9 27 јануари 2017, петок година lxxiii · 4 јануари 2017 година за...
TRANSCRIPT
www.slvesnik.com.mk [email protected]
С О Д Р Ж И Н А
Стр.
84. Указ за отповикување од должнос-
та вонреден и ополномоштен амба-
садор на Република Македонија во
Обединетото Кралство на Велика
Британија и Северна Ирска, Ирска
и Република Исланд ............................ 2
85. Тарифник за висината на реално
потребните трошоци за полагање
на испитот за медијатор, признава-
ње на обуките завршени во стран-
ство и издавање на лиценците од-
носно акредитациите........................... 2
86. Правилник за дополнување на
Правилникот за начинот на доделу-
вање на студентските стипендии за
странски државјани кои се од инте-
рес за Република Македонија ............. 2
87. Правилник за изменување на Пра-
вилникот за техничките елементи за
изградба и реконструкција на јавните
патишта и на објектите на патот..... 3
Стр. 88. Правилник за дополнување на
Правилникот за начинот на попол-нување на царинската декларација и кодексот на шифри кои се упот-ребуваат при пополнување на ца-ринската декларација......................... 3
89. Решение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ...... 3
90. Решение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македо-нија ........................................................ 4
91. Решение за бришење на акционер-ско друштво од регистарот на Ак-ционерски друштва со посебни об-врски за известување ........................... 4
92. Решение за забрана на увоз и тран-зит на домашни и диви преживари, семе, јајни клетки и ембриони од до-машни и диви преживари заради заштита од внесување на вирусот на син јазик во Република Македонија .. 4
93. Решение за изменување на Решени-
ето за зголемено ниво на официјал-
ни контроли на храна за животни и
храна од неживотинско потекло при
увоз во Република Македонија ............ 5
Огласен дел....................................... 1-132
Број 9 27 јануари 2017, петок година LXXIII
Стр. 2 - Бр. 9 27 јануари 2017
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
84. Врз основа на член 84, алинеја втора од Уставот на
Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/91), донесувам
У К А З
ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ ОД ДОЛЖНОСТА ВОНРЕ-ДЕН И ОПОЛНОМОШТЕН АМБАСАДОР НА РЕ-ПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И СЕВЕРНА
ИРСКА, ИРСКА И РЕПУБЛИКА ИСЛАНД
I Г. Јован Донев се отповикува од должноста вонре-
ден и ополномоштен амбасадор на Република Македо-нија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ирска и Република Исланд, со седиште во Лондон.
II
Должноста на вонредниот и ополномоштен амбаса-дор на Република Македонија во Обединетото Крал-ство на Велика Британија и Северна Ирска, Ирска и Ре-публика Исланд престанува заклучно со 28.2.2017 го-дина.
III
Министерот за надворешни работи ќе го изврши овој указ.
IV
Овој указ влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
Указ број 54 Претседател
25 јануари 2017 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
85. Врз основа на член 61 став (2) од Законот за медија-
ција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 188/13, 148/15, 192/15 и 55/16), министерот за правда донесе
Т А Р И Ф Н И К
ЗА ВИСИНАТА НА РЕАЛНО ПОТРЕБНИТЕ ТРО-ШОЦИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТОТ ЗА МЕДИ-ЈАТОР, ПРИЗНАВАЊЕ НА ОБУКИТЕ ЗАВРШЕНИ ВО СТРАНСТВО И ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИТЕ
ОДНОСНО АКРЕДИТАЦИИТЕ
Член 1 Со овој тарифник се определува висината на реал-
но потребните трошоци за полагање на испитот за ме-дијатор, признавање на обуките завршени во странство и издавање на лиценците односно акредитациите од страна на Одборот за обезбедување, следење и оцену-вање на квалитетот на работите на медијацијата.
Член 2
Висината на реално потребните трошоци за полага-ње на испитот за медијатор е во износ од 9.000,00 де-нари.
Член 3 Висината на реално потребните трошоци за призна-
вање на обуки завршени во странство е во износ од 9.000,00 денари.
Член 4
Висината на реално потребните трошоци за издава-ње на лиценца за медијатор е во износ од 600,00 де-нари.
Член 5
Висината на реално потребните трошоци за акреди-тација на програма за обука на медијатори е во износ од 150.000,00 денари.
Член 6
(1) Трошоците за полагање на испитот за медијатор, за признавање на обуки завршени во странство, за из-давање на лиценца за медијатор и за акредитација на програма за обука на медијатор, се уплатуваат на смет-ка на Министерството за правда.
(2) Доколку кон пријавата не е доставен доказ дека се платени трошоците утврдени во членовите 2, 3, 4 и 5 од овој тарифник, пријавата не се зема во работа.
Член 7
Овој тарифник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб-лика Македонија“.
Бр. 01-201/1
17 јануари 2017 година Министер за правда, Скопје Валдет Џафери, с.р.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
86. Врз основа на член 51 став 2 од Закон за студен-
тскиот стандард („Службен весник на Република Маке-донија“ бр. 15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16 и 178/16), министерот за образование и наука, донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НА-ЧИНОТ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИТЕ СТИПЕНДИИ ЗА СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ КОИ СЕ ОД ИНТЕРЕС ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Член 1
Во Правилникот за начинот на доделување на сту-дентските стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 169/13), во член 3 во ста-вот 1 по зборовите: „примарно здравствено осигуру-вање,“ се додаваат зборовите: „трошоци за издавање и продолжување на дозвола за привремен престој на странец заради студирање,“.
Член 2
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб-лика Македонија“.
Бр.20-898/1 Министер
25 јануари 2017 година за образование и наука, Скопје Пиштар Лутфиу, с.р.
27 јануари 2017 Бр. 9 - Стр. 3
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
87.
Врз основа на член 25 став 2 од Законот за јавните
патишта („Службен весник на Република Македонија“
бр. 84/08, 52/09, 114/09, 124/10, 23/11, 53/11, 44/12,
168/12, 163/13, 187/13, 39/14, 42/14, 166/14, 44/15,
116/15, 150/15, 31/16, 71/16 и 163/16), министерот за
транспорт и врски донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ТЕХ-
НИЧКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОН-
СТРУКЦИЈА НА ЈАВНИТЕ ПАТИШТА И НА
ОБЈЕКТИТЕ НА ПАТОТ
Член 1
Во Правилникот за техничките елементи за изград-
ба и реконструкција на јавните патишта и на објектите
на патот („Службен весник на Република Македонија“
бр. 110/09, 26/10, 163/10, 94/11 и 146/11) во членот 119
алинеjата 1 се менува и гласи:
,,- 2,50 – 2,00м на автопат. “
Алинеjата 2 се менува и гласи:
,,- 2,50 – 1,75м на експресен пат.“
Алинеjата 3 се брише.
Член 2
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од
денот на објавувањето во ,,Службен весник на Репуб-
лика Македонија“.
Бр. 01-80 Министер
4 јануари 2017 година за транспорт и врски,
Скопје Владо Мисајловски, с.р.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ
88.
Врз основа на член 72 став (3) од Царинскиот закон
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/05,
4/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13,
15/15, 129/15, 154/15, 192/15 и 23/16), министерот за
финансии донесува
П Р А В И Л Н И К
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НА-
ЧИНОТ НА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ЦАРИНСКАТА
ДЕКЛАРАЦИЈА И КОДЕКСОТ НА ШИФРИ КОИ
СЕ УПОТРЕБУВААТ ПРИ ПОПОЛНУВАЊЕ НА
ЦАРИНСКАТА ДЕКЛАРАЦИЈА
Член 1
Во Правилникот за начинот на пополнување на ца-
ринската декларација и Кодексот на шифри кои се
употребуваат при пополнување на царинската деклара-
ција („Службен весник на Република Македонија“ бр.
36/14, 98/14, 172/14 и 15/15) во Прилогот 2 - Кодекс на
шифри за пополнување на ЕЦД, во Поглавјето II-Ши-
фри, во рубриката 37 – Постапка, во точка б) – Шифри
за втора подрубрика, во делот „Ослободување од пла-
ќање на увозни давачки“ во табеларниот дел по алине-
јата 63 се додава нова алинеја 64 кој гласи:
„
Стока која се
увезува за цели
на реализација
на УЕФА Су-
пер купот 2017
Член 6, член 8 и
член 9 од Законот
за даночни, царин-
ски и други фис-
кални погодности
во врска со одржу-
вањето на УЕФА
Супер куп 2017 во
Република Маке-
донија
C 66
“
Член 2
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од
денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб-
лика Македонија“.
Бр. 20-125/3
23 јануари 2017 година Министер за финансии,
Скопје м-р Кирил Миноски,с.р.
КОМИСИЈА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
89.
Врз основа на член 18 и член 19 од Законот за ин-
вестициски фондови („Службен весник на Република
Македонија“ бр.12/2009, 67/2010, 24/2011, 188.2013,
145/2015 и 23/2016) постапувајќи по Барањето бр.УП1
08-95 од 15.12.2016 година од страна на КБ Публикум
инвест АД Скопје за давање согласност за именување
на лицето Горан Марковски за главен извршен член на
Одборот на директори на Друштвото за управување со
инвестициски фондови КБ Публикум инвест АД
Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Републи-
ка Македонија на седницата одржана на ден 16.1.2017
година донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. Се дава согласност за именување на Горан Мар-
ковски за главен извршен член на Одборот на дирек-
тoри на Друштвото за управување со инвестициски
фондови КБ Публикум инвест АД Скопје.
2. Согласноста за именување на Горан Марковски
за главен извршен член на Одборот на директори на
Друштвото за управување со инвестициски фондови
КБ Публикум инвест АД Скопје се давa до 15.12.2020
година согласно Одлуката на Собрание на акционери
Стр. 4 - Бр. 9 27 јануари 2017
на КБ Публикум инвест АД Скопје бр.02-4199/1/16 од
15.12.2016 година и Одлуката на Одборот на директори
на КБ Публикум инвест АД Скопје бр.02-4203/1/16 од
15.12.2016 година.
3. Ова Решение престанува да важи и пред истекот
на рокот утврден во точка 2 на ова Решение со денот на
разрешување на Горан Марковски од функцијата гла-
вен извршен член на Одборот на директори на Друш-
твото за управување со инвестициски фондови КБ Пуб-
ликум инвест АД Скопје, со денот на одземање на сог-
ласноста за именување на главен извршен член од
страна на Комисијата за хартии од вредност на Репуб-
лика Македонија и во други случаи утврдени со закон.
4. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на
Република Македонија“.
Број УП1 08-10 Комисија за хартии од вредност
16 јануари 2017 година на Република Македонија
Скопје по овластување на Претседател
Комисионер,
Милаим Ајдини, с.р.
________
90.
Врз основа на член 18 и член 19 од Законот за ин-
вестициски фондови („Службен весник на Република
Македонија“ бр.12/2009, 67/2010, 24/2011, 188.2013,
145/2015 и 23/2016) постапувајќи по Барањето бр.УП1
08-96 од 15.12.2016 година од страна на КБ Публикум
инвест АД Скопје за давање согласност за именување
на лицето Андреј Пулејков за извршен член на Одбо-
рот на директори на Друштвото за управување со ин-
вестициски фондови КБ Публикум инвест АД Скопје,
Комисијата за хартии од вредност на Република Маке-
донија на седницата одржана на ден 16.1.2017 година
донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. Се дава согласност за именување на Андреј Пу-
лејков за извршен член на Одборот на директoри на
Друштвото за управување со инвестициски фондови
КБ Публикум инвест АД Скопје.
2. Согласноста за именување на Андреј Пулејков за
извршен член на Одборот на директори на Друштвото
за управување со инвестициски фондови КБ Публикум
инвест АД Скопје се давa до 15.12.2020 година соглас-
но Одлуката на Собрание на акционери на КБ Публи-
кум инвест АД Скопје бр.02-4199/1/16 од 15.12.2016
година и Одлуката на Одборот на директори на КБ
Публикум инвест АД Скопје бр.02-4203/1/16 од
15.12.2016 година.
3. Ова Решение престанува да важи и пред истекот
на рокот утврден во точка 2 на ова Решение со денот на
разрешување на Андреј Пулејков од функцијата из-
вршен член на Одборот на директори на Друштвото за
управување со инвестициски фондови КБ Публикум
инвест АД Скопје, со денот на одземање на согласнос-
та за именување на извршен член од страна на Комиси-
јата за хартии од вредност на Република Македонија и
во други случаи утврдени со закон.
4. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на
Република Македонија“.
Број УП1 08-11 Комисија за хартии од вредност
16 јануари 2017 година на Република Македонија
Скопје по овластување на Претседател
Комисионер,
Милаим Ајдини, с.р.
________
91.
Врз основа на член 2 став 1 точка 2 и член 153 став
4 од Законот за хартии од вредност („Службен весник
на Република Македонија“ бр. 95/2005, бр. 25/2007, бр.
7/2008, бр. 57/2010, бр. 135/2011, бр. 13/2013, бр.
188/2013, бр. 43/2014, бр.15/2015, бр. 154/2015, бр.
192/2015 и бр. 23/2016), како и врз основа на член 10
став 2 и член 12-a од Правилникот за начин и време на
запишување и бришење на акционерско друштво, сод-
ржина и начин на водење, ажурирање на податоците и
пристап на јавноста до Регистарот на акционерски
друштва со посебни обврски за известување („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 6/2007, бр.
31/2011, бр. 76/2013 и бр. 84/2014), Комисијата за хар-
тии од вредност на Република Македонија на седница-
та одржана на ден 16.1.2017 година донесе
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА БРИШЕЊЕ НА АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО
ОД РЕГИСТАРОТ НА АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА
СО ПОСЕБНИ ОБВРСКИ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ
1. Трговското друштво за производство на метални,
електро производи и промет СЛОБОДА АД Охрид СЕ
БРИШЕ од Регистарот на акционерски друштва со по-
себни обврски за известување, поради стечај.
2. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на
Република Македонија“.
УП 1 10-9 Комисија за хартии од вредност
16 јануари 2016 година на Република Македонија
Скопје по овластување на Претседателот
Комисионер,
Милаим Ајдини, с.р.
АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И
ВЕТЕРИНАРСТВО
92.
Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член
81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство
(„Службен весник на Република Македонија” бр.
113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директо-
рот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
27 јануари 2017 Бр. 9 - Стр. 5
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ДОМАШНИ
И ДИВИ ПРЕЖИВАРИ, СЕМЕ, ЈАЈНИ КЛЕТКИ И
ЕМБРИОНИ ОД ДОМАШНИ И ДИВИ ПРЕЖИВАРИ
ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ
НА СИН ЈАЗИК ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Член 1
Со ова решение заради заштита од внесување на ви-
русот на син јазик се забранува увоз и транзит во Ре-
публика Македонија на домашни и диви преживари,
семе, јајни клетки и ембриони од домашни и диви пре-
живари.
Забраната од став 1 на овој член се применува на
пратки кои потекнуваат од држави и региони наведени
во Прилог кој е составен дел на ова решение.
Член 2
Со денот на влегувањето во сила на овој решение
престануваат да важат Решението за забрана на увоз и
транзит на живи животни, семе, јајца и ембриони зара-
ди заштита од внесување на вирусот на син јазик во Ре-
публика Македонија („Службен весник на Република
Македонија” бр. 17/16), Решението за забрана на увоз и
транзит на живи животни, семе, јајца и ембриони зара-
ди заштита од внесување на вирусот на син јазик во Ре-
публика Македонија („Службен весник на Република
Македонија” бр. 169/16) и Решението за забрана на
увоз и транзит на живи животни, семе, јајца и ембрио-
ни заради заштита од внесување на вирусот на син ја-
зик во Република Македонија („Службен весник на Ре-
публика Македонија” бр. 169/16).
Член 3
Ова решение влегува во сила наредниот ден од де-
нот на објавувањето во „Службен весник на Република
Македонија”.
Бр. 02 – 5670/3 Агенција за храна
20 јануари 2017 година и ветеринарство,
Скопје Директор,
м-р Зоран Поповски, с.р.
Прилог
1. Кипар
2. Франција
3. Хрватска
- Следните региони во Хрватска
Задар /Zadar
Шибеник – Книн /Šibenik-Knin
Лика-Сењ/Lika-Senј
Истра/Istria
Сплит-Далмација /Split-Dalmatia
Сисак-Мославина /Sisak-Moslavina
Кaрловац /Karlovac
Славоснки брод – Посавина /Slavonski brod-Posavina
4. Италија
- Следните региони во Италија
Верона /Verona
Виченца/Vicenza
Кротоне/Crotone
Арецо/Arezzo
Таранто/Taranto
Рим/Roma
Нуоро/Nuoro
Рагуза/Ragusa
Фиренца/Firenze
Ена/Enna
Удине/Udine
Авелино/Avellino
Мацерата/Macerata
Триесте/Trieste
Гросето/Grosseto
Перуџа/Perugia
Агригенто/Agrigento
Болоња/Bologna
Бари/Bari
Катанѕаро/Catanzaro
Катанија/Catania
__________
93.
Врз основа на член 20 став (1) алинеја 12, а во врска
со член 38 од Законот за безбедност на храната
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.
157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15,
213/15 и 39/16), директорот на Агенцијата за храна и
ветеринарство донесе
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ЗГОЛЕ-
МЕНО НИВО НА ОФИЦИЈАЛНИ КОНТРОЛИ НА
ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ И ХРАНА ОД НЕЖИВО-
ТИНСКО ПОТЕКЛО ПРИ УВОЗ ВО РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
Член 1
Во Решението за зголемено ниво на официјални
контроли на храна за животни и храна од неживотин-
ско потекло при увоз во Република Македонија
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.
114/16 и 161/16) Прилогот 1 се заменува со нов Прилог
1, кој е составен дел на ова решение.
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од де-
нот на објавувањето во „Службен весник на Република
Македонија“.
Бр. 17- 5766/3 Агенција за храна
18 јануари 2017 година и ветеринарство,
Скопје Директор,
м-р Зоран Поповски, с.р.
Стр. 6 - Бр. 9 27 јануари 2017
27 јануари 2017 Бр. 9 - Стр. 7
Стр. 8 - Бр. 9 27 јануари 2017
27 јануари 2017 Бр. 9 - Стр. 9
Стр. 10 - Бр. 9 27 јануари 2017
27 јануари 2017 Бр. 9 - Стр. 11
Стр. 12 - Бр. 9 27 јануари 2017
www.slvesnik.com.mk [email protected]
Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о. - Скопје бул. „Партизански одреди” бр. 29. Поштенски фах 51. в. д. директор и одговорен уредник – Лука Кржалоски телефон: +389-2-55 12 400 телефакс: +389-2-55 12 401 Претплатата за 2017 година изнесува 10.100 денари. „Службен весник на Република Македонија“ излегува по потреба. Рок за рекламации: 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Депонент на Комерцијална банка, АД – Скопје. Печат: ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ДООЕЛ, Скопје.