delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... •...

54
Predmet Delovna komunikacija Доц.д‐р Валентина Муцунска Палевска [email protected] 075/214932 Предмет Делована комуникација Проф.д‐р Александра Стоилковска а[email protected] 072/254169

Upload: others

Post on 13-Jan-2020

27 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Predmet

Delovna komunikacija

Доц.д‐р Валентина Муцунска Палевска[email protected]

075/214‐932

Предмет

Делована комуникација

Проф.д‐р Александра Стоилковскаа[email protected]

072/254‐169

Page 2: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

VI  тема

Работна биографија ‐ CV, насловно писмо и интервјуирање

Page 3: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Како да се подготви работна биографија или CV?

Секој може да напише свое CV, но вистинско мајсторство е да се подготви 

победничко CV Способноста за подготвувањето на 

работната биографија или популарното CV (Curriculum Vitae) претставува значајна 

вештина и квалитет за секој деловен човекСтанува збор за сериозна работа а не за 

нешто што е формалностЗатоа, при подготвувањето на работната 

биографија бидете внимателни и одговорни 

Page 4: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Пет врвни моменти при пишување биографија

• Вашата биографија се однесува на вашата иднина, не на вашето минато 

• Биографијата не е исповед.  Не сте обврзани да „кажете сé“.  Држете се само до она што е релевантно и она што „се продава“ 

• Не поднесувајте список со работни обврски. Пишувајте за постигнувања!

• Истакнете ги само оние вештини кои уживате да ги користите. Никогаш не ги споменувајте работите што не би сакале да ги повторите 

• Бидете искрени. Креативност е дозволена, но не и лажење 

Page 5: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Вашето име

• Бидејќи вашето име е веројатно најважната информација во вашата биографија, сигурно сакате да биде проминентно и лесно да се забележува

• Затоа, сместете го на средина, на горниот дел од листот, или на горниот десен агол од листот. Зошто?

• Затоа што откако ќе се прочита вашата биографија, најверојатно ќе влезе во некаква папка, каде левиот горен агол може многу лесно да биде покриен со механизмот на папката

Page 6: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

E-mail адреса

Да се наведе вашата адреса на електронската пошта, може да биде од голема корист за вас. Зошто?

• брз начин на добивање и испраќање податоци додека трае процедурата

• јасно покажување дека сте достапни „он‐лајн“ (во секое време) 

• се разбирате од користење на еден ваков тренди начин на комуникација 

Page 7: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Вашата цел, мора да биде јасно истакната во вашата биографија

• Каква позиција барате• Кому треба да му се упати еден ваков документ

• Кое ниво на одговорност го барате • Како да се интерпретираат информациите дадени во биографијата  

Page 8: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Како да се изберат зборови за вашата изјава на целта?

• Вашата изјава треба да биде колку што е можно поконцизна

• Некои биографии, многу погрешно, содржат мноштво воздушести воведни изјави меѓу кои едвај се наѕираат целите

• Во нив се користени фрази од типот на: „предизвик на работното место“, „простор за движење нагоре“, „можност за изградување“

• Избегнете го сето ова затоа што не кажува ништо значајно за работодавачот 

Page 9: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Работодавачот го бара следново

• Област на работа („Маркетинг“, „Продажба“)

• Работно место, ако ви е познато („Менаџер“, „Претставник на продажба“)

• Тесно специјализирани области („со акцент на развивање нов бизнис“, „со фокус на графички дизајн“)

Page 10: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Формати на пишување на работната биографија

Постојат два основни формати во кои се пишуваат биографиите за вработување

• Хронолошки формат• Функционален формат

Page 11: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Хронолошко резиме

Хронолошкиот формат е традиционален и дава осврт на

• вашите работни позиции• места на кои сте работеле и времетраење

• дадени како посебни наслови по кои следат вашите постигнувања

Page 12: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Хронолошкиот формат е најкорисен кога

• Останувате во истото поле на интерес • Вашата целокупна работна историја покажува нагорна линија, па така вашата нова цел претставува природен следен чекор во вашата кариера

• Вашата неодамнешна (или тековна) работа е нешто со што вистински се гордеете

• Немате прекини во вашиот работен век

Page 13: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Функционално резиме

Функционалниот формат го претставува• вашето искуство подредено во поднаслови

• ви овозможува слобода да ги подредите вашите достигнувања по приоритет, а не по хронологија  

Page 14: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Функционалниот формат е најкорисен кога

• Менувате кариера • Повторно се пријавувате на пазарот на труд • Вашето последно работно место не е доволно 

импресивно • Сакате да нагласите вештини или искуства од раниот 

период на вашиот работен век • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно и 

треба да се нагласи • Вашите позиции на работа не ја отсликуваат 

прецизно одговорноста што сте ја имале 

Page 15: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Како да се маскираат прекините во работниот однос?

• Секој од нас се прашува: „Па што е толку лошо да се има прекин во работниот век?“„Зарем нема секој од нас право да земе малку здив во целава оваа работа?“ 

• Огромен број одговорни професиналци направиле паузи во своите кариери заради патување, заради грижа за болни родители, боледување и уште илјади други законски проекти 

Page 16: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Дајте објаснување за вашето време без работа

• Без некоја одредена причина, работодавачите не сакаат да видат прекини во вашиот професионален живот

• Работодавачите би биле среќни да предложите објаснување за вашето време без работа, посебно во случај кога тоа објаснение на било кој начин е во врска со вашата цел, или барем укажува на силата на вашиот карактер 

Page 17: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Празнината во вашата работна историја може да предизвика кај читателот мисли

од типот на

• „Оваа личност нешто крие“ или • „Аха, еве некој кој можеби има некаков проблем (употреба на забранети супстанции, затворска казна, мрзливост, нестабилност или лабилност)“Затоа, многу е важно, доколку сакате да ја продобиете довербата на работодавачот, да приложите оправдување за секој од 

прекините во вашата кариера 

Page 18: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Внесувајте само години, не месеци, кога зборувате за опсегот на вашите ангажмани

На овој начин полесно се пресметува времетраењето и се елиминира потребата од објаснување на прекинот кој се 

јавил во распон од две календарски години

Прекинот е лесно забележлив во ова претставување:12/95 ‐ 3/99  Менаџер на слаткарницата „Шехерезада“2/92 ‐ 1/94  Менаџер на ресторанот „Милениум“

Без наведување на месеците, нема видлив прекин:1995‐1999 Менаџер на слаткарницата „Шехерезада“1992‐1994 Менаџер на ресторанот „Милениум“

Page 19: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Објаснување на прекините во работењето

Ако вашето паузирање во работата покрива две или повеќе календарски години, потребно е да објасните што сте правеле за време на прекинот Дали сте волонтирале, сте се школувале или сте биле на некаква обука, или  само сте патувале и тоа со термини што би биле релевантни за вашата цел, се разбира, доколку е тоа можно 

Page 20: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Некој којшто се пријавува за работа во оддел за продажба на медицински материјали, а во тек на претходните две години се грижел за болен родител, може да наведе:1998‐2000 Обезбедувач на домашна нега за терминално болен роднина Кандидат за туристички водич може да се повика на своите патувања:1998‐1999 Независни патувања: Европа, Азија, Јужна Америка 

Примери

Page 21: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Образование - интерес за потенцијалниот работодавач

Во биографијата, делот што се однесува на образованието е позициониран ако не на самиот крај, тогаш некаде пред крајотЕве неколку примери во кои подобро е да го сместите образованието во делот за збирно претставување на квалификациите, во почетниот дел на вашата биографија:

• Кога вашето образование е високо релевантно за позицијата што ја барате 

• Кога сте „тазе” дипломирани • Кога немате искуство со вработување во областа за која 

сега се  интересирате, а сепак имате диплома или сте поминале обука за неа 

Page 22: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Доколку имате повеќе од една диплома...

• Назначете од каде е секоја од нив добиена. Не е неопходно да ги наведете баш сите училишта низ кои сте поминале за да дојдете до дипломата!

• Датумите не се задолжителни. Датумите понекогаш индицираат колку сте „стари”, па имајте го ова во вид секогаш кога одлучувате дали да ги внесете или не.

• Сите главни и споредни предмети што сте ги слушале, тези, дисертации, стажирања и курсеви што сте ги поминале, треба да се наведат исклучиво ако се во функција на вашата цел.

• Титулите можете да ги наведете во целост или со соодветни  кратенки ‐ на пример,   Магистер или М‐р

Page 23: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Ако сте на факултет, а не сте со намера да ја добиете дипломата во скора иднина

• Наведете ја вашата студиска област и името на факултетот 

• Ако сте посетувале поголем број училишта без да ги завршите, доволно е да наведете едно или најмногу две 

Page 24: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Ако во моментот сте вклучени во некоја релевантна едукативна или програма за

обука...

Наведете го името на програмата и името на институцијата што ја посетувате заедно со датумот на кој очекувате да завршите, или пак фрази како што се: „моментално запишан/а“„очекувам да завршам во пролет, 2010“„тековно вклучен/а“„комплетирана програма за 6 месеци“

Page 25: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Останато

• Залагања во заедницата• Публикации • Признанија • Компјутерска „писменост“• Лични интереси

Page 26: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Водич за составување пропратно / насловно писмо

• Секој од нас, пред да има прилика да се сретне со пишување пропратно писмо, сигурно си замислува дека тоа треба да биде нешто досадно и сувопарно

• Ваквата теорија дефинитивно треба да се отфрли, а да се прифатат нови правила кои упатуваат на креирање такво писмо коешто нема да наликува на ниедно друго (секако, во позитивна смисла) што ќе се најде на бирото на вашиот вработувач

• Всушност вам ви е потребно такво писмо што нема да звучи како формална работа само колку да го убедите работодавачот да ве повика на интервју; вам ви треба писмо да поделува како динамит!

Page 27: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Четири правила за пишување на пропратно писмо

• Воспоставете лична врска, колку што е можно побрзо • Покажете ја вашата личност, преку стилот на пишување, 

преку директни изјави за вашиот карактер или преку препораки 

• Иницирајте акција за да разберете што би сакале работодавачот да направи како резултат на вашето писмо ‐ побарајте тоа да го стори 

• Составете го писмото така што ќе биде брзо и лесно за читање (една страна, кратки пасуси, таксативно набројување, маргини) 

Page 28: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Истражувајте, истражувајте и само истражувајте

• Едно добро пропратно писмо „што го одзема здивот“ всушност го продава концептот дека токму вие сте вистинскиот избор за компанијата

• Со цел да постигнете соодветно „продажно“ ниво на вашето писмо, потребно е да откриете на кој сегмент најчувствително се реагира во компанијата (дали се тоа производите, дали позадината или историјата на развојот, позицијата на пазарот, целите, предизвиците, изјавата на мисијата, организациската култура, клиентите или нешто друго) 

Page 29: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Препорачливо е да истражувате во следниве насоки

• Деловниот сектор во јавните библиотеки• Бизнис и финансиски списанија • Економските рубрики во дневниот печат• Литературата за компанијата на вашиот потенцијален вработувач

• Вашите лични и професионални врски.• Соберете ги сите ваши информации за фирмата во еден вид портфолио, слично како во примерот што следи (се разбира, содржините во вашиот формат ќе зависат од информациите до кои сте дошле)  

Page 30: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Што би треба за да направите добар профил на компанијата

• Името на компанијата • Локација каде се наоѓа • Основен производ на компанијата • Други производи на компанијата • Кој е одговорен за нови вработувања во одделот за кој се 

интересирам • Годишен профит на компанијата • Возрасна распределба на главни потрошувачи • Предвиден раст • Главен конкурент • Промотивен слоган на компанијата • Заштитно лице за реклама на производи 

Page 31: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Воведен дел

• Наведете име на личност со која сте контактирале лично, а кого читателот на писмото со сигурност го познава

• Исфрлете прашање со кое „ќе вклучите копче за тревога“ кај читателот и ќе го вовлечете во вашиот тек на мислите

• Започнете со храбра изјава што ќе го натера читателот да сака да дознае како ќе ги исполните дадените ветувања, или да открие што сакавте да кажете

• Звучен цитат наместо вовед 

Page 32: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Формален пристап

• „Можеби се наоѓате во ситуација да имате потреба од (вештина што јас ја поседувам)“

• „Како искусен (професионалец во која било област)“

• „Неодамна прочитав (нешто релевантно за компанијата од интерес)“

• „Минатата есен на (таа и таа) конференција, ве видов...“

• „Веќе извесно време барам можност да (направам тоа и тоа)“

Page 33: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Пријателски пристап

• „Само во текот на минатата година, Х луѓе направија (нешто во врска со компанијата)“

• „Да се направи (нешто одредено) не е баш лесна задача“• „Во некои организации работите толку брзо се движат 

што е потребен (некој како мене) за да ...“• „Сега кога веќе ја имате мојата биографија во вашите 

раце...“• „Штом ја прочитате мојата работна биографија ќе ви биде 

јасно во колкава мера јас се вклопувам во вашата програма.“

• „Непосредните резултати се она што можете да очекуват е од мојата работа како (било што).“

Page 34: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Храбар пристап

• „Можеби ова ќе го наречете амбициозност, или дури крајна упорност“

• „Еве во која грмушка се крие зајакот:“• „Ако по читањето наовој текст не се сеќавате ама баш на ништо, запомнете го барем ова:“

• „Се вели дека мојата професија е највозбудлива на светот. И јас во потполност се согласувам со тоа!“

Page 35: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Средишен дел  на пропратното писмо ‐убедување и продажба на кандидатот

При подготовката за овој дел, корисно е да се потрудите и да најдете одговор на следниве прашања:

• Какви вештини и знаења бара работодавачот од идеалниот кандидат?

• Кое ваше остварување покажува дека ги поседувате таквите вештини и знаења?

• Кој сегмент на личноста би сакал работодавачот да го види во совршениот кандидат?

• Кои аспекти на вашата личност ќе ве направат продуктивен член на тимот?

Page 36: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Извадоци од неколку различни пропратни писма

Од  претставник на одделот за продажба:„Мојата развиена мрежа на контакти во козметичката и индустријата за парфеми 

вклучува повеќе од 1000 купувачи, домашни и странски. Тоа се, пред сè,  

професионалци со кои се познавам лично и кои ги почитуваат моите препораки.“

Page 37: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Извадоци од неколку различни пропратни писма

Од менаџер на маркетинг:„Еве ја мојата мала тајна: јас користам силни, невообичаени маркетиншки 

стратегии за да постигнам феноменални резултати за половина време ‐ и за 

половина цена!“

Page 38: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Извадоци од неколку различни пропратни писма

Од офис менаџер:„Секогаш кога:

• сакате сите операции во вашата канцеларија да се одвиваат глатко и без застој,

• имате потреба од пристап до прецизни податоци во врска со финансиите во кое било време,

• сакате ефикасно искористување на опремата во вашата канцеларија,

• знаете дека технологијата во вашата канцеларија има конфигурација која одговара на вашите потреби, и 

• го чувствувате тимскиот дух во работата, тогаш ја имате вистинската личност во вашата канцеларија!“

Page 39: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Извадоци од неколку различни пропратни писма

Од менаџер на хотел:„Мојот претходен работодавач изјави дека мојот професионализам далеку ги надминува познатите примери на бројни професионалци во областа на менаџмент 

на услугитеЌе ми биде посебно задоволство да 

можам да придонесувам со квалитет во вашиот менаџерски тим во скора 

иднина.“

Page 40: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Интервју

• Интервјуто е доста употребувана форма на комуницирање во деловното работење

• Интервјуто е таква комуникациска форма, во која што се сретнуваат два субјекти: интервјуиран и интервјуер/и

• Станува збор за директно комуницирање, кое вклучува и вербална и невербална комуникација 

Page 41: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Со интервјуто може да се постигнат повеќе цели

• да се избере кандидат за определено работно место

• да се следи изведбата на вработените• да се разменат информации• да се обезбедат потребни информации• да се даде совет

Page 42: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Типови на интервјуа

Постојат многу различни видови на интервјуа, но генерално се разликуваат два основни типа:

• набљудувачко (screening) интервју • селективно интервју

Page 43: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Стиловите на интервјуирање

• Секое интервју е различно, затоа што секој поединец има свој сопствен стил на комуницирање

• Некои луѓе се професионално обучени за водење на интервју, некои тоа го прават според сопствено наоѓање

• Стиловите на интервјуирање, генерално, можат да се поделат на: 

директивен стил  недирективен стил 

Page 44: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Фактори кои се битни за интервјуто

• местото на кое ќе се одржи интервјуто• подготовка на  потсетникот за интервуирање

• спроведување на  интервјуто   • проценка и анализа на добиените резулатати 

Page 45: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

За успешно спроведување на интервјуто потребно е да се исполнат три важни

услови:

• активно слушање• соодветни прашања  • способност за воопштување 

Page 46: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Некои правила

Потребно е секој интервјуиран да се придржува кон некои правила кои придонесуваат за поуспешна комуникација   

• Целосни одговори • Кратки и концизни одговори• Да не се употребува жаргон • Постојан контакт со очите  • Искрени одговори

Page 47: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Прашања за формирање на атмосфера

• Како се чувствувате денес ?• Имавте ли тешкотии да не најдете ?

• Што мислите за времето во последно време ?

Page 48: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Прашања за определување на вештините и квалификациите

• Дали сте посетувале некои обуки или курсеви откако сте дипломирале?

• Кои курсеви, според вас, беа најкорисни ?

• Кажете ми за вашето искуство.• Дали можете да работите за плата од 

15.000 денари ?

Page 49: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Прашања за определување каква личност сте:

• Што правите во вашето слободно време ?• Кажете ми нешто за вашето детство ?• Колку, и колку често пиете алкохол ?• Дали уживате да им приредувате радост 

на другите ?

Page 50: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Прашања за тоа како се доживувате себеси

• Што сметате дека се ваши силни страни ?• Кои се вашите најголеми слабости ?• Колку можеме да бидеме сигурни дека 

ќе работите за нас?• Дали сте тип на победник ?

Page 51: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Прашања за платата

• Каква плата барате ?• Колку очекувате да заработите ?• Колку би требало да ви плаќаме ?

Page 52: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Прашања за вашите очекувања од кариерата

• Каде очекувате да бидете по пет години ?

• Кои се вашите кариерни цели ?• Кои се вашите крајни цели?

Page 53: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Кандидатот на интервјуерот може да му ги постави следните прашања

• Дали работата е на определено или неопределено време?

• Кои се работните задачи? • Кога се започнува со работа? • Какво е работното време?• Кој е претпоставен на тоа работно место?• Кога ќе биде донесена одлука кој ќе биде примен на 

работа?• Кои се целите на организацијата?• Каква е политиката на компанијата во поглед на 

стучното усовршување на вработените?• Дали во организацијата се работи прекувремено?

Page 54: Delovna komunikacija za... · податоци додека трае процедурата ... • Вашето искуство на волонтерска база е релевантно

Не би смееле да се поставуваат прашања од следниот тип

• Колку денови боледување  одобрувате?• Колку трае годишниот одмор?• Дали давате еден час пауза за ручек?• Кога ќе се добие зголемување на платата?• Колку брзо може да се очекува напредување во кариерата?