Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 ›...

22
Република Македонија МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ БИРО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ПРАВИЛНИК за внатрешна организација на Бирото за јавни набавки Скопје, 2017 година

Upload: others

Post on 06-Jul-2020

8 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

Република МакедонијаМИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

БИРО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

ПРАВИЛНИК

за внатрешна организација на Бирото за јавни набавки

Скопје, 2017 година

Page 2: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

СОДРЖИНА

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ.................................................................................3

II. ОРГАНИЗАЦИЈА НА БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ .......................... 4

1. СЕКТОР ЗА НОРМАТИВНА ДЕЈНОСТ, ОБУКИ И МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ ............................................................................................. 4

a) Одделение за европски прашања и меѓународни односи ....5б) Одделение за нормативно-правни и општи работи ..............5в) Одделение за обуки .................................................................6

2. СЕКТОР ЗА СЛЕДЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И УПРАВУВАЊЕ СО ЕСЈН1 ..................................................................7

a) Одделение за анализа, следење на системот за јавни набавки и унапредување на ЕСЈН ..........................................8

б) Одделение за управување и техничка поддршка на електронскиот систем за јавни набавки ..................................9

в) Одделение за ИКТ инфраструктура и грижа за корисници .....................................................................................................9

3. САМОСТОЈНИ ОДДЕЛЕНИЈА .........................................................10

a) Одделение за управување со човечки ресурси ...................10б) Одделение за финансиски прашања.....................................10в) Одделение за внатрешна ревизија .......................................11

III. РАКОВОДЕЊЕ СО БИРОТО .................................................................12

IV. СТРУЧЕН КОЛЕГИУМ НА БИРОТО .....................................................12

V. НАЧИН НА РАБОТА ...............................................................................13

VI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ ......................................................14

1

2

Page 3: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

Врз основа на член 17 став (7) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ“ бр. бр. 27/14 ,199/14 и 27/16), директорот на Бирото за јавни набавки под број ________ од ______.2017 година, донесува

ПРАВИЛНИКза внатрешна организација на Бирото за јавни набавки

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1Предмет на уредување

Со овој Правилник се утврдува внатрешната организација на Бирото за јавни набавки (во натамошниот текст: Бирото), видот и бројот на организациските единици, нивниот делокруг на работа, како и начините и формите на раководење.

Член 2Работите и задачите во Бирото се вршат во организациони

облици: два сектори, шест одделенија и три самостојни одделенија и тоа:

1. Сектор за нормативна дејност, обуки и меѓународни односи:- Одделение за европски прашања и меѓународни

односи,- Одделение за нормативно-правни и општи работи и- Одделение за обуки;

2. Сектор за следење на системот за јавни набавки и управување со ЕСЈН:- Одделение за анализа, следење на системот за јавни

набавки и унапредување на ЕСЈН,- Одделение за управување и техничка подршка на

електронскиот систем за јавни набавки и- Одделение за ИКТ инфраструктура и грижа за

корисници;3. Самостојно одделение – Одделение за управување со

човечки ресурси;4. Самостојно одделение – Одделение за финансиски

прашања;5. Самостојно одделение – Одделение за внатрешна

ревизија.

Член 3Основни начела

Со внатрешната организација на Бирото утврдена со овој Правилник се обезбедува:

- законито, стручно, ефикасно и економично вршење на работите и задачите;

- сервисна ориентираност кон граѓаните и правните лица;- независност и одговорност при вршењето на службените

задачи;- еднообразност на организациските единици;

3

Page 4: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

- хиерархиска поставеност на организациските единици;- делегирање на овластувањата и- меѓусекторска координација.

4

Page 5: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

II. ОРГАНИЗАЦИЈА НА БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Член 4Заради ефикасно вршење на работите и задачите од

делокругот на Бирото, согласно со видот, обемот и степенот на нивната сложеност, како и меѓусебна поврзаност и сродност, во Бирото се формираат следните сектори и одделенија:

1. СЕКТОР ЗА НОРМАТИВНА ДЕЈНОСТ, ОБУКИ И МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ

Секторот за нормативна дејност, обуки и меѓународни односи ги врши работите што се однесуваат на:

- изготвување на законската и подзаконската регулатива за јавните набавки;

- иницирање предлози за изменување и дополнување на законската и подзаконската регулатива за јавните набавки;

- следење и анализирање на спроведувањето на законската и подзаконската регулатива за јавните набавки;

- вршење компаративна анализа на системите за јавни набавки во земјите од ЕУ и земјите од регионот со системот за јавни набавки во Република Македонија и изготвување на предлози за унапредување на истиот;

- истражувања за влијанието од воведување на структурни промени во системот за јавни набавки предизвикани од имплементацијата на правото на ЕУ за јавни набавки;

- изготвување на мислења за примена на законската и подзаконската регулатива за јавните набавки;

- анализирање на барањата за отстранување на негативна референца согласно со законот;

- подготвување модели на тендерска документација за набавка на стоки, услуги и работи и модели на договори;

- изготвување прирачници, водичи, коментари и давање на упатства за спроведување на постапките за јавните набавки;

- изготвување на стратегија за развој на системот за јавни набавки од аспект на нормативната дејност, обуките и меѓународните односи;

- подготвување на годишен извештај за работата на Бирото од аспект на нормативната дејност, обуките и меѓународните односи;

- изготвување и реализирање на програма и годишен план за спроведување на едукација за јавни набавки;

- вршење на компаративни анализи на искуствата за спроведената едукација за јавните набавки и ефектите од нејзината реализиција во праксата;

- соработка со меѓународни органи и други релевантни институции од областа на јавните набавки;

- соработка со институциите на Европската Унија за прашања поврзани со областа на јавните набавки;

5

Page 6: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

- координирање и следење на работата на инволвираните органи и институции поврзана со реализација на мерките и активностите од Поглавјето 5 од НПАА и

- формулирање на преговарачки позиции на Република Македонија од Поглавјето 5 од НПАА.

За извршување на работите и задачите од делокругот на Секторот за нормативна дејност, обуки и меѓународни односи се формираат следните одделенија:

а) Одделение за европски прашања и меѓународни односи

Одделението за европски прашања и меѓународни односи ги врши работите што се однесуваат на:

- следење на спроведувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација на Република Македонија со Европската Унија;

- координација и усогласување на работата на инволвираните органи и институции поврзана со реализација на мерките и активностите од Поглавјето 5 од НПАА;

- учество и следење на работата на работните тела формирани во рамки на Договорот за стабилизација и асоцијација, а која се однесува на јавните набавки;

- следење на реализацијата на мерките и активностите од Поглавјето 5 од НПАА;

- изготвување на извештаи за реализација на мерките и активностите од Поглавјето 5 од НПАА;

- воспоставување на соработка со институциите на Европската Унија и земјите членки;

- следење на договори склучени меѓу Република Македонија и меѓународни институции и организации во областа на јавните набавки;

- воспоставување на соработка со меѓународни организации и други релевантни институции за теми од областа на јавните набавки;

- воспоставување на соработка со институции за јавни набавки од земјите во регионот;

- планирање и координирање на меѓународната техничка помош во областа на јавните набавки;

- следење и проучување на теоретските и практичните искуства во земјата и во странство за работите од областа на Одделението;

- иницирање, подготвување и организирање на национални и меѓународни проекти, семинари и конференции за јавните набавки;

- формулирање на преговарачки позиции на Република Македонија од Поглавјето јавни набавки;

- изготвување на стратегија за развој на системот за јавни набавки од аспект на меѓународните односи и

- следење на извршувањето на одлуките и заклучоците на Владата на РМ кои се однесуваат на интегрирањето на Република Македонија кон Европската Унија.

6

Page 7: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

б) Одделение за нормативно-правни и општи работи

Одделението за нормативно-правни и општи работи ги врши работите што се однесуваат на:

- изготвување на законската и подзаконската регулатива за јавните набавки;

- иницирање предлози за изменување и дополнување на законската и подзаконската регулатива за јавните набавки;

- координирање на активностите на инволвираните органи и институции во изготвувањето на измените и дополнувањата на законската и подзаконската регулатива за јавни набавки;

- следење и анализирање на спроведувањето на законската и подзаконската регулатива за јавните набавки;

- вршење компаративни анализи на системите за јавни набавки во земјите од ЕУ и земјите од регионот со системот за јавни набавки во Република Македонија и изготвување на предлози за унапредување на истиот;

- истражувања за влијанието од воведување на структурни промени во системот за јавни набавки предизвикани од имплементацијата на правото на ЕУ за јавни набавки;

- изготвување на мислења за примена на законската и подзаконската регулатива за јавните набавки;

- изготвување на барање за отстранување на негативната референца по спроведената анализа на доставените барања;

- подготвување модели на тендерска документација за набавка на стоки, услуги и работи и модели на договори;

- изготвување прирачници, водичи, коментари и давање на упатства за спроведување на постапките за јавните набавки;

- изготвување на анализи за практичната примена на законската и подзаконстата регулатива за јавните набавки врз основа на податоците од добиените барања на мислења, и давање на предлози за унапредување на регулативата;

- изготвување на предлози за надминување на неправилностите во системот за јавнните набавки;

- изготвување на стратегија за развој на системот за јавни набавки од аспект на нормативната дејност;

- вршење на работи и задачи кои произлегуваат од прописите за архивското и канцелариското работење;

- правилно архивирање на предметите доставени до Бирото според архивските знаци и листите на категории за чување на архивската граѓа и на регистраторскиот материјал;

- разнесување на акти кои произлегуваат од Бирото до органите на управата, банките, и други органи и организации и

- превоз на директорот, раководните работници и на другите работници за службени потреби.

в) Одделение за обуки

Одделението за обуки ги врши работите што се однесуваат на:

7

Page 8: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

- иницирање на измени на Законот за јавните набавки и на подзаконските акти во делокругот на своето работење;

- изготвување годишна програма и план за спроведување на едукација;

- организирање и реализирање на едукацијата на јавните набавки за лицата кои вршат работи од областа на јавните набавки и издавање на соодветни потврди за положен испит за лице за јавни набавки;

- организирање и реализирање на едукација за јавните набавки за економските оператори;

- изготвување на фактури кои произлегуваат од едукацијата за јавни набавки;

- изготвување на извештаи, прегледи и анализи во врска со спроведените обуки за едукација;

- подготвување на посебни модули за едукација за јавни набавки;

- изготвување на прирачник за едукација за јавните набавки; - утврдување на минимум услови за професионалните

квалификации за лицата кои вршат стручни работи за јавните набавки;

- изработување на компаративни анализи за стекнатите искуства од спроведената едукација за јавните набавки, нејзината реализација и ефектите во праксата;

- остварување на регионална соработка со размена на искуства во делот на реализацијата на едукацијата за јавните набавки;

- изготвување на стратегија за развој на системот за јавни набавки од аспект на обуките и

- извршување на заклучоците и одлуките на Владата на РМ кои се однесуваат на организирање и спроведување на тематски обуки.

2. СЕКТОР ЗА СЛЕДЕЊЕ НА СИСТЕМОТ НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ И УПРАВУВАЊЕ СО ЕСЈН

Секторот за следење на системот за јавни набавки и управување со ЕСЈН ги врши работите што се однесуваат на:

- учествување во изготвување на законската и подзаконската регулатива за јавните набавки во делот на електронските јавни набавки и електронските аукции;

- иницирање предлози за изменување и дополнување на законската и подзаконската регулатива за јавните набавки во делот на електронските јавни набавки и електронските аукции;

- следење и анализирање на спроведувањето на законската и подзаконската регулатива за јавните набавки со цел унапредување на системот за јавни набавки

- учествува при вршење компаративна анализа на системите за јавни набавки во земјите од ЕУ и земјите од регионот со системот за јавни набавки во Република Македонија и изготвување на предлози за унапредување на истиот

- доставување информации во врска со работните задачи од поглавјето за јавните набавки од НПАА, во делот на ЕСЈН и електронските аукции;

8

Page 9: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

- отстранување на негативна референца од ЕСЈН по добиено барање;

- анализа на образложенијата за неспроведување на електронска аукција;

- анализа на образложенијата за неприкачување на тендерска документација;

- изготвување на мислења за примена на законската и подзаконската регулатива за јавните набавки набавки во делот на електронските јавни набавки и електронските аукции;

- обезбедување техничка поддршка на ДО и ЕО при користењето на ЕСЈН и спроведувањето на е-аукциите

- подготвување модели на стандардна тендерска документација за набавка на стоки, услуги и работи и стандардни модели на договори набавки во делот на електронските јавни набавки и електронските аукции;

- изготвување прирачници, водичи, коментари и давање на упатства за спроведување на постапките за јавни набавки преку ЕСЈН

- учествување во подготвување на годишен извештај за работата на Бирото во делот на функционирањето на системот за јавни набавки на национално ниво преку анализа и обработка на статистички податоци добиени од ЕСЈН;

- соработка со меѓународни органи и други релевантни институции од областа на јавните набавки;

- соработка со институциите на Европската Унија за прашања поврзани со областа на јавните набавки

- следење на функционирањето на системот за јавните набавки преку добиените огласи и известувања од страна на договорните органи;

- прибирање, обработување и анализа на податоците за спроведените постапки на јавни набавки на национално ниво, по видови на постапки, по предмет на набавка, склучени договори, вредност на договори и по останати параметри;

- подготвување материјали од делокругот на Секторот за изготвувањето е-билтен

- воспоставување соработка со трговски друштва, здруженија на бизнис заедницата, професионални институции;

- вршење идентификација и одобрување на известувањата, во случај на констатирани неправилности, остварува контакт со субјектите заради исправка и нивно правилно пополнување;

- развивање и унапредување на ЕСЈН и врши мониторинг, пријава и отстранување на сите технички и функционални проблеми на истиот

- се грижи за правилно функционирање на компјутерско-комуникациската опрема и електронските системи (Систем за управување со документи и Систем за односи со клиенти) во Бирото.

За извршување на работите и задачите од делокругот на Секторот за следење на системот за јавните набавки и управување со ЕСЈН се формираат следните одделенија:

а) Одделение за анализа, следење на системот за јавни набавки и унапредување на ЕСЈН

9

Page 10: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

Одделението за анализа, следење на системот за јавни набавки и унапредување на ЕСЈН ги врши работите што се однесуваат на:

- учествување во изготвување на законската и подзаконската регулатива за јавните набавки во делот на електронските јавни набавки и електронските аукции;

- иницирање предлози за изменување и дополнување на законската и подзаконската регулатива за јавните набавки во делот на електронските јавни набавки и електронските аукции;

- следење и анализирање на спроведувањето на законската и подзаконската регулатива за јавните набавки со цел унапредување на системот за јавни набавки

- вршење компаративна анализа на системите за јавни набавки во земјите од ЕУ и земјите од регионот со системот за јавни набавки во Република Македонија и изготвување на предлози за унапредување на истиот

- изготвување на мислења за примена на законската и подзаконската регулатива за јавните набавки набавки во делот на електронските јавни набавки и електронските аукции;

- изготвување на фактури кои произлегуваат од користењето на ЕСЈН;

- подготвување модели на стандардна тендерска документација за набавка на стоки, услуги и работи и стандардни модели на договори набавки во делот на електронските јавни набавки и електронските аукции;

- анализа на образложенијата за неспроведување на електронска аукција;

- анализа на образложенијата за неприкачување на тендерска документација;

- изготвување прирачници, водичи, коментари и давање на упатства за спроведување на постапките за јавни набавки преку ЕСЈН

- учествување во подготвување на годишен извештај за работата на Бирото во делот на функционирањето на системот за јавни набавки на национално ниво преку анализа и обработка на статистички податоци добиени од ЕСЈН;

- соработување со меѓународни органи и други релевантни институции од областа на јавните набавки;

- соработување со институциите на Европската Унија за прашања поврзани со областа на јавните набавки

- следење на функционирањето на системот за јавните набавки преку добиените огласи и известувања од страна на договорните органи;

- прибирање, обработување и анализа на податоците за спроведените постапки на јавни набавки на национално ниво, по видови на постапки, по предмет на набавка, склучени договори, вредност на договори и по останати параметри;

- подготвување материјали од својот делокруг за изготвувањето е-билтен

- воспоставување соработка со трговски друштва, здруженија на бизнис заедницата, професионални институции;

10

Page 11: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

- вршење идентификација и одобрување на известувањата, во случај на констатирани неправилности, остварува контакт со субјектите заради исправка и нивно правилно пополнување;

- развивање и унапредување на ЕСЈН и врши мониторинг, пријава и отстранување на сите технички и функционални проблеми на истиот.

б) Одделение за управување и техничка поддршка на електронскиот систем за јавни набавки

Одделението за управување и техничка подршка на електронскиот систем за јавни набавки ги врши работите што се однесуваат на:

- вршење компаративна анализа на системите за јавни набавки во земјите од ЕУ и земјите од регионот со системот за јавни набавки во Република Македонија и изготвување на предлози за унапредување на истиот

- изготвување на мислења за примена на законската и подзаконската регулатива за јавните набавки набавки во делот на електронските јавни набавки и електронските аукции;

- обезбедува техничка поддршка на ДО и ЕО при користењето на ЕСЈН и спроведувањето на е-аукциите

- изготвување прирачници, водичи, коментари и давање на упатства за спроведување на постапките за јавни набавки преку ЕСЈН

- учествување во подготвување на годишен извештај за работата на Бирото во делот на функционирањето на системот за јавни набавки на национално ниво преку анализа и обработка на статистички податоци добиени од ЕСЈН;

- соработување со меѓународни органи и други релевантни институции од областа на јавните набавки;

- вршење техничка подготовка на е-билтенот;- развивање и унапредување на ЕСЈН и врши мониторинг, пријава

и отстранување на сите технички и функционални проблеми на истиот

- контрола на анализата на записите од базата во случај на јавување на технички проблем кај е-аукција.

в) Одделение за ИКТ инфраструктура и грижа за корисници

Одделението за ИКТ инфраструктура и грижа за корисници ги врши работите кои се однесуваат на:

- анализа на потребите, организирање и планирање на развојот на информатичкиот систем и мрежата за пренос на податоци во рамките на Бирото;

- контрола на функционирање на компјутерско-комуникациската опрема и електронските системи (Систем за управување со документи,Систем за односи со клиенти и систем за едукација ) во Бирото;

- утврдување и спроведување на постапки за заштита на преносот на податоците;

11

Page 12: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

- обезбедување на оптимални услови за работа на опремата; - следење на правилното функционирање на електронскиот

систем за јавните набавки и веб страницата на Бирото;- проектирање на информациониот подсистем за Бирото;- заштита на системот на управување со базите на податоци и

апликативниот софтвер на Бирото;- утврдување неправилности на податоците добиени преку ЕСЈН

за склучени договори за јавни набавки од страна на договорните органи;

- следење на примената на нови информатички технологии во подрачјето на дејствување на ЕСЈН.

3. САМОСТОЈНИ ОДДЕЛЕНИЈА

а) Одделение за управување со човечки ресурси

Одделението за управување со човечки ресурси ги врши работите и задачите што се однесуваат на:

- следење на организациската поставеност на Бирото;- спроведување на функционална анализа на работните места и

потребите на Бирото;- подготвување на актите за внатрешна организација и

систематизација на работните места во Бирото, нивните изменувања и дополнувања, како и правилници за наградување;

- обезбедување на правилна примена на законските и подзаконските акти од областа на човечките ресурси кои се однесуваат на правата кои произлегуваат од работен однос, како и вработувањето, селекцијата и унапредувањето

- спроведување на постапката за вработување на административни службеници;

- подготвување на одговори на жалби во случај на поднесени жалби во врска со извршен избор при постапката за вработување на административни службеници;

- подготвување на спогодби за вработување без јавен оглас од еден во друг орган и ја следи нивната реализација;

- остварување на комуникација со Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за администрација за работи поврзани со вработувањето, Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и други институции;

- подготовка и спроведување на анкети и анализи за евалуација на работниот процес;

- учество при спроведување интервју за вработување на административен службеник;

- грижа за навремено спроведување на процесот за оценување на административни службеници;

- изготвување на извештаи за оценување на службениците;- изготвување на мислења по законите, колективните договори,

подзаконските акти и други прописи од областа на работните односи;

12

Page 13: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

- утврдување на потребата од обука и изработка на годишна програма за стручно усовршување на вработените;

б) Одделение за финансиски прашања

Одделението за финансиски прашања ги врши работите што се однесуваат на:

- вршење на работите на Бирото за јавни набавки од областа на сметководственото, финансиско и материјално работење;

- контрола на фактурите кои произлегуваат од работењето на Бирото за јавни набавки;

- следење на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на Бирото;

- следење на остварувањето на приходите и извршувањето на трошоците;

- составување, примање, ликвидирање и контрола на сметководствените исправи;

- водење евиденција, пресметување и исплата на платите на административните службеници, другите работници и раководните работници во Бирото за јавни набавки;

- изготвување на периодични и завршни сметки на Бирото;- пресметување на амортизација и ревалоризација;- усогласување на средствата и изворите на средствата на

книговодствената состојба со вистинската состојба;- изготвување информации и извештаи за движењето на

средствата за работа на Бирото;- осигурување на материјалните средства со кои располага

Бирото и- други работи од областа на сметководственото, финансиско и

материјално работење.

в) Одделение за внатрешна ревизија

Одделението за внатрешна ревизија ги врши работите што се однесуваат на:

- изработка на стратешки и годишни планови за внатрешна ревизија врз основа на објективна проценка на ризик како и извршување на поединечни внатрешни ревизии согласно усвоените ревизорски планови;

- проценка на соодветноста, економичноста, ефективност и ефикасност на системот за финансиско управување и контрола за утврдување, проценка и управување со ризици;

- усогласеност со законите, подзаконските и интерните акти и договори;

- веродостојноста и сеопфатноста на финасиските и оперативните информации;

- безбедноста на имотот и инфромациите;- извршување на задачите и остварување на целите;- давање препораки за подобрување на работењето и работните

процедури;- мониторинг на спроведувањето на мерките преземени од

директорот на Бирото врз основа на извршените ревизии.

13

Page 14: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

14

Page 15: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

III. РАКОВОДЕЊЕ СО БИРОТО

Член 5Со работата на Бирото раководи директор.

Член 6Со секторот раководи раководител на сектор, а во случај на

негово отсуство или спреченост за работа, со секторот раководи помошник раководителот на секторот.

Со одделението раководи раководител на одделението, а во случај на негово отсуство или спреченост за работа, со одделението раководи еден од стручните административни службеници со највисоко звање што тој ќе го определи.

IV. СТРУЧЕН КОЛЕГИУМ НА БИРОТО

Член 7За разгледување на стручни прашања од делокругот на

Бирото, се основа стручен колегиум на Бирото.

Стручниот колегиум го сочинуваат: директорот, државните советници, раководителите на секторите и раководителите на самостојните одделениjа.

Стручниот колегиум го свикува и со него раководи директорот, а во негово отсуство или спреченост, стручниот колегиум го раководи еден од државните советници или раководителите на секторите, што тој ќе го определи.

Стручниот колегиум може да се свика на иницијатива на директорот на Бирото или на иницијатива на еден од државните советници или раководители на сектор.

За потребата од свикување на стручниот колегиум и за прашањата што ќе се разгледуваат одлучува директорот.

Во зависност од значењето и од сложеноста на прашањата што се разгледуваат на стручниот колегиум, на покана на директорот на Бирото, може да присуствуваат и други административни службеници вработени во Бирото, како и други лица.

Член 8

За извршување на одделни посложени работи и задачи, за обработка на одделни прашања, за извршување на работи кои опфаќаат повеќе области, за извршување на одделни задолженија и обврски од работата и во работата, како и за други случаи, директорот може да формира комисии, работни групи, и други работни тела.

Решенијата за формирање на работните тела од став 1 на овој член ги донесува директорот.

Член 9

15

Page 16: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

Административните службеници во Бирото се должни да ја чуваат државната и службената тајна на начин и под услови утврдени со закон и со друг пропис.

Обврската за чување на службената тајна трае до три години по престанувањето на службата во Бирото.

Административниот службеник е должен, во согласност со закон, по барања на граѓаните да дава информации заради остварување на нивните права и интереси, освен информациите кои се однесуваат на државна или службена тајна.

V. НАЧИН НА РАБОТА

Член 10Бирото изготвува програма за работа, која опфаќа период од

една календарска година.Програмата за работа особено содржи:

- работи и задачи од делокругот на Бирото утврдени со закон;- работи и задачи кои произлегуваат од програмите за работа на

Собранието и на Владата на Република Македонија и планските и развојните акти за општествено-економскиот развој на Републиката;

- други работи и задачи кои Бирото ги врши во рамките на својот делокруг;

- рокови за извршување на одделни работи и задачи и- план за потребните средства за извршување.

Програмата за работа на Бирото ја донесува директорот.

Член 11

Административните службеници и другите работници во Бирото се должни да обезбедат извршување на работите и задачите од програмата за работа на Бирото според утврдениот обем, квалитет и рокови, како и да ги извршуваат вонредните работи и задачи кои не можеле да бидат предвидени во програмата за работа, а кои се на соодветен начин дадени, доколку се тие во рамките на можностите на вработените во Бирото, за што оцена дава директорот.

Во извршувањето на работите и задачите административните службеници и другите работници во Бирото се должни меѓусебно да соработуваат, да разменуваат податоци и информации и меѓусебно да укажуваат стручна помош.

За извршувањето на работите и задачите административните службеници и другите работници во Бирото се одговорни во целина.

Член 12

Актите, писмата и другите материјали кои стручно се обработуваат во Бирото и се доставуваат на други субјекти ги потпишува директорот.

16

Page 17: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

Секој акт кој се доставува на потпис на директорот претходно се парафира од изготвувачот, и непосредно претпоставените административни службеници.

17

Page 18: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

VI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 13

Со влегувањето во сила на овој Правилник престанува да важи Правилникот за организација и работа на Бирото за јавни набавки бр. 01-2094/1 од 29.07.2015 година.

Член 14

Овој правилник влегува во сила од денот на неговото донесување и објавување на огласната табла и веб страната на Бирото, а ќе се применува по претходно добиена писмена согласност од Министерство за информатичко општество и администрација.

Број __________________________

____.____.2017 година

Скопје

Александар Аргитовскидиректор

____________________________

18

Page 19: Република Македонијаbjn.gov.mk › wp-content › uploads › 2018 › 11 › Pravilnik … · Web view2017/03/01  · вршење компаративни анализи

Директор на Бирото за јавни набавки

Сектор за нормативнa дејност, обуки и меѓународни

односи

Сектор за следење на системот на јавните набавки

и управување со ЕСЈН

Одделение за управување и техничка поддршка на

електронскиот систем за јавни набавки

Одделение за анализа, следење на системот за јавни

набавки и унапредување на ЕСЈН

Одделение за обуки

Одделение за нормативно–правни

работи и општи работи

Биро за јавни набавки

Одделение за европски прашања и меѓународни односи

Државен советник за усогласување на регулативата

со ЕУ

Државен советник за развој на

националниот систем на јавните

набавки

Одделение за управување со човечки

ресурси

Одделение за финансиски прашања

Самостојни одделенија

Одделение за ИКТ инфраструктура и грижа за

корисници

Одделение за внатрешна ревизија