info sega bilten 6

16

Upload: elektronski-knigi

Post on 23-Mar-2016

227 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

INFO SEGA Bilten 6

TRANSCRIPT

Page 1: INFO SEGA Bilten 6
Page 2: INFO SEGA Bilten 6

Содржина:

Вовед.....................................................................................................................3

За ИНФО СЕГА .....................................................................................................4

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, по

повод 14ти

февруари „Денот на вљубените― одржа настан во центарот

на Прилеп „ИНФО СЕГА со Срце за Вас!―......................................................5

ИНФО СЕГА го одбележа 21ви

февруари, 2012 „Меѓународниот ден на

мајчиниот јазик―..................................................................................................6

ИНФО СЕГА оnline збирка со литературни творби.......................................8

Одржана работилница по повод 8ми

март, Денот на жената........................9

Одржан настан по повод 8ми

март, Меѓународниот ден на жената...........10

ИНФО СЕГА – Едукации по средните училишта во Прилеп.......................11

ИНФО СЕГА направи 4 успешни симулации на новата едукација на тема

„Полесно совладување на материјалот за учење― во средните

училишта.............................................................................................................12

Page 3: INFO SEGA Bilten 6

Драги Читатели,

Ви благодариме што го читате нашиот шести е – билтен! Го цениме тоа

што одвоивте време за да дознаете што работи Младинскиот

Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА. Во овој е – билтен ќе

најдете информации за реализираните активности на ИНФО СЕГА за

периодот јануари — март 2012 година.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.infosega.org.mk

Доколку имате било какви коментари пишете ни на:

[email protected]

Page 4: INFO SEGA Bilten 6

Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА е проект кој

што го спроведува Коалиција на Младински организации СЕГА а е финансиран

и поддржан од Агенција за Млади и Спорт на Република Македонија, Локална

Самоуправа Прилеп и програмата CIVICA Mobilitas - имплементирана од ЦИРа

и финансиски поддржана од SDC.

Основна цел е обезбедување и ширење на информации, давање на совети,

испорачување на обуки и едукации од различни области од животот на младите

луѓе. Преку функционирањето на ИНФО СЕГА младите ќе бидат информирани

за слободните работни места, волонтирање, образовни, рекреативни,

културните институции и установи, остварување на социјалните права,

мобилност, следење на различни обуки, преквалификација и патување,

спортско наградување и.т.н.

ИНФО СЕГА својата работа ја базира на три програми:

Здравство (Eдукации и обуки за сексуално преносливи инфекции (СПИ), ХИВ

СИДА, алкохол, дрога и сексуално и репродуктивно здравје)

Граѓанско образование (Обуки за млади - Правата на младите и демократија,

младинска партиципација, Обуки за младински организации - управување со

проекти (проектен менаџмент), Комуникациски вештини и Тимска работа,

Лидерство, застапување и лобирање)

Вработување (Обуки за изготвување на CV, мотивационо писмо и интервју за

работа).

Page 5: INFO SEGA Bilten 6

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, по повод

14ти

февруари „Денот на вљубените― одржа настан во центарот на Прилеп

„ИНФО СЕГА со Срце за Вас!―

Во нашето секојдневие исполнето со работа со

млади, ние увидовме колку љубовта е важна за

нив и колку секој слободен миг младите го

посветуваат за да уживаат во неа.

На 14ти

февруари се прославува православниот

празник св. Трифун, но исто така овој ден е

посветен и на љубовта според католичкиот

календар. За таа цел, за одбележување на овој

ден, тимот на ИНФО СЕГА во соработка со радио

Пулс, заедно со младите волонтери во периодот

од 12.00 - 13:30 часот во срцето на Прилеп (на

плоштадот пред Кафе бар „Вирус“) симболично го прославивме овој ден со фотографирање

на двојки во уникатната рамка во облик на срце.

Фотографираните парови истовремено добиваа

симболични картички исполнети со љубовни

зборови со кои им се разубави прославата на

денешниот ден и прославата на љубовта.

ИНФО СЕГА ќе продолжи и во иднина со

активности од овој тип.

Page 6: INFO SEGA Bilten 6

ИНФО СЕГА го одбележа 21ви

февруари, 2012 „Меѓународниот ден на

мајчиниот јазик―

По повод одбележувањето на 21ви

февруари,

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик,

Младинскиот Информативен и Советодавен

центар ИНФО СЕГА ги повика младите да земат

учество на ИНФО СЕГА конкурсот „Креативноста

на мајчиниот јазик“ и зборовите од нашиот мајчин

јазик, да ги испреплетат по нивна желба на

слободна тема и да го креираат нивниот есеј,

расказ, драма, поема и слично со кој ќе

учествуваат на истиот.

На 21ви

февруари, 2012 „Меѓународниот ден на

мајчиниот јазик“, Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, во

фоајето на Градската Библиотека Борка

Талески, Прилеп го прослави овој ден, преку

настанот „Креативноста на мајчиниот јазик!“.

Настанот беше посетен од ученици од средните

училишта, професори по македонски јазик,

студенти и волонтери на Младинскиот

Информативен и Советодавен центар ИНФО

СЕГА и имаше за цел да се поттикне

потенцијалот на младите да пишуваат и да се

изразат преку зборови.

Page 7: INFO SEGA Bilten 6

На конкурсот учествуваа 33 литературни творби, кои беа оценети од тричлена комисија

(професор по македонски јазик, 2 претставници од ИНФО СЕГА) според критериумот

литературно дело со најдобра порака до младите. Најдобрите и наградени дела кои

учествуваа на ИНФО СЕГА објавениот конкурс за литературни творби „Креативноста на

мајчиниот јазик“ се:

- Бојан Мирчески – „Да останеш свој во свет кој постојано се обидува да те смени во нешто

друго е едно од најголемите достигнувања“;

- Михаела Кузманоска – „Патување во времето кога цутеа бадемите“;

- Калина Симјаноска – Награда за најмногу испратени поетски литерартурни творби;

- Лина Димоска – „Небо од светилки“;

- Јане Коруноски – „Еден момент од нашиот живот“;

- Михаела Миноска – „Трепери љубов во срцето мое“;

- Билјана Тодороска, Скопје – „Лесно е да мразиме - да одиме на потешката задача: ДА

САКАМЕ“;

- Јована Матевска, Битола – „Седумте човекови чуда“ и „Војникот и шинелот“.

Голема благодарност до сите млади, ученици и училишта кои несебично соработуваа со

нас и учествуваа на овој конкурс, истотака голема благодарност до професорките по

македонски јазик од сите средни општински училишта.

Page 8: INFO SEGA Bilten 6

ИНФО СЕГА оnline збирка со литературни творби

Од испратените 33 литературни творби на ИНФО СЕГА конкурсот „Креативноста на

мајчиниот јазик― со голема љубов ја направивме оваа оnline збирка со литературни

творби која беше поставена на веб страната на ИНФО СЕГА www.infosega.org.mk и сите

заинтересирани ќе можат да ја читаат и да уживаат во прекрасните дела кои се плод на

нашите талентирани млади творци.

Се надеваме дека оваа збирка ќе го привлече

вашето внимание и ќе можите да процените колку

е голем потенцијалот на нашите млади да творат

литературни дела.

На следниот линк можете да ја најдете збирката со

литературни творби:

http://www.infosega.org.mk/mk/news/infosega/1188/.

Page 9: INFO SEGA Bilten 6

Одржана работилница по повод 8ми

март, Денот на жената

Додека со нетрпение го очекувавме 8ми

март,

денот во кој се слави целата женска љубов,

убавина, нежност и мудрост, волонтерите на

ИНФО СЕГА изработија уникатни рамки, кои

будно ќе ги чуваат сликите на саканите жени во

нашите животи. На петдневната работилница

која се одржа во просториите на ИНФО СЕГА,

изработивме педесет уникатни рамки коишто

беа продавани по симболична цена, а

собраните средства ќе бидат наменети за идни

креативни активности на ИНФО СЕГА.

Оваа работилница е трета по ред од

проектот „Разбуди ја креативноста СЕГА“,

кој го спроведува ИНФО СЕГА и целта на

проектот е поттикнување и разбудување на

креативноста кај младите и раѓање на идеја

за понатамошен бизнис. Преку

работилниците ИНФО СЕГА ги поттикнува

младите да ја развијат нивната креативност

и нуди место за дружење и забава.

Page 10: INFO SEGA Bilten 6

Одржан настан по повод 8ми

март, Меѓународниот ден на жената

По повод 8ми

март, Меѓународниот ден на

жената, тимот на ИНФО СЕГА, под мотото

„Подари рамка, вечен сведок на љубовта“, се

приклучи на панаѓурот кој беше организиран од

страна на младинската организација од

Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“

и симболично го одбележа овој ден.

Присутните беа воодушевени од нашите

уникатни рамки за слики кои беа изработени со

огромна љубов и одлучија да си купат по една

рамка во која ќе ги стават сликите на нивните

сакани и кои ќе бидат вечен сведок на нивната

љубов.

ИНФО СЕГА и во иднина ќе продолжи со

активности од овој тип.

Page 11: INFO SEGA Bilten 6

ИНФО СЕГА – Едукации по средните училишта во Прилеп

Ова полугодие одржавме 16 едукации во сите

средни општински училишта на тема: „Заштита

на личните податоци на интернет, со посебен осврт

на заштитата на социјалните мрежи“. Овие

едукации се дел од програмските активности на

Младинскиот Информативен и Советодавен центар

ИНФО СЕГА. Целта на оваа едукација е

средношколците подетално да се запознаат и да се

информираат со кои проблеми можат да се соочат

доколку не внимаваат со кого ги споделуваат

нивните лични податоци и фотографии.

Едукациите се од интерактивен карактер со доста

интересни информации и факти за опасностите од

објавување на личните податоци на интернет

и социјалните мрежи и се прикажуваа во

секој клас на Power Point презентација.

Одржаните едукации се оценија како одлични

и корисни за учениците каде тие пројавија

голем интерес за темата и беа доста

интерактивни.

ИНФО СЕГА ќе продолжи со ваквите

активности и во наредното полугодие во

средните општински училишта во Прилеп.

Page 12: INFO SEGA Bilten 6

ИНФО СЕГА направи 4 успешни симулации на новата едукација на тема

„Полесно совладување на материјалот за учење― во средните училишта

На 15.03.2012 во СОУ Ѓорче Петров, и на

22.03.2012 во СОЕПТУ Кузман Јосифоски - Питу,

тимот на ИНФО СЕГА направи успешни

симулации на новата едукација за Полесно

совладување на материјалот за учење во 4

класови од прва до четврта година. Во оваа

едукација ИНФО СЕГА за прв пат примени нов

метод на едукација, тоа е методот едукација

преку игра. Овој метод е новитет и тренд ширум

Младинските Информативни центри низ Европа.

Преку овој тип на едукација активно учество

земаат сите ученици од класот кои се поделени

на групи од 5 или 6 лица и секоја група избира

свој тим лидер кој ќе ги води низ прашањата и

одговорите на едукацијата. Играта се состои од

прашања и одговори за начинот на учење,

техниките кои помагаат при учењето,

факторите кои влијаат врз концентрацијата кај

младите,чекорите за полесно учење, но исто

така има и полиња од забавен тип.

Целта на оваа едукација е да им помогнеме на

учениците од I и II година преку корисни совети, начини и техники полесно да го совладуваат

материјалот за учење.

Page 13: INFO SEGA Bilten 6

Едукација на тема:

„Полесно совладување на материјалот за учење―

Page 14: INFO SEGA Bilten 6

В

и благодариме за читањето!

Ако имате некои коментари, предлози, прашања или сакате да

придонесете за билтенот на Младинскиот Информативен и Советодавен центар

ИНФО СЕГА ве молиме испратете е-маил на [email protected] или

јавете ни се на +389 48 529 486.

За крај сакаме да изразиме голема благодарност до поддржувачите на

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА:

Коалиција на младински организации СЕГА

htp://www.sega.org.mk/

ЦИРА, CIVICA mobilitas

htp://www.civicamobilitas.org.mk/

Агенција за млади и спорт

htp://www.ams.gov.mk/

Локална самоуправа на општина Прилеп

htp://www.prilep.gov.mk/

Page 15: INFO SEGA Bilten 6

Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА

Ул. „Питу Гули“ бр.6

7500 Прилеп

email: [email protected]

www.infosega.org.mk

Телефон: +389 48 529 486

Издавач: Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА

Дизајн и техничка подготовка: Даниел Иваноски

Година на издавање: 2012

Online тираж

Април, 2012

Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА

[email protected]

Page 16: INFO SEGA Bilten 6