56 23 март 2016, среда година lxxii · Број 56 23 март 2016, ......

8
www.slvesnik.com.mk [email protected] СОДРЖИНА Стр. 1462. Решение за разрешување и имену- вање член на Советот за образова- ние на возрасните.............................. 2 1463. Решение за разрешување и имену- вање член на Управниот одбор - претставник на основачот на ЈЗУ Институт за јавно здравје на Репуб- лика Македонија................................ 2 1464. Решение за разрешување и имену- вање член на Управниот одбор на Агенцијата за енергетика на Репуб- лика Македонија................................ 2 1465. Решение за разрешување и имену- вање членови на Управниот одбор- претставници на стручниот орган на ЈУ Национален парк Пелистер- Битола................................................. 2 1466. Решение за разрешување и имену- вање претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за жалби... 3 1467. Решение за разрешување и имену- вање член на Управниот одбор на Центарот за стручно образование и обука.................................................... 3 1468. Решение за разрешување и имену- вање член на Комисијата за процен- ка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди... 3 Стр. 1469. Решение за разрешување и имену- вање член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за извршува- ње на водостопански дејности ХС „ЗЛЕТОВИЦА“ Пробиштип.......... 3 1470. Решение за разрешување и имену- вање член на Управниот одбор на Агенцијата за филм на Република Македонија......................................... 3 1471. Решение за именување член на Управниот одбор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот 4 1472. Решение за разрешување и имену- вање претседател и членови на Од- борот за контрола на материјално- финансиското работење на Јавната установа Национален парк Гали- чица, Охрид........................................ 4 1473. Решение за разрешување и именува- ње членoви на Управниот одбор на Дирекцијата за задолжителни резер- ви на нафта и нафтени деривати.......... 4 1474. Решение за разрешување и имену- вање претседател и членови на Ко- мисијата за право на поврат на средствата на Агенцијата за филм на Република Македонија................. 4 1475. Решение за разрешување и имену- вање членови на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигуру- вање на Македонија........................... 5 Број 56 23 март 2016, среда година LXXII

Upload: others

Post on 02-Oct-2020

18 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: 56 23 март 2016, среда година LXXII · Број 56 23 март 2016, ... поради истек на ман-датот, се разрешуваат: -Томислав

www.slvesnik.com.mk [email protected]

С О Д Р Ж И Н А

Стр. 1462. Решение за разрешување и имену-

вање член на Советот за образова-ние на возрасните.............................. 2

1463. Решение за разрешување и имену-вање член на Управниот одбор -претставник на основачот на ЈЗУ Институт за јавно здравје на Репуб-лика Македонија................................ 2

1464. Решение за разрешување и имену-вање член на Управниот одбор на Агенцијата за енергетика на Репуб-лика Македонија................................ 2

1465. Решение за разрешување и имену-вање членови на Управниот одбор-претставници на стручниот орган на ЈУ Национален парк Пелистер-Битола................................................. 2

1466. Решение за разрешување и имену-вање претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за жалби... 3

1467. Решение за разрешување и имену-вање член на Управниот одбор на Центарот за стручно образование и обука.................................................... 3

1468. Решение за разрешување и имену-вање член на Комисијата за процен-ка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди... 3

Стр. 1469. Решение за разрешување и имену-

вање член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за извршува-ње на водостопански дејности ХС „ЗЛЕТОВИЦА“ – Пробиштип.......... 3

1470. Решение за разрешување и имену-вање член на Управниот одбор на Агенцијата за филм на Република Македонија......................................... 3

1471. Решение за именување член на Управниот одбор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот 4

1472. Решение за разрешување и имену-вање претседател и членови на Од-борот за контрола на материјално-финансиското работење на Јавната установа Национален парк Гали-чица, Охрид........................................ 4

1473. Решение за разрешување и именува-ње членoви на Управниот одбор на Дирекцијата за задолжителни резер-ви на нафта и нафтени деривати.......... 4

1474. Решение за разрешување и имену-вање претседател и членови на Ко-мисијата за право на поврат на средствата на Агенцијата за филм на Република Македонија................. 4

1475. Решение за разрешување и имену-вање членови на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигуру-вање на Македонија........................... 5

Број 56 23 март 2016, среда година LXXII

Page 2: 56 23 март 2016, среда година LXXII · Број 56 23 март 2016, ... поради истек на ман-датот, се разрешуваат: -Томислав

Стр. 2 - Бр. 56 23 март 2016

Стр. 1476. Решение за именување претседател

и членови на Советот на Институ-тот за акредитација на Република Македонија......................................... 5

1477. Програма за изградба на нови об-јекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните ус-танови од областа на културата за 2016 година......................................... 5

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1462.

Врз основа на член 34 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македо-нија“ бр. 7/2008, 17/2011, 51/2011, 74/2012, 41/2014, 144/2014, 146/2015 и 30/2016), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 9 март 2016 го-дина, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ ЧЛЕН НА СОВЕТОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИТЕ

1. Елизабета Ристовска-Петровска се разрешува од

должноста член на Советот за образование на возрас-ните, претставник од Сојузот на стопанските комори на Македонија, на нејзино барање.

2. За член на Советот за образование на возрасните, претставник од Сојузот на стопанските комори на Ма-кедонија се именува Маја Савеска.

3. Ова решение влегува во сила со денот на донесу-вањето, а ќе се објави во „Службен весник на Републи-ка Македонија“.

Бр. 24 – 2538/1 Заменик на претседателот

9 март 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија,

м-р Владимир Пешевски, с.р. __________

1463. Врз основа на член 100 од Законот за здравствената

заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/2012, 145/2012, 87/2013, 164/2013, 39/2014, 43/2014, 132/2014, 188/2014, 10/2015, 61/2015, 154/2015, 192/2015 и 17/2016), Владата на Република Македонија на седницата одржана на 23 февруари 2016 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР -ПРЕТСТАВНИК НА ОСНО-ВАЧОТ НА ЈЗУ ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1. Виолета Голубовска се разрешува од должноста

член на Управниот одбор – претставник на основачот на ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Македо-нија.

2. За член на Управниот одбор – претставник на ос-новачот на ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Македонија, се именува Звонко Зафироски.

3. Ова решение влегува во сила со денот на донесу-вањето, а ќе се објави во „Службен весник на Републи-ка Македонија.“

Број 24 – 2603/1 Заменик на претседателот

23 февруари 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија,

м-р Владимир Пешевски, с.р.

Стр. 1478. Одлука за избор на јавни обви-

нители во Основното јавно обви-нителство Скопје, Основното јав-но обвинителство Гостивар и Ос-новното јавно обвинителство Би-тола............................................... 8

1479. Оглас за избор на еден јавен обви-нител во Основното јавно обвини-телство Скопје.................................... 8

Огласен дел....................................... 1-56

1464. Врз основа на член 7 став 2 и член 15 од Законот за

основање на Агенцијата за енергетика на Република Македонија („Службен весник на Република Македо-нија“ бр. 62/2005 и 41/2014), Владата на Република Ма-кедонија на седницата одржана на 23 февруари 2016 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ ЧЛЕН НА УП-РАВНИОТ ОДБОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1. Ѓултен Мустафова се разрешува од должноста

член на Управниот одбор на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, поради истек на мандатот.

2. За член на Управниот одбор на Агенцијата за енергетика на Република Македонија се именува Борис Настов.

3. Ова решение влегува во сила со денот на донесу-вањето, а ќе се објави во „Службен весник на Републи-ка Македонија.“

Број 24-2604/1 Заменик на претседателот

23 февруари 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија,

м-р Владимир Пешевски, с.р. __________

1465. Врз основа на член 138 став 1 и 2 од Законот за

заштита на природата („Службен весник на Република Македонија“ бр. бр. 67/2004, 14/2006, 84/2007, 35/2010, 47/2011, 148/2011, 59/2012, 13/2013, 163/2013, 41/2014 и 146/2015), Владата на Република Македонија на сед-ницата одржана на 23 февруари 2016 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР-ПРЕТСТАВНИЦИ НА СТРУЧНИОТ ОРГАН НА ЈУ НАЦИОНАЛЕН ПАРК

ПЕЛИСТЕР-БИТОЛА 1. Од должноста членови на Управниот одбор-прет-

ставници на стручниот орган на Јавната установа На-ционален парк Пелистер-Битола, поради истек на ман-датот, се разрешуваат:

-Томислав Петров и -Владимир Василевски. 2. За членови на Управниот одбор-претставници на

стручниот орган на Јавната установа Национален парк Пелистер-Битола се именуваат:

-Пеце Цветановски и -Стеванка Пројчевска. 3. Ова решение влегува во сила со денот на донесу-

вањето, а ќе се објави во „Службен весник на Републи-ка Македонија“.

Број 24-2605/1 Заменик на претседателот

23 февруари 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија,

м-р Владимир Пешевски, с.р.

Page 3: 56 23 март 2016, среда година LXXII · Број 56 23 март 2016, ... поради истек на ман-датот, се разрешуваат: -Томислав

23 март 2016 Бр. 56 - Стр. 3

1466. Врз основа на член 48 од Законот за едношалтер-

скиот систем и за водење на трговскиот регистар и ре-гистар на други правни лица („Службен весник на Ре-публика Македонија“ бр. 84/2005, 13/2007, 150/2007, 140/2008, 17/2011, 53/2011, 70/2013, 115/2014, 97/2015 и 192/2015), Владата на Република Македонија на сед-ницата одржана на 23 февруари 2016 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ ПРЕТСЕ-ДАТЕЛ, ЧЛЕНОВИ И НИВНИ ЗАМЕНИЦИ НА

КОМИСИЈАТА ЗА ЖАЛБИ 1. Од должноста претседател, членови и нивни за-

меници на Комисијата за жалби, поради истек на ман-датот се разрешуваат:

а) од претседател: - Јане Јанкуловски б) од заменик на претседателот: - Ардит Мемети в) од членови: - Снежана Петковска - Беким Нухија. 2. За претседател, членови и нивни заменици на Ко-

мисијата за жалби, за време од шест месеци се имену-ваат:

а) за претседател: - Јане Јанкуловски б) за заменик на претседателот: - Ардит Мемети в) за членови: - Снежана Петковска - Беким Нухија. 3. Ова решение влегува во сила со денот на донесу-

вањето, а ќе се објави во „Службен весник на Републи-ка Македонија“.

Број 24-2606/1 Заменик на претседателот

23 февруари 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Владимир Пешевски, с.р.

__________ 1467.

Врз основа на член 34 од Законот за стручно обра-зование и обука („Службен весник на Република Маке-донија“ бр. 71/2006, 117/2008, 148/2009, 17/2011, 24/2013, 137/2013, 41/2014 и 145/2015), Владата на Ре-публика Македонија на седницата одржана на 23 фев-руари 2016 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА СТРУЧНО

ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА 1. Златко Калеников се разрешува од должноста

член на Управниот одбор на Центарот за стручно обра-зование и обука, претставник од Сојузот на Стопански комори на Македонија.

2. За член на Управниот одбор на Центарот за стручно образование и обука, претставник од Сојузот на Стопански комори на Македонија се именува Дане-ла Арсовска.

3. Ова решение влегува во сила со денот на донесу-вањето, а ќе се објави во „Службен весник на Републи-ка Македонија“.

Број 24-2607/1 Заменик на претседателот

23 февруари 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Владимир Пешевски, с.р.

1468. Врз основа на член 144 од Законот за заштита и

спасување („Службен весник на Република Македо-нија“ бр. 36/2004, 49/2004, 86/2008, 124/2010, 18/2011, 41/2014 и 129/2015) и член 36 став 6 од Законот за Вла-дата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/2000, 12/2003, 55/2005, 37/2006, 115/2007, 19/2008, 82/2008, 10/2010, 51/2011, 15/2013, 139/2014 и 196/2015), Владата на Република Македонија на седницата одржана на 23 февруари 2016 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ ЧЛЕН НА КОМИСИЈАТА ЗА ПРОЦЕНКА И УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА ШТЕТАТА ОД ЕЛЕМЕНТАРНИ

НЕПОГОДИ 1. Љупчо Стефановски се разрешува од должноста

член на Комисијата за проценка и утврдување на виси-ната на штетата од елементарни непогоди.

2. За член на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди се именува Мелита Гугуловска, вработена во Друштво за осигурување САВА осигурување АД Скопје.

3. Ова решение влегува во сила со денот на донесу-вањето, а ќе се објави во „Службен весник на Републи-ка Македонија“.

Број 24-2608/1 Заменик на претседателот

23 февруари 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Владимир Пешевски, с.р.

__________ 1469.

Врз основа на член 17 од Законот за јавните прет-пријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/1996, 9/1997, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/2010, 6/2012, 119/2013, 41/2014, 138/2014, 25/2015 и 61/2015), Владата на Република Македонија на седницата одржана на 23 февруари 2016 година, до-несе

Р Е Ш Е Н И Е

ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈА-ТИЕ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ВОДОСТОПАНСКИ

ДЕЈНОСТИ ХС „ЗЛЕТОВИЦА“ – ПРОБИШТИП 1. Љубица Донева се разрешува од должноста член

на Управниот одбор на Јавното претпријатие за из-вршување на водостопански дејности ХС „ЗЛЕТОВИ-ЦА“ – Пробиштип, на нејзино барање.

2. За член на Управниот одбор на Јавното претпри-јатие за извршување на водостопански дејности ХС „ЗЛЕТОВИЦА'' – Пробиштип, се именува Дејан Михај-лов.

3. Ова решение влегува во сила со денот на донесу-вањето, а ќе се објави во „Службен весник на Републи-ка Македонија“.

Број 24-2610/1 Заменик на претседателот

23 февруари 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Владимир Пешевски, с.р.

__________ 1470.

Врз основа на член 20 од Законот за филмската деј-ност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/2013, 18/2014, 44/2014, 129/2015 и 152/2015), Влада-та на Република Македонија, на седницата одржана на 23 февруари 2016 година, донесе

Page 4: 56 23 март 2016, среда година LXXII · Број 56 23 март 2016, ... поради истек на ман-датот, се разрешуваат: -Томислав

Стр. 4 - Бр. 56 23 март 2016

Р Е Ш Е Н И Е ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ ЧЛЕН НА

УПРАВНИОТ ОДБОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

1. Дејан Димески се разрешува од должноста член

на Управниот одбор на Агенцијата за филм на Репуб-лика Македонија, поради истек на мандатот.

2. За член на Управниот одбор на Агенцијата за филм на Република Македонија, се именува Роберт Јанкулоски.

3. Ова решение влегува во сила со денот на донесу-вањето, а ќе се објави во „Службен весник на Републи-ка Македонија“.

Бр. 24 – 2611/1 Заменик на претседателот

23 февруари 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија,

м-р Владимир Пешевски, с.р. __________

1471. Врз основа на член 9 од Законот за основање на

Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Ре-публика Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/2008, 156/2010, 59/2012, 187/2013 и 41/2014), Владата на Република Македонија, на сед-ницата одржана на 23 февруари 2016 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

ЗА ИМЕНУВАЊЕ ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА

НА ТУРИЗМОТ 1. За член на Управниот одбор на Агенцијата за

промоција и поддршка на туризмот се именува Миод-раг Атанасиевски.

2. Ова решение влегува во сила со денот на донесу-вањето, а ќе се објави во „Службен весник на Републи-ка Македонија“.

Бр. 24 – 2612/1 Заменик на претседателот

23 февруари 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија,

м-р Владимир Пешевски, с.р. __________

1472. Врз основа на член 142 од Законот за заштита на

природата („Службен весник на Република Македо-нија“ бр. 67/2004, 14/2006, 84/2007, 35/2010, 47/2011, 148/2011, 59/2012, 13/2013, 163/2013, 41/2014 и 146/2015), Владата на Република Македонија, на сед-ницата, одржана на 23 февруари 2016 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ ПРЕТСЕ-ДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ НА ОДБОРОТ ЗА КОНТРО-ЛА НА МАТЕРИЈАЛНО-ФИНАНСИСКОТО РАБО-ТЕЊЕ НА ЈАВНАТА УСТАНОВА НАЦИОНАЛЕН

ПАРК ГАЛИЧИЦА, ОХРИД 1. Од должноста претседател и членови на Одборот

за контрола на материјално-финансиското работење на Јавната установа Национален парк Галичица, Охрид, се разрешуваат:

а) од претседател: - Горан Попоски, б) од членови: - Весна Јанеска и - Ѓоко Манасиев. 2. За претседател и членови на Одборот за контрола

на материјално-финансиското работење на Јавната ус-танова Национален парк Галичица, Охрид се имену-ваат:

а) за претседател: - Горан Попоски, б) за членови: - Весна Јанеска и - Ѓоко Манасиев. 3. Ова решение влегува во сила со денот на донесу-

вањето, а ќе се објави во „Службен весник на Републи-ка Македонија“.

Бр. 24 – 2613/1 Заменик на претседателот

23 февруари 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија,

м-р Владимир Пешевски, с.р. __________

1473. Врз основа на член 17 од Законот за задолжителни

резерви на нафта и нафтени деривати („Службен вес-ник на Република Македонија“ бр. 84/2008, 35/2011, 84/2012 и 43/2014), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 23 февруари 2016 година, до-несе

Р Е Ш Е Н И Е

ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ ЧЛЕНOВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ РЕЗЕРВИ НА НАФТА И НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ

1. Од должноста членови на Управниот одбор на

Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и наф-тени деривати, поради истек на мандатот, се разрешу-ваат:

- Јулијана Димоска-Исајловска и - Размена Чекиќ-Дуровиќ. 2. За членови на Управниот одбор на Дирекцијата

за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати се именуваат:

- Јулијана Димоска-Исајловска, - Размена Чекиќ-Дуровиќ и - Исмаиљ Љума. 3. Ова решение влегува во сила со денот на донесу-

вањето, а ќе се објави во „Службен весник на Републи-ка Македонија.“

Бр. 24 – 2615/1 Заменик на претседателот

23 февруари 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија,

м-р Владимир Пешевски, с.р. __________

1474. Врз основа на член 50 од Законот за филмската деј-

ност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/2013, 18/2014, 44/2014, 129/2015 и 152/2015), Влада-та на Република Македонија, на седницата одржана на 23 февруари 2016 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ ПРЕТСЕ-ДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ПРА-ВО НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВАТА НА АГЕНЦИ-ЈАТА ЗА ФИЛМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

1. Од должноста претседател и членови на Комиси-

јата за право на поврат на средствата на Агенцијата за филм на Република Македонија, поради истек на ман-датот, се разрешуваат:

а) од претседател: - Јулиана Белевска, б) од членови: - Виолета Ставрова, - Лидија Даниловска, - Даниела Станковска-Плачковска и - Блаже Дулев.

Page 5: 56 23 март 2016, среда година LXXII · Број 56 23 март 2016, ... поради истек на ман-датот, се разрешуваат: -Томислав

23 март 2016 Бр. 56 - Стр. 5

2. За претседател и членови на Комисијата за право на поврат на средствата на Агенцијата за филм на Ре-публика Македонија, се именуваат:

а) за претседател: - Јулиана Белевска, б) за членови: - Виолета Ставрова, - Лидија Даниловска, - Даниела Станковска-Плачковска и - Блаже Дулев. 3. Ова решение влегува во сила со денот на донесу-

вањето, а ќе се објави во „Службен весник на Републи-ка Македонија“.

Бр. 24 – 2616/1 Заменик на претседателот

23 февруари 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија,

м-р Владимир Пешевски, с.р. __________

1475. Врз основа на член 55 од Закон за здравственото

осигурување („Сл. весник на Република Македонија” бр. 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009, 50/2010, 156/2010, 53/2011, 26/2012, 16/2013, 91/2013, 187/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 112/2014, 113/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 98/2015, 129/2015, 150/2015, 154/2015, 192/2015, 217/2015 и 27/2016), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 23 февруари 2016 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО

ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 1. Од должноста членови на Управниот одбор на

Фондот за здравствено осигурување на Македонија, поради истек на мандатот, се разрешуваат:

- д-р Горан Коевски, - проф. д-р Елизабета Србиновска-Костовска, - Љубиша Каранфиловски, - Илија Глигоров и - Јосиф Трајковски. 2. За членови на Управниот одбор на Фондот за

здравствено осигурување на Македонија се именуваат: - Ненад Гавриловиќ, претставник од Организација-

та на потрошувачите на Македонија, - Тања Дејаноска, претставник од Сојуз на Стопан-

ски комори на Македонија, - Љубиша Каранфиловски, претставник од Сојуз на

синдикатите на Македонија, - Илија Глигоров, претставник од Сојуз на здруже-

нијата на пензионерите на Македонија и - Бистра Ангеловска, претставник од Фармацевт-

ската комора на Македонија. 3. Ова решение влегува во сила со денот на донесу-

вањето, а ќе се објави во „Службен весник на Републи-ка Македонија.“

Бр. 24 – 2619/1 Заменик на претседателот

23 февруари 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија,

м-р Владимир Пешевски, с.р. __________

1476. Врз основа на член 11 Законот за акредитација

(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 120/2009, 53/2011 и 41/2014), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 23 февруари 2016 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е ЗА ИМЕНУВАЊЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ НА

СОВЕТОТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

1. За претседател и членови на Советот на Институ-

тот за акредитација на Република Македонија се име-нуваат:

а) за претседател: - Борче Размоски, од Министерството за транспорт

и врски, б) за членови: на предлог на Владата - Нериман Џеладини, од Министерството за еконо-

мија, - Оливера Бичиклиски, од МЗШВ, - Бети Вуковојац, од Бирото за метрологија, претставник од универзитетите - Анита Грозданов, на предлог на стопанските комори - Јадранка Аризанковска и - Митко Алексов, на предлог од телата за оцена на сообразност - Елена Јевтоска и - Благоја Богоевски, претставник од Организацијата на потрошувачите - Татјана Тасевска, претставник од редот на вработените на ИАРМ - Дејан Стојковски. 2. Со именувањето на претседателот и членовите на

Советот на Институтот за акредитација на Република Македонија на досегашните им престанува мандатот.

3. Ова решение влегува во сила со денот на донесу-вањето, а ќе се објави во„Службен весник на Републи-ка Македонија“.

Бр. 24 – 2620/1 Заменик на претседателот

23 февруари 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија,

м-р Владимир Пешевски, с.р.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

1477. Врз основа на член 70-в став 1 од Законот за култу-

рата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15 и 154/15), Министерот за култура донесe

П Р О Г Р А М А

ЗА ИЗГРАДБА НА НОВИ ОБЈЕКТИ И ЗА РЕКОН-СТРУКЦИЈА, САНАЦИЈА И АДАПТАЦИЈА НА ПОСТОЈНИТЕ ОБЈЕКТИ ШТО ГИ КОРИСТАТ НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ ОД ОБЛАСТА НА

КУЛТУРАТА ЗА 2016 ГОДИНА 1. Со оваа Програма се определува видот и носите-

лот на активностите и износот на планирани финансис-ки средства за изградбата на нови објекти од областа на културата и за реконструкција, санација и адаптаци-ја на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2016 година.

2. Со оваа Програма се планираат да се реализираат следните активности:

Page 6: 56 23 март 2016, среда година LXXII · Број 56 23 март 2016, ... поради истек на ман-датот, се разрешуваат: -Томислав

Стр. 6 - Бр. 56 23 март 2016

Page 7: 56 23 март 2016, среда година LXXII · Број 56 23 март 2016, ... поради истек на ман-датот, се разрешуваат: -Томислав

23 март 2016 Бр. 56 - Стр. 7

3. Финансиските средства за реализација на активностите од точка 2 на оваа програма во износ од 905 ми-лиони денари, се обезбедени од Буџетот на Република Македонија за 2016 година, Раздел 18010 – Финасира-ње на дејностите од областа на културата, Програми – 40, 41, 42, 48, 49, 50 и 84 од ставките 482 – други гра-дежни работи.

4. Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб-лика Македонија“, а ќе се објави по добивањето согласност од Владата на Република Македонија.

Бр. 52-837/2

23 февруари 2016 година Министер за култура, Скопје д-р Елизабета Канческа-Милевска, с.р.

Page 8: 56 23 март 2016, среда година LXXII · Број 56 23 март 2016, ... поради истек на ман-датот, се разрешуваат: -Томислав

Стр. 8 - Бр. 56 23 март 2016

СОВЕТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

1478. Врз основа на член 40, став 2 од Законот за јавното

обвинителство („Службен весник на Република Маке-донија“ бр. 150/07), член 9, член 38, став 1 и член 39 став 1 и став 2 од Законот за Советот на јавните обви-нители на Република Македонија, („Службен весник на Република Македонија“ бр. 150/07), Советот на јавните обвинители на Република Македонија, на сто и десе-ттата седница одржана на 18.3.2016 година, донесе

О Д Л У К А

ЗА ИЗБОР НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ВО ОСНОВ-НОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО СКОПЈЕ, ОС-НОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ГОСТИ-ВАР И ОСНОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

БИТОЛА

I За јавни обвинители во Основното јавно обвинител-

ство Скопје се избираат: 1. Ана Гоговска-Јакимовска. 2. Марија Џабирова-Велков. 3. Искра Хаџи-Василева. 4. Елена Жакула. 5. Ана Стојковиќ-Димитровска.

II За јавен обвинител во Основното јавно обвинител-

ство Гостивар се избира: 1. Арсим Адеми.

III

За јавен обвинител во Основното јавно обвинител-ство Битола се избира:

1. Оливера Нечаковска. Оваа одлука влегува во сила на ден 18.3.2016 го-

дина, а ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“.

СОИ. бр. 2/16 Совет на јавните обвинители

18 март 2016 година на Република Македонија Скопје Претседател,

Петар Аневски, с.р.

1479. Советот на јавните обвинители на Република Маке-

донија врз основа на член 36 од Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија („Служ-бен весник РМ“ бр.150/07), објавува

О Г Л А С

ЗА ИЗБОР НА

I 1. Еден јавен обвинител во Основното јавно обви-

нителство Скопје Сите кандидати за избор на јавни обвинители ос-

вен условите предвидени во чл. 44, 45 и чл. 46 од За-конот за јавно обвинителство („Сл. весник на РМ“ бр. 150/07) и Законот за измени и дополнување на Законот за јавно обвинителство („Сл. весник на РМ“ бр 111/08), потребно е како посебен услов да испол-нуваат за:

I Кандидатите за избор на јавен обвинител во Ос-новното јавно обвинителство Скопје како посебен ус-лов потребно е да имаат завршено Академија за судии и јавни обвинители.

Заинтересираните кандидати пријавите заедно со потребната документација, во оригинал или заверена фотокопија на нотар, уверенијата за државјанство и лекарско уверение (да не се постари од шест месеци од денот на издавањето), диплома или уверение за завршен Правен факултет и потврда за положен пра-восуден испит во оригинал или заверено на нотар, Уверение за завршена Академија за судии и јавни обвинители да ги достават до Советот на јавните об-винители на Република Македонија на кеј Димитар Влахов бр.4, V спрат во рок од 15 дена од објавува-њето во „Службен весник на Република Македо-нија“.

Приемот на документи е од 08:30 до 15:00 часот се-кој работен ден.

Некомплетните документи нема да се разгледуваат.

Бр. 08-104/1 Совет на јавните обвинители 18 март 2016 година на Република Македонија

Скопје Претседател, Петар Аневски, с.р.

www.slvesnik.com.mk [email protected] Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о. - Скопје бул. „Партизански одреди” бр. 29. Поштенски фах 51. в. д. директор и одговорен уредник – Вероника Наумовска телефон: +389-2-55 12 400 телефакс: +389-2-55 12 401 Претплатата за 2016 година изнесува 10.100 денари. „Службен весник на Република Македонија“ излегува по потреба.

Рок за рекламации: 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Депонент на Комерцијална банка, АД – Скопје. Печат: ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ДООЕЛ, Скопје.