esej

5
Есеј Kарактеристични подрачја во Северна Африка Северна Африка има неколку карактеристични подрачја, најкарактеристични се: планината Атлас,пустината Сахара, подрачјето Нил, Црвеното море и оазите. Атлас-е планинска област во северозападна Африка, која се наоѓа меѓу Атланскиот Океан со Средоземното Море и пустината Сахара. Се протега во државите Мароко, Алжир и Тунис. Има должина од околу 2 500км, а широчина од 250 до 300км. Највисоките врвови достигаат над 4 000м. Планината Атлас е сиромашна со вода. Климата при Атланскиот Океан и Средоземното море во пониските делови е средоземноморска, во повисоките делови е степска, а од јужната страна на планината е пустинска.

Upload: karolina-nedelkovska

Post on 03-Nov-2014

93 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Esej

ЕсејKарактеристични подрачја во Северна

Африка

Северна Африка има неколку карактеристични подрачја, најкарактеристични се: планината Атлас,пустината Сахара, подрачјето Нил, Црвеното море и оазите.

Атлас-е планинска област во северозападна Африка, која се наоѓа меѓу Атланскиот Океан со Средоземното Море и пустината Сахара. Се протега во државите Мароко, Алжир и Тунис. Има должина од околу 2 500км, а широчина од 250 до 300км. Највисоките врвови достигаат над 4 000м. Планината Атлас е сиромашна со вода. Климата при Атланскиот Океан и Средоземното море во пониските делови е средоземноморска, во повисоките делови е степска, а од јужната страна на планината е пустинска.

Page 2: Esej
Page 3: Esej

Сахара е пустина во северна Африка, која се простира на површина од околу 9.000.000 км2, со што е најголемата сува пустина во светот. Од плоштината на афричкиот континент зазема една третина. Најголем град кој е расположен на пустината Сахара е главниот град на Мавританија- Нуакшот.Пустината Сахара е едно од најсувите и најтоплите места во светот. Температурите достигнуваат и до 56 степени на сенка, а средното количество на врнежи е помалку од 7 см дожд, при што во највлажните реони може да падне дожд дури два пати неделно и потоа со години да нема ниту капка. Многу малку животни успеваат да се справат со климата и да живеат во пустината. Такви се на пример газелата, антилопата, чакалите. Многу мал дел од Сахара зазима плодородни оази- само околу 200 000 кв. Км. Според проучувањето на сателитски снимки, направени на Сахара, некои доаѓаат до извод дека пустината постојано се зголемува или намалува.

НИЛ е најдолгата, а воедно и најполноводната река во Африк. Се образува од Синиот и Белиот Нил. Синиот Нил извира од езерото Тана во Етиопија, додека Белиот Нил од езерата во Уганда и ДР Коно. По својата делта, Нил се влева во Средоземното Море. Египќаните многу ја користат реката Нил за рибарење, транспорт, наводнување итн. Покрај Нил се наоѓаат гробници на важни луѓе од Стариот Египет. По Нил, најдолга река во светот е Амазон во Амазонската прашума Северниот дел на реката тече речиси целосно низ пустината, од Судан во Египет, земја чија цивилизација зависела на реката од древни времиња. Повеќето од населението на Египет и на сите свои градови, со исклучок на оние кои се во близина на брегот, лежат по должината на оние делови од долината на Нил северно од Асуан, и речиси сите културни и историски локалитети од античкиот Египет се наоѓаат по должината на брегот на реката. Нил завршува со голема делта што истекува во Средоземното Море.

Page 4: Esej

ЦРВЕНО МОРЕ е море кое се наоѓа помеѓу Азија и Африка на заливот од Индискиот океан. На север од морето се наоѓа Суецкиот канал, Синејскиот полуовтров и Акабскиот залив.

Морето е долго околу 1900 км, а максималната ширина изнесува 300 км. Максимална длабочина 2500 метри. Површина на морето 450.000 km²

OАЗИ се мали подрачја со плитки подземни води и развиена вегетација во пустинските предели така што тие обично се населени.Во северна африка има голем број на оази.

Page 5: Esej