informator na fondacijata apolonija br 36

4
ПРИЈАТЕЛИ: Фондација „Аполонија“ 06.05.2011 Бр. 36 Светски ден на планетата Земја 1 Аполонија – Ден на крводарување 2 „Дениција“ 3 Планинарски маратон 3 Поетска средба со Санде Стојчевски 3 ЕКО КАЛЕНДАР 4 Семинар на Мировен Корпус 3 Концерт дуо хармоники 2 Театарска претстава „Играме за аплауз“ 2 За нас 4 Содржина: www.gevgelija.gov.mk www.gvg.com.mk www.gevgelijanet.com Светски ден на планетата Земја По повод одбележувањето на „Светскиот ден на планетата Земја“, на 20-ти Април, во и пред Градската Библиотека се одржа манифестација наречена „Зелен саем во Гевгелија“, организирана од страна на Фондација „Аполонија“ во соработка со Градска Библиотека „Гоце Делчев“. Во рамките на оваа манифестација се одржа изложба на детски цртежи, фотографии и ракотворби од деца, беа објавени наградените литературни и ликовни творби на теми поврзани со планетата Земја, природата и нашата околина. Целта на овој настан беше: -Да се создаде свест за заштита на човековата околина во иднина; -Да се вклучат децата од основните училишта во општина Гевгелија и граѓаните на Гевгелија во настаните, притоа насочувајќи го секој граѓанин како да се однесува со природата; -Да се создаде можност за општинските институции, училиштата, еко здруженијата и други фирми и компании да бидат дел од оваа акција за заштита на нашата околина. Во овој настан учество со свои презентации и штандови имаа и Slow Food - Tera од Гевгелија и Планинарското друштво “Кожуф“ од Гевгелија. Со оглед на посетеноста на овој настан од страна на граѓаните на Гевгелија, се надеваме оваа манифестација ќе прерасне во традиција.

Upload: apollonia-foundation

Post on 22-Mar-2016

240 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

Аполонија – Ден на крводарување Содржина: Концерт дуо хармоники Поетска средба со Санде Стојчевски Светски ден на планетата Земја 2 Театарска претстава „Играме за аплауз“ 1 ЕКО КАЛЕНДАР 2 2 3 За нас „Дениција“ Фондација „Аполонија“ 3 3 4 3 4 Концерт дуо хармоники Аполонија – Ден на крводарување Театарска претстава „Играме за аплауз“ Стр. 2 Фондација „Аполонија“ Информатор

TRANSCRIPT

Page 1: Informator na fondacijata Apolonija Br 36

ПРИЈАТЕЛИ:

Фондација „Аполонија“

06.05.2011 Бр. 36

Светски ден на

планетата Земја

1

Аполонија – Ден на

крводарување

2

„Дениција“ 3

Планинарски

маратон

3

Поетска средба со

Санде Стојчевски

3

ЕКО КАЛЕНДАР 4

Семинар на Мировен

Корпус

3

Концерт дуо

хармоники

2

Театарска претстава

„Играме за аплауз“

2

За нас 4

Содржина:

www.gevgelija.gov.mk

www.gvg.com.mk

www.gevgelijanet.com

Светски ден на планетата Земја

По повод одбележувањето на

„Светскиот ден на планетата Земја“, на

20-ти Април, во и пред Градската

Библиотека се одржа манифестација

наречена „Зелен саем во Гевгелија“,

организирана од страна на Фондација

„Аполонија“ во соработка со Градска

Библиотека „Гоце Делчев“. Во рамките

на оваа манифестација се одржа

изложба на детски цртежи,

фотографии и ракотворби од деца, беа

објавени наградените литературни и ликовни творби на теми поврзани со

планетата Земја, природата и нашата околина. Целта на овој настан беше:

-Да се создаде свест за заштита на човековата околина во иднина;

-Да се вклучат децата од основните училишта во општина Гевгелија и граѓаните

на Гевгелија во настаните, притоа насочувајќи го секој граѓанин

к а к о д а с е о д н е с у в а с о п р и р о д а т а ;

-Да се создаде можност за општинските институции, училиштата, еко

здруженијата и други фирми и компании да бидат дел од оваа акција за заштита

на нашата околина.

Во овој настан учество со свои презентации и

штандови имаа и Slow Food - Tera од Гевгелија и

Планинарското друштво “Кожуф“ од Гевгелија.

Со оглед на посетеноста на овој настан од страна

на граѓаните на Гевгелија, се надеваме оваа

манифестација ќе прерасне во традиција.

Page 2: Informator na fondacijata Apolonija Br 36

Стр. 2 Фондација „Аполонија“ Информатор

Аполонија – Ден на крводарување

Во организација на Фондација „Аполонија“, а во соработка со

Општинскиот Црвен Крст и Службата за трансфузиологија при

Општа Болница од Гевгелија, во просториите на хотел

„Аполонија“, на 19-ти Април се одржа еднодневна крводарителска

акција. Акцијата претставува проектна определба на посветените

членови на Фондацијата, преку крводарителството да се вклучат

во остварувањето на една од најблагородните човечки активности,

а тоа е донирањето на сопствената крв за здравствени потреби на

друго лице, на кое таа му е потребна.

Акцијата “Аполонија – Ден на крводарување“ се организира два

пати годишно, една пролетна и една есенска, во соработка со Општинската Организација на ЦК и Службата за

трансфузиологија при ЈЗУ Општа Болница, со кои минатата година Фондацијата потпиша меморандум за соработка,

остварување оперативни подготовки и спроведување на истата во континуитет.

Првиот „Аполонија - ден на

крводарување“ го организиравме во

Октомври минатата година и имавме

одзив од 47 крводарители. Во вториот

„Аполонија - ден на крводарување“

одзивот беше зголемен, акцијата траеше

од 10 до 19 часот и беа собрани 60 крвни

единици. Посебно нè радува фактот дека

млади луѓе, кои прв пат даруваа крв, зедоа

учество во оваа акција.

На 9-ти Април, во просториите на Пионерскиот Дом, гевгелиската публика ја имаше честа да ужива во прекрасната

изведба на комедијата „Играме за аплауз“, изведена од страна на актерите од Драмското студио – Тетово. Актерите ја

оставија публиката без здив со нивнoтo професионалнo изведување на претставата. Оваа претстава претставуваше дел

манифестацијата „Гевгелија град на културата 2011“.

Концерт дуо хармоники

Театарска претстава „Играме за аплауз“

Постдипломците на Факултетот за музички уметности, во класата на проф.

Зорица Каракутовска, Филип Стамевски и Бојан Волчевски, на 5-ти Април во

просториите на хотел „Аполонија“ одржаа концерт, како дел од програмските

културни случувања во градот на културата за 2011 година. Публиката во

Гевгелија ја почувствува умешноста на овие двајца млади талентирани

уметници низ изведбата на делата на Вивалди, Менделсон, Золотарјов, Бизов и

Гаљано.

Како гости на концертот во Гевгелија

настапија и учениците по клавир од

Музичкото училиште “Васо Карајанов“

од класата на проф. Љубица

Улишева и учениците по флејта од класата на проф. Сузана Стефановска, кои

изведоа дел од своите подготвителни настапи за претстојниот државен

натпревар што се одржа од 7-ми до 9-ти Април во Скопје. Повеќе информации

за овој настан, може да најдете на следниов линк: http://

www.gevgelijanet.com/art-/1407-2011-04-07-00-27-42.html

Page 3: Informator na fondacijata Apolonija Br 36

Стр. 3 Фондација „Аполонија“ Информатор

По повод свеченото отварање на „Гевгелија-град на културата

2011“, на 16-ти Април, на терасата на хотел „Аполонија“ беше

одржан поетски портрет на големиот македонски поет,

романсиер, драмски автор и добитник на многу награди и

признанија за литература, носител на Орден за заслуги за

Македонија, великанот Петре М.Андреевски. Ноќта посветена

на Петре М.Андреевски беше во знакот на поемата „Дениција“,

за која се вели дека е колаж од стотина мали приказни, кои

заедно можат да ја дадат дефиницијата за љубовта.

Манифестацијата беше збогатена со музичко-сценски-

уметнички перформанс во издание на академскиот сликар Сергеј Андреевски. Повеќе информации може да прочитате

на следниов линк: http://www.gevgelijanet.com/art-/1429-2011-04-18-01-01-33.html.

„Дениција“

Планинарски маратон

Во организација

на Градската

библиотека

„Гоце Делчев“,

во просториите

на хотел

„Аполонија“, се

одржа поетска

средба со Санде

Стојчевски.

Манифестацијата ја отвори директорот на Градската

библиотека, Драги Хаџиниколов-Аџи, а потоа следуваше

интерпретација на поезијата на Стојчевски од страна на

учениците од средното и основните училишта во

Гевгелија, придружувани со инструментална музика од

учениците од Музичкото училиште „Васо Карајанов“.

Санде Стојчевски е македонски поет, есеист,

книжевен критичар и преведувач. Дипломирал на

Филолошкиот факултет во Скопје. Работи во Националната

универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ -

Скопје и уредник е на списанијата „Стремеж“ - Прилеп и

„Акт“ - Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на

Друштвото на писателите на Македонија.

Поетска средба со Санде Стојчевски Семинар на Мировен корпус

Со цел да се помогне во подобрувањето и збогатувањето

на соработката помеѓу волонтерите на Мировниот

Корпус, кои служат во Македонија и нивните

соработници, Мировниот корпус на почетокот на Април

организираше семинар-обука како дел од циклусот обуки

за волонтерите и соработниците на Мировниот Корпус.

Темите кои ги опфати семинарот беа: улогата на

волонтерите во заедницата, културните разлики, Законот

за НВО и Законот за волонтеризам, ИПА фондовите,

соработката меѓу општините и граѓаните, како и развојот

на туризмот. Тимовите кои учествуваа требаше да

развијат работен план за двегодишен волонтерски

мандат.

Во спомен на починатиот планинар Перо Илиевски, Планинарското друштво

„Кожув“-Гевгелија на 23-ти Април организираше планинарски маратон „Перо

Илиевски-2011“. Меморијалниот марш се одржа на патеката с. Конско – с. Ума –

Лековита вода. Овој маратон се одржа и за да се презентира планинарскиот

спорт, љубовта кон планината и

природните убавини на планинските

села во општината Гевгелија и

зачувувањето на човековата средина.

Како учесници во овој марш се јавија и

децата од проектот „Ден со природата“.

Како дел од проект, кој ги подучува

младите како да ја зачувуваат природата, децата од „Ден со природата“

активно учествуваа во маршот и уште еднаш покажаа дека секој ден е „Ден

со природата“. Со мали гестови од нивна страна, но големи за природата, тие

покажаа еколошка свест, со тоа што ги поттикнаа своите врсници да ги

почитуваат подароците од мајката Природа.

Page 4: Informator na fondacijata Apolonija Br 36

ЕКО КАЛЕНДАР

ИДНИ НАСТАНИ:

10.05.2011, 20:00ч

Концерт на Марија

Тренчевска

(пијано)

Хотел Аполонија

23.05 - 29.05.2011

Изложба на фотографии

“15 години Мировен Корпус

во Македонија“

Библиотека Гоце Делчев

За Нас

Телефон: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: [email protected] [email protected]

Адреса: Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Р.Македонија

Фондација „Аполонија“

Достигувања на фондација „Аполонија“ од

областа на спортот за 2010 година

Спортот игра значајна улога во позитивниот

физички и емоционален развој на децата и

возрасните, па затоа повторно во 2010

година фондацијата Аполонија обезбеди

значителна поддршка за: традиционалниот

Новогодишен турнир во мал фудбач "Eспeрo

63", баскет турнирот ГЕВДИОН 2010,

Отворени Забавни Фудбалски Школи 2010, а

исто така даде и донација за унапредување

на спортското образование на некои млади

спортисти, донација на Кик бокс клубот

Аполонија за организирање на Државно

првенство во Кик бокс во Гевгелија, учество

на Балканскиот шампионат во Бугарија каде

што Горан Грошев го освои златниот медал, а

исто така учествуваа и на меѓународниот

турнир во Србија.

Цртеж на ЕЛЕНА ИЛИЕВА IV одд при

ООУ „ВЛАДО КАНТАРЏИЕВ“ -

Освоено прво место на ликовниот

конкурс по повод „Денот на

планетата Земја 2011“