60 godini opstina probistip

164
1955 - 2015

Upload: probistip

Post on 23-Jul-2016

251 views

Category:

Documents


13 download

DESCRIPTION

Монографија по повод големиот јубилеј - 60 години од формирањето на општина Пробиштип. Монографијата го опфаќа период од 2005 - 2015 година.

TRANSCRIPT

Page 1: 60 godini opstina Probistip

1955 - 2015

Page 2: 60 godini opstina Probistip
Page 3: 60 godini opstina Probistip

Монографија наопштина Пробиштип

за периодот од 2005 до 2015

1955 - 2015

Page 4: 60 godini opstina Probistip
Page 5: 60 godini opstina Probistip

5

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

СОДРЖИНА 11 ВОВЕД

13 ЗА ПРОБИШТИП

14 ОПШТИ ПОДАТОЦИ

26 НИЗ ИСТОРИЈАТА

29 ОПШТИНА ПРОБИШТИП 2005-2015

35 ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

50 ИНФРАСТРУКТУРА

65 ЗЕМЈОДЕЛСТВО

69 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА

74 ЗДРАВСТВО

79 ОБРАЗОВАНИЕ

89 КУЛТУРА

100 СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

105 ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

107 СПОРТ

119 ПРАЗНИЦИТЕ НА ПРОБИШТИП

140 ОПШТИНСКИ УСТАНОВИ

Page 6: 60 godini opstina Probistip

6

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Македонија е древна, библиска земја, сместе-на во централниот дел на Балканскиот Полу-остров. Неправедно е политички поделена по балканските војни (1912-1913), но по долга и упорна борба еден од деловите дефинитивно доби статус на држава – Република Македонија.Република Македонија зафаќа површина од 25.713km2. Се граничи со неколку држави: на север со Србија и со Косово, на исток со Бугарија, на југ со Грција и на запад со Албанија. Со сите соседни земји има по неколку

гранични премини. Територијата на Република Македонија се одликува со карактеристични и туристичко изразити природни фактори. Тие се согледуваат преку хетерогениот мозаик на релјефот кој како на шаховска табла е изразен низ разни геоморфолошки форми, како: планини, котлини, полиња, долини, клисури.Поради релјефните одлики, на територијата на Република Македонија се присутни разновидни климатски услови - од типична медитеранска до планинска клима.

Page 7: 60 godini opstina Probistip

7

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Преплетувањето на разни настани низ историјата, токму на територијата на Република Македонија, овозможува присуство на интересни и мошне значајни различни објекти. Овде главно се мисли на културно-историските и на етнографските споменици и творби, на многубројните создадени вредности како што се: населбите, туристичките локалитети, комуникациските објекти и сл. Сообраќајната инфраструктура главно е ори-ентирана по долините на големите реки. Туристичката комуникација се остварува и преку

аеродромите во Скопје и Охрид, како и преку релативно блиските аеродроми во соседните држави. Главни карактеристики на македонскиот туристички простор, покрај транзитниот туризам се мошне поволните планински зимски спортски услови, термоминералните извори и прекрасните езера кои овозможуваат извонредни услови за летен стационарен туризам.Геотуристичката положба на Република Маке-донија се надградува и со присуство на простори зачувани во природната состојба.

Page 8: 60 godini opstina Probistip

8

Општина

ПробиштипКонтраст на античкото и модерното! Место на манастири, пештерски цркви, изгаснат вулкан, ингримбити, легенди, воденичен камен, руда и минерали, традиционална музика, ора, занаети, сето тоа како сплет на дарови од природата и креации на човекот.Разноликоста на активности, уникатните места и вкусната храна спонтано создале урбан туризам. Прекрасните ресторани и пабови, аква забавата, ноќниот живот и гостопримството не оставиле никого рамнодушен. Природата го дарила со изобилство на фасцинантни рудни богатства, но и богато културнo и историскo наследство. Некогаш само рударско градче, денес град во кој се развиваат повеќе стопански дејности, град со економски развој и раст.

Page 9: 60 godini opstina Probistip

9

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Page 10: 60 godini opstina Probistip
Page 11: 60 godini opstina Probistip

11

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Вовед

Пишувањето и издавањето на оваа монографија е по повод големиот јубилеј - 60 години од формирањето на општина Пробиштип.

Монографијата го опфаќа период од 2005 - 2015 година.

Многу се пишувало за Пробиштип во периодот после втората светска војна, поточно од самото формирање 1955 па се до 2005 година, затоа со оваа монографија ќе го опфатиме исклучиво периодот од 2005 година па се до денеска. Ова е периодот кога општините во Република Македонија добиваат поголеми ингеренции, односно период кога започнува да се пренесува власта од централно на локално ниво. Општина Пробиштип во 2005 година заедно со останатите 83 општини од Република Македонија, влегоа во првата фаза на децентрализација, што подразбираше трансферирање на надлежностите од централно на локално ниво. Со Одлука на Влада на РМ за пренесување на основачките права и обврски над постојните основни училишта, средното училиште, Детската градинка, Домот на култура и Територијалната Противпожарна единица, на општина Пробиштип, општината ги доби овие установи во своја надлежност, а средствата за плати и материјални трошоци на име наменска дотација се пренесоа на Општина Пробиштип. Од 01.04.2011 година следуваше втората фаза од децентрализацијата, фискалната децентрализација, каде што средствата кои до тогаш беа добивани како наменска дотација, од овој датум општината почна да ги добива како блок дотација, односно сите средства кои што пристигнуваат за установите кои се во надлежност на локалната самоуправа, општината ги планира за што ќе бидат наменети. Овој период е карактеристичен по тоа што после долгите години на стагнација и пропаѓање, полека но сигурно стануваа минато и настапи период на подем и развој на Пробиштип, со што се врати надежта на пробиштипјани дека има излез од сеопштата криза која долги години ги притискаше сите. Оваа монографија има за цел да се прикаже токму овој период на развој и сеопштите карактеристични случувања на еден децениски период, односно растежот и развојот на Пробиштип во последните десет години. Од таа причина на самиот почеток ќе направиме мал историски преглед и природно географските карактеристики на општина Пробиштип. Секако во рамки на монографијата ќе бидат опфатени и сите општински установи, нивните достигнувања, нивниот развој.

Монографија заОПШТИНА ПРОБИШТИП

Page 12: 60 godini opstina Probistip

12

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Page 13: 60 godini opstina Probistip

13

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

За Пробиштип

Пробиштип, мал град во североисточниот дел на Македонија иако релативно „млад“, сепак со голем број на карактеристики кои го прават различен од останатите, не само по својата местоположба, туку и по урбанистичката уреденост. За жал местоположбата не му е една од силните страни, зошто секој без исклучок до Пробиштип може да дојде ако наменски тргнал кон него, не е некоја попатна станица или на некоја прометна магистрала, но сепак до него водат три пата, едниот од кај селото Крупиште, односно од магистралниот пат Штип - Кочани, во должина од 21km другиот од Свети Николе во должина од 35km и третиот од магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, од раскрсницата кај селото Страцин, преку Кратово до Пробиштип во должина од 32km. Една од силните страни на Пробиштип е тоа што од самиот почеток кога се формирал прво како рударска населба, па потоа полека прераснувал во убаво урбано градче, урбанистички е доста солидно поставен, со прописно широки улици, со тротоари, со зелени површини, а мирот и тишината се привилегија која ретко каде ја има. Градот ги поседува сите потребни институции и установи за нормално функционирање на жителите на општината. Има голема понуда на секаков вид на роба по многубројните продавници, маркети, бутици има и прекрасни угостителски објекти, одлични сместувачки капацитети, а вкусната храна која овде ќе ја добиете, верувајте нема да ја заборавите цел живот. Има и добро организиран ноќен живот, но за тоа ќе треба лично да се уверите. Спортските терени со кои располага општината даваат извонредни услови за спортување, за тренинзи за припреми на спортските екипи. Манастирот св. Гаврил Лесновски, заедно со уште другите два манастири долж Злетовска река, заедно со локалитетот Лесново се причина повеќе да го посетите овој крај, а прекрасните ски - терени на Пониква пружаат извонредни услови за скијање. Првиот забавен Аква парк во Македонија овозможува добра забава, водени лудории и незаборавно дружење на забавите кои што ги има таму во вечерните часови. За да се уверите во сето ова треба лично да дојдете. Секој добронамерник кој еднаш дошол во Пробиштип, повторно и повторно се враќа. Овде ќе го цитираме Зак Левин Епштајн, волонтер од Мировниот корпус на САД во Македонија, кој во една прилика рече: „Во Македонија има многу убави и големи градови, но не се Пробиштип“.

Page 14: 60 godini opstina Probistip

14

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Општи податоциОпштината Пробиштип се наоѓа во

североисточниот дел на Македонија. Таа преку Злетовска река и нејзините пократки притоки му припаѓа на средното сливно подрачје на Брегалница, односно нејзиниот простор се протега од десната страна на реката Брегалница, помеѓу планините Манговица и јужните ограноци на Осоговските планини. Пробиштип се граничи со општините Штип, Кочани, Кратово, Карбинци, Чешиново-Облешево и Свети Николе.

Општината лежи меѓу две важни сообраќајни артерии - брегалничката и криворечката. Со првата сообраќајна артерија, односно со Кочани, Штип, Велес и Скопје е поврзана со автомобилски пат, а исто така и со железничкиот сообраќај преку станицата Ванчо Прке која се наоѓа на 15 km оддалеченост од градот Пробиштип. Со другата сообраќајна артерија општината е поврзана со автомобилски пат со Кратово, Крива Паланка, односно Куманово и Скопје.

Општината зафаќа територија од 318 km2 и се наоѓа од 330 до 1.200 метри надморска височина, со просечна густина на населеност од 51 жители на km2. Седиште на општината е градот Пробиштип кој се наоѓа од 540 до 650 метри надморска височина, а на општината припаѓаат уште 2 приградски населби: Пробиштип и Калниште и уште 34 населени места: Бучиште, Гајранци, Горни Стубол, Горно Барбарево, Гризилевци, Гујновци, Добрево, Долни Стубол, Долно Барбарево, Дренак, Зарапинци, Куково, Кундино, Лезово, Марчино, Неокази, Пестришино, Петршино, Пишица, Плешенци, Пуздерци, Стрисовци, Стрмош , Трооло, Бунеш, Древено, Зелениград, Злетово, Јамиште, Лесново, Ратавица, Трипатанци, Турско Рудари и Шталковица.

Најголема месна заедница е Злетово со 2.477 жители, која е карактеристична по тоа што како населба за прв пат се споменува во 1.019 година во една повелба на Византискиот цар Василие II.

Во поглед на климата има две влијанија и тоа во планинскиот дел е изразито планинска, а во низинските делови се чувтвува влијанието на изменетата медитеранска клима која навлегува по течението на Брегалница и Злетовска река.

Средната годишна температура на воздухот е околу 13 степени целзиусови. Во текот на годината најтопол месец е Јули со просечна температура на воздухот од 25 степени целзиусови. Најстуден месец е Јануари со просечна температура на воздухот од околу 0 степени целзиусови. Количеството на годишните врнежи е меѓу 600 и 650 mm.

јужните ограноци на Осоговските планини.

Клима

Page 15: 60 godini opstina Probistip

15

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Општината Пробиштип претставува сливно подрачје на Злетовска река, која од горниот свој тек минува низ Кратовска општина, а се влева во Брегалница кај селото Крупиште, во општина Карбинци. Од извориштето до Злетово таа има големи падови и длабока клисуреста долина. Во овој дел таа располага со релативно голем хидро - енергетски потенцијал и не е загадена со отпадни води.

Покрај градот поминуваат реките Киселица, Калнишка и Белошница, кои се со пороен тек, без регулирано корито.

Природни ресурси

Разликата на релјефот, геолошкиот состав, надморската височина, климата и пошуменоста условиле значителни разлики во хидрографските прилики. Теренот кој е претежно планински и е составен од кристалести шкрилци изобилува со извори. Во споредба со планинското подрачје другите делови, поради еруптивниот состав на почвата и помалото количество на врнежи, се доста безводни.

Низ течението на река Злетовица има појава на термални води, кои за жал сеуште не се истражени.

Во делот на акумулации во општината Пробиштип е изградена мала акумулација само во селото Пишица со капацитет од 700.000 m3, од која се наводнуваат земјоделските површини во тој дел.

Локалитет Раткова скала

Page 16: 60 godini opstina Probistip

16

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Повеќенаменскиот хидросистем „Злетовица” на Злетовска река кој го реши проблемот со водоснабдување и наводнување на повеќе општини во регионот свечено беше пуштен на 26.01.2013 година. Браната е висока 75 метри, ширината е 300 метри, а должината е 4000 метри. Во неа може да се акумулира количина на вода од 23.500.000 m3.

Според географските карактеристики општината Пробиштип се наоѓа на подножјето на Осоговските планини и во непосредна близина е рекреативниот центар Пониква со надморска височина од 1670 метри. Таму во изминатите години се изградија голем број на викендици и угостителски објекти. Општините Пробиштип и Кочани формираа јавно претпријатие, а беше изградена и snow-board патека. Набавени се топови за вештачки снег, а планината со сета своја убавина и со богатата понуда е веќе атрактивно и мошне посетено место не само од регионот туку и пошироко.

Хидросистем “Злетовица”

Page 17: 60 godini opstina Probistip

17

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Во делот на природни ресурси, општината Пробиштип располага со големо богатство на метали и неметали.

Најзастапена е олово - цинковата руда, чии резерви се над 10.000.000 тони, меѓутоа тие резерви се проценува дека се далеку поголеми бидејќи голем дел од теренот каде се наоѓа истата се уште не е истражен.

Во делот на неметали има голема количина на кварцити над кои се има вршено експлоатација во реонот на Плешенци, Кундино и ридот Црн врв. Во реонот Пробиштип, Плешенци, Стрмош се наоѓа голема количина на опализиран туф над кој се врши експлоатација, а се проценува дека туф и кварцит има во резерва од над 7.000.000 тони.

Општината располага со огромна количина на Дацити и Андезити, кои за жал не се истражени, а се многу интересни за градежништвото.

Карактеристично за реонот Пробиштип, Плешенци и Долни Стубол е дека постојат поголеми количини на Битуминозни шкрилци.

Исто така низ реките Злетовица и Белошница има поголема количина на песок кој што може да се употреби во градежништвото.

Page 18: 60 godini opstina Probistip

18

Асфалтирање на улицата “Миро Барага” P-206

Page 19: 60 godini opstina Probistip

19

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Регионални патни правци кои минуваат низ општината се Р-206 кој прави спојување со М-2 кон Куманово и Крива Паланка на север и М-5 на југоисток кон Штип, а преку регионалниот пат Р-211 се поврзува Пробиштип со Злетово и Лесново, а со посебен крак со брана Кнежево. Комуникацијата со општина Кочани и СРЦ Поникава се остварува со регионалниот пат Р-219, а Р-210 е регионален пат кој обезбедува комуникација со Свети Николе.

- Штип --------------------- 34,5km- Кочани --------------------- 36.5km- Куманово ------------------ 69.7km- Велес --------------------- 70,3km- Битола --------------------- 186km- Прилеп --------------------- 150km- Охрид --------------------- 253km- Тетово --------------------- 160km

Патни правци

Оддалеченост од други градови во Република Македонија

- Скопје ---------------------- 110km- Софија ---------------------- 192km- Белград ---------------------- 462km- Подгорица ----------------- 462km- Приштина ------------------ 195km- Атина ---------------------- 691km- Тирана ---------------------- 386km

Оддалеченост од главни градови

Page 20: 60 godini opstina Probistip

20

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

20

- Деве Баир ------------------ 84km- Делчево --------------------- 96km- Клепало --------------------- 105km- Ново Село ------------------ 125km

- Дојран --------------------- 140km- Богородица ---------------- 155km- Меџитлија ------------------ 202km

- Табановце ------------------ 77km- Пелинце --------------------- 72km

- Јажинце --------------------- 161km- Волково --------------------- 124km

- Стење ---------------------- 234km- Свети Наум ----------------- 281km- Ќафасан ---------------------- 280km- Блато ------------------------- 254km

Оддалеченост од гранични премини

Гранични премини кон Бугарија Гранични премини кон Грција

Гранични премини кон Србија

Гранични премини кон Косово

Гранични премини кон Албанија

- Пристаниште во Бургас, Бугарија --------------------- 568km- Пристаниште во Солун, Грција ------------------------ 220km- Пристаниште во Драч, Албанија ---------------------- 424km - Пристаниште Бар, Црна Гора --------------------------- 445km

- Железничка Станица Штип ------------------------------ 32km- Железничка Станица Скопје ---------------------------- 109km- Железничка Станица Софија ---------------------------- 189km- Железничка Станица Солун ----------------------------- 219km

Оддалеченост од пристаништа (во km)

Оддалеченост од железница (во km)

- Александар Велики (Скопје) --------------------------- 113km- Св. Апостол Павле (Охрид)------------------------------ 261km- Аеродром Sofi a - Vrazhdebna (Софија, Бугарија)-- 204km - Аеродром Mikra (Солун, Грција) ---------------------- 244km

Оддалеченост од аеродроми (во km)

Page 21: 60 godini opstina Probistip

21

Пониква

Page 22: 60 godini opstina Probistip
Page 23: 60 godini opstina Probistip

23

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Население

Вкупно население, домаќинства, станови и земјоделски стопанства во општина Пробиштип

Национална структура на населението

Вкупно население во општината

Домаќинства во општината

Станови во општинатаНаселение во

град Пробиштип

16.193 5.104 7.289 10.816

Вкупно Македонци Турци Власи Срби Роми Други

Пробиштип 16.193 15.977 6 37 37 90 46

- Македонци 15.977 или 98,66 % од вкупното население,- Турци 6 или 0,03 % од вкупното население,- Роми 37 или 0,22 % од вкупното население,- Власи 37 или 0,22 % од вкупното население,- Срби 90 или 0,55 % од вкупното население,- Други 46 или 0,28 % од вкупното население.

Page 24: 60 godini opstina Probistip
Page 25: 60 godini opstina Probistip

Панорама с. Неокази

Page 26: 60 godini opstina Probistip

26

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Според историско географските извори територијата на општина Пробиштип, уште во античкиот период, била населена од илирското племе, Пеони. По освојувањето на Македонија од страна на римјаните, тие овде создале рударски населби. Вакви траги постоеле и во византискиот период се до населувањето на Словените кои во значителна мера ја промениле етничката основа, која се задржала до денес. За време на турското ропство во неколку села се населиле турци, кои пред да се иселат во 1912 година, нивниот број бил 1580 лица. Непосредно по првата светска војна во Злетовско - Пробиштипскиот крај, како и за време на турското ропство, постоеле општините Злетово со седиште во Злетово, Пробиштип со седиште во Пробиштип, Лесново со седиште во с. Лесново, Калниште со седиште во с. Калниште и Трооло со седиште во с. Трооло. Со донесувањето на првиот устав, кој е наречен Видовденски, во 1921 година, настанува нова поделба на општините, каде што општина Пробиштип се укинува и се формира нова општина, Плешенска, со седиште во с. Плешенци и с. Долно Барбарево. Во 1931 година општините Плешенска, Лесновска и Калнишка се приспојуваат кон Злетовската со седиште во Злетово. Троолската останува со седиште во с. Трооло, додека општината од с. Долно Барбарево се приспојува кон с. Немањци. Ваквата територијална поделба остана се до завршување на втората светска војна кога се формирани народни одбори. Општината Пробиштип е формирана по донесување на Законот за комунален систем од 1955 година, така од тогашните народни одбори во с. Трооло, Злетово и Пробиштип се формира општината Пробиштип која во 1965 година, со територијалната поделба, остана како општина и се развиваше во индустриски центар на просторот на Злетовско - Пробиштипското подрачје, која со претпоследната територијална поделба на општините во Република Македонија во 1996 година општината Пробиштип се трансформира во две општини и тоа општина Злетово и општина Пробиштип за да со

Општина Пробиштип низ историјата

Page 27: 60 godini opstina Probistip

27

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Во тој период во Пробиштип имаше висок личен и општествен стандард на живеење, се до периодот на почетната сеопшта криза на општествено - економскиот развој, кој кулминираше во периодот на таканаречената транзиција. Од крајот на осумдесетите се појавија првите почетоци на криза во работењето и производните постигнувања на индустриските капацитети, а со тоа и во општината Пробиштип во целина, за да кулминира во средината на деведесетите кога рудниците “Злетово” и фабриката за акумулатори “Злетово батерии” како резултат на негативните производни резултати и загуби се најдоа во редот на 25-те загубари во Македонското стопанство, својство од кое и двете претпријатија неуспеаа да излезат долги години. Следуваше најстрашниот период од постоењето на општина Пробиштип кога двата главни индустриски капацитети беа ликвидирани. Повеќе од две илјади луѓе останаа без работа, беа збунети, исплашени, немоќни да сторат било што. Настана сеопшта апатија, страв за сопствената егзистенција и опстојувањето воопшто на Пробиштип. Немаше семејство што не беше погодено со ликвидацијата на фабриката за акумулатори и Рудникот „Злетово“. Луѓето исплашено веќе размислуваа да се иселат и да ја бараат својата егзистенција во или надвор од државата, а изгледи за рестартирање ни оддалеку, по што

последната територијална поделба повторно Злетово се припои кон општина Пробиштип. Административно и културно седиште на општината е градот Пробиштип, кој израсна на некогашните ораници, лозја и ливади на соседните села Калниште и Пробиштип. Некогашната мала рударска населба од периодот помеѓу 1945 - 1950 година, преку планско поставената т.н. рударска колонија, се трансформира во урбанизирана и современа индустриска населба, со многу белези на модерна градска средина, со развиена инфраструктура и значајна стопанска и економска моќ, за да во 1973 година со одлука на општинското собрание, се трансформира во градско подрачје. Во периодот помеѓу 1974 и 1984 година следи „златното и најбогато време” на Пробиштип. Во тој период Пробиштип го преживуваше периодот на севкупна експанзија и сестран успех, што му овозможи да стане град и општина, најбогата во Македонија.

Page 28: 60 godini opstina Probistip

28

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

кај сите веќе имаше мислење дека по теркот на рударските места во Америка, откако ќе се затвори рудникот, сите заминуваат и си ја бараат среќата на друго место. Во 2001 година дојде првата надеж, фабриката за акумулатори се приватизираше и за почеток стотина работници беа повторно ангажирани. Во 2006 година беше рестартиран рудникот за олови и цинк „Злетово“, каде за почеток се вратија над двеста работника.

Сите оние кои на било кој начин се надеваа на нивно повторно работно ангажирање во еден од овие два капацитети, веќе полека но сигурно им стануваше јасно дека својата егзистенција треба да ја бараат на друго место. Веќе не седеа да очајуваат, но си ја бараа среќата таму за што ги бива. Се зафатија со по некој занает и почнаа да бараат работа низ Македонија и надвор од неа. Чекор по чекор Пробиштип го одеше најтешкиот пат за излез од кризата во која беше долго. Борејќи се и изборувајќи се со сите предизвици кои беа како пречка на тој пат.

Page 29: 60 godini opstina Probistip

ОпштинаПробиштип

2005 - 2015

Page 30: 60 godini opstina Probistip

30

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Со изборите кои се случија во 2005 година, на кои се бираше локалната власт, односно Градоначалник и Совет на општина Пробиштип, започна периодот на децентрализирање на власта. Токму периодот 2005 - 2015 година, опфаќа една деценија од децентрализацијата во Република Македонија. Тоа е период кога се трансферираа надлежностите од централно на локално ниво. Со одлука за пренесување на правото на сопственост на движните ствари и за начинот на превземање на државните службеници од Република Македонија - Министерство за внатрешни работи на општините, Територијалната противпожарна единица - Пробиштип е целосно превземена од страна на Општина Пробиштип на 27 јуни 2005 година. Со одлука за пренесување на основачките права и обврски над постојните основни училишта, државните средни училишта, јавните установи за деца - детски градинки на општините, ООУ „Браќа Миладиновци“, ООУ „Никола Карев“, СОУ „Н.Н. Борче“ и ЈОУДГ „Гоце Делчев“ од 30 Јуни 2005 година од централно беа пренесени на локално ниво. Локалната самоуправа веќе со нови значително поголеми надлежности интензивно се подготвуваше организационо, административно и технички да се справи со сите нови предизвици, кои што ги наложи новонастанатата состојба и мошне успешно се вклучи во голем број на локални и регионални проекти, овозможувајќи развојни можности на општината. Од една страна сега се овозможи општината сама да одлучува за локалните комунални и урбанистички проблеми. Да ги развива културата и спортот, да се грижи за основното и средното образование и за детската заштита, но од друга страна трансферирањето на надлежностите не соодвествуваше со трансферирањето на финансиските средства. Приходите од ДДВ, кои што изнесуваа 3% од 100% од собраниот данок и 3% од персоналниот данок на доход се

Општина Пробиштип2005-2015

Page 31: 60 godini opstina Probistip

31

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

многу мал извор на финансиски средства. Од друга страна пак наследените инвестициони и административни обврски беа додатен проблем, па така општинската сметка многу често беше блокирана, што значи дека немаше многу голема корист од општинскиот буџет на почетокот на спроведување на првата фаза од децентрализацијата, па од таа причина Општина Пробиштип се сврте кон изработка на проекти и аплицирање до меѓународни донаторски институции, фондови, организации. Општина Пробиштип доби можности за аплицирање до ИПА фондовите од страна на Европската унија. Преку претпристапните фондови кои што се во соработка со општини од Бугарска страна, одредени проекти во областа на инфраструктурата, економијата и туризмот општината гледаше можност за да дојде до дополнителни средства кои би ги вложиле во развојот на општината.

Приходи на општината се од:• Данок на имот;• Данок на наследство и подарок;• Данок на промет;• Комунална такса;• Административна такса;• Данок на додадена врeдност;• Концесија од експлоатација на минерални суровини;• Концесија за закуп на определен простор;• Приходи од продажба и закуп на сопствен имот.

Надоместокот за концесија од експлоатација на минерални суровини е воведен од 2007 година, а од 2010 година од вкупниот приход по овој основ 78% од средствата се влеваат во Буџетот на општината, а 22% од средствата одат во Буџетот на РМ.

Од 2011 година општините почнаа да располагаат со градежното земјиште, сопственост на РМ, од чија продажба се добиваат значителни средства во Буџетот на општината и тоа 80% во општинската каса, а 20% во Буџетот на РМ, со што се даде голем придонес во функционирањето, особено на помалите општини кои што логично се помалку развиени и имаат мали Буџети.

Во 2011 година исто така следеше фискалната децентрализација со која наменските дотации за општинските установи станаа блок дотации, каде што од дотогаш планирањето на Буџетот на установите кои отидоа под општината, од страна на ресорните министерства и следствено на тоа испраќање на средствата преку општините до општинските установи, строго наменски во делот на материјалните трошоци, а платите и понатаму одеа преку министерствата, сега се испраќаат како Блок дотации, односно како вкупна сума на средства која се трансферира до општините, а потоа тие ги планираат средствата за материјални трошоци и за плати.

Буџетот кој во 2005 година изнесуваше 46.723.015,00 денари во 2015 година е драстично зголемен токму поради веќе погоре кажаното, сега општината има буџет во износ од 289.182.876,00 денари или основниот (без општинските установи) во износ од 109.954.000,00 денари.

Page 32: 60 godini opstina Probistip

32

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Во изминатиот десетгодишен период на политички план се случија три локални избори и тоа во 2005, 2009 и 2013 година на кои се бираше Совет и Градоначалник на општина Пробиштип.

Победник на изборите во 2005 година беше Социјал-демократскиот сојуз на Македонија, кој на изборите за советници освои 5 советнички места, веднаш зад нив беше листата на независни советници со 4 советника, ЛДП и ВМРО-НП со по 2 советника и ВМРО-ДПМНЕ и Либералната партија со по 1 советник. Листата на советници изгледаше вака:

1. Саво Зафировски (СДСМ)2. Љупчо Благоевски (СДСМ)3. Ненад Павичевиќ (СДСМ)4. Љупка Давитков (СДСМ)5. Сашо Станковски (СДСМ)6. Стевчо Николовски (Независна листа)7. Сашо Наневски (Независна листа)8. Алекса Коцевски (Независна листа)9. Бона Спасовска (Независна листа)10. Трендафилка Пановска (ЛДП)11. Тони Стојановски (ЛДП)12. Дејан Арсовски (ВМРО-НП)13. Васка Манева (ВМРО-НП)14. Трајко Трајчевски (ВМРО-ДПМНЕ)15. Ацо Јаневски (ЛП)

Претседател на Советот на општина Пробиштип беше Трендафилка Пановска од партијата ЛДП. Градоначалник на општина Пробиштип за периодот 2005 - 2009 година беше избран Душко Јовановски од СДСМ.

Совет на општина Пробиштип 2005-2009

Page 33: 60 godini opstina Probistip

33

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Во 2009 година, убедлив победник на локалните избори беше коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 9 советнички места. Зад нив беше СДСМ со освоени 3 советнички места, НСДП, ЛДП и ВМРО-НП со по едно советничко место. Листата на Советници изгледаше вака:

1. Ранко Давитков (ВМРО-ДПМНЕ)2. Сашо Наневски (ВМРО-ДПМНЕ)3. Маргарета Ангеловиќ (ВМРО-ДПМНЕ)4. Игор Манасов (ВМРО-ДПМНЕ)5. Страшко Милошевски (ВМРО-ДПМНЕ)6. Сашка Моневска (ВМРО-ДПМНЕ)7. Марјан Досев (СП)8. Наталија Николова (ДОМ)9. Драган Ковачев (ДС)10. Сашо Станковски (СДСМ)11. Драган Анастасов (СДСМ)12. Јасна Павлова (СДСМ)13. Горан Ефремов (НСДП)14. Тони Стојановски (ЛДП)15. Стојанче Зафиров (ВМРО-НП)

За претседател на Советот на општина Пробиштип беше избран Ранко Давитков. За нов Градоначалник за периодот 2009 - 2013 година, беше избран Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ.

Совет на општина Пробиштип 2009-2013

Page 34: 60 godini opstina Probistip

34

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Во 2013 година, победата ја потврди коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која на овие избори освои 10 советнички места, додека коалицијата „Сојуз за иднината“, предводена од СДСМ освои 4 советнички места, а едно место освои и независна советничка листа или листата изгледаше вака:

1. Ранко Давитков (ВМРО-ДПМНЕ)2. Игор Манасов (ВМРО-ДПМНЕ)3. Даниела Стојанова (ВМРО-ДПМНЕ)4. Сашо Наневски (ВМРО-ДПМНЕ)5. Маргарета Ангеловиќ (ВМРО-ДПМНЕ)6. Марјан Митевски (ВМРО-ДПМНЕ)7. Елизабета Мијалчева (ВМРО-ДПМНЕ)8. Ванчо Насевски (ВМРО-ДПМНЕ)9. Миле Моневски (СП)10. Драган Ковачев (ДС)11. Сашо Станковски (СДСМ)12. Тања Гацовска (СДСМ)13. Стојанче Зафировски (ВМРО-НП)14. Горан Ефремов (НСДП)15. Савчо Стојчевски (Независна листа)

За Претседател на Совет на општина Пробиштип во периодот 2013 - 2017 по втор пат беше избран Ранко Давитков од ВМРО-ДПМНЕ. За истиот период со убедлива победа повторно беше избран актуелниот градоначалник, Тони Тоневски.

Совет на општина Пробиштип 2013 - 2017

Page 35: 60 godini opstina Probistip

Локален економски развој2005 - 2015

Page 36: 60 godini opstina Probistip

36

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Во 2006 година општината изработи Профил и Стратешки план за локален економски развој на општина Пробиштип.

• Истата година започна приклучување на корисниците на вода за пиење на новата водоводна мрежа, која беше изградена 2003 година, односно старите и дотраени поцинкувани цевки од секундарната мрежа, барем во централното градско подрачје во Пробиштип и во Злетово замина во историјата, со што се овозможи континуирано и поквалитетно водоснабдување.

• Во 2007 година се реконструираше пумпната станица во село Добрево, со што се овозможува порентабилно работење на пумпната станица и непречено и поквалитетно водоснабдување на жителите на село Добрево.

• На 1 февруари 2008 година беше одржана промоција на проектот „Тајните на лесновските цркви и пештери - атракција и предизвик за европските туристи“, реализиран преку Програмата за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, а финансиран од средства на Европската унија, преку Европската агенција за ре-конструкција во Република Македонија. Вредноста на проектот изнесува 162.000 евра. Со проектот се адаптираше старата училишна зграда за престој на гости и организиарње на разни содржини од културниот живот. Старата и руинирана зграда комплетно се реконструираше при што се доби современ сместувачки капацитет за 12 луѓе, опремен со удобни спални соби, кујна, купатило, рецепција, училница

“Општина Пробиштип во периодот 2005 - 2015 инвестираше во инфраструктурата, локалниот економски развој, образованието, културата, спортот. Овој период го обележаа големи инвестиции и изградба на капитални објекти кои значеа развој на општината.”

Локален економски развој

Page 37: 60 godini opstina Probistip

37

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

за едукација и етнолошка збирка, карактеристична за овој крај. Се реконструираше и се адаптираше и зградата на месната заедница, нејзино уредување за потребите на месното население. Во сутеренот се уреди една голема просторија, која се адаптираше како национален ресторан каде на гостите им се нудат традиционални македонски специјалитети. Со проектот се изградија набљудувачници, пешачки еко патеки, мостови, за пристап до пештерите кои служеле како испосница на монасите, но и до пештерите настанати како резултат на вадење на далеку прочуените воденични камења, со што станаа достапни за посетители. Беа уредени селските јавни чешми, патеки, сообраќајници. Со проектот се овозможи развој на туризмот во култното село Лесново, надалеку познато по Лесновскиот манастир и по местоположбата, каде на 1000 метри надморска висина селото е сместено во вулкански кратер.

• За јакнење на локалните капацитети на општинските противпожарни и спасувачки служби во 2009 година, ТППЕ Пробиштип доби ПП возило, опрема и обука на пожарникарите, дар од мисијата „Операција Флориан“ од Кралството Англија во вредност од 330.000 евра.

• На 9 јули 2009 година во Пробиштип се отвори Општински услужен центар. Проектот е финансиран од ЕУ „Поддршка на процесот на децентрализација“, со цел да се олесни постапката за обработка на документација.

• Од 2010 година во општина Пробиштип започна Проектот со воведување на енергетски ефикасни улични светилки. Од 1500 светилки во општината 300 се енергетски ефикасни.

Page 38: 60 godini opstina Probistip

38

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Во ноември месец 2010 година во Пробиштип беше продадена најскапата локација во Пробиштип, која е на местото на времените објекти од лим и пластика, кои даваа многу грда слика за градот, особено во централното градско подрачје. Локацијата од 275m2 е продадена за 105.000 евра, а на тоа место изникна убава стаклена зграда, која освен што се покажа како функционална, даде еден убав урбан лик во центарот на градот.

• Истата година над Злетово, месноста „Пешка“ доби нов лик. Преку проектот „Еко патека за поврзување на с. Лесново, општина Пробиштип со с.Пан-телеј, општина Кочани“, финансиран со сред-ства од Центарот за развој на источен плански регион. Се изградија пристапни скали, поплочено плато, платформа над река Злетовица, потпорни и оградни ѕидови, како и урбана опрема од три видиковци, клупи и маси. Во рамки на проектот изградени беа уште неколку видиковци. Вкупна вредност на проектот е 2.100.000,00 денари, од кои 200.000,00 денари се учество на општина Пробиштип.

• Со звукот на сирените на три дена пред крајот на 2010 година и официјално беше означено завршувањето на првата фаза на ХС „Злетовица“, од кој во иднина треба да се снабдуваат со вода за пиење околу 100.000 население од шест општини од Источен плански регион.

• Во истиот период Европската инвестициона банка од Луксембург, одобри грант од 1.000.000,00 евра за ХС „Злетовица“, кои ќе бидат инвестирани во подготвување на техничката документација за втората и третата фаза од повеќенаменскиот хидросистем „Злетовица“.

• Кон крајот на 2010 година, општина Пробиштип, која беше долги години блокирана заради големите долгови што ги имаше кон голем број на доверители, конечно се деблокира и тоа исклучиво од средства од општинскиот буџет.

• Општина Пробиштип во 2010 година беше на шестото место во Република Македонија по транспарентност, нешто што говори за односот на локалната самоуправа кон граѓаните и стопанските субјекти.

Page 39: 60 godini opstina Probistip

39

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Во функција на подобрување на информираноста во општината во 2011 година беше пуштен во употреба уште еден локален медиум. Го добивме ЕКО радио.

• На 20 Август 2011 година во Пробиштип започна со работа првиот Аква парк во Македонија. Се простира на површина од 18.000m2, а нуди широк спектар на атракции на вода, забавни содржини за најмладите, ресторан, базени за деца, голем базен за пливање, базен со бранови, како и игралиште за деца, мрзлива река и тобогани за подигање на адреналинот во крвта кај посетителите. Пробиштип од тој момент стана туристичко место, особено за времe на викендите има вистински наплив на туристи од регионот и подалеку.

Page 40: 60 godini opstina Probistip
Page 41: 60 godini opstina Probistip
Page 42: 60 godini opstina Probistip

42

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• На 25 Ноември 2011 година е продадена една од најатрактивните локации во центарот на Пробиштип. Тој ден се изврши електронско јавно наддавање на првата градежна парцела, која општина Пробиштип за прв пат самостојно ја стави на продажба по превземањето на надлежности за располагање со градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, од Министерството за транспорт и врски. На електронското јавно наддавање беа пријавени 3 кандидати, од кои двајца кандидати, наши сограѓани, учествуваа на електронската аукција. Цената на јавното наддавање достигна 6.100,00 денари по m2, што значи за површина од 823m2 беа уплатени средства во износ од 5.020.300,00 денари. Веќе во 2012 година беше удрен камен темелник, а објектот беше изграден и пуштен во употреба во истата година.

• На 25 април, 2012 година, беше поставен камен темелник на новиот градски пазар во Пробиштип. Пазарот се изгради на простор во непосредна близина на центарот на градот кој беше мошне несреден и оставаше една грда слика. Со изградбата на градскиот пазар во 2013 година, овој простор се облагороди и доби еден урбан лик. Истиот се простира на површина од 8.000m2, од кои нето површината изнесува 2.100m2. Од оваа површина 1.600m2 се наменети за земјоделски производи, 260m2 за продажба на текстил, 124m2 за продавница за сирење, јајца и други млечни производи и 3.430m2 за партерно уредување. Направен е паркинг простор со големина од 3.600m2. Направени се и пристапни патеки до објектот на површина од 550m2.

Page 43: 60 godini opstina Probistip

43

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Во 2012 година започна проектот за Геодетски информативен систем (ГИС). Опфатени се градот Пробиштип, Злетово, село Ратавица, село Стрмош, Пониква и други. Проектот се работи во фази. Направена е сателитска снимка, внесени се ДУП-овите и ГУП, спроведен е уличниот систем и адресниот модел, а сеуште се работи на даночниот систем. Корист од сработеното ќе имаат институциите, но и граѓаните.

• На 18 јули 2012 година беше поставен камен темелник на пречистителната станица за вода за пиење, еден од најкапиталните објекти кои ги гради Општина Пробиштип во последните 20 години. На 26 јануари 2013 година, на висока владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставревски, амбасадорот на Република Словенија во РМ Бранко Раковец, амбасадорот на Јапонија во Виена Шигео Иватани, заменик - министерот за одбрана Емил Димитриев, државниот секретар во Министерството за животна средина Соња Лепиткова, градоначалници од повеќе градови од Источниот плански регион и голем број на сограѓани на свечен начин беше означен крајот на завршните работи на новата Филтер-станица во Пробиштип. Во Филтер-станицата, на месноста Кала, водата ќе се прочистува на најсовремен начин, по пат на ултра филтрација, засега единствена со ваков метод пречистителна станица во Републикава и на Балканот. Филтер-станицата во Пробиштип располага со најсофистицирана технологија која се применува во најразвиените земји. Нејзината изградба е вредна 1,4 милиони евра, средства кои беа неопходни за конечно да се реши деценискиот проблем со водата за пиење во Пробиштип. Со тоа се решава повеќедеценискиот проблем за околу 16.000 жители во Пробиштип и околните населени места кои благодарение на ХС „Злетовица“ и новата Филтер-станица отсега ќе добиваат чиста вода за пиење, проблем кој за пробиштипјани посебно во минатото стануваше актуелен во летните месеци од годината. Средствата за овој проект се обезбедени преку донација од словенечката Влада, односно 480 илјади евра, 800 илјади евра се кредит од јапонската агенција „Џајка“, а остатокот се сопствени средства од буџетот на општината. Капацитетот на новата Филтер-станица во Пробиштип е 75 литри прочистена вода во секунда со минимална или беззначајна употреба на дополнителни реагенси во процесот на ултра филтрација. Методот за прочистување на водата по пат на

Page 44: 60 godini opstina Probistip

44

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

ултра филтрација е еден од најсовремените начини за пречистување со помош на мембрана. Ултрафилтрационите мембрани ги отстрануваат од водата сите честички и бактерии на физички начин без употреба на хемиски препарати. Водата по ултра филтрирањето е чиста, бистра, без честички и бактерии, односно е микробиолошки исправна. - Водата по ултра филтрацијата е 100 проценти чиста. За проверка на квалитетот на водата одредени параметри се мерат во самиот објект, а Заводот за здравствена заштита редовно зема мостри за дополнителни испитувања.

• На 9 септември, 2012 година, во с. Древено на свечен начин беше пуштен во употреба новоизградениот водовод за селото. Вкупната вредност на проектот изнесува 3.291.793,00 денари, од кои 1.556.000,00 денари се обезбедени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, а остатокот од Буџетот на Општина Пробиштип.

• Со сечење на црвената лента на 26 јануари 2013 година и официјално беше означен крајот на работите за изградба на објектите предвидени со проектот за градба на Првата фаза од повеќенаменскиот Хидросистем Злетовица. Премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во своето обраќање до присутните на свечениот чин, кој се одржа на круната на каменонасипната брана Кнежево, изјави дека со оваа инаку најголема инвестиција во последните сто години во овој Источен регион, кој во минатото беше далеку од реалноста, конечно е изграден. Со неговата изградба ќе се надмине проблемот

со водоаснабдување на 120.000 граѓани од овој дел на државата. За овој хидросистем со децении наназад се зборуваше, се дискутираше, се анализираше, се бараа финансиски средства, се ветуваше дека ќе се изгради, се ветувало, ветувало и така со години. За сметка

Page 45: 60 godini opstina Probistip

45

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

на ваквата состојба населението од Штип, Карбинци, Лозово, Свети Николе и Пробиштип со генерации наназад, во 21 век, мака мачеа со недостиг од вода за пиење. Денес, по шест години од почетокот на првите градежни работи на овој објект, овој капитален објект се стави во функција. Паралелно со изградбата на браната изграден е водозафат и цевковод за водоснабдување на Пробиштип, а со посебен водозафат и цевковод во должина од 85 километри ќе се водоснабдуваат и жителите од општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово, додека за Кратово цевководот е компактибилен и изграден пред почетокот на изградбата на браната во 1988 година. Овој капитален хидроенергетски објект, посебно го истакнува геостратешкото значење на водата во секојденвието на животот на населението. Водата претставува значаен фактор во стратегијата за унапредувањето на производството и преориентацијата на земјоделските производители во капацитети кои ќе бидат од големо значење во производството на храна, која во наредниот период ќе биде од голема важност. Во изминатите години во Првата фаза од ХС Злетовица се инвестирани 110 милиони евра, од кои 82 милиони се од Јапонската кредитна помош за Република Македонија, а останатите пари ги обезбеди Владата на Република Македонија. Соработката на Јапонија со Македонија, во доменот на економскиот развој, започна во 90-тите години по стекнувањето на независноста на Републиката и воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу овие две земји. Соработката, започна како хуманитарна помош, која набргу прерасна во конкретна помош за обновување и развој на социјалната инфраструктура, но и за поддршка на економскиот развој на Република Македонија. Првата фаза од Хидрисистемот Злетовица се изгради токму со кредитната јапонска линија, како помош за ,, Проектот за подобрување на искористувањето на водата од басенот на реката Злетовица“. Со завршувањето на работите на објектите од првата фаза заврши и користењето на парите од доделениот јапонски кредит. Браната Кнежево е камено насипна со асфалтно јадро, висока 75 метри, во основата е широка 300 метри, со должина на акумулацијата од 4 километри. Веќе беа створени сите услови акумулацијата Кнежево да почне да се полни до максималниот капацитет од 23,5 милиони кубни метри вода, со која количина ќе се надминат и проблемите во водоснабдувањето во општините во Регионот, особено изразен во текот на летните месеци. Во акумулацијата „Кнежево“ до 10 април се акумулирани 16 милиони метри кубни вода.

Page 46: 60 godini opstina Probistip

46

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• За развој на стопанството во општина Пробиштип, во 2013 година се изгради Индустриска зона во Урбан блок 12/1, каде што најголемиот дел од парцелите во зоната се веќе продадени, а веќе и изникнаа повеќе објекти. Поставена е патна и комунална инфраструктура во зоната и се овозможени сите предуслови за успешно работење на истата.

• Во 2014 година селото Бунеш доби водовод во должина од 2km. Преку Агенцијата за поддршка на земјоделието и рурален развој, општината го доби проектот „Систем за водоснабдување на село Бунеш“, а селото конечно доби водовод.

• После долги години на неизвесност за судбината на еднен мошне атрактивен објект во строгиот центар на градот, конечно разрешница. Убавата стоковна куќа, која кога се изгради стана украс на градот, со години на запуштеност, неводење грижа за објектот и губење на сопственик, стана вистинска грдотија и потенцијална опасност за сите кои што минуваат покрај неа. На кровот почнаа да растат тополи, а објектот полека се распаѓаше. Локалната самоуправа на крајот на 2014 година го продаде овој објект, со што старата стоковна куќа си доби нов сопственик, сопственикот на познатата штипска фирма „Стел - импекс“ ДООЕЛ, Руде Јордев. Се надеваме дека новиот сопственик не само што ја купи, туку и ќе го реновира објектот и ќе го стави во функција, со што повторно ќе го врати стариот сјај, а центарот на градот ќе се доуреди со уште еден убав објект.

Идејно решение за реконструкција на Стоковна куќа Пробиштип

Page 47: 60 godini opstina Probistip

47

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• После 35 години во Пробиштип се случува нова инвестиција. Ќе се гради нов голем капацитет наменета за делови за автомобилската индустрија. Компанијата Кранфилд Фаундри инвестира во Пробиштип. Ќе вложи 15 милиони евра и ќе вработи околу 300 лица. Проектот ќе зафаќа површина од околу осум хектари, а ќе се состои од производствен погон и административна зграда на 15 илјади метри квадратни. Производството треба да почне за најдоцна една година. Станува збор за компанија , најсовремена леарница на железо и алуминиум. Нејзините производи се најпотребни во автомобилскиот сектор, а нивното постоење на македонскиот пазар се очекува да привлече нови инвеститори поради потребата од вакви производи. Модерниот и еколошки прифатлив капацитет ќе биде сличен на останатите модерни леарници кои можат да се најдат во земји како Германија, Франција или Полска. Леарницата ќе биде проектирана и изградена од ГЕМКО, холандска инжинерска компанија која е специјализирана. Фирмата ќе го гради капацитетот заедно со македонска градежна компанија.

• Во 2015 година Пробиштип конечно доби своја регистерска табличка за автомобили со ознака PS.

Page 48: 60 godini opstina Probistip

48

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Page 49: 60 godini opstina Probistip

49

Брана Кнежево

Page 50: 60 godini opstina Probistip

Инфраструктура2005 - 2015

Page 51: 60 godini opstina Probistip

51

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Асфалтирани се голем број на улици во Пробиштип, во приградските населби и во Злетово. Изградени се и уредени нови паркиралишта во центарот на градот.

• Изграден е локалниот пат кој ги поврзува селото Турско Рудари со селото Рајчани во општина Чешиново - Облешево. Изградени се пешачки патеки во централното градско подрачје. Асфалтирани се улици во селата Неокази, Древено и Лезово.

• Во периодот 2009 - 2010 година е реконструиран патот ЕР-206 од Страцин до Пробиштип, со вкупна должина од 26,3km. Реконструкцијата на патот е во рамки на реализацијата на проектот на Владата на РМ за изградба на локални и регионални патишта. Изградбата на патот чини 236.000.000,00 денари.

• На улицата „Јаким Стојковски“ од раскрсницата со улицата „Страшо Пинџур“, до спојот со улицата „Димитар Влахов“, во должина од 400 метри од двете страни на улицата на површина од 500 m2 Општина Пробиштип изгради тротоари, кои беа повеќе од неопходни заради големата фрекфенција на возила.

• Патот кој ги поврзува с. Стрмош со с. Дренак и кој претставува една вистинска патна артерија на земјоделците од тој крај конечно после 8 години пауза во 2010 година се доасфалтира. Патот беше асфалтиран во должина од 1.200 метри, така што останатите 1.050 метри кои претставуваа вистински проблем особено во врнежливиот период

Патна инфраструктура

“Развојот на општината неможе да се замисли без квалитетна сообраќајна инфраструктура, преку изградба и одржување на локалните патишта и овозможување на просторни услови за нормално функционирање на сообраќајот низ општината, но и пред се таму каде што највеќе е сконцентриран сообраќајот во градот Пробиштип.”

Page 52: 60 godini opstina Probistip

52

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

се доасфалтирани, па така овој пат доби една целина, а земјоделците во иднина нема да се среќаваат со проблемот кој до тогаш ги мачеше. Средствата за доасфалтирањето дел во износ од 5.056.998,00 денари беа обезбедени од Агенцијата за рурален развој, а дел во износ од 4.000.000,00 денари беа обезбедени од општинскиот буџет.

• Во овој период се доасфалтира патниот правец с. Турско рудари - с. Рајчани, со што се поврзаа општините Пробиштип и Кочани.

• Во 2010 година Општина Пробиштип во соработка со ЈП Хидросистем “Злетовица” и рудниците за олово цинкова руда “Индо минерали и метали” ја реконструираа една од најстарите улици во Пробиштип, улицата “Цветко Тонев”. Реконструкцијата започна со вадење на коцката со која беше поставена оваа улица. Потоа улицата се порамни, се постави одвод за атмосферските води, со што ќе се избегнат проблемите со кои се среќаваат граѓаните на Пробиштип за време на дождливиот период, за на крајот да се асфалтира, да се прошири и да се направи соодветен простор за паркирање на такси превозот во општината. Од горната страна на улицата се направи тротоар со бехатон коцки и се постави ново улично осветлување. Со реконструкцијата на оваа улица се реши еден горлив проблем во центарот на градот, а воедно и се разубави централното градско подрачје.

• Истата 2010 година улицата „Миро Барага“, една од најфрекфентните улици во градот, која воедно е дел од регионален пат, комплетно се реконструира. Се постави нов асфалтен слој или 10 000m2 се надоградени со нов асфалтен слој. Поставени се и нови тротоари од двете страни на улицата, поплочени со бехатон коцки на површина од 2.550m2. На истата улица се постави и ново улично осветлување. Вкупната инвестиција изнесува 15.000.000,00 денари.

• Патниот правец Пробиштип - Свети Николе, во делот од селото Куково, од Пробиштипска страна до селото Мечкуевци од Свети Николска страна, со помош на Армијата на Република Македонија започна да се гради, односно започнаа земјените работи и

Page 53: 60 godini opstina Probistip

53

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

подготовка на патот со тампонирање, за во 2013 година истиот да се асфалтира, а со тоа и целосно да се поврзат овие две наши општини, со што ќе се скрати растојанието до Свети Николе за половина од она што беше. Патот во должина од 28km се изгради со средства од 28.000.000,00 денари, обезбедени од Владата на РМ, свечено беше пуштен на почетокот на 2014 година.

• Во 2011 година се реконструираше најфрекфентниот локален пат, Пробиштип - Злетово, преку месноста Леговец, со средства од проектот на Владата на РМ, „Реконструкција на општински патишта во РМ“, при што општината доби средства во износ од 25.765.794,00 денари со кои постоечкиот асфалт го надогради во должина од 4000 метри, а патот од 3,5 метри се прошири на 5,5 метри.

Во 2011 година во Урбана единка 30А и дел од Урбана единка 30 од страна на локалната самоуправа се асфалтираа повеќе улици. Се асфалтираа улиците „Корушка“ во должина од 145 метри, потоа улиците „22 Декември“ во должина од 416 метри и „Ѓорче Петров“ во должина од 545 метри. Исто така во овој дел се доасфалтираа улиците „Димитар Влахов“ во должина од 360 метри, „Вељко Влаховиќ“ во должина од 210 метри и дел од улица „25 Мај“ во должина од 120 метри. Се направи спој на улицата „25 Мај“со улицата „Ацо Скопјанче“. Асфалтирана е улицата „Скоевска“ во должина од 163 метри и дел од улицата „Едвард Кардељ“ во должина од 90 метри. Извршена е реконструкција на оштетената асфалтна површина на кружниот тек на спојот на улиците „Јордан Стојанов“, „3 Април“ и „Нада Михајлова“, а на улицата која ја поврзува детската градинка „Гоце Делчев“ со улицата „Јордан Стојанов“ и на кракот од улицата „Доне Божинов“ кој ја поврзува оваа улица со улицата над Детската градинка се постави нов асфалтен слој.

• Истата година комплетно е направена реконструкција на локалниот пат Пробиштип с. Плешенци, пат кој беше можеби и најруиниран во општината. За реконструкцијата на овој патен правец беа обезбедени средства од Европската банка за обнова и развој, а во рамки на Проектот на Владата на РМ за рехабилитација и реконструкција на локалните патишта.

• Во 2011 година беше направена реконструкција на патниот правец Турско Рудари - Шталковица. Патот е целосно пробиен и тампониран.

Page 54: 60 godini opstina Probistip

54

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Општина Пробиштип на влезот во Злетово во пролетта 2012 година заради безбедност при движење на пешаците во Злетово, изгради тротоари со бехатон коцки во должина од 400 метри. Паралелно со тротоарите е поставено ново осветлување, енергетски ефикасно, со што се даде еден урбан лик на влезот на Злетово, а пред се и безбедност на пешаците кои се движат во тој дел од местото. Оваа инвестиција ја чинеше општина Пробиштип 3.216.000,00 денари.

• Во 2012 година, улицата „Јане Сандански“, која води од центарот на Злетово кон основното училиште „Кирил и Методиј“, Детската градинка, односно до повеќенаменското игралиште и спортската сала во Злетово конечно беше реконструирана. Оваа улица, во должина од 150 метри, претставуваше опасност по безбедноста и на возилата и на пешаците, од причина што беше мошне руинирана. Сега оваа улица не само што се реконструира и не претставува опасност по безбедноста на граѓаните на Злетово туку на места е мошне проширена, а на тие места злетовчани ќе можат да си ги паркираат своите возила. Реконструкцијата опфати поставување на ивичњаци, нов асфалтен слој, како и асфалтирање на платото пред Здружението на пензионери од Злетово. Реконструкцијата на оваа улица чини 1.500.000 денари, а средствата за изградба на оваа улица се обезбедени од буџетот на Општина Пробиштип.

• Истата година во приградската населба Пробиштип се асфалтираа повеќе улици во вкупна должина од 1610 метри. Асфалтирани се улици во Барбаревско маало во вкупна должина од 480 метри, улицата „Григор Прличев“ е асфалтирана во должина од 180 метри, улицата „Рајко Жинзифов“ во должина од 270 метри, потоа улицата „Скопска“во должина од 480 метри и улицата „Стив Наумов“ во должина од 200 метри.

• Во 2012 година во Пишица беа асфалтирани улици во должина од 1000 метри. Оваа инвестиција општината ја чинеше 6.150.000,00 денари, средства обезбедени од сопствениот буџет.

Page 55: 60 godini opstina Probistip

55

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• После долги години на очекување и барање на жителите на с. Бунеш и на сите оние кои што се иселиле но имотите им се таму, на општо задоволство на сите конечно овој пат се изгради во 2013 година. Средствата за изградба на патот, во износ од 14.514.000,00 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и рурален развој и од Општина Пробиштип.

• Во 2014 година во с. Добрево се изградија четири улици, во должина од 1000m. Вредноста на проектот е 10.000.000,00 денари, а се во рамки на заложбите на Општина Пробиштип за рамномерен развој.

• Главната улица, главната артерија во центарот на градот, улицата „Јаким Стојковски“ која што беше мошне руинирана во периодот есен 2014 - пролет 2015 комплетно се реконструира. Општина Пробиштип за реализирање на овој проект обезбеди финансиски средства преку заем со потпишаниот договор помеѓу општината, Македонската Влада и Светската банка. Со зафатот се обнови постоечкиот коловоз во должина од 1220 метри, се постави атмосферска канализација долж целата траса, комплетно се изградија нови пешачки патеки, хортикултурно уредување, енергетски ефикасни светилки и се постави хоризонтална и вертикална сигнализација. Вкупната инвестиција за овој проект е 29 милиони денари. Сега граѓаните можат да се движат по убава, модерна, но пред се безбедна улица, а во склоп со тротоарите и уличното осветлување, хоризонталната и вертикалната сигнализација, хортикултурното уредување, центарот на градот доби еден нов урбан лик.

Page 56: 60 godini opstina Probistip

56

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Зградата која беше рушевина и даваше мошне грда слика на градот, од причина што се наоѓа во строгиот центар на градот, а беше дел од Домот на култура, во 2010 година комплетно се реконструира, при што доби еден убав урбан лик , а е наменета за седиште на ЈП „Хидросистем Злетовица“.

• Платото пред Домот на култура се поплочи со бехатон коцки и доби еден сосема нов лик, а градот доби еден мини плоштад каде има можности да се одржуваат летни манифестации и настани.

• Извршена е реконструкција на неколку јавни чешми во општината.

Инфраструктурно уредување

Page 57: 60 godini opstina Probistip

Стопанство2005 - 2015

Page 58: 60 godini opstina Probistip

58

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Минатиот период стопанството на општина Пробиштип се потпираше главно на две стопански гранки и тоа на рударство и акумулаторска индустрија кои го претставуваа целото стопанство и го носеа стопанскиот развој. Денес се среќаваат фирми од најразлични стопански гранки. Како значајни сеуште остануваат рударството и акумулаторската индустрија. Голем дел од населението и денес работи таму, но се развија и голем број на нови фирми и тоа од текстилната индустрија (која вработува голем број од населението, повеќе од 1100 вработени), услужните дејности како што се транспорт, угостителство, трговија, потоа пекарската индустрија, производството на млеко и млечни производи, земјоделство и туризам.

Во моментот во Општина Пробиштип има регистрирано 499 активни деловни субјекти со вкупно 3516 вработени. Доколку направиме еден преглед може да забележиме дека овој број на активни деловни субјекти како и бројот на вработени значително е зголемен од 2009 година, кога бројот на активни деловни субјекти изнесувал 447 со 2775 вработени, во 2010 бројот на активни деловни субјекти бил 443 со 2750 вработени. Во 2013 година бројот на вработени изнесувал 3400 лица.

• Рударство• Текстилна индустрија• Производство на акумулатори• Услужни дејности• Транспорт• Угостителство• Трговија• Пекарска индустрија• Производство на млеко и млечни производи• Туризам

Стопанство

2009 2010 2013 2015

Број на активни деловни субјекти

447 443 / 449

Број навработени

2.775 2.750 3.400 3.516

Приоритетни сектори/индустрии

Page 59: 60 godini opstina Probistip

59

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Компанијата ТАБ Д.Д. е основана во 1965 година како подружница на фирмата Рудник Межица Холдинг во област каде што се занимаваат со олово преку 350 години.

Првите 15 години фирмата била лиценциран партнер на Тудор од Шведска. Денес, ТАБ произведува широк спектар на оловно-киселински, ВРЛА АГМ и ВРЛА Гел батерии и акумулатори во три најмодерни фабрики во ЕУ со преку 700 вработени.

• 1973 год. Почеток на изградба на Фабриката за производство на акумулатори во Пробиштип.• 1976 год. Фабриката за акумулатори Злетово започна со редовно работење.• 2001 год. Ликвидација на Фабриката за акумулатори Злетово.• 2001 год. Рестартирање на фабриката од нов македонски сопственик и со ново име САП.• 2004 год. Нов доминантен сопственик е словенечката компанија Весна (Vesna) којашто влегува во комапнијата САП (SAP) со тоа новото име на компанијата е Весна САП (Vesna SAP).• 2005 год. Стартување на новото одделение за рециклажа на отпад од акумулатори.• 2009 год. Македонскиот сопственик повторно го презема доминантно учество.• 2012 год. ТАБ Д.Д. купи 85% од Весна САП.

18.10.2012 год. Компанијата го доби новото име – ТАБ МАК Д.О.О., почеток на новата ера за производство на акумулатори во Пробиштип.

ТАБ Д.Д. Межица

Историјат на компанијата

Page 60: 60 godini opstina Probistip

60

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

ТАБ МАК Пробиштип

Дејност - производство на батерии и акумулатори. ТАБ МАК ДОО Пробиштип е друштво за производство на акумулатори во поголем дел во сопственост на маѓународното акционерско друштво ТАБ А.Д. со седиште во Межице, Словенија каде што е централизирана функцијата за развој, комерција, маркетинг и системот за управување со квалитет. Почетоците на фабриката се од 1973 кога започнува изградбата на фабриката за акумулатори “Злетово” во Пробиштип. Од 18.10.2012 година компанијата го добива новото име ТАБ МАК ДОО и ова е почеток на новата ера за производство на акумулатори во Пробиштип. Во ТАБ МАК ДОО претежно се произведуваат СТАРТЕР AКУМУЛАТОРИ кои што се продаваат под трговската марка ТАБ марки ВЕСНА со годишен капацитет од 1 до 1.5 милиони парчиња (зависно од типот на акумулаторот). Бројот на вработени е 278.

Рудниците за олово и цинкова руда „Злетово“ после долги години на агонија во мај 2006 година беа приватизирани од страна на индиската компанија „Бинани“, односно „Индо минерали и метали“, а во месец ноември, истата година, беше рестартирано јамското про-изводство кое работи до ден денес. Бројот на вработени е 450. На 17.01.2007 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион присуствуваше и го благослови рестартирањето на рудникот „Злетово“. На свеченоста присуствуваа претставници од Владата на Р. Македонија; амбасадорот на Велика Британија во Р. Македонија, г-дин Диксон; амбасадорот на Босна и Херцеговина во Р. Македонија, г-дин Кеклиќ и други гости од Републиката и од странство.

Оваа компанија станува еден силен играч за македонската економија. Компанијата, како дел од „Бинани“ Групацијата, започна со работа во Македонија во 2006 година и го илустрира потенцијалот на земјата за странски директни инвестиции. Пред тоа рудникот за олови и цинк „Злетово“ беше затворен скоро три години. Рударската операција е една од најголемите странски инвестиции и работодавци во Македонија.

За бизнисот да биде успешен има континуирана потреба за инвестиција. Досега „Индоминерали и метали“ имаат инвестирано над 1 милијарда денари во рударскиот сектор во Македонија. Инвестициите се пред се во инфраструктурата, развојот и рударската

Индо минерали и метали

Рударство и вадење камен

до ден денес. Бројот на вработени е 450. На 17.01.2007 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион присуствуваше и го благослови рестартирањето на рудникот „Злетово“. На свеченоста присуствуваа претставници од Владата на Р. Македонија; амбасадорот на Велика Британија во Р. Македонија, г-дин Диксон; амбасадорот на Босна и Херцеговина во Р. Македонија, г-дин Кеклиќ и други гости од Републиката и од странство.

Оваа компанија станува еден силен играч за македонската економија. Компанијата, како дел од „Бинани“ Групацијата, започна со работа во Македонија во 2006 година и го илустрира потенцијалот на земјата за странски директни инвестиции. Пред тоа рудникот за олови и цинк „Злетово“ беше затворен скоро три години. Рударската операција е една од најголемите странски инвестиции и работодавци во Македонија.

За бизнисот да биде успешен има континуирана потреба за инвестиција. Досега „Индоминерали и метали“ имаат инвестирано над 1 милијарда денари во рударскиот сектор во Македонија. Инвестициите се пред се во инфраструктурата, развојот и рударската

Page 61: 60 godini opstina Probistip

61

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

опрема. Со оглед на опсежноста на работата во рудниците, како и потенцијалот на планираните активности, од компанијата имаат поставено рамка на капиталните трошоци за следните две години за работата во рудниците „Злетово“ и „Тораница“. Овие трошоци се проценуваат на околу 225 милиони денари. Според целите и планираните активности, главниот фокус на компанијата е кон зголемена продуктивност и „Индоминерали и метали“ модернизација на рударските методи, со цел зголемување на капацитетите. Во согласност со глобалните трендови и во согласност со ефективната имплементација на докажани модерни технологии, инвестициите соодветствуваат со целта да креираат одржлив бизнис и да ја подобрат социјалната, економска и еколошка благосостојба на заедницата каде работат, велат од компанијата.

Во однос на заштитата и безбедноста при работа од компанијата велат дека посветуваат еднакво внимание на производството и на безбедноста при работа на вработените.

- „Ова е многу важен аспект на нашата работа. Во рударскиот сектор, од исклучителна важност е да се надгледуваат процедурите при работа и поради тоа организираме соодветни тренинзи за вработените. Исто така спроведуваме регуларни практики во имплементацијата на медицински прегледи за здравјето на вработените Сите овие мерки се во согласност со работните практики и етиката на компанијата според насоките на Законот за безбедност и заштита при работа“, велат од „Индоминерали и метали“.

„Индоминерали и метали“ во моментов е еден од најголемите странски инвеститори и едни од најголемите работодавци во Македонија. Засега во компанијата се вработени околу 1000 лица, од кои само во Пробиштип има околу 450 работници, но со постојаното зголемување на производството, потребата може да се зголеми.

Рударство и вадење на камен, број на вработени 36.

Рудник за експлоатација на минералните суровини габро и туф.

Стрмош АД Рудници за неметали

Писеник

• Амика• Алекс• Детекс • Панови • Делта текстил • Даматекс • Зрно Злетово • Линеа • Конфекција Мартекс • Конфекција Point Fashion

Текстилна индустрија

Рудник за експлоатација на минералните суровини габро и туф.

• Делта текстил • Даматекс • Зрно Злетово

• Конфекција Мартекс • Конфекција Point Fashion

Текстилна индустрија

Сите овие конфекции се занимаваат со конфекциска дејност, производство на женска облека и многу мал дел е производство на машка облека. Сите конфекции работат на ЛОН систем за странски партнери. Во сите конфекции вкупно има над 1.100 вработени, во најголем дел се женска работна рака.

Page 62: 60 godini opstina Probistip

62

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

„БОКИ“ Транс„ГОГО“ Транс„МИМА“ ДОО„Марјан Турс“„ПРО-ГРУП“ Транс„Ле-Кам Пајо“„Брег“ Транс„Миташ“ Транс„Фичо“ Транс„Вики-шпед“ Транс

ЕлигоСтарт-пром

ТП Божо Травел Бобан Драги СпасовскиТП Такси Киви - Вања Ванче МладеновскаТП за такси превоз Сателит Ружица Милчо МанасоваТП за такси превоз Елена Павле Јованчева - ЗамбатаДТП Д‘гна АТД Дооел ПробиштипТП за такси превоз Игорчо Стојанов ЏивџиТП за такси превоз Билјана Стојова – Мицко де лукс ДПТУ Мрки транс дооел ПробиштипТП за такси превоз Бик пром Игор ГерасимовскиТП Јовица Ангеловски - Стил ТП Такси ТамиТП Косел - Стојанче АтанасовДПТУ Мар-ден-ком ЗлетовоТП Трајче Јаневски - Таци

Транспорт (Стока и патници)

Такси превоз

Авто школи

Page 63: 60 godini opstina Probistip

63

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Основна дејност е производство на леб и бели пецива, број на вработени 30.ПЕКАРА Вкус

Слаткарница „Младост“

Слаткарница „Рудар“

Фабрика за производство на млеко и млечни производи. Органско производство на традиционални сирања, кашкавал, бело сирење, биено сирење, урда од овчо млеко. Бројот на вработени е 4.

Производство на сите типови на картонска амбалажа. Фабриката „Дамипак“ ДООЕЛ е основана 2000 год. и со активно производство започна почетокот на јули 2001 год. Седиштето и се наоѓа во Пробиштип на ул. Миро Барага бр.5. Со изградба на производно-деловните простори со површина над 3.000m2 нуди производство на секаков вид на картонска амбалажа. Располага со автоматска линија за производство на кутии од микровал-трослоен и петослоен картон, кое ви овозможува висок квалитет на производството со најповолни цени. Со сопствен возен парк готовиот производ се доставува ф-ко до купувачите во најкраток можен рок. Бројот на вработени е 21.

Алпина Деј

ДАМИПАК

Од угостителски капацитети Пробиштип располага со два хотели, три ресторана и повеќе угостителски објекти.

• Хотелот „Сент Никол” е со сместувачки капацитет од 25 двокреветни соби и 4 апартмана, ресторанот е со капацитет од 350 седишта, а располага со кујна со македонски специјалитети. Хотелот располага со убава и голема летна тераса и Casino.

Угостителство

Page 64: 60 godini opstina Probistip

64

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Хотелот „Црешово Топче” е со сместувачки капацитет од 16 апартмани, а во моментот уште 23 соби се опремуваат и во догледно време истите ќе бидат ставени во функција. Ресторанот е со капацитет од 350 седишта и кујна со македонски специјалитети, а хотелот располага со убава и голема летна тераса и СПА центар.

Ресторанот „Кај Чомбе“ располага со сала со капацитет од 200 седишта и кујна со македонски специјалитети.

Инаку во Пробиштип и во Злетово има солидни угостителски објекти, кои се карактеристични по добрата кујна и пред се ефтината храна која ја нудат, а која е како надополнување на се она што како понуда го има општина Пробиштип за привлекување на алтернативниот туризам и во овој дел од Македонија.

Irish Pub BelfastПицерија „Венто“Кафеана „Кај Обрен“Кафеана „Орион“Кафеана „Зоки“Скара на кило „Коки“Кафеана „Златица“Рибник „Злетовица“

Summer Club „COOL“Кафе бар „Black & White“ Club „COOL“

Сендвичара 5Екстра бургер

МладостРударЗеки-БокиЗумСонце

Угостителски објекти

Кафе барови

Ноќни клубови

Брза храна

Млечни ресторани

Page 65: 60 godini opstina Probistip

Земјоделство2005 - 2015

Page 66: 60 godini opstina Probistip

66

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Во Општина Пробиштип според податоците од Агенцијата за катастар на недвижности има околу 12 000 ха земјоделско земјиште од кое околу 7800ha е обработливо земјоделско земјиште а активно се oбработува околу 4000ha.

Активното земјоделско земјиште кое се обработува околу 2200ha го обработуваат земјоделците од индивидуалниот сектор, додека останатите 1800ha го обработуваат правните субјекти.

За субвенции по програмите за финасиска подршка во земјодлестовото се пријавуваат околу 3.600ha додека остантите 400ha се помали површини и земјоделците не ги исполнуваат условите за субвенции.

Во Министерството за земјоделство ПЕ Пробиштип има склучено вкупно 110 Договори за закуп на државно земјоделско земјиште .

Согласно Законот за вршење земјоделска дејност во Општина Пробиштип се имаат регистрирано 20 земјоделци, додека по Законот за пензинско и инвалидско осигурување на Индивидуални земјоделци, се имаат регистрирано повеќе од 70 земјоделци. Како правни лица на кои земјодлестовото им е претежна дејност се регистриарани 10 субјекти.

Во единствениот регистар на земјодлески стопанства кој се воиди во ПЕ Пробиштип се евидентирани вкупно 1800 Земјоделски стопанства.

Најголем дел од земјолдеските површини се посеани со житни култури или околу 3500 хектари додека останаите површини се под овошен, лозов насад, фуражни култури, градинарски култури и останати култури.

Во последните 10 години се бележи раст на површините под овошен и лозов насад и

Земјоделство

Page 67: 60 godini opstina Probistip

67

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

во овој момент во Пробиштип има околу 200 хектари под овошен насад не вклучувајќи ги помалите овоштарници во индивидуалниот сектор.

Во делот на површините под лозов насад бележиме благ раст и во моментот има околу 200 хектари под лозов насад.

Се бележи значајно инвестирање во делот на поставување на системите капка по капка на површините со што се допринесува заштедеа на големи количини на вода и постигнување на подбар принос и квалиот на производството.

Во делот на сточарското производство според податоците со кои располага ПЕ Пробиштип и податоци прибрни од страна на Овластените ветеринарни станици, сточниот фонд во изминатите 10 години бележи знашителен пад и во моментот во Општина Пробиштип има околу 14.000 овци, 2.800 грла говеда, 1.500 кози, 4.500 пчелни семејства, 2.500 свињи, 10.000 живина и сл.

Најголем подем во делот на сточарското производство има во пчеларството додека најголем пад имаме кај овците .

Намалувањето на бројната состојба кај добитокот се должи на иселувањето на младите луѓе од населените места од Општина Пробиштип и немањето на работна рака за овој вид на работа.

Во последните две до три години забележително е и градењето на помали семејни фарми во населените места околу градскиот центар Пробиштип и започнување на мали семејни бизниси со сточарство.

Се со цел да потикне развојот на земјоделството во нашата општина од страна на Владата се нудат повеќе програми кои се на располагање на земјоделците се со цел да дојдат до одердени финасиски средства со кои на некој начин ќе го модернизираат своето

Page 68: 60 godini opstina Probistip

68

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

земјоделско стопанство .По програмата за финасиска подршка во земјоделството и руралниот развој, програма

со која земјоделците добиваат финасиска подршка по повеќе мерки, на ниво на општина во просек годишно се одобруваат средства во износ од околу 1 000 000 евра .

Секоја година во просек од околу 1.100 земјоделци поднесуваат Барања за субвенции по повеќе мерки и истите ги добиваат.

Од 2005 година па до 2015 година на земјоделците од Општина Пробиштип по однос на оваа програма им се поделени средства во износ од околу 9.000.000 евра директна подршка за земјоделците.

Освен по Програмата за финасиска подршка во земјоделстовото со која земјоделците аплицираат и добиваат субвенции за површините и грлата стока кои ги обработуваат и одгледуваат, на земјоделците од страна на Владата им се нуди и Програмата за финасиска подршка во руралниот развој или попозната како 50/50, со која земјоделците аплицираат и добиваат средства за модернизација на своите земјоделски стопанства преку набвака на нова механизација, приклучна механизација, градење на производствени капацитети и ред други проекти кои им стојат на располагање на самите земјоделци.

По однос на ова програма земјоделците во општина Пробиштип во период од 2006 до 2015 година имаат искористено повеќе од 1,5 милиони евра и тоа најголер дел во набавка на механизација и приклучна механизација со која ги имаат модернизирано своите земјоделески стопанства.

На располагање на земјоделците пред се на преработувачите им се и средствата оd ИПАРД прогармата преку која се обновуваат производните капацитет и, се овозможува изградба на нови, како и подигнување на нови површини под овошен и лозов насад претежно со нови сорти грозје и овошни култури.

Перспективата на земјоделството во Општина Пробиштип ја гледаме во реализација на втората фаза од проектот Хидросистем Злетовица со која се предвидува изградба на систем за наводнување на ококу 3.100 хекатри земјоделско земјиште во Општина Пробиштип со што би се постигнало наоѓање на егзистанција на околу 1.000 до 1.500 жители од нашата општина.

Познавајќи ја структурата на почвите како и можностите за наводнување постојат реални можности за заокружување на семејниот бизнис во земјоделското производство преку одгледување на добиток, производство на храна за истиот и пласман на квалитетни производи од нашиот регион.

Со мерките и програмите во делот на земјоделството кои ги спроведува Владата на Р.М. корист има и локалната самоуправа преку Програмите за рурален развој за градба на патишта во населените места, водоводи и слично и досега во Пробиштип согласно овие програми се имаат реализирано повеќе проекти.

Page 69: 60 godini opstina Probistip

Заштита на животна средина2005 - 2015

Page 70: 60 godini opstina Probistip

70

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Климатските промени и преголемото искористување на животната средина, резултираа со уништување на природата, која се почесто ни испраќа одредени сигнали дека доколку продолжиме вака не демнат низа на опасности. Грижата за уредувањето на просторот и унапредување на животната средина е најприоритетна мисија на секој граѓанин, а одговорноста освен кај луѓето е лоцирана и кај локалната и централната власт во секоја држава без исклучок. Во оваа насока во изминатиот десетгодишен период е превземено низа на мерки и активности, со цел зачувување и унапредување на животната средина.

Еве дел од мерките:

• Локалитетот Раткова скала е прогласен за заштитено подрачје;

• Изработен е ЛЕАП на општина Пробиштип.• Изработена е студија и основен проект за ревитализација на јаловишната депонија во Пробиштип.

• Во месец Ноември 2010 година е завршена реализација на проектот „Еко патека за поврзување на с. Лесново со с. Пантелеј“, кој опфаќа изградба на неколку видиковци, партер на „Пешка“ над Злетово, чешма од реден камен во ливади над Турско Рудари, урбана опрема по патеката, информативни табли и патокази.

Заштита на животна средина

Page 71: 60 godini opstina Probistip

71

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Реализирана е проектот во Лесново, кој опфаќа изградба на еко патеки, видиковци и реконструкција и уредување на старото училиште и месната заедница, а во втората фаза изграден е санитарен јазол, повеќенаменско игралиште, паркинг простор и изградба на дел од канализациона мрежа.

• Во 2009 година од страна на Министерството за животна средина беа дадени нови контејнери кои ги заменија старите и дотраени во централното градско подрачје.

• Се поставија контејнери за селективен отпад со што значително се растеретија постоечките контејнери.

Page 72: 60 godini opstina Probistip

72

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Page 73: 60 godini opstina Probistip

73

Пештери во с. Лесново

Page 74: 60 godini opstina Probistip

Здравство2005 - 2015

Page 75: 60 godini opstina Probistip

75

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Во периодот 2005 - 2015 година и во здравството има позитивни поместувања. Во делот на примарното здравство овде во Пробиштип со години опстојува Здравствениот дом „Нада Михајлова“, кој во изминатиот период значително ги подобри услугите, но пред се квалитетот на истите. Освен оние веќе општо познати ПЗУ и стоматолошки ординации кои што со години работат и се општо препознатливи во меѓувреме отворени се нови, претежно стоматолошки ординации.

• Д-р. Боте Заровски (семеен лекар)• ГО-КО Медика (семеен лекар)• Д-р. Виолета Јачева - Злетово (семеен лекар)• Д-р. Мијалче Андоновски (семеен лекар)• Д-р. Татјана Анастасова (семеен лекар)• Д-р. Лилјана Спасовска (семеен лекар)• Д-р. Лујза Јаневска (семеен лекар)• Д-р. Стево Николов (семеен лекар)

• Д-р. Доневска Паца (Специјалистичка ординација за пулмологија)• Д-р. Ѓорги Ристески (Специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство ,,ЛАБОР”

• Д-р. Благоја Мојаноски (oрдинација по општа стоматологија)• Д-р. Роберт Митев “ПЗУ Проби Дент” (oрдинација по општа стоматологија)• Д-р. Александар Станојковски “Стомадент” (oрдинација по општа стоматологија)• Д-р. Славица Митевска “МБС- ДЕНТ” (oрдинација по општа стоматологија)• Д-р. Љупка Давитков “Хели Дент” (oрдинација по општа стоматологија)• Д-р. Трајче Стојковски “Дентис Медика” (oрдинација по општа стоматологија)

• Д-р. Стојче Пејчинвски –,,СОЛИ ДЕНТ” (специјалистичка ординација по стоматолошка протетика)• Д-р. Ѓорѓи Стојковски - ,,ЏОЛЕ” (специјалистичка ординација по ортодонција)• Васка Данева - Биотехничка лабораторија по стоматолошка протетика

Здравство

Приватни здравствени установи во Пробиштип

Специјалистички ординации

Стоматолошки ординации

Специјалистички стоматолошки ординации

Page 76: 60 godini opstina Probistip

76

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Аптека “Хипократ”• Аптека “Ема Фарм”• Аптека “Алтеа”• Градска аптека Пробиштип• Аптека “Јола Фарм” - Злетово

Аптеки

Службата за итна медицинска помош и домашно лекување во период 2005-2010 година функционираше во соработка со избраните лекари сегашни ПЗУ (концесионери).

Од 2010 година службата за итна медицинска помош и домашно лекување функционира со сопствен стручен кадар медицински екипи (доктори и медицински сестри). Од 2014 година функционира рурален тим (доктор и сестра).

За ефикасно фунционирање на просторот во службата за итна медицинска помош и домашно лекување и ординациите во специјалистичко-консултативна дејност комплетно е извршено реновирање со замена на постојната стара дрвена столарија со вградување на ПВЦ прозорци и врати со потребен медицински мебел. Сите ординации и административни простории се опремени со потребната информатичка опрема (комјутери и принтери).

Работата во службата за итна медицинска помош и домашно лекување е организирана во смени во текот на 24 часа. Стручен кадар: 5 доктори, 10 сестри/акушерки и 5 шофери. Опремено со дефибрилатор и ЕКГ (6 и 12 канално) од 2013 година.

Возила со кои располага итната медицинска помош:• Лада ваз (санитетско) од 2008 година;• Тојота (санитетско комбе) од 2008 година;• Дачиа логан (санитетско) од 2008 година;• Дачиа логан (санитетско) од 2012 година;• Рено трафик (санитетско) од 2012 година;• Патничко возило од 2005 година.

5 санитетски возила од кои едно е комплетно опремено со опрема за укажување на итна медициннска помош.

Служба за итна медицинска помош и домашно лекување

Реновирање и адаптација на просториите

Здравствен дом - Пробиштип

Page 77: 60 godini opstina Probistip

77

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Д-р. на медицина - специјалисти: 7• Д-р. на специјализација: 1• Д-р. на медицина ПЗЗ (Примарна здравствена заштита): 7• Здравствени работници (РТГ техничари, медицински сестри, акушерки, лабаработриски техничари): 25• Административни службеници: 5• Помошно технички лица: 13

• Интерна медицина • Офталмологија • Психијатрија • Оториноларингологија • Дерматовенерологија • Дијагностичко - биохемиска лабораторија и • Рентген дијагностика

Персонал

Специјалистички ординации во ЈЗУ Здравствен Дом - Пробиштип

Page 78: 60 godini opstina Probistip

78

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Набавка на опрема

Ординација Вид на опрема/апаратГодина на набавка

Основ на стекнување

Интерна медицина EKG (Cardimax) 2008Донација Јапонија

Офталмологија Lensmetar 2008 Купено

Оториноларингологија

Дијагностички аудиометар 2007

КупеноLensmetar 2008

Ригидна ендоскопија Tiansong 2009

Тимпанометар 2014

ДерматовенерологијаБинокуларен микроскоп 2007

КупеноКриоспреј 2008

Дијагностичка биохемиска

лабораторија

Микроскоп (Meiji) 2008 Донација Јапонија

Бројач (Erma) 2008 Донација Јапонија

Биохемиски анализатор (Erma) 2008 Донација Јапонија

Центрифуга (Kukasan) 2008 Донација Јапонија

Elisa систем (Mundray) 2009 Купено

Инкубаторски блок 2010 Купено

Кардиолошки маркер (Troponin) 2015 Донација Холандија

Рентген дијагностика

Нативен рентген 2008 Донација Холандија

Рентгеноскопија 2008 Донација Холандија

Забен рентген 2008 Донација Холандија

ЕХО 2008 Донација Холандија

Кардиограф (CTG) 2008 Купено

Стоматолошка машина 2008Донација Јапонија

Page 79: 60 godini opstina Probistip

Образование2005 - 2015

Page 80: 60 godini opstina Probistip

80

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Една од новите надлежности добиени со процесот на децентрализација е образованието, кое е клучен фактор за севкупен развој. Слободно може да се каже дека ова претставува еден огромен и можеби и најголем предизвик со кој се соочи општината. Сепак слободно можеме да констатираме дека Општина Пробиштип не само што успешно се справи со овој најголем предизвик, туку и постигна позитивни резултати. Подобрувањето на инфраструктурата во образованието од самото превземање на училиштата во надлежност на општината од 2005 година па наваму е еден од главните приоритети на Општина Пробиштип, особено во делот на создавање на поквалитетни просторни услови за подобра и поквалитетна настава на нашите ученици.

• Во програмата за развој и напредување на образованието, локалната самоуправа во периодот март - јули 2006 година се зафати со реализација на проект за реновирање на дел од училишниот простор. Во ООУ „Браќа Миладиновци“ во тој период старите дотрајани дрвени прозорци се заменети со нови ПВЦ. Средствата во износ од 42.610 евра се обезбедени од Јапонската влада. Со оваа рекнструкција не само што се подобрија просторните услови, туку училиштето доби подобра изолација, а со самото тоа и заштеда на гориво за загревање на училниците.

• Во подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“ во Злетово, во 2008 година стариот и мошне дотраен кров беше комплетно променет со донација од УСАИД и на Општина Пробиштип, преку Проектот за основно образование или ПЕП проектот. Од страна на УСАИД за проектот беа издвоени 1.500.000,00 денари, а од страна на Општина Пробиштип 600.000,00 денари. Овој проект е реализиран во соработка со Министерството за образование.

• Во учебната 2008/2009 година, на СОУ „Н.Н. Борче“ во Пробиштип и ПУ „Кирил и Методиј“ во Злетово беа реконструирани зградите. Во средното општинско училиште на двете згради (гимназијската и геолошката) направена е нова фасада, а во гимназиската зграда старите и дотраени дрвени прозорци заменети се со нови енергетски ефикасни прозорци. Во геолошката зграда е заменета кровната конструкција на спортската сала која е во склоп на училиштето. На истата се заменети и прозорците, а дел од паркетот е променет. Старите и дотрени подови во училиштето се заменети со нови винфлекс подови. Со овие

Образование

Page 81: 60 godini opstina Probistip

81

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

средства комплетно е реконструирана таканаречената неврзана училница која е адаптирана за училишна библиотека. Нови прозорци и нова фасада доби и училишната зграда во Злетово. Исто така во овој период е направена комплетна реконструкција на санитарните јазли во училиштата.

• На 16 август 2009 година, Пробиштип стана студентски град. Беше отворен Технолошко - техничкиот факултет, насока текстилно инжинерство при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип.

• Во Општинското основно училиште „Браќа Миладиновци“ во текот на летниот распуст во 2009 година стариот и мошне руиниран под, после 30 години беше променет со нов ПВЦ под. Исто така со воведување на деветолетката во основното образование, учениците од прво одделение учеа во простор кој не е одделен од другите паралелки во училиштето, а бидејќи се работи за дечиња со помалку од шест години повеќе од потребно беше просторот во кој учат овие дечиња да биде одделен со изградба на ПВЦ врата, се разбира заради нивна безбедност и непречено одвивање на наставата од страна на ученици од погорните одделенија. Кај оваа категорија на дечиња исто така се јавуваше проблем за користење на санитарните јазли. Повеќе од неопходни им беа типски санитарни јазли за таа возраст, со ВЦ шолја, а кои ќе ги користат само првачињата. Општината заедно со општинското училиште аплицираа до УСАИД, со проект „Подобри училници за помотивирани ученици“ и истиот го доби и го реализираше. Вкупната вредност на проектот е 2.050.934,00 денари,

Page 82: 60 godini opstina Probistip

82

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

од кои 1.467.330,00 денари се од USAID, училиштето учествуваше со 305.478,00 денари, а учествуваше и со работна рака од страна на персоналот и од Советот на родители, кои ги остранија старите и дотраени плочки и го подготвија теренот за поставување на нови плочки. Општина Пробиштип учествуваше со 278.126,00 денари.

• Во СОУ „Н.Н. Борче“ во летото 2010 година беше променет кровот на училиштето. Стариот и дотраен азбестен кров, кој беше и опасен по здравјето на учениците и наставниците е заменет со нов кров, пред се безбеден по здравјето на сите корисници на училиштето и пошироко.

• Во овој период се започна еден мошне интересен проект од областа на безбедноста во училиштата. Општината во соработка со полицијата, училиштата, родителите на учениците и самите ученици го реализираа проектот „Безбедни ученици, хармонична средина“. Овој проект е на иницијатива и подпомогнат од ОБСЕ и е прв проект од ваков вид реализиран во Република Македонија. На едно место сите гореспоменати учеа како да се справат со конфликтни ситуации и како да помогнат во разрешување на настанати конфликти во училиштата, а се во интерес на подобро и поквалитетно образование.

• Од УСАИД-ПЕП програмата за зајакнување на капацитетот на училишните одбори во 2010 година е добиен уште еден проект - Промена на парните котли во ООУ „Никола Карев“ - Пробиштип, со што се даде еден значителен придонес во заштеда на енергијата и подобрување на ефикасноста при загревањето на училиштето.

• Во 2010 година во СОУ „Н.Н. Борче“ започна со работа нова паралелка - Спортската гимназија, која се покажа како благ амортизер на одливот на ученици од Пробиштип во поголемите центри во државата.

Page 83: 60 godini opstina Probistip

83

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• За време на летниот распуст во 2012 година во ООУ „Браќа Миладиновци“ се реализираше проектот „Прекугранична образовна мрежа за деца со посебни потреби“. Општина Пробиштип заедно со уште три општини, Штип, Кочани и Виница преку Источен плански регион аплицираше до ИПА фондовите за пркугранична соработка. Ова општинско основно училиште со проектот доби соодветна инфраструктура за пристап до и во училиштето, односно се изгради пристапна рампа, а во холот на училиштето се изгради лифт за учениците со посебни потреби. Воедно се изградија санитарни јазли, типски за деца со посебни потреби.

• Општина Пробиштип на 22 мај, 2012 година, потпиша меморандум за соработка со Здружението за едукација, комуникација и консалтинг, ОХО. Меморандумот се однесува на воспоставување и развивање на соработката на општината во реализација на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ во градинката, основните и средното училиште, со цел зголемување на бројот на еко-училишта и еко-градинки на локално ниво. Секако бенефитот ќе го имаат училиштата и градинката.

• Во 2013 година, ООУ „Браќа Миладиновци“ доби уште еден проект од УСАИД - Промена на подовите во ПУ „Кирил и Методиј“, Злетово. Со 1.200.000,00 денари и 300.000,00 денари од страна на Општина Пробиштип старите и дотраени подови ќе бидат заменети со нови ПВЦ подови, со што ќе се заокружи комплетното реновирање на училиштето. Поставен е нов под со површина од 1.350m2 Училиштето за само неколку години доби нов кров, нови прозори, нова фасада, а сега и нов под. На 19 Ноември новите подови со свеченост беа пуштени во употреба.

Page 84: 60 godini opstina Probistip
Page 85: 60 godini opstina Probistip
Page 86: 60 godini opstina Probistip

86

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Во 2013 година ООУ „Никола Карев“ од Пробиштип, врз основа на строго изградени критериуми од страна на Министерството за образование, аплицираше и ја доби првата интерактивна табла.

• ООУ „Никола Карев“ во 2014 година и по трет пат се добитник на зеленото знаме, највиското еколошко признание.

• Во 2014 година дечињата со посебни потреби кои учат во паралелката за деца со посебни потреби во ООУ „Браќа Миладиновци“, добија соодветен простор за престој и за настава. Малиот, тесен и неудобен кабинет е заменет со убава и пространа училница на првиот кат од училиштето.

• Во 2015 година, Општина Пробиштип ја направи првата Стратегија за образование, документ, кој дава правец на движење на образованието во нашата општина. Стратегијата е произлезена од анкетирањето и искажувањето на над 1.100 испитаника од општината, ученици, родители, наставници, раководни тела во образованието, политичари, со што претставува еден сеопфатен документ кој ја дава реалната слика за тоа кои се добрите и лошите страни на образованието во моментот. Секако тука се и активностите со кои преку акциски план за наредните пет години се планира лошите страни да ги направиме добри, а се разбира се во интерес на подобро и поквалитетно образование за нашите сограѓани.

Page 87: 60 godini opstina Probistip

87

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Од страна на Министерството за образование и наука во општинските училишта беа реализирани голем број на проекти, меѓу кои најзначаен е проектот „Компјутер за секое дете“, при што сите училишта добија компјутери, од кои учениците до петто одделение добија подвижни компјутери кои по потреба ги употребуваат во наставата и статични компјутери кои беа инсталирани за учениците од шесто одделение па се до четврта година во средното училиште, со што им се овозможи на сите без исклучок пристап до интернет и користење на истите во едукативни цели. Во подрачните училишта беа инсталирани т.н. интернет киосци, со што им се овозможи и на дечињата и населението од руралните места пристап до интернет.

• Од страна на Општина Про-биштип заедно во соработка со општинските училишта беа реализирани повеќе едукативни трибини, од областа на здравството. Овде посебно треба да се истакне проектот „Вежбај здраво - чекори право“, реализиран во двете општински основни училишта, каде кај учениците од прво до петто одделение, часовите по физичко се одржуваат во спортските сали во присуство на одделенскиот наставник, но со наставник по физичко, се со цел превентива од деформитети на телото како резултат на малата физичка активност и претераното седење пред компјутерите. Овој проект беше прифатен не само од учениците, туку и од страна на родителите.

• Општина Пробиштип и општинските училишта, преку проектот „Гласот на родителите“ направија истражување на степенот на задоволство на родителите од квалитетот на услугите во образованието во нашата општина. За таа цел во сите општински училишта беше направена онлајн анкета (CAWI метод со e-mail покани). Прашалникот се состоеше од 3 групи на прашања и тоа 1. Прашање за демографските карактеристики. 2. Прашање за степенот на задоволство од квалитетот на образовните услуги на училиштето и за лојалност кон училиштето и 3. Прашање за степенот на задоволство од пооделните карактеристики на „тоталната образовна услуга“ на училиштето. Од овој проект освен што добивме резултати за задоволството на родителите од услугите на општинските училишта, добивме и многу корисни проектни идеи кои ги вградивме во рамки на Стратегијата за образование на општина Пробиштип.

Page 88: 60 godini opstina Probistip

88

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Заради поголема моти-вираност на наставниците и на учениците Општина Пробиштип изготви правилници за доде-лување на парични награди на ученици и нивните ментори за освоени прво, второ или трето место на републички или меѓународен натпревар, со што дополнително мотивира поголем број на ученици да се вклучат во училишните натпревари, а се разбира на овој начин се поттикнати и наставниците на еден посериозен начин да ги држат училишните секции кои би опфаќале што поголем број на ученици, а се со една цел за подобро и поквалитетно образование на учениците.

• Општина Пробиштип исто така доделува и стипендија на ученикот на генерација, кој излегува од општинското средно училиште и се запишува на еден од факултетите во Република Македонија.

Page 89: 60 godini opstina Probistip

Култура2005 - 2015

Page 90: 60 godini opstina Probistip

90

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Во периодот 2008 - 2009 година, општината ја изработи Стратегија за локален културен развој за период 2009 - 2014 година. Со гордост може да се истакне дека Пробиштип е прва општина во Република Македонија која има изработено еден ваков стратешки документ, кој претставува насока во кој правец треба да се движи културата во овој период.

• Општина Пробиштип после долги години пасивност во културата, од 2009 година воведе нови содржини во културното живеење на пробиштипјани. Освен веќе добро познатите манифестации како што се „Лесновска ликовна колонија“ и „Профест“ воведе и нови настани кои што се општо прифатени, а опфаќаат разни категории на возрасти. Во 2009 година беше воведена манифестацијата „Пробиштипски маскенбал“, која ги опфаќа најмладите наши сограѓани. Настан во кој учествуваат неколку стотици маскирани лица, а е проследен од повеќе илјадна публика.

Култура

“Културниот развој на една општина е тесно поврзан и е од особено значење за севкупниот развој на општината. Општина Пробиштип во оваа област имаше мошне сериозен пристап кој вроди со резултати во делот на културата со кои општината може да се гордее.”

Page 91: 60 godini opstina Probistip

91

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Во 2010 година започнавме со манифестацијата „Велигденски хепенинг“ во чест на нашиот најголем верски празник - Велигден. Овој настан исто така ги опфаќа претежно најмладите од општината.

Page 92: 60 godini opstina Probistip

92

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Во с. Лесново кон крајот на 2011 година во манастирскиот комплекс започна да се обновува опожарениот источен манастирски конак. Обновата е со средства од манастирската економија и мали но значајни донации од фирми и поединци, верници.

• После повеќе од 20 години во Пробиштип во месец мај 2011 година повторно се врати старата традиција - Дефиле на матуранти. Настан кој беше општо прифатен од целото граѓанство, а кога се случува манифестацијата се има чувство дека целиот град се слеал на градскиот плоштад.

• На верскиот празник „Спасовден“ во Злетово започна да се одржува „Вечер на македонски народни песни“ во организација на Дом на култура. Манифестација која ја негува македонската песна и музика.

• Во 2011 година, на иницијатива на Општина Пробиштип, општините од источниот плански регион на кои им се придружија општините Кратово и Крива Паланка, потпишаа меморандум за соработка во областа на културата, со што се обврзаа да си помагаат во оваа област и да се надополнуваат особено во текот на културните лета.

• На 29 Август 2011 година на градскиот плоштад во Пробиштип се одржа еден редок и мошне интересен културен настан. Се одржа Ретро музичкиот настан „Од времето на игранките“, нешто што ги собра на едно место сите генерации за да уживаат и да се присетат и на песните од младоста и на изведбата на нашите музичари уште од далечната

Page 93: 60 godini opstina Probistip

93

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

1975 година па наваму. На подиумот пред повеќеилјадната публика продефилираа ВИС „Рудари“, „Хендриксоновите деца“, „Младите рудари“, „Спектрум“, „Нова генерација, Балкан експрес“, „Меритум“, „Гравитација“, „Еуфорија“, „Филип, Марина и Мирослав“, Елвис и др.

• На 6 Ноември 2011 година во Пробиштип од страна на црквата Успение на Пресвета Богородица се одржа првата групна венчавка.

• На 21 март 2012 година, по повод денот на пролетта, на градскиот плоштад се одржа манифестацијата „Зелникот на баба“. Манифестацијата која е од традиционален карактер, посветена на зелникот на баба, оној највкусниот, наш традиционален специјалитет, карактеристичен особено за овој крај. Веќе од наредната година оваа манифестација доби републички карактер и полека но сигурно станува препознатлив белег за Пробиштип.

Page 94: 60 godini opstina Probistip

94

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• На 7 јуни во непосредна близина на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Пробиштип беше удрен камен темелник на новата крстилница.

• Во 2011 година беше извршена реконструкција на фасадата на кино салата и во 2012 година беше променет кровот. Средства беа обезбедени од општинскиот буџет и од Министерството за култура на РМ.

• По повод 28 август, 2012 година во Пробиштип, беше доделено првото признание „Почесен граѓанин на општина Пробиштип“ на познатиот актер Владо Јовановски, кој живее и работи во Скопје, а потекнува од Пробиштип.

• Во Maj 2013 година на Пробиштип му се случи „Аква парк фестот“, со спектакуларен настап на светски познати имиња во електронската музика како Paul van Dyk, Mark Knight, Sunnery James & Ryan Marciano и со над 15.000 посетители.

Page 95: 60 godini opstina Probistip
Page 96: 60 godini opstina Probistip

96

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Владо Јаневски на градскиот плоштад на 28 август 2013 година одржа солистички концерт.

• На 13 ноември, 2014 година, беше промовирана збирката на поезија „Песни од дамарите“, на нашата сограѓанка Милевка Здравковска.

• На денот на пролетта, 2014 година, Пробиштип доби „Парк на младенците“, место каде сите младоженци од претходната година садат рози во знак на нивната љубов, кои самите ќе ги одгледуваат, а со тоа ќе дадат еден свој скромен придонес за разубавување на градот.

• Во 2014 година Пробиштип го доби и Probistip Summer Festival, еден летен фестивал кој е наменет за сите граѓани од општината, но и пошироко. Еден фестивал на добрата музика, голтката пиво и вкусната скара. На едно место на платото на новиот градски пазар се собираат повеќе угостители околу централно поставена бина и два дена и две ноќи се јаде вкусна скара, се пие квалитетно наше македонско пиво и се слуша добра музика. Настан кој за само две години постоење си го доби местото меѓу препознатливите и масовно посетени манифестации на Општина Пробиштип.

Page 97: 60 godini opstina Probistip
Page 98: 60 godini opstina Probistip

98

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Во овој период Градската библиотека значително го збо-гати својот книжен фонд, а на граѓанството им е овозможено да дојдат до поголем избор на стручна литература, која до пред неколку години или беше недостапна или ја имаше, но на некој друг светски јазик.

• Минералошката збирка, која е единствена од ваков вид, а во која има збирка на ретки метали и кристали, не само најдени во рудникот „Злетово“, туку и од другите рудници ширум Македонија и надвор од неа, наскоро ќе прерасне во музеј. Во центарот на градот започна да се гради музеј, каде ќе бидат поставени овие ретки експонати, со што истите ќе станат достапни за сите добронамерници кои доаѓаат во Пробиштип, со што во значителна мера ќе се подобри понудата која ја има Пробиштип за привлекување на туристи во општината.

• Во чест на јубилејот, 60 години Општина Пробиштип, градскиот плоштад, кој неодамна го доби името Свети Гаврил Лесновски, го доби и спомен обележјето на овој светец. Пробиштип доби нов споменик на светецот Гаврил Лесновски, кој гордо се издига на градскиот плоштад во центарот на градот.

Page 99: 60 godini opstina Probistip

Епиграфктиторски натпис

издлабен во Лесновскиот Манастир

Page 100: 60 godini opstina Probistip

100

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Социјална заштита2005 - 2015

Page 101: 60 godini opstina Probistip

101

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Во декември месец 2005 година во Пробиштип беше отворен Дневен центар за деца со посебни потреби.

• За помош на тешките социјални случаи во општината во 2009 година, Владата на РМ во соработка со Општина Пробиштип во Пробиштип и Злетово сe отворени народни кујни.

• Во рамки на Проектот “ПРО ЕНЕРГИЈА” финансиран од IPA CROSS-BORDER PRO-GRAMME, а во соработка со Детската градинка „Снежанка“ од градот Гоце Делчев од Р. Бугарија, во Детската градинка „Гоце Делчев“ објект „Цветови“ се реализираше еден прекрасен и пред се мошне корисен проект, енергетски ефикасна градинка. Имено со средства од европските фондови во градинката се постави енергетски ефикасна фасада, а старите и дотраени прозори, сега се заменети со нови ПВЦ прозори, со енергетски ефикасни стакла, а исто така и на таванот се поставија изолациски материјали, со што сега во градинката не само што се доби естетски изглед, туку сите дечиња и вработените во градинката добија еден простор кој не е само удобен туку е многу потопол. Се на се еден мошне корисен проект за кој се надеваме дека ќе иницира и низа на вакви и слични проекти, односно и другите објекти во рамки на Детската градинка, но и општинските училишта ќе работат на тоа да добијат ваков проект, со што ќе се подобрат условите за престој, а трошоците ќе бидат значително намалени.

• Освен овој проект, Детската градинка има реализирано голем број на проекти, како што се промена на кров, поставување на нова дренажа околу објектите, комплетна реконструкција на подови, реновирање на санитарните јазли, набавка на инвентар, набави и ново возило за потреби на градинката, обновена е опремата во кујната и сл. се со цел подобрување на условите за престој и работа во детската градинка.

• Општина Пробиштип во соработка со Центарот за социјална работа учествува во имплементација на проект на Министерство за труд и социјална политика, „Отворени денови за социјална заштита во руралните средини“. Целта е превенција и рано откривање

Социјална заштита

Page 102: 60 godini opstina Probistip

102

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

на лица во социјален ризик, запознавање и приближување на социјалната заштита и социјалната работа до жителите од руралните средини.

• Во овој период општината имплементираше еден мошне интересен проект - Акцијата „Се грижиме за топол дом“ се реализира во соработка со Центарот за социјална работа и ЈКП„Никола Карев“. Целта е да се намали социјалното исклучување на граѓаните во задоволување на основните потреби од покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и друго.

• Колективната зграда која се наоѓа во строгиот центар на градот, а која беше мошне руинирана, доби нов лик. Беа реконструирани фасадата и кровот на зградата, а беа променети и прозорците.

• Во Злетово, во 2013 година е отворено Дисперзирано одделение за непосредна социјална заштита. Целта е овозможување на поголема достапност на социјалната работа и социјалната заштита особено на жителите од Злетово и околните села.

• Од месец ноември 2013 година општината воспостави нова форма на делување на социјалната служба, така што со техничка и финансиска помош од ГИЗ, (Германско друштво за меѓународна соработка) воспостави Општински центар за социјални услуги во општинската зграда. Преку Општинскиот центар за социјални услуги овозможивме достапен квалитетен, транспарентен систем на социјална заштита, преку квалитетни мерки и

Page 103: 60 godini opstina Probistip

103

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

услуги креирани според потребите на корисниците, се со цел да се доближат правата од социјалната заштита на најранливите категории. Се отвори можноста на граѓаните да добиваат информации и совети во остварувањето на правата од областа на социјалната заштита и правата што ги даваат другите национални програми и бенефиции во рамките на системот за социјална заштита во РМ.

• Согледувајќи ја неопходната потреба од ортопед овде во Пробиштип, Општина Пробиштип реализираше еден проект кој се покажа како мошне корисен, бесплатен ортопедски преглед. Сега младите родители нивните дечиња не мораа да ги носат по некој од поголемите градови. Општината доведе ортопед кој најмалку еднаш месечно вршеше прегледи во Здравствениот дом во Пробиштип.

• Беа воведени бесплатни лекарски прегледи во руралните средини, каде медицинска екипа од Здравствениот дом заедно со претставник од локалната самоуправа вршеа бесплатни лекарски прегледи на месното население.

• Во 2014 година во Подрачното училиште во с.Ратавица со финансиска поддршка од страна на УНИЦЕФ е отворен Центар за ран детски развој, „Јаготка“ во с. Ратавица. Центарот за ран детски развој овозможува социјализација и едукација на дечиња од македонска и ромска популација, спроведува програма за рано учење на деца од предучилишна возраст од три до шест години,

Page 104: 60 godini opstina Probistip

104

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

односно до поаѓање во основно училиште. Згрижувањето и воспитанието на децата се реализира во хетерогени групи кои бројат од 10 до 20 деца.

• Заради поддршка на социјално ранливите групи во нашата општина, секоја година Општина Пробиштип изготвува акциски план за социјална заштита, каде ги опфаќа лицата со посебни потреби, социјално загрозените лица и болни лица на кои им е потребна помош, а за кои издвојува финансиски средства со кои настојува малку од малку да им ја ублажи состојбата.

• Во 2014 и 2015 година општина Пробиштип активно учествува во програмата Општинско-корисна работа која на невработените лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд им нуди можност за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време, а се со цел стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд. Преку програмата се овозможи грижата на старите и изнемоштени лица, слепите лица од руралните и урбаните средини, децата со посебни потреби и лицата со телесен инвалидитет.

• Во 2015 год во Центарот за социјална работа е отворено советувалиште за брак и семејство во кое се овозможува помош и поддршка на поединецот и семејството во ситуација на проблеми во бракот и семејството,помош и подршка на брачните партнери во надминувањето на брачните проблеми, криза во комуникацијата и други потешкотии.

• Во текот на овој изминат период Општина Пробиштип организираше низа на хуманитарни акции за помош на социјално загрозените семејства.

• Со цел да ги превенира сите пороци кои ги демнат нашите млади сограѓани, општината секоја година организира низа на кампањи „Стоп за пороците“, на кои познати и докажани доктори од општина Пробиштип говорат на теми кои ги третираат сите пороци на современото живеење (алкохол, пушење, дрога и др.).

Page 105: 60 godini opstina Probistip

Заштита и спасување2005 - 2015

Page 106: 60 godini opstina Probistip

106

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

За успешна реализација на заштита и спасување во овој период општината се погрижи да ја изработи целокупната потребна планска документација согласно законската и подзаконска регулатива во делот на одбраната, заштитата и спасувањето и управување со кризи во општина Пробиштип. Заштитата и спасувањето на луѓето и матријалните добра од ризици и катастрофи на подрачјето на општината е од врвен и посебен интерес на општината и ние во овие изминати години реализиравме значајни спасувачки активности кои се цврсто вткаени во темелите на севкупниот наш развој. Големината и со ништо незаменлива потреба, приоритет и желба да се има безбедност, одбрана и заштита на сите граѓани од општината беа основните мотиви и патокази кои ни даваа сила да истраеме во тие наши чесни напори.

Важен дел во нашата општина претставуваат и многуте тактички вежби, другарувања, патувања, радувања и средби со жителите од општината кога со заеднички сили на субјектете задолжени за заштита и спасување во многубројни акции, интервенции успеваме да ги локализираме и елиминираме најголем број од опасностите со кои се соочуваме. За потсетување би кажал дека во минатите 10 години општината се справи со над 1000 различни закани и со исто толку интервенции на опожарување, неколку излевања од коритото на Злетовска река и уривање на мостовите кај месноста Глобица и Драч, како и преливањето и пробивањето на круната на Брана – Пишица и други видови на закани. Во овој период формирани се потребните просторни штабови, сили за заштита и во тек е нивно целосно опремување и потребното обучување согласно професионалните пропишани стандарди што програмски годишно општината ги предвидува со финансиски средства за рализирање на предвидените активности од заштитата и спасувањето. Наша порака, желба и уверување од досегашната успешна работа и стекнатите практични знаења и искуства е дека ќе дадат значаен придонес и ќе се вградат во натамошниот развој на заштитата и спасувањето која постојано се доградува за да успешно ги заштити и спаси сите наши граѓани од секаков вид загрозување.

Заштита и спасување

Page 107: 60 godini opstina Probistip

Спорт2005 - 2015

Page 108: 60 godini opstina Probistip

108

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Со преземањето на новите надлежности и во спортот, Општина Пробиштип започна со изработка на Програма за спорт, каде со парични средства и помага на спортските екипи и спортските друштва во реализација на нивните зацртани активности. Врз основа на програми кои ги доставуваат до локалната самоуправа, во кои ги искажуваат нивните активности и потребата од финансирање за реализирање на истите, Општина Пробиштип врз основа на усвоен Правилник за распределба на средства, а секако и зависно пројавените активности, но и покажаните резултати со дел од средствата им помага на спортските клубови и спортските друштва.

Во овој период имаше повеќе спортски екипи со кои општината соработуваше, кои што редеа успеси, за среќа голем број од нив се сеуште активни, но за жал некои од нив веќе не постојат. Во оваа прилика да ги наброиме спортските екипи кои во изминатиов период добиваа поддршка од Општина Пробиштип:

• Фудбалски клуб „РУДАР“

• Кошаркарски клуб „ПРОБАСКЕТ“

• Одбојкарски клуб „ПРОВОЛЕЈ 05“

• Одбојкарски клуб „ТИН ВОЛЕЈ“

• Стрелачки клуб „МАКЕДОНИЈА“

• Шаховски клуб „ПРОБИШТИП“

• Спортско планинарско друштво „ВРВ ПЛАВИЦА“

• Спортско планинарско друштво „ОЗРЕН“

• Фудбалски клуб „РУДАР - ЈУНИОР“

• Карате клуб „ВАДО КАРАТЕ ДО УНИЈА“,

• Одбојкарски клуб „ПРОБИШТИП“,

• Ракометен клуб „САП АКУМУЛАТОРИ“

Еден од поголемите бенефити кој им го овозможи општината е Одлуката на Совет на општина Пробиштип за бесплатно користење на спортските сали на сите активни спортски клубови во општината, овде секако спаѓа и бесплатното користење на отворените спортски терени.

Општина Пробиштип во рамки на заложбите за поддршка на спортот, но и воведување на култура на спорт и спортување кај младата популација во рамки на програмата за спорт во текот на годината организира неколку турнири, кои веќе полека но сигурно станаа традиционални и препознатливи белези на општината. Тоа се турнирите во мал фудбал по повод 2 Август - „Илинден“ во Злетово, по повод истиот празник таму се организира и

Спорт

Page 109: 60 godini opstina Probistip

109

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

турнирот во баскет. Во Пробиштип по повод празникот 28 Август, кога е неделата на спортот и културата се организираат неколку турнири. Најголем, најпосетен и со најголем интерес за учество е турнирот во мал фудбал, каде на секоја утакмица има илјадна публика. Потоа има турнири во одбојка (машки и женски), турнир во баскет (машки и женски) и турнир во тенис. Сите овие турнири собираат голем број на вљубеници во спортот. Спортските терени пулсираат во знак на спортот, позитивната енергија и натпреварувачкиот дух, а огромен број на посетители уживаат во спортските надигрувања.

Спортска сала “Софија Петровска”во склоп на СОУ “Н. Н. Борче”

Спортска сала ООУ “Никола Карев”

Page 110: 60 godini opstina Probistip

110

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Ова се активностите за кои сметаме дека треба да бидат одбележени:

• Младите кошаркарки од ООУ „Браќа Миладиновци“ од државното првенство во кошарка во 2007 година се вратија со освоено второ место.

• Истата година фудбалерките од ООУ „Никола Карев“ се закитија со бронзен медал на државното првенство во мал фудбал.

Page 111: 60 godini opstina Probistip

111

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• 2007 година беше успешна и за сениорите и кадетите од стрелачкиот клуб „Македонија“, кои на државното првенство во стрелање ги освоија првото, односно второто место.

• Од републичкиот училишен спортски натпревар во шах, нашите млади шахисти донесоа две златни, еден сребрен и еден бронзен медал.

• Младите фудбалерки од ООУ „Никола Карев“ Пробиштип во 2008 на „Малите олимписки игри“ во Скопје убедливо го освоија првото место.

Page 112: 60 godini opstina Probistip

112

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Кошаркарките од ООУ „Браќа Миладиновци“ на државното првенство во кошарка во 2008 година го освоија првото место.

• За најдобар спортист за 2009 година во Пробиштип беше прогласен Тихи Василевски, фудбалер на ФК „Рудар“ Пробиштип, а за најперспективен спортист беше избрана Тамара Тоневска, одбојкарка на ОК „Тин волеј“ Пробиштип.

• Во 2010 година беше формиран Сојузот на спортови на општина Пробиштип. Во сојузот учество земаа скоро сите спортски клубови и друштва на територијата на општина Пробиштип.

• На 18 Септември, 2010 година, во Злетово беше свечено пуштена во употреба нова спортска сала, преку Проектот на Владата на РМ за изградба на 35 нови спортски сали во Република Македонија.

• На истиот датум во Пробиштип свечено беше пуштено во употреба ново фудбалско игралиште, кое исто така е преку Проектот на Владата на РМ за изградба на спортски игралишта.

Page 113: 60 godini opstina Probistip

113

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Во 2010 година на спортската сцена во Пробиштип се појави машкиот Кошаркарски клуб „Пробаскет“, кој се натпреваруваше во третата македонска лига и ја врати публиката во спортската сала, со громогласно навивање поддржувајќи ги во нивниот успех.

• Ели Јакова од ЖФК „Црешово топче“ беше избрана за најдобар спортист на Пробиштип за 2010 година. Младата кошаркарка на КК „Пробаскет“, Фросина Донева, беше прогласена за најперспективен млад спортист.

• На 21 Мај 2011 година во Пробиштип свечено се пушти во употреба новоизградената спортска сала, која е при СОУ „Н.Н. Борче“, како дел од Проектот на Владата на РМ, односно Министерството за образование и наука за изградба на 145 спортски сали низ Македонија. Со оваа сала, општината ја доби петтата спортска сала, при што сега сите училишта во општината имаат своја спортска сала што е реткост во државата.

Page 114: 60 godini opstina Probistip

114

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Во 2011 година на Балканското првенство на млади кошаркари, кое се одржа во Темишвар, Романија, нашиот млад кошаркар Даниел Нацевски, член на Македонската кадетска репрезентација, беше прогласен за најуспешен кошаркар на турнирот. Неговиот успех е респектабилен имајќи во предвид дека на турнирот освен Македонија учествуваа и Турција, Романија и Бугарија.

• Од 1-3 Март, 2012 година одбојкарите на ООУ „Никола Карев“ на државното првенство во одбојка за основни училишта го освоија третото место, а нашиот одбојкар Филип Николовски беше прогласен за најдобар играч на првенството.

• Од 22 - 24 Март, 2012 година, во Велес на државното првенство во кошарка за основни училишта, екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“ го освои првото место, победувајќи ја во финалето екипата на Битола. Нашата кошаркарка Милена Илиевска беше прогласена за најкорисен играч на државното првенство.

Page 115: 60 godini opstina Probistip

115

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Горјан Милановски, стана најдобар тенисер меѓу средношколците во Република Македонија, на државниот натпревар во тенис за средни училишта, кој се одржа во месец Мај 2012 година во Скопје.

• Ракометарките на „САП Акумулатори“ ја завршија пролетната сезона во 2012 година на второто место во првата ракометна лига за жени.

• Од „Гимназијада 2014“, која се одржа од 9-11 Мај во Охрид , машката одбојкарска екипа на ООУ „Никола Карев“ Пробиштип, го освои второто место.

Page 116: 60 godini opstina Probistip

116

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Во сезоната 2013 - 2014 година на спортската сцена во општина Пробиштип се појави ОК „Пробиштип“, кој веднаш првата сезона ја заврши на најубав можен начин, во финалето на Купот на Македонија, натпревар кој се одржа во Пробиштип, а нашите одбојкари се натпреваруваа со фаворитот ОК „Струмица“..

• Во овој период беше реконструирано повеќенаменското игралиште во населбата Карпош во Пробиштип, а исто така се реконструираше и игралиштето на Спомен паркот.

• Во 2014 година Пробиштип доби уште едно повеќенаменско игралиште, лоцирано во градскиот парк, а е од Проектот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на повеќенаменски игралишта во Република Македонија.

Page 117: 60 godini opstina Probistip

117

Повеќенаменско игралиштево градскиот парк

Page 118: 60 godini opstina Probistip

118

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

• Преку истиот проект во 2015 година Пробиштип доби уште едно мошне убаво и пред се корисно игралиште. Добивме двојно тениско игралиште од Агенцијата за млади и спорт, при што пристапните патеки до игралиштата, потпорните ѕидови и трибините ги изгради Општина Пробиштип.

Page 119: 60 godini opstina Probistip

119

Празницитена Пробиштип

Page 120: 60 godini opstina Probistip

120

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Во Пробиштип се одбележуваат голем број на државни и верски празници, при што се внимава во одбележувањето на празниците да бидат опфатени сите категории на граѓани, односно се внимава во одбележувањето на одредени празници да бидат опфатени содржини наменети за најмладите па се до највозрасните наши сограѓани. Покрај општо познатите празници кои што се одбележуваат ширум Република Македонија, Пробиштип во последните години издвои неколку празници, по чие одбележување е веќе општо препознатлив во регионот, но и пошироко. Одбележувањето на празниците во Пробиштип е проследено со голема посетеност не само од месното население туку и од гости надвор од општината. Ако се земе во предвид дека Пробиштип изобилува со природни убавини и реткости, а сето тоа надополнето со богатото културно наследство, традицијата, солидните угостителски објекти и извонредната храна која се нуди во нив, можноста за забава во вечерните часови низ ноќните клубови, Ирски пабови и убавите летни тераси, а да не заборавиме и првиот Аква парк во Македонија, тогаш може без никакво двоумење Пробиштип да биде посакувана дестинација за љубителите на алтернативниот туризам, но и на добрата забава. Секако оние кои што сакаат да уживаат во мирот и спокојот со прошетки низ живописната околина нека повелат на лице место да се уверат. Дојдете и посетете ги одбележувањата на нашите празници, верувајте нема да се покаете, а ќе ни дојдете пак.

Празниците во Пробиштип

Page 121: 60 godini opstina Probistip

121

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

На 5 Јануари, а по повод Христовото раѓање „Божиќ“, општина Пробиштип ја организира манифестацијата „Бадниково гранче“ или „Берење на бадниково гранче“. Манифестацијата е традиционална и се одржува повеќе од 20 години. Најнапред во организација на општината и актуелниот кум на манифестацијата, во 9 часот се покануваат членови на бизнис заедницата од општината на греана ракија и погача со паричка за да се избере нов кум на манифестацијата за наредната година, кој ќе биде покровител наредната година. Подоцна на местото викано Жгури во 11 часот зедно со општина Кратово пред огромен број граѓани се берат бадниковите гранчиња, се осветуваат и гранчињата и погачата, каде има паричка. Погачата им се дели на присутните бирајќи на тој начин кум на манифестацијата, секако на оној на кој ќе му падне паричката е еден од двата кума – претставник од граѓаните. Манифестацијата е пропратена со богата посна трпеза, греана ракија, чај и црвено вино.

По завршување на осветувањето на гранчињата сите присутни си земаат од истите за претстојниот празник, а останатите се даваат на свештените лица кои истите попладнето ги делат на граѓаните во црквите. Целиот настан е проследен со музика и општо народна веселба.

БАДНИКОВО ГРАНЧЕ – 5 Јануари

Page 122: 60 godini opstina Probistip

122

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

На 14 јануари, по повод верскиот празник Василица, општина Пробиштип го организира традиционалниот Василичен коктел. Василичниот коктел е хуманитарна манифестација, на која покровител е првата дама на општина Пробиштип. Сите присутни на Василичниот коктел купуваат карта, а средствата од картите се донираат во хуманитарни цели. На коктелот по претходна покана за донирање со свои донации учествуваат и бизнис заедницата, како и други правни и физички лица.

На коктелот се делат погачи во кои има паричка за избор на кума на наредниот Василичен коктел. Парите собрани од карти, погачи и донации се донираат во хуманитарни цели. Манифестацијата е пропратена со музика и богата културно уметничка програма.

ВАСИЛИЧЕН КОКТЕЛ – 14 Јануари

Page 123: 60 godini opstina Probistip

123

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

На 19 Јануари, а по повод верскиот празник Водици, општина Пробиштип во соработка со црквите од Пробиштип и Злетово, организираат традиционална манифестација капење во водите на Злетовска река во Злетово и во градскиот базен во Пробиштип. Во Злетово, во раните утрински часови, поворка од луѓе, предводена од локалниот свештеник и градоначалникот, од црквата во Злетово се упатуваат кон местноста „Пешка“ каде се спремни капачите кои ќе скокаат по светиот крст. Во Злетово, вековна традиција, по светиот крст во водите на Злетовска река, можат да скокаат само младоженците од претходната година. По наоѓањето на светиот крст во водите на реката сите капачи во придружба на најблиските заминуваат во своите домови каде продолжуваат со славењето, а злетовчани одат кај сите на визита славејќи го празникот во текот на целиот ден. Предпладне во Пробиштип, на градскиот базен, пред повеќеилјадна публика на општина Пробиштип се фрла светиот крст. Во Пробиштип по светиот крст може да се фрлаат сите пријавени кандидати во градската црква. Се верува дека оние што ќе го фатат крстот ќе бидат среќни цела година, а ќе им носат среќа и на другите.

ВОДИЦИ – 19 Јануари

Page 124: 60 godini opstina Probistip

124

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Page 125: 60 godini opstina Probistip

125

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

На 21 март, а по повод доаѓањето на пролетта општина Пробиштип ја организира манифестацијата „Зелникот на баба“, која е традиционална манифестација, а е во чест на нашиот убав традиционален специјалитет – зелникот. На градскиот плоштад со почеток во 11 часот секоја година има ревија на зелници изработени од вредните раце на нашите домаќинки. На манифестацијата учествуваат, поединци и граѓански здруженија од Пробиштип, но и гости од голем број на градови ширум Република Македонија. Манифестацијата е од републички карактер, а освен вкусот на зелникот на истата може да се најдат и многу други специјалитети, при што љубителите на традиционалната храна можат да уживаат во истата. Во импровизираната селска соба се демонстрира како се изработува овој наш специјалитет. Присутните можат да видат како корите за зелникот се сукаат, мотат во плек и како зелникот се пече под вршник. Целото случување е проследено со богата културно уметничка програма со познати естрадни уметници, па така сите присутни освен добра храна имаат и одлична забава.

ЗЕЛНИКОТ НА БАБА – 21 Март

Page 126: 60 godini opstina Probistip

126

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

По повод 1 април, денот на шегата, на 31 март општина Пробиштип го организира пробиштипскиот маскенбал под мотото „Пробиштип под маски“. Ова е шеговита манифестација и со маскирање го прославуваме денот на шегата. Целта е сите да бидат насмеани, весели и барем овој ден сите да бидат среќни. Манифестацијата започнува во 17 часот со дефиле на маските низ градот, за да завршат на ракометното игралиште во центарот на градот, а доколку временските услови не го дозволуваат тоа, тогаш претставувањето на маските се случува во спортската сала при ООУ „Никола Карев“ Пробиштип. Пред повеќе илјадна публика, неколку стотици групни маски се претставуваат со своја програма, по што следува прогласување на најдобрите маски, а манифестацијата продолжува со голема забава која продолжува низ локалните угостителски објекти до раните утрински часови. Во манифестацијата учествуваат општинските училишта, граѓански здруженија, поединци, но и гости од градовите од регионот и пошироко.

ПРОБИШТИПСКИ МАСКЕНБАЛ (ПРОБИШТИП ПОД МАСКИ)31 Март

Page 127: 60 godini opstina Probistip

127

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Page 128: 60 godini opstina Probistip

128

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Во пресрет на нашиот најголем христијански празник, Христовото воскреснување, Велигден, општина Пробиштип на Велики Петок, со почеток во 12 часот на една од локациите во центарот на градот, прави уште една традиционална манифестација, организира изложба на шарени велигденски јајца. Изложени се околу илјада шарени велигденски јајца, кои ги цени жири комисија и врши избор на најшарени, најукрасени и најубаво аранжирани велигденски јајца. Учество земаат општинските училишта, детската градинка, невладини здруженија и граѓани на општина Пробиштип. Целата манифестација е проследена со богата културно уметничка програма, а е посетена од огромен број на посетители.

ВЕЛИГДЕНСКИ ХЕПЕНИНГ – Велики Петок

Page 129: 60 godini opstina Probistip

129

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Page 130: 60 godini opstina Probistip

130

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

На 20 мај на градскиот плоштад, после последниот класен час, матурантите продефилираа на градскиот плоштад, каде има организирана промоција од страна на Општина Пробиштип. Пред целата пробиштипска јавност има обраќања од Градоначалникот, Директорот на училиштето и еден класен раководител во име на наставниот кадар од училиштето. Се врши избор на ученик на генерацијата, по што со дефиле, пропратено со голем огномет низ кордон од посетители се упатуваат до местото каде се одржува матурската забава. Настанот е пропратен со илјадна публика.

ДЕФИЛЕ НА МАТУРАНТИ – 20 Мај

Page 131: 60 godini opstina Probistip

131

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

На крајот на месец јули, односно последниот викенд од овој месец во Пробиштип се случува „Probistip Summer Festival“, кој изобилува со музика, песна, игра, но и добра храна и пијалоци. Платото на затворениот градски пазар се претвора во една голема кафеана, локалните ресторани, кафетерии, сендвичари, поставуваат шанкови каде се подготвува скара и се точат разни пијалоци, а пред шанковите се поставуваат маси и столици. Во централниот дел е бината каде што се случува музиката, а на неа дефилираат естрадни уметници. Секако има и ѕвезди на вечерта со кои во текот на ноќта па се до раните утрински часови се случува вистинско лудило. Се игра се пее но и може убаво да се јаде и да се пивне, а сето тоа за ефтини пари.

Манифестацијата е масовно посетена од страна на пробиштипјани, но и на голем број на граѓани од регионот и пошироко.

PROBISTIP SUMMER FESTIVAL – Јули

Page 132: 60 godini opstina Probistip

132

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Во месец јули, евентуално во август на Пробиштип и пробиштипјани им се случува и „Лесновска ликовна колонија“, која на овие простори, односно во селото Лесново, каде се наоѓа надалеку познатиот Лесновски манастир се собираат дваесеттина уметници од Македонија и од земји – наши соседи, но и пошироко. Во текот на десетина дена во Лесновскиот локалитет тие творат и ги сликаат своите слики, од кои дел остануваат во трајна сопственост на Домот на културата, односно на Општина Пробиштип. Значајно е тоа што овде имаат продефилирано голем број на познати уметници, кои имаат оставено голем број на вредни ликовни дела. За време на целиот престој е пропратено со богата програма, почнувајќи од свечено отварање, преку посети на познати личности, потоа посета на локалитети и значајни стари занаети и културно историски споменици, организирање на забави, се до свеченото затворање.

Особено е интересен нивниот престој во Лесново и нивното сликање на кое можат да присуствуваат и да гледаат сите вљубеници во оваа уметност.

ЛЕСНОВСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА – Јули - Август

Page 133: 60 godini opstina Probistip

133

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Во периодот од 21 – 28 август, по повод 28 Август, Ден на рударите во Република Македонија, Успение на пресвета Богородица (Голема Богородица) и Ден на Пробиштип, во градот се одржуваат низа на спортски и културни манифестации. Овде се застаспени Турнирите во мал фудбал, одбојка и кошарка, а не изостануваат и концерти на културно уметнички друштва и познати пеачи. Секој ден на еден од спортските терени во центарот на градот се случуваат финални натпревари, пропратени со голем број на посетители. Навечер на градскиот плоштад, платото пред Домот на културата и на Ракометното игралиште се случуваат низа на културни настани од најразлични културни области. (музика, театар, мода, филм и сл.). Кулминацијата е на самиот празник, на 28 Август со концерт на позната естрадна ѕвезда на градскиот плоштад и финалето на традиционалниот турнир во мал фудбал на ракометното игралиште на кој учествуваат екипи од цела Република Македонија. Сите овие настани се пропратени со огромен број на посетители од Пробиштип и пошироко.

НЕДЕЛА НА СПОРТ И КУЛТУРА – 21-28 Август

Page 134: 60 godini opstina Probistip

134

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

На 21 Септември, верскиот празник – Рожденство на пресвета Богородица – „Мала Богородица“ во с. Лесново се одржува општонароден собор. На соборот доаѓаат луѓе од цела Македонија и на тој ден Лесново го посетат повеќеилјадни гости. Во манастирот се послужува манастирска чорба, а присутните можат да се освежат кај некоја од импровизираните меани на отворено. Секако доколку сакаат можат и да заиграат на музиката на музичката група која е задолжена за добро расположение на соборот. И се така во текот на целиот ден, а посетители има од сите краеви на Македонија.

МАЛА БОГОРОДИЦА с. Лесново – 21 Септември

Page 135: 60 godini opstina Probistip

135

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

На 5 октомври, а по повод светскиот ден на учителот во организација на Општина Пробиштип, а во присуство на просветните работници од општината се одбележува овој убав и свет ден. Со пригодна културно уметничка програма започнува манифестацијата за пред присутните да се обрати првиот човек во општината. На најистакнатите учители од општинските училишта, Градоначалникот им дава благодарница за особени достигнувања и придонес во образованието во општина Пробиштип. Целата манифестација завршува со свечен коктел и дружење на просветните работници.

ДЕН НА УЧИТЕЛОТ – 5 Октомври

Page 136: 60 godini opstina Probistip

136

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

На 22 Октомври, во очи на празникот 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба, се одржува најстариот фестивал во Република Македонија – фестивалот на пеачи аматери „Профест“, манифестација која започнала да се одржува пред 36 години, а на која се натпреваруваат пеачи – аматери од Македонија и претставува единствен фестивал на пеачи аматери во Република Македонија. Главна награда на победникот е настап на еден од реномираните македонски фестивали и на тој начин им се помага на голем број на аматери да го остварат својот сон и рамо до рамо да запеат со македонската пеачка елита. Токму и тоа е еден од мотивите за учество на овој фестивал. Со убава програмска содржина и со избор на добри песни, секако и на талентирани пеачи од година во година претставува препознатлив белег за Пробиштип.

ПРОФЕСТ – 22 Октомври

Page 137: 60 godini opstina Probistip

137

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

На 8 декември, по повод државниот празник во чест на Св. Климент Охридски, општина Пробиштип организира традиционална изложба на фотографии со мотиви од општина Пробиштип, пристигнати на адресата на општина Пробиштип по распишаниот награден конкурс. Изложбата се одржува во просториите на Домот на култура „Злетовски рудар“ од Пробиштип. На изложбата се доделуваат наградите за освоените прво, второ и трето место на зададена тема и прво, второ и трето место на слободна тема. Фотографиите општината ги користи за промотивни цели и афирмација.

ФОТО КОНКУРС “ПРОБИШТИП” – 8 Декември

Page 138: 60 godini opstina Probistip
Page 139: 60 godini opstina Probistip

Пониква

Page 140: 60 godini opstina Probistip

140

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Општински установи

Page 141: 60 godini opstina Probistip

141

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Со процесите на децентрализација општина Пробиштип во своја надлежност ги доби јавните установи за дневна и социјална заштита на децата. Jавната установа за дневна и социјална заштита на децата е Јавна општинска установа Детска градинка “Гоце Делчев” во чиј состав работат Работните единици “Цветови” и “Срничка” во Пробиштип и “Изворче” во Злетово.

Општински установи

Установата располага со вкупна покриена површина од 3.311m2 и истата, во зимскиот период се загрева со топловоден систем. Во установата се наоѓаат вкупно 18 занимални со вкупна површина од 939m2 и со проектиран капацитет за 390 деца, а располага со вкупна дворна површина од 14.191m2. Во детската градинка дневно и социјално се заштитуваат 345 деца, распределени во 13 групи и за нив се грижат вкупно 42 вработени. Дневното и социјаланто заштитување на децата се организира и реалзира во временски интервал од 06:00 до 16:30 часот. Во установата се организираат и реализираат следните програми и проекти “Чекор по чекор” и “Граѓанско образование и приоди кон визуелно размислување”.

Во состав на Јавната општинска установа Детска градинка “Гоце Делчев” работат и функционираат Работните единици:

- РЕ “Цветови” е лоцирана на улица “Јордан Стојанов”, број 47/А во Пробиштип и е изградена 1981 година. Во РЕ е сместено и раководството на Јавна општинска установа Детска градинка “Гоце Делчев”. Единицата има проектиран капацитет за 160 деца и расплага со 8 занимални (414 m2). Во единицата дневно и социјално се заштитуваат 159 деца, распределени во 6 групи и за нив се грижат вкупно 20 вработени. Во 2 занимални се згрижени децата со посебни потреби од Центарот за социјалана грижа. Единицата располага со вкупна покриена површина од 1.260 m2 и со вкупна дворна површина од 2 555 m2;

Јавна општинска установа Детска градинка “Гоце Делчев”

Page 142: 60 godini opstina Probistip

142

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

- РЕ “Срничка” е лоцирана на улица “Гоце Делчев”, бб во Пробиштип и е изградена 1974 година. Единицата има проектиран капацитет за 80 деца и расплага со 4 занимални (196 m2). Во единицата дневно и социјално се заштитуваат 129 деца, распределени во 4 групи и за нив се грижат вкупно 11 вработени. Единицата располага со вкупна покриена површина од 1.046 m2 и со вкупна дворна површина од 7.629 m2;

- РЕ “Изворче” е лоцирана на улица “Јане Сандански”, бб во Злетово и е изградена 1982 година. Единицата има проектиран капацитет за 150 деца и расплага со 6 занимални (329 m2). Во единицата дневно и социјално се заштитуваат 57 деца, распределени во 3 групи и за нив се грижат вкупно 7 вработени. Единицата располага со вкупна покриена површина од 1.005 m2 и со вкупна дворна површина од 4.007 m2.

Page 143: 60 godini opstina Probistip

143

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Основното образование во Пробиштип започнало да се организира и реализира од 1947 година, а средното од 1948 година, кога во градот е отворено Индустриско-рударското училиште.

Општина Пробиштип има надлежност врз училиштата за основно образование “Браќа Миладиновци” и “Никола Карев”, со подрачните училишта кои функционират во нивниот состав и надлежност врз училиштето за средно образование “Наум Наумовски-Борче”.

Наставата во училиштата се организира и реализира согласно изготвениот Календар за организација и работа на основните и јавните средни училишта во учебната 2013/2014 година. Воспитно-образовната работа се организира и реалзира на македонски јазик во една смена, во временски интервал од 730 до 1430 часот. За воспоставување на подобар ред и дисциплина во училиштата е органзирано дежурство од страна на учениците и наставниците.

Училиштата располагаат со вкупна покриена и корисна површина од 20.813 m2 и истата, во зимскиот период се загрева со топловоден систем, со исклучок на подрачните училишта во село Ратавица, село Добрево и село Стрмош, кој се затоплуваат со печки на дрва (175m2). Во училиштата се наоѓаат вкупно 58 училници (2.980m2), 48 кабинети (2.670m2), 5 библиотеки (196m2), 5 спортски сали (4.918 m2) и еден зимски базент (258 m2), а располагаат со вкупна дворна површина од 48.820 m2.

Во учебната 2013/2014 година, училиштата имаат запишано вкупно 1.541 ученик, распределени во 81 паралелки, од кои во училиштето за средно образование 432 ученици распределени во 21 паралелки, од кои 15 се гимназиски и 6 стручни паралелки, а во училиштата за основно образование 1.119 ученици, од кои во одделенска настава се запишани 646 ученици, распределени во 35 паралелки и во предметна настава се запишани 473 ученици, распределени во 24 паралелки. На ниво на општината, за учениците со посебни потреби работи една комбинирана паралелка во која се опфатени 9 ученици. Во училиштата работи нижо музичко училиште во кое се запишани 51 ученик и настава за продолжен престој на ученици во која се опфатени 163 ученици од одделенска настава. Воспитно-образовната работа ја организираат и реализираат вкупно 221 вработени, од кои 6 се раководен кадар (директор и помошник директор), 11 се стручни соработници, 7 се административен кадар, 143 се наставници (од кои 38 се професори по општи предмети, 9 се професори по стручни предмети, 2 се професори по практична настава, 38 се наставници во одделенска настава и 56 се наставници во предметна настава) и 54 се технички кадар.

Училишта за основно и средно образование

Page 144: 60 godini opstina Probistip

144

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Училиштата располагаат со вкупна покриена и корисна површина од 16.390m2 и истата, во зимскиот период се загрева со топловоден систем, со исклучок на подрачните училишта во село Ратавица, село Добрево и село Стрмош, кој се затоплуваат со печки на дрва (175 m2). Во училиштата се наоѓаат вкупно 45 училници (2.278m2), 33 кабинети (1.833m2), 4 библиотеки (94 m2), 3 спортски сали (3.616m2) и еден зимски базент (258m2), а располагаат со вкупна дворна површина од 33.676m2.

Во учебната 2013/2014 година, во училиштата за основно образование се запишани 1.119 ученици, распределени во 60 паралелки, од кои во одделенска настава се запишани 646 ученици, распределени во 35 паралелки и во предметна настава се запишани 473 ученици, распределени во 24 паралелки. На ниво на општината, за учениците со посебни потреби работи една комбинирана паралелка во која се опфатени 9 ученици. Во училиштата работи нижо музичко училиште во кое се запишани 51 ученик и настава за продолжен престој на ученици во која се опфатени 163 ученици од одделенска настава. Воспитно-образовната работа ја организираат и реализираат вкупно 154 вработени, од кои 4 се раководен кадар (директор и помошник директор), 8 се стручни соработници, 5 се административен кадар, 94 се наставници (од кои 38 се наставници во одделенска настава и 56 се наставници во предметна настава) и 43 се технички кадар.

Во состав на Основното училиште “Браќа Миладиновци” работат и функционираат Полното основно училиште “Кирил и Методиј” во Злетово, Подрачното училиште “Ванчо Трајков” во село Пробиштип и Подрачните училишта во село Ратавица и село Добрево.

Училиштето располага со вкупна покриена и корисна површина од 5.139m2 и истата, во зимскиот период се загрева со топловоден систем, со исклучок на подрачните училишта во село Ратавица и село Добрево, кој се затоплуваат со печки на дрва (93m2). Во училиштето се наоѓаат вкупно 30 училници (1.456m2), 19 кабинети (957m2), 3 библиотеки (39m2) и 2 спортски сали (2.072m2), а располагаат со вкупна дворна површина од 16.956m2. - Основно општинско училиште “Браќа Миладиновци” е лоцирано на улица “Гоце Делчев”, број 2 во Пробиштип и е изградено 1961 година, каде е сместено и раководството на

Училишта за основно образование

Основно општинско училиште “Браќа Миладиновци”

Page 145: 60 godini opstina Probistip

145

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

училиштето. Во училиштето учениците се распределени во 21 паралелки. Во состав на училиштето се организира и реализира настава за ученици со посебни потреби (9 ученика во една комбинирана паралелка од I до VIII одделение) и настава за учениците од одделенска настава во продолжен престој, каде се запишани 26 ученика. Во состав на училиштето функционира спортска сала со површина од 850m2.

Полно основно училиште “Кирил и Методиј” е лоцирано на улица “Јане Сандански”, бб во Злетово и е изградено 1966 година. Во училиштето учениците се распределени во 10 паралелки. Во училиштето се организира и реализира настава за учениците од одделенска настава во продолжен престој, каде се запишани 27 ученика. Во состав на училиштето функционира спортска сала со површина од 1.222m2.

- Подрачно училиште “Ванчо Трајков” е лоцирано на улица “Ванчо Трајков”, бб во село Пробиштип и е изградено 1986 година. Во училиштето се запишани 65 ученици, распределени во 5 паралелки.

- Подрачно училиште во село Ратавица е лоцирано на излезот од селото и е изградено 1950 година. Во училиштето се запишани 12 ученици во една комбинирана паралелка.

- Подрачно училиште во село Добрево е лоцирано на средишниот дел од селото и е изградено 1957 година. Во училиштето има една комбинирана паралелка.

Page 146: 60 godini opstina Probistip

146

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Корисна површина (m2) во Основното училиште “Браќа Миладиновци”

Училишта училн. површ. кабин. површ. библио. површ. двор

ОУ “Браќа Миладиновци” 11 495 13 641 1 18 5.081

ПОУ “Кирил и Методиј” 13 671 4 219 1 16 6.955

ПУ “Ванчо Трајков” 4 197 2 97 1 5 4.920

ПУ во село Ратавица 1 41 /

ПУ во село Добрево 1 52 /

Вкупно: 30 1.456 19 957 3 39 16.956

Училиштето располага со вкупна покриена и корисна површина од 11.251m2 и истата, во зимскиот период се загрева со топловоден систем, со исклучок на подрачното училиште во село Стрмош, кое се затоплува со печка на дрва (82m2). Во училиштето се наоѓаат вкупно 15 училници (822m2), 14 кабинети (876m2), 1 библиотека (55m2), 1 спортска сала (1.544m2) и покриен училишен базент (258m2), а располагаат со вкупна дворна површина од 16.720m2.

Основно училиште “Никола Карев” е лоцирано на улица “Вељко Влаховиќ”, бб во Пробиштип и е изградено 1986 година, каде е сместено и раководството на училиштето. Во училиштето учениците се распределени во 20 паралелки. Во состав на училиштето се организира и реализира настава за учениците од одделенска настава во продолжен престој, каде се запишани 107 ученика.

Основно општинско училиште “Никола Карев”

Page 147: 60 godini opstina Probistip

147

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Во состав на Основното општинско училиште “Никола Карев” работи и функционира Подрачното училиште во село Стрмош.

Подрачно училиште во село Стрмош е лоцирано на средишниот дел од селото и е изградено 1998 година. Во училиштето функционира една комбинирана пара-лелка.

Корисна површина (m2) во Основното училиште “Никола Карев”

Училишта училн. површ. кабин. површ. библио. површ. двор

ОУ “Никола Карев” 13 741 14 876 1 55 16.223

ПУ во село Стрмош 2 81 497

Вкупно: 15 822 14 876 1 55 16.720

Средното образование во општина Пробиштип се организира и реализира од 1948 година во Идустриско-рударското училиште. Во 1961 година се отвора гимназијата “Наум Наумовски-Борче”, а во 1963 година и рударско-геолошкото техничко училиште. Со тек на време, во 1978 година самостојните училишта формираат единствено училиште, како училишен центар за средно образование “Наум Наумовски-Борче”. Во учебната 2000/2001 година УЦСО “Наум Наумовски-Борче” се трансформира до Државно средно училиште, а во учебната 2005/2006 година во средно општинско училиште “Наум Наумовски-Борче”.

Средното општинско училиште “Наум Наумовски-Борче” располага со вкупна покриена и корисна површина од 4.423m2 и истата, во зимскиот период се загрева со топловоден систем. Во училиштата се наоѓаат вкупно 13 училници (702m2), 15 кабинети (837m2), 1 библиотека (102m2) и 2 спортски сали (1.302m2), а располагаат со вкупна дворна површина од 15.144m2.

Училиште за средно образование

Page 148: 60 godini opstina Probistip

148

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Корисна површина (m2) во СОУ “Наум Наумовски-Борче”

Зграда училн. површ. кабин. површ. библио. површ. двор

Гимназиско образование 7 378 9 513

15.144Стручно образование 6 324 6 324

Библиотека 1 108

Вкупно: 13 702 15 837 1 108 15.144

Во СОУ “Наум Наумовски-Борче” се организира и реализира настава за учениците запишани во гимназиското и стручното образование. Од гимназиското образование се верификувани сите подрачја, под комбинација А и Б (природно-математичко, општествено-хуманитарно и јазично-уметничко) и спортската гимназија, а од стручното образование верификувани се струките машинската, со образовниот профил машински и машинско-енергетски техничар од IV степен, бравар и автомеханичар од III степен и геолошко-рударска и металуршката, со образовниот профил геолошко-рударски техничар од IV степен.

Во текот на учебната година, во училиштето настава се организира и реализира за учениците запишани во гимназиското образование, односно гимназија во природно-математичкото подрачје, под комбинација А и Б и општествено-хуманитарното подрачје, под комбинација А, како и во спотрската гимназија, а во стручното образование во машинската струка, за образовниот профил машински/машинско-енергетски техничар и во геолошко-рударска и металуршката струка, за образовниот профил геолошко-рударски техничар.

Лицата кои не го дооформиле своето образование имаат можност во училиштето, истото тоа да го направат по вонреден пат..

- Зградата на Средно општинско училиште “Наум Наумовски-Борче” е лоцирана на улица “Гоце Делчев”, број 10 во Пробиштип и е изградена 1972 година. Во зградата е сместено раководството на училиштето и се сместени претежно паралелките од гимназиското образование. Зградата располага со вкупна покриена и корисна површина од 1.486m2, а во состав на зградата функционира спортска сала со површина од 1.000m2;

Page 149: 60 godini opstina Probistip

149

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

- На истата адреса е лоцирана и зградата за стручно образование. Зградата е изградена 1951 година. Во зградата се наоѓа машинска работилница (272m2), во која се организира и реализира практична настава за учениците од машинската струка. Зградата располага со вкупна покриена и корисна површина од 1.497m2, а во состав на зградата функционира спортска сала со површина од 302m2;

- Училишната библиотека е лоцирана на истата адреса, како и училиштето. Зградата е изградена 1961 година и истата е адаптирана во библиотека со читална. Училишната библиотека располага со вкупна покриена и корисна површина од 138m2.

Општинската установа Дом на култура „Злетовски рудар“ – Пробиштип е Јавна општинска установа во чиј состав работат Киното „Рудар“ во Пробиштип и Центарот за култура во Злетово.

Изградбата на новиот Дом на култура, кој е ставен во употреба во 1975 година, се совпаѓа со официјалното основање на новата институција за култура во општина Пробиштип – Дом на култура „Злетовски Рудар.“ – Пробиштип.

Новосоздадената установа ги обединува на едно место сите дотогашни помали форми на организирано културно делување, кои беа самостојни или во состав на тогашниот Работнички универзитет. Во составот на новоформираната културна институција влегле:

• Работничкиот универзитет

• Кино „Рудар“

• Матична библиотека „Јане Сандански“

• КУД „Злетовски Рудар“ и

• Радио ПробиштипОпштинската установа Дом на култура „Злетовски Рудар.“ – Пробиштип како единствена

културно – образовна институција во општина Пробиштип, ги задоволува културните потреби на сите жители. Целта за која е формиран и опстојува оваа институција е

ОУ Дом на култура „Злетовски Рудар“ - Пробиштип

Page 150: 60 godini opstina Probistip

150

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

перманентно и континуирано да го подига културното ниво на населението во средината на делување, да се грижи за зачувување на старите и да создава нови, традиционални културни вредности, како и афирмација на творештвото на групи и поединци. Со новиот закон за локална самоуправа на Република Македонија и согласно децентрализацијата на Република Македонија, Домот на култура „Злетовски Рудар“ – Пробиштип во 2006 година преједе во општинска надлежност како Општинска установа Дом на култура „Злетовски Рудар.“ – Пробиштип.

Матични дејности на Општинската установа Дом на култура „Злетовски Рудар.“ – Пробиштип се:

• Сценско-уметничка

• Музичка

• Библиотечна

• Литературна

• Драмска

• Ликовна

• Балетска

• Кино прикажувачка

• Фестивали и манифестации

Во состав на Општинската установа Дом на култура „Злетовски Рудар.“ – Пробиштип работат:

Дом на култура „Злетовски Рудар.“ – Пробиштип е лоцирана на улица “Цветко Тонев”, ББ во Пробиштип и е изградена 1975 година. Во состав на Домот на култура „Злетовски Рудар.“ – Пробиштип денеска работат:

- Градската библиотека „Јане Сандански“ - Пробиштип- КУД „Злетовски Рудар“- Аматерско драмско студио „ЗЕР“- Литературен клуб „ПРОЦВЕТ“- Балетско студио „ЕМПИРИЈА“

Домот на култура „Злетовски Рудар.“ – Пробиштип располага со вкупна покриена површина од 1.345m2 и со вкупна дворна површина од 2.192m2;

Кино “РУДАР” е лоцирана на улица “Цветко Тонев”, бб во Пробиштип и е изградено во 1948 година. Има капацитет од 500 седишта, а располага со одлична акустика и е погодно за оперска и филхармониска уметност. Едно од најстарите кино и концертни сали кое сеуште е во функција. Во 2014 година со проект на Министерството за култура на Република Македонија Кино Рудар доби нова дигитална опрема за кино проекција. Киното располага со вкупна покриена површина од 1.341m2.

Page 151: 60 godini opstina Probistip

151

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Центар за култура – Злетово е лоцирана на улица “Јане Сандански”, бб во Злетово. Изграден 1953 година.

Page 152: 60 godini opstina Probistip

152

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Page 153: 60 godini opstina Probistip

153

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Јавното комунално претпријатие за обавување на комунални услуги за прв пат е формирано од страна на Собранието на општина Пробиштип, на заедничка седница на Општинскиот собор и Соборот на работните заедници, одржан на ден 28.02.1966 година со Решение бр.570/1, под името Стамбено претпријатие, со основна дејност-управување и одржување на стамбените згради, станбен – деловен простор.

Подоцна дејноста е проширена со комунални дејности и претпријатието работи како Станбено-комунално услужно претпријатие кое како такво функционира се до 1986 година, а потоа се трансформира во Работна организација за комунално – градежни работи ,,Илинден” Пробиштип и истото е регистрирано со решение на Окужен Стопански суд во Штип П.Бр.18/86 година.

На 28.12.1989 година Собранието на Општина Пробиштип донесе Решение за организирање на Јавно претпријатие во општествена сопственост за Комунално-производни и услужни работи ,,Илинден” Пробиштип и истото е регистрирано со Решение на Окружен Стопански Суд.

Со донесување на Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.52/95) се јави потребата од усогласување на работењето на претпријатието со истиот, така што од 25.03.1997 година ЈП ,,Илинден” се трансформира во јавно комунално претпријатие ,,Илинден” Пробиштип.

Советот на Општина Пробиштип на седница одржана на 28.07.1998 година го разгледа и го усвои Елаборатот за оправданоста за издвојување на делови од претпријатието и формирање на четири друштва од кои јавниот дел ќе се издвои како посебно претпријатие со комунални дејности и три дела . Управниот одбор одлучи претпријатието да се подели на два самостојни правни субјекти, поради неможноста за поделба на одредени објекти и опрема кои се користат за производните работни единици.

Со одлука на Управниот одбор на ЈКП Илинден Пробиштип, донесена на седница одржана на ден од 06.04.2001 година за статусна промена и Одлуки за основање на јавни претпријатија како правни следбеници на ЈКП Илинден, донесени од Советот на Општина Пробиштип на седница одржана на ден 13.04.2001 година, се формирани две јавни претпријатија:

1. Јавно комунално претпријатие ,,КОМУНАЛЕЦ” Пробиштип со следните дејности:- Собирање, пречистување и дистрибуција на вода;- Собирање, пречистување и дистрибуција на вода за пиење и прехрамбена вода;- Чистење на објекти;- Отстранување на отпадоци и ѓубре, санитарни и слични активности;

Други услужни дејности- Погребални и придружни активности- Издавање на сопствен недвижен имот- Одржување и користење на пазари на големо и мало- Уредување и одржување на паркови, зелени и рекреативни површини

ЈКП Никола Карев

Page 154: 60 godini opstina Probistip

154

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

2. Јавно претпријатие ,,ИЛИНДЕН 2001” Пробиштип, со следните основни дејности:- Рециклажа на метални отпадоци и остатоци;- Рециклажа на неметални отпадоци и остатоци;- Копнен сообраќај, цевоводен транспорт;- друг копнен сообраќај;- превоз на патници во друмскиот сообраќај.

Од друга страна, во Општина Злетово, после повеќе извршени трансформации на 03.04.2002 година со решение на Основен суд Штип се формира јавно претпријатие за водовод ,,Никола Карев - Злетово”.

Со донесување на Законите за локална самоуправа, Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа и Законот за територијална организација во 2004 година, се изврши спојување на општините Пробиштип и Злетово во ЕЛС Општина Пробиштип, со што се јави потреба од уредување на статусот и трансформација на јавните претпријатија кои функционираа на територијата на овие две општини, односно општината Пробиштип.

Со одлука на Советот на Општина Пробиштип дејностите од ЈКП Комуналец Пробиштип се одземаат, а со тоа се превземаат дејностите од ЈКП ,,Никола Карев- Злетово”.

Од 01.01.2006 година јавното претпријатие работи под називот Јавно Комунално Претпријатие ,,Никола Карев” Пробиштип, со седиште во Пробиштип.

ЈКП ,,Никола Карев” ги обавува следните основни дејности:

- Собирање, обработка и снабдување со вода- Отстранување на отпадни води- Собирање на безопасен отпад- Обработка и отстранување на безопасен отпад- Обновување на посебно издвоени материјали- Дејности за санација и останати услуги за управување со отпад- Изградба на комунални објекти за течности- Поставување на инсталации за водовод, канализација и плин и инсталации за греење и клима уреди- Издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот или недвижен имот земен под закуп (лизинг)- Управување со недвижен имот со хонорар или врз база на договр- Комбинирани помошни дејности на објектите- Останати дејности на чистење на згради и објекти- Услужни дејности за уредување и одржување на животната средина - Погребни и слични дејности (управител на гробишта)- Останати лични услужни дејности, неспомнати на друго место

Јавното претпријатие ги врши следните дополнителни дејности: одржување и користење на јавните пазари, одржување на спортски и рекреативни објекти, одржување на јавна

Page 155: 60 godini opstina Probistip

155

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

чистота на сервисните и станбените улици, изградба и одржување на јавно осветлување на станбени и сервисни улици на подрачјето на општината и други електро инсталатерски работи, изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта од значење за општината, утврдени со урбанистичкиот план, работи на изградба, реконструкција, управување и одржување на гробишта, изградба, одржување, реконструкција и заштина на сервисни и

станбени улици и други инфраструктурни објекти, одржување и користење на зеленило на сервисните и станбените улици, отстранување на нерегистрирани моторни и други возила од јавните површини, изградба и одржување на јавни санитарни јазли, чистење на индивидуални септички јами, дезинфекција и дератизација, завршни градежни работи во рамки на делувањето на јавното претпријатие, изградба на други објекти од нискоградба неспомнати на друго место, изградба на хидроградежни објекти, други градежно инсталатерски работи, демонтирање на крш, изработка и сервисирање на контејнери и други садови за собирање на смет за сопствени потреби, изработка на метли и четки за одржување на јавната чистота за сопствени потреби, изработка на жичани производи, синџири и пружини за сопствени потреби.

ЈКП Никола Карев Пробиштип, до јули 2015 година има вкупно 90 вработени и директорот на претпријатието.

Во последните 10-тина години во делот на основните дејности кои ги обавува јавното претпријатие се извршени следните позначајни инвестиции во опремата и инфраструктурата:

Page 156: 60 godini opstina Probistip

156

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

1. Изградба на водовод во с.Лесново – во месец Септември 2013 година се пушти во употреба новоизградениот водоснабдителен систем во с.Лесново.

2. Изградба на систем за водоснабдување во с.Трооло – во месец Декември 2013 година се пушти во употреба новоизградениот водоснабдителен систем во с.Трооло со што конечно се реши деценискиот проблем на жителите од ова населено место. Инвестицијата е со вредност од 3 100 000 денари, средства обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделието и рурален развој и од буџетот на Општина Пробиштип.

3. Изработен е нов примарен водовод во должина од 200 метри во Леговец и е овозможено водоснабдување на тој дел од градот..

4. Реконструкција на водоводни јазли на примарната градска мрежа. Променети се преку 40 вентили, ПП хидранти, воздушни вентили и други пратечки фазони.

5. Набавени се 1.500 броја од 120 литарски пластични канти и дистрибуирани по населението.

Внатрешната организациона поставеност на јавното претпријатие се организира во две служби и пет одделенија и тоа:

1. Служба за технички работи - Одделение за производство на вода- Одделение за дистрибуција, мерење и анализа- Одделение за одржување на водовод и канализација, возен парк и електро-

машинско одржување.- Одделение за комунална хигиена, одржување на паркови и зеленило и ЈСП- Одделение за техничка припрема, инвестиции и управување со гробишта2. Служба за општо административни, заеднички работи и финансии- Одделение за општи и заеднички работи, кадровски работи и управување со

станбен и деловен простор.- Одделение за финансии, сметководство, правни работи, јавни набавки и наплата.

Page 157: 60 godini opstina Probistip

157

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Page 158: 60 godini opstina Probistip

158

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Page 159: 60 godini opstina Probistip

159

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Почитувани,

Настојувавме опширно да го забележиме периодот 2005 - 2015 година. Опфативме повеќе области при што од приложеното може да се види дека во сите области во овој период има значителен напредок. Многу е направено, уште многу работи останува да се прават. Започнатото да се доврши, а новите проекти да се имплементираат. Секако, свесни сме дека некои работи не сме ги опфатиле, немојте да ни замерите, секако настојувавме оние побитните да ги забележиме трајно да останат во архивот на општина Пробиштип. Во овој период може слободно да се каже дека скоро во сите области има експанзија, токму од наједноставната причина - локалната самоуправа одлучува самата за себе. Најубаво ги знае проблемите, прави приоритети и настојува лошите страни да ги елиминира и едноставно да создаде услови за едно поубаво живеење во нашиот град и пошироко во општина Пробиштип. Секако кој работи и греши, но добро е кога грешките се согледуваат и истите се корегираат. Слободно можеме да констатираме деко со процесот на децентрализација, не само што општината си ги зема работите во свои раце, туку во овој период на општина Пробиштип и се случи значителен развој.

Од периодот на почетокот на транзицијата, од 1990 година па се до 2005 година, кога над Пробиштип беше надвиснала бесперспективноста, кога луѓето беа исплашени за својата иднина и кога голем број наши сограѓани се решија „чарето“ да си го бараат на друго место во Македонија, но најголем дел и надвор од неа, сепак во периодот на децентрализација на власта, кога локалната самоуправа во вистинска смисла на зборот започна да управува и да одлучува што ќе прави, започнаа работите да се менуваат. Сега и овде може добро да се живее. Секако овој период е само почеток на една голема борба, прво за урбано средување на градот, каде луѓето ќе се чувствуваат попријатно и ќе си ги задоволуваат своите потреби, па потоа и создавање на поволна клима за развој на стопанството, со што младите пробиштипјани, својата иднина ќе ја бараат токму овде во општина Пробиштип.

Инаку Пробиштип сега може да се пофали со низа на содржини и понуди, надополнети од солидните угостителски објекти кои ги има, а кои нудат македонски специјалитети. Општината со природните убавини, локалитетот Лесново, манастирските комплекси, Спортско рекреативниот центар Пониква, Аква паркот, старите занаети во Злетово, Минералошката збирка, солидните спортски терени, надополнета со добрата забава и вкусната и евтина храна која можат да ја добијат, има големи предуслови за развој и на оваа гранка од стопанството - туризмот.

Општина Пробиштип останува и понатаму да биде посветена кон развојот на општината и создавање на поволни услови за развој на стопанството, туризмот и се она што значи напредок и добро и квалитетно живеење.

Во еден ваков оптимизам Општина Пробиштип го одбележува овој голем јубилеј - 60 години од формирањето на општината, со надеж дека веќе следниот голем јубилеј ќе биде обележан со уште поголеми резултати и успеси, се разбира на општо задоволство на сите граѓани на нашата општина.

За многу години јубилејот!

Page 160: 60 godini opstina Probistip

Оваа монографија се издава во чест на одбележувањето на големиот јубилеј

60 години од постоењето на општина Пробиштип

1955-2015

Со монографијата е опфатен периодот2005-2015

ИздавачСовет на општина Пробиштип

Градоначалник на општина ПробиштипТони Тоневски

Автор:Радослав Илиевски

Техничка обработка:Мише Милановски

Фотографии:Мише МилановскиДарко Стојковски

1955 - 2015

Page 161: 60 godini opstina Probistip

161

ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 1955-2015

Page 162: 60 godini opstina Probistip

CIP - Каталогизација во публикацијаНародна и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје

Општина Пробиштип (1955-2015),(Издадена во чест на одбележувањето на јубилејот - 60 години општина Пробиштип)

Municipality of Probistip (1955-2015)(Published in the honor of the great Jubilee - 60 years of it’s existence)

Издавач: Општина Пробиштип, Совет на општина Пробиштип, Градоначалник на општина Пробиштип, Тони ТоневскиАвтор: Радослав ИлиевскиТехничка обработка: Мише МилановскиФотографии: Мише Милановски, Дарко Стојковски

ISBN:

Page 163: 60 godini opstina Probistip
Page 164: 60 godini opstina Probistip

Општина ПробиштипАвгуст 2015

[email protected]