centralen depozitar za hartii od vrednost

24
Универзитет ‘‘Св.Кирил и Методиј‘‘ Економски факултет-Скопје Семинарска работа по предметот ‘‘Финансиски пазари и институции‘‘ TEMA ‘‘Централен депозитар за хартии од вредност‘‘ 0

Upload: perica-cvetkovski

Post on 29-Nov-2014

259 views

Category:

Documents


4 download

TRANSCRIPT

Page 1: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

Универзитет ‘‘Св.Кирил и Методиј‘‘ Економски факултет-Скопје

Семинарска работа по предметот ‘‘Финансиски пазари и институции‘‘

TEMA

‘‘Централен депозитар за хартии од вредност‘‘

Изработил: Ментор: Мирова Сања Проф. Д-р Михаил ПетковскиИндекс: 50 800

0

Page 2: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

С О Д Р Ж И Н А

Вовед----------------------------------------------------------------------------------------------------------21. Законска рамка за основање и работа на централниот депозитар-------------------------------32. Поврзаност на ЦДХВ со други субјекти----------------------------------------------------------------43. Функции на централниот депозитар на хартии од вредност -------------------------------------5

3.1.Регистрирање на хартиите од вредност----------------------------------------------------53.2.Давање на меѓународен број за идентификација на хартиите од вредност (ISIN) за сите емисии на хартии од вредност--------------------------------------------53.3.Запишување на сопствениците на хартии од вредност---------------------------------63.4.Порамнување на трговските трансакции според принципот испорака наспроти плаќање -------------------------------------------------------------------------------------------------------6 3.5.Вршење на нетрговски преноси -----------------------------------------------------------------63.6.Обезбедување на дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност----7

4.Достапност на податоците и субјекти на кои им се доставуваат--------------------------------75.Безбедност на податоците евидентирани во системот на централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје----------------------------------------------------------------------------86.Членки на Централниот депозитар за хартии од вредност---------------------------------------------9

6.1.Одредби за однесување на членка на Депозирарот и/или брокерот----------------106.2.Однесување во врска со паричните среднства на клиентите------------------------116.3.Однесување во врска со финансиското работење на членката----------------------12

7.Хартии од вредност за кои води записи ЦДХВ----------------------------------------------------12Заклучок------------------------------------------------------------------------------------------------------13

1

Page 3: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

ВОВЕД (Централен депозитар на хартии од вредност )

Здрав и ефикасен пазар на капитал во една земја им овозможува на инвеститорите да го ограничат ризикот од инвестирање, а на оние на кои им е потребен дополнителен капитал, да најдат различни извори на капитал. На ваков начин се олеснува финансиската либерализација, а на долг рок се намалуваат трошоците за капитал на друштвата и се помага нивниот економски развој. Пазарот на капитал преку своите финансиски посредници ги канализира средствата од штедачите кон потрошувачите. На таков начин се врши генерирање на штедењето и неговото продуктивно искористување. Постоење на широки можности за профитабилно вложување на финансиски средства стимулира ново штедење, а приходите што се остваруваат со инвестирањето, уште повеке го зголемува штедењето. Дел од ова штедeње се употребува за тековна потрошувачка, која ја зголемува потребата од нови производи, со што придонесува во отварање на нов инвестиционен циклус. Средствата што се вложени во профитабилни програми се остварува развој на друштвата, што доведува до потреба од нови вработувања и зголемување на стапката на вработеност.

Но, патот на овие познати исходи иако изгледа јасно зацртан, не се поминува лесно. Од друга страна, тој не обезбедува едноставен рецепт за ваквиот развој на пазарот на хартии од вредност, нити гарантира дека ваквиот развој нема да биде долгорочен, трнлив и скап.

Активниот пазар на хартии од вредност влијае и на развојот на другите делови на финансискиот систем во земјата, на пример на другите финансиски институции( инвестициони фондови, осигурителни друштва, пензиски фондови), кои ке имаат можност да одржуваат потребен ризичен профил на портфолио преку тргување со ликвидни хартии од вредност. Тој ке создаде конкуренција за комерцијални банки, кои ке треба да ја унапредат својата ефикасност и степенот на извршување на своите услуги, но и ке ги принуди банките да почнат да размислуваат за '' секуратизирање '' на своите кредити и подобро усогласување на роковите и на ризиците во нивните биланси.

Пазарите на капитал имаат улога на '' фаќање на победниците '', во приватниот сектор на земјите во транзиција, но не би било пожелно да се мисли дека тоа е лесна и пожелна улога. Таму каде што нема здрав и ефикасен банкарски сектор, се забележува тенденција на гледање на пазарот на хартии од вредност како за можност за брзо и

2

Page 4: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

привремено решение. Во други случаи, ентузијазмот за преминување на капиталистичките пазарни механизми може да води кон нереално високи очекувања за тоа што можат на краток рок да обезбедат берзите. Во суштина реформата и напорите за развој бараат од берзите да ја постигнат посакуваната цел, а тоа е ефикасно алоцирање на заштедите и контролирањето на способностите на друштвата да бидат барем толку долгорочни и комплексни како оние на банките.

Целта на овој труд е да даде глобален приказ на делот од Законот кој се однесува на Депозитар на хартии од вредност, регистрација на хартии од вредност, вршење на нетрговски преноси и порамнување на трговски трансакции, исто така се воведени и некои новини при што депозитарот експлицитно добива статус на саморегулирачка организација која донесува правила за однесување и дисциплина, со цел спроведување на актите на Депозитарот, како и на регулативата од надлежност на Комисијата.

1.ЗАКОНСКА РАМКА ЗА ОСНОВАЊЕ И РАБОТА НА ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕПОЗИТАР

Македонскиот централен депозитар за хартии од вредност беше основан согласно Законот за хартии од вредност, кој беше усвоен од Парламентот на Република Македонија во јули 2000 година. Статусната форма на институцијата е акционерското друштво. Друштвото согласно Законот е основано, од брокерски друштва, банки и осигурителни друштва.

Основни функции на ЦДХВ се дефинирани со законот за хартии од вредност во Република Македонија.

Според законодавството и договорите направени при отпочнување со работа на ЦДХВ, сите акционерски друштва и нивните емисии и емисиите на обврзаниците требаше да се регистрираат во централниот регистар на хартии од вредност во ЦДХВ.

Тргувањето на Македонска берза за долгорочни хартии од вредност со отварањето на Депозитарот целосно се компјутеризира. Со воведувањето на ваквиот начин на утврдување и порамнување на трансакциите, ризикот од непорамнети трансакции се сведе на минимум.

Постојат повеќе актери во работата на ЦДХВ. Некои од овие актери директно комуницираат со ЦДХВ со испраќање или примање на трансакции од ЦДХВ.Овие актери се операторите на сметка и брокерите. Исто така и издавачите се актери, кои се во интеракција со ЦДХВ, но тие немаат директна online комуникација.

Други институции кои се во интеракција со ЦДХВ се: Заложен Регистар, Управа за јавни приходи, Регистарот на правни лица и Регистарот на граѓани.

Некои институции се законски овластени да бараат генерални податоци за емисиите и сите издавачи, доколку ваквите податоци се неопходни во постапките кои тие ги водат или за потребите на нивното регулирање. Тоа се Парламентот на Република Македонија, Владата на Република Македонија, Народна Банка на Република Македонија, Државниот завод за статистика и надлежните судови.

Правото за добивање на податоци кои се регистрирани во ЦДХВ во врска со сопственоста на хартиите од вредност, го имаат само имателите на сметки ( и лицата на кои имателот им поделил полномошно) , издавачите на хартиите од вредност и органите и институциите кои се законски овластени.

Операторот на сметка дејствува во име на ЦДХВ. Само операторот на сметка е овластен за отварање и одржување на сметката за хартии од вредност, испраќање на

3

Page 5: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

трансакции за регистрирање на податоците на овие сметки и печатење на Извод од сметка по барање на имателот на сметка.

Во ЦДХВ можат да бидат отворени следните видови на сметки за хартии од вредност: Сметка за управување со средстваБрокерска сметкаГрупна сметка за купувањеСметка на институцијаСметка на имателот на хартии од вредностСметка на издавачот на хартии од вредностГрупна сметка за продавањеСметка за неидентификувани иматели.

2.ПОВРЗАНОСТ НА ЦДХВ СО ДРУГИ СУБЈЕКТИ(актери во системот)

Директни учесници/корисници кои испраќаат трансакции/директно комуницираат со ЦДХБ, се операторите на сметки и брокерите. Овие учесници моѓат да имаат директно влијание во промените на состојбата на сметките за хартии од вредност. Други учесници се издавачите на хартии од вредност.

4

Судови Заложен регистар

Имател на ограничени права

Инвеститори

База на податоци во сенка од Регистарот за правни лица

Оператори на сметки

База на податоци во сенка од Регистарот на граѓани

Систем на ЦДХВ

Сервис за корисници

Овластени институции

Издавач КХВ

Управа за јавни приходи

Банки

НБРМ

Брокери

МБХВ

Page 6: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

Работењето на ЦДХВ зависи од соработката со другите институции. Тоа се следните институции:

Македонска берза на хартии од вредност (МБХВ) Народна банка на Република МАкедонија (НБРМ) Централен регистар:

-Задолжен регистар (ЗР)-Регистар на ПРавни лица (РПЛ)

Регистар на граѓани (РГ) Управа за јавни приходи (УЈП) Судови Комисија за хартии од вредност и др.

3.ФУНКЦИИ НА ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕПОЗИТАР НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

Основни функции на Депозитарот се: - регистрирање на издавањето и преносот на хартиите од вредност во Република

Македонија како електронски запис,- давање на меѓународен број за идентификација на хартиите од вредност (ISIN)

за сите емисии на хартии од вредност,- запишување на сопствениците на хартии од вредност,- порамнување на трговските трансакции според принципот испорака наспроти

плаќање,- вршење на нетрговски преноси,- овозможување на услови за позајмување на хартиите од вредност,- следење на финансиска состојба на неговите членки, со цел управување со

ризикотповрзан со можно непорамнување на трговските трансакции и- вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност, и тоа:

доставување на ажуриран список на сите постојни сопственици на хартии од вредност издадени од ист издавач и вршење на други услуги во врска со издадените хартии од вредност како што се пресметка и исплата на дивиденда или камата, известувања за собранија на акционерите и сл.1

3.1.Регистрирање на хартиите од вредност

Сите хартии од вредност во Република Мaкедонија се издаваат, пренесуваат и евидентираат како електронски запис во Централниот депозитар на хартии до вредност (едниствен исклучок се благајничките записи издадени од НБРМ кои може да се водат или во НБРМ или во ЦДХВ). Сите хартии од вредност во форма на електронски запис се пренесуваат со запишување во ЦДХВ.

1 www.cdhv.org.mk

5

Page 7: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

3.2.Давање на меѓународен број за идентификација на хартиите од вредност (ISIN) за сите емисии на хартии од вредност

Сите хартии од вредност кои се евидентирани во системот на ЦДХВ се регистрираат со т.н. ISIN меѓународен број за идентификација на хартиите од вредност.

3.3.Запишување на сопствениците на хартии од вредност

Хартиите од вредност кои се купени за сметка на клиентот од страна на членка на Берзата или се стекнати по пат на нетрговски трансфер, се пренесуваат на соодветна сметка на новиот сопственик во ЦДХВ на денот на порамнувањето.

Сопственикот на хартии од вредност има своја сметка на хартии од вредност во ЦДХВ. Сметката на хартии од вредност преставува збирна состојба на сите хартии од вредност во сопственост на секој одделен сопственик н а хартии од вредност регистриран во депозитарот.

Секој сопственик н а хартии од вредност не смее да има повеќе од една сметка на хартии од вредност кај еден ист депозитар.

Во ЦДХВ се отвараат сметки на хартии од вредност на кои се водат состојбите на хартиите од вредност на сопствениците, се извршуваат прмени на правата на сопственост од хартиите од вредност и се запишваат ограничуваеата на правата на сопственост на хартиите од вредност.

Овластените учесници на пазарот на хартии од вредност имаат една сметка за сопствените хартии од вредност во еден депозитар и други сметки за извршување и порамнување на трансакциите на клиентите.

3.4.Порамнување на трговските трансакции според принципот испорака наспроти плаќање

ЦДХВ го извршува утврдувањето и порамнувањето на трансакциите со хартии од вредност, кои се склучени на Македонската Берза на хартии од вредност.

Утврдување и порамнување на трансакции со хартии од вредност се извршува според принципот ‘‘испорака наспроти плаќање‘‘, односно преносот на хартии од вредност во врска со трансакциите со хартии од вредност се врши преку истовремена размена на хартии од вредност и плаќања. Порамнувањето на хартии од вредност се врши на бруто основа.

ЦДХВ го извршува утврдувањето ипорамнувањето на трансакциите со хартии од вредност врз основа на податоци примени од МБХВ на денот на тргување. Пдатоците примени од МБХВ содржат елементи кои се потребни за утврдување и порамнување н аусогласени трансакции.

Откако ЦДХВ ќе ги прими усогласените тргувања од МБХВ, трансакцијата е обврзувачка за двете страни во оваа трансакција

6

Page 8: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

3.5.Вршење на нетрговски преноси

Сопственоста на хартии од вредност, освен преку трговските трансакции и примарниот пазар на хартии од вредност, може да се стекне или да се оттуѓи и врз основа на :1) Договор за подарок2) Договор за компензација3) Реализација на договор за залог на хартии од вредност4) Наследство5) Судска одлука

Нетрговските преноси на хартии од вреднот се вршат со запишувања на сметките на хартиите од вредност во депозитарот.

Датумот на запишување на преносот на сопственост врз основа на нетрговски преноси не треба да биде подоцна од 3 (три) работни дена од денот на доставувањето на потребната документација врз основа на законот на хартии од вредност и законите со кои се уредуваат прашањата за нетрговскиот пренос.

3.6.Обезбедување на дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност

Системот на ЦДХВ ќе ги поддржува следните стандардни корпоративни дејства: Поделба на ISIN броеви; Спојување на ISIN броеви; Поделба на акции; Асимилирање на ISIN броеви; Бришење на хартии од вредност; Зголемување на капитал- Дистрибуција на права за запишување ; Намалување на капитал; Промена на ISIN броеви; Дистрибуција на дивиденда, камата, исплата на главница и исплата на главница

на денот на доспевање.

4.ДОСТАПНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ И СУБЈЕКТИ НА КОИ ИМ СЕ ДОСТАВУВААТ

Според законот за хартии од вредност, правото за добивање на податоци кои се регистрирани во ЦДХВ во врска со сопственоста на хартии од вредност, ќе го имаат

7

Page 9: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

само имателите на сметки ( и трети лица иматели на ограничени права), издавачите на хартии од вредност и органи и институции кои се законски овластени.

Според Законот, секој кој за време на работата има пристап до регистрираните податоци во ЦДХВ е должен да ја чува доверливоста на податоците, освен доколку, согласно Законот, не се обврзани да дадат такви информации.

Само имателот на сметка и лицата на кои имателот им доделил полномошно, регистрирано на негова сметка- заедно со третите лица регистрирани на сметката- се овластени за примање на информации во врска со сметката за хартии од вредност за која станува збор.

Секоја годнина во јануари, по пошта ќе се испраќа годишен извод од сметка до имателот на сметката со користење на адресите кои се регистрирани на сметката.

Имателот на сметка во секое време може да го контактира неговиот оператор на сметката со цел да го добие изводот од сметката, со што ќе ја добие инфорацијата регистрирана на неговата сметка за хартии од вредност во моментот кога барањето било поднесено.

Според членот 69 од Законот за хартии од вредност, ЦДХВ пет дена по преносот ќе ја извести Комисијата за хартии од вредност, кога на сметката за хартии од вредност има повеќе од 5% на акции со право на глас во основната главнина на акционерското друштво со посебни обврски за известување. На барање на КХВ може да добие и информација за регистрираните емисии и нивните издавачи и информација за индивидуалните сопственици на хартии од вредност, во врска со постапките кои ги води ЦДХВ.

Секоја година во јануари се испраќа Акционерката книга до издавачот, со која ќе се информира за секоја емисија (ISIN) за сите моментални иматели на акции од оваа емисија.

Издавачот на хартии од вредност е овластен да побара печатена информација за:a) Регистрираните податоци за издавачотб) Регистрираните податоци за хартиите од вредност, издадени од овој издавач.

Издавачот во секое време може да го контактира неговиот оператор на сметка со цел да добие отпечатен документ од Акционерската книга за одредена емисија (ISIN).

Секој брокер е во можност на екран да ги види податоците, кои се регистрирани во базата на податоци за хартии од вредност во ЦДХВ за емисиите (ISIN) и нивните издавачи, податоците за статусот на траговската трансакција за порамнување. Достапни се само податоците во врска со тргувањата во кои тој брокер учествувал.

Доколку имателот на сметка бара од брокерот да изврчи резервација на хартиоите пд вредност за тргување во корист на имателот на сметката, мора да се регистрира полномошното за овој брокер на сметката за хартии од вредност.

Полномошното, в зависност од желбата на клиентот на брокерот ќе му го даде правото за да:

a) Изврши резервирање на хартиите пд вреденост за тековното тргување б) На екран да ја види содржината на сметката за хартии од вредност, на која го

извршил регистрирањето со полномошното, и да изврши резервирање на хартиите од вредност за тековното тргувањеСпоред член 67 од законот за хартии од вредност, државните органи и службите

овластени со закон можат да побараат список на сите сопственици на хартии од вредност на издавачот на хартиите од вредност.

8

Page 10: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

5.БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ ЕВИДЕНТИРАНИ ВО СИСТЕМОТ НА ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕПОЗИТАР ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ АД СКОПЈЕ

ПОдатоците во базата на податоци на ЦДХВ се едниствената валидна информација за оние емисии и сопственички права, кои се регистрирани во ЦДХВ.

Губењето или оштетувањето на податоците во базата на податоци на ЦДХВ би било критично за функционирањето на ЦДХВ.

Нелегалната промена пак на податоците, може да предизвика давање на погрешна информација и грешки во работата на системот, како и загуби за учесниците во Системот на ЦДХВ.

Во ЦДХВ постојат следните две бази на податоци: Главна база на податоци-ја содржи моменталната состојб, односно тековниот

правно валиден податок за емисиите и сметките за хартии од вредност Историска база на податоци-ги содржи старите прегледи, до 10 годни наназад. Информацијата која ја поседува персоналот на ЦДХВ во врска со базите на

податоци и нивната содржина е доверлива. Според Законот, лицата кои имаат пристап до податоците на ЦДХВ за време на нивната работа, се должни да ја чуваат доверливоста на податоците.

6.ЧЛЕНКИ НА ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕПОЗИТАР ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

Членки на Депозитарот можат да бидат брокерски куќи, банки,осигурителни друштва и друштва за управување со фондови. Членките во има и за сметка на своите клиенти или во свое име и за своја сметка може да ги користат сите услуги што ги обезбедува Депозитарот. Условите и постапката за прием и престанок на члеснтвото, го утврдува Депозитарот со посебни правила за членство.

Правата и обврските на Депозитарот и неговите членки се утврдуваат со овие правила, Правилата за членство, упатствата на депозитарот и со договор склучен меѓу депозитарот и членките.

Со потпишување на договорот, членката се обврзува во своите правни односи со Депозитарот, со другите членки на Депозитарот и во правните односи со своите клиенти во целост да ги почитува и да ги применува одредбите од овие правила, Правилата за членство, Правилата за однесување и дисциплина, Упстствата на Депозитарот, Тарифникот и другите правни акти на Депозитарот.

Членката на депозитарот е должна веднаш да го извести Депозитарот за сите промени кои може да влијаат на нејзиното учество во работата на Депозитарот.

Членката е должна уредно и навременода ги подмирува финансиските и други обврски спрема Депозитарот и другите членки на Депозитарот, на начин и во рокови утврдени со овие правила, упатства и другите акто како и договорите склучени со депозитаорт.

9

Page 11: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

Депозитарот е должен уредно и навремено да ги подмирува финансиските и други обврски спрема неговите членки, на начин и во рокови утврдени со овие правила, упатвства и договорите склучени со членките.

Членките на депозитарот се целосно одговорни зспрема клиентите кои ги застапуваат и се должни да ги обештетат во случај на противзаконски постапки, немарност или неисполнување на обврските на членката спрема клиентот, вклучувајќи ги и случаите кога членката неправилно или неовластено ја користела сметката на нејзиниот клиент во Депозитарот.

Членката на Депозитарот која има пристап до комјутерскиот систем е должна да постапува во согласност со упатствата на Депозитарот со кои се утврдени техничките стандарди на компјутерската и комуникациската опрема за пристап до компјутерскиот систем на Депозитарот , вклучувајќи ја употребата на програмска подршка која ја обезбедува депозитарот.

Членката на Депозитарот е должна да се придржува до сите мерки на сигурност за пристап до компјутерскиот систем и заштита на посатоците од неовластено користење од трети лица , како и други мерки утврдени во упатствата на Депозитарот.Членката на Депозитарот е одговорна за постапките на своите вработени кои се направени спротивно на овие правила и упатства на Депозитарот.

Депозитарот им доставува на сите негови членки известувања на начин и во рокови пропишани со овие правила.

Членката е должна да ја провери точноста и потполноста на сите известувања што ги прима од Депозитарот и веднаш да го извести Депозитарот доколку не ги примила известувањата во предвидениот рок или ако ја оспорува точноста на податоците или потполноста во известувањето.

Ако членката не ја оспори точноста и потполноста на известувањето во рок од 24 часа од неговиот прием, се смета дека членката ја потврдила точноста и потполноста на известувањето и дека се откажала од своите права на оспорување на грешки или недостатоци во известувањето.

Вработените на членките на Депозитарот кои во своето работење доаѓаат до податоци кои се сврзани со неговото работење должни се да ја чуваат нивната тајност.Обврската се однесува и по завршувањето на нивниот работен однос кај членката на депозитарот, но не подолго од 5 години.

Надоместоците за извршените услуги од страна на депозитарот се утврдуваат со посебна тарифа. Во тарифата покрај надоместоците за услугите на депозитарот се утврдуваат и казните за повредата на овие правила и упатства на Депозитарот.На тарифата на депозитарот согласност дава комисијата. Тарифата на Депозитарот се објавува во Службен весник на Република Македонија.

Членките и депозитарот своите спорови ќе настојуваат да ги решат спогодбено. Во случај на неуспех за решавање на споровите надлежен е стварно и месно надлежниот суд.

6.1.Одредби за однесување на членка на Депозирарот и/или брокерот

Членка на Депозитарот и/или брокерот е должен во рамките на своето работење да ги применува и почитува одредбите од прописите од областа на хартиите од вредност

10

Page 12: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

Членка на Депозитарот и/или брокерот е долќен во рамките на своето работење да ги применува одредбита од актите на Депозитарот, согласно саморегулирачкиот статус на Депозитарот.

Членка на Депозитарот и/или брокерот е особено должен во своето работење да ги применува следните начела и принципи на однесување

-да постапува совесно и професионално во своето работење-да се грижи за заштита на интересите на клиентите-да ги почитува одредбите од сопствените акти-да ги поддржува високи стандарди на интегритет и фер тргување-да постапува со соодветна вештина и внимание-да избегнува сидир на интереси, а ако дојде до тоа, да обезбеди фер третман на

сите клиенти со давање податоци и според интерните правила на доверливост, да се воздржи од делување и да не ги става своите интереси пред интересите на клиентот

-да воспостави односи на соработка со Комисијата за хартии од вредност и Депозитарот

-да обезбеди најдобро извршување на налозите на клиентот-да не го загрозува јавниот углед на Депозитарот или на неговите членови Членка на Депозитарот е особено должна во своето работење да ги применува

следните начела и принципи на однесување-да обезбедува континуирана едукација на вработените во врска со промените во

законската регулатива, актите на Депозитарот и при промена на техничките во работењето на членката

- да ги организира и да ги конторлира своите внатрешни работи на одговорен начин, да води уредна евиденција, да обезбеди сите нејзини вработени да бидат лица со соодветни квалификации и уредно да го надгледува нивното работење во согласност со закон и актите на Депозитарот

6.2.Однесување во врска со паричните среднства на клиентите

1)Членката е должна да ги чува на посебна сметка сите парични среднства на клиентот дадени на членката за купување на хартии од вредност или паричните среднства добиениво продаќба на хартиите од вредност на клиентот

2)Паричните среднства од посебната сметка можат да се употребат само во согласност со инструкциите на клиентот.Членката ги уплаќа паричните средства добиени од продажбата нахартиите од вредност исклучително во име и за сметка на клиентот најдоцна во рок од еден работен ден по приемот на паричните средства од продажбата

3)Членката особено се грижи(а)да не се мешаат паричните средства на клиентот со други парични средства (б)во секое време да знае колкав износ на парични средства има клиентот на својата

сметка(в)паричните средства на еден клиент да не се користат за сметка на друг клиент4)Од паричните средства на клиентот членката не смее да врши плаќања поврзани

со склучени трансакции со хартии од вредност во свое име и за своја сметка, како и било какви други плаќања во свое име и за своја сметка

5)Членката може да повлече парични средства од сметката на клиентот само ако

11

Page 13: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

(а)Има валидно барање за исплата на/во име на клиентот или(б) Има валидно барање за исплата на долг, бклучувајќи провизии и надоместоци,

што клиентот му ги долши на членот или(в) Има валидно барање за префрлање на паричните средства на друга сметка на

клиентот или на сметка што гласи на клиентот или(г)во случај на уплата на паричните средства од сметка на клиентот по грешка на

брокерот6)Членката може да подигне парични средства од сметка на клиентот заради

наплата на свои надоместоци или провизии само акоа) членката го извести клиентот седум дена однапред за својата намера, и за што

обезбеди адекватна потврда за прием на известувањето од страна на клиентот, и ако ги даде потребните детали за сите ставки на предложеото исплаќање, а ако клиентот не ги оспори на било кој начин и

б) ако надоместоците и провизиите се во согласност со договорот склучен со клиентот

в)има писмена согласност од клиентот за сумата што ја наплатува

6.3.Однесување во врска со финансиското работење на членката

1)Членката е должна навремено да ги исполнува пристигнатите динансиски обврски и постојано да ја одржува способноста за исполнување на своите обврски2)Без разлика дали тргва со своето име и за своја сметка, или за сметка на клент, во меѓусебните односи со други членки на Депозитарот членката има статус на принципал и е одговорна за трансакциите склучени за своите клиенти3)Членката е одговорна за сите дејствија извршени од нејзините директори и вработени во име на членката, вклучувајќи и склучени договори од наведените лица во име на членката, а во врска со работи со хартии од вредност4)Членката одговара со сите трансакции склучени во нејзино име од страна на овластен брокер или вработен, и за извршување на тие трансакции во согласност со актите на Депозитарот5)Ако членката оцени дека не е во можност да ги исполни достасаните неплатени обврски односно да обезбеди минимален износ на потребните ликвидни средства, должна е

1)Да ги извести Комисијата за хартии од вредност, овластената Берза каде е членка Депозитарот во рок од 24 часа од моментот кога ќе стане свесна за своите финансиски проблеми и

2) да прекине да врши работи со хартии од вредност.

7.ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ЗА КОИ ВОДИ ЗАПИСИ ЦДХВ

Хартиите од вредност означуваат инструменти ( договорен однос), договор чија цел е остварување добивка врз основа на претприемачкиот и менаџерскиот труд на други, вклучувајчи без ограничување акции, обврзници, благајнички записи, комерцијални записи, државни записи, сертификати за депозит и други финансиски инструменти кои се сметаат за инвестиции според Комисијата за хартии од вредност.

12

Page 14: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

Хартиите од вредност како што веке напоменавме, се издаваат, пренесуваат и се водат како електронски записи во ЦДХВ. Тие гласаат на име и имаат номинална вредност. Правата и обврските настануваат од моментот на нивното запишување во ЦДХВ.

Според Законот за хартии од вредност и Правилата на МБ, инструменти со кои најчесто се тргува на Берзата се:АкцииОбврзници

Во договор со одредена институција може да се организира тргување и со други финансиски инструменти, по претходна согласност од страна на КХВ. Врз таа основа, покрај со акции и обврзници, на Берзата може да се тргува и со неприватизирани резидуални акции како на пример акциите во сопственост на различни државни институции, како што е фондот за ПИОМ.

Акцијата е писмена исправа за сопственоста над средствата која донесува променлив приход. Според Законот, акцијата е сопственичка хартија од вредност која претставува доказ за сопственост на идеален дел од основната главнина на акционерското друштво. Имателот на акцијата стекнува право на учество во добивката, а зависно од видот на акцијата, може да има право да учествува во управувањето на друштвото.2

Акцијата може да гласа во денари или во странска валута со тоа што во Македонија се купува и продава во денари. Нејзината вредност секогаш се определува со номинална вредност и тоа со одлука за издавање на акции или со правилата на акционерското друштво. Затоа скоро во сите законодавства за акционерските друштва и според нашето законодавство акциите не можат да се издаваат под нивната номинална вредност.

За поделбата на акциите можат да се применат различни критериуми, од кој ке наведиме еден:

- Според сопственикот на акцијата- Според редоследот на издавање- Според содржината на правата - Според правото на глас и- Според цената на стекнување.

Во многу земји со развиено пазарно стопанство поголем број претпријатиа и акционери или друштва покрај издавање на акции си обезбедуваат средства и преку емисија на обврзници.

Обврзниците се сметаат за долгорочни хартии од вредност. Обврзницата е писмена исправа со која нејзиниот издавач се обврзува дека на лицето означено во обврзницата или по негова наредба на доносителот ке му го исплати на определениот ден износот наведен во обврзницата, односно износот на ануитетскиот купон.

Основната функција на обврзницата е во примање на туѓи средства и издавање на исправа за примените средства, со јасни и дефинирани услови за враќање на тие средства. Тоа значи примајќи туѓи средства примачот емитира своја обврзница. Обврзницата е должничка хартија од вредност со цврста тековна камата. Според Законот за хартии од вредност, обврзницата е должничка хартија од вредност со која

2 Закон за хартии од вредност, бр.07-3961/1, 26 октомври, Скопје, 2005 година.

13

Page 15: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

издавачот се обврзува дека на сопственикот на обврзницата еднократно или на рати ке му исплати на определениот ден износот на номиналната вредност на обврзницата и каматата.

Според Законот за хартии од вредност, обврзниците можат да бидат:а) Според начинот на обезбедување на правата:

- гарантирани, - негарантирани, - обврзници обезбедени со хипотека,

б) Според рокот на пристигнување на обврските на издавачот: - краткорочни и - долгорочни,

в) Според начинот на остварување на правата: - обврзница без купон - камата која се исплатува одеднаш, - обврзница со купон - камата која се исплатува во каматни периоди,

г) Според каматата: - со фиксна камата и - со варијабилна камата,

д) Според начинот на остварување на правото за враќање на номиналниот износ: - еднократни обврзници и - обврзници во рати,

ѓ) Според посебните права: - партиципативни обврзници кои на имателите освен камата им даваат право и

на дивиденда и - заменливи конвертибилни обврзници кои даваат право занивно

претварање во акции или право на првенство на купување на акции.3

ЦДХВ води записи за следните видови на обврзници во Република Македонија:-Обврзници за старо девизно штедење-Обврзници за превземени побарувања-обврзници за денационализација-обврзници за селективни кредити

3 Закон за хартии од вредност, бр. 07-3961/1, 26 октомври, Скопје, 2005 година.

14

Page 16: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

ЗАКЛУЧОК

Од досега изложеното може да се види дека за разлика од некои пазари на капитал во земјите во транзиција, каде што најпрво се одвивале одредени активности на пазарот на капитал, а потоа се поставувала соодветната законска рамка за нивно регулирање, во РМ уште од почетокот на развојот на пазарот на хартии од вредност се почитува практиката на донесување на соодветната законска регулатива, а потоа, врз нејзина основа, се основани институциите на пазарот на хартии од вредност. Со овој пристап беше овозможено да не се забележат никакви позначајни турбуленции на пазарот со хартии од вредност, односно постоењето на соодветната законска регулатива придонесе да нема посериозни нарушувања.

Од досегашното функционирање на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија, можеме да заклучиме дека хартиите од вредност претставуваат главни лостови на финансискиот капитал. Затоа одредбите на Законот за хартии од вредност се прилагодени со пазарните услови на стопанисување.

Несомнено станува збор за релативно комплекасна материја, за која уште еднаш ќе потенцираме дека од нормативен аспект е многу високо регулирана како во светски рамки, така и кај нас. Повеќе од јасно е дека во последните неколку години македонскиот пазар на хартии од вредност доживеа како квантитативен, така и квалитативен напредок.Причините за ваквата состојба првенствено се резултат на зголемувањето на интересот од страна на пошироката јавност за тргување со хартии од вредност, но не би требало да се занемарат и реалните напори кои беа вложени во насока на квалитативно подобрување, како на законската, така и на подзаконската регулатива, која во голем дел е усогласена со релевантната европска регулатива.Овде особено се мисли на квалитативно подобрување на законската позиција на сите учесници на пазарот на хартии од вредност во РМ, со што се даде особено позитивен импулс за понатамошниот развој.

Според наше мислење, во сегашната констелација на состојби на македонскиот пазар на хартии од вредност, акцентот би требало да биде ставен на стимулирање на понатамошното присуство и привлекување на странските портфолио инвеститори на Македонската берза. Се разбира дека постигнувањето на оваа цел ќе зависи од цел сет на

15

Page 17: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

фактори, при што е потребно заедничко дејствување и соработка помеѓу регулаторот(КХВ) и непосредните учесници на пазарот на хартии од вредност (Берза, ЦДХВ, фондови, брокерски куќи).

Од наведеното јасно произлегува дека за постигнување на оваа цел, клучната улога треба да ја одиграат непосредните учесници на пазарот на хартии од вредност. Сметаме дека ова е еден од посакуваните начини за постоење на понатамошен раст и развој како на македонскиот пазар на хартии од вредност така и на целокупната домашна економија.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Проф. Д-р. Петковски М., Финансиски пазари и институции, Универзитет ‘‘Св. Кирил и Методиј‘‘, Скопје

2. Kenneth M. Morris, Virginia B. Morris, Guide to understanding money&investing, Комисија за хартии од вредност, Скопје, 2002 година;

3.Комисија за хартии од вредност, Пазарот на хартии од вредност во РМ: денес и утре, Скопје, 2006 година.

Регулатива:

5. Закон за хартии од вредност на РМ, број 07-3961/1, 26 октомври, 2005 година.

Други извори;

1. www.sec.gov.mk;

2. www.mse.com.mk; 3. www.cdhv.org.com.

16

Page 18: Centralen Depozitar Za Hartii Od Vrednost

17