gifanimacii2

4
1 Компјутерска графика GIF анимации Информатичка технологија професор: Билјана Кумпанијоска Анимација со користење на функцијата Tween Со користењето на оваа функција, анимацијата е едноставна. Потребно е само да се постават почетниот и крајниот кадар, а потоа програмата автоматски ги додава кадрите кои се наоѓаат измеѓу нив. Анимирање на сликата H2O.psd 1. Отворете ја сликата H2O.psd во Adobe ImageReady. 2. Анимирање на позиција и непрозрачност на слоеви o Направете дупликат од првиот кадар преку клик на иконата Duplicates Current Frame, за да создадете нов кадар -ист како предходниот. o Проверете дали е селектиран вториот кадар. Изберете го слојот H во палетата слоеви. Изберете ја алатката Move Tool, и преместете ја буквата H во лево, така што да остане видлив само мал дел од неа. o Преместете ја буквата O во лево, а бројот 2 нагоре како на сликата. Потоа променете ја прозрачноста на трите слоеви: H, O и 2 да биде 20%. o Во палетата Animation, со влечење, преместете го кадарот 2 да биде пред првиот кадар.

Upload: biljana-kumpanijoska

Post on 02-Dec-2014

93 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: GIFAnimacii2

1 Компјутерска графика – GIF анимации

Информатичка технологија професор: Билјана Кумпанијоска

Анимација со користење на функцијата Tween

Со користењето на оваа функција, анимацијата е едноставна. Потребно е само да се постават

почетниот и крајниот кадар, а потоа програмата автоматски ги додава кадрите кои се наоѓаат

измеѓу нив.

Анимирање на сликата H2O.psd

1. Отворете ја сликата H2O.psd во Adobe ImageReady.

2. Анимирање на позиција и непрозрачност на слоеви

o Направете дупликат од првиот кадар преку клик на иконата Duplicates Current

Frame, за да создадете нов кадар -ист како предходниот.

o Проверете дали е селектиран вториот кадар. Изберете го слојот H во палетата

слоеви. Изберете ја алатката Move Tool, и преместете ја буквата H во лево, така што

да остане видлив само мал дел од неа.

o Преместете ја буквата O во лево, а бројот 2 нагоре како на сликата. Потоа

променете ја прозрачноста на трите слоеви: H, O и 2 да биде 20%.

o Во палетата Animation, со влечење, преместете го кадарот 2 да биде пред првиот

кадар.

Page 2: GIFAnimacii2

2 Компјутерска графика – GIF анимации

Информатичка технологија професор: Билјана Кумпанијоска

o Сега ќе ги креираме кадрите на “меѓусостојба“, т.е. кадрите кои претставуваат

состојби меѓу два избрани кадри: во овој случај првиот и вториот кадар. Во

палетата Animation изберте го првиот кадар, а потоа од менито кое се добива со

клик на малата стрелка изберете Tween:

o Во дијалог прозорецот кој ќе се појави, подесете ги следните параметри:

o Ќе забележите дека Adobe ImageReady автоматски додава 4 нови кадри врз основа

на позицијата и непрозрачноста на слоевите меѓу двата предходно постоечки

кадри.

o Тестирајте како изгледа досега изработената анимација со клик на копчето Play

во палетата Animation.

Page 3: GIFAnimacii2

3 Компјутерска графика – GIF анимации

Информатичка технологија професор: Билјана Кумпанијоска

3. Анимирање на стил за слој

o Во палетата Animation селектирајте го кадарот 6 и потоа кликнете на иконата

Duplicate Current Frame, за да креирате нов кадар. Оставете да биде селектиран

кадарот 7.

o Во палетата слоеви Layers селектирајте го слојот 2 и додадете стил на слојот Outer

Glow. Поставете го стилот со поставените по дефиниција параметри(така како што е

предефинирано).

o Направете дупликат од слојот 7 (кликнете на Duplicate Current Frame )

o Во палетата слоеви Layers, кликнете на ефектот Outer Glow за слојот 2, за да ги

промените поставените параметри и поставете ги следните:

o Сега ќе ги анимираме промената на стилот меѓу шестиот и седмиот кадар, со цел да

создадеме илузија на засилување на светлото зад слојот 2.

o Во палетата Animation изберте го седмиот кадар, а потоа од менито кое се добива

со клик на малата стрелка изберете Tween и поставете ги следните параметри:

o Зачувајте преку File->Save.

Page 4: GIFAnimacii2

4 Компјутерска графика – GIF анимации

Информатичка технологија професор: Билјана Кумпанијоска

4. Зачувување на прозрачност и оптимизација

o Селктирајте ги сите кадри во палетата Animation и потоа направете го невидлив

слојот Backdrop во палетата слоеви Layers.

o Отворете ја палетата Optimize и поставете ги следните параметри:

o Кликнете на некој од кадрите за да се отвори контексното мени Disposal Method и

изберете ја опцијата Restore to Background (на овој начин се избегнува можноста за

остатоци на пиксели од предходните кадри)

o Поставете го времето на задоцнување да биде 0.1 секунди.

o Проверете како изгледа анимацијата во веб прелистувач преку File->Preview In-> и

изберте во кој прелистувач сакате да се прикаже анимираната GIF слика.

o Зачувајте преку File->Save Optimized As и именувајте ја сликата како H2O.gif.