турците во Мореја, и деспотите, браќата на Константин XI, откако ги пови-кале Османлиите на помош, морале да ја признаат султановата врховна власт. Кога 1459 г. Тома одбил плаќање данок состојбата станала уште посериозна. Мухамед II лично се појавил во Мореја, скршувајќи го сиот отпор, но не успевајќи да ја освои Мистра. Деспотите уште ед-наш морале да се потчинат, но наскоро повторно се побуниле. Тогаш султанот по-шол право на Мистра, го симнал Димитриј од престолот и го одвел во ропство; дру-гиот грчки владетел побегнал во Италија и Мореја станала турска област (1460 г.) Давид Комнин, последниот трапе-зунтски цар, подлегнал 1461 г. Тој залудно се обидувал да се потпре на мажот на сво-јата внука, туркменскиот кнез Усун-Хасан.

1461 г. Мухамед II се појавил во Анадолија, ја победил Хасановата војска, потоа се свртел против Трапезунт кој морал да се предаде. Што останало од царското се-мејство било прогонето во Македонија во близината на Серез. Тоа бил крајот на по-следната грчка држава на Истокот. Така исчезнало византиското цар-ство по повеќе од илјадагодишно траење, често славно, бидејќи било во текот на вековите заробеник на христијанството против исламот, бранител на цивилиза-цијата против варварството, воспитувач на словенскиот Исток, бидејќи го раширило сè до Западот своето влијание. Но и тогаш кога Византија пропаднала, и тогаш кога престанала да постои како царство, таа

Page 20: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

20 Feqtonпродолжила да врши во целиот источен свет семоќен уплив, и таа го врши уште и денес. Од крајните точки на Грција до крајните точки на Русија сите народи на источна Европа, Турци и Грци, Срби и Бугари, Романци и Руси, го сочувале жи- виот спомен и преданијата на исчез-натата Византија. Во тој поглед, оваа ста-ра историја, прилично слабо позната, по- малку заборавена, не е, како што обично се мисли, мртва историја; таа оставила сè до денешните денови, во сфаќањата како и во политичките тежнеења, длабо-ки траги и она во себе сѐуште содржи во себе за сите народи кои го примиле неј-зиното наследство ветувања и гаранции за иднината. Во тој поглед, значи, ви-зантиската цивилизација двоструко за-служува внимание: поради самата себе и поради сè што останало од неа во истори-јата на нашето време.

ДОДАТОК

I Византиски цареви

Константинова династијаКонстантин I Велики 306-337 г.; сам владе-ел 323-337 г.Констанциј II 337-361 г.; сам владеел 353-361 г.Јулијан 361-363 г.Јовијан 363-364 г.Валенс 364-378 г.

Теодосиева династијаТеодосије I Велики 379-395 г.Аркадиј 395-408 г.Теодосије II 408-450 г.Маркијан 450-457 г.Лав I 457-474 г.Зенон 474-491 г.Анастасиј 491-518 г.

Јустинова династијаЈустин I 518-527 г.Јустинијан I 527-565 г.Јустин II 565-578 г.Тибериј II 578-582 г.Маврикиј 582-602 г.Фока (узурпатор) 602-610. г.

Ираклиева династијаИраклиј 610-641 г. Константин III и Ираклона 641-642 г.Констант II 624-668 г.Константин IV Погонат 668-685 г.Јустинијан II Ринотмит 685-695 г.Леонтиј (узурпатор) 695-698 г.Тибериј III (узурпатор) 698-705 г.Јустинијан II (по втор пат) 705-711 г.Филипик 711-713 г.Анастасиј II 713-716 г.Теодосије III 716-717 г.

Исаврианска (сирска) династијаЛав III 717-740 г.Константин V Копроним 740-775 г.Лав IV 775-780 г.Константин VI 780-797 г.Ирина 797-802 г.Никифор I (узурпатор) 802-811 г.Ставракиј 811 г.Михаило I Рангав 811-813 г.

Лав V Ерменец 813-820 г.Михаило II Тепав 820-829 г.Теофило 829-842 г.Михаило III Пијаница 842-867 г.

Македонска династијаВасилије I 877-886 г.Лав VI Мудар 886-912 г.Александар 912-913 г.Константин VII Порфирогенит 913-959 г., имајќи го за совладетел Романа IЛакапин (узурпатор) 919-944 г.Роман II 959-963 г.Никифор II Фока 963-969 г.Јован I Цимискиј 969-976 г.Василиј II Бугароубиец 976-1025 г.Константин VIII 1025-1028 г.Зоја 1028-1050 г., имајќи ги за совладетели своите едноподруго мажи:- Роман III Аргир 1028-1034 г.- Михаило IV Пафлагонец 1034-1041 г.- Михаило V Калафат (внук на Михаил IV, посвоеник на Зоја) 1041-1042 г.- Константин IX Мономах 1042-1054 г.Теодора 1054-1056 г.Михаило VI Стратиотик 1056-1057 г.

Династии Дука и КомниниИсак I Комнин 1057-1059 г.Константин X Дука 1059-1067 г.Роман IV Диоген 1067-1071 г.Михаило VII Дука 1071-1078 г.Никифор III Вотанијат (узурпатор) 1078-1081 г.Алексиј I Комнин 1081-1118 г.Јован II Комнин 1118-1143 г.Манојло I Комнин 1143-1180 г.Алексиј II Комнин 1180-1183 г.Андроник I Комнин 1183-1185 г.Династија АнгелиИсак II 1185-1195 г.Алексиј III 1195-1203 г.Исак II (по втор пат) имајќи го за совладетел својот син Алексиј IV 1203-1204 г.Алексиј V Мурзуфло (узурпатор) 1204 г.

Латински цариградски царевиБалдуин Фландриски 1204-1205 г.Хенрик од Ангра 1206-1216 г.Петар од Куртнеа 1217 г.Јоланда 1217-1219 г.Роберт II од Куртнеа 1221-1228 г.Балдуин II 1228-1261 г., имајќи го за на-месник Јован од Бриен 1229-1237 г.,сам владеел 1240-1261 г.

Грчки никејски царевиТеодор I Ласкар 1204-1222 г.Јован III Ватац 1222-1254 г.Теодор II Ласкар 1254-1258 г.Јован IV Ласкар 1258-1259 г.Михаило VIII Палеолог (узурпатор) 1259-1261 г.

Династија ПалеолозиМихаило VIII 1261-1282 г.Андроник II 1282-1328 г., имајќи го за со-владетел својот сина Михаил IX 1295-1320 г.Андроник III 1328-1341 г.Јован V 1341-1376 г.Јован VI Кантакузин (узурпатор) 1341-1355 г.Андроник IV (син на Јован V) 1376-1379 г.Јован V (по втор пат) 1379-1391 г.Јован VII (син на Андроник IV, узурпатор) 1390 г.

Манојло II 1391-1425 г.Јован VIII 1425-1448 г.Константин XI Драгаш 1448-1453 г.

Грчки деспоти на МистраМанојло Кантакузин 1348-1380 г.Матија Кантакузин 1380-1383 г.Теодор I Палеолог 1383-1407 г.Теодор II 1407-1443 г.Константин Драгаш 1428-1448 г.Тома 1432-1460 г.Димитрије 1449-1460 г.

II Хронолошки преглед на најважните настани во византиската историја

330 г. - 11 мај. — Константин Велики извр-шил осветување на Цариград, Новиот Рим. 343 г. — Црковен собор во Сердика.351 г. — Битка кај Мурса.353 г. — Констанциј сам владее.359 г. — Црковен собор во Римини.376 г. — Населување на Западните Готи во Мезија.378 г. — Битка кај Адријанопол и смртта на царот Валенс.381 г. — Вселенски собор во Цариград.395 г. — Теодосиева смрт. Поделба на царството помеѓу неговите синови Арка-диј и Хонориј.396 г. — Аларихова наезда во Грција. Сти- лихон ги опколил Западните Готи кај Фо-лоја.399-400 г. — Гаинасова буна.404 г. — Симнување од престолот и про-гонство на св. Јован Златоуст.410 г. — Аларих го освојува Рим.431 г. — Вселенски собор во Ефес.438 г. — Објавување на Теодосиевиот За-коник.439 г. — Градење на голем цариградски бедем.441 г. — Атилова наезда во Панонија.447 г. — Нова Атилова наезда.449 г. — Црковен собор наречен Ефеско разбојништво.451 г. — Вселенски собор во Халкедона.476 г. — Пад на западното римско царство.482 г. — Унионистички указ или Хенотикон.487 г. — Теодорих, крал на Источните Го-ти, добил налог од Зенон да ја поврати Италија.502 г. — Продолжување на војната со Персијците. 512 г. — Градење на Анастасиевиот Долг Ѕид.514 г. — Виталијанова буна.519 г. — Воспоставување на спогодба со Рим и крај на Акакиевата шизма (484-519). 527 г. — Продолжување на војната со Пер- сијците.529 г. — Објавување на Јустинијановиот Законик.529 г. — Затворање на школите во Атина.532 г. — Вечен мир склопен са Персијците.532 г. — Побуна на Ника.533 г. — Објавување на Дигеста и Институ-ција.533-534 г. — Велизар повторно ја освојува Африка.535 г. — Јустинијанови Новели за админи-стративно преустројство на царството.535 г. — Војна со Источните Готи.536 г. — Црковен собор во Цариград.537 г. — Осветување на Света Софија.

Page 21: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Feqton 21537-538 г. — Опсада на Рима кого го брани Велизар.540 г. — Велизар ја освојува Равена.540 г. — Хозрој упаѓа во Сирија.540 г. — Наезда на Хуните во Илирик.543 г. — Јустинијанов указ за Трите по-главја.548 г. — Смртта на Теодора.549 г. — Тотила повторно го освојува Рим.552 г. — Пораз на Источните Готи кај Таги-на и крај на нивното кралство.553 г. — Вселенски собор во Цариград.554 г. — Освојување на југоисточниот де-ла на Шпанија.559 г. — Хуните пред Цариград.562 г. — Мир со Персијците.568 г. — Наезда на Лангобардите во Ита-лија.572 г. — Продолжување на војната со Персијците.579 г. — Смртта на Хозрој Велики.581 г. — Аварите го освојуваат Сирмиј.Околу 582 г. — Основање на африканскиот и равенскиот егзархат.591 г. — Мир са Персијците.601 г. — Прискови победи над Аварите.602 г. — Фокино востание.608 г. — Персијците ја освојуваат Сирија и стигнуваат во Халкедон.610 г. — Ираклиево востание и пад на Фока. 615 г. — Персијците го освојуваат Еруса-лим.617 г. — Персијците го покоруваат Мисир.622 г. — Ираклиј презема напад против Персијците.626 г. — Аварите и Персијците го напаѓаат Цариград.627 г. — Битка кај Нинива.629 г. — Мир со Персијците.Почеток на VII век. — Населување на Хрва-ти и Срби во Илирика.634 г. — Арабјаните упаѓаат во Сирија.636 г. — Битка на Јармук.637 г. — Предавање на Ерусалим.638 г. — Ираклиј ја објавува Ектеза или Толкување на верата.640-642 г. — Арабјаните го покоруваат Мисир.647 г. — Арабјаните во северна Африка.648 г. — Константин II го објавува Тип.655 г. — Пораз на византиската флота во ликиските води.Средина на VII век. — Востановување на азиските теми.668 г. — Арабјаните во Халкедон.673-678 г. — Арабјаните го опседнуваат Цариград.679 г. — Населување на Бугарите јужно од Дунав.680-681 г. — Вселенски собор во Цариград.692 г. — Арабјаните го победуваат Јустини-јан II код Севастопол.697-698 г. — Арабјаните ја освојуваат Кар-тагина. Губење на Африка.708 г. — Неуспех на Јустинијан II против Бугарите.710 г. — Востание во Италија.712-717 г. — Напредување на Арабјаните во Мала Азија.717-718 г. — Арабјаните го опседнуваат Цариград.726 г. — Указ против иконите.727 г. — Востанија во Грција и Италија.739 г. — Битка кај Акроин.740 г. — Објавување на Еклога.751 г. — Лангобардите ја освојуваат Ра-вена.

752 г. — Успеси над Арабјаните.753 г. — Иконоборски црковен собор во Иерија.754 г. — Пипинов дар на папството. Губе-ње на византиска Италија.755 г. — Војна со Бугарите.762 г. — Пораз на Бугарите кај Анхијал.765 г. — Гонење на приврзаниците на ико-ните.787 г. — Вселенски собор во Никеја.797 г. — Ирина го срушува Константин VI.800 г. — Обновување на западното римско царства.809 г. — Наезда на бугарскиот кан Крум.811 г. — Цар Никифор убиен во борба со Бугарите.813 г. — Крум пред Цариград.813 г. — Победа Византијците кај Месим-врија.815 г. — Иконоборски собор во Цариград.822 г. — Томино востание.826 г. — Арабјаните го освојуваат Крит.827 г. — Арабјаните во Сицилија.832 г. — Теофилов указ против иконите.838 г. — Арабјаните го освојуваат Амориј.842 г. — Арабјаните ја освојуваат Месина.843 г. — Црковен собор во Цариград и воспоставување на православјето.858 г. — Срушување на Игнатије. Фотиј из-бран за патријарх.863 г. — Посланство на Кирил и Методиј во Моравска.864 г. — Преоѓање на Бугарите во христи-јанство.867 г. — Црковен собор во Цариград. Рас-кин со Рим.869 г. — Црковен собор во Цариград.876 г. — Грците го освојуваат Бари.878 г. — Арабјаните ја освојуваат Сиракуза.879 г. — Црковен собор во Цариград.887-893 г. — Обновување на Василика.893 г. — Раскин са бугарскиот цар Симеон.902 г. — Арабјаните ја освојуваат Таорми-на. Губење на Сицилија.904 г. — Арабјаните го освојуваат Солун.915 г. — Битка на Гарилан.917 г. — Победа на Бугарите кај Анхијал.919 г. — Роман Лакапин го грабнува пре-столот.924 г. — Симеон пред Цариград.927 г. — Смртта на цар Симеон.934 г. — Византијците ја освојуваат Мели-тина.944 г. — Освојување на Нисива и Едеса.944 г. — Пад на Романа Лакапин.961 г. — Никифор Фока го враќа Крит.963 г. — Никифор Фока го грабнува пре-столот.965 г. — Покорување на Сицилија.967 г. — Продолжување на војната со Бу-гарите.968 г. — Русите во Бугарија.968 г. — Освојување на Антиохија.969 г. — Убиството на Никифор Фока.971 г. — Востание на Варда Фока.971 г. — Пораз на Русите кај Силистрија. Присоединување на Бугарија.976 г. — Цимискиино војување во Сирија.976-979 г. — Буна на Варда Склир.977-986 г. — Напредување на македонски-от цар Самуил.986 г. — Пораз на Грците кај Трајановата Порта.987-989 г. - Буна на Варда Фока.989 г. — Русите го примаат христијанството.995 г. — Војување на Василиј II во Сирија.996 г. — Пораз на Македонските Словени

на Сперхија.998 г. — Војување во Сирија.1000-1014 г. — Војна са Македонските Словени.1010 г. — Буна во јужна Италија.1014 г. — Битка кај Кимвалонга. Смртта на царот Самуил.1018 г. — Пропаст на македонското сло-венско царство.1018 г. — Победа кај Кана.1021-1022 г. — Присоединување на Ерме-нија.1032 г. — Грците ја освојуваат Едеса.1038 г. — Успеси на Ѓорѓи Манијак во Си-цилија.1040 г. — Востание во Македонија.1042 г. — Буна во Цариград. Пад на Миха-ил V.1043 г. — Востание на Ѓорѓи Манијак.1054 г. — Патријарх Керулариј раскинува со Рим.1057 г. — Востание на Исак Комнин.1064 г. — Турци Селџуци го освојуваат Ани.1071 г. — Норманите го освојуваат Бари. Губење на Италија.1071 г. — Битка кај Манзикерт.1078 г. — Востанија на Вријениј и Вотани-јат.1078 г. — Турците во Никеја.1081-1084 г. — Наезда на Роберт Гвискар во Епир.1082 г. — Договор со Млеќаните.1091 г. — Пораз на Печенезите кај Левуниј.1096 г. — Крстоносци во Цариград.1097 г. — Крстоносците ја освојуваат Ни-кеја.1107-1108 г. — Војна со Бохемунд.1116 г. — Битка коај Филомил.1122 г. — Пораз на Печенезите.1122-1126 г. — Војна со Млеќаните.1124-1126 г. — Посредување во Унгарија.1137-1138 г. — Војување на Јован Комнин во Киликија и Сирија.1147 г. — Втора крстоносна војна.1147-1149 г. — Војна со Рожер II крал на Си- цилија.1151 г. — Византијци во Анкона.1152-1154 г. — Војна со Унгарија.1158 г. — Војување на Манојло Комнин во Сирија.1168 г. — Присоединување на Далмација.1171 г. — Раскин со Млеќаните.1176 г. — Битка кај Мириокефал.1182 г. — Востание на Андроник Комнин.1185 г. — Норманите го освојуваат Солун.1185 г. — Основање на второто бугарско царство.1189 г. — Фридрих Барбароса на Исток.1190 г. — Исак Ангел победен од Бугарите.1197-1207 г. — Бугарски цар Јоаница.1204 г. — Латините го освојуваат Цариград. Основање на латинското цариградско царство.1205 г. — Пораз на Латините кај Адријано-пол.1206 г. — Теодор Ласкар крунисан за ни-кејски цар.1210 г. — Собор во Равеница.1222 г. — Епирските Грци го ослободуваат Солун.1230 г. — Бугарите го уништуваат грчкото солунско царство.1236 г. — Грците и Бугарите го напаѓаат Цариград.1244 г. — Солунското деспотство никејски вазал.

Page 22: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

22 Feqton1254 г. — Потчинување на епирскиот дес-пот Михаил.1259 г. — Битка на полето Пелагонија.1261 г. — Нимфејски договор.1261 г. — Грците го ослободуваат Цари-град.1262 г. — Византијците стапуваат во Мо-реја.1267-1272 г. — Напредување на Карло Ан-жујски во Епир.1274 г. — Црковен собор во Лион.1281 г. — Пораз на анжујските трупа кај Берат.1302-1311 г. — Каталонскиот голем одред на Исток.1311 г. — Битка на Копајското Езеро.1326 г. — Турците ја освојуваат Бруса.1325-1328 г. — Војна помеѓу двајцата Ан-дроници.1330 г. — Бугарите победени од Србите на Велбужд.1340 г. — Напредување на Србите во Епир и Турците во Азија.1341 г. — Востание на Јован Кантакузин.1342-1349 г. — Востание на Зилотите во Солун.1341-1351 г. — Исихастички спор1345 г. — Стефан Душан ја покорува Маке-донија.1346 г. — Крунисување на Стефан Душан за цар во Скопје.1347 г. — Кантакузин го зазема Цариград.1348 г. — Основање на деспотството Ми-стра.1354 г. — Турците во Галиполе.1355 г. — Смртта на Стефан Душан.1365 г. — Турците ја пренесуваат својата престолнина во Адријанопол.1371 г. — Битка на Марица.1373 г. — Јован V Палеолог султанов вазал.1376 г. — Востание на Андроник IV.1389 г. — Бој на Косово.1390 г. — Востание на Јован VII.1391 г. — Турците ја освојуваат Филадел-фија.1396 г. — Никополска крстоносна војна.1397 г. — Бајазит го напаѓа Цариград.1402 г. — Битка кај Ангора.1422 г. — Турците го опседнуваат Цари-град.1423 г. — Турскиот поход на Мореја.1430 г. — Турците го освојуваат Солун.1439 г. — Црковен собор во Флоренца.1444 г. — Битка кај Варна.1446 г. — Турска наезда во Мореја.1451 г. — Стапување на престолот на Му-хамед II.1453 г. — 29 мај. — Турците го освојуваат Цариград.

Шарл Дил (Charles Diehl), француски византолог и историчар, роден е во Стразбур во Алзас 1859 година (умрел во длабока старост, на 1 ноември 1944 година во Париз), по завршените универ-зитетски студии, прави брза научна кариера: станува член на des Есоles fran-çaises de Rome (1881-3.) et d’ Athénes (1883-5.), каде учествувајќи во сестраната практична работа, стекнува опсежни теориски знаења и богати практични искуства кои во понатамошните негови научни трудови многу му користеле; по-доцна, по четиригодишно практична ра-бота станува професор по историја на

филозофскиот факултет во Нанси, а 1899 година доаѓа во исто својство во Париз. Неговите знаменити дела на полето на византиската историја се крунисани со видни успеси: со декрет на 26 март 1907 г. основана е на Универзитетот во Париз по-себна катедра за византиска историја и доверена му е на Дил, кој од 1899 г. покрај редовната катедра за општа историја имал и специјален курс за византиска ис-торија на споменатиот Универзитет. Особеното интересирање за исто-ријата на ромејската држава условило 1907 г. на Сорбона да се основа специјална катедра за византиска историја. Дил на таа катедра повеќе од триесет години држел настава и останал запаметен како извонреден и исклучително духовит пре-давач. За своите несекојдневни научни заслуги стекнал големо признание не само во Франција туку и вон нејзините гра-ници. Избран е за дописен член на многу академии и за почесен доктор на поголем број универзитети, помеѓу останатите и на Белградскиот. Дописен член на Српската кралска академија станал 1936 г. Покрај делата од класичната архе-ологија, со која главно се занимава во своите рани научни години и студиите од општа историја на уметноста, како што се оние за Ботичели (1906) Дил неизмерно ја задолжил историјата на византиската уметност. Особено е важно неговото де-ло Manuel d’art byzantin (прво издание 1910, второто во два тома 1925/1926 г.), а напишал и низ на дела за поединечните споменици на византиската уметност, меѓу нив и за српските средновековни ма-настири (Aux vieux monastères de Serbie, 1930). Уште позначајно е неговото дело на полето на византиската историја каде со подеднаков успех се огледа како во мунициозните аналитички истражувања така и во обликувањето на широките синтези. Овие особини ги покажал уште во својата докторска дисертација за Ра-венскиот егзархат (Etudes sur l’exarchat de Revenne, Париз 1888), како и во опшир-ното дело за византиската управа во се- верна Африка (L’Afrique Byzantine, Histoire de la domination byzantine en Afrique, Па-риз 1896). Голема слава му донела книгата за Јустинијан (Justinien et la civilisation byzantine au VIe siècle, Париз 1901), а и популарната монографија за царицата Те-одора (Théodore, impératrice de Byzance, Париз 1904). Во книгата Еtudes byzantines (Византиски студии) собрани се неговите дела кои се однесуваат на многу различни прашање од политичката и културната ис-торија).

Дил напишал и неколку синтези кои ги осветлуваат поединечните периоди од историјата на Византија, најнапред крат-киот преглед на политичката историја Histoire de l’empire byzantin, Париз, 1919 година (српски превод Историја на Визан-тиското царство, Белград, 1933 г.), а потоа и историјата на културата Byzance, Gran-deur et Décadence. Обработил и поедини периоди како од политичката така и од културната историја во позната англиска едиција Тhe Cambridge Medieval History. Подоцна во серијата за светската историја напишал прилично обемна историја на византиското царство. Дил поседувал и несекојдневна надареност на литерат која на вистински начин дошла до израз во неговите научни есеи. Позната е двотомната збирка Figures byzantines во која се претставил како ненадминат мајстор на историски портре-ти. Оваа збирка доживеала голем број изданија и преведена е на многу јазици (српски превод: Византиски слики I-II во издание на Српската книжевна задруга, Белград 1927-1929 г., репринт 1991.)

Во европската историографија Дил одиграл една од пресудните улоги во ко-нечното разбивање на омаложувачкиот став не само кон византиската туку и кон севкупната средновековна историја ка-ко период на мрачност и непрекинато опаѓање. Овој став, кој го инаугурирале француските просветители а практично го обликувал Едвард Гибон, водечкиот историчар на XVIII век, за долго време го прекинал развојот на византиските студии. Дил ја започнал својата работа кога модерната византологија, сѐуште во сенка на наталожените предрасуди, са-мо што почнувала да се движи по патека- та на издигнување. Поради тоа тој морал не само да осветлува една скоро непо-зната гранка на историската наука, туку и кај широките кругови да побудува ин-тересирање за нејзините проблеми. Под-еднакво успеал и во едната и во другата работа. Во модерната византологија Дил зазема едно од најугледните места како поради високиот квалитет на своите сту- дии така и поради големото влијание на подоцнежните поколенија на истражува-чи ширум Европа.

Крај на фељтонот.

Во следниот број нов фељтон:

Шарл ДилВИЗАНТИСКИ СЛИКИ

Page 23: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Nadvor od zakonot 23

Кнежевиќ на ХРТ: Ѓукановиќ и Цане го убија

Пуканиќ

За убиството на Пуканиќ одговорен е ту-тунскиот картел зад кој стои црногор-скиот премиер Мило Ѓукановиќ, изјави цр-ногорскиот бизнисмен Ратко Кнежевиќ во емисијата “Хрватска во живо” на ХРТ. Организаторот на атентатот е Станко Суботиќ Цане, тврди Кнежевиќ

Црногорскиот бизнисмен Ратко Кнеже-виќ во емисијата “Хрватска во живо”, еми- тувана на 23 октомври на Хрватската ра-дио телевизија, рече дека смета дека за убиството на Иво Пуканиќ е одговорен тутунскиот картел зад кој стои црногор-скиот премиер Мило Ѓукановиќ. Како организатор на атентатот, Кнежевиќ го назначи Станко Суботиќ Цане.“Пуканиќ со своето пишување ја запре нај-големата шверцерска зделка по Втората светска војна во Европа. Од таа работа са-мо 1999 година шверцерите заработиле 2,5 милијарди тогашни германски марки”, рече Кнежевиќ.Станко Суботиќ Цане живее во Швајцарија. Србија го товари дека од 1995 до 1998 година со шверц со цигари ја оштетил државата за 40 милиони евра. Кнежевиќ рече дека тој управувал со работата, а тоа му го овозможиле Јовица Станишиќ, кој е сега во притвор во Хаг, и Мило Ѓукановиќ.Кнежевиќ пред неколку дена на хрватски-те и српските обвинители им соопшти дека сопственикот и уредник на “Национал” Иво Пуканиќ бил убиен поради пишување за “тутунската мафија”.

“Главните луѓе, кој во деведесеттите годи-ни го организираа шверцот на цигари преку Црна Гора го нарачаа убиството, до-дека Јоца Амстердам и уапсената екипа за пари го следела, организирала и на 23 октомври минатата година го усмртила Пуканиќ”, им раскажал на обвинителите Кнежевиќ, кој во два дена скоро девет часа во зградата на УСКОК изнесувал информации и сознанија за убиството на Пуканиќ како и за важните луѓе кои ја ор-ганизирале балканската мрежа на шверц на цигари.Неговото сослушување е организирано по серијата интервјуа кои ги даде минатото лето. Првото интервју, по пет години мол-

чење, им го даде на “Вијести”, а подоцна се согласи за “тутунската мафија” и сери-јата неразјаснети убиства да зборува и за други весници во Србија, Хрватска.Кнежевиќ во интервјуто за “Вијести”, а по-тоа и во изјавите за другите медиуми ги обвини црногорскиот премиер Мило Ѓука-новиќ, Станко Суботиќ и бившиот шеф на СДБ на Србија Јовица Станишиќ дека ја предводеле криминалната организација која се занимавала со шверц на цигари и организирала убиства.Тој изнесе конкретни обвиненија за пое-дини нерасветлени убиства, изнесувајќи ги и имињата на непосредните убијци. Кнежевиќ соопшти кој и поради што го ликвидирал Благота Баја Секулиќ, Вања Бокан, Дарко Бели Распоповиќ и Горан Жу-гиќ, како и Радован Стојичиќ Баџа, Јусуф Булиќ, Иво Пуканиќ и Душко Јовановиќ.

Обвинение наскоро?Одговорот на прашањата зошто, по чиј налог и со кој мотив пред една година во центарот на Загреб е ликвидиран соп- ственикот и уредник на “Национал” Иво Пуканиќ, а со него и Нико Франиќ, би мо-жел да се најде во обвинението на УСКОК против браќата Роберт и Лука Матаниќ, Амир Мафалани, Слободан Ѓуровиќ како и Жељко Миловановиќ и Бојан Гудуриќ, кое би требало да биде подигнато во те-кот на неделава, кога на обвинетите им истекнува притворот во Загреб.Истрагата, која траела една година, освен споменатите, ги опфаќа и Сретен Јоциќ, наречен Јоца Амстердам, кој се товари

дека ја нарачал и со 1,5 милиони евра ја платил ликвидацијата на Пуканиќ, како и Миленко Кузмановиќ, кој со браќата Ма-таниќ и Ѓуровиќ беше уапсен кон крајот на октомври минатата година.Против Јоциќ и Кузмановиќ истрагата се води во Белград, додека имињата на останатите осомничени на истражното барање на хрватскиот УСКОК. Гудуриќ е сеуште во бегство, за информација за не-говото движење е распишана награда од 100.000 куни, но и покрај сето тоа, тој се-уште успешно го избегнува апсењето.Берислав Јелиниќ, новинарот на “Нацио-нал”, смета дека е малку прерано да се заклучува дали Пуканиќ погинал поради пишувањето за тутунската мафија. Задо-волен е со работата на српското и хрват- ското обвинителство. Мисли дека обви- нението ќе биде подигнато за неколку дена бидејќи притворот на осомничените за убиството истекува на 29 октомври.

Извор: “РТС”

Авганистан: Опиумот убива повеќе луѓе на

Западот отколку војна

Големи количини опиум произведен во Авга-нистан убиваат повеќе луѓе во западните земји отколку војната кога НАТО ја води во таа земја, истакна Уредот на ОН за потис-нување на дрогата и криминалот (UNODC), повикувајќи на решителна борба против тоа зло

Таа земја која произведува 92% од опиум во светот, чија вредност на пазарот се проценува на 65 милијарди долари, со тие пари ги финансира бунтовниците и криминалните групи, особено во средна Азија, во Русија и на Балканот, според из-вештајот објавен во Виена.Опиумот кој зема 15 милиони зависници, однесува стотина илјади животи за една година и придонесува за ширењето на сидата, истакнува UNODC.Помалку од 2% од тој опиум и хероин ги запленуваат властите пред да го напуштат Авганистан, а 40% од хероинот се швер-цува преки границата во Пакистан, 30% во Иран и околу 25% во средна Азија.

“Запленувањето на авганистанскиот опи-ум на местото на производство би бил поуспешното и поевтиното од заплену-вањето на местото на консумирање”, ис-такнува главниот директор на таа агенција на ОН Антонио Мариа Коста, повикувајќи ја меѓународната заедница порешително да делува на терен.“Директната вмешаност на талибанците во шверцувањето на опиумот им овоз- можува да ја финансираат сè пософисти-цираната и поголема воена машинерија”, предупредува Коста, потсетувајќи дека фундаменталистите повеќе не зазираат од соработка со криминални организации.Како што наведува UNODC талибанците на таа трговија денес заработуваат 160 милиони долари.На Балканот кој е важна рута за транзит на опиумот на запад од Европа, каде се кон-сумираат 88 тони хероин за една година, се запленува само 2% од пратките, што е ист удел како и во самиот Авганистан, до-дава UNODC.

Извор: “Монитор”, Загреб

Иво Пуканиќ

Сретен Јоциќ

Ратко Кнежевиќ

Page 24: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

24 Nadvor od zakonot

Хунта со начела на мафија

Воената хунта во Мианмар е посебна при-казна. Тука не владее еден човек, туку воена корпорација која идеолошки прво беше про-социјалистичка, а денес спроведува либе-рализација на општествениот систем

Во лифт девојка и момче под впечаток на концертот на групата U2 ги коментираат деталите на тој, за нив, веројатно најго-лем спектакл во животот. Не знаат која е таа политичарка за која пее Bono Vox, а и земјата ѝ има некое чудно име. Не одолевајќи им велам: “Се вика Aung San Suu Kyi и постојано е во куќен притвор во Бурма која суровата воена диктатура ја нарече Мианмар”. Прашуваат: “Зошто ја држат во притвор”. “Затоа што тогаш во-ената хунта не би била на власт која ја приграби уште 1988-та”.

Секогаш се вознемирувам кога ќе поми-слам на судбината на таа жена која не смее подалеку од својот куќен праг да направи ни чекор да ја собере својата мачка која ѝ прави друштво во заробеничките денови. Репресивните органи веднаш реагираат. Дваесетина полицајци и војници во три смени го опколуваат нејзиниот дом веќе полни 14 години и тоа го прават мошне темелно. Во надзираната куќа не смее не-забележано да слета ни обично врапче, а камоли некој како оној американски вете-ран од Виетнам (извесниот John William Yettaw) кој преплива цело езеро за да ја предупреди најславната заробеничка на светот дека “хунтата всушност сака да ја убие”. И ја стави, нормално, во нови неволји. Тој за тој свој подвиг доби се-дум години робија со присилна работа (садење на ориз, чистење на грашок, ко-пање канали и сечење дрвја), а Aung San Suu Kyi во куќна изолација ќе остане сè до 2011 година. Со тоа воената хунта го оневозможи својот најопасен политички конкурент на изборите идната година и веројатно му е силно благодарна на оној Американец (од каде ли тој само се створи?!) кој веќе долго е на антидепре-сиви.А Suu Kyi не е било кој. Таа е ќерка на леген-дарниот генерал Aung San кој од 1942 до 1945 година за време на јапонската окупација на Бурма го предводеше осло- бодителниот покрет (убиен е во атентат 1947 година). Образувана е и политички надарена. Кога повремено педесетина државни хулигани во воени и полициски униформи ќе упаднат во нејзиниот дом

поради ненадеен претрес на сите про-стории кои Suu Kyi ги користи, таа таквото насилство го поднесува со будистичка смиреност. А потоа со недели трпеливо ја средува куќата и своите работи кои како да ги расфрлал некој помал тајфун.

Воената хунта во секоја таква пригода освен покуќнината уништува и книги и лични списи. Физички не ја малтретираат, но психолошкиот притисок го засилуваат секојпат кога меѓународната јавност на-ново ќе почне да се занимава со нејзиниот случај. Воената хунта во Мианмар е по-себна приказна. Тука не владее еден човек, туку воена корпорација која идео-лошки прво беше просоцијалистичка, а денес спроведува либерализација на општествениот систем. Хунтата особено внимава нејзините офицери да живеат добро. Сите го делат пленот (хуманитар-ната помош, продажбата на дрога, швер-цувањето на зачини и скапоцени дрва), но и одговорноста ако мора да се направи некое злосторство. На тој начин никој не може да го напушти синџирот на крадење, а за тоа да не снесува последици (правила како кај мафијата).

Но, што е со хуманитарните воени интер-венции? Зошто Западот не помогне или создаде вистинска герила меѓу самите Бурманци (а не само кај малцинските Карени, Шани и слично)? Затоа што Ми-анмар е огромна земја (поголема од Франција и Бенелукс) со 48 милиони жи-тели кои, ако се преземе надворешна интервенција, би било тешко да се над-зираат. А за домашната герила хунтата има одговор - на постојана плата ги држи професионалната и лојална војска и по-лиција од половина милион припадници. Воениот режим во тие цели троши годиш-но седум милијарди долари, односно тре-тина од бруто националниот приход.

Извор: “Вјесник”, Загреб, автор: Фран Вишнар

Пронајдени “топничките дневници”

Во текот на претресот на стан на пензио-ниран хрватски офицер пронајдени се три кутии со разновидни документи кои се во врска со воените операции “Бљесак”, “Олуја”, “Маестрал”. Меѓу документите се, како се сомнева, и ткн. артилериски дневници кои од Хрватска ги бара Хашкиот трибунал

Хрватската полиција во куќата на офице-рот во пензија Емил Црнчец, уапсен под обвинение за злосторства над српски вој-ници, пронашла разновидни воени доку- менти, а, како што пренесува хрватскиот печат, се верува дека меѓу нив се и “арти-лериските дневници” кои ги бара Хаг.

Хрватската артилерија во текот на “Олуја”

“Јутањи лист” објави дека полицијата, во текот на претресот, пронашла три кутии документи врзани за операциите “Бље-сак”, “Олуја” и “Маестрал”.“Иако тоа никој ни неслужбено не сака да го потврди, се сомнева дека меѓу до-кументите се наоѓаат и ткн. топнички дневници, кои од Хрватска ги бара Хаш-киот трибунал”, наведува хратскиот днев- ник, забележувајќи дека, во секој случај, станува збор за документи кои не би смее-ле да бидат во посед на бивш офицер.Хашкото обвинителство ги бара “арти-лериските дневници” кои недостасуваат, документи за делување на хрватската артилерија по цели во Книн во текот на ак-цијата “Олуја” 1995-тата година, за да ја докаже тезата дека Книн бил прекумерно и неселективно гранатиран.“Дневниците” станаа главната препрека на хрватското приближување кон ЕУ.Пензионираниот бригадир Црнчец е уап-сен заедно со уште шест припадници на Седмата гардиска бригада на Хрватската војска (“Пума”) поради сомнение дека на 9 септември 1995 година во селото Мли-ништа, кај Гламоч, во текот на воената опе-рација сториле злосторство над заробени српски војници.Меѓу уапсените се и две активни воени ли- ца, додека Црнчец отишол во пензија де-сетина дена порано од место заменик на-чалник на Управата за оперативни работи.Неговото пензионирање било за повеќето неочекувано, но како што наведува “Јутар- њи лист”, на Црнчец надредените му со-ветувале да направи таков чекор за да не биде приведен како активно лице, што би им нанело штета на хрватските воору-жени сили.Црнчец во војската уживал глас на квали-тетен офицер и бил редовно пофалуван и одликуван. Пред една година претседате-лот на Хрватска Стјепан Месиќ го пофалил за натпросечни резултати во извршување-то на задачите, а пред две години е одли-куван со орденот Бан Јелачиќ.

Извор: “РТС”, “Б92”, “Дневник.хр”, автор: З. Димитријевиќ

Page 25: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Nauka i novi tehnologii 25чекори) ќе се обиде да ве натера повеќе да ги користите сопствените нозе отколку автомобилот и ќе ви пресмета колку со тој потфат сте ја намалиле емисијата на CO2 во атмосферата.Од “овоземјените опции” овој мобилен се фали со 3 инчен капацитивен екран чувствителен на допир со резолуција од 240х400 пиксели, тука е и Wi-Fi, GPS и ка-мера од 3 мегапиксели, но малку е преде-бел за денешните стандарди, веројатно поради соларните ќелии.Кој знае, можеби некое од оние шишиња кои сте ги вратиле во продавница и за него сте добиле 50 липи ќе стане дел од вашиот нов мобилен телефон, само се надеваме дека нема да заборават да сим-нат етикетата...

Извор: “Мобители”, Хрватска

Panasonic GF1

Mikro Four Thirds системот добива нов претставник, благодарение на Panasonic. GF1 е најмалиот модел во понудата, кори-сти кокетирање со ретро изгледот како и E-P1 на Olympus, но во користењето по-веќе наликува на чувството на компакт от-колку на DSLR. Главните карактеристики кои се наведуваат за GF1 велат “најмал и најлесен апарат со изменливи објективи и

модерен, рамен дизајн”. Под тој дизајн се крие 12,1 мегапиксели и Live MOS сензор кој светот го гледа низ prime објектив со еквивалентна фокусна длабочина од 40 mm со максимален отвор f/1,7. Со оглед на големиот отвор на објективот игрите со длабинската острина можат да започ-нат, особено ако се земе во предвид дека уредот може да снима и видео запис во резолуција од 720p во AVCHD Lite. Можно е да се снима и во Motion JPEG (1280х720) но Panasonic веднаш на стартот најавува дека поради градбата на погонот на објективот многу веројатно е дека на

Дигитална фото рамка и пишувач во еден уред

Дигиталните фото рамки се симпатична работа, но секогаш некој член на семејство-то ќе мрмори дека е многу поубаво да се има фотографија во раката. Новиот gadget на Sony дефинитивно го решава овој проблем

Уредот на Sony кој го гледате на сликата се вика S-Frame DPP-F700 и не сме баш најсигурни дали станува збор за пишувач со вградена дигитална фото рамка или обратно.Тоа и не е особено важно, бидејќи овој уред солидно ги одработува двете функ-ции, сликите можете да ги гледате на вградениот екран со дијагонала од 7 ин- чи (800х480 пиксели), а да ги испишете можете во формат 4х6 инчи, во резолуци- ја 300х300 dpi, со брзина од 45 секунди. Најважната одлика на овој уред е едно-ставноста: еднаш кога ќе го наполните со фотографии, тие ќе се сменуваат на ек-ранот; кога ќе посакате една да испишете на хартија, едноставно го притискате коп-чето Screen Capture, и ја имате сликата во раце.Уредот има 1 GB за складирање, што може да се прошири со USB flash меморија или пак со мемориски картички, а можете да испишувате и фотографии од вашиот компјутер. Поддржани се форматите на фотографии JPEG, TIFF и BMP, цената е 200 долари.

Извор: “Т-портал”, автор: Станислав Шредл

Мобилен од рециклирани шишиња

Новиот еко-мобилен на Samsung набргу ќе почне да се продава во Европа, а името му е Samsung S7550 Blue Earth. Куќиштето на S7550 наводно е направено до рециклирани пластични шишиња, а од задната страна му се наоѓа соларен панел кој служи за полне-ње на батеријата без спојување на штекер

Samsung S7550 Blue Earth не само што доаѓа во пакување од рециклирана хартија, туку со помош на педометар (бројач на

Дваесет мегапиксели на мобилен

Texas Instruments најави дека наскоро ќе почне да произведува процесори кои на мобилните телефони ќе им овозможат функционалност на “вистински” камкор-дери и фотоапарати.

Ко-процесорот под назив OMAP-DM515 и OMAP-DM525 наводно ќе го “подигне нивото на видео перформансите и мул-тимедијалните можности на мобилните телефони. Тоа би требало да значи дека можеби ќе го достигнеме и квалитетот на сликите на DSLR”. Ова тврдење делува при-лично претенциозно со оглед дека сите знаеме дека оптичкиот дел од камерата на мобилниот телефон е прилично скастрен во однос на вистинските фотоапарати.Овде не се работи само за неподвижни слики, туку новиот процесот ќе овозможи видео да се снима во 720p HD резолуција, а покрај тоа ќе можат да се избираат ви-дови сцени, следење на лик и слично. Воедно ќе ја поддржува и TV-out функ-ционалноста.

Најсилните камери за сега ги нудат Sony Ericsson Satio i Samsung Pixon 12, а кај обата станува збор за камери со резолуција од 12 мегапиксели, а тоа е нешто што OMAP-DM515 процесорот без проблем може да го “проголта”. Ќе биде интересно да се види како тој мобилен уредна пазарот ќе дојде со вграден OMAP-DM525 и неговите 20-мегапикселски можности. Кога уште во неговото мало куќиште би можел некако да се набута објектив со оптички зум, ка-де би ни бил крајот.За сите оние кои ќе сакаат да проверат како во стварноста се однесуваат квалитетите

на фотографиите помеѓу мобилниот со ка-мера од 5 мегапиксели и DSLR и компакт- ниот фотоапарат со иста резолуција, би можеле тоа да го проверат во деталниот тест кој е објавен во најновиот, 53-ти број на Дигитал Фото Магазинот.

Извор: “Мобители”, Хрватска

Page 26: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

26 Nauka i novi tehnologiiHD записот ќе бидат чујни звуците на автофокусот. Новиот апарат наследува не-кои од можностите на постариот брат G1, како што се Custom или Film поставките, но новост е поставката My Color. Peripheral Defocus поставката е над сè интересен додаток, ја избирате точката која сакате да биде остра додека GF1 ќе го омекне фокусот околу неа. Достапен ќе биде во црвена, бела, црна и сребрена боја.

Извор: “Фото”, Загреб

Sony A500 и А550

Не долго по објавата за замена на А200, А300 и А350 Sony на пазарот исфрла два нови модели, А500 и А550. Обата уреди доаѓаат со нов Exmor CMOS сензор опре-мен со систем за редукција на шумот кој потекло влече од полно-кадарската А900 и брзиот BIONZ за обработка на сликата. Редукцијата на шумот по најави-те го овозможува подигнувањето на ISO осетливоста до 12800. Најавен е и да- леку побрз и попрецизен автофокус си-стем при користењето на Live View по-ставката, која овозможува снимање до 4 слики во секунда. При користењето на оптичкиот пребарувач можено е да се остварат 5 слики во секунда, па дури и 7 слики во секунда користејќи ја постав-ката Speed Priority на моделот А550 (при што поставките на фокусот и мерењата остануваат оние од првиот кадар). Но-воста која Sony ја воведува во светот на SLR добро е позната од неговите компакт- ни модели, Smile Shutter! Од сега и на својот Sony SLR ќе можете да имате фото-графии на опуштени, насмеани луѓе. Ната- мошните унапредувања се кријат под називот Manual Focus Check Live View, а овозможуваат преглед на фотографиите директно од сензорот. Разликите помеѓу уредите, освен во сензорите се и во квали-тетот на LCD екранот. А500 има 12,3 МP сензор и 3 инчен LCD додека во А550 се крие 14,2 MP сензор а 3 инчниот екран се гордее со 921.000 пиксели. Обата екрана се накосени и имаат сензори за амбиентално осветлување како и прилагодување на светлината на околината. Тука и моментно

популарната можност, HDR снимање, со тоа што фотографиите се спојуваат во една без потреба од компјутер. D-Range оптимизаторот е тука, како и стабилиза-ција на сликата, додека уште една од ново- стите е Smart Teleconvertor копчето кое овозможува избор помеѓу 1.4х и 2х зголе-мување.

Извор: “Фото”, Загреб

Page 27: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Kultura i obrazovanie 27

Албум на неделата: Bob Dylan - “Christmas in

the Heart”

Таму каде што се среќаваат Bing Crosby и Frank Sinatra, топлата, носталгична музика не е ироничен коментар на минатото, ту- ку споменик на истата таа провеана ис-торија која можеби може да биде клуч за се- гашноста. Помеѓу полката и фолкот, Dylan снимил албум кој делува како правлива раз-гледница која долго не сте ја ваделе од фи-ока

Некој пред неколку години да помислел дека Bob Dylan, кому му требаа пет години за снимање на албумот “Modern Times”, објавен 2006 година, во трите последни сезони ќе објави три студиски албуми, ве-ројатно би го прогласиле за лош пророк. Но, непосредно по “Modern Times” и “To- gether Through Life” во продавниците стиг-на и албумот со божиќни песни, со што “светиот Боб” повторно се враќа во своите “пророчки” денови и години. Секако, не така жестоко како кога беше фолк-меси- ја или “лудиот” електрифициран рокер на средината на шеесеттите, а ниту како гор- лив христијанин од крајот на седумде- сеттите кога го “откри” Исус и сними два радикално верски интонирани албуми “Slow Train Coming” и “Saved”. Ако 1979 и 1980 година одржуваше страни “митин- зи” наместо концерти, свирејќи религиски интониран материјал, и ги разбранува страстите на фановите, денешните покло-ници без многу мака ќе ја прифатат не- говата колекција на обработки на божиќ-ните стандарди, нежно и романтично наречена “Christmas in the Heart”.

Дел од продажбата на албумот на американскиот пазар Dylan ќе ѝ донира на организацијата Feeding America, со што ќе осигури четири милиони празнични оброци за повеќе од 1,4 милиони луѓе. Ваквата порака оди рака под рака со ми-рољубивата атмосфера на Божиќ, но за

Dylan, потекнат со еврејско семејство, средбите со христијанските топоними во музиката никогаш не биле еднозначни, а камоли единствени. Ако веќе освоил многу награди и признанија, од Оскар до Златен глобус и Пулицерова награда, Обама му го “украде” Нобел за мир, иако наназад четириесетина години тешко е да се замисли подобар кандидат од Dylan. Иако го одмина таа награда, хуманизмот на Dylan останува несомнен и токму тој е средиштето на приказната на албумот “Christmas in the Heart” кој низ наоко ед-ноставниот избор на божиќни напеви, како “Here Comes Santa Claus”, “Winter Wonderland”, “Have Yourself a Merry Little Christmas”, “Little Drummer Boy” и други- те, испраќа надалеку поширока порака на меѓучовечка коегзистенција и услове-ност. За разлика од поранешните споме-нати средби со верската тематика, “Christ- mas in the Heart” ја карактеризира пот-полно отсуство на дневнополитичка ре-лигиозност во било кој облик. Нетипичен каков што е, албумот е сепак сличен со албумот на Springsteen “The Seeger Sessi-on” од 2006 година, кој на сличен начин го тематизираше односот на минатото и сегашното време, само во нешто поан- гажиран, политички тон. Кај Dylan идео-логијата е намерно зад музиката, а ин-спирацијата со блузот, џезот и свингот од четириесеттите врска со неговите неодам-

нешни авторски албуми. Општо земено, хуморот и чувството дека наназад неколку години му полесно да живее самиот со себе и со минатото кое го носи на плеќи, преовладуваат, како и впечатокот на позитивизам. Сугестивните вокали на Dylan го надминуваат и она отсвиреното - не е тајна дека е тој врвен познавач на американската кајданка и песнарка на 20-тиот век. Кога таквиот професор ќе се срет-не со традиционалното, добиваме врвна изведувачка колекција и лектира, на што не е имун ни “Christmas in the Heart”. Та-му каде што се среќаваат Bing Crosby и Frank Sinatra, топлата, носталгична музика не е ироничен коментар на минатото, туку споменик на истата таа провеана историја која можеби може да биде клуч за сегашноста. Помеѓу полката и фолкот, Dylan снимил албум кој делува како правлива разгледница која долго не сте ја ваделе од фиока. Изненадувањето во средбата со минатите времиња еднакво е и на “Christmas in the Heart”.

Извор: “Vjesnik on line”, автор: Хрвоје Хорват

Белградски саем на книга

Книгите ѝ пркосат на кризата

Капата долу на сите кои се занимаваат со книги, на издавачите најмногу - е првиот впечаток кој се наметнува. Длабоката економска криза не успеала посериозно да ги стресе “произведувачите” и “прода-вачите” на литературата. Да се објави доб-ра и атрактивна книга одамна станало ра-бота не само на профит, професионален предизвик и престиж, туку и прашање на чест.Многу издавачки куќи токму на Саемот премиерно изложиле некои од најатрак-тивните наслови. На сите понудени книги даваат попуст од 30 до 40%. Така “Лагуна” љубителите на епската фантастика, кои ги има сè повеќе, ги израдувала со нови-от роман на мајсторот на овој жанр Ден Симонс, “Друд”, а поклониците на неодо-

ливата “купохоличарка” Софи Кинсела со нејзината осма книга “Девојка од двае- сеттите”. На штандот на оваа куќа уште

е топол од печатењето и романот за Ре-ноар и неговите модели “Излет” на Су- зан Вриланд, како и книгата есеи “Поре-метеност на светот” на Амин Малуф, во ко-ја овој автор под критичка лупа ги става и

Page 28: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

28 Kultura i obrazovanie

западната цивилизација и арапскиот свет.Полемички интонираните дневници кои Борислав Пекиќ ги водеше кон крајот на 1982 и 1983 година, кои останаа во ау-дио-запис по неговата смрт, објавени се во книгата “Живот на мраз” во издание на Заводот за учебници. Оваа куќа го из- ложила и првото српско издание на комплетната “Книга за џунглата” на еден од најголемите писатели од англо-саксонскиот свет Радјард Киплинг, рома-нескната трилогија на Александар Петров која ги опфаќа романите “Како злато во оган”, “Турски беџ” и “Лавја пештера”, и

романот “Синѓелиќ со сонцето се смири” на Милован Витезовиќ.Вистинска мамка подготви и “Службениот гласник” со три свитоци - фототипски изда-нија: “Прв српски буквар” на монахот Сава од 1597 година, “Слово за слободата” на Божидар Грујовиќ и “Новине сербске” (првиот број од 13 август 1813 година). На Саемот се појавува и необичната и уникатна книга на Слободан Шијан “Филм-ски леток”, која авторот ја дефинира како некој вид “фанзина или направи сам гла-

сило”.Новиот роман на Мирјана Бобиќ-Мојсило-виќ “Глад”, за тема ја има приказната за

гладот за пари, престиж и секс. Книгата ја објавила “Чигоја”, од чија продукција се издвојуваат и романот за Барселона “Град на чудесата” на Едуардо Мендоса, дело за творецот на Мексико, “Ернан Кортес” на Хуан Мираљес и романот “Мементо” на Александра Дробњак кој издавачот го

најавува како убаво изненадување во со-времената српска книжевност.На штандот на “Паидеи” се појавуваат и два романа на Елфрида Елинек, австриска нобеловка - “Изгнаници” и “Љубовници”.

Оваа писателка ја следат многу контро-верзии. Особено е оспорувана поради си-ровото прикажување на сексуалноста и садомазохизмот, на што таа одговараше дека е “жена со контејнер во литерату-рата”, односно дека пишува за она од што сите други го свртуваат погледот. Исто така, во издание на оваа куќа, излегува и “Аустерлик” роман на В. Г. Зебалд, ремек-дело во кое се преплетуваат фикцијата, патописот и класичниот начин на раска-жување, со користење на црно-бели фо-тографии.

Најголем хит - ТитоМеѓу посетителите на Саемот владее го- лем интерес за шарената понуда на штандот на Компанијата “Новости”, каде може да се пронајде по нешто за при-падниците на сите генерации. Најба-рано беше дополнетото издание на пуб- лицистичката книга на Пера Симиќ “Тито - тајна на векот”, како и “Титовиот днев-

ник” чиј приредувач е Симиќ. Само до вторникот на штандот на нашата компа- нија беа продадени повеќе од илјади кни-ги, а освен за оние посветени на дожи-вотниот претседател на СФРЈ читателите беа мошне заинтересирани за насловите објавени во едицијата “Детски класици”.Слободан Павловиќ на сите купувачи на штандот на “Новости” им потпишуваше примероци на својата книга “Обама” об-јавена во издание на “Новости”. (М. Н. М.)

Херта Милер во “Лагуна”Директорот на издавачката куќа “Лагуна” Дејан Папиќ ексклузивно за “Новости” от-крива дека оваа куќа потпишала договор за четири книги на новата нобеловка Хер-та Милер, кои во соработка со “Златен змеј” ќе бидат објавени во рок од три го-дини.Книгите, кои ќе ги преведе Небојша Бариќ, ќе се објавуваат со следниов редослед: “Нишалка на душата”, “Животно на срце-то”, “Човекот е голем фазан” и “Лисицата уште тогаш беше ловец”.“Лагуна” најави и објавување на собрани дела од Данило Киш во 15 книги.

Липска говореше поезијаИзборот поезија на Ева Липска, една од најпознатите полски поетеси, добитничка на Златниот клуч на градот Смедерево,

под назив “Внимание: скалило”, објавен е во едицијата “Златен клуч на Смедерево”. Преведувачот Бисерка Рајчиќ говореше за оваа поетска збирка во двојазично изда-ние, додека песни кажуваат авторката, гостинка на смедеревскиот издавач и ак-терот Иван Јагодиќ. (М. Н. М.)

Page 29: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Kultura i obrazovanie 29Животот е бљакДефилето на современи грчки писатели на штандот на земјата почесен гостин, почна со претставувањето на младата авторка Хара Јанакопулу и нејзиниот роман под име “Бљак” (издавач “Креативен центар”).Насловот на грчки звучи поинаку но го претставува истото чувство за животот на главната хероина, седумнаесетгодишната Ева. Штотуку завршила средно училиште и треба да реши што понатаму во животот. Секако, хероината и покрај сè сериозно се вљубува - вели Хара.Секако, овој имагинативен и духовит ро- ман отсликува, според зборовите на ав-торката, и како младите луѓе во Атина денес се однесуваат кон крупните свет-ски проблеми кои влијаат на нивните животи, како што е војната во Ирак. Гостинката на Саемот прв пат е во Белград и воодушевена е од атмосферата.

Величествено е! Запознавам прекрасни луѓе и главен впечаток му е дека сите се смеат - вели Хара Јанакопулу. (Б. Ѓ.)

Колумбиска трилогијаПознатиот британски писател Луј де Бер- нијер, автор на познатиот роман “Мандо-лината на капетан Корели”, според кој е

снимен филм, на Саемот го претстави но-виот роман на српски под наслов “Војната на долниот свет на дон Емануел” (издавач “Плато букс”).Станува збор за неговата прва книга кога ја објавил 1990 година и прва од неговата “колумбиска трилогија” во која го отвора чудесниот маркесовски свет полн со паро-дија, гротеска и хумор.- Го пишував овој роман под големо влија-ние на латиноамериканските писатели и магискиот реализам. Во тоа време никој друг не читав. Ја пишував книгата, всуш-ност, како да сум Латиноамериканец - вели авторот. Де Бернијер пред пишува-њето на оваа книга една година поминал на една колумбиска хациенда, што му

помогнало при формирањето на ликови-те. Политичките и историските пасажи кои ги донесува во книгата ги компилирал од цела Јужна Америка.

За популарноста на латиноамериканската проза во Европа, Де Бернијер вели:- Магискиот реализам е начин писателот да се ослободи во пишувањето на при-казните, претставува храброст да се пишу-ва на поетски начин. Англосаксонските писатели не пишуваат така. Книгите на магискиот реализам секогаш имале и политички контекст, како на пример кај Маркес. Очигледно е дека латиноаме-риканските писатели го сакаат јазикот, дека имаат скоро сензуална љубов кон јазикот и се надевам дека тој стил засеко-гаш ќе остане со мене - вели Де Бернијер.Британскиот писател додава дека е изне-наден со големиот број на издавачи во Србија и вели:

- Вака беше и во Британија пред 30 го-дини, пред корпорациите да ги купат из-давачките куќи. Во оваа разновидност треба да се ужива додека постои - вели нашиот соговорник. (Б. Ѓ.)

Редици за “Вода”Како што и можеше да се очекува, нови-от роман на Љиљана Хабјановиќ-Ѓуровиќ “Вода од каменот” предизвика големо

внимание кај посетителите на Саемот. Само што се отворија саемските капии, читателите формираа редици на штандот на “Глобо Александрија”, чекајќи автор-ката да им ги потпише примероците.Во претплата и за само два саемски дена продаден е првиот тираж од 3.000 при- мероци и веќе за неколку дена ќе се по-

јави и второто издание.

Пофалби и жалбиНа собирот на претставници на десетина издавачки куќи, во организација на Сојузот на издавачи на Србија, пофалена е новата концепција на Саемот, но укажано е дека проблемите на книгата и издаваштвото се сè посериозни и без изглед во поскоро време да се решат.Предложено е организацијата на саемот во целост да ја преземе Министерството за култура на Србија. Како што е наведено, оваа година заработката од Саемот на книги ќе биде околу милион евра. Ако половината од тие пари ја добие Министер-ството, таа сума би можела да се вложи во капитални проекти и во книгата воопшто. Побарано е најпосле да се воведе ред во продажбата на книги, преку фискални сметки, а нашата книга во светот да се претстави на многу посериозен начин отколку што е тоа правено на минатиот саем на книги во Франкфурт. Уште еднаш се слушнаа замерките на распределбата на просторот на саемот и речено е дека дури 30 издавачи се жалеле, а само два се удостоени со одговор.Истакнувајќи дека Министерството за кул-тура направило одредени напори да ѝ се помогне на книгата и на издавачите, но де-ка кастрењето на буџетот оневозможило многу планирани акции, министерот за култура Небојша Брадиќ рече: - Следната и 2011 година ќе бидат промовирани како години на книгата. Промоцијата на наше-то книжевно творештво е многу важна за нашата култура, како што е важно и пре-ку преведените книги, светот да биде присутен во Србија.Усвоен е закон за култура, на основа на кој ќе биде изработен и закон за издаваштво, како и други прописи врзани за книгата.

Книгите поврзуваатНаградата “Доситеј Обрадовиќ” која секо-ја година му се доделува на странски из-давач со континуиран придонес во обја-вувањето и промоцијата на српската книжевност врачена му е на унгарскиот издавач “Јеленкор” од Печуј.Наградата пред оваа куќа ја прими Га-бор Чордаш, кој, според зборовите на Радослав Петковиќ, како издавач се определил за смел потфат - да издава книги во чија вредност тој самиот верува, односно книги од книжевноста која, вон своите граници, а често и во своите граници, помалку се читаат.

Извор: “Новости”, Белград

Page 30: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

30 @ivot, moda, estrada

Fergie потпишала за Авон

Славната пејачка потпишала повеќегоди-шен договор со познатата козметичка куќа за рекламирање на новиот мирис кој ќе се појави во продажба во август следната го-дина

Avon Products Inc. и Stacy Ferguson, пејачка-та на групата Black Eyed Peas, позната како Fergie, потпишаа повеќегодишен договор со кој Fergie станува заштитно лице на новиот мирис кои Авон ќе го исфрли на пазарот во Европа во август следната го-дина и во САД во ноември 2010-тата.Така Fergie ќе им се приклучи на своите колешки кои веќе ги бранат боите на Авон, Reese Witherspoon, Courtney Cox и Salma Hayek. “Ми се допаѓаат жените кои Авон ги под-држува. Секоја е своја на поинаков начин, но сите се прекрасни, силни жени. Затоа ми е и мене важно да бидам меѓу нив”, изјави задоволно Fergie.

Извор: “Тпортал”, Загреб

Gwen Stefani изгледа 20 години помлада

Gwen Stefani пречесто носи спортска секси облека па луѓето заборавиле дека во неа се крие децентна дама создадени за црвениот тепих. А и нејзините четириесетти, ако е да се суди според појавувањето на забавата во Њујорк, ѝ стојат перфектно

Gwen Stefani изгледа толку младешки во својата 40-та што многумина кои не го знаат нејзиниот датум на раѓање сигурно би ѝ дале и 20 години помалку. На гламу-розната вечера - прославата на 26-тата Ноќ на ѕвездите во Њујорк го украде сето внимание во децентно издание.Отфрлајќи го црвениот кармин без кој ретко ја гледаме и нафрлајќи го на себе оној едвај забележлив во боја на пудра, пејачката изгледаше префинето и младе-шки.

Во грациозен црн фустан со улар-јака, стегната во појасот со кожен ремен, и со црни хулахопки и платформа-штикли, беше појава за восхит. Нејзината златна, само малку разбушавена коса само го зго-леми сексапилниот изглед на славната дама во четириесеттите.

Извор: “Тпортал”, Загреб

Во мода е брада каква што жените мразат

Бред Пит долго го негуваше имиџот на момченце-фраер, но од неодамна во јав-носта сè почесто го гледаме со брада, на што жените често реагираат дека се “смачкал” и дека изгледа истрошено. Бра-дичка повремено пушта и Дејвид Бекам, а коментарите и во неговиот случај се поде-лени

Daily Mail Дејвид Бекам, кој со брада се по-јавил на прогласувањето на најдобриот фудбалер на натпреварот во кој Англија ја победи Белорусија, иронично го опишал: “Изгледаше повеќе како возач на трактор од белоруските степи отколку на од сонце потемнет rock ‘n’ roll фудбалер на каков сме навикнале”, пишува во британскиот весник.Но бидејќи госпоѓа Викторија Бекам е една од најекспонираните модно освестени жени, нема Бекам белки да заостанува: оттука е таа брада, последниот крик на

модата. Идејата Дејвид веројатно ја до-бил од својот добар пријател, популар-ниот дизајнер Марк Џејкобс, кој во по-следно време исто така го носи тој “моден додаток”.Вториот најразвикан фраер со брада е Бред Пит, вистинскиот предводник на трендовите кого копираат милиони ши-рум светот. Во текот на летото повеќе пати се појави на премиерите на својот нов филм “Немилосрдни гадови” со прилично зарасната брада. Анџелина веројатно не-ма ништо против, бидејќи се појавува за-едно со сопругот во такво издание.Интересно е дека во брада зараснато лице се подразбирало за постари господа кои пушат луле и читаат сериозна литература, а денес го промовираат богатите, атрак-тивни млади мажи кои ја диктираат мо-дата.Згодните машки модели исто така пуштаат брада, а прв беше Бил Џентл, потполно непознат пред модниот излет со брада на пистата. Оттогаш го викаат на неброени ревии, а магазините го посакуваат на на-словните страници.

Извор: “Тпортал”, Загреб

Жените се изјасниле ПРОТИВ брада

Сепак, работите не се така едноставни. Нео-дамнешното британско истражување, во кое учествувале 2.000 мажи и жени, на видело изнело неколку податоци кои баш и не им одат во прилог на брадите.Додека 63% од мажите смета дека брадата ги прави помашки и попривлечни, дури 92% од жените се изјасниле дека префе-рираат свежо избричени мажи. При тоа, 95% од припадничките на понежниот пол велат дека бакнувањето со мажи со долга брада им е одбојно!Исто така, 86% од жените изјавиле дека брадата воопшто не им е атрактивна.Станува збор за став на денешните жени, бидејќи ако се сетиме на осумдесеттите, брадичката тогаш беше ин. Се носеше бла-годарение на Џорџ Мајкл кој ја прослави на насловната страница на својот тогашен албум, а во деведесеттите со обликување на тенки линии по долниот дел на лицето си играа членовите на Backstreet Boys и New Kids On The Block.Останува да се види дали ќе опстане овој тренд на продолжена брада, а тоа со доаѓањето на постудените денови би можеле да ни го откријат и убавците по нашите улици.

Извор: “Тпортал”, Загреб

Page 31: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

@ivot, moda, estrada 31

Жената во зима по капутот се познава

Момент е за купување на добар зимски ка-пут: во него, секоја жена знае, треба да се вложи, бидејќи е тоа облека која треба да трае долга низа на месеци, често од ден во ден. Ви донесувам неколку информации за купување

Циганското лето длабоко зајде во есента и дури и најпопуларните синџири на про-давници, како H&M, воздивнуваа поради намалените заработки во септември. Ги исфрлиле имено зимските колекции, а ку-пувачите се шеткале во кратки ракави не грижејќи се за студените денови.Нè стиснаа пониски температури и дојде и последниот миг кога треба да се тргне во лов на интересен и квалитетен капут, еден до најважните зимски реквизити. Пред купувањето треба да се размисли за неколку работи: што најдобро ни при-лега, што е во тренд, од крој до боја и ма-теријал, ни треба ли капут за ден или за вечерни прилики и секако, капутот не е тука само за украс туку мора добро и да грее.Дури и кога знаете точно што барате, спремете се за маратонско пребарување, бидејќи е малку веројатно, дури и ако се сметате за крајно едноставна личност во тој поглед, дека во првиот дуќан ќе се вљубите на прв поглед. Немојте да попуш-тате и да правите компромиси, туку имај-те го на ум фактот дека капутот ќе ве обе-лежи за најмалку цела една сезона.

Miss Selfridge, Boden, MCQ, Marc Jacobs, Roberto Cavalli

Тргнете од трендовите: се носат капу-ти стегнати во рамениците, но и оние “преголемите” какви што гледавме во осумдесеттите. Дозволена е и качулка, која може да се вклопи и во најдамските класични капути. Актуелен е графичкиот принт, но и животинскиот. Од боите, осо-бено се пожелни сите земјени бои, од бо-јата на влакно на камила до најтемните нијанси... Војничките бои, но и кројот и копчињата како оние на униформите, ис-то така се пожелни. И капутите од лажно крзно оваа сезона ќе се најдат во безброј варијации.

Должина, облик и бојаОд сè најважно е да размислувате за три карактеристики кои прават капутот да “работи за вас”, а тоа се обликот, должина-та и бојата.Должина - ако често носите здолништа, ви треба капут кој е подолг од вашето најдолго здолниште, но секако не пове-ќе од пет сантиметри пократок од него (притоа очекуваме дека вашето најдолго здолниште не надминува четири санти-

метри под колената).Можете да носите и кратко капутче, но тоа мора да биде толку кратко да стане шпиц три-четвртини капутче.

Обликот е исто така битен: жените со ткн. крушовиден изглед на телото би требало да се решат за капут со А-крој, а жените со пропорционални облини да го носат оној стегнат во рамената. Високите и крупни жени добро ќе изгледаат во капут со крој како долгите вечерни фустани.И конечно, вистинската забава почнува со малку боја. Било која нијанса која ве пра-ви за восхит, или вие сте се пронашле баш во таа одредена боја, не грижете се за она што е во мода оваа сезона. Тоа е капутот за вас.

Извор: “Тпортал”, Загреб

Page 32: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

32 @ivot, moda, estrada

Привлечната Вики во топлес

Привлечната Vikki Blows не престанува да ја пали мечтата на мажите ширум светот, а во тоа сесрдно ѝ помагаат и бројните спи-санија и портали

Минатиот месец, огнената црнка со бу-ен граден кош се сликала во топлес за списанието Nuts. Врелите фотки имаше прилика да ги види и хрватската публика, но добра вест е дека останале уште фото-графии кои треба да се погледнат.Имено, бројните фотографии кои се на-правени во текот на тоа снимање не ги собрало во списанието, но затоа порта-лите немаат проблем со објавата на сите фотографии. Затоа бројни корисници сур-фери овие денови имаат прилика да ги видат сеуште необјавените фотографии на Vikki Blows од истото снимање.Заводливата Вики има полни раце работа па така неодамна снимила и фотографии за календар за 2010. Бидејќи на фотогра-фиите е гола, нема сомнение дека на соп-ствениците на календарот за 2010 ќе им биде возбудлива годината.

Извор: “Тпортал”, Загреб

Sharon Stone ја стигнуваат годините

Иако некогаш беше вистинска секс бомба на која ѝ се восхитуваа мажите и жените ширум светот, Шерон Стоун денес е само остарена ѕвезда. За разлика од многу свои холивудски колешки, Шерон очигледно не е подложна на разни операции, барем ако се суди според лицето кое е преполно со брчки и дамки

На добротворната забава на која се поја-вила пред неколку дена, ѕвездата на Си-ровите страсти изгледала потполно исцр-пено во што ѝ помогнал и мејкапот кој са-мо ги истакнал нејзините години.

Освен што остарела, облините на Шерон со кои се прослави, пот- полно исчезнале. Име- но, 51-годишната ак-терка провикана е од страна на многу мод-

ни критичари и медиуми кои тврдат дека е на работ на анорексија. На разните обвинувања и критики, Шерон не се ог-ласила, но во нивен инат снимила раз-голен едиторијал.

Извор: “24.сата.инфо”

Page 33: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Reporta`i 33

Чевли - опсесија или потреба

Многу книги се напишани за женската фас-цинираност со чевлите, но тајната нико-гаш сосема не е разоткриена

На листата на мистерии во машко - женски-те односи чевлите заземаат високо место. Мажите никогаш нема да ја разберат нежната врска која постои меѓу секој пар чевли и нивните сопственички, како ни тврдењето на жените дека никогаш не може да имаа премногу чевли.

Чевлите се еден од најстарите човекови пронајдоци, иако тоа на почетокот биле само невешти конструкции од трева, ко-жа или крзно, наменети за заштита на ста-палата од остри камења и студ.Обувките често се споменуваат и во Биб-лијата, а цртежи на чевли откриени се и на ѕидовите на египетските храмови и гробници на фараони. Меѓутоа, дури не-каде околу 1850-тата година почнува да се разликува десната и левата чевла, сè дотогаш повеќето чевлари правеле исти за обете нозе.

Изумот на првата чевла со пета му се припишува на Леонардо да Винчи. Обув-

ките со штикла биле прво хит меѓу при-падниците на посилниот пол на европската аристократија, што има сосема едноставно објаснување. Во тоа време јавањето било дел од секојдневниот живот, а малку по-високата пета обезбедувала стабилност на нозете во узенгиите. На тогашните мачо типови штиклите им служеле да останат во седлото. Бидејќи со јавање главно се занимавале богатите, бидејќи сиромашните за тоа време морале да работат, штиклите набргу станале стату-сен симбол, па од обувките за јавање на-бргу се пренесени и на секојдневните. Мажите кои во тоа време држеле до себе, се шетале на потпетици.Венчавката на Катарина Медичи и војво-дата од Орлеан 1533 година ги вовело штиклите и во женската мода. Имено, невестата за венчавката порачала пар чевлички со штикла од познатите мај-стори од Фиренца, кои во тоа време биле “закон”.

Кога кралската невеста го прошетала сво-јот пар, таквите чевли станале хит меѓу припадничките на европската аристокра-тија.

И така почнала помамата по штиклите... Следните 200 години од прилика, што повисок бил статусот на дамите во оп-штеството, повисока била и петата. А то-гаш Француската револуција, со бројни други, многу поважни достигнувања, го променила и односот кон штиклите. Одеднаш станало непристојно да се пока-же било каков знак на отменост: висината на потпетиците се намалила, а дамите повторни ѝ се приближиле на земјата.Кон крајот на 19-тиот век штиклите почна-

ле да се враќаат во мода и од тогаш се по-стојано присутни.

Низ историјата, обувките, особено жен-ските, добивале сè поголемо значење во модна, културна и феноменолошка смисла, а денес во 21-иот век, добиле и многу ласкава титула на најголем женски фетиш. Како што повеќето жени никогаш нема што да облече или никогаш не е доволно слаба, така никогаш нема ни до-волно чевли во својот плакар.Италијанците меѓу првите ја сфатиле не- воздржливата женска потреба за поседу- вање на добри обувки, па италијанските чевли и денес се сметаат за најквалитетни на светот. Повеќето жени би ги дале и последните пари за чевли кои им го “од-земаат здивот”. Чевлите за жените има-

ат волшебна моќ, како онаа стаклена чев-личка која ѝ помогнала на Пепелашка да го поврати својот принц. Посебна слабост се чевлите со високи штикли. Тука ништо

не менува ни фактот дека дури 43% од же- ните поради штикли барем еднаш во жи-вотот полесно се повредиле, а 8% од нив имале сериозни преломи.

Интересен е и податокот од едно амери-канско истражување дека просечната же-на четвртина од своите чевли облекува

Page 34: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

34 Reporta`iсамо еднаш, како и дека 13% од жените ги крие новите чевли од партнерот за да избегне мрморење. При тоа се служат со разни трикови: ги донесуваат дома чевлите без кутија или го обвинуваат мажот дека “никогаш ништо на неа не за-бележува”, па така и не знае дека се тоа всушност “стари” чевли.

Обидувајќи се да ја сфатат оваа женска фасцинација некои потсетуваат дека ку-пувањето на нова облека умее да биде

непријатно ако испадне дека жената се здебелила и дека не може да влезе во својот вообичаен конфекциски број. Чевлите, меѓутоа, “не прашуваат” ни за килограми, ни за години, и секогаш добро изгледаат.

Извор: “Дневник”, Нови Сад

Во Белград веќе “не седи” Милошевиќ: Зошто Тадиќ

е попаметен од Додик

Војна или вооружен судир сам по себе до-несува смрт, разорување, несреќа. Но иа-ко е тоа познато уште од човековото настанување, војни постојано се водат би-дејќи “целта го оправдува средството”

Војните главно ги покренуваат оние кои во нив не учествуваат или најмалку ги чувствуваат последиците од војната. Значи станува збор за надворешни факто-ри или политичари кои за време на тие војни единствено многу размислуваат но и тогаш погрешно и за “виши цели” не гри- жејќи се за жртвите и несреќата на наро-дот. Секако претходно добро ги осигуру-ваат својот имот и своите најблиски. А што се однесува до туѓите најблиски тоа многу не ги интересира. Ако во текот на тие судир “вишите цели” ќе се поклопат

со нивните лични интереси уште подобро, а ако и не тогаш секогаш има време и про-стор за нови судири.Што би се случило во случај на евентуално избивање на судири во БиХ. Логично, гра-ѓаните на БиХ би гинеле, повторно би страдал имотот, повторно би се правеле воени злосторства. Би никнувале нови кабури и гробови, би се подигале нови ни-шани и споменици, мајки и татковци би ги погребувале своите деца, сестрите би ги испраќале браќата, децата би останувале без татковци и би станале воени сирачиња и јетими. Крв и солзи би течеле по Босна.Но самиот судир како судир би имал и други последици како за Босна така и за регионот и за цела Европа.Па, кога сето тоа се знае се поставува ло-гично прашање. Кој има прави со било што да предизвика евентуален судир? Треба да се оди понатаму и да се каже она што е познато. Кои се тие кои со своите дела и зборови иницираат судири? На сите им е веќе добро познато дека е Додик No.1 кога е во прашање разгорување на национал-ни и верски омрази. Единствено Додик, во политиката, нѐ сортира на Срби, Хр-вати, Бошњаци. Единствен Додик ја не-гира Босна и Херцеговина, постојано настојува да ја омаловажи, понизи, да ја прикаже како нешто ненормално. На До-дик треба да му биде јасно дека со тоа директно ги омаловажува и понижува граѓаните на БиХ. Бидејќи сите ние пред сè сме граѓани на БиХ, а дури потоа Срби, Хрвати и Бошњаци. А знаеме сите дека тие национални или верски одредници во светот на политиката не значат ништо. Само во главата на Додик значат нешто и тоа се обидува да го прикаже и вон грани-ците на БиХ.Постојаното и перманентно заканување и повикување на референдум е директно повикување на уништување на БиХ и евентуално избивање на судири. Таа фор-мула и флоскула во БиХ единствено ја ко-ристи Додик.Додик би требало да биде толку паметен да сфати дека поклопувањето на предло-зите на политичарите од СДА, СБиХ, СДП, ХДЗ од 1990 итн. со предлозите на меѓуна-родните функционери односно САД и ЕУ, не значи заговор против Додик и РС, туку реалност и исправна политика која тој ја нема.Постојано и упорно настојува својата по-литика и реторика да им ја подметне на граѓаните на БиХ од српска националност и со тоа да се спаси од неизбежната одго-ворност за разгорување на национална и верска омраза, како и одговорноста за криминалот во кој е заплеткан и кој по-лека но сигурно излегува на видело.Додик треба да сфати зошто Тадиќ е по-паметен политичар од него. Тадиќ не е спремен да ја жртвува Србија и нејзините граѓани и патот во евроатланските инте-грации заради Додик и неговата луд ре-торика и политика. Тадиќ сфатил дека блокадата на Додик на сè и сешто во БиХ нема да ѝ донесе добро ни на Србија. До-дик мора да сфати дека во Белград повеќе не седи Милошевиќ кој беше спремен да жртвува сè поради нечии глупости и лудо-рии.

Извор: “24.сата.инфо”

Page 35: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Patuvawa i patopisi 35

Бриж: пиво и стара тантела

Град на музеи, канали, средновековна архи-тектура, феноменални чоколади, и ултра добро пиво

Бриж многумина го нарекуваат северна Венеција и во секој туристички водич стои дека овој белгиски град со романтична атмосфера, е дестинација која не се про-пушта. Од Северното море го дели само 10-тина километри.

Во средниот век Бриж бил центар на трго-вија и текстилна индустрија. Старата тра-диција на умешноста за правење тантела и денес живее во завлечените предели кои ги продаваат своите ракотворби, тан-телестите исплетени завеси и покриви за маса.Градот изгледа како музеј на отворено низ кој се провлекуваат минибуси. Сообраќа-јот е прилично редуциран, особено во самиот центар, така што бука скоро и да нема. Најдобро е да го разгледате пешки. Друга опција се чамците кои се често претрупани, со оглед дека туристите по-прво ја избираат оваа опција отколку лес-ните прошетки. Возењето со чамци низ каналите на Бриж носи во себе црта на венецијанскиот дух.

Вљубениците во историјата и уметноста со денови можат да уживаат во она што Бриж има да им го понуди. Од 2000-тата целото историско јадро на градот е ставе-но на листата на светско богатство на УНЕ-СКО. Во овој склопчен средновековен град ќе поминете покрај голем број историски зданија, плоштади, скулптури.Најпознати плоштади се Markt и Burg сме-стени во самиот центар. Ги дели улицата Breidel. Burg го краси Stadhuis (градското

собрание) со пространи интересно деко-рирани простории.

Од едната страна на плоштадот Markt се ниже синџир до убаво украсени куќи, од другата страна камбаната Belfort од која на секој половина час се огласуваат ѕвоната. Она што е Ајфеловата кула за Париз, тоа е Belfort за Бриж. Кој е расположен да ги совлада 350-те скалила, може да се качи на врвот од кулата.

На врвот се наоѓа beiaard, музички инстру-мент, најраспространет во Холандија, Бел-гија и на северот на Франција. Се состои од инструмент сличен на клавир со помош

на кој се вртат 47 бронзени ѕвона тешки околу 25 тони. Ако се најдете во моментот на огласувањето на ѕвоната, имајте во вид дека буката која ја произведуваат за не- кого може да биде ни малку пријатна. Од врвот има и вртоглав поглед на градот.Onze Lieve Vrouwker е импозантна готска црква, најголема во Бриж. Во неа се нао-

ѓа и една скулптура на Микеланџело по- зната како Мадона од Бриж. Ниедно дру-

го уметничко дело на овој италијански мај-стор не ја напуштило Италија за времето на неговиот живот, а и денес е реткост да

Page 36: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

36 Patuvawa i patopisiсе види некоја негова скулптура надвор од Италија.

МузеиОние кои се луди по чоколадото, треба секако да го посетат музејот на чоколадо Choko Story. Зградата на музејот потекнува од 15-тиот век. Се состои од 4 ката и на секој од нив ќе добиете различни ин-

формации во врска со овој неодолив десерт. Ќе дознаете зошто белгиските чо-колади се толку вкусни, зошто се добри за здравјето, а воедно ќе фрлите поглед на интересниот историски развој на чо-коладото. Посетата ќе ја завршите со дегу-

стација, и разгледување на чоколадни скулптури. Музејот се наоѓа во улицата Wijnzakstraat 2.Ако повеќе ве интересира познатиот бел-гиски помфрит (frietjes), тогаш посетете го The Friet Museum. Не заборавете да го про-

бате извонредниот помфрит направен од раката на човекот кој некогаш го спремал за белгиското кралско семејство.Brugse Groeningemuseum е музеј во кој ќе ја видите богатата колекција на дела

на старите фламански мајстори (Vlaamse Primitieven), пред сè на Јан ван Ејк, Ханс Мемлинг и Јурен Бос.Sint-Janshospitaal е здание кое потекнува од 13-тиот век. Зградата со години била

болница, но денес е претворена во музеј во кој се изложени дела на фламанскиот сликар Ханс Мемлинг.

Кујната на БрижЖителите на Бриж сакаат да поминуваат доста време во подготвување и дегуста-ција на храна. Месото и пивото се неизо-ставни. Во Бриж не можете да побегнете од белгиското пиво, дури и храната ја под-готвуваат со пиво. Во зима се преферира зајачко на пиво со додаток од сливи. Оваа традиција се врзува за минатото, бидејќи Фламанците за време на војните најмногу јаделе зајачко со оглед на тоа дека друг вид на место бил исклучително скап. За еден зајак со сливи потребни се: зајачко, суви сливи, темно пиво, кромид, ловоров лист, брашно, бибер и сол.Засладете се со феноменалните белгиски чоколади, пралини и бонбони... Ќе види-те најразлични облици на чоколади од сферни играчки, преку животни до жен- ски гради. Пробајте ги и локалните Brugse achten, колачиња во облик на осумка, рачно обликувани, завиткани во шеќер, пржени во традиционални тигани. Рецеп-тот настанал уште во 19-тиот век. Или Brugse kletskoppen, колачиња со бадеми.А сето тоа залејте го со добро пиво, би-дејќи во Бриж исклучиво се пие пиво и ништо освен пиво. Во Белгија постојат ду-ри преку 400 различни видови и сите тие можат да се пробаат во Бриж. Постојат дури и bier (пиво) викенди и еден куп ка-фулиња кои го нудат своето единствено пиво. Поевтините продавници и ресто-рани главно се наоѓаат во некој од многу-бројните пасажи.

Извор: “Атлас”, Загреб

Page 37: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Avtomobili 37

Renault Scenic: помалиот брат за помали семејства

Renault не е само пионер туку и визионер. Покрај тоа што пред 25 години први го претставија европскиот моноволумен Es-cape, Французите го претставија и првиот европски компактен моноволумен - Sce-nic.

Денес секој трет компакт кој ќе се прода-де во Европа е со моноволуменски об-лик. Конкуренцијата е огромна, а Renault после претставувањето на својот нов мо- дел Grand Scenic, го претстави и неговиот помал брат - Scenic. Големиот од помалиот е поголем за 22 сантиметри, што на Scenic му дава поагресивен изглед и полесно ра-кување.

На трите одвоени седишта во задниот дел комфорно можат да седат три лица, а пространиот багажник овозможува 552 литри товарен простор. Секако, со раз-ни комбинации на модуларната внат- решност багажниот дел може да се зго-леми на 1.637 литри. Како и неговиот по- голем брат, и Scenic нуди многу корисни прегради (дури 86 литри) кои се сместени во сите делови од автомобилот. Возачката

позиција е удобна, се седи извишено, па прегледноста е многу добра. Возачот не би требало да има приговор ни на упра- вувањето, бесењето, како ни на менува-чот, бидејќи сè работи одлично и сигурно. Брзинометарот и патниот компјутер се покажани на голем TFT екран, па на по-четокот имате чувство како да сте во некоја компјутерска игра. Во соработка со TomTom Renault нуди одличен навига-циски уред кој би требало да чини по-малку од 500 евра. Сигурноста е на очеку-ваното високо ниво, а она што треба осо-бено да се истакне е ESP системот, кој се нуди како стандардна опрема и во основ-ниот модел.

Новиот Renault Scenic нуди и намалување на трошоците за одржување, бидејќи првата промена на маслото и филтрите е дури на 30.000 километри или две го-дини по купувањето. Овој компактен мо-новолумен првенствено е наменет на се-мејствата, и тоа оние со помали деца, за кои Grand Scenicе преголем, но по малку изненадува и тоа што во Renault како по-тенцијални купувачи ги истакнуваат и пен-зионерите, и тоа поради модуларноста и издигнатото возачко место, кое тие го сакаат. Renault Scenic е во понуда од ју-

ли 2009 година, а на купувачите им се ну- дат четири бензински и четири дизел агре-гати. Почетната цена е околу 18.500 евра.

Извор: “Крстарица”, автор: Драгомир Влајсевиќ

Page 38: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

38 SemejstvoКако би требало да се поставите кон партнерот кој “шара”

Неверството на видело!

Чувството на болка поради неверството на саканото лице најчесто тера во одмазда. Повредените емоции најлесно, барем во моментот кога ќе дознаете дека сте изла-жани, се лечат со контра, а сето тоа за на оној кој ве повредил да му се даде до зна-ење дека горката пилула нема сами да ја испиете.

Она што во дадената ситуација е најтешко е опростувањето. А до опростување се доаѓа со надминување на логиката на бру-талната емотивна одмазда и негување на чувството за сочувство.

Враќање со иста меркаДа се врати на ист начин е основната идеја која се јавува после неверството. Сепак, она што е далеку потешко, но и подобро за душата, е да се најде начин да се опрости. Враќањето на долговите најчесто предизвикува хаос во душата, кој прави да се оддалечиме од себеси. Како пример, преварената жена ќе најде љубовник, само за на својот сакан да му врати мило за драго. Точно е дека на тој начин ја “наплатила сметката”, но попат-но се повредила и себеси, односно се од-далечила од својот природен начин на функционирање.

Кажете што чувствуватеЗа потребата за одмазда да се надмине, најдобро е да се изразат чувствата. Наме-

сто ризикот повторувајќи го тој образец да станете исти како оној кој ве повредил, далеку е подобро јасно да дадете до знае- ње како се чувствувате. Покажете дека сте лути, повредени, навредени, преплашени, депримирани... Наместо да размислувате со срцето, покажете што во него се наоѓа. Покажете дека покрај љубов и топлина во него сега владеат и други чувства. И јасно дадете до знаење од каде тие чувства по-текнуваат.

Образец на опростувањеИзјавите од типот “И родителите ги пра- веле истите грешки”, “Направиле најдо-бро што можеле” и слични често се факти од кои поттикнуваат објаснувањата за поединечните потези, но никако не се и не смеат да бидат оправдувања за она што го правите. Скоро дека нема родител кој не направил грешка при раснењето на детето. Но, секако, вие на своите тие грешки одамна сте им ги простиле.Моментот во кој сте им дозволиле на “за-бранетите” чувства кон своите родители да испливаат на површина бил кога сте ги сфатиле дека како луѓе од крв и месо кои имаат право на грешка. Соочувањето со тие моменти е почеток на процесот на оп-ростување. Потоа можеме да согледаме што нè боли и зошто, а тој образец потоа лесно се копира и на односите со другите луѓе.

Сфатете или заминете

Повредувањето понекогаш потекнува од сопствената болка на оној кој повредува, но и од недостатокот на информации за другата личност. Кога ќе се помириме со ситуацијата и ќе почувствуваме сочув-ство, на добар пат сме навистина и да оп-ростиме.Оставината од физичко и емоционално малтретирање може да резултира со ис-то такво однесување. Секако, таквото од-несување не треба да се толерира, туку, ако таа личност навистина ви значи, да се проникне во неговите корени. Со самото тоа таа личност за вас поцврсто ќе се врзе,

бидејќи ќе бидете некој кој “конечно сфатил”. Секако, доколку тоа не вроди со плод, најдобро е да одите понатаму. Ос-лободувањето е секогаш можно.

Бидете директниНа другата страна јасно дајте ѝ до знаење што ви пречи, односно што предизвикало чувство на желба за прекин на односот.

Кога ќе бидете во состојба тоа да го на-правите, направете го тоа на тој начин личноста да не дојде во ситуација да се оправдува или нешто слично, туку поч-нете со процесот на опростување.

Извор: “Ало!”, Белград

Мажите лажат дупло повеќе од жените

Британски психолози спровеле истражува-ња, кои покажале дека мажите во просек дневно изговоруваат шест лаги, а дека жените дневно лажат само три пати, пре-несува “Дејли мејл”

Истражувањето, во кое учествувале пове-ќе од две илјади испитаници, исто така покажало дека најчесто изговорена лага помеѓу двата пола гласи: “Сè е во ред, добро сум”.Мажите најчесто не одговараат искрено на прашањата во врска со зачестеноста на испивање на алкохолни пијалаци, а исто така често се неискрени кога партнерката ги прашува за својот изглед.Од друга страна жените ја избегнуваат вистината, кога партнерот им поставува прашања во врска со купувањето облека и модни детали.Испитувањето покажало дека 83% од ис-питаниците од обата пола сметаат дека можат лесно да откријат дали партнерот поради нешто лаже.Меѓутоа Ричард Њуман, експерт за гово-рот на телото, смета дека многу луѓе не умеат да забележат дека нивниот сого-

Page 39: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Semejstvo 39ворник зборува невистина.“Повеќето луѓе не умеат да ги толкуваат сигналите. Тие претпоставуваат дека лу-ѓето кои лажат, го кријат своето лице и из-бегнуваат контакт со очите. Факт е дека лажговците го прават токму спротивното”, изјавил Њуман.“Оние кои лажат, главно прават сѐ што можат да ве убедат дека ја зборуваат ви- стината, ќе седат мирно и ќе ве набљуду-ваат за да ја видат реакцијата. Луѓето ја потценуваат вештината на лажење”, до-дава Њумен.

Десет најчести машки лаги:1. Сè е во ред, добро сум2. Ова ми е последниот пијалак3. Не, твојот задник не изгледа голем во тоа4. Телефонот немаше домет5. Ми се истроши батеријата6. Извини, не сум видел дека си ме барала7. Не испив многу8. Само што тргнав9. Не беше многу скапо10. Се заглавив во сообраќајот

Десет најчести женски лаги:1. Сè е во ред, добро сум2. Не, ова не е ново, го имам веќе со години 3. Не беше многу скапо4. Беше на распродажба5. Само што тргнав6. Не знам каде е, не сум го ни пипнала7. Не испив многу8. Ме боли главата9. Не, не сум го фрлила10. Извини, не сум видела дека си ме барал

Извор: “Блиц”, Белград

Трикови кои ќе го доведат во ред

Ако мислите дека квалитетот на врската зависи само од вас, а не и од партнерот, во заблуда сте. Повеќето семејни психолози тврдат - штом еден партнер ќе го промени своето однесување, тоа ќе се одрази и на другиот, па обајцата можат да профити-раат. Обвинување и барање виновник при тоа не е потребно

На пример, ако вашиот партнер е молче-лив, приговарањето или наговарањето на разговор само ќе го наведе уште повеќе да се повлече во себе. Психолозите тука советуваат драстична промена на однесу-вањето. Ако сте разговорливи, станете по малку непристапни. Не трудете се да започнете или да продолжите разговор, одговарајте само со кратки реченици. Тоа ќе го намали притисокот од молчеливецот, кој ќе почне да се отвора. Или позитивно протолкувајте ја тишината. На пример: “Толку сме блиски што не мораме секогаш да разговараме”. Тоа молчеливецот пот- полно ќе го исфрли од рамнотежа, особе-но ако со намуртеност се обидува да ја наметне својата волја.

Вечен критичар

Партнерот кој постојано критикува сè што правите ќе го разоружите кога ќе престанете да се правдате и да ги објасну-вате своите постапки. Сложете се со збо-ровите, но не и со делата: признајте дека е во право, а и натаму правете по свое. Или критиката протолкувајте ја како по-вик да престанете да го правите она во што “грешите”. На пример: “Имаш право, ужасно готвам. Ќе те пуштам почесто да јадеш од конзерва”.

Го обвинува целиот светТешко е да се носи со партнер кој постојано ве обвинува за лага. Психолозите тврдат дека треба да се престане со правдање и објаснување - тешко е да се расправа ако нема реакција.Исто така можете со прашање да укажете на несигурноста на оној кој обвинува: “Се плашиш дека те изневерувам?” или “Ми-слиш дека повеќе не те сакам?”.

ПесимистЧесто еден од партнерите е постојано песимистично и негативно расположен,

а другиот безуспешно се обидува да го развесели. Психолозите предлагаат спро-тивна стратегија: сложете се со неговиот став, поттикнувајте го да се жали уште по-веќе и искрено изразете го сопствените негативни ставови за спорната тема. Така песимистот ќе може малку да се одмори од себе.

Не сака секс

Ако партнерот не е заинтересиран за секс, престанете да го наговарате, а што почесто нежноста изразувајте ја на други начини. Поминувајте повеќе време заед-но во други пријатни активности - тоа ќе ја зголеми блискоста. Станете помалку до- стапни за секс - партнерот тогаш би можел да биде тој кој ќе ги покренува нештата.

Кога ќе дојде до неверство

Изневерениот партнер мора да помине низ раздобјето на тагување, тврдат психо-лозите. Но неверниот партнер често се обидува да ја намали важноста на невер-ството со зборовите “тоа е само секс” или “тоа е готово, животот оди понатаму”. Изневерениот тогаш се чувствува повеќе повреден. Ако добие почесто прилика да ги изрази своите чувства на повреденост, лутина и тага, врската побргу ќе заздрави.

Извор: “Блиц”, Белград,

автор: Б. Тасиќ

Page 40: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

40 Semejstvo

Пријател: добар, лош или зол

Човекот не е остров, рекол одамна, во 16-тиот век, Џон Дон. Навистина, човекот не може да живее сам, но дали секоја личност со која се дружиме е наш пријател и дали по-стојат лоши пријатели?

Не постојат совршени односи, па така ни совршени пријателства. Сепак, едно е да не се сложувате во сè, а друго е да си штети-те еден на друг. Пријателскиот однос мо-же да биде и многу опасен, напорен и ис-црпувачки, а некои пријателства можат сериозно да му наштетат на вашето чув-ство на задоволство со самите себе, на самодовербата, да ве уморат и да ви ја исцрпат енергијата.

Психолозите дефинирале неколку видови на лоши пријатели:

Развратен расипник

Тој е најголемиот пријател во моментите на забава. Секогаш спремен да ви се при-дружи во коцкање, картање и слични дру-штвени игри. Не е погоден за интимни дружења “еден на еден”, туку само во големо друштво. Овој вид на пријател нема да го интересираат вашите пробле-ми, или вашата потреба со некого да си поразговарате, тој ќе ви биде пријател са-мо кога сте подготвени за журки.

Ласкавец - лицемер

По малку зла личност која ќе ве фали во вашето друштво, а зад грб ќе зборува лошо за вас. Често ќе ве поттикнува да

правите нешта кои се лоши за вас, па дури и ќе учествува во нив, само за по-доцна да ликува поради пакоста која ви ја направил.

ПрофитерТоа е личност која стапува во социјални контакти со другите луѓе исклучиво поради сопствена корист. Ќе направи нешто за

вас само ако навистина нема друг избор и, секако, доколку сака нешто за возврат. Никогаш нема да биде задоволен со она што му давате и секогаш ќе бара повеќе.

БрбливецЛичност која, кога ќе ви направи услуга, колку и да е мала, постојано зборува за

тоа како ви помогнала. Исто така, ако ѝ сторите нешто лошо, дури и ненамерно, ќе ви го префрлува тоа со години.

Плачко

Личноста која страшно ужива во звукот на својот глас. Таа црпи енергија од другите со константно жалење на сè што не ѝ одговара. Своите фрустрации ги става на вашиот грб. Нејзините проблеми се секогаш најголеми.

ПијавицаЛичност на која постојано ѝ се потребни други, било за совет, поддршка, информа-ција или било што што во тој момент ѝ недостасува. Разговорите кои ги води со другите луѓе постојано се вратат околу неа, а кога не е така, таа нема ни трпение ни волја во нив да учествува.

Сигурно се прашувате зошто било кој би се дружел и би бил пријател со такви лу-ѓе. Луѓето сакаат да се чувствуваат дека некому се потребни. Причина може да биде и стравот од самотија по загубата на пријател или страв дека подоцна ќе зажалиме за својата одлука. Освен тоа, прекинувањето на било кој однос, колку и да е лош, не е ни малку лесно. Стручњаците тврдат дека би требало да обрнеме повеќе внимание на тоа со какви луѓе се опкружуваме и какви личности пуштаме во интимната сфера на својот живот. Тоа би требало да бидат личности

со силен дух кои ќе ве инспирираат да би-дете најдобри што можете.И не заборавајте - вистинските пријатели се познаваат во неволја.

Извор: “Дневник”, Нови Сад

Page 41: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Slobodno vreme 41

Ова ти го кажувам во доверба...

Со добро познатата реченица почнува скоро секое кафенисување, со кое се разменуваат најновите “вести” за тоа кој е каде, со што се занимава и што му се случува. Често тоа се изродува и во непријатности поради кои некои пати, но тој аргумент оние кои ги пренесуваат информациите, а особено оние кои ги пишуваат текстовите во трач-рубриките не го уважуваат

Што луѓето, всушност, бараат во туѓиот живот? Зошто ги озборуваат своите пријатели, им ѕиркаат во паричникот и сомничаво вртат со главата поради фактот дека тие се вратиле од летување за кое не би имале пари “да не се занимаат со кој знае каква работа”? Зошто многумина чи-таат жолт печат кој читателите ги убедува дека се разведуваат познатата пејачка и славниот спортист, дека некој актер без-малку ја оставил својата жена која не можела да има деца додека не отишла на вештачко оплодување. Уште погласно во таблоидите ѕвечеше маратонското пишу-вање за пејачот кој со години негираше дека извесна дама родила негово вон-брачно дете. А особено кога после 20 години во Канада е “откриен” син на му-зичарот кој овде во Србија има складен брак и веќе и внучиња...Секако тешко е да се каже дали било кој од новинарите во трач-рубриките, мислејќи само на подигнување на тиражите, успеал да се замисли над прашањето: а како им е на децата на споменуваните љубовници, што им велат на училиште кога мама ќе се појави на послободни слики, украдени до кој знае чија снимка? Гест прашања на кои од стручњаците побаравме одговор.

Одговорност за секој зборА стручњаците тврдат дека освен злобата, пакоста, зависта, намерата да се навреди друг, постојат и позитивни причини за ѕиркање во туѓ приватен живот, како што се на пример желбата да се подели некоја информација, да се испланира изненаду-вање, да се осмисли времето, да се за-штити семејството, пријател или колега. Накратко, озборувањето се третира како ОК кога не ја обезвреднува личноста.

Александра Јовановиќ - Маѓар, психолог истакнува дека во повеќето речници оз-борувањето имаат негативно значење кои го следат зборови како никаков, зло- бен, да се зборува за некого “зад грб”, сен- зационален, непотребен, а личностите кои озборуваат се прозиваат како брбли-ви, тривијални, банални, а сепак така воз-будливи. Ќе се сложите, вели психологот, дека меѓу успешно продаваните списа-нија, и во нашата земја, и во светот, се токму оние кои содржат трач-рубрики. Често насловните страници како оние кој со кого е во врска, а кој “раскинал”, вљу-бувања од приказните, додворувања, луксузен накит и гардероба, фантастични патувања, венчавки “од соништата”, но и скандалозни разводи ги продаваат весни-ците, затоа што влегуваат во животите на познатите.

Покрај трачот луѓето се чувствуваат поси-гурни, бидејќи неволјите им се случуваат и на богатите. Воопшто, на луѓето им е мо-шне забавно и интересно да слушаат за среќата и несреќата на другите. Често се измислуваат настани, или на стварните им се “налепуваат” пикантни и невистинити детали поради кои тие лесно се шират.

Ако озборувате, зборовите кои еднаш сте ги кажале всушност не можете да ги повлечете, предупредува Александар Јо-вановиќ - Маѓар. Озборувајте одговорно, бидете свесни за своите намери и за-прашајте се дали ви ја воделе истата конверзација доколку личноста за која зборувате е присутна. Потоа запрашајте се - дали оваа приказна е вистинита. До-колку е, дали е неопходно да се пренесува натаму, од “уста до уста”? Дали е фер?

Најмалку тројца во друштвоД-р Зоран Миливојевиќ, психотерапевт, потсетува дека зборот озборување доаѓа од “да се говори за...”. изворно, секој пат кога некој говори за некој кој не е при-сутен тој го “озборува”. Современото зна-чење е да се говори негативно за некој кој не е присутен. И во таа смисла сите ние понекогаш озборуваме некого. Со други зборови тоа што луѓето го говорат едни на други за своите искуства со други луѓе е една сосема нормална појава.Но, нагласува нашиот соговорник, ако на озборувањето му пријдеме како на пред-мет на проучување, тогаш гледаме дека е

тоа комплексна општествена појава која вклучува најмалку тројца луѓе помеѓу кои постојат различни односи. За утврдување на причините за озборување важно е дали оној кој озборува говори за некое свое директно искуство со третата личност, во смисла на другиот да му се жали на по-стапките кои ги доживеал од таа трета личност. Тогаш озборувањето е чин на комуникација со блиска личност, барање разбирање и поддршка од пријател.Сосема поинаква причина има она озбо-рување кога личноста која озборува го- вори за нешто што слушнала, што “се збо-рува”, значи не за она што го доживеала. Типичен пример за тоа се озборувањата на кои им се изложени јавните личности.Причина за овој вид озборување е тоа што луѓето функционираат така што само

пред оние со кои се блиски не носат психолошки маски, туку се однесуваат опуштено и спонтано, онакви какви што се. Меѓутоа, кога комуницираат со лич-ност со која не се блиски луѓето носат маски и воспоставуваат дистанца. Тоа значи дека во јавната комуникација се покажува само дел од личноста, само маската, а одреден дел останува скриен. Е, тоа е сега она што копка! Тие знаат дека другиот само се претставува на одреден начин - а тоа го знаат затоа што и самите тоа го прават - но ги интересира каков е тој во стварноста, што се крие зад маска-та или наместената фасада. Поради тоа луѓето го следат однесувањето на дру-гиот и сите оние мали сигнали кои не се вклопуваат во начинот на кој тој се прет-ставува го толкуваат како изразување на скриеното. Значи, во таа потреба да се от- крие вистината за другиот лежи и онаа љубопитност која нè прави гладни за тра-чови.

Page 42: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

42 Slobodno vremeЖарко Требјешанин: Задоволство поради обезвредување на другите- Ако постои трач дека на пример некоја жена го изневерува својот сопруг, таа ту-ка не може да промени ништо. И тоа е проблемот со трачовите што не можеме успешно да ги демантираме - објаснува психологот Жарко Требјешанин. - Чисто ло-гички можните резултати на трачот се или и натаму да останеме сомнителни или да потврдиме дека трачот е вистинит. И затоа мораме да научиме да ги поднесуваме трачовите иако се тие мошне непријатни.

Важно е меѓу нив да се воочат оние кои се потенцијално опасни и да се заштитиме. На пример, спомнатата жена мора веднаш на тој трач да го предупреди сопругот. Тоа може да предизвика мала брачна криза, но тоа е најдоброто решение. А некогаш е потребно некого кој озборува да се тужи на суд.Според мислењето на Требјешанин, озбо-рувањето е секогаш штетно, бидејќи се состои од пренесување на невистинити информации или податоци за некоја лич-ност. Она што озборувачот го одликува е секогаш присутната деградација и не-свесната желба да се нанесе штета. Но, што се добива со “лаењето”? Пред сè задо-волство со обезвреднувањето на други-те, бидејќи со нивна девалоризација оној кој “лае” се воздига. Интересно е дека таквата личност не само што за себе не мисли ништо лошо, туку и не ја увидува количината на емоционална штета која ја предизвикува.

Сепак, сплеткарењето е најлошиот облик на озборување и особен вид на насилство. Во училиштата 33% од учениците е склоно кон овој облик на агресија, дознаваме од Требјешанин. Тоа е подмолен начин од не-која силна завидливост да се одмаздиме

некому кого не го сакаме и тоа само затоа што е поубав, поуспешен или подобро живее. И не треба да се заборави дека оние кои озборуваат секогаш имаат тема за оваа подмолна мисија, а тоа го прават пред сè од досада, пакост или чувство на немоќ. Интересно е дека “лаењето” често се прикрива со општествените правила, принципи и норми. Секогаш кога озбору-ваме имаме снижена почит кон себеси.Озборувањето има поголемо значење кога на мета се личности од светот на по-литиката и културата. Овие озборувања можат да настанат спонтано или да бидат смислени и пласирани преку печатот, да речеме да се оцрни и предизвика подозре-ние кон политичкиот противник пред из-бори, да се наруши приватниот живот, да се осуети доделување на награда. Кога слушаме трачови, озборувања и сплетки, советува Требјешанин, секогаш е добро да се има дистанца и да се запрашаме да-ли е баш така како што се зборува.----------------------------------------------------Младите тоа го прават со СМСАлександра Џамиќ, психолог во основното училиште “Владислав Рибникар” наведу-ва дека е точно дека учениците ги озбору-ваат своите врсници и тоа го прават лице во лице, во телефонски разговори како и со смс пораки, електронска пошта, на ин-тернет блогови и преку популарниот “Fа-cebook”. Главно оправдување е дека “сите тоа го прават”.

----------------------------------------------------Мажите озборуваат колку и женитеМажите озборуваат еднакво често како и жените, покажало истражувањето на бри-танскиот Центар за општествени прашања. Третина од мажите ги озборуваат другите, а повеќе од половина тврдат дека така по-бргу стануваат дел од деловниот тим.Жените за соговорник во озборувањето најчесто ги избираат најдобрите при-јателки или семејството, мажите во истра- жувањето изјавиле дека им е полесно да ги поделат сочните детали со жените. Же-ните повеќе озборуваат жени, пријателки,

колешки, дури и свекрвата. Машки теми најчесто се пијанството, сексуалните екце- си, расипништвото, глупоста и подлоста.

----------------------------------------------------Мали совети за големите трачери1. Никогаш немој да гледаш во личноста која ја озборуваш2. Озборувај тивко, да не те слушнат баш сите

3. Немој да озборуваш пред луѓе за кои знаеш дека сè ќе кажат4. Не ги озборувај своите блиски луѓе5. Не шири лажни трачови

Извор: “Политика”, Белград, автор: Вера Бошковиќ

СОНОВНИК

ЗАБАВА - да присуствуваш на забава: смр-тен случај во околината.ЗАБАР - бес и јад. ЗАБИ - бели, убави заби да имате на сон: здравје, углед; - лоши и расипани: бо-лест, неуспех; - златни: богатство; - да до-биеш нови заби: голема полза, здравје; - вештачки заби да имаш: некој ќе те из-лаже; - да скршиш заб: лутење, болест; - заби да испаѓаат: смрт во семејството, не-среќа; - да поправаш заби: ќе ти појде на подобро; - да извадиш заб: ќе прекинеш врска со непожелна личност; - да миеш заби: се мачиш за друг, штета; - ако те болат заби - блиски луѓе ќе ви нанесат на-вреда, прогонство.

Page 43: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Slobodno vreme 43ЗАБИВАЊЕ - ако забиваш нешто - само со решителност и храброст ќе постигнеш ус-пех. ЗАБЛУДА - ако си во некаква заблуда - ќе најдеш пријатели во неволја. ЗАБОРАВАЊЕ на нешто на сон - загуба, неуспех.ЗАБУНА - ако направиш некаква забуна - пази се од лажни пријатели. ЗАВЕДУВАЊЕ - ако си заведен - околината те смета за лош човек; ако заведуваш не-кого - се дружиш со лошо друштво. ЗАВЕРА - да откриеш завера: ќе бидеш пофален на работа; - да учествуваш во за-вера: жалост, загуба на пријател.ЗАВЕСА - зачувај ја својата тајна, ќе дозна-еш нечија тајна.

ЗАВЕТ - ќе имаш непријатности поради неодржани ветувања. ЗАВИВАЊЕ на животно - многу лоши ве-сти. ЗАВИДУВАЊЕ - ако некому завидуваш - успех, но со големи напори. ЗАВОЈ - ќе ја изгубиш сопствената слобода (можеби со венчавање). ЗАГАТКА - ако решаваш загатка - ќе доби-еш некои важни објаснувања; ако не ти ус-пева да ја решиш загатката - ќе се најдеш пред некој многу замрсен проблем. ЗАГЛИБУВАЊЕ - пропаст во блиска идни-на. ЗАДАВЕН да бидеш - ти претстојат големи тешкотии и неизвесностЗАДОЦНУВАЊЕ - на некој состанок - ќе пропуштите некоја поволна можност. ЗАЕМ - ако добиеш заем - слабо им одго-вараш на дадените обврски; ако дадеш заем - ќе си создадеш непријатели. ЗАЈАК - див зајак да фаќаш: среќата ти е на дофат, предбрачни разговори; - да ја-

деш: разделба со пријател, разговор во четири очи, здравје, радост; - да убиеш: мала незгода на пат; - да видиш зајак: ќе се уплашиш од нешто; - бел зајак - успех; црн зајак - несреќа; - ако гледате како играат или трчаат зајаци - озборување; - питом зајак да видиш: чувај се од лажни пријатели, загуба поради превара.ЗАЈДИСОНЦЕ - долг живот и добро здрав-је.

ЗАКАНУВАЊЕ - неуспех при остварување на плановите. ЗАКОЛНУВАЊЕ - лажно: ќе доживееш го-лема несреќа, женидба, па набргу развод; - искрено: ти претстои некоја парница.ЗАКОПАН да бидеш - жив закопан: ќе за-вршиш во затвор.ЗАКОПАН да видиш - среќа.ЗАКОПУВАЊЕ на нешто - болест, суд.ЗАКРПЕН дел од облека - ти претстојат тешки времиња. ЗАКУП - ако земеш нешто под закуп - бла-госостојба. ЗАКУПНИК - ако видиш закупник - благо-состојба. ЗАЛИВ - среќа, спас од непријатностите. ЗАЛОГ - ако даваш нешто под залог - ус-пех во работата; - ако примаш залог: не распрашувај се околу туѓите тајни; - ако не го искупиш залогот: непријатности; - ако заложиш туѓ предмет: неверство. ЗАЛУТУВАЊЕ - ако на сон залуташ: те очекуваат и пријатни и непријатни изне-надувања; - ако залуташ во град: полека, но сигурно ќе стигнеш на целта; - ако залу-таш вон град: залудно се трудиш; - ако залуташ во шума: ново познанство; - ако залуташ во поле: беда. ЗАМАВНУВАЊЕ - деловен успех. ЗАМЕНА - ако заменуваш нешто со неко-го: ќе имаш успеси во однесувањето со луѓето. ЗАМИНУВАЊЕ - без поздрав: нагла смрт; - со поздрав: промена на позициите. ЗАМКА (клопка) - да упаднеш во неа: ќе

те издаде пријател; - друг да навлечеш: кавга до соседите.ЗАМКА за животни - ќе се израдуваш.ЗАМОК - ако видиш замок: нема да ти се

остварат желбите; ако живееш во замок: благосостојба и среќа. ЗАМОР - ако на сон почувствуваш замор - во своите потфати ќе застанеш пред сама-та цел. ЗАНАЕТЧИЈА - твојата вредност ќе дојде до израз. ЗАПАЛКА - премногу си експлозивен и тоа ќе ти донесе само штета.

ЗАПАЛУВАЊЕ - ако запалиш оган: те очекуваат низа непријатности поради соп-ствено незнаење; - ако ја запалиш својата куќа: телесни повреди; - ако запалиш туѓа куќа: кавга, а можеби и тепачка. ЗАПОЗНАВАЊЕ - со некого: непријатности. ЗАПРЕГА - коњска запрега: опасност. ЗАПРШКА - грижи. ЗАРАЗА - болест во семејството. ЗАРОБЕНИК - ако си заробеник: не грижи се за секојдневните потреби; - ако видиш заробеници: ќе те излажат. ЗАСАКУВАЊЕ некого - ти доаѓаат посреќ-ни денови.ЗАСЕДА - ако паднеш во заседа: добро ќе се одвива работата; - ако некому спремаш заседа: се подготвува некое зло. ЗАСИПНАТОСТ - ако си засипнат: добивка, корист; - ако е некој друг засипнат: некој ќе се насладува со плодовите од твојата работа. ЗАСОЛНИШТЕ - посета; - ако бараш засол-ниште: ќе се случи нешто многу непри- јатно; - ако бараш и не наоѓаш засолниште: имаш неверни пријатели; - ако го најдете: ќе добиеш помош во неволја; - ако живееш во засолниште: ќе доживееш срам или штета поради непристојно однесување. ЗАТВОР - да видиш: болест, беда; - да би-деш затворен: загуба, неволја ти е зад пе-

тиците; - да бидеш пуштен од затвор: ќе се спасиш од беда.ЗАШТИТНИК - ако си некому заштитник: имаш добри намери, но околината лошо те сфаќа; - ако имаш заштитник - ќе те на-

Page 44: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

44 Slobodno vremeговараат на злодело. ЗБИРКА - на растенија: радост; - на каме-ња: непријатен настан; - на марки: на- пори без цел; - збирка на инсекти: непри-јатности. ЗБОРОВИ - ако чуеш зборови и ги разбе-реш: среќа; - ако не ги разбереш: лошо ќе ти тргне. ЗБОРУВАЊЕ - ако некому нешто зборуваш: углед; - ако слушаш некого како зборува: ќе бидеш во досадно друштво; - ако на сон зборуваш на странски јазик: ќе се из-радуваш на гости од далеку. ЗГРАДА - ако гледаш како се гради: со тру-дољубивост ќе дојдеш до успех; - ако се вселуваш во нова зграда: подобрување

на материјалната ситуација; - рушење на зграда: ти претстојат многу пречки на па-тот до успехот; - трошна зграда: озборува-ње. ЗДОЛНИШТЕ - ако добиеш здолниште: штета; ако купиш здолниште: сиромашти-ја; - ако носиш црно здолниште: погреб; - искинато здолниште: корист. ЗДРУЖУВАЊЕ - со некого: ти претстои брак. ЗЕБРА - неуспех поради нерешителност.

ЗЕЈТИН - болест, загуба, непријатен на-стан.ЗЕЛЕНА БОЈА - среќна иднина. ЗЕЛЕНЧУК - ако береш зеленчук: ќе ти се исполнат некои тајни желби; - ако готвиш зеленчук: кавги во семејството; - ако јадеш јадење од зеленчук: многу непријатности поради сопствената лекомисленост; - ако јадеш сиров зеленчук: ти се заканува опасност од пожар. ЗЕЛЈЕ - добивка, долг живот.ЗЕЛКА - ако садиш зелка: безгрижен жи-вот; - ако јадеш зелка: остварување на

желбите, но со голем труд. ЗЕМИЧКА - ако купуваш земичка: подарок; - ако сечеш земичка: штедливост; - ако ја-деш земичка: ќе бидеш задоволен и со малку. ЗЕМЈА - ако копаш земја: непријатен на-стан, некого ќе погребеш, грижа, болест, неприлики; - ако ораш: добивка, родна

година, среќа во бракот; - ако лежиш на земја: болест, непријатности; - ако се от- вори земјата: кавги; - исушена земја: не-пријатности и неуспеси; - плодна земја: благосостојба. ЗЕМЈАК - ако на сон сретнеш земјак во странство: ќе чуеш поволни вести. ЗЕМЈАНКА - ако живееш во земјанка: не-мир и незадоволство; - ако друг живее во земјанка: злобно се радуваш на туѓата не-среќа. ЗЕМЈИНА ТОПКА - големо патување. ЗЕМЈОДЕЛЕЦ - благосостојба со многу труд. ЗЕМЈОДЕЛИЕ - богатство. ЗЕМЈОПОСЕДНИК - ако видиш земјопосед-ник: неостварени желби; - ако си ти земјо-поседник: успех во работата. ЗЕМЈОТРЕС - остани непоколеблив во сво-ите намери, опасност. ЗЕНИТ - имаш претерани желби. ЗЕТ - грижи. ЗИМА - непријатности, време е да поч-неш со работа; - со голем студ: кавга со домашните, лутење.

ЗИМЗЕЛЕНО РАСТЕНИЕ - да видиш: жа-лост; - да береш: пријателствоЗИМНИЦА да спремаш - претерано ште-диш.ЗЛАТАР - загуба на пари. ЗЛАТЕН РУДНИК - ако пронајдеш златен рудник: ти претстои сигурна добивка. ЗЛАТЕН СИНЏИР - свадба во близина.ЗЛАТНА РИПКА - среќата ќе ти избега.

ЗЛАТНА ХАРТИЈА - ќе го добиеш она што си го сметал за изгубено. ЗЛАТНИК - ако бараш златници: големи трошоци; - ако најдеш златници: радост и благосостојба. ЗЛАТО - ако најдеш: жалост, несреќно наследство; - да копаш злато: среќата за-лудно ја очекуваш; - да броиш, да даваш: ќе загубиш драга личност; - да загубиш: те лаже некој оф поблиската околина; - ако поседуваш злато: богатство; - ако коваш злато: благосостојба; - ако си закитен со злато: луѓето те сметаат за премногу лош; - ако крадеш злато: лоши вести; - ако пода-руваш злато: ќе бидеш поканет на нечија свадба; - ако добиеш злато како подарок: ќе бидеш осрамотен.ЗЛОСТОРСТВО - ако видиш злосторство: ќе имаш работа со полиција; - ако направиш злосторство: смртна опасност. ЗМЕЈ - ако те гони: со многу маки ќе из-бегнеш некоја опасност; - ако се бориш со змеј: ќе направиш некое добро дело; - ако јаваш на змеј: голема чест; - змеј од хартија: веселба; - ако гледаш како ле-та змеј од хартија: искачување и благо-состојба; - ако паѓа змеј од хартија: непри-јатности. ЗМИЈА - внимавај, некој од твојата околина

сака да ти напакости; - змија со повеќе глави: голема опасност; - многу змии: подмолни пријатели; - многу змии од кои не можеш да избегаш: има малку изгледи за подобри времиња; - ако те касне змија: поради озборување ќе расипеш некои добри односи; - ако убиеш змија: триумф над непријателите; - голема змија: загуба; - мала змија: ќе се лутиш некому; - ако ти ја нападнеш змијата: опасност, болест, дури и смрт. ЗНАМЕ - среќа; - ако се вее на ветар: пре-бродена опасност; - ако е неразвиено: со-бирај сили за нови напори; - ако носиш знаме: пресврт на подобро во работата; - знаме на куќа: те чека слава; - улица со знамиња: веселба; - црно знаме на куќа: несреќа. ЗНАЦИ на небото - ќе се случи несреќа.ЗНАЧКА - ако носиш значка: непријатности; - ако видиш значка на друг: ќе избегнеш некои непријатности. ЗОБ - да видиш: сиромаштво; - да косиш: добри вести, среќа, добивка.ЗООЛОШКА ГРАДИНА - копнееш по да-лечни патувања, непријатно познанство. ЗУМБУЛ - ти претстои тага.

Page 45: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Zanimlivosti 45

Белата куќа ја објави службената фотографија

на семејството Обама

Белата куќа ја објави службената фото-графија на претседателското семејство Обама, која ја снимила познатата американ-ска фотографка Annie Leibovitz

Долго очекуваната фотографија на претсе-дателот Обама со првата дама Мишел и ќерките Саша и Малиа, снимена е на 1 септември во Зелената соба од Белата ку-ќа.Фотографката на Vanity Fair, Annie Leibo-vitz, позната по снимките на рок ѕвез- ди и холивудскиот крем, како и по неодам- нешниот колапс на своето мултимилион-ско богатство.Првото американско семејство на фотогра-фијата седи насмеано и опуштено, а Саша и Малиа ги гушкаат тато и мама. Барак Обама е во бела кошула со вратоврска, а Мишел Обама во црн фустан со долги ракави. Објавувањето на нејзината служ-бена соло-фотографија во фустан без рака- ви, во февруари предизвика помала бура.Испитувањето на јавното мнение од стра-на на USA Today/Gallup институтот пред неколку дена покажа дека Американците имаат поповолно мислење за првата дама Мишел Обама отколку за нејзиниот со-пруг или за потпретседателот Џо Бајден, што е промена во однос на анкетите по нивното февруарско доаѓање во Белата куќа.

Извор: “Монитор”, Загреб

Се криел во бањата: Тито бегал од Јованка по

Дедиње во пижама!

За приватниот живот на Јосип Броз Тито во Југославија не смеело ниту да се пишува ниту да се говори. Затоа во октомври 1977 како бомба одекнала веста за крахот на нивниот брак

Одеднаш се сфатило дека неговата 32 години помлада сопруга Јованка веќе

четири месеци не е видена во јавноста. Била тоа светска сензација. Таинственото исчезнување на госпоѓата Броз било главна тема меѓу дипломатите во Бел-град, а светските весници за тоа толку се распишувале што југословенската ди- пломатија добила нова задача: да се следат весниците и за сè детално да се информира партискиот и државниот врв.Амбасадите и конзулатите на СФРЈ редовно го следеле пишувањето на ме-диумите, а нивните строго доверливи из-вештаи сместени се во Дипломатскиот архив на Министерството за надворешни работи на Србија. Прв пат ги објавува новинарот и публицист Звонимир Деспот во својата книга “Тито - тајните на владе-телот”.

Од тие извештаи се гледа дека медиумите, во недостаток на службени информации, на почетокот главно шпекулирале, но по-доцна настаните околу Јованка прилично добро ги реконструирале. Германските “Stuttgarter Zeitung” и “Süddeutsche Zei-tung” нагаѓале дека на Јованка во Швај- царија ѝ е оперирано срцето, дека има-ла воспаление на вените, но и дека е от-криена како агент на CIA”, пишува “Ве-черњи”.

Најинтересен бил трачот дека со еден генерал се впуштила во љубовна афера и политички интриги и дека српските националисти ја наговарале по смртта на Тито да биде чуварка на неговото на-следство. Најбараниот турски весник “Huriyet” објавил дека Тито ја испратил во странство за да ја отстрани од политиката, италијанскиот “Il Tempo” шпекулирал за фракциските борби за власт во Југославија, а египетскиот “Al-Ahram” пишувал дека се подготвува обвинение против Јованка и осум воени лица од Србија поради по-литичка активност против државата и партијата.Најблиску до вистината бил австрискиот весник “Age” кој објавил дека специјална комисија ја испитува Јованка бидејќи се обидела да влијае на клучните именува-ња, вклучувајќи и високи воени положби. “Sydney Morning Herald” открил меѓутоа дека го фаворизирала генералот Ѓока Јо-ваниќ, Србин од Лика кому му го наменила местото министер за одбрана. Интересно е дека германски “Der Spiegel” веќе тогаш

предвидел распад на Југославија.Што било вистина? Јованка имала амби-ција да влезе во ЦК СКЈ, да стане член на претседателството на СФРЈ, но Тито ни- когаш не ѝ дозволил да се плетка во по-литиката. Го изгубил трпението кога од негова близина ги избркала луѓето во кои имал доверба. Поради тоа 1973 година наредил основање на комисија која би го испитала “чудното” однесување на Јованка. Истрагата траела 75 дена. На по-четокот на 1975 повторно се разбранувал државниот врв.

Се заклучило дека животот на Тито му е загрозен бидејќи љубоморната Јованка, во моменти на нервно растројство, би можела да му се одмазди за две млади масерки. Се плашеле дека би можела да пука или да го нападне со тап предмет. Судирот меѓу Тито и Јованка кулминирал во април 1975 година, кога Тито од рези-денцијата во Ужичка 15 се преселил на Белиот двор, каде еднаш бегал во пижама и куќни папучи! На генералот Љубичиќ Тито му се жалел дека Јованка ноќе го малтретира барајќи кадровски промени, не дозволувајќи му да спие и го навредува, па често се заклучувал во ба-њата и таму го чекал утрото.Крахот се случил во август 1976 година, кога Јованка во Шри Ланка се однесувала

Page 46: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

46 Zanimlivostiкако шеф на држава. Оттогаш Тито ја избегнувал, па последните години од жи-вотот ги поминувал во својот кабинет, во Куќата на цвеќето, а надвор од Белград најмногу во Караѓорѓево и на Бриони. Јо-ванка во јавност последен пат е видена на 14 јуни 1977 година, а потоа дури на погребот на Тито во мај 1980-та.

Извор: “24.сата.инфо”

“Авалски торањ” потполно обновен

Повеќедеценискиот симбол на Белград, кој е брутално срушен во нападот на НАТО авијацијата 1999 година во потполност е објавен, соопшти Колегиумот на РТС

Колегиумот на РТС со гордост соопшти дека Авалската кула, повеќедеценискиот симбол на Белград е во потполност обно-вен.

Осветлен од темелот до врвот, на посети-телите и граѓаните на Белград и дење и ноќе гордо ќе им служи како светилник и ориентир над Шумадија.

“Им се заблагодаруваме на граѓаните, до- наторите, домашните и странските ком- пании, уметниците, премиерите и мини-стрите на српската влада, градските со-бранија на Белград, ЦИП и градежното претпријатие “Ратко Митровиќ”, кои несе-бично помогнаа и ја изведоа акцијата за обновување на Авалската кула за неполни три години”, се наведува во соопштението на Колегиумот на РТС.Радиот Телевизија на Србија ѝ ја предаде Кулата на управување на Владата на Ре-публика Србија. Државата Србија треба да обезбеди финансирање на Кулата за на ова место да се собираат граѓани, школски екскурзии, туристи и засекогаш да нè потсетува зошто е срушена и зошто сме ја обновиле. Во тек се последните ин-спекциски проверки пред добивањето на техничката употребна дозвола. Колегиу-мот очекува Авалската кула да биде отво-рена за посетители за десетина дена, се вели во соопштението кое го потпишува генералниот директор на РТС Александар Тијаниќ.

Извор: “РТС”

Како личен печат на раката

Во придружните модни детали спаѓаат и накитот и часовниците. Тие се често толку скапи и раскошни што можат мирно да се вбројат не само во мерачи на време, туку и во луксузни модни детали

Часовникот подлежи не само на модното дизајнирање на креаторите, туку и на сите останати правила кои се однесуваат на вклопување на деталите со личниот стил на личноста која го носи, со нејзините го-дини, вкус, гардероба. На пример, модно дизајнираните но не и скапи “своч” часов-

ници се главно “резервирани” за младите, додека постарите можат да ги носат един- ствено кога се спортски облечени и во некои неформални ситуации - во прошет-ка, во природа, на плажа...

Со спортска гардероба, освен “своч” се-га е навистина голем изборот на многу убаво дизајнирани и допадливи часов- ници од метал со едноставни, сведени линии со нараквица од истиот мате-

Page 47: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Zanimlivosti 47ријал или кожна, која е украсена со по- груби надворешни штепови. Има и нео-бични решенија така што на основата на часовникот, меѓу стрелките, можат да се најдат мали сликарски дела, некоја птица,

или облак, додека нараквиците за таквите часовници се уште поимагинативни. Не-ретко се во облик на манжетна за машка кошула, па од зебрина кожа, имитација на махагони или ореово дрво, но ги има и од провидна пластика, така што се гледа целиот механизам на часовникот.

И бројките за покажување на часовите под- ложни се на модните трендови и стилови, па можат да бидат китнесто наредени, арапски, римски, или едноставни, гео-метриски, во вид на црти, точки во квад-ратче, кога се сменуваат, а можат да би-

дат и потполно изоставени од “лицето” на часовникот, што претставува посебен шик.

Скапи како накитЧасовникот е и синоним за општествениот статус, под услов да е со потпис на позна-тите светски произведувачи како “докса”, “филип патек”, “пјаже”, “омега”... И ди-

зајнерите на накит секако даваат свој придонес во луксузот на овие модни де-тали, па оној кој држи до префинет стил, кој секогаш и кошта, може да избира помеѓу некој до бројните луксузни ча-совници на “картие” од платина или

бело злато со дијаманти, или златни ча-совници од златарската куќа “шома” и сличните. Тие се многу потешки за фал-сификување од тумпурестите машки “ро-лекси”, инаку навистина скапи, но кои во Сингапур или некаде на истокот можат да се фалсификуваат и се продаваат на кило-грам.

Извор: “Политика”, Белград

Page 48: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

48 Zdravje i ubavina

Каков вкус има вашата особеност?

Нервозните луѓе сакаат зачинета храна

Dr. Alan Hirsch е автор на книгата ‘What Fla-vor Is Your Personality?’ во која се занимава со прашањето зошто желбата за точно од-редена храна дава увид во личноста која ја консумира

На многумина им е тешко да поверуваат во тоа, но некои луѓе чувствуваат голема возбуда, срцето почнува посилно да им чука и им се зголемува крвниот притисок, а сето тоа само затоа што вкусиле исклучи-телно лута храна. Уште повеќе, некои луѓе се и зависни од лутата храна. Hirsch тоа го објаснува со желбата на нервозните и че-сто напнатите луѓе добро да се испотат и на тој начин да се опуштат и да заборават на секојдневните грижи.

На оние кои повеќе сакаат солена храна им недостасуваат минерали. Истражувањата покажале дека прехраната сиромашна со калциум предизвикува желба на организ-мот за солена храна, а по сè судејќи на тие луѓе им недостасува и железо и калиум.

Оние кои не можат без слатко не треба да се бунат. Hirsch вели дека чоколадото опу-шта бидејќи го подобрува испуштањето на серотонинот, односно хормонот за добро расположение. Освен тоа, слатките има-ат и улога на антидепресиви. Меѓутоа, на оние кои сакаат истовремено и слатко и солено, вели Hirsch, им недостасува глу-коза и натриум.

Извор: “Тпортал”, Загреб

Обама прогласи состојба на национална опасност

поради новиот грип

Американскиот претседател Барак Обама потпиша уредба со која поради грипот H1N1 се прогласува национална опасност, што на лекарите и медицинските установи ќе им даде поголем маневарски простор во одговорот на пандемијата од новиот грип

Уредбата ќе им овозможи на медицински-те установи подобро да се носат со пора-стот на број на пациенти од грипот, и спо-ред потребата да бараат сојузни средства.“Темелот на нашиот национален пристап кон H1N1 беше приправноста на сите ни-воа, лична, деловна и владина, а оваа про-кламација помага да се подобри нашата вкупна способност на одговор”, наведува Белата куќа во соопштението.Но, приправноста за која Белата куќа го- вори во соопштението, не е толку воочли-ва на терен каде се чувствува недостаток на вакцини против вирусот H1N1, до кои тешко се доаѓа. Поради неуспехот во производството на вакцини, наместо

очекуваните 40 милиони дози до крајот на октомври, овие денови се испорачани са- мо 16,1 милион дози, па главно се вакци-нираат само ризичните групи, а останатите граѓани со часови чекаат за вакцинирање во долги редици пред клиниките.Со грипот H1N1 заразени се милиони Аме-риканци, а од почетокот на пандемијата во април, умреле скоро стотина деца. Директорот на националната епидемио-лошка служба - Центарот за надзор и превенција на болести (CDC) од Атланта, изјави дека повеќе од илјада луѓе до сега умреле од грипот, и дека од 46 од 50-те сојузни држави е известено за широка распространетост на вирусот H1N1.“Од почетокот на пандемијата имаме по-веќе од 1000 мртви и 20.000 хоспитали-зирани. Очекуваме заразата да оди во бранови, но не можеме да предвидиме кога тие бранови ќе се случат”, рече ди-ректорот на CDC Dr. Thomas Frieden.Напоредно со кампањата за вакцинирање против грипот H1N1, се одвива и вакцини-рањето против сезонскиот грип, а вакци-ните се достапни на секој чекор, од лекар- ските ординации до големите самопослу-

жувања и трговски центри по цена од 25-30 долари, па досега се вакцинирани око-лу 60 милиони Американци.

Извор: “Монитор”, Загреб

Депресија поради гледање ТВ во ситните часови

Новите истражувања покажале дека деца-та кои до ситните часови гледаат теле-визија имаат рани симптоми на депресија

Депресијата не доаѓа поради лошата про-грама, што веројатно веднаш помисливте, туку поради преголемата количина на вештачко светло ноќе која доведува до промена на расположението, односно гу-бење на енергијата, а сето тоа до еден об-лик на депресија, предупредуваат струч- њаците. Истражувањето спроведено на глувци на Универзитетот во Охајо резулти-рало со тоа дека глувците кои поминале 24 часа под вештачко светло биле далеку подепресивни од оние кои поминале 24 часа под сончева светлина.Тим на научници на чело со професорот Randy Nelson на крајот предупредува дека е потребно да се посвети далеку повеќе внимание на светлото на кое сме изложени бидејќи тоа директно влијае на нашите емоции и емоционалните пробле-ми. Меѓу останатото, ова истражување ќе им помогне и на многу луѓе кои работат во ноќни смени, како и на децата кои до ситните часови гледаат телевизија или пак се залепени до своите компјутери. Конеч-ните резултати на ова истражување ќе бидат објавени во магазинот Behavioral Brain Research.

Извор: “Тпортал”, Загреб

Dr. Thomas Frieden

Page 49: Izbor br.10

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Sport Horoskop 49

Агаси во автобиографија признал дека се дрогирал

Еден од најдобрите тенисери на сите вре- миња открива како во 1997-та како Супер-мен го прешол Рубикон опиен со наркотици

Прославениот американски тенисер Ан-дре Агаси (39) уште еден е меѓу познатите спортисти кои добиле напад за пишување за себе. Во автобиографијата “Отворено”, која ќе биде во продажба од 9 ноември, со дополнителна искреност признава де-ка се дрогирал.Во изводите кои ги објавиле поедини американски весници се дознава дека своевремено најдобриот тенисер на све-тот, освојувач на сите четири турнири за грен-слем и олимписки победник во Ат-ланта 1996 почнал да користи наркотици 1997 година, во зрелото играчко доба. Ед-наш на допинг тест е востановено дека земал метамфетамин, а за тоа во САД е можна затворска казна од пет години. Таа синтетичка дрога бргу предизвикува за-висност. Нејзините стимулативни својства се слични на адреналинот, но последиците можат да бидат и посериозни од оние кои ги предизвикува кокаинот.

На Агаси му се заканувал своевиден ос-тракизам. Требало да биде “прогонет” од “белиот спорт” на некое време, но тени-ските татковци му поверувале на неговото правдање во писмото до Здружението на тениските професионалци (ATP) па му е прогледано низ прсти. Агаси ги излажал дека метамфетаминот во неговиот орга-низам дошол случајно. Испил, наводно, минерална вода од шишето на еден од своите тренери, некој Слим, кого подоцна

го отпуштил, под изговор дека е наркоман.- Секако, се срамев. Се заколнав на себе дека е тоа мојата последна лага, но тогаш морав во писмото да излажам дека не-дозволените супстанци ги користел мо-јот тренер, кој ставал во водата некаков прашок, а јас само еднаш, не размислу-вајќи, сум отпил од неговото шишенце - открива Агаси во својата исповед. - Па-метам кога дознав дека сум паднал на допинг-тестот. Ми заѕвони телефонот и како да слушав глас кој ми говори да ум-рам. Моето име, мојата кариера, сето она поради кое се трудев многу години можеше да се сруши. Немав каде, морав да напишам писмо до ATP во кое имаше невистини.

Годината 1997 била за заборав во карие-рата на Агаси. Поради повреда одиграл само 24 меча. Не зел ни една вредна титу-ла, а претходно бил трострук грен-слем шампион, олимписки победник и водечки на светската листа - 30 недели 1995-тата и две 1996-тата. На крајот на кобната се-зона главоломно се спуштил на 141-то ме-сто. Решил да го прејде Рубикон.- Слим ме праша дали сакам да полетам високо со него. Го стави прашокот на маса. Зеде прво тој, а по него и јас. На почетокот бев тажен, а потоа настана еуфорија. Навистина се чувствував како што рече Слим. Бев како Супермен.Агаси кариерата ја заврши пред три го-дини. Освои 68 трофеи, а осум пати триумфираше на четирите најголеми тур-нири. Првопласиран беше 100 недели со прекини. Почетокот на неговата аван- тура со дрогата се поклопува со женидба-та со познатата актерка Брук Шилдс. Се разведоа 1999, а таа година единствен пат победи на “Ролан Гарос” во Париз. На жен-скиот турнир триумфираше Германката Штефи Граф. Ги спои традиционалниот

шампионски бал. Денес имаат син и ќер-ка. Неговото писмо до раководството на светскиот тенис завршило во некоја фио-ка и за тоа не се слушнала ни буква. Сè до-дека сјајниот тенисер Агаси можеби не го зачешала совеста...

Извор: “Политика”, Белград, автор: Г. Анѓелиќ

ОВЕН

Нови настани на деловната сцена до-полнително ја компликуваат Вашата со- работничка или статусна положба. Не-кој од соработниците настојува да ги ог-раничи Вашите можности, така што не- надејно Ве доведува во непријатна си-туација. Немојте да дозволите некој да Ве испровоцира на деловно-финансиски ризик. Бидете доволно воздржани, но и ефикасни во секој поглед. Во љубовниот однос, партнерот се обидува да Ви намет-не некои свои идеи или правила на одне-сување. Не сакате да се наоѓате во нечија “сенка”, но не го гледате ни излезот од моментна ситуација. Доколку сте слобод-ни, Ве очекуваат интересни средби и нео-бично познанство. До љубовна романса се стигнува низ различни фази на емотивно зближување.

БИК

Околината на различни начини ги комен- тира Вашите деловни идеи, затоа разми-слете за нечија сугестија и влијание. Но-вите настани треба да ги проценувате од различни агли, за правилно да ги согледате сите можности или ограничувања кои вла-деат на деловната сцена. Заедничкиот до-говор претставува позитивен напредок во решавањето на важните деловни аспекти. Ви недостасува поттик и топла емотивна фаза, па ги преувеличувате своите потре-би и пронаоѓате различни замерки. Нема причина да се однесувате премногу строго кон саканата личност. Слободно изразете ги своите потиснати чувства или намери во односот со блиската личност. Направете некој особен гест на внимание во прилог на заедничката среќа.

БЛИЗНАЦИ

Успех е неможно да остварите без прециз-ни информации и детали подготовки. Обрнете внимание на корисни сугестии, некој Ве наведува на добро решение и ја поттикнува Вашата ангажираност на различни страни. Потрудете се да ги остварите своите цели во склад со пропишаните норми за успешно работе-ње, почитувајте го основниот протокол. Делувате задоволно во однос на саканата личност, претчувствувате “врв” на заед-ничката среќа. Доколку сте слободни, Ви претстои фаза на вљубување или низа на возбудливи средби кои ќе го разубават Вашиот свет на интимата. Не можете да останете рамнодушни на нечија појава, поттик или на “љубовно влијание”.

Page 50: Izbor br.10

Izbor Izbor

ВАГА

Важно Ви е да го забрзате деловниот дого-вор, но постојат ненадејни компликации или проблеми кои објективно Ве за-бавуваат. Некој од соработниците из-бегнува да го заврши својот дел од обвр-ските, што предизвикува дополните проблеми. Делувате загрижено поради нови информации на деловната сцена и не сакате да се помирите со просечните резултати. Склони сте кон чести промени во емотивното расположение, имате впе- чаток дека некој Ве оптоварува со своите барања. Нема причина да ѝ пригова-рате на саканата личност поради неис-полнетите ветувања. Покажете нота на самокритичност, причината за емотив-ните недоразбирања се наоѓа на обете страни. И самите носите “дел од вината”. Искреноста во односот со партнерот до-несува ново емотивно зближување.

СКОРПИЈА

Се обидувате да ги унапредите различните услови и деловни можности, но замер-ките кои им ги упатувате на своите со-работници не го донесуваат саканиот ефект. Чувствувате психолошки притисок во желбата работите да ги добијат вис-тинската смисла и значење. Бидете про- мислени, прифатете ги обврските за кои постојат заеднички интереси. Секогаш постои начин да се оствари добар ком-промис. Некој Ве инспирира на активна улога во емотивната врска. Се наоѓате во прилика да го промените својот љу-бовен живот и да доживеете некои не-заборавни или волшебни моменти во блиското друштво. Употребете ги своите заводнички манири, немојте да дозволите да Ви недостигаат мечта, романтичност и нежност во друштво на саканата личност.

СТРЕЛЕЦ

Во деловните кругови често го водите главниот збор и очекувате од другите до-следно да ги следат Вашите идеи. Умеете да го наметнете своето мислење пред со-работниците и да остварите важна улога во деловните преговори. Заинтересирани сте за посовремени решенија и за профе-сионално усовршување. Блиц проценката на можностите и способноста за добра деловна организација донесува нов успех. Уживате во различни емотивни контакти или средби. Многу работи стануваат достижни, дури кога своите мисли и чувства ќе ги поделите со бли- ската личност. Чувствувате голем емоти-вен занес и не го криете своето воодушеву-вање, Ви годи љубовниот третман кој го добивате во друштво на саканата личност.

ЈАРЕЦ

Делувате вознемирено поради нечии критики и се обидувате да ги промените основните услови во своето деловно оп-кружување. Понекогаш не е лесно да се остварат сите замислени цели, но Вие не се откажувате лесно пред различните препреки. Важно е правилно да се орга-низирате, употребете ја успешната фор-мула и немојте да дозволите некој да Ве престигне во намерите кои ги имате. Наидувате на нечие емотивно разбира- ње. Помеѓу Вас и саканата личност провеју-ваат “искри”, потребно е да го обновите љубовниот дијалог и хармоничната врска. Доколку сте млади или слободни, нечие интересирање или постапки ги толкувате на погрешен начин и во склад со своите емотивни потреби.

ВОДОЛИЈА

Се наоѓате во фаза на креативно издигну-вање, така што делувате снаодливо и оригинално во однос на својата околина. Селективно ги избирате ситуациите во кои можете да ги претставите своите професионални способности. Сепак, по- времено треба да прифатите и компро-мисна варијанта. Вашите желби да доми- нирате на јавната сцена или во односите со блиската околина, имаат свои доб-ри и лоши страни. Нема причина да ги заборавите основните мерила на вредно-сти или на редоследот на нештата кои го одредуваат Вашиот интимен живот. Во односот со саканата личност сè станува “бледо”, ако не постои взаемна искре-ност. Потребно е да го почувствувате заед-ничкиот импулс кој емотивно Ве зближува и дополнува на различни начини.

РИБИ

Повнимателно анализирајте ги своите соработници, за правилно да ги разбе-рете нивните деловни мотиви или инте-реси. Нема причина да се однесувате претенциозно пред деловните партнери, на таков начин го свртувате вниманието на себе и давате повод за различни ко-ментари. Исполнети сте со креативна енергија и промислено ги решавате ком-плицираните ситуации. Добро одмерете ги своите цели и улогата која ја имате. Се разликувате по начинот на размислување и делување во однос на саканата личност, но тоа нема да Ви пречи да почувствувате заедничко задоволство. Понекогаш “ма-лите емотивни искри” имаат силно или позитивно влијание. Вашиот однос со бли- ската личност потсетува на “љубовна иг-ра”, која делува инспиративно и забавно.

РАК

Се наоѓате во креативна фаза, постојано смислувате нови идеи и ја поттикнувате својата околина на дополнителна актив-ност. Важно Ви е ефикасно да решите некои прашања., кои ќе Ви обезбедат долго-рочна соработка или парична добивка. Потребни Ви се широки овластувања во деловното организирање и работење, умеете да процените добра прилика и вистински вредности. Не можете да го испланирате секој детаљ од заедничкиот живот со блиската личност. Без оглед на забелешките кои повремено ги добивате, покажете дека Ви е важна заедничката среќа или взаемната доверба. Понекогаш и малите нешта донесуваат големо емо-тивно задоволство, ако правилно ги вреднувате и заеднички ги делите со саканата личност.

ЛАВ

Се обидувате да создадете подобри усло-ви и да ги остварите своите деловни ин-тереси. Без оглед на својата практична способност, не можете секогаш да ги ускладите различните интересирања и да ги исполните очекувањата на неко-го. Потребно е да формирате нови критериу-ми, соработниците понекогаш имаат неза- менлива улога во решавањето на делов-ните дилеми. Некој Ви дава добар при- мер. Преиспитајте ја својата улога во односот со една блиска личност. Делу-вате вознемирено, летаргично сте распо-ложени и склони кон претерување во изразување на своите чувства или по-треби. Често реагирате импулсивно или раздразливо кон саканата личност, нема причина дополнително да го комплици-рате својот љубовен однос.

ДЕВИЦА

Сте презеле голема одговорност кон со-работниците, но кога постои судир на различни влијание и мислења не е лесно да се пронајде заедничкиот интерес. Потребно е да подвлечете линија и да се определите за нов модел на успешна сора-ботка. Не можете сè да држите под своја контрола и не треба да се докажувате на некои погрешни страни. Забележувате различни детали во љубовниот однос и смислено ги затворате очите пред нешта-та кои не Ви се допаѓаат, но тоа е само привремено решение. Партнерот има свои приоритети, така што не обрнува внимание на Вашите планови. Вие сте личност која не се согласува со споредна улога во заедничкиот однос, не сакате да трпите нечија самоволја или емотивни хирови.

50 Nedelen horoskop od 02. 11. do 08. 11.