informator na fondacijata apolonija br.21

4
10 години ГЕВГЕЛИСКА ПРОЛЕТ БРОЈНИ КОНЦЕРТИ поддржани од Министерство за култура на Р.М ПРИЈАТЕЛИ: Активности - ДЕН СО ПРИРОДАТА 2 Грижата за младите наш императив Играчки и козметика без штетни материи 2 Натпревари во барменство 3 За нас 4 Еко календар 4 Кикбокс клуб Аполонија 3 Пресек на ликовното творештво на Васко Василев од Р.Бугарија 3 Apollonia Foundation 05.02.2010 Бр. 21 Sodr`ina Фондацијата Аполонија годинава по десетти пат ја организира музичката манифестација Гевгелиска пролет 2010 - Музички моменти. Овогодишната сезона беше отворена со гитарски концерт посветен на 200 годишнината од раѓањето на музичкиот творец Фредерик Шопен. На програмата настапија шест студенти од класата на професорката Доц. М-р.Тања Јанкова од Факултетот за музичка уметност во Скопје. Инаку Тања Јанкова е добитник на прва награда на Републичкиот натпревар за гитара во Скопје и втора за камерна музика. Публиката беше воодушевена од настапите на студентите: Бојан Гажоски, Денис Горгиевски, Миле Горгески, Александар Георгиевски, Драган Јанев и Владимир Чадиковски. Манифестациите Гевгелиска пролет и Гевгелиска музичка есен годинава се поддржани и од Министерството за култура на Р.М акедонија. www.gevgelija.gov.mk www.gvg.com.mk www.biblioteka.edu.mk

Upload: apollonia-foundation

Post on 30-Mar-2016

248 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

www.gvg.com.mk www.gevgelija.gov.mk www.biblioteka.edu.mk Активности - ДЕН СО ПРИРОДАТА ПРИЈАТЕЛИ: Грижата за младите наш императив Играчки и козметика без штетни материи Еко календар 4 Натпревари во барменство Пресек на ликовното творештво на Васко Василев од Р.Бугарија Кикбокс клуб Аполонија 3 2 3 Страна 2ApolloniaFoundationINFO Грижата за младите наш императив Играчки и козметика без штетни материи Активности - ДЕН СО ПРИРОДАТА

TRANSCRIPT

Page 1: Informator na Fondacijata Apolonija Br.21

10 години ГЕВГЕЛИСКА ПРОЛЕТ

БРОЈНИ КОНЦЕРТИ

поддржани од Министерство за култура на Р.М

ПРИЈАТЕЛИ:

Активности - ДЕН СО ПРИРОДАТА

2

Грижата за младите наш императив

Играчки и козметика без штетни материи

2

Натпревари во барменство

3

За нас 4

Еко календар 4

Кикбокс клуб Аполонија 3

Пресек на ликовното творештво на Васко Василев од Р.Бугарија

3

Apollonia Foundation

05.02.2010 Бр. 21

Sodr`ina

Фондацијата Аполонија

годинава по десетти пат ја

о р г а н и з и р а м у з и ч к а т а

манифестација Гевгелиска пролет

2010 - Музички моменти.

Овогодишната сезона беше

отворена со гитарски концерт

посветен на 200 годишнината од

раѓањето на музичкиот творец

Фредерик Шопен. На програмата

настапија шест студенти од класата

на професорката Доц. М-р.Тања

Јанкова од Факултетот за музичка уметност во Скопје. Инаку Тања Јанкова

е добитник на прва награда на Републичкиот натпревар за гитара во

Скопје и втора за камерна музика. Публиката беше воодушевена од

настапите на студентите: Бојан

Гажоски, Денис Горгиевски,

Миле Горгески, Александар

Георгиевски, Драган Јанев и

Владимир Чадиковски.

Манифестациите Гевгелиска пролет и

Гевгелиска музичка есен годинава се

поддржани и од Министерството за култура

на Р.М акедонија.

www.gevgelija.gov.mk

www.gvg.com.mk

www.biblioteka.edu.mk

Page 2: Informator na Fondacijata Apolonija Br.21

Страна 2 Apollonia Foundation INFO

Во хотелот Аполонија во Декември се одржа предавање на тема безбедност на детските играчки и

безбедност на козметичките производи кое беше во организација на потрошувачи на Македонија и

финансиски подржано од Германското друштво за техничка соработка. На предавањето беа промовирани

брошури од страна на правните советнички од

Организацијата на потрошувачи Мирјана Лончар и

Татјана Тасевска. “Никој во државава не гарантира

дека одредени играчки и козметички производи кои

се продаваат на трговската мрежа се целосно

безбедни, особено не оние кои се увезени од Кина.

Затоа треба потрошувачите да обрнат внимание на

производот дали има декларација и рокови“ вели

Тасевска. Предавањето го следеа претставници од

детските градинки, игротеки, козметичари,

здруженија на граѓани, невладини организации и

други заинтересирани потрошувачи.

Активности - ДЕН СО ПРИРОДАТА

Проектот за деца “Ден со природата“ продолжува со своите

активности и во 2010 година. Месецот Јануари беше посветен на темата

“Екологија во нашата заедница“, со главна цел да ги научиме децата за

рециклирање, редуцирање и реупотребување. Така едно студено

саботно утро го посетивме

претпријатието за отпад

“Близнак ком“ кој се наоѓа на

периферието на Гевгелија, близу

излетничкото место “Динќут“.

Љубезниот персонал овде ни

објасни како ги делат и подготвуваат хартијата и пластиката за

рециклирање, што се случува

понатаму со нив а можевме

да видиме и некои од

продуктите кои се добиваат при процесот на рециклирање. Од

старата хартија во една

фабрика во Скопје се

прави нова хаrтија во вид

на картонска амбалажа,

хартиени ќеси, дури и

нови тетратки може да се

направат, од пластиката се

прави гранулат кој може да послужи за добивање нови пластични

цевки, а ПЕТ амбалажата се топи и понатаму повторно се

обработува. Она што беше доста интересно за помнење е тоа дека за

едно пластично шише целосно да се распадне потребни се 450-700

години. Низ разговорот дознавме дека сегашните деца ги нарекуваат “нафтени деца“, заради тоа што

поголемиот дел од облеката и исхраната е вештачки создадена, за разлика од порано кога се користеле

природните ресурси на сосема поинаков начин.

Грижата за младите наш императив

Играчки и козметика без штетни материи

Page 3: Informator na Fondacijata Apolonija Br.21

Страна 3 Apollonia Foundation INFO

Прв пат годинава

Асоцијацијата на

б а р м е н и в о

М а к е д о н и ј а

организира во Скопје

натпревар за бармени

членови на асоцијацијата кој се одржува во 4 кола

и 2 групи. Хотелот Аполонија е дел од овие

натревари со свои претставници: Александар

Василев, Виктор Глигоров и Томче Ташев. Во

досегашниот тек на двете кола, покрај силната

конкуренција нашите натпреварувачи успеаја да го

освојат шестото место. Остануваат уште две

натпреварувачки кола и сите навиваме за подобар

пласман. Пред сè ова учество е дел од проектот за

обука на персоналот во секторот Храна и пијалоци

при хотелот Аполонија.

Натпревари во барменство

Пресек на ликовното творештво на сликарот Васко Василев од Р.Бугарија

http://vasilevart.hit.bg/

Кикбокс клуб Аполонија

Последните два

дена од минатиот

месец во Белград се

оддржа натпревар во

кикбокс. На овој

м е ѓ у н а р о д е н

натпревар Кикбокс

клубот Аполонија од

Гевгелија го претставуваа натпреварувачот Горан

Грошев борец во

категорија +91, и

неговиот тренер

Атанас Стојковски -

п о в е ќ е к р а т е н

ш а м п и о н в о

р а м к и т е н а

Балканските и

Европските кикбокс

натпревари.

Важно е да се каже дека кикбоксот како

спорт во Гевгелија го негува и развива кикбокс

клубот Аполонија со вклучување на млади и

талентирани деца и младинци од општината.

Според обемната програма на клубот за оваа година

издвојуваме учество на Балканското првенство во

Србија, Европското сениорски првенство во Баку

Азербејџан како и светскиот куп во Унгарија и други

во земјата и надвор од неа. Им посакуваме многу

успеси.

Васко Василев е значаен ликовен уметник од Севлиево, Бугарија кој беше

еден од меѓународните учесници во традиционалната ликовна колонија

Аполонија 2009. Во неговото творештво е застапена повеќе техниката маслени

бои и акварел. Роден е 1961 год во Габрово - Бугарија, а живее и работи во

Севлиево. Дипломирал уметност на

Универзитетот во Бугарија.

Досега во јавноста се претставил со 14

индивидуални изложби, бил дел од 36

групни изложби во Севлиево, Габрово,

Велико Трново, Софија, Перник, Ловеч.

Освен ова забележителен му е настапот и на

две самостојни изложби на карикатура во

Севлиево, а учествувал и во муѓународни

изложби на карикатура во Белгија, Франција, Германија, Турција,

Македонија и Швајцарија.

За повеќе информации посетете ја следнава страна:

Page 4: Informator na Fondacijata Apolonija Br.21

Аdress: Gevgeliski Partizanski Odred 1 1480 Gevgelija R. Macedonia

Тelephone: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: [email protected] [email protected]

Apollonia Foundation

ЕКО КАЛЕНДАР

ИДНИ НАСТАНИ:

Фебруари

Пијано концерт

Jана Павловска

23.02.2009 Куманово

Дом на култура

Изложба на ДЛУГ -

Друштвото на ликовни

уметници од Гевгелија

2009 - та

Година на бројни активности

Во Хотелот Аполонија во 2009 година беа

одржани 7 концерти:

Велигденски концерт на класична музика –

децата од музичкото училиште Васо Карајанов

од класата на проф. Љубица Улишева;

Поетско музичка вечер со наслов Љубовта

водилка – организирана од Дом на култура;

Пијано концерт на Елена Костовска;

Концерт и изложба по повод Св. Кирил и

Методиј – организиран од Општина Гевгелија,

Концерт на Емил Рибарски;

Концерт на Климент Тодороски (виолина) и

Марија Вршкова (пијано);

Концерт на класата студенти на проф. Симон

Трпчески;

Новогодишен концерт на учениците во

музичкото училиште Васо Карајанов од класата

на проф. Љубица Улишева.

Join the groups

Nature Day and

Apollonia Foundation

on FACEBOOK

A painter paints pictures

on canvas. But musicians

paint their pictures on

silence.

~Leopold Stokowski