bilten br 3 2015

11
45 РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ 29.07 - 01.08.2015 29.07 - 01.08.2015 29.07 - 01.08.2015 45 FESTIVAL OF TRADITIONAL SONGS AND DANCES ILINDEN DAYS ILINDEN DAYS ILINDEN DAYS 2015

Upload: predrag-stojkovski

Post on 23-Jul-2016

233 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

Прва фестивалска вечер 29 јули 2015

TRANSCRIPT

Page 1: Bilten br 3 2015

45 РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ

29.07 - 01.08.201529.07 - 01.08.201529.07 - 01.08.2015

45 FESTIVAL OF TRADITIONAL SONGS AND DANCES

ILINDEN DAYSILINDEN DAYSILINDEN DAYS

2015

Page 2: Bilten br 3 2015

Pokrovitel:Sobranie na

Republika Makedonija

Organizator:

BILTEN

45. РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ

Број 3/2015 • Битола, 31.07.2015

Page 3: Bilten br 3 2015

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

3

Прва фестивалска вечер 29 јули 2015

Page 4: Bilten br 3 2015

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

4

Втора фестивалска вечер 30 јули 2015

Page 5: Bilten br 3 2015

Семинар за традиционална музика и игра

Зборник на трудови бр.7

НУ Центар за култура-Битола го претстави најновото седмо издание на Зборникот на стручни трудови од Семинарот за традиционална музика и игра. Годинава се публикувани шест трудови на 50 страници, во тираж од 300 примероци кои се дистрибуирани на учесниците на семинарот за традиционална музика и игра, но и на друга стручна јавност посветена на фолклорот од државата и странство. Во трудот „Народната носија суштинска одлика во сценските адаптации“, авторот м-р Владимир Јаневски, професор на Музичка ака-демија, оддел за етнокореолгија при Универзитет „Гоце Делчев“-Штип, пишува за културата на облекување кај македонскиот народ како специ-фика и богатство во колористични решенија и симболи. Професорот Ја-невски нагласува дека – во изведбата на играорните ансамбли таа (носијата) е првиот контакт со публиката и ја отсликува сценската адаптација, давајќи и белег на националната припадност, естетика, национално чувство..., нагласува професорот Јаневски. Во трудот „Специфика на музичкиот фолклор“ чиј авор е профе-сор д-р Родна Величковска од Инсти-тут за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје, истакнати се тези врзани за спецификата на музичкиот фолклор, како усност, варијантност, колектив-ност, полистадијалност и музичко фолклор-на традиција набљудувана

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

5

преку најрепрезентативните примери од македонската обредно-пејачка традиција. Во Зборникот трудови публику-ван е и трудот „Развојот и целта на образовниот профил традициски иг-рач-пејач“ на м-р Благица Илиќ од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“-Скопје. Со помош на овој образовен профил се едуцираат ученици од средно образование кои во период од четири години ја изучуваат, истражу-ваат и практикуваат зачувување на традиционалната музика и играорна култура во Македонија и пошироко. Во текот на четиргодишното средно образование учениците се стекнуваат со наставниот профил – традициски играч-пејач во рамките на балетско-уметничката струка, подвлекува професорката Илиќ. На тема „Ороводни песни и инструментална придружба“ пишува м-р Тимко Чичаковски, исто така од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“-Ско-пје. Според м-р Чичаковски, оровод-ните песни придружувани со инстру-мент се една од најстарите форми на соединување на повеќе елементи заедно – пеење, свирење и игра. Овие песни биле интерпретирани на разни-те собори, веселби, слави, а кај народот биле омилени и затоа опста-нале низ вековите. Ороводните песни најчесто биле придружувани со еден инструмент, но се среќава и појавата каде што се свиреле и повеќе инстру-менти доколку интонативно се усогла-сат, предочува м-р Чичаковски.

Page 6: Bilten br 3 2015

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

6

Д-р Даворин Трпески од ПМФ – Институт за етнологија и антропо-логија при Унивезритетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје оваа година го понуди трудот „Обичаи поврзани со сеидбата на житото во Кривогаштани: верувања и митски претстави“. Во неговото истражување се претставени верува-њата при вршењето на аграрните активности и обредите поврзани со сеидбата кај населението во селото Кривогаштани. Во најновиот број на Зборник на трудови од Семинарот за тради-ционална музика и игра публикуван е и трудот „Сценска адаптација – поим, дефиниција и процес на создавање“ од авторот Валентин Соклевски, вработен во НУ Центар за култура-Битола. Тој нагласува дека создава-њето на сценската адаптација е процес, составен од основни делови

или сегменти кои меѓусебе се испре-плетуваат и надополнуваат. Секој дел од тој процес (структура, содржина и креација) има свое значење, а сите заедно се услов кој треба да биде реа-лизиран за комплетно заокружување на процесот. Релевантноста на трудот на Соклевски е зајакната со високи референци чии извори се од државата и странство, а тоа пак овозможува на секој читател да го зголеми и збогати своето знаење за сценската адап-тација и процесот на нејзино созда-вање. Со печатењето и промоцијата на Зборникот трудови од семинарот за традиционална музика и игра, НУ Центар за култура-Битола продолжува со својата издавачка дејност како важен сегмент од работата и надлеж-ностите на оваа национална установа.

Page 7: Bilten br 3 2015

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

7

Битолските занаетчии здивнаа. Наместо ладна вода од шадрванот в чаршија, овој пат одлучија да се осве-жат со народни песни и игри кои им ги приредија учесниците на Фестивалот „Илинденски денови“. Кројачи, шапкари, ѕвончари, ракотворци, кујунџии, лимари, еден саатчија и други дуќанџии од чарши-јата не можеа да одолеат на прекрас-ните звуци и тоа точно напладне во чаршија! -Да направиме по едно кадро! – порачуваа занаетчиите овекувајќи го прекрасниот настан во чаршијата.

На пладне во чаршија Се сликаа сите и гледачите и играорците, затоа што сите ќе прерас-кажуваат во своите домови. Некои тоа го направија веднаш звонејќи кај своите родители испраќајќи слика за старата битолска чаршија, за културно историското наследство во овој дел на градот, за старите занаети и за уни-фицираните дуќани.

Традицијата продолжува...

Page 8: Bilten br 3 2015

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

8

Битолчанецот Љупчо Петров-ски е посветен на изработката на крат-ки документарни филмови, а со посеб-но задоволство снима етнолошки филмови. За својот ангажман многу пати е наградуван со највисоки фес-тивалски признанија, награди „Гран При“, први места и други одличја од стручни комисии во државата и странство. Љупчо Петровски, со одлука на Кино сојуз на Македонија го има звањето кандидат-мајстор на аматер-скиот филм, а наскоро се очекува да се стекне и со титулата мајстор. Фестивалот „Илинденски дено-ви“ кој секогаш отворен за креативни новини, и кој од 2012 година ја внесе програмската новост „Вечер за пре-зентација на етнолошки филмови“, годинава оваа содржина му ја довери токму на Љупчо Петровски, автор на

Етнолошки филмови на „Илинденски денови“

етнолошките филмови „Нашето се-гашно минато“ и „Споменици од минатото“. -Тоа се етнолошки филмови од истражувања во мариовските села во кои не анализирав дали се со или без население, бројно или небројно, старо или младо. Мојата намера беше да ги зачувам моментите на селата кои се во изумирање...сакав да го регистри-рам природното, реалното во тој момент. Продолжувам со мојата посветеност на етно филмовите. Минатата година снимив краток филм во Маловишта кој трае 4 минути и е црно-бел. Тој филм доби награда за режија на „Камера 300“, прва награда на фестивалот во Србија „Жисел“ , а во текот на оваа година снимав во селото Црвена Вода, краток филм кој е во завршна фаза и кој наскоро ќе биде промовиран, потврди Петровски.

Page 9: Bilten br 3 2015

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

9

Манифестацијата „Ехо од дамарите“ годинава одбележува мал јубилеј односно 5 години од денот на востановувањето. Како што е познато со одлука на организаторот и домаќин на фестивалот, Националната уста-нова Центар за култура-Битола, од 2 0 1 0 г о д и н а к а к о п р и д р у ж н а манифестација се организираат вокално инструментални вечери „Ехо од дамарите“ на кои се презентираат вокално инструментални теми од сите видови жанрови и обичајни циклуси, а кои се изведуваат на традицио-налните инструменти, во група или соло. Битолската Магаза, магичниот објект за промоција на културни вредности годинава повторно беше место од каде одекнуваа мајстор-ствата на фолклорните ансамбли, гру-пи и друштва од државата и странство. Сите користеа стари и или нови музи-чки инструменти, на кои со љубопит-ност се гледаше, но се чини овој пат во преполнетата Магаза симпатиите ги освоија гостите од Полска чии инстру-менталисти користеја и несекојдневни музички инструменти како виолина, чело, храмоника, кларинет и труба приближувајќи ја притоа фолклорната до класичната музика.

Мозаикот се исполнува... Фестивалот е во тек!

ЕХО ОД ДАМАРИТЕ

Вокално инструментални вечери во битолската Магаза

Page 10: Bilten br 3 2015

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ! ДОАЃА 1-ви АВГУСТ!

ВРЕМЕ Е ЗА ШЕРБЕТ ЉУБОЈНА!

Спектакуларниот концерт на Љубојна & Исмаил Лумановски наближува! На 1-ви август сите патишта водат кон Хераклеа!

Центарот за култура-Битола и Фестивалот „Илинденски денови“ Ве покануваат на промоција на новиот проект

„ШЕРБЕТ ЉУБОЈНА“.

...во амбиент на кадифено,префинет чалгиски звук,распослан низ копнежот,меѓу меракот и севдата,

ќе се чуе средба на виртуозитена сцената...

Љубојна

групата која во еден здивги освои срцата на публиката...

Исмаил Лумановски

Тој, што со својот кларинет го тресе Њујорк,

а богами и светот попреку и наопаку......и тајфата чалгии..

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ НА

...лирска вечер...со многу музика...

1-ви август, ХЕРАКЛЕА, 21.00 часот

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

Page 11: Bilten br 3 2015

2015

45. РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ