anketen prasalnik

3
Планирање и подготовки пред започнување со сопствен бизнис Секој човек-претприемач, пред да започне со нов бизнис треба точно да знае што ќе биде дејноста на тој бизнис. Нашата бизнис идеја е да отвориме ресторан којшто ќе се занимава со подготовка на традиционални јадења од повеќе култури во светот. Се надеваме дека оваа бизнис идеја ќе предизвика големо внимание кај луѓето. Најпрвин треба да се смисли специфично име на ресторанот,кое ќе биде препознатливо и лесно запамтливо.Името на нашиот ресторан би било “Delicious-World Traditonal Food”. Потоа треба да се обезбедат услови за започнување на бизнисот, поточно за нашиот бизнис ќе ни биде потребно обезбедување на објект на атрактивна локација во централниот дел на градот со соодветен простор за чување на храната ,потребен инвентар за работа(маси,столици,услужен материјал), потребната опрема за припрема на јадењата(електрични апарати),набавка на суровини за работа,а секако една од најважните работи е обезбедување на соодветно квалификуван персонал за работа. За отпочнување на овој бизнис би ни биле потребни 40000 евра + месечни давачки за изнајмениот простор.Бидејќи се работи за голема сума , планираме тоа да се исфинансира преку сопствени и туѓи(помали кредити) средства. Нашите производи ќе бидат наменети за сите луѓе, од повисока и од пониска класа,за постојаните жители и за странците , бидејќи нашиот ресторан би изготвувал најразлични светски јадења по достапни цени за сите луѓе. Исто така, пред да започнеме со работа на ресторанот , би требало да ја истражиме потенцијалната конкуренција. Во нашиот

Upload: costea0028

Post on 08-Apr-2016

220 views

Category:

Documents


10 download

DESCRIPTION

Anketen prasalnik

TRANSCRIPT

Page 1: Anketen prasalnik

Планирање и подготовки пред започнување со сопствен бизнис

Секој човек-претприемач, пред да започне со нов бизнис треба точно да знае што ќе биде дејноста на тој бизнис. Нашата бизнис идеја е да отвориме ресторан којшто ќе се занимава со подготовка на традиционални јадења од повеќе култури во светот. Се надеваме дека оваа бизнис идеја ќе предизвика големо внимание кај луѓето.

Најпрвин треба да се смисли специфично име на ресторанот,кое ќе биде препознатливо и лесно запамтливо.Името на нашиот ресторан би било “Delicious-World Traditonal Food”.

Потоа треба да се обезбедат услови за започнување на бизнисот, поточно за нашиот бизнис ќе ни биде потребно обезбедување на објект на атрактивна локација во централниот дел на градот со соодветен простор за чување на храната ,потребен инвентар за работа(маси,столици,услужен материјал), потребната опрема за припрема на јадењата(електрични апарати),набавка на суровини за работа,а секако една од најважните работи е обезбедување на соодветно квалификуван персонал за работа.

За отпочнување на овој бизнис би ни биле потребни 40000 евра + месечни давачки за изнајмениот простор.Бидејќи се работи за голема сума , планираме тоа да се исфинансира преку сопствени и туѓи(помали кредити) средства.

Нашите производи ќе бидат наменети за сите луѓе, од повисока и од пониска класа,за постојаните жители и за странците , бидејќи нашиот ресторан би изготвувал најразлични светски јадења по достапни цени за сите луѓе.

Исто така, пред да започнеме со работа на ресторанот , би требало да ја истражиме потенцијалната конкуренција. Во нашиот случај не би се сретнале со голема конкуренција, бидејќи не постојат многу ресторани од овој тип,што секако е добар показател дека бизнисот би можел да успее.

Претпријатието, во првата година би требало да работи за не многу голема добивка,бидејќи ќе биде во фаза на разработка, додека понатаму би сакале добивката постојано да расте.

И секако најважно нешто пред да започне претпријатието да работи, е изработката на бизнис планот,преку кој ќе имаме претстава по кој пат треба ресторанот да се движи

Page 2: Anketen prasalnik

Извори на информации за посакуваниот бизнис

Секое претпријатие пред започнување со работа треба добро да се информира на најразлични начини при започнување на бизнисот.Ние при отворањето на нашиот ресторан би се информирале за најразличните традиционални јадења низ светот на многу начини.

Еден од најдостапниот и најбогат извор со информации е интернетот.Би се посоветувале со многу web прирачници за подготвување на соодветна храна, на пример:

-македонска храна

-мексиканска храна

-италијанска храна

-турска храна

-француска храна

Исто така бидејќи имаме познанства надвор од државата ке се обидеме да ангажираме кувари кои ќе ни ја пренесат традицијата на јадење од повеќе земји.Исто така, можеме да се информираме од разни литератури.

Изработиле:

Дарко Димчевски

Јованчо Стојаноски

Page 3: Anketen prasalnik