informator na fondacijata apolonija br 31

4
ПРИЈАТЕЛИ: Фондација Аполонија 14.12.2010 Бр. 31 Пијано концерт на Огненка Герасимовска 2 Ден на дрвото 2 Концерт - класа на Славица Галиќ- 2 Ден со природата во 3 Планинарски дом во Коњско 3 Уметници од ликовната колонија Аполонија 3 За нас 4 ЕКО КАЛЕНДАР 4 Содржина: www.gevgelija.gov.mk www.gvg.com.mk www.gevgelijanet.com Волонтер од Мировниот Корпус во Фондација Аполонија Почнувајќи од Декември во наредните две години, во фондација Аполонија ќе работи волонтер на Мировниот Корпус од Колорадо, по име Дејвид ван дер Веге. Тој има образование во областа заштита на човековата околина, работно искуство со невладини организации кои работат во областа екологија и искуство со деца а посебно е специјализиран за образование во природа. Ќе ни помага во фондацијата со проектите од областа заштита на околината како што се “Ден со природата“, програмата за рециклирање пластика, детски работилници и други проект идеи кои ќе ја подобрат нашата заедница. Мировниот корпус е агенција за доброволна служба на Владата на САД основана од страна на Претседателот Џон Ф.Кенеди во 1961 година. Во моментов над 7.700 американски доброволци на Мировниот корпус служат во повеќе од 73 земји. Во 2011, Мировниот корпус ќе прослави 50 години промоција на мир и пријателство во светот. Мисијата на Мировниот корпус има три едноставни цели: да им помага на луѓето од заинтересираните држави при остварувањето на нивните потреби за обука на мажи и жени; да помогне на луѓето на кои им служи да се стекнат со подобро разбирање за американците и да им помогне на луѓето од Америка да се стекнат со подобро разбирање за другите народи. За повеќе информации на организацијата на Мировниот корпус во Македонија посетете ја: www.macedonia.peacecorps.gov Годишна изложба на ДЛУГ На 3 Ноември во хотелот Аполонија беше отворена традиционалната годишна изложба на ДЛУГ - Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија. Овој настан беше дел од празничната програма на општината за 7 Ноември—денот на ослободувањето на Гевгелија. Со музичка изведба на неколку дела на градскиот хор Гортинија и со поздравниот говор на претседателот Мирјана Крстева Массетти за работата и уметничките вредности на друштвото беше отворена изложбата. Дваесет и девет дела (слики и скулптури) од исто толкав број на уметници беа изложени пред бројните претставници на уметничкиот и културен живот во Гевгелија, градоначалникот, и други влубеници во музичката и ликовна уметност. “Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија е матица што ги отвара вратите за секој што сака да премине од безбедната одаја на анонимноста до љубопитното око на публиката. Тоа веќе им успеа на плејада уметници што малиот град ги родил. Тие стигнаа и подалеку од очите на својата учица“ - Сребра Ѓорѓијевска, критичар на овогодишениот каталог на ДЛУГ.

Upload: apollonia-foundation

Post on 26-Mar-2016

223 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

ПРИЈАТЕЛИ: Пијано концерт на Огненка Герасимовска Концерт - класа на Славица Галиќ- Содржина: Уметници од ликовната колонија Аполонија Ден со природата во 3 ЕКО КАЛЕНДАР 2 3 3 Ден на дрвото Фондација Аполонија 4 За нас 2 4 2 Ден на дрвото Концерт - класа на Славица Галиќ-Петровска Пијано концерт на Огненка Герасимовска

TRANSCRIPT

Page 1: Informator na Fondacijata Apolonija Br 31

ПРИЈАТЕЛИ:

Фондација Аполонија

14.12.2010 Бр. 31

Пијано концерт на

Огненка Герасимовска

2

Ден на дрвото 2

Концерт - класа на

Славица Галиќ-

2

Ден со природата во 3

Планинарски дом во Коњско

3

Уметници од ликовната колонија Аполонија

3

За нас 4

ЕКО КАЛЕНДАР 4

Содржина:

www.gevgelija.gov.mk

www.gvg.com.mk

www.gevgelijanet.com

Волонтер од Мировниот Корпус во Фондација Аполонија

Почнувајќи од Декември во наредните две години, во фондација Аполонија ќе работи волонтер на Мировниот Корпус од Колорадо, по име Дејвид ван дер Веге. Тој има образование во областа заштита на човековата околина, работно искуство со невладини организации кои работат во областа екологија и искуство со деца а посебно е специјализиран за образование во природа. Ќе ни помага во фондацијата со проектите од

областа заштита на околината како што се “Ден со природата“, програмата за рециклирање пластика, детски работилници и други проект идеи кои ќе ја подобрат нашата заедница. Мировниот корпус е агенција за доброволна служба на Владата на САД основана од страна на Претседателот Џон Ф.Кенеди во 1961 година. Во моментов над 7.700 американски доброволци на Мировниот корпус служат во повеќе од 73 земји. Во 2011, Мировниот корпус ќе прослави 50 години промоција на мир и пријателство во светот. Мисијата на Мировниот корпус има три едноставни цели: да им помага на луѓето од заинтересираните држави при остварувањето на нивните потреби за обука на мажи и жени; да помогне на луѓето на кои им служи да се стекнат со подобро разбирање за американците и да им помогне на луѓето од Америка да се стекнат со подобро разбирање за другите народи. За повеќе информации на организацијата на Мировниот корпус во Македонија посетете ја: www.macedonia.peacecorps.gov

Годишна изложба на ДЛУГ

На 3 Ноември во хотелот Аполонија беше отворена традиционалната годишна изложба на ДЛУГ - Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија. Овој настан беше дел од празничната програма на општината за 7 Ноември—денот на ослободувањето на Гевгелија. Со музичка изведба на неколку дела на градскиот хор Гортинија и со поздравниот говор на претседателот Мирјана Крстева Массетти за работата и уметничките вредности на друштвото беше отворена изложбата. Дваесет и девет дела (слики и скулптури) од исто толкав број на уметници беа изложени пред бројните претставници на уметничкиот и културен живот во Гевгелија, градоначалникот, и други влубеници во музичката и ликовна уметност. “Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија е матица што ги отвара вратите за секој што сака да премине од безбедната одаја на анонимноста до љубопитното око на публиката. Тоа веќе им успеа на плејада уметници што малиот град ги родил. Тие стигнаа и подалеку од очите на својата учица“ - Сребра Ѓорѓијевска, критичар на овогодишениот каталог на ДЛУГ.

Page 2: Informator na Fondacijata Apolonija Br 31

Страна 2 Apollonia Foundation INFO

Пијано концерт на Огненка Герасимовска

Концерт - класа на Славица Галиќ-Петровска

Вториот концерт од класичната музичка програма “Гевгелиска

музичка есен 2010“, одржан во хотелот Аполонија во месецот

Ноември беше концертот на оперски арии и дуети. Концертот

беше изведен од десетина студенти на Факултетот за музичка

уметност од класата на проф. Славица Галиќ - Петровска и во

пијано придружба на проф. Јасминка Чакар. Арии од Шуман,

Моцарт, Пучини, Гуно, Верди, Сен Сан, Росини беа исполнети во

едночасовната програмата. Славица Петровска - Галиќ е

колоратурен сопран магистер по соло пеење оперски и концертен

солист. Дипломирала на Музичката академија во Скопје кај

професорот Коста Трпков. Критиката за неа има напишано: „...Таа

поседува еден полн со носивост глас, вонредни вокални нијанси,

чудесни пијанисима како и однегувано чувство за концертно-

вокално исполнувачко рамниште...", „Вонредно пеачко-артистички блесок" „Раскошни потенцијали". Славица исто така

е добитник на нашето највисоко признание - наградата „11 Октомври" во 2002 година. Концертот беше проследен со

големо воодушевување кај публиката.

Ден на дрвото

Во рамките на шестата акција за садење дрвца “Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“, на 19 Ноември во близина на каменоломот кај селото Прдејци, граѓаните на Гевгелија за 5 часа посадија 80.000 садници на чемпрес,багрем, јавор, даб и црн бор. Фондацијата Аполонија тадиционално се вклучи во оваа активност со повеќе од 20-тина деца од проектот Ден со природата како и вработени во Аполонија. Во исто време , на граничниот премин Богородица, по втор пат градоначалниците на двете соседни прекугранични општини Гевгелија и Поликастро засадија маслинови дрвца како симбол на мирот и добрососедството.

Пијано изведба од младата Огненка Герасимовска е она што беше на програмата за 15-тото концертно издание од “Гевгелиски музички моменти 2010“ - серијал на настани од класична музика во организација на фондација Аполонија и подржани од Министерство за култура на Македонија. Концертот се одржа на 16 Ноември во хотелот Аполонија. Ретката прилика на дружба на гевгелиската публика со делата на класичарите Огненка ја збогати со изведбите на Карневал опус 9 од Роберт Шуман, Концертната свита од балетот “Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски и Плетников, како и три танци од балетот “Пепелашка“ од авторот Прокофјев. Квалитетот на нејзината изведба беше потврда за големиот број признанија и награди што ги има освоено оваа 26 годишна пијанситка од кои се издвојуваат наградата “Климентина Рафајловска“ за најдобар

матурант, наградата “26 јули – Франк Манинг“ за 2007 и наградата за најдобар дипломиран студент во учебната 2006/07 на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од меѓународните се издвојуваат наградата: “Никола Рубинштајн“ на меѓународниот натпревар во Париз, Франција, потоа второ место на меѓународниот натпревар “Виртуози за музика на пијано“ во Усти над Лабем, Р. Чешка, Лауреат на ЕПТА меѓународен натпревар за млади пијанисти во Осиек, Хрватска, прва награда на “Интерфест“ во Битола, и трета награда на пијано натпреварот “Карл Дрецхел“ во Нирнберг Германија. За повеќе информации прочитајте на: www.gevgelijanet.com

Page 3: Informator na Fondacijata Apolonija Br 31

Страна 3 Apollonia Foundation INFO

Ден со природата во “Милисин”

На 21км од Гевгелија, на надморска височина од 630

метри на десната страна од патот крај село Коњско во

дабова и борова шума се наоѓа обновеното старо

школо и наменето во Планинарски Дом, (Планинарски

Дом ,, ТОМЕ-КРОТКИ’’) во кој планинарите може да се

одморат и да добијат повеке информации за

Планинарските патеки на Кожуф Планина. Домот

располага со две спални соби со по петнааесет кревети,

трепезарија за 50 гости и комплетно опремена кујна.

Домот е во сопственост на Планинарко Друштво

’’КОЖУФ’’- Гевгелија. Официјално беше пуштен во

употреба на 21 Ноември, во присуство на многу граѓани

и претставници од јавниот и приватниот сектор.

Фондација Аполонија доби благодарница за подршката

на планинарското друштво со донација на опрема

потребна за планинарскиот дом. Посетете ја

страницата www.pdkozuf.mk за повеќе информации

околу ПД Кожуф.

Планинарски дом во Коњско

Уметници од ликовната колонија Аполонија 2010

Еден од уметниците кој зеде учество во деветтата ликовна колонија Аполонија 2010 е Иван Христофоров Иванов од Бугарија. Тој е роден на 31 јануари 1977 година во градот Севлиево, Бугарија. Завршил графика на Универзитетот во градот Шумен. Работи како професор по уметност во средното општо у ч и л и ш т е " В а с и л Л е в с к и " - С е в л и е в о . Во 2009 година ја поставува својата прва самостојна изложба во Градска уметничка галерија "Асен и Илија Пейкови" - Севлиево.

Учествува во многу заеднички уметнички изложби низ цела Бугарија и во сценски работилници во Балчик. Во 2010 година учествува во ликовна колонија во Гевгелија. Неговите дела ги поседуваат Градската уметничка галерија "Асен и Илија Пейкови" - Севлиево, приватни колекционери во Бугарија и во странство. Ова се делата кои Иван ги создаде во Јуни 2010 за време на ликовната колонија Аполонија.

28.11.2010

Пешачење

до

ловиштето

“Милисин”

на Кожуф

Срната порасна

многу од лани

Типично за

Ден со

природата

забавни

игри и

активности.

Сигурно не

сте виделе

тепачка со

листови.

Page 4: Informator na Fondacijata Apolonija Br 31

Адреса: Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Македонија.

Телефон: 034/ 213-222 Факс: 034/213-223 E-mail: [email protected] [email protected]

Фондација Аполонија

ЕКО КАЛЕНДАР

ИДНИ НАСТАНИ:

21.12.2010 19ч Концерт опера

класа на Весна Гиновска Илкова

27.12.2010 19ч

Концерт на учениците од музичкото училиште во Гевгелија од класата на проф. Љубица Улишева

28.12.2010 19ч

Новогошишен концерт на класична мизика

Ние самите чувствуваме дека тоа што го правиме е само капка во океанот. Но ако таа капка не е во

океанот, Јас мислам дека океанот ќе биде помал заради таа капка која недостига. (Мајка Тереза)

Да им служиме на нашите заедници е она што

стои во мисијата на фондацијата Аполонија, и со

таа мисла би сакале да Ве информираме за еден

хуманитарен настан за социјално загрозените луѓе

од нашата околина. На 3 и 4 Јануари од 10 до 14

часот на мотелот Вардар ќе се одржи

Добротворна божиќна работилница во која сите

деца од Гевгелија може да учествуваат со

изработка на рачни Божиќни украси и подароци

за други деца. Децата исто така може да направат

хумано дело со донирање на играчки, облека,

книги и храна која ќе биде дадена на други деца и

фамилии кои имаат потреба од тоа, и кои ќе бидат

посочени од Центарот за социјални работи во

Гевгелија. На 4 Јануари во 17 часот ќе се одржи

Божиќна претстава за сите деца кои учествувале

во работилницата и за нивните родители кои би се

вклучиле во овој хуман настан и истовремено да

видат што изработиле нивните деца. Би сакале да

ги поканиме и охрабриме сите деца, родители,

поединци, компании, училишта и институции да

се вклучат и да ни помогнат да собереме повеќе

работи кои ќе донесат радост за празниците во

домовите каде владее сиромаштија.

Бидете хумани и учествувајте во овој настан!

Вклучи се во Божиќна хуманост