Порта3 153

68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 153 / ПЕТОК 25.03.2011 година VII Елеганција и дизајн во црно-бела комбинација ВО ОВОЈ БРОЈ: спецИЈален прИлог за мебел Салерно, како е таму на југ? ЈАПОНИЈА: многу ИнформацИИ, премногу прашања, малку одговорИ!

Upload: porta3

Post on 25-Mar-2016

256 views

Category:

Documents


7 download

DESCRIPTION

градежништво, архитектура и екологија

TRANSCRIPT

Page 1: Порта3 153

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 1

53 /

ПЕТ

ОК

25.0

3.20

11 го

дина

VII

Елеганција и дизајн во црно-бела

комбинација

ВО ОВОЈ БРОЈ:

спецИЈален

прИлог за

мебел

Салерно, како е таму на југ?

ЈАПОНИЈА:многу

ИнформацИИ, премногу

прашања, малку

одговорИ!

Page 2: Порта3 153
Page 3: Порта3 153

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 1

53 /

ПЕТ

ОК

25.0

3.20

11 го

дина

VII

БРОЈ 153 ПЕТОК 25.03.2011 ГОДИНА VII

Неделава во Скопје се одржува Саемот за Мебел 2011. Токму овој настан е повод во овој број на „Порта3“ да одвоиме повеќе простор за ентериерот и неговото уредување, преку искажувања и презентација на домашни и странски достигнувања. Градот Салерно сместен во јужна Италија, во последните две децении е во центарот на интензивни архитектонски и урбанистички подвизи. Во неговото современо моделирање учествувале имиња како Дејвид Чиперфилд, Заха Хадид, Сантјаго Калатрава, Жан Нувел, Доминик Перо, Рикардо Бофиљ... Во 2025 година, за да преживеат, архитектите ќе мора да проектираат повеќе од објекти! Ова произлегува од најновото истражување на организацијата Building Futures презентирано во извештајот „Иднината на архитектите“, во кое се анализира иднина за архитектонската пракса, односно

кои автори ќе ги проектираат објектите во 2025 година, каква ќе биде улогата на архитектот тогаш, и со кои состојби и предизвици оваа професија ќе се соочува во иднина. Каква е иднината на атомските централи? Многу информации, премногу прашања, малку одговори. Ова е констатацијата за она што се случи во Јапонија по катастрофалниот земјотрес и цунамито, кои доведоа до хаварија во атомската централа Фукушима. Во земјата во која роботите се вклучени во многу технологии, сепак, не се создаде робот за решавање на дефектите во нуклеарните електрани. За жал, оваа задача мора да ја извршат луѓето. Но и тие не успеаја и централата засекогаш престанува да работи.

ОД РЕДАКЦИЈАТА

ГРАДЕЖНИШТВО 12ДРАГАНА ЧИФЛИГАНЕЦ:

„ЦЕНАТА НА СТАНОВИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Е НОРМАЛНА“

УРБАНИЗАМ 18ПАРИЗ ВО ВРЕМЕТО НА

БАРОН ОСМАН

АРХИТЕКТУРА 24САЛЕРНО, КАКО Е ТАМУ НА ЈУГ?

ЕНТЕРИЕР 30ЈОРДАНЧО ВЕЛКОВ:

„ОЧЕКУВАМЕ ДА ЈА ЗАДРЖИМЕ ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА“

ДОМУВАЊЕ 32ЕЛЕГАНЦИЈА И ДИЗАЈН ВО

ЦРНО-БЕЛА КОМБИНАЦИЈА

ЕКОЛОГИЈА 52ЈАПОНИЈА:

МНОГУ ИНФОРМАЦИИ, ПРЕМНОГУ ПРАШАЊА, МАЛКУ ОДГОВОРИ!

АРТ ДИЗАЈН 60ЛЕБДЕЧКИ СКУЛПТУРИ

НА ЏЕНЕТ ЕКЕЛМАН

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКАЛеонида Пенка БАША

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИИгор РИСТОВСКИ Сандра ДОНЧЕВАВладимир Б. ЛАДИНСКИТрајче СТОЈАНОВСашо КУЗМАНОВСКИАлександра ПЕТРОВСКАДаниела МЛАДЕНОВСКАБилјана САВИЌДраган РИСТОВАлександра ШЕКУТКОВСКАКире КИПРОСКИСузана ВАСИЛЕВАПавлинка АТАНАСОВАЕлена ПЕТРОВСКА

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх. - претс.проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл. град. инжВања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл. инж. арх.

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Телефон:3109 311; 3151 311; Факс:3132 924e-mail: [email protected]

Печати:Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биро Проект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро с-ка: 300000001995035 воКомерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

32

Насловна страница: СРЕБРЕН СТОЛ (рендер)

3012

60 52

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ,

Page 4: Порта3 153

4

ФАСАДНО СКЕЛЕ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

16 €/m²цена без ДДВ

AKUSTIKAKUSTIK

Page 5: Порта3 153

`

ФАСАДНО СКЕЛЕ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

16 €/m²цена без ДДВ

AKUSTIKAKUSTIK

Page 6: Порта3 153

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Апликативни софтверски пакети:• Финансово работење• Магацинско работење• Материјално работење• Основни средства• Пресметка на плата со персонална евиденција• Комерцијално работење• Благајничко работење• Пресметка на трошоци и следење на проекти во изведба во градежништвото• Матично книговодство во свињарството• Информациони системи од повеќе области

• Дизајн, развој и имплементација на апликативни софтверски решенија• Развој на веб апликации• Изработка на физибилити студии• Консалтинг од областа на ИТ• Обука• Техничка поддршка на крајните корисници

Ул. Мајка Тереза бр. 11, 1000 Скопје, Тел: +389 2 3117 533, +389 2 3216 495, +389 2 3216 497, Факс: +389 2 3216 496, е-mail: [email protected] www.elikosoft.com.mk

7

77TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

www.gim.com.mk

Page 7: Порта3 153

инфо

7

ПОРТА 03 декември 201037 ПОРТА 19 ноември 201037TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

www.gim.com.mk

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833Fax: + 389 02 30 66 828e-mail: [email protected] [email protected]

■ Санација на материјали и конструкции■ Испитување на конструкции■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата,геофизиката и инженерската геологија

Page 8: Порта3 153

инфо

ПОРТА 25 март 201138

8

ИнИцИЈатИва на дом

враќање на градскИот архИтектДа се направат измени на Законот

за Град Скопје и на Законот за локална самоуправа со што ќе се воведат термините градски архитект и општински архитекти, предлага Демократската партија на Македонија. Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, го образложува предлогот со потребата, да се живее во простори кои се по мерка на човекот, за што треба да одлучуваат стручни луѓе. Таа предлага и формирање колегиум на архитекти, кои ќе ги

избере самиот градски архитект, а ќе претставува тело составено од стручни и професионални луѓе кои во дебати со граѓаните и со стручната јавност ќе можат да носат подобри урбанистички решенија. Според неа, со оглед на тоа што сме пред усвојување на Генералниот план на Скопје, не смее да се дозволи новиот ГУП да биде донесен без широка јавна расправа што би ја водел токму градскиот архитект. Со сопствени предлози, кон иницијативата се придружи и проф. д-р Александар Андовски, кој смета дека враќањето на градскиот архитект е во согласност со неговите истражувања за развојот на јавниот простор во Европа и Македонија. „Треба да се пренесат европските

искуства, но, истовремено, и да се респектира македонската градителска традиција. Ако се зголеми квалитетот на урбаниот

јавен простор, ќе се зголеми и пазарната вредност што го формираат ансамблот на јавниот простор“, објасни Андовски.

Македонија не ги заборава своите сограѓани, Евреи, настрадани

во логорот Треблинка, жртви на фашистичкиот терор. Во Скопје, на просторот на некогашното Еврејско маало, на левата страна на Вардар, свечено е отворена монументална зграда на Меморијалниот центар

на холокаустот на Евреите. Во Меморијалниот центар има постојана изложба со подробен приказ на долгата историја за еврејскиот живот на целиот Балкан, за животот на Сефардите по нивниот прогон од Шпанија во средниот век и нивниот придонес во општеството,

а има и сеќавање на трагичното патување во логорот на смртта Треблинка. Вториот и третиот кат од Центарот се опремени со паноа на кои се презентирани историски настани, а ќе има и кафуле и мини-амфитеатар со 80 седишта. Овој дел со мост ќе биде поврзан

со арт-центарот што допрва ќе се гради. Преку сите нивоа висат 7.144 ниски - симбол на жртвите. Проектот е изграден со средства на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, што беше формиран од денационализираните имоти на македонските Евреи без наследници.

отворен меморИЈалнИот центар на холокаустот на евреИте

Page 9: Порта3 153

инфо

25 март 2011 ПОРТА3 9

9

Како во изминатите години, така и годинава, традиционално (по 14-ти пат) се организираат Македонски студентски игри 2011 од страна на Студентскиот парламент на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” - Скопје. По двегодишна пазуа, студенти од Архитектонскиот факултет - Скопје повторно ќе земат учество на претстојните Македонски студентски игри 2011. СТУДЕНТСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НА АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ го обезбеди учеството на

11 студенти од Архитектонскиот факултет - Скопје, преку финансиска поддршка од страна на компанијата ЖИКОЛ, списанието , фирмата ПЛОТЕР и ЗИМ. На овој настан, кој ќе се одржи од 1 до 5 април 2011 година, ќе учествуваат околу 750 студенти од сите факултети во рамки на Универзитетот, како и гости од останатите универзитети во Република Македонија и соседните земји. Студентите ќе имаат можност да се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: футбал, кошарка, ракомет, одбојка, шах и пинг-понг. Студентите од Архитектонскиот факултет - Скопје ќе се натпреваруваат во одбојка - мажи, пинг-понг - мажи и пинг-понг - жени. Во тек се последните подготовки поврзани со овој настан, кои Студентскиот парламент на Архитектонски факултет - Скопје со максимална посветеност успешно ги реализира.

студентИте од архИектонскИот факултет повторно се враќаат на спортскИте теренИ

Почитувани колеги - студенти на Архитектонски факултет – Скопје СТУДЕНТСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НА АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ (СПАФ),Ве поканува да земете учество на

к о н к у р сза дизајнирање СИМБОЛ (ЛОГО) на Парламентот

Конкурсната задача „Дизајнирање СИМБОЛ (ЛОГО) на Парламентот “ со кој ќе се идентификува Студентскиот парламент на Архитектонски факултет - Скопје, ќе биде спроведена според следниве пропозиции:• Право на учество имаат сите заинтересирани студенти на Архитектонски факултет - Скопје;• Во делот на креативноста нема никакви ограничувања, единствено е важно Симболот најсоодветно да го претставува Студентскиот парламнет на Архитектонски факултет - Скопје;• Симболот треба да е со јасно препознатливи форми;

• Симболот треба да биде сместен во круг со радиус од 2 см.;• Конкурсните трудови треба да бидат изработени во одреден софтверски програм и истите да бидат доставени во печатена форма на А5 формат во размер М=1:1. На печатениот прилог единствено треба да стои Симболот и шифрата под која кандидатот ќе земе учество. Заедно со конкурсниот труд кандидатот доставува и затворен плик во кој треба да ги наведе следниве податоци: име, презиме, број на индекс, студиска година и шифрата под која зема учество;• Краен рок за прием на трудовите е 15.04.2011 година. Трудовите се доставуваат во архива на Архитектонски факултет - Скопје;• Конкурсните трудови кои нема да соодветствуваат со наведените пропозиции нема да бидат разгледувани;• Кандидатот чиј конкурсен труд ќе биде избран за Симбол на СПАФ ќе добие парична награда од 50 евра;• Кандидатите на трите најдобри конкурсни трудови ќе добијат едногодишна претплата од списанието ;• Објавувањето на наградените конкурсни трудови ќе биде во број 155 на списанието Порта 3, кој ќе излезе на 22.04.2011.

Студентски парламент на Архитектонски факултет

3ПОРТА

3ПОРТА

Page 10: Порта3 153

ПОРТА 25 март 2011310

10

скопје

Повеќе од 20 години огромната карабина што остана по пропаѓањето на „Југобанка“ предизвикуваше непријатни чувства кај минувачите. Зградата што се наоѓа на улицата Луј Пастер, спроти „Лотарија на Македонија“, ја нарекуваа „убиец“ поради

несреќните случаи што се поврзуваа со неа, од кои еден беше фатален, а повеќемина минувачи завршија со тешки повреди. Беше и собиралиште на бездомници, дувло на наркозависници, јавен ќенеф од кој се ширеше смрдеа и дива депонија. Се додека Министерството за

финансии, во чија сопственост е сега објектот, не реши да го заѕида приземјето со тули и на тој начин да го спречи пристапот кон опасната и непријатна внатрешност.И конечно, дојде денот кога и оваа зграда продолжи да се гради. На теренот почна да

работи словенечката фирма „Енергоплан“, избрана на тендер. Се планира работите да завршат за 12 месеци. Десеткатницата ќе има неокласична фасада, но супермодерна внатрешност, која според најавите, ќе го подобри квалитетот на функционирањето на Министерството за финансии. Освен министерските служби, во објектот ќе се сместат и други институции кои сега се под кирија. Кога ќе биде готова зградата, таа ќе биде и енергетски најефикасниот објект во Македонија. За доградбата ќе се потрошат околу 10 милиони евра. Пред точно една деценија, во 2001 година, имаше план да се догради зградата со пет милиони евра, но поради избивањето на воениот конфликт, тогашната влада реши да ги пренамени парите, па објектот остана да зјае уште цели десет години.Министерот за финансии Зоран Ставрески го објасни неокласичниот изглед како симболика на традицијата на институцијата сместена во него, односно како знак дека во новата зграда доследно ќе се спроведуваат класичните вредности на фискалната политика. На некои не им се допадна невообичаениот изглед на објектот, но немаше бурни реакции. Сите беа среќни дека конечно ќе се догради, а каков било изглед ќе биде подобар од сегашниот.Продолжувањето на работите на „Југобанка“ отпочна само два месеца откако беше срамнета со земја старата печатница „Гоце Делчев“, уште едно дувло кое се поврзуваше со истите појави - бездомници, наркозависници, ѓубре, измет... Двата објекта што станаа еден вид црн заштитен знак на градот, бидејќи со децении наликуваа на сцени од хорор филмови, одеднаш се појавија во ново светло. За разлика од „Југобанка“, за печатницата „Гоце Делчев“ се планираше да добие старински изглед и да личи на хотелска зграда од 19 век со

стара „Југобанка“

И старата „Југобанка“ продолжува да се градИ

едно по едно, се чИстат хорор-градИлИштата

Page 11: Порта3 153

25 март 2011 ПОРТА3 11

11

скопје

аристократски лик, но сепак ќе стане модерна седумкатница. Инвеститор на зградата е фирмата „Настел“, а според информациите од општината Центар, таа ги има сите потребни одобренија и ќе може да почне да гради веднаш штом го расчисти теренот.Не само печатницата, туку и целиот западен дел на плоштадот Македонија до пред неколку години личеше на хорор градилиште. Но, една по една, се изградија и зградите на Еуростандард банка

и на други инвеститори кои беа активни на тоа подрачје, па конечно целиот потег би можел да се уреди. Долго време и сегашниот центар Соравиа стоеше како заборавено градилиште, но се догради.Скопје, сепак, нема да остане без грдотии. Зјаат неколкуте згради што останаа по аферата Фи-ком, како и уште неколку објекти поврзани со градежни измами. И објектот на Кермес остана недограден поради спор меѓу инвеститорот и државата, само една дупка се замени со друга.

Секако, тука е и познатата зграда Тифани на почетокот на булеварот Партизански одреди, која однадвор сепак не изгледа како да го нагрдува градот, ако се занемарат неколкуте дупки од куршуми настанати по спектакуларниот грабеж на блиската филијала на Про кредит банка.Но особено загрижува фактот што градот и државата не ја научија лекцијата од хорор градилиштата. Сè уште не е изграден соодветен законски или административен механизам со кој ќе се обезбеди гаранција дека тој што ќе почне да гради зграда ќе ја доврши во предвидениот рок, и нема да се откаже на половина. Законот за градење претрпе измени, но тие не го опфатија и овој аспект. Со новиот закон за градење се бара фирмите, мали и големи, на годишно ниво да имаат банкарски гаранции, наместо како што беше досега, за секој објект кој сакаат да го градат посебно. Но, и ова не значи дека сите згради што ќе почнат да се градат и ќе се довршат. Професорката Елена Думова-Јовановска смета дека измените во Зконот за градење не го нaмeтнуваат

прашањето дали сите објекти што ќе почнат да се градат и ќе се довршат или, пак, дали старите грдотии ќе исчезнат. „Банкарските гаранции се однесуваат на тоа дека фирмата што конкурирала на тендерот е стабилна и доколку дојде до нешто несакано во текот на градбата има пари за да се исплатат оштетените. Но, тие банкарски гаранции не значат дека сега фирмите ќе почнат масовно да градат само затоа што имаат годишна гаранција, а не за секој објект посебно. Банкарските гаранции се исклучиво доказ дека фимата добро ви работи“, објаснува Думова-Јовановска.И од Стопанската комора на Македонија сметаат дека годишните банкарски гаранции не се доказ дека новите објекти или оние што веќе почнале да се градат ќе се довршат. „Дали законот за градење и новините во делот со банкарските гаранции е причина старите дувла да се направат, не е важно. Добро е тоа што конечно зградата што долги години стоеше како дувло, сега ќе ја нема“, истакнуваат од Стопанската комора.

Катерина сПАсОвсКА-тРПКОвсКА

просторот на некогашната печатница „Гоце Делчев“

Page 12: Порта3 153

ПОРТА 25 март 2011312

12

градежништво

На неодамна одржаниот прв меѓународен Саем на недвижности, компанијата „Адора инженеринг“ доби признание за најдобар инвеститор во 2011 година. Станува збор за компанија која е во постојан подем и која е сериозен играч на пазарот на недвижности. Мотото на компанијата истакнато уште при нејзиното основање дека „Само делата се вистина“ не се изневерува. Сега кон него се додава дека „довербата во Адора инженеринг и купените недвижности се најцврста валута“. Зашто, компанијата не продава „квадратен метар“, туку квалитетни домови според европски стандарди, зад кои стои градежна фирма составена од специјализирани проектантски и изведувачки тимови. За наградата и за работењето на компанијата разговаравме со м-р Драгана Чифлиганец, директор за маркетинг и инвестиции на „Адора инженеринг“ .

вашата компанија стана добитник на „Ѕвездата“ за најдобар бренд во 2011 година, што значи за вас ова признание? „Адора Инженеринг“ е добитник на повеќе признанија и награди во текот на долгогодишното работење, но оваа награда „Инвеститор за 2011“ за развој во областа недвижности (Real estate awards - Developer of the year 2011) која за првпат се додели на Првиот меѓународен саем за недвижности Real EX, ни претставува огромно задоволство. Таа е доказ дека и во Македонија професионалниот пристап и работењето според меѓународни стандарди се цени и се препознава од страна на клиентите и од релевантните институции. Оваа наградата ја добивме во време кога „Адора инженеринг“ ќе го заврши јубилејниот илјадити стан, стотина деловни простори, 1.200 паркинг-плацови, и е круна на нашето досегашно успешно работење.

Ова е мотив повеќе оваа година да работиме уште понапорно и да придонесеме кон зголемување на стандардите во градежништвото во Република Македонија.

Дали ви помогна саемот во вашиот бизнис, односно колку имаше интерес за вашите градби? Годинашниот саем и главната награда беа потврда повеќе за „Адора“ дека се наоѓа на вистинскиот пат, и дека тоа е патот што и понатаму ќе продолжиме да го следиме. Воедно, искористивме прекрасна можност да се дружиме со нашите стари, како и нови клиенти и да ги запознаеме со нашите тековни и идни проекти, како што се под Водно, Ново Лисиче, Охрид и Струмица, кои се секогаш чекор понапред во однос на квалитетот, испораката и понудата. Штандот на „Адора“ беше посетен од над 10.000 посетители, а тоа покажува голем интерес за нашите

градби. Со огромната посетеност и телефонските повици после саемот и зголемената продажба во текот на саемскиот период, граѓаните го искористија саемскиот попуст до седум проценти, со што се покажа дека граѓаните имаат интерес за купување на недвижности во „Адора инженеринг“.

Како компанија, кои се вашите знаци на препознавање во поглед на квалитетот? За „Адора“ приоритет е имплементација на високи стандарди за квалитет и сигурност, енергетска ефикасност, акустична, термичка, асеизмичка градба, функционалност и препознатлива архитектура, а со ова признание се докажа дека македонскиот пазар за недвижности почна да препознава квалитет и сигурност. Квалитетот се препознава од самиот почеток со поставување на темелите, квалитетните материјали, почитувањето на најновите прописи за енергетски ефикасни објекти, па сè до завршниот слој на фасада од водонепропустлив пластичен малтер со современ естетски третман. Со најмодерни влезови од мермер или гранит, со видео надзор во и надвор од објектот, електричен пристап за влез со шифра или картичка, хидраулични лифтови, модерен внатрешен дизајн од првокласна керамика, па сè до поставување оптички интернет и инсталации за кабловска. Практично, почитување на принципот „Сè на едно место“, од инвестирање до заштита на животната средина.

Годинава, според некои најави се очекува експанзија и станбен бум во државава. Какво е вашето мислење, и врз кои параметри се темелат ваквите очекувања? Овде треба да се земе предвид дека стагнацијата во продажба на станови изминатите две години во Македонија, како последица на економската криза што, пред сè, психички делуваше на клиентите, а исто така и на банките, кои го заострија критериумот за кредитирање, доведе до намалување на понудата на станови. Како што таа ситуација дојде во една преодна фаза, така довербата се врати кај клиентите и кај банките, што резултираше со зголемување на побарувачката. Од друга

цената на становИте во македонИЈа е нормална

м-р Драгана ЧИФЛИГАНЕЦ, директор за маркетинг и инвестиции на „АДОРА инженеринг“:

Page 13: Порта3 153

25 март 2011 ПОРТА3 13

13

градежништвострана, спроведувањето на голем број лицитации за продажба на државно земјиште резултира и со зголемување на понудата, така што само по себе е реално да се очекува експанзија и станбен бум во државата во однос на изминатите две години. Што се однесува за нашата компанија, можам да кажам дека нашите станови се продаваа и во време на најголемата стагнација на пазарот.

Каква е состојбата со пазарот на станови кај нас, пред сè, во поглед на изградбата и нивната побарувачка? Понуда на станови има, но нема доволна понуда на сигурни и квалитетни станови, според вкусот и потребата на купувачите. Купувачите во Република Македонија имаат изострен вкус, бараат високи стандарди. Затоа максимално се трудиме да ја зголемиме нашата понуда со цел што побрзо да одговориме на реалната побарувачка на сигурни и квалитетни станови на пазарот.

Има ли кредитирање на продажбата на станови, или пак луѓето, сè уште, во најголем број ги плаќаат во готово? „Адора инженеринг“ од самиот почеток има принципиелна финансиска поддршка на своите клиенти заедно со деловните банки во земјава. Мора да се напомене дека банките во Македонија започнаа со давање на поповолни услови за станбени кредити со што придонесуваат за значително зголемување на продажбата на станови, особено за младите брачни парови, кои сега полесно можат да дојдат до сопствен дом. Ако во изминатите години се бараше имотен лист и минимум 50 отсто учество, денес купувачите можат да купат стан, на пример од нашата компанија, во соработка со дел од деловните банки. Купувачите можат со Лист за предбележување да го стават под хипотека и самиот стан во изградба, со најниска каматна стапка досега од 6,5 насто, со учество од само 30 отсто и 30 години рок на отплата. Секако дека банките можат да одиграат важна улога во кредитирањето на станови, што од ден на ден станува сè поповолно.

Може ли во Македонија да се градат евтини, а квалитетни станови? Кои се

минимум критериуми и стандарди, кои не смеат да бидат заобиколени при изградбата на станови? Во Македонија може да се градат и се градат евтини, а квалитетни станови, кои се секогаш по желба и мерка на купувачите што имаат изострен вкус, а не се подготвени да платат многу. Едноставно, купувачите знаат што сакаат. Минимум критериуми и стандарди за квалитет и сигурност, кои не смеат да се заобиколат се асеизмичка градба, енергетска ефикасност, акустична, односно термичка изолација, функционалност и препознатлива архитектура која лесно се вклопува во целото урбанистичко опкружување карактеристично за ова поднебје.

Какво е вашето мислење за изградба на социјални станови, има ли пазарна логика за такво нешто кај нас? Ја поздравувам таквата одлука. Цената на станбен простор зависи од цената на земјиштето и квалитетот. Социјалните станови се градат на државно земјиште, па оттука тие треба да се по пониски цени.

Многумина сметаат дека цената на квадратен метар стан кај нас, сè уште, е превисока. Што треба да се случи цената да биде пониска и пошироко прифатлива? Цената на становите во Македонија е нормална и не гледаме како би можела да биде пониска, земајќи предвид дека берзанските продукти во последниот период бележат значителен раст, реално е да поскапи и самата градба во која најголемиот дел од материјалите се берзански зависни производи. Цената за купопродажба на земјиштето, комуналиите, цената на материјалите, инвестирањето во нови технологии, со цел задоволување на стандарди и критериуми за квалитетно, сигурно и модерно живеење ја сочинуваат цената, и доколку разговараме за пониски цени ја доведуваме сигурноста и квалитетот во прашање. Најевтиниот плац што

„Адора“ го купила бил 200 евра, а најскапиот 410 евра по квадратен метар. Значи, кога ќе купите толку скапо земјиште, не може да очекувате дека становите ќе се продаваат евтино. Во крајната цена на станот учествуваат градежната парцела, комуналиите, станбената градба. Сметаме дека во минатото пазарот, односно купувачите научија дека сигурноста и квалитетот се секогаш најевтини, иако финансиите се вложуваат однапред. Мора да се напомене и дека во Белград, на пример, на атрактивна локација се продаваат станови по цена од 2.000 евра за квадратен метар. Во Скопје на иста таква локација се продаваат по цена од 1.400 евра. Ние не можеме да се споредиме со Бугарија, каде премногу се гради и има многу голема понуда во однос на побарувачката и затоа цените се ниски.

се претпоставува дека во скопје се градат многу станови и дека понудата е поголема од побарувачката поради намалената платежна моќ на населението. Дали има несразмерност меѓу понудата и побарувачката? Според нашите анализи понудата и побарувачката на становите во Скопје е во размер или приближно 1:1.

Дали влезот на странски компании ќе ги намали цените на пазарот на станови? Влезот на странски компании во никој случај не смее да ги намали цените на пазарот. Доколку

зборуваме за намалување на цените тогаш треба да се запрашаме за какви странски компании станува збор? Математиката е едноставна наука во која не постои простор за манипулација, па така и во градежништвото многу лесно и едноставно се објаснува влезот на странските компании. Во никој случај не можат да понудат поевтини цени од домашните градежни компании од причина што не се инсталирани во државата, немаат кадар кој е законски обврзан да работи според акредитирани лиценци од нашата земја, што подразбира вработување на локален технички кадар, кој ќе треба да го мотивираат повеќе како би стекнале доверба. Потоа следува процесот на ангажирање на повеќе мали фирми како подизведувачи, кои дополнително ќе ја подигнат цената. Што се однесува до цената на материјалот, тој е еднаков трошок за сите, односно сите исто го плаќаат на пазарот. Финансирањето на проектите, пак, ќе се одвива преку локални македонски банки. Така што сите овие работи говорат дека влегувањето на странски компании може само да ги зголемат критериумите за квалитет, но со тоа и цените што во пракса веќе се докажа во Скопје, бидејќи има странски компании што нудат по највисоки цени на пазарот. Доколку се мисли само на субвенционирање на странски компании, само колку да влезат на пазарот, тогаш е подобро тие субвенции да се поделат на македонските граѓани и да купат поевтини станови.

Page 14: Порта3 153

градежништво

ПОРТА 25 март 2011314

14

две повеќекатници со подземен пазар

платформи на реката Отиња

од платформИ до брана штИп пред новИ градежнИ предИзвИцИ

Планирани се две повеќекатници од 50 метри. Се подготвува реконструкција на плоштадот и постапка за брана на река Отиња. Идејата за затворен пазар ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство. Само од два крупни градежни зафати општината ќе инкасира над 70 милиони денари.

Page 15: Порта3 153

градежништво

Општина Штип работи на неколку проекти кои треба да го раздвижат градежниот сектор во

градот. Идејата за затворен пазар, која постои многу години, ќе се реализира во текот на оваа година. Планот е, на локација од околу 25.000 квадратни метри, позната како „Печурки“, да се изградат две повеќекатници и затворен пазар од 3.000 квадратни метри. На оваа локација во моментов има околу 80 времени објекти, од кои 50-тина се активни. Барањето за промена на урбанистичкиот план на седница на Советот ги раздвижи дуќанџиите од оваа локација, кои побараа нивните времени објекти да не се дислоцираат.Градоначалникот Зоран Алексов изјави: „Станува збор за времени објекти за кои ни во минатото не им е ветено дека еден ден ќе можат да си ги легализираат локациите на кои се наоѓаат. Уште со потпишување на договорот, знаат дека имаат

времени објекти кои еден ден ќе мора да ги отстранат. Освен тоа, со измените на Законот тие нема да можат да вршат трговија во времени објекти. Наша интенција е на таа локација да се изградат две повеќекатници со височина од 50 метри со вкупно 220 станови, додека приземниот и подрумскиот дел би бил затворен пазар. Ова е проект од јавно-приватно партнерство бидејќи инвеститорот на таа локација, на површина од 3.000 квадрани метри, би направил затворен пазар за потребите на општината, а ние би го ослободиле од надоместот за комуналии на земјштето“.Оваа година ќе се градат неколку станбено-деловни комплекси заради што само во оваа година се очекува приход по основ на комуналии и уредување на градежно земјиште од над 70 милиони денари. Само од два објекта кои ќе се градат во Штип, локалната самоуправа ќе инкасира околу 30 милиони денари, а остатокот е по основ на

легализација на дивоградбите.Во врска со проектот за уредување на централното градско подрачје, Алексов напомена дека сите проекти се финализирани и дека до крајот на март се очекува потпишување на договор со Светската банка за кредитот од два милиони евра. Дел од проектот за реконструкција на централното градско подрачје ќе биде и плоштадот. Штип ќе добие нов плоштад со нови содржини. Меѓу проектите на кои се работи е и референдумот за изградба на брана на река Отиња. Комисијата работи и наскоро се очекува да се измени проектот за камено-насипна брана со тоа што наместо со височина од 33 метри, таа би била 24 метри. Тоа значи намалување на трошоците, а со оглед на тоа што општината е во фаза на активности за референдум за пренамена на пари од самопридонесот, тоа значи дека уште во старт располага со 1 милион евра. Браната, според грубите пресметки, би чинела

околу 1.6 милиони евра, но при тендерска постапка може да има и помала цена. Освен тоа, проект веќе постои од порано со сите ревизии и ќе бидат потребни мали средства за негова преадаптација.Последниот од низата проекти на кои се работи е и уредување на улицата Ванчо Прке во пешачка зона. Првичната идеја која предвидуваше шеталиште од околу 350 метри долж улицата се напушта и наскоро ќе биде распишан повик за ново решение. Намерата на општината е крстосницата кај Стопанска банка да ја спушти под земја, а надвозниот дел да биде претворен во пешачка патека со поголема должина од замисленото. За овој проект ќе бидат потребни околу три милиони евра. Со него ќе се овозможи сообраќај по двонасочни улици, деблокирање на густиот сообраќај и пред сè, пешачка зона во срцето на Штип.

Драган РИстОв

Page 16: Порта3 153

ПОРТА 25 март 2011316

16

рубрика

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занаетчиски работиТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛул. Востаничка 51, СкопјеТел: 02/3110 847 02/3110 848Факс: 02/3138 384e-mail: [email protected] [email protected]

Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи.Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим од градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите што ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и не'рѓосувачки

челик за

затворање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 17: Порта3 153

25 март 2011 ПОРТА3 17

17

архитектура

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и не'рѓосувачки

челик за

затворање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 18: Порта3 153

урбанизам

ПОРТА 25 март 2011318

18

урбанИзам пред повеќе од век И половИнаДенешниот лик на срцето на еден од најубавите градови во светот, ликот на срцето на Париз, е формирано во втората половина на 19 век. Симболите на Париз: Елисејски Полиња, Етоал, Опера, Булевар Сен Мишел ..., кои го прават препознатлив, се од тоа време. Тие се дело на барон Осман. Кој е барон Осман? Жорж-Ежен Осман, познат под името барон Осман, бил префект на Сена, човекот кого Наполеон III го ангажирал да го реконструира Париз во период од 1852 до

1870 година, иако работите продолжиле до крајот на 19 век. Барон Осман бил енергичен, решителен, методичен човек. Тој не бил архитект, не бил иженер, но тој ја извел оваа грандиозна операција. Во тогашните историски, социјални услови, тој оформил ефикасен тим од инженери и архитекти, покажувајќи ја нивната важност во цивилното општество. Тој бил предвесник на денешниот менаџмент. Генијален менаџер. средновековен парИзВо средината на 19 век, центарот на градот бил со структура на

средновековен град, со тесни испреплетени улици и пренатрупани згради. Хаотичен. Дополнително, во 1832 година, во градот се појавила голема епидемија на колера.Таа убила 20.000 луѓе во градот што тогаш броел 650.000 жители. Позната е фамозната анализа на Мишел Фуко која била фокусирана на здравиот воздух, на неопходноста за негова циркулација, на можноста за постојано струење на воздухот помеѓу објектите... Наполеон III, кој дошол на чело на Франција во 1848 година, решил да го среди хаосот. Да го модернизира градот. За реализирање на оваа задача,

во 1853 година, тој го ангажирал префектот на Сена, (на фамозниот оддел 75), барон Жорж-Ежен Осман. Тој со својот визионерски поглед и ефикасен тим составен од секаков вид инженери, ја започнал грандиозната обнова на Париз. Во периодот од 1859 до 1860 година биле срушени 20.000 стари куќи во срцето на градот, а од 1852 до 1872 година биле изградени 40.000 нови.Барон Осман и неговиот тим реализирале грандиозни проекти. Направиле огромни трансформации.Во 1859 година биле донесени законите за регулација на урбанистичкото планирање

РАДИКАЛНО Со обемниот план за

реновирање на Париз на Жорж Ежен Осман, во

периодот од 1859 до 1860 година биле срушени 20.000 стари куќи во

срцето на градот, а од 1852 до 1872 година биле

изградени 40.000 нови

парИз пред век И половИна

Париз во времето на барон Осман

булевар Осман

Page 19: Порта3 153

урбанизам

25 март 2011 ПОРТА3 19

19

на Париз. Тие ја одредиле максималната висина на зградите од 17,55 до 20 метри на улици пошироки од 20 метри. Косините на крововите ги дефинирале со агол од 45 степени. Типичните фасади од тој период се со строга елеганција, организирани околу хоризонтална линија, која честопати продолжува од еден на друг објект, со балкони и декоративни венци.За да ги истакне новите, а и старите споменици, Осман ги применил широките перспективи во облик на авении или пространства. Најизразит пример е плоштадот Етоал, од каде започнуваат дванаесет авении,

а најпозната од нив е авенијата Елисејски Полиња. Биле формирани големите скверови на раскрсниците како плоштад Етоал, плоштад Леон Блум, плоштад Конкорд, плоштад на Републиката. Биле отворени нови сообраќајни линии во правците север- југ, (булеварите од Себастопол до Сент Мишел) и исток-запад. Прстенот на булеварите бил конструиран. Се изградила водоводна и канализациона мрежа. Еден од најголемите јавни проекти во тој период е Операта Гарние, дизајнирана од Шарл Гарние, а изградена во 1861 година. Ајфеловата кула била изградена во

1889 година за интернационалната изложба по повод стогодишнината од Француската револуција. Главен архитект на кулата бил Густав Ајфел по кого градбата го добила името. Низ центарот на Париз биле вкрстени новоизградените светли, чисти гигантски раскрсници и плоштади. Изградбата на мрежа од модерни улици со ширина до 30 метри, и натаму е главниот 'рбет на урбаното тело на градот.

парковИ И железнИчкИ станИцИИнженерот Жан Шарл Алфон бил ангажиран да креира нови паркови

и нови зелени површини. На исток и на запад градот бил поврзан со двете шуми, Винсенската и Булоњската. Парковите, Брдо Шамон (parc des Buttes Chaumont), Монсо (parc de Monceau) и Монтсури (parc Montsouris), и денес овозможуваат релаксација и престојување во природа на жителите од градот. Интересно е дека Алфон креирал сè што е во врска со улиците, со авениите, со скверовите. Креирал киосци, клупи, огради, светилки. Го прецизирал распоредот на местата каде што се саделе дрвјата на секој сквер и по должината на сите нови авении.

Барон Жорж-Ежен Осман (1809-91)

Операта Гарние

улицата Монж

Page 20: Порта3 153

ПОРТА 25 март 2011320

20

Барон Осман ги реконструирал и железничките станици „Лион“ во 1855 година и „Северната станица“ во 1865 година.Податоците за планови за изградба на метрото егзистираат уште од 1845 година, иако првата линија е комплетирана во јули 1900 година. Треба да се спомене дека подземната железница во Лондон, исто така, била изградена од тимот на Осман.

резервоарИ И аквадуктИ За да биде комплетно реновирањето на Париз, биле изградени резервоари и аквадукти за снабдување со вода. Барон Осман ангажирал човек кој знаел како да го направи тоа, како да најде вода и како да изгради добар систем за водовод и модерна мрежа на подземна канализација. Тоа бил инженерот Ежен Белгранд. Toj креирал нов систем за снабдување со вода. Помеѓу 1865 и 1900 година бил изграден аквадукт од 600 км, како и најголемиот резервоар, кој се снабдувал со вода од реката Ван. Самата експлозија во градењето довела до проширување на градот. Во 1860 година, Париз се зголемил, од старите 12 на нови 20 арондисмани. Трансформацијата на Париз го изменила и квалитетот на животот во градот. Масовните болести и епидемиите престанале. Сообраќајот и гужвите во движењето се намалиле, а новите згради биле секако подобри од претходните. Со планот на барон Осман градот добил нов лик, комплетно реновирање, а Париз ја добил својата денешна елеганција и препознатливост по објектите. Неговиот метод на работа бил широко копиран во другите француски градови, како и во Рим и во Мексико Сити.

крИтИка И 20 векКритичарите на урбаната политика на Наполеон III му замерувале за гушењето на градот од новата монотона и монументална архитектура. Помеѓу уметниците, архитектите, политичарите и писателите, имало критики, имало неодобрувања и обвинување за корупција.На пример, познатиот француски писател кој живеел во тој период, Емил Зола (1840 – 1902), познат по литературниот натурализам, и кој допринел за развојот на

урбанизам Авенија Елисејски Полиња

Пирамидата кај Лувр

Културниот центар „Жорж Помпиду“

Page 21: Порта3 153

25 март 2011 ПОРТА3 21

21

театарскиот натурализам, во своето литературно дело La Curee (1872), втор роман од серијата книги за сагата на фамилијата Rougon-Macquart, жестоко зборува за екстремно збогатената „нова класа“, создадена со реконструкцијата на Париз. Книгата била инспирација за снимање на два филма. Првиот бил снимен во 1937 година, од американскиот режисер со германско потекло Вилијам Дитерле, а вториот во 1966 година, од францускиот режисер Роже Вадим, со Џејн Фонда и Мишел Пиколи. Со урбаната легислатива од 1882 и 1884 година, бил трасиран патот за крајот на „чистиот Османизам“. Почнале да се кршат правилата за униформирањето на улиците, фасадите, крововите. Новата ера, почетокот на новиот 20 век, ги отфрлила идеите на Осман. Целосно биле прифатени идеите на претставниците на новата архитектурата, како идеите на архитектот Лe Корбизје (1887-

1965). Со дваесеттиот век, Париз се отвора за новите, современи креации. На конкурсите, учествуваат архитекти од целиот свет, добиваат и реализираат проекти. На пример, во новиот дел на градот, во Дефанс, во 1989 година бил реализиран проектот Големата арка (La Grandе Archе) на данскиот архитект Јохан Ото фон Шпрeкелсен (1929-1987).Културниот центар „Жорж Помпиду“ на архитектите Ренцо Пиано (Италија) и Ричард Роџерс (Англија), се реализирал во периодот од 1971-1977 година, а во 1989 година, американскиот архитект со кинеско потекло Ио Минг Пеи, на иницијатива на претседателот Митеран, го реновирал Лувр, и ги креирал стаклените пирамиди.

препознатлИвостСо планот на барон Осман, Париз станал град со долги улици, широки булевари, убави скверови, монументални објекти. Главната придобивка - отвореноста на

просторот, создала нов тип урбано сценарио. Познатите кафеа и продавници на париските булевари позитивно влијаеле на секојдневниот живот на парижаните. Тие го определиле стилот на живот по кој градот е препознатлив во светот. Останува дилемата, дали срушените стари објекти, ако ги преживеале изминатите векови, дали денес, ќе му дадеа уште поголем и поубав шарм на најубавиот град во светот? Или можеби ќе беа само негови симболи од едно друго, постаро време?

п.с. Зошто потсетувам на барон Осман? На визионерството и талентот на човекот што бил генијален менаџер, пред повеќе од век и половина. Можеби може малку да помогне околу хаосот во нашиот град. Искуствата што постојат треба да се користат. Тие се општи, цивилизациски сознанија. Во овој момент, во нашиот град, доста се гради, но и се руши. Чувството дека

отсуствува темелно размислување и планирање, се наметнува само по себе. Никнуваат објекти на кои им е дискутабилно местото. Се градат високи објекти (над 18 метри) околу мали улици, помали и од 6 метри ширина. Сообраќајните метежи се сè поголеми, проблемите со паркирање се сè поизразени. Го губиме отворениот простор. Го губиме дури и струењето на воздухот. Градот мора да се планира комплетно, во сите негови сегменти. Неопходно е да се согледа и испланира неговото опстојување денес. Но, и да се планира неговиот лик во иднина, од сите аспекти. А за тоа е неопходно визионерство. „Талентот овозможува сè, генијалноста тоа што е возможно“ (Le talent fait ce qu’il veut; la genie fait ce qu’il peut), запишал Жан Кокто (1889-1963). Барон Осман ги имал двете, талент и генијалност.

Љупка ДуКОвсКА, дипл.инж.арх.

НОв ГРАД Глобално гледано, се проценува дека делата на барон Осман го измениле Париз за 60%

Големата арка

урбанизам

Page 22: Порта3 153

ПОРТА 25 март 2011322

22

архитектура инфо

сад

спокој и елеганцијаWimberley House е проект на Cunningham Architects, изведен во Вимберли, Тексас. Куќата ја сочинуваат две дискретни „кутии“, едната од бетон, а другата од стакло, поставени во простор од 500 квадратни метри, во густа шумска вегетација. Двата објекта се поврзани со едноставен стаклен ходник кој го доловува амбиентот на осамена прошетка по работ на шумата. По метални спирални скали се стигнува до пространиот покрив, дизајниран како место за одржување приватни прослави, од каде што видикот се протега до 16 километри во хоризонтот. Објектот е изграден во согласност со прописите за енергетска ефикасност.

австралИЈа

место за „фаќање магла“„A Place to Catch (SEA) Breeze“ е работниот наслов на овој проект, со кој BLOXAS + Chian Quah влегоа во финалето на 2011 Brisbane Ideas Competition. Објекти кои ќе служат за „ловење“ на влажен воздух и атмосферска кондензација од океанската површина, ќе се издигнат над австралиското крајбрежје, близу Бризбејн. Бидејќи градот е оддалечен повеќе од 20 километри од самиот брег, постои недостиг од струење на воздухот. Ова пак, во комбинација со суптропската клима претставува основна идеја за дизајнирање објекти со ваква намена. Зиме, специјалните инсталации ќе апсорбираат влага, а лете истата ќе ја дистрибуираат во вид на фина роса над градот.

канада

принцот од бајкитеХотелот „Принцот од Велс“ сосем со право е една од најфотографираните градби во светот. Стилски акцентираната елеганција на градбата се вклопува во планинскиот амбиент, на начин кој асоцира на описот на дворците во бајките. Станува збор за градба подигната во 1927 година, која до денес има поминато низ повеќе реновирања, но чиј автентичен изглед не претрпел значајни промени. Денес, овој објект претставува главна архитектонско-амбиентална атракција во подрачјето на Националниот парк Waterton Lake во Канада.

Page 23: Порта3 153

25 март 2011 ПОРТА3 23

23

архитектура инфо

ИндИЈа

облак од луксузВодечките светски специјалисти за сеизмолошки инженеринг беа регрутирани од страна на програмата Forum Projects за развој на западен Бенгал, за да проектираат „облак“ над хоризонтот на Колката. Футуристичкиот дизајн на лебдечкиот комплекс, кој покрај луксузните вили опфаќа и базени, терени за голф, сквош и бадминтон, мини театар и уште многу други содржини, е дело на архитектите од Arc Studio. „Deya“ (што во превод буквално значи облак), ќе биде наречена драматичната „небесна скулптура“ која ќе лебди над градот на висина од 500 метри, со што ќе биде највисокиот, но и најскап објект во регионот. Изведбата на ова екстравагантно архитектонско здание „тежи“ околу 75 милиони фунти.

сад

брановидна библиотекаОбјектот наречен Sunrise Mountain Library, е дело на архитектите од компанијата Richärd + Bauer, лоцирано во Пеорија, предградие на Феникс, Аризона. На архитектите им бил даден само празен плац и строго определен буџет, па дури и тие самите биле изненадени од сопственото решение. Во околината сочинета од куќи кои наликуваат една на друга, необичниот дизајн од бетон и стакло со кој се истакнува новата библиотека е вистинско освежување за Пеорија и жителите. Внатрешниот простор е поделен на повеќе зони, во кои покрај тематски одредените оддели се наоѓаат и неколку простории за престој, барови и повеќенаменски сали.

подготви: Леонида ПЕНКА БАША

Page 24: Порта3 153

архитектура

ПОРТА 25 март 2011324

24

Салерно сè уште не е голем, но наскоро ќе биде. Тој е среден по големина град, сместен

во јужна Италија, попрецизно во регионот Кампања, гледајќи кон Медитеранот и познатиот Амалфи брег и островот Капри. Бил основан како замок, мала тврдина од страна на Римјаните во 194 година по нашата ера и архитектурата е тесно поврзана со неговата историја. Освен римските вили, овде се граделе и други грандиозни градби, како катедралата Св. Матеј од 1080 година, со воодушевувачки футуристички архитектонски слоеви, која е само една од многуте

прекрасни цркви во ова место. Замокот на Ареки е изграден во осмиот век, кога Ареки Втори го прогласил Салерно како главен град на своето кралство. Многу историски градби датираат од дванаесетиот век, како убавата палата Фрушоне. Мешајќи го средовековното, барокот, па и либерти стилот, овие градби го креираат историскиот центар на градот. Всушност, иако многу лоши зборови се кажани за Кампања и окружувањето на Непал во врска со проблемите со нечистотијата и отпадот, Салерно може да се пофали со национален примат за

одделно регулирање на отпадот, што звучи како парадокс за двата града оддалечени само 60 километри. Градот почнува да живее повторно, реоткривајќи нов живот, тој е во центарот на интензивни архитектонски и урбанистички подвизи во земјата. Ако поминете еден ден во Салерно можете да почувствувате дека нешто константно се менува: луѓето сакаат да се движат по реновираните улици и туристичкиот прилив расте сè повеќе и повеќе. Во последно време, откако Винченцо Де Лука е градоначалник на градот, од 1993 па до 2001

и повторно од 2006 до сега, се направени неколку нови работи кои го внесоа Салерно во архитектурата на третиот милениум. На почетокот, архитектот Ориол Бохигас беше повикан да направи нацрт на новиот мастер план на Салерно. После тоа, како во прирачник за современ дизајн, имињата од ѕвездениот систем го запишаа Салерно и развија пакет на „мерки“ побогати од други градови во Италија. Идејата на Де Лука и на претходната локална влада, која траеше повеќе од една деценија, е дека модерниот град мора да биде моделиран во своето време и учителите на современата

МОДЕЛИРАЊЕ Градот Салерно во јужна Италија, во последните две децении е во центарот на интензивни архитектонски и урбанистички подвизи. Во неговото современо моделирање учествуваат имиња како Дејвид Чиперфилд, Заха Хадид, Сантјаго Калатрава, Жан Нувел, Доминик Перо, Рикардо Бофиљ...

салерно - град на третИот мИленИум

(Специјално за Порта3 од Салерно) Франческо ЧИтРО, градежен инженер

Салерно, како е таму на југ?

Page 25: Порта3 153

архитектура

25 март 2011 ПОРТА3 25

25

уметност треба да му помогнат да се развие. Поради тоа, тие одеднаш се посветија на Салерно. Дејвид Чиперфилд, Заха Хадид, Сантјаго Калатрава, Жан Нувел, Тобиа Скарпа, Масимилиан Фуксас, Доминик Перо, Рикардо Бофиљ - овие се најпознатите имиња кои го оставаат својот печат. Како што спомнав претходно, Каталонецот Ориол Бохигас, познат по сличната работа во неговиот роден град Барселона, беше првиот кој се приклучи кон оваа нова авантура. Тој сонуваше да им ја даде правдата на овие места, создавајќи големи зелени површини и ново пријатно

крајбрежје кое се протега од западната граница на Салерно, до источната. Кога мастер планот беше готов, настапи англискиот архитект Дејвид Чиперфилд. Неговиот проект „Основен Суд“ е исто така еден од видните градби при пристигнувањето на Железничката станица во Салерно и беше изложен на Венециското биенале. „Проектот - објасни Чиперфилд - беше створен по стандардната типологија на судот, што традиционално е смислена како маркантна структура со столбеста фасада. Како контраст на оваа конвенционална слика нашиот предлог го надмина

институционалниот модел на фрагментирање на волуменот во една композиција на помали згради.“Секој волумен е структуиран како посебен блок, составен од ѕидни панели, специфичен по серија на отвори дизајнирани да го акцентираат вертикалниот изглед, во контраст на хоризонталната база од која никнуваат неколку големи волумени. Целта на Чиперфилд беше да создаде зграда која нема да делува судски заплашувачко, способна да ја шири идејата на правдата, а не на авторитетот. Според мене, она што навистина го менува лицето на овој град се

масивните градби на крајбрежјето. Првата на Заха Хадид и втората на Сантјаго Калатрава. Проектот беше развиен од страна на Заха Хадид за поморската станица, која ќе отвори нова интимна врска помеѓу градот и крајбрежјето и претставува вештачка земја во постојана медитација помеѓу цврстото и течното.„Нешто слично на школка - објаснуваат архитектите на Заха Хадид - градбата е опремена со цврста школка која ги затвора течните елементи внатре во истата. Водната топографија дозволува континуирана диференцијација на просторот, додека обезбедува лесна

Zaha Hadid, Stazione Marittima

Zaha Hadid, Stazione Marittima Ricardo Bofil, Piazza delle Libertà

Zaha Hadid, Stazione Marittima

Page 26: Порта3 153

ПОРТА 25 март 2011326

26

ориентација. Основната структура е изработена во вид на рид со мазна, но нерамна земја. Целата област ќе биде осветлена, нѐ само да ги води патниците по целата рута којашто ја поминува поморската станица, туку и да се осигура дека однадвор, светлото на терминалот изгледа на симбол на скапоцена област која била дом на Норманите, Лонгобардите и Саракините“. Што е со Сантијаго, чии зборови и филозофија отсекогаш ме

фасцинирале? Тоа што лично присуствував на презентацијата на неговиот проект, можам отворено да тврдам дека две години по целосната реализација на овој проект, целата област ќе добие поголема вредност. За растот на градот, Калатрава кажува дека мора да биде вклучена и инфраструктурата, и забавата и културата. Чиста иднина не чека во градот Салерно каде што квалитетот на животот може да

биде многу голем. Градоначалникот Де Лука отворено кажа дека има амбиции да го окарактеризира Салерно како град со урбана и културна трансформација, гледајќи го градот како центар на гравитацијата кон место со светска туристичка вредност. Градоначалникот го презентираше проектот на Марина Ареки : „Ќе го има знакот, главната архитектонска улога како слика на Салерно за наредните години, градба која

го смени изгледот на брегот на нашиот град, но исто така создаде нова историја за нашата заедница“. Благодарение на архитектот Калатрава, беше овозможено да го дефинираме дизајн-проектот на високо ниво во архитектонска конотација. Одвојувањето на пристаништето од брегот, беше направено со пространа зелена земјена површина, за вистинскиот капацитет на пристаништето да прерасне во поморско селце, со

архитектура

David Chipperfield, Cittadella Giudiziaria

Santiago Calatrava, Marina d'Arechi

Santiago Calatrava, Marina d'Arechi Dominique Perrault, Zenith

Ricardo Bofil, Piazza delle Libertà

Page 27: Порта3 153

25 март 2011 ПОРТА3 27

27

палета на висококвалификувани услуги, кои ќе можат да дадат соодветен одговор на растечките потреби од бродската индустирја, ќе обезбедува разни приемни објекти кои се лесно достапни, пријателство и пријатен однос со корисниците и посетителите. Не изненадувачки, новото Пристаниште Селце е наречено баш така за да ја нагласи перфектната комбинација на пристаништето со инфраструктурата, кое покрај тоа

што има улога во националните и интернационалните спојувања на морнарскиот туризам, станува и зборно место за социјализација. Скалесто наредените куќи се „утопија“ на францускиот архитект Жан Нувел кој работи на друг масивен проект наречен „amato re“ за еден од најпознатите производители на паста, Антонио Амато. Градот, пак, изгледа дека не е задоволен и покрај потписите на овие познати архитекти,

Ориол Бохигас, кој доби ѕвезда за интернационална архитектура за новиот изглед на крајбрежјето, Рикардо Бофиљ... Полумесечина е името на операта. Тоа е нова градба во облик на полумесечина која е предвидена за крајбрежниот дел помеѓу плажата Света Тереза и областа Моло Манфреди во Салерно. Овој комплекс се состои од две згради и аглест, заоблен влез со вкупно 49.500 метри квадратни.

Останатите пет ката се предвидени за деловен и резидентски простор. Иако Бофиљ се смета за суперѕвезда во архитектурата, оваа градба е повеќе „еколошко чудовиште“ отколку грандиозно дело. Што друго иднината му спремила на Салерно?

архитектура

David Chipperfield, Cittadella Giudiziaria

Santiago Calatrava, Marina d'Arechi

Santiago Calatrava, Marina d'Arechi

Dominique Perrault, Zenith

Dominique Perrault, Zenith

Page 28: Порта3 153

ПОРТА 25 март 2011328

28

Во светот на современата архитектура добитна комбинација е спојот меѓу спектакуларен јавен објект и архитект-ѕвезда. Таков случај е новата национална оперска куќа во Гуангзоу, третиот кинески град по големина и архитектката Заха Хадид. Се работи за новоотвореното архитектонско здание кое во контекст на растечката кинеска економија има исклучителен економски и маркетиншки потенцијал за целиот регион, и претставува силен симбол за културната и финансиска моќ. Така, во Гуангзоу, град кој инаку беше домаќин на Азиските

игри во 2010 година, новата кинеска архитектонска гордост е сместена непосредно во совршена хармонија со речниот пејсаж. Оваа нова културна установа се наоѓа во комплекс со големина од импозантни 70.000 м², и се состои од два волумена прекриени со мрежа од челик, бетон и стакло, додека внатрешноста, испресечена со бројни премини на повеќе нивоа, ја презема динамиката на надворешниот простор кој, главно, го сочинуваат новоизградени станбени облакодери и меѓународни финансиски институции во склоп на постоечкото

неонско осветлување. Градбата со својот асимтеричен аудиториум од 1.804 седишта и помала мултифункционална сала за 443 седишта, јасно сведочи за намерата на авторката, архитектурата да ја вклопи во самиот пејсаж. Нејзината инспирација доаѓа буквално од течењето на реката и формите што таа ги создава при обликувањето на долините и коритата. Во надворешноста, гранитот е комбиниран со големи стаклени површини, и широки поплочени површини за шетање. Новиот, флуиден тип на просторност во кој се укинува

заха хадИд во кИна

НАЈсОвРЕМЕНА АКустИКА Конечно е отворена, според многумина, најспектакуларната оперска куќа во светот, дизајнирана од славната Заха Хадид. Се работи за националната оперска куќа во Гуангзоу, Кина, со капацитет од 1.804 седишта и опремена со најсовремена акустична технологија, а чија финансиска конструкција изнесува 152 милиони долари.

Операта како светски спектакл

архитектура

Page 29: Порта3 153

25 март 2011 ПОРТА3 29

29

стабилната точка на гледање, во кој „протекуваат“ и се динамизираат формите, и континуираното латентно чувство на вртоглавици од аспект на перспективи, се само некои од знаковите што верно ја следат работата на Заха Хадид, осигурувајќи ѝ го целото медиумско внимание и сите можни контроверзи кои се поврзуваат со нејзиниот контекст во архитектонскиот свет. Во секој момент, според првичните реакции на луѓето, очекувате новата опера да се придвижи, како да е жива материја - како простор кој ќе протече.Инаугурацијата на новиот проект,

кој можеби е најзвучниот во архитектонско-градежниот замав на овој кинески град кој силно фаќа залет кон статусот - една од метрополите на азискиот свет, предизвика неколку ентузијастички реакции во меѓународната архитектонска критика. Така, критичарот Џонатан Гленси од британскиот лист Гардијан ја спореди кинеската оперска куќа со Сиднејската оперска „икона“ на данскиот автор Јорн Утзон, додека според други, може слободно да парира и на драматичниот изглед на Операта во Валенсија на шпанскиот архитект Сантијаго Калатрава. Но,

на позитивната и суперлативна критика и се закачуваат и извесни реваншистички реакции. Според овие реакции, проектот на Заха Хадид донекаде потсетува и на нејзиниот стар, никогаш изграден проект Операта во Кардиф од 1984 година, а тоа било доба во кое на Хадид силно и се заканувала пежоративната етикета „одлична архитектка на хартија“ заради големите сомнежи во материјалната изведливост на нејзините флуидни структури. Но, токму во ваквата архитектонска флуидна спектакуларност, градска власт на Гуангзоу како

инвеститор и нарачател го препознале маркетиншкиот, медиумскиот, туристичкиот и културниот потенцијал. Значи, името на ирачката архитектка со лондонска адреса, Заха Хадид, и нејзинот статус на starchitect, не е нималку случајно избрано. Покрај Норман Фостер, Жан Нувел, Френк Гери, Тадао Андо и други автори, името на Заха Хадид е гарант нè само за инстантно светско внимание, туку и залог за генерирање на сигурен профит на објектот како дестинација per se.

Д.Б.

Операта како светски спектакл

архитектура

Page 30: Порта3 153

ПОРТА 25 март 2011330

30

Очекуваме да ја задржиме лидерската позиција

ентериер

На македонскиот пазар како бренд „Дизајн Фантазија“ постои веќе 15 години. Како се развиваше вашата компанија во тој изминат период? Почетоците на „Дизајн Фантазија“ датираат од 1995 година и би сакал да истакнам дека како и секој почеток, така и нашиот беше доста скромен од повеќе аспекти (просторен, технички, машински, едукациски итн.), меѓутоа нашата јасна цел и стратегија од самите почетоци до денес, со текот на годините ја изградија фирмата во препознатлив и квалитетен бренд нè само во Републиката, туку и надвор од нејзините граници. Денес таа е модерна фабрика со производствен погон од 6.500 квадратни метри, изложбен салон од 1.500 квадратни метри и стотина вработени.

Го отворивте новиот изложбен салон. Што очекувате од овој

инвестициски зафат? Со отворањето на новиот изложбен салон нашите очекувања се исти како и претходно, односно задржување на лидерската позиција што ја има фирмата во производство на мебел. Со убаво уредениот простор сакаме кај нашите клиенти да стекнеме уште поголема доверба и да ги увериме дека и во Македонија постои производител на мебел од највисоки светски рамки во секој поглед.

За разлика од други ваши конкуренти, вие произведувате мебел исклучиво по нарачка. Кои се предностите, а кои се маните на ваквиот вид производство, наспроти сериското производство? Производството на мебел по нарачка е секако најтешкиот дел од тој вид на производство и мора да признаам дека во Европа

постојат многу мал број фабрики кои произведуваат мебел по нарачка. За производство на ваков вид мебел потребно е фирмата да функционира беспрекорно, бидејќи секој изработен проект претставува уникат. Кај сериското производство многу полесно се планира самото производство, во преден план се количините, но затоа е потребен многу поголем пазар, отколку што е во моментов македонскиот.

во контекст на претходното прашање, очигледно не произведувате мебел за „најшироките народни маси“. Кој е профилот на вашите клиенти? Наши клиенти, главно, се сите инвеститори, кај кои не е примарна ниската цена на производот, која сама по себе најчесто нуди лош квалитет и краток рок на користење, туку најдобриот однос помеѓу квалитетот и

цената што може да го реализира единствено во „Дизајн Фантазија“. Со еден збор нашите клиенти за вложената инвестиција добиваат квалитетен европски производ.

Кои светски стандарди во дизајнот и технологијата ги следите во производството на мебел? „Дизајн Фантазија“ секојдневно ги следи сите новини во дизајнот на мебел и ги применува сите нови технологии во самото производство на мебел. Наша карактеристика е токму можноста да одговориме на сите барања на нашите клиенти, благодарејќи на можноста за изработка на мебел со најразлични технологии и материјали.

Кои се маните на нашата дрвна индустрија и дали ја гледате перспективата? Можеби главна мана на нашата

Јорданчо вЕЛКОв, генерален менаџер на „ДИЗАЈН ФАНтАЗИЈА“

Page 31: Порта3 153

25 март 2011 ПОРТА3 31

31

Очекуваме да ја задржиме лидерската позиција

ентериер

дрвна индустрија е слабата кооперативна соработка помеѓу сите производители, нелојалната конкуренција и недоволниот избор на домашни произвдители на репроматеријали, неопходни за самото производство. Инаку, перспективите за развој на дрвната индустрија во Македонија се навистина големи.

со кои тешкотии и проблеми се соочувате во вашата работа? Како и во секоја област така и ние секојдневно се соочуваме со голем број проблеми. На прво место, малиот пазар и слабата куповна моќ на нашето население, нелојалната конкуренција и малиот број на квалитетни добавувачи на репроматеријали кој е неопходен да одговори на нашите барања.

Дали со ваши производи

учествувате во опремување на новите објекти од јавен интерес? Покрај секојдневното опремување со мебел на приватните инвеститори, добар дел од нашите производи наоѓа примена при опремувањето на репрезентативни, капитални објекти од јавен интерес. Навистина е голема нашата референтна листа на изведени ентериери во јавни објекти, но како последни би ги истакнал: ентериер (мебел и опрема) за објектот Претседателска вила Водно, Спомен куќа на Тодор Проески , објектот Музејски комплекс на Македонската борба, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунизмот и многу други објекти.

Што подразбира нелојална конкуренција во вашиот бизнис? Нелојалната конкуренција главно се однесува на работата на илјадници нерегистрирани,

самонаречени мајстори, чија работа се сведува на работа на црно и во гаража, кои го привлекуваат клиентот единствено со ниската цена. Би сакал да истакнам дека оваа нелојална конкуренција не е директна закана (индиректно секако е) за нашата фирма, која има јасно дефинирана целна група за своите производи.

Кои се интересни пазари за вас, се разбира освен домашниот? Покрај домашниот сите европски пазари се интересни за пласирање на нашите производи, во прв ред тоа се однесува на потесниот регион (Косово, Албанија, Грција), но ние сме извезувале мебел и во Америка и Кина.

Како оди работата со еколошките стандарди во производството? Во целокупното наше

производство применуваме репроматеријали од светски познати производители со највисоки еколошки станарди. Како потврда на нашата ориентација за производство на европски квалитетен мебел е и воведувањето на стандардите: ИСО 9001:2008 Систем за управување со квалитет и ИСО 14001:2004 Систем за управување со однос кон животната средина.

Дали сте членка на Европската асоцијација на мебел? Македонија е членка на Европската асоцијација на мебел од 2009 година. Наше големо задоволство и чест беше посетата на генералниот секретар на Европската асоцијација, кој беше воодушевен од нашата фабрика, производството, односно од целокупната организација на нашата фирма.

РАЗвОЈ „ДИЗАЈН ФАНТАЗИЈА“ е домашна компанија за производство на мебел. Нејзините почетоци датираат од 1994 година, а во периодот од 2000 до 2005 година, започна да произведува мебел и за извоз на европскиот пазар. „Дизајн Фантазија“ на пазарот е препознатлив како производител на мебел исклучиво по нарачка, и е добитник на бројни награди и признанија за својот постојан развој и усовршување.

Page 32: Порта3 153

ентериер

ПОРТА 25 март 2011332

32

Просторот е вистински предизвик за секој архитект, а особено поткровје во центарот на градот, со 150 м² и

висина која овозможува решение на две нивоа. Од самиот влез се отвора простор и волумен во кој се кршат единствено гредите од косиот кров и играта на сенки и светлина, што е предност за живеењето во поткровје. Единствено барање од инвеститорот и лајтмотив на целиот простор е црно-бела комбинација која во овој случај е доследно испочитувана. За да се запази ефектот, елеганцијата и луксузот што ги овозможува дизајнот во црно-бела комбинација, деталите се минимализирани, додека просторот е решен во крупни потези и едноставни игри на форми. Зоната за одмор е преточена во кујна и трпезарија, односно кујната е дел од дневниот престој. Доминира каминот обработен со стаклен мозаик. Изборот на подно греење како решение, овозможува обработка на подот со плочки од греспорцелан со финиш на дрво и кожа. Дизајнот и изборот на материјалите е организиран со посебно внимание за да не се наметнат во просторот, а истовремено да ја задоволат комплетно функцијата. Изборот на осветлување дополнитело го оплеменува просторот, така што материјалите и боите во ентериерот остануваат автентични, а сите позиции кои треба да се потенцираат се суптилно нагласени. Секое парче мебел е проектирано и вградено по мерка за да не го наруши основниот концепт, а изборот на материјали е MDF со висок сјај и храстов фурнир во црн бајц. Преодот кон второто ниво е со дискретни конзолни скали обработени во храстов фурнир. На горното ниво е создаден потполно интимен дел за одмор, со сопствена бања и гардероба, притоа „крадејќи“ го секој слободен простор и висина од поткровјето за да се добие доволно удобен простор за одмор. Тука изборот на бои е во топли нијанси на венге, збогатен со детали во палисандер фурнир. Спојот на зоната за одмор и дневниот престој е малата галерија која надвиснува оградена со транспарентно стакло за да не го попречува визуелниот ефект. За ѕидовите е одбрана бела боја, а освен сенките и светлината, контрастот го прави и ѕидот што ги поврзува двете нивоа. Ѕидот со финиш на мека кожа која се прелева во дискретна светлина, дава посебна динамика на просторот. Комплетната доверба од страна на инвеститорот овозможи успешна реализација на проектот.

Ирена ДИМОвИќ ДАНИЛОвсКА дипл.инж.арх.

- КОНстРуКтА

Елеганција и дизајн во црно-бела комбинација

поткровЈе

Page 33: Порта3 153

ентериер

25 март 2011 ПОРТА3 33

33

фото: владимир сЕКуЛОвсКИ

Елеганција и дизајн во црно-бела комбинација

Page 34: Порта3 153

ПОРТА 25 март 2011334

34

ентериер

ПРОДАВНИЦА КАКО СЦЕНА

Page 35: Порта3 153

25 март 2011 ПОРТА3 35

35

ентериер

Холандскиот архитект Александар Новотни ја дизајнирал екслузивната продавница за оптика HOFSTEDE во Хаг, Холандија. Очилата и очилата за сонце во денешно време се основни модни додатоци. Сите оптики носат големи дизајнерски имиња и преку креативниот дизајн на продавниците сѐ повеќе се создава уникатна продажна понуда. Кога ќе го погледнете ентериерот на оваа продавница се прашувате дали можеби е извадок од некој научно фантастичен филм. Архитектот имал задача да создаде ентериер кој ќе биде комплетно различен од другите. Да биде забавен и

привлечен, да ги задоволи сите сетила, а да не биде нападен. Концептот требал да внесе нешто спротивно од монотонијата, како преполни излози и бескрајни полици во внатрешноста. Производите се презентирани како уникатни парчиња, бидејќи самите купувачи сакаат да бидат единствени и да купуваат нешто уникатно. „Тие треба да имаат чувство како да се ѕвезди“, вели Александар Новотни. Продавницата служи како сцена. Ентериерот претставува една хармонична композиција со органски форми. После секое движење во него, ефектот на

овие фасцинантни композиции од заоблени, закосени, подигнати и спуштени елементи се менуваат како што се менува перспективата. Впечатокот се зголемува со употребата на огледала кои ја зголемуваат просторијата и навидум ги елиминираат границите на ѕидовите и плафоните. Доминантен елемент во дизајнот е комбинацијата на бели и зебрести дрвени површини. Употребени се и метал, хром, стакло и плексиглас. Подот е направен од бел и црн природен камен кој е комбиниран со сив метален ефект и од крајниот изглед се добива средно сива

боја. Во влезниот дел е пултот над кој има дрвен плафон и овален ѕид кој содржи темновиолетово „кадифе“. Виолетовите кожени столици, виолетовата боја, LED осветлувањето и релаксирачката музика го зголемуваат ефектот на целиот ентериер. Излогот е дизајниран во комбинација од мат и транспарентно стакло и плексиглас коцки зад стаклото, креирајќи возбудлив и предизвикувачки изглед на продавницата, чиј моќен дизајн е зголемен со архитектурата во целокупното осветлување.

сандра ДОНЧЕвА, дипл.инж.арх

Page 36: Порта3 153

ПОРТА 25 март 2011336

36

Младиот чешки дизајнер Јан Плехач од Прага, успеа да го афирмира своето

име на дизајнерската сцена со колекцијата на мебел “Icons“. Се работи за интерпретации на светски познати столици, кои дизајнерот ги реализирал на еден мошне необичен начин, истакнувајќи ги препознатливите контури и силуети на веќе познатите парчиња мебел. Во прашање е колекција на столици креирани од извиткани метални прачки со што е добиен мебел кој директно ги имитира некои од најпознатите столици. Интересно е да се истакне дека токму оваа колекција му го донесе признанието Голема награда на Чешка за дизајн, за 2010 година. Според зборовите на овој млад дизајнер, изборот на обработените столици бил формиран како резултат на популарноста на предметот, како и успешноста на ставот на денешната критика кон овие дизајнерски дела. Д.Б.

ентериер колекцИЈа “Icons“

Препознатливи контури

Page 37: Порта3 153

25 март 2011 ПОРТА3 37

37

Џозеф Волш е необичен пример на самоук столар, уметник и дизајнер кој со својата најнова

колекција на мебел повторно ја докажа својата вештина во обработка на дрво и почитта што ја има кон овој природен материјал. Овој ирски дизајнер, уште од самите почетоци на својата кариера, бил опседнат од идејата за дрвото како творечки материјал, и затоа со длабока посветеност го истражувал потенцијалот, структурата, формата и текстурата на овој материјал. Едно од неговите најнови дела е креветот “Canopy Bed“ од колекцијата Formations. Овој дизајн на најдобар начин ја изразил вештината на овој уметник и столар. Според зборовите на самиот дизајнер, идејата што го обликува ова парче мебел е всушност односот кон еколошката одржливост и вештината на обработка на дрвото. Авторот мошне јасно ја покажува силата на овој материјал преку тестирање на неговата флексибилност, сила и природна текстура. Волш ја соголил структурата до самото јадро и ја истакнал природната еластичност на материјалот, и на тој начин креирал парче мебел со скулптурален карактер.

Д.Б.

ентериер“canopy Bed“

Скулптурален кревет

Page 38: Порта3 153

ПОРТА 25 март 2011338

38

ентериер

Што е Idea Paint? новИ матерИЈалИ

Бојата Idea Paint е единствен производ на пазарот со својство за суво бришење. Може да се аплицира и да се нанесе на секоја мазна површина, а се употребуваат сите брендови на маркер од типот пиши-бриши. Се аплицира само со едно премачкување на претходно подготвена површина со подлога. Нејзиното отстранување не е скапо затоа што е лесно покривна, само се премачкува со друга боја. Се брише без никаков напор, многу лесно и со обична крпа. Мазна е колку што е мазна и површината на која ќе ја нанесете. Може да се бои на сите мазни површини: ѕид, ламинат, медијапан, стакло, метал, дрво, картон... Не се лупи, не испукува, не пожолтува.Кога се користи обична табла пиши-бриши, тогаш корисникот е ограничен на мал простор, а со тоа е предодреден неговите идеи да бидат мали. Idea Paint ја преобразува практично секоја површина која може да се обои во површина за суво бришење со висококвалитетни перформанси, а така се добива простор за игра, соработка, комуникација, за истражување и за изразување на нечија креативност.

каде се употребува Idea paInt?

домаНа една фамилија и е потребно подобро место каде ќе се собере освен пред телевизорот. Со Idea Paint ѕидот се претвора во површина која ќе ви овозможи интеракција со најблиските. Преку игра се поврзува фамилијата во ова време на презафатеност. Детската соба може да ја трансформира во игротека и место каде што децата ќе истражуваат и ќе можат да ја искажат својата креативност и имагинација.

Idea Paint е сертифициран производ кој ги исполнува најригорозните емисиони хемиски стандарди во светот

Page 39: Порта3 153

ентериер

25 март 2011 ПОРТА3 39

39

Може да се користи како шопинг листа, за датуми, роковник, пораки, во кујна за рецепти, за декорација на ѕидови, мебел, плакари, кутија за играчки...

учИлИшта , факултетИ, градИнкИ, ИгротекИ...Со Idea Paint е отворена можноста да се откријат нови начини на интерактивна соработка меѓу учениците, студентите, наставниците и професорите. Наставниците од која и да е област може да ја употребат Idea Paint за да ги едуцираат, инспирираат и мотивираат своите ученици /студенти. Таа дава можност да се развива креативноста кај децата, да цртаат, пишуваат, учат, без да се плашат да ги споделат своите замисли. Едноставно се брише! Може да се употреби на: стари училишни табли, клупи, бироа, ѕидови, влезни холови, ходници, орманчиња-гардеробери, врати, предавални, кафетерии...

на работа...Idea Paint е одлична креативна варијанта за секој тип на бизнис. Може да си направите простор-површина каде што ќе ги споделите идеите со своите клиенти, соработници и колеги. Може да се употреби на ѕидови, конференциски маси, работни бироа, работни прегради, врати, рецепции, кафетерии, столбови...Многу е важно да се употребуваат маркери пиши-бриши!Бојата Idea Paint има гаранција за употреба од 5 до 10 години.ZAHA INTERIORS е ексклузивен претставник за Македонија, Косово, Црна Гора, Србија... За сè што ве интересира можете да се информирате на www.zaha.com.mk

Idea Paint е еколошки безбедна боја со широка употреба, а посебно во институции каде што претстојуваат деца.

Page 40: Порта3 153

спортски храмови

ПОРТА 25 март 2011340

40

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Лил е град лоциран во центарот на триаголникот Лондон-Париз-Брисел. Во

самото срце на Европа треба да никне новиот спортски убавец „Гранд Стад“, арена која на едно место ќе ги собере сите љубители на францускиот фудбалски прволигаш од истоимениот град, но и љубителите на рагби, на коцерти и сл. Она што досега Лил не можеше да си го дозволи, една вистинска мултифункционална арена, сега е во фаза на изградба. Арената „Гранд Стад “, според изготвениот план, треба да има 50.157 места. Годишната искористеност на стадионот треба да бидат минимум 25 фудбалски натпревари, повеќе од 20 рагби дуели, плус концертни и останати спортски настани. Од вкупниот капацитет на „Гранд Стад“, 7.296 места ќе бидат резервирани за ВИП гостите (т.н. бизнис места, ложи и новинарски позиции), што најчесто ќе ги користат пријателите и финансиерите на фудбалскиот клуб. Очекувајќи

да добијат пет ѕвезди за ФИФА стандардот, проектантите на новата мултифункционална арена во Лил се потрудија таа да добие лизгачки покрив, кој за само 30 минути ќе може да го покрие целиот тревник и со тоа да го заштити од непожелни временски влијанија. Исто така, проектантите водеа сметка арената да се претвори во затворен објект. Во таков случај арената би имала 29.500 места за организација на натпревари од други спортови, секако со поставување на специјална подлога врз тревникот. Во зависност од потребите, „Гранд Стад“ може да послужи и како спортска сала за ракомет, кошарка, но и за организација на концерти во зимскиот период.500 места од трибинскиот простор ќе бидат наменети за лица со хендикеп до кои ќе води пристапна рампа од трибините. Околу стадионот е планиран доволно голем паркинг за посетителите. Неговиот капацитет ќе биде 3.500 места за автомобили, дополнителни 500 места за велосипеди и 20

места за паркирање на автобуси. Дизајнот на стадионот води сметка и за одржливиот развој, со оглед на големината на проектот, за управување со енергијата, водата и отпадот што ќе се третираат во специфични услови. Поттрибинскиот простор ќе биде искористен за дополнителни сали за прес-конференции, но и за организирање на семинари и конвенции со капацитет и до 200 места. Ќе бидат изградени и неколку соби за состаноци, видео-центар, конгресен центар, а секако и дополнителен комерцијален дел за продавници, кафе барови, канцелариски простории. „Гранд Стад“ треба да го има и најдобриот панорамски ресторан, кој ќе биде со капацитет од 230 места за седење. Собите за состаноци ќе имаат поглед кон централниот терен. И тие треба да бидат со капацитет од 12 до 96 седишта. Во подножјето на стадионот ќе бидат изградени и два хотела. Едниот ќе биде со две, другиот со три ѕвезди. Се очекува хотелскиот капацитет

да биде до 200 гости, а најчесто треба да ги користат спортистите. Во финансирањето на изградбата на „Гранд Стад“ учествуваа градот Лил и приватни партнери. Доминантната инвестиција ја има градот со влог од околу 280 милиони евра, но тој, во соработка со добар дел од приватниот сектор ќе го дава стадионот под концесија во период од 31 година, по цена од 10,5 милиони евра годишно. Сообраќајната мрежа ќе му даде одлична поврзаност на стадионот со централното градско подрачје. Проценките се дека со јавниот превоз во Лил, најдоцна за 15 минути од центарот ќе може да се стигне до арената. Интересно е да се истакне дека оваа арена е една од оние со кои Франција се надева на добивање на организацијата на европското првенство во фудбал во 2016 година. Отворањето на „Гранд Стад“ се најавува во јули 2012 година.

сашо КуЗМАНОвсКИ

фудбалскИ стадИон И спортска сала „гранд стад“ - лИл

ФАКтИ ЗА "ГРАНД СТАД" - Лил, Франција, Мултифункционална АренаКапацитет: 50.157 места, Период на изградба: 2009 - 2012, Цена на градба: 282 милиони евра, Архитект: Пиер Фере (Франција)Изведувач: Eiffage

Page 41: Порта3 153

спортски храмови

25 март 2011 ПОРТА3 41

41

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Page 42: Порта3 153

ПОРТА 25 март 2011342

42

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ

Ул. „Љубо Петровик“ 33, СкопјеТел/Факс: 02 26 27 391Мобилен: 070 311 470

Б

Page 43: Порта3 153

наука

Принципите што ги постави и разработи Т. Херцог ги прифаќаат поголем број архитекти, така што може да се зборува за „германски пристап“ во интеграцијата на архитектурата и екологијата. Со тоа, основачката парола на школата Баухаус „мисли глобално, дејствувај локално“, дефинитивно зачекорува во секојдневниот живот, што оди во прилог на тврдењето дека на прагот на XXI век „се затвора кругот на модернизмот“. Балс и Вилсон е интернационален тим, составен во 1980 година од австралискиот архитект Питер Вилсон (1950-) и од Јулија Балс Вилсон (1948-) родена во Минстер и школувана во Карлсруе и Лондон. Тие стануваат познати со: проектот за garden folls на ЕКСПО ‘90 во Осака, Сузуки хаус во Токио (1993) и Палатата на технологијата во Минстер. Јавната библиотека во Минстер (1987-93) Балс и Вилсон ја прават со структура која треба да одговори на концепцијата наречена ,,супермаркет за информации”. Пешачката улица, која го дели објектот на две секции, води кон историската црква Св. Ламберт. Овој објект со експресионистичка форма има улога на ,,споменик” подигнат во чест на 1200-годишнината на Минстер.

Аксел Шултес (1943-), по дипломирањето соработува со Дитрих Бангерт и со други архитекти, а во 1992 година отвора сопствена фирма. Од многубројните учества на архитектонски и урбанистички конкурси, посебно треба да се истакне неговиот проект за Уметничкиот музеј во Бон (1985-92), кој според авторот е проектиран не како храм на уметноста, туку како куќа на светлоста. Почитувајќи го принципот дека архитектурата треба да претставува и уметност, Аксел Шултес создава армиранобетонски објект со препознатливи карактеристики на германскиот експресионизам. Петер Швегер (1935-) по потекло од Романија, дипломира во Цирих и набрзо станува визитинг-професор во Хамбург и Хановер. Фирмата Швегер и партнерите, тој ја формира во 1987 година и со неа постигнува завидни резултати. Неговиот Историски музеј во Волфсбург (1989-93), со расчленетата метална структура наликува како да е ,,намонтиран” врз партерот од гранитни плочи, што навлегува и во приземјето на објектот. Оваа лесна и транспарентна структура овозможува природно осветлување речиси на сите простории во објектот.Од овој краток преглед може

да се заклучи дека германската архитектура познава блескави успеси, но исто така и големи падови. Со упорната работа на талентираните творци, таа секогаш ги надминува тешкотиите и повторно се издигнува меѓу најзначајните во Европа, па и

во светот. Германската модерна архитектура стекна светска слава благодарение на школата Баухаус, од чии редови излегоа големи архитекти и педагози, кои нејзините идеи ги разнесоа низ светот и ги направија достапни за сите напредни творци.

мИхаИл токарев: 100 годИнИ модерна архИтектура (105)

германИЈа (9)Книга 2: Достигнувањата на оДДелните земји - резимирани изваДоци

Шултес. Сојузната канцеларија, Берлин

А. Шултес. Уметничкиот музеј, Бон

Балс и Вилсон. Јавната библиотека, Минстер

25 март 2011 ПОРТА3 43

43

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ

Ул. „Љубо Петровик“ 33, СкопјеТел/Факс: 02 26 27 391Мобилен: 070 311 470

Б

Page 44: Порта3 153

технологии

Бизнис аналитичарите, говорејќи за „Аутодеск“, велат дека компанијата има блескава иднина, солидни темели и одлична конкурентска предност осигурана, меѓу другото, и преку т.н “switching costs“ или во превод „трошоци за премин/префрлање“ (во случајов од една кон друга апликација). Тоа се трошоци кои произлегуваат од воведувањето на новите апликации во работниот процес, совладувањето (учењето) на истите, менаџирањето на сите нови проблеми и сл. Станува збор за значајна пречка која е исправена пред постоечките корисници и друга, конкурентска апликација. На тој начин, базата на

клиенти, на условно кажано „старата“ апликација, останува горе-долу константна и заштитена, а приходот загарантиран. Во вакви услови останува само „да се собере жетвата“, особено сега кога продуктите на „Аутодеск“ влегоа во „зрело доба“, па преиначувањето на целокупната продукција на проекти, преку друг софтвер, е сложено и скапо. Ефектот на “switching cost“ е можеби најизразен во случајот со софтверскиот гигант „Мајкрософт“. Оваа компанија е позната, пред сè, по оперативниот систем „Виндоус“ и канцеларискиот пакет „Мајкрософт офис“, продукти кои имаат неверојатен удел на пазарот. Соодветна алтернатива на спомнатите апликации се оперативните системи базирани на канцелариските апликации „Линукс“, како и „ОпенОфис“, кои се исклучително квалитени, но и бесплатни. Како е можно, нешто што е квалитетно и бесплатно, сепак, да биде толку отфрлено? Бројката на корисници на слободниот софтвер е смешно мала. Луѓето со непознавање ги сметаат овие апликации за несериозни, иако во суштина тие се прилично конкуретни, но и компатибилни со нив (земете го „ОпенОфис“ за пример). Сепак, никаде во огласите за вработување нема да наидете на барање за познавање на „Линукс“

или „ОпенОфис“, што доволно говори за силата на “switching costs“ кај апликациите на „Мајкрософт“. Едноставно, со текот на годините „Мајкрософт“ се изборил неговите апликации да бидат широко застапени, создавајќи сериозна, комплексна платформа која сама по себе ги диктира правилата на пазарот. Секој што сака да мигрира ќе се судри со проблеми од типот:• неподдржани фајл формати,• недоволно компатибилни апликации и додатоци,• недоволно познавање на овие програми итн. Токму затоа, повеќето се волни да платат за апликациите на „Мајкрософт“, отколку да ги користат бесплатните алтернативи. Во случајот со „Аутодеск“ ситуацијата е идентична. Во изминативе 25 години,„Аутодеск“ го разви „Аутокад“ како апликација која полека, но сигурно стана стандард во индустријата. Сега кога „Аутокад“ е широко присутен, кога

постои голема база на

корисници, огромна суплементарна поддршка (литература, курсеви, додатоци и слично), секој што ќе сака да го замени со друг софтвер ќе треба покрај финансии, да одвои време и труд, својот проектирачки процес да го постави низ друга апликација која му е помалку позната. На професионалците и компаниите им треба многу време да го сторат тоа, а времето е пари. Како КАД апликациите стануваат

Ефектот на „трошоците за премин“ е можеби најизразен во случајот со софтверскиот гигант „Мајкрософт“. Оваа компанија е позната, пред сè, по оперативниот систем „Виндоус“ и канцеларискиот пакет „Мајкрософт офис“, продукти кои имаат неверојатен удел на пазарот. Соодветна алтернатива на спомнатите апликации се оперативните системи базирани на канцелариските апликации „Линукс“, како и „ОпенОфис“, кои се исклучително квалитени, но и бесплатни. Како е можно, нешто што е квалитетно и бесплатно, сепак, да биде толку отфрлено?

„Switching costs“

пречка меѓу апликациите

ПОРТА 25 март 2011344

44

Page 45: Порта3 153

технологии

25 март 2011 ПОРТА3 45

45

покомплексни, така сè повеќе труд е потребно да се совладаат новите програми и тие да се стават во функција. Значи, едно архитектонско студио ќе треба да ги купи лиценците, да ги инсталира и одржува новите софтвери, да го обучи својот кадар за работа во нив и попатно да ги решава сите новонастанати проблеми. И конечно, да го реши проблемот со

интероперијабилноста на своите фајлови со партнерските компании. „Трошоците за премин“ се покажаа како меч со две острици, па макар и двете посочени апликации да се во сопственост на иста компанија. „Аутодеск“ десетина години наназад го развива и нуди БИМ софтверот базиран на Ревит платформата. Иако оваа платформа е технолошки понапредна во споредба со „Аутокад“, корисниците не побрзаа да мигрираат. Напротив, бројката на Ревит корисници, иако постојано се зголемува, не ги исполни првичните очекувања на јавноста што очекуваше вистински бум. Откако „Ревит“ се спакува со „Аутокад“ во пакет, се чини работите одат во вистинска насока. Како и да е, ефектот на „трошоците за премин“ не треба да се потценуваат. Споредете само со примерот кога купувате возило. Иако возилото чини повеќе од една софтверска лиценца, имате избор, па се водите од потрошувачката на гориво, цената на возилото, брендот, сигурноста, дизајнот итн, но сигурно нема ништо

што ве присилува постојано да купувате еден ист бренд на возило. Едноставно знаете дека што и да возите, потребата од транспорт горе-долу ќе ви биде задоволена. Притоа не треба да правите дополнителни обуки, да вложувате во нови технички средства или да го запрете работењето. Но, кога

проектантските куќи се соочени со промена на апликации, тогаш ситуацијата не е за потценување, па честопати компаниите се решаваат само да го надградат постоечкиот софтвер.„Трошоците за префрлање“ од една апликација кон друга е конкурентска предност која многу често се среќава кај софтверските компании. Сериозните апликации, кои достигнале зрело доба, зазеле водечки пазарен удел и се дел од важен, растечки индустриски сегмент, некако лесно остануваат на врвот. Погледнете го случајот со Фотошоп, Илустратор, Акробат, 3ДС Макс, Маја, Мајкрософт Аутлук итн. Од друга страна имаме огромен број на апликации кои се лесно заменливи и на кои никој не обрнува внимание па макар да биле и бесплатни. За да ја зацементираат својата позиција на пазарот, софтверските компании донираат софтвери во универзитетите, даваат поволни студентски, односно ЕДУ лиценци, со цел да го придобијат идниот професионалец. Во минатото дури имаше и обвинувања дека определени компании ја толерираат софтверската пиратерија со цел подоцна да создадат своја посилна позиција. Или ако сакате, тие компании трпеливо го чекаат времето кога оние што го користат нивниот софтвер нелегално, ќе се одлучат и ќе го купат токму тој софтвер, кога приликите ќе се променат.

Трајче СТојанов, дипл.инж.арх.

Page 46: Порта3 153

експерт

ПОРТА 25 март 2011346

46

Дали има иднина за архитектите, кој ќе ги проектира објектите во 2025 година, кои ќе бидат

улогите на архитекти тогаш, и како архитектонската пракса ќе се смени како резултат на овие промени, се клучните прашања на кои се обидува да даде одговор организацијата Building Futures (http://www.buildingfutures.org.uk)во своето најново истражување презентирано во извештајот „Иднината на архитектите“ (The Future for Architects) промовирано на 1-ви март годинава во Кралскиот институт на британските архитекти (Royal Institute of British Architects - RIBA) во Лондон. Building Futures е организација основана под заедничко покровителство на Комисијата за архитектура и изградена средина (Commission for Architecture and the Built Environment - CABE) и Кралскиот институт на британските архитекти (Royal Institute of British Architects - RIBA), со цел да создаде форум за дискусија за долгорочните потреби коишто општеството очекува да ги има во однос на изградената средина и професиите во оваа област. Оваа организација се обидува да одговори на тоа како и каде ќе живееме за 50 или 100 години, кога климата веќе ќе се има сменето и градовите ќе бидат поголеми од кога и да е порано, кои технологии архитектите ќе ги користат за да ги испроектираат објкетите и кои нови материјали ќе

се користат за овие објекти, итн. Новопромовираниот извештај „Иднината на архитектите“ (The Future for Architects) во одредена мерка се надоврзува на слична публикација од 2003 година „Професионални иднини: променливи улоги“ (Professional Futures: Changing Roles) во која биле презентирани резултатите од истражувањето за очекуваните промените во улогите на професиите од областа на изградената средина во првите две децении на 21 век. За разлика од овој извештај, кој бил подготвен од страна на истражувачи и стручни лица во областа, најновиот извештај е базиран на поединечни разговори и групни дискусии со оние што ја креираат изградената средина. Во рамките на истражувањето „Иднината на архитектите“ (The Future for Architects), е направен обид да се согледаат веројатните карактеристиките на опкружувањето во кое архитектите ќе ја обавуваат својата дејност во иднинa и клучните фактори што ќе ја обликуваат иднината на професијата. Така, на пример, истражувањето укажува дека во изминатите три години побарувачката на архитектонските услуги е намалена за 40 проценти, а дека 50 проценти од инвеститорите се градежни компании, во услови кога порастот на глобалното население на планетата Земја се очекува да се зголеми за 46 насто во

периодот од 2000 до 2050 година, и 70 отсто од населението да живее во урбаните средини до 2050 година. Истражувањето исто така укажува на интензивирање на градежните активности во рамките на пазарите во развој (Emerging Markets) на сметка на развиените пазари (Developed Markets). Така, на пример, во периодот од 2010 до 2020 година се очекува изградбата на инфраструктурни проекти да се зголеми за 128 насто на пазарите во развој, наспроти само 18 насто пораст во развиените пазари. Исто така, до 2020 година се очекува 55 отсто од глобалната градежна активност да биде сконцентрирана на пазарите во развој, додека преостанатите 45 отсто на развиените пазари, итн. Во однос на прашањето кој ќе ги проектира објектите во 2025 година, истражувањето укажува дека се очекува малите, локални општи проектански бироа, кои нудат персонализирани услуги по пониски цени, меѓународните архитектонски ѕвезди, тесно специјализираните бироа, како и традиционалните регионални комерцијални проектантски бироа, да останат релативно стабилни во наредниот период. За најзагрозени се сметаат бироата со средна големина, кои се фокусираат на квалитетни архитектонски проекти, како и малите метрополитански „бутик“ бироа зависни од клиенти кои бараат уникатни проектантски

решенија. За разлика од претходните, како најперспективни со можности за развој во наредните пет до 10 години се сметаат бироата во земјите на економиите во развој, а врз основа на нивната способност да изготват побрзо одржани проекти за пониска цена. Потоа, глобалните интердисциплинарни консултантски фирми, па проектантите што ги градат, а се сопственици и ги управуваат и пренесуваат на други испроектираните објекти. Следат подизведувачите и специјализираните снабдувачи на високоспецијализирани испроектирани проекти, како и проектантските куќи и креативните агенции способни лесно да поминат од една на друга дисциплина и креативно да решат проблеми.Во 2025 година се предвидува улогите на архитекти да бидат фокусирани во интердисциплинарни, креативни и стратегиски деловни организации, како и на високи позиции во градежната индустрија. Притоа постојната дефиниција на титулата архитект ќе има ограничувачка улога, со оглед на тоа што таа нема да го рефлектира спектарот на можни активности, кои архитектите можат да ги преземат во рамките на изградената средина, како на пример сценски дизајн, јавна уметност, дизајн на инсталации, дизајн на јавни простори, дизајн на брендови, консултација на заедницата, истражување, урбан

Во 2025 година се предвидува улогите на архитектите да бидат фокусирани во интердисциплинарни, креативни и стратегиски деловни организации, како и на високи позиции во градежната индустрија. Притоа постојната дефиниција на титулата архитект ќе има ограничувачка улога, со оглед на тоа што таа нема да го рефлектира спектарот на можни активности, кои архитектите можат да ги преземат во рамките на изградената средина, како на пример сценски дизајн, јавна уметност, дизајн на инсталации, дизајн на јавни простори, дизајн на брендови, консултација на заедницата, истражување, урбан дизајн и сл.

За да преживеат архитектите ќе мора да проектираат повеќе од објекти!

ИднИната на архИтектИте

Page 47: Порта3 153

експерт

25 март 2011 ПОРТА3 47

47

дизајн и сл. Оттука, се очекува архитектонските проектанстки бироа да се преименуваат во „просторни агенции“ (spatial agencies) или „проектантски куќи“ (design houses) со што можеби подобро ќе се рефлектира

интердисциплинарниот концепт на архитектонското биро. Според истражувањето, се смета дека пошироката дефиниција на титулата архитект ќе придонесе за создавање на поголеми и поразновидни можности за кариера во рамки

на професиите што спаѓаат во областа на изградена средина, со што струката би требало подобро да одговори на променливата природа на архитектонската пракса во иднина. Во оваа смисла извештајот заклучува дека, за да

преживеат, архитектите ќе мора да проектираат повеќе од објекти. Исто така, во наредниот период се очекува лицата едуцирани во областа на архитектурата да почнат сè повеќе да се вклучуваат во други сегменети на градежната индустрија. Со оглед на тоа што минатото укажува на драматично намалување на вработените архитекти во јавниот сектор, од 50 проценти во 70-тите години до под 9 проценти сега, се очекува дека до слични промени ќе дојде во текот на наредните 15 години. Во однос на овој тренд се очекува традиционалната улога на архитектот да се ограничи главно до фаза на делумна разработка на идејниот проект, што полека, но сигурно станува реалност, со оглед на тоа што во моментов над 50 отсто од проектите во Обединетото Кралство се изработуваат за клиенти кои се градежни фирми. Овие или веќе имаат сопствени проектанстки тимови, кои работат под контрола на директор за проектирање или пак ангажираат надворешни фирми задолжени за изработка на главниот проект и проектантските аспекти за време на изградбата на објектот. Како резултат на овие трендови се очекува да дојде до значително зголемување на бројот на архитектите вработени во рамките на градежните фирми и градежната индустрија. Во однос на промените во доменот на архитектонската пракса се очекува архитектите сè повеќе да преземааат консултативна улога, особено во делот на пред-проектот, како на пример консултација на заедницата и анализа на резултатите, дефинирање на проектната програма, стратешко размислување и подготвителни работи. Овие аспекти на работата се активности кои архитектите ги вршат, но кои досега веројатно не се доволно признаени и како такви клиентите очекуваат да бидат завршени, но не се подготвени дополнително да платат за овие услуги. Ваква промена ќе им овозможи на одредени бироа да земат улога во која тие ги застапуваат интересите на клиентот, како негови советници, а не како негови проектанти. Според извештајот, се очекува дека архитектите ќе мораат да ги развијат своите финансиски

Page 48: Порта3 153

експерт

ПОРТА 25 март 2011348

48

вештини за да можат да се натпреваруваат со компетитивните проектанстките бироа од пазарите во развој и големите консултантски фирми. Се смета дека јазот помеѓу комерцијалните бироа, наспроти оние што фокусираат

на квалитетот на проектот, уште повеќе ќе се зголеми и дека оние организации кои нема доволно да ги развијат финансиските вештини, веројатно ќе изгубат. Оттука, развивањето на финасиските вештини и преземањето на

улогата на решавач на проблеми, покрај традиционалната улога на проектант, се сметаат за клучни предуслови за опстанок во иднина. Извештајот предвидува подем на „мрежни бироа“ (networked practices) кои ќе го базираат своето

работење на глобализацијата и интегрираното работење овозможено со примената на современите информатички технологии. Се очекува дека ќе се развијат мрежи на мали специјализирани консултантски бироа, кои заеднички ќе работат на проекти, при што секое биро ќе фокусира на своите силни страни, за да се понуди најдобрата можна колективна услуга. Ваквиот пристап се очекува да биде доста ефикасен. Како алитернативен варијантен модел се очекува да постојат бироа кои нудат севкупна услуга, при што извршувањето на услугата е реализирано преку интегрирана мрежа на консултанти подизведувачи. Во иднина, исто така се очекува да дојде до поголема интеграција меѓу архитектонското образование и пракса. За одредени бироа врската со архитектонските факултети ќе овозможи надополнување на приходот, додедка за други ќе овозможи пристап до млади талентирани кадри. Ова во голема мерка ќе биде промовирано со забележаниот успех на оние архитектонски образовни програми каде наставата е интегрирана со праксата. Исто така се очекува дека архитектонските бироа во иднина сè повеќе ќе делуваат на развивање на специфична култура на бирото со што ќе воспостават свој идентитет базиран на дистинкција и различност, а така ќе отскокнат од останатите бироа.

Се разбира дека извештајот „Иднината на архитектите“ (The Future for Architects) е базиран на анализа на проблемот од британската перспектива, но тоа во никој случај не го прави помалку релевантен за другите средини затоа што успева да укаже на голем број аспекти и трендови со кои архитектите секојдневно се соочуваат, без оглед на тоа каде ја обавуваат својата професионална дејност. Како резултат, ова истражување може да придонесе за подобро разбирање на овие промени, но и да отвори можности за размислување за најдобриот можен начин на успешна интеграција на овие трендови во иднина.

д-р владимир Б. ЛАДИНсКИ, дипл.инж. арх.

Page 49: Порта3 153

www.biroproekt.com.mkproektproekt

Page 50: Порта3 153

ПОРТА 25 март 2011350

50

еко инфо

гетеборг

поголемо загадување - поладни зимиИстражувачите од Универзитетот во Гетеборг, откриле зависност помеѓу острите зими и сè поизразеното загадување на атмосферата. Имено, нивото на азотните оксиди во Гетеборг било значително над вообичаената вредност во текот на двете последни зими, кога се забележани и екстремно ниски температури. Тие откриле дека всушност разликите во воздушниот притисок над Северниот Атлантик, имаат влијание врз климатските прилики во Шведска, но и во поголемиот дел од Северозападна Европа. Овие разлики познати како Северноатлански осцилации (NAO) се однесуваат на потегот помеѓу Исланд и Азурниот брег. Кога NAO е негативен, ладниот воздух од поларниот регион се повлекува кон Северна Европа. Од друга страна пак, во вакви услови, загадувањето побрзо се дисперзира (во комбинација со изразен ветер), но и полесно се акумулира во подолните слоеви од атмосферата.

(Green Optimistic)

тел авИв

aQUasUn - пловечки соларни панелиКомпанијата Solaris Synergy од Израел, и француската EdF Group, планираат да развијат нов систем на пловечки соларни панели наречени AQUASUN, кои се поставуваат на водните површини. Овие панели се базирани на силициумови ќелии, поевтини се од класичните, и немаат проблем со неефикасност заради прегревање, благодарение на водата под нив како ладилен медиум. Корисниците имаат можност да додаваат или отстрануваат панели, со цел подесување на бараната моќност. Еден панел има инсталиран капацитет од 200kW. Сепак, овој систем нема да биде инсталиран во еколошки осетливи подрачја, или пак отворени мориња, туку исклучиво на водни површини кои се веќе предмет на некакво индустриско или пак земјоделско експлоатирање.Само во тој случај може да зборуваме за одржлив концепт, но и поради фактот што панелите се специјално дизајнирани да пропуштаат кислород, така што нема да биде загрозен живиот свет во водата.

(Green Optimistic)

бања лука

Извори на нафта и гас во република српскаНа почетокот на идната година компанијата „Јадран - Нафтагас” ги очекува првите барели „црно злато” како резултат на истражувањата што ги спроведува во Република Српска. Тоа го најави Предраг Радановиќ, директор на компанијата, со напомена дека за геолошко-истражни работи во оваа и во наредните две години ќе бидат инвестирани 17,6 милиони евра. Прво ќе се истражуваат потенцијалните наоѓалишта на нафта во Посавина и Семберија. Стручните проценки кажуваат дека на територијата на Босна и Херцеговина има помеѓу 10 и 12 милиони тони билансни резерви на нафта. Според динамичкиот план, почетокот на експлоатација е предвиден за 2014 година.

(Energetika.ba)

Page 51: Порта3 153

25 март 2011 ПОРТА3 51

51

еко инфо

подготви: Даниела МЛАДЕНОвсКА

вашИнгтон

бушење нафта во мексиканскиот заливНе помина ниту една година од експлозијата на нафтената платформа и најголемиот еко инцидент во поновата историја, а веќе е одобрена првата дозвола за длабинско бушење во Мексиканскиот залив. Американскиот Завод за поморски енергетски менаџмент ѝ дозволи на тексашката нафтена компанија Noble Energy да продолжи онаму каде што застана во јуни 2010 година, кога Владата стави мораториум на бушењата за нафта и гас во длабоките води на заливот, односно на длабочини од 2.00 м под површината. „Одобрението е издадено, бидејќи операторот успешно докажа дека може сигурно да врши експлоатација на тие длабочини, и дека може да го запре евентуалното истекување” изјави Мајкл Бронвич, директор на Заводот, и најави издавања на други одобренија.

(Huffi ngton post)

лондон

„еко“ технологија за производство на цементЦементот е еден од најголемите загадувачи на атмосферата, односно 5% од емисијата на CO2 во атмосферата се должи на индустријата за производство на цемент. Виновник за ваквата состојба е материјалот што се користи како суровина - калциум карбонатот. Компанијата Novacem, чие седиште се наоѓа во Лондон неодамна доби награда за своето откритие - цемент кој во процесот на производство не емитува CO2, туку апсорбира. Иновативниот цемент е направен користејќи смеса од магнезиум силикат, и популарно се нарекува уште и карбон негативен цемент. Комерцијалното производство на цементот се очекува да започне во 2014 година, од страна на компанија коja ќе ги откупи правата од Novacem.

(Renewable Energy World)

брИсел

зелена престолнина на европаСо цел да ги поттикне градските власти да работат на подобрување на квалитетот на животот и притоа да водат сметка за зачувување на животната средина, Европската комисија воведе награда „Зелена престолнина на Европа” (European Green Capital Award). Во конкуренција за оваа престижна награда за 2014 и 2015 година, можат да се пријават градови со над 200.000 жители од земјите членки на Европската Унија, како и од следните земји кандидати - Турција, Македонија, Исланд и Хрватска. Идејата за доделување признание на градовите што со својот одржлив развој и посветеност на највисоките стандарди поврзани со животната средина, и чие однесување треба да претставува модел за другите, потекнува од Талин, Естонија. На иницијатива на поранешниот градоначалник на Талин, Јуриј Ратас, претставници на 15 европски градови и здруженија во 2006 година потпишале меморандум со кој се предлага доделување на таква награда. Првите градови кои веќе заслужија да ја понесат оваа награда се: Стокхолом за 2010 и Хамбург за 2011 година. За победник во 2012 година веќе е прогласен шпанскиот град Vitoria-Gasteiz, додека за 2013 францускиот град Нант.

(energetika-net)

Page 52: Порта3 153

ПОРТА 25 март 2011352

52

екологија

Речиси 50 години по воведувањето на нуклеарната енергија, неизбежна е констатацијата дека се работи за значаен извор на енергија, со сериозен придонес во БДП на светско ниво. Според најновите податоци од IEA (International Energy Agency) нуклеарките обезбедуваат околу 14 проценти од електричната енергија во светот, 24 проценти во земјите членки на OECD, и дури 34 проценти од електричната енергија во ЕУ. Производството на електрична енергија од нуклеарни електрани е во постојан пораст. Во некои земји учеството на нуклеарната енергија е околу три четвртини во вкупно произведената електрична енергија.

Но, што е со прашањето на безбедноста? Самиот процес на производство на електрична енергија во нуклеарките се базира на контролирана фисија во реакторот. Какво е влијанието од еден неконтролиран процес (земјотрес) врз однесувањето на строго контролираните процеси во реакторот на една нуклеарна централа? Околу 20 отсто од нуклеарните електрани во светот се лоцирани во подрачја со интензивна сеизмичка активност. Обезбедување сигурност во случај на земјотрес, значи дека и покрај оштетувањата предизвикани од земјотресот, процесите во реакторот мора да останат под контрола и не смее да

се зголеми нивото на радиоактивно зрачење во околината (запирање на постројката, односно запирање на процесот на фисија, и безбедно отстранување на топлината од примарниот круг). За исполнување на овие задачи, системите за ладење во хавариски услови (и во соодветен број) мора да функционираат и по земјотресот. Доколку еден систем откаже, тогаш мора да постои опција за активирање друг, односно овие системи се дуплирани, па дури и мултиплицирани во функција на безбедноста. Но, дури и во услови на мултиплицирање на сите овие заштити при земјотрес од големи размери, веројатно, единствената извесна констатација

е дека ништо не е сигурно.

колку се нуклеарнИте централИ ранлИвИ?

Во историјата на нуклеарните централи, следните три големи несреќи се предизвикани од човечки фактор: Three Miles Island во САД, 28 март 1979, Чернобил во Советскиот Сојуз, 26 март 1986 и Tokai Muro во Јапонија, 30 септември 1999 година. Иако во минатото неколку силни земјотреси предизвикаа сериозни оштетувања, само неколку нуклеарни централи во земјите од Источна Европа беа погодени од земјотреси. Тоа беа реакторите на Козлодуј во Бугарија за време

многу ИнформацИИ, премногу прашања, малку одговорИ!

колку се безбеднИ нуклеарнИте електранИ во случаЈ на земЈотрес?

По првата криза, односно експлозија во Фукушима, ситуацијата во наредниот период станува сè понапната. Десетиците доброволци се борат да спречат нуклеарна катастрофа свесно ризикувајќи ги сопствените животи. Во земјата во која роботите се вклучени во многу технологии, и во различни операции, сепак, не се создаде робот за решавање на дефектите во нуклеарните електрани. За жал, оваа задача мора да ја извршат луѓето.

Page 53: Порта3 153

25 март 2011 ПОРТА3 53

53

екологијана романскиот земјотрес во 1977, како и нуклеарниот реактор во Ерменија. Иако сеизмичката компонента во проектирањето на овие реактори била потценета, сепак тоа не се одрази негативно врз нивото на радиоактивното зрачење односно врз животната средина. Колкава е веројатноста од сериозна изложеност на радијација како резултат на некаква хаварија во нуклеарните централи, односно колкава е веројатноста за појава на хаварии? Ризикот од појава на хаварии во реакторот е предмет на анализа на “Probabilistic risk analysis” (PRA). Оваа анализа се прави посебно за секој реактор, и типичниот резултат укажува на екстремно мала веројатност. Но, сепак ....

Јапонската нуклеарна ИндустрИЈа

Јапонците особено се посветени на проектирањето нуклеарни електрани кои ќе бидат отпорни на земјотреси, односно во случај на силни земјотреси ќе бидат безбедно исклучени. За време на земјотресот во Кобе во 1995, нуклеарните централи лоцирани на околу 100 километри од погоденото подрачје, продолжија да работат без последици, но во 1999 година три нуклеарни реактори во Јапонија беа автоматски исклучени при силниот заемјотрес што го погоди Тајван, и беа повторно вклучени два дена подоцна. По земјотресот во Кобе во 1995 со магнитуда од 7,2 степени по Рихтер, Јапонската Комисија за нуклеарна безбедност (Japanese Nuclear Safety Commission) ги ревидираше стандардите за безбедност на нуклеарните централи, како и правилата за безбедно проектирање. По рекалкулацијата според усвоените нови стандарди, утврдено е дека една нуклеарна централа лоцирана до епицентарот би издржала земјотес со магнитуда од 7,75 степени. Оттогаш, овие стандарди се предмет на постојано подобрување и поместување на границите на отпорност на електраните на земјотреси.

хаварИЈата во фукушИма отворИ многу прашања

На 13 јуни 2010 година подрачјето

на кое е лоцирана електраната Фукушима беше погодено од земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер. Тогаш земјотресот воопшто не влијаеше на работата на електраната. По страшниот земјотрес, кој на 11 март во 02.46 часот по локално време го погоди источниот брег на Јапонија и

предизвика експлозија во реакторот број 1 на нуклеарната централа Фукушима, и по настаните што следуваа потоа, извесно е дека нуклеарната индустрија во Јапонија веќе нема да биде како некогаш. Реакторите 1,2 и 3 автоматски се исклучиле кога земјотресот со магнитуда од 8,9 степени по Рихтер

ја погодил централата, додека реакторите 4,5 и 6 биле вон погон поради планирани испитувања. Главното прашање, кое се поставува е: дали се случи и топење на горивото во првиот реактор? Првичните информации беа дека не постои таква опасност, но веќе на 13 март јапонските власти

Page 54: Порта3 153

екологија

ПОРТА 25 март 2011354

54

11 мартЗемјотрес од 8.9 степени го погоди источниот брег на Јапонија. Единаесет нуклеарни реактори се исклучени во погодената област.се појавуваат проблеми со системот за ладење во реакторот број 1 од нуклеарката Фукушима (од вкупно шест реактори)

12 март TEPCO ослободува дел од притисокот во реакторот број 1, но сепак не е избегната експлоазија (најверојатно водород) и истекување на радиоактивност во областа.

13 мартTEPCO почнува со вбризгување морска вода во реакторите 1 и 3, за да ги олади и да го намали притисокот. Истата операција се подготвува и за реакторот број 2

14 мартЕксплозија и во блокот број 3, но Меѓународната агенција за атомска енергија информира дека примарната обвивка на реакторот не е оштетена.TEPCO информира дека нивото на вода за ладење во реакторот број 2 е речиси празно.системите за ладење во реакторите 1,2 и 3 се целосно вон функција.се стравува од течење на нуклеарното гориво.

15 марттрета експлозија во Фукушима, овојпат во блокот 2.Зоната на евакуација се прошируваво блокот број 4 избувнува пожар, иако овој блок бил вон функција поради редовен ремонт

16 мартНуклеарната криза се продлабочува.Ладењето на реакторите се врши со воени хеликоптери, со користење морска вода.се дополнува вода за ладење и во реакторите 5 и 6 (вон функција во периодот на земјотресот поради редовен ремонт)REUTERS известува дека сите шест реактори во централата се под ризик од прегревање.

17 мартсе очекува завршување на нов далековод кој би обезбедил напојување со електрична енергија на системите за ладење во Фукушима. Десетици доброволци кои ја изведуваат операцијата се во сериозна опасност.

18 мартЈапонската агенција за нуклеарна безбедност го зголеми нивото на опасност од 4 на 5 степени (скалата има вкупно 7 степени)Петтиот степен покажува дека евентуална нуклеарна катастрофа во Фукушима би имала последици од поголем размер.Јапонија официјално побара помош од сАД за решавање на кризата.

20 мартЈапонската атомска централа Фукушима 1, после низата дефекти предизвикани од катастрофалниот потрес и цунамито, засекогаш ќе прекине со својата работа, соопшти јапонската влада.

Мерење на озраченоста на евакуираните од околината на АЦ Фукушима

соопштија дека постои проблем и со ладењето на исклучениот реактор број 3. Дали кај двата реактора демне опасноста од топење на горивото? Многу информации, премногу прашања, малку одговори. Повозрасните добро се сеќаваат на Чернобил (1986 г.) и последиците кои и денес се чувствуваат нѐ само во Украина. Тогаш, огромната топлина во реакторот, која поради дефект на системот за ладење не можеше да биде отстранета, предизвика топење на горивото. Всушност, инцидентот од 11 март годинава, барем досега, поставува повеќе прашања отколку што може да даде одговори. Од друга страна, иако Јапонија има долга и главно успешна програма за нуклеарна енергија, властите не биле баш искрени и во врска со некои инциденти кои се случиле во минатото. Ова повторно остава многу отворени прашања, и сигурно ќе поминат месеци, па дури и години за да се состави целата слика. Нѐ само што јапонската нуклеарна индустрија не се истакнува по транспарентност и отвореност, туку индикативно е што во изминатите години ја следеа серија афери.

Во 2002 година претседателот на компанијата “TEPCO” (Tokyo Electric Power Company) и уште четворица извршни директори се разрешени од функциите, но останува сомневањето за постоењe фалсификувани досиеја за безбедноста на нуклеарните централи. Во текот на 2006 и 2007 повторно се појавуваат слични афери поврзани со безбедноста. Дури и сајтот WikiLeaks дополнително ја разбранува јавноста со објавувањето на документ од состанокот на G8 во 2008 година во Токио на тема „Заштита и нуклеарна сигурност“. Содржината на овој документ ја пренесува британски Telegraph, цитирајќи го претставникот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), кој на тој состанок рекол дека критериумите за сигурност во Јапонските нуклеарки се застарени, и дека тие биле предмет на ревидирање само три пати во 35 години, и ќе бидат контролирани од страна на IAEA. Како одговор на оваа реакција јапонската влада формирала центар за реакција на кризни состојби во постројката Фукушима, но сигурноста на

хронологИЈа на настанИте во централата фукушИма

Page 55: Порта3 153

25 март 2011 ПОРТА3 55

55

екологија

Атомската централа Фукушима пред катастрофата

Реакторите на атомската централа уништени од експлозијата

централата при земјотреси со поголема јачина од 7 степени не е подобрена, наведува Telegraph. Сите овие информации фрлаат

сенка врз високата етика во професионализмот, и етиката воопшто, која во јапонското општество е издигната на

ниво на култ. По првата криза, односно експлозија во Фукушима, ситуацијата во наредниот период станува се понапната. Десетиците

доброволци се борат да спречат нуклеарна катастрофа свесно ризикувајќи ги сопствените животи. Во земјата во која роботите се вклучени во многу технологии, и во различни операции, сепак не се создаде робот за решавање на дефектите во нуклеарните електрани. За жал, оваа задача мора да ја извршат луѓето.Катастрофата на Фукушима го вклучи алармот за прашањето на безбедноста на овој 40 години стар реактор (еден од шесте на оваа централа), и генерално прашањето на безбедноста на нуклеарните реактори. Не се работи само за безбедноста во поглед на сеизмиката сама по себе, туку генерално, веројатноста за откажување на кој било дел од опремата, односно прашањето на повеќекратни системи за безбедност во услови на земјотрес. Се покажа дека колку и да се високи достигнувањата на модерната технологија, останува немоќта пред она што може да го направи природата. Извесно е дека уште долго ќе остане прашањето: колку е навистина „чиста“ нуклеарната енергија?

Даниела МЛАДЕНОвсКА

Page 56: Порта3 153

екологија

ПОРТА 25 март 2011356

56

Пред околу дваесетина години еден познат американски писател напишал: има ли

нешто што ми фали од мојата младост? Има ли нешто од кое се плашам? Одговорот на тоа прашање не засега сите нас. Постои една работа која е неподнослива, една работа која е тотално несфатлива. Леснотијата со која ние луѓето ја претвораме оваа плаво-зелена оаза во која живееме, во место каде што полека, но сигурно снемува услови за живот на човековиот род. Климатските промени претставуваат нешто што треба сите да не загрижи, и воедно да не мотивира за да си ја осигураме нашата иднина на оваа преубава планета. Да ги спомнеме големите светски сили. Кина, на пример, го користи целокупниот нејзин буџетски суфицит (кој е огромен) за купување на енергетски компании и нафтени полиња со цел да има контрола врз искористувањето на јагленот низ светот. Истовремено, Кина го остварува својот амбициозен план за преземање на бизнисот со производство на соларни плочи. Овој план Кина го остварува заради свој личен бенефит, како материјален така и во однос на заштитата на животната средина, но исто така Кина се залага за глобално користење на обновливи енергии. Доказ за ова претставува изградбата на супериорна ветерна фарма во која се гради електрична мрежа од 800 киловолти, која ќе ги поврзува сите делови од земјата преку најсовршен систем за пренос и дистрибуција на електрична енергија. Нешто што светот досега го нема видено. Наспроти ова, моменталниот буџет на Америка во голема мерка зависи од нафтата, а тоа може да се гледа како економска катастрофа во најава. Во првиот квартал на 2009 година, буџетскиот дефицит на Америка изнесувал 101,5 милијарди долари, од кои 46 милијарди долари отпаѓаат на увозот на нафта и нафтени деривати. Ова не е само случај со Америка, со слични дефицити се соочуваат и многу други држави. Климатската криза слободно можеме да ја сместиме во ист кош со економската и со безбедносната криза. Решавањето на сите овие кризи е од витално значење за иднината на човештвото. Нашата зависност од нафтата и нафтените

потрага по алтернатИвнИ енергетскИ ИзворИ

Секогаш постоеле и ќе постојат скептици во поглед на алтернативните (обновливи) енергии. Енергијата што може да се добие од вкупната количина на нафта, јаглен и природен гас во светот е еднаква на енергијата што Земјата ја прима од Сонцето за период од педесет денa. Или пак, за да биде уште појасно, Земјата за еден час добива од Сонцето енергија која е теоретски еднаква на енергијата што ја користиме на Земјата во период од една година!

стоп за фосИлнИте горИва

Page 57: Порта3 153

екологијадеривати е одговорна за сите претходно споменати светски кризи. Сè се случува поради прекумерното искористување на јагленот, неговата преработка и употреба. Ние луѓето знаеме што можат да предизвикаат климатските промени, но како да не сме сигурни во тоа. Едноставно не сакаме да ги прифатиме последиците што се резултат на нашето живеење. Мора да се донесе одлука за итно делување во поглед на решавањето на климатските промени. Една стара африканска поговорка вели: ,,Доколку сакаш да стигнеш брзо, оди сам, но ако сакаш да стигнеш далеку, оди заедно со некој друг“. Во нашиот случај, ние сакаме да стигнеме далеку, но тоа треба да го направиме најбрзо што можеме! Побарувачката на електрична енергија секојдневно се зголемува, а таа се добива од нафта 36,5 проценти, јаглен 27, и 23 проценти од природниот гас. Заедно овие три фосилни горива прозиведуваат 86,5 отсто од вкупната енергија која ја користиме на Земјата. Поради овој

факт светот почнува да се насочува кон нови алтернативни енергии кои не емитуваат јаглероден диоксид во атмосферата. Секогаш постоеле и ќе постојат скептици во поглед на алтернативните (обновливи) енергии, но за да биде посликовито

ќе разгледаме една интересна споредба. Енергијата што може да се добие од вкупната количина на нафта, јаглен и природен гас е еднаква на енергијата што Земјата ја прима од Сонцето за период од педесет дена. Или пак, за да биде уште појасно, Земјата за еден час добива од Сонцето енергија која е теоретски еднаква на енергијата

што ја користиме на Земјата во период од една година! Нормално, доколку ги земеме предвид сите технички потешкотии кои би се јавиле во процесот на задржување и користење на енергијата од Сонцето, ќе ни бидат потребни околу десет дена со полно сончево осветлување за да се задоволат годишните енергетски потреби на нашата планета. Познатиот американски научник Томас Едисон уште пред еден век успеал да ги согледа можностите што ги нуди Сонцето, и изјавил: ,,би ги вложил сите мои пари во Сонцето и соларната енергија, па тоа е најголемиот извор на енергија во светот!“ Слично на ова, вкупната едномесечна енергија која теоретски е возможно да се добие од ветрот и од геотермалните извори, би можела исто така да обезбеди енергија која ќе ги задоволува потребите на целокупната цивилизација во период од една година. Кога на ова ќе се додаде енергијата од реките, плимата и брановите од

океаните, станува очигледно дека иднината на човештвото зависи од обновливите извори на енергија. Според најоптимистичките прогнози можно е дури и целокупна замена на фосилните горива од страна на обновливите извори на енергија. Потешкотиите се гледаат во тоа што треба вложување на огромни средства за развивање и изградба на исплатливи системи кои ќе ни овозможуваат да ги задржуваме и користиме природните енергетски текови. Сите облици на енергија се скапи, но со тек на време обновливата енергија станува сè поевтина, додека енергијата добиена од фосилни горива станува сè поскапа. Ова се должи на сè помалите резерви на јаглен во внатрешноста на Земјата. Време е да ја прекинеме нашата зависност во поглед на фосилните горива, и истите да ги замениме со обновливи извори на енергија, извори кои можеме да ги користиме засекогаш!

Никола НЕШКОсКИ, дипл.еко-инж. за животна средина

Page 58: Порта3 153

58

58

ПОРТА 25 март 20113

арт инфо

скопЈе

гордана вренцоска во мала станицаВо Националната галерија на Македонија, во објектот Мала станица, е отворена изложба на уметницата Гордана Вренцоска сo наслов „Македонски фолклор“.Изложбата е сочинета од прикажани фотографии, објекти, слики и графики, создадени во процесот на истражување, „разоткривање“, и „прочистување“ на актуелната македонска фолклорна естетика. Овој проект, според авторката, ги поставува прашањата за себеидентификација или „припадноста“ на одредено поднебје, етникум, нација, традиција, како клучни прашања, чиј одговор си го одредува секоја индивидуа независно. Во исто време, изложбата ги разгледува и проблемите на вулгаризација и квази–негувањето на фолклорните традиции.

вашИнгтон

портрети од жица на калдерВо Вашингтон, во просториите на познатата Национална галерија на портрети во Смитсониан музејот, е изложена поставка на портрети изработени од еден од најнаративните претставници на американската култура и уметност во 20 век - Александар Калдер (1898-1976). На изложбата наречена „Еден нов јазик“, покрај цртежите и сликите изведени во стандардни техники, се изложени неговите познати мобилни скулптури, како и портрети од жица. Калдер во светот на јавноста е познат по својата инвентивна техника која претставува „цртање во просторот“, и на живописен начин ги доловува карактеристиките на портретираните.

лондон

најскапо дело на пикасоКонечно изложена најскапата слика на Пикасо. Станува збор за делото наречено „Акт, зелено лисје и биста“ (Nude, Green leaves and Bust), насликано за само еден ден, во 1932 година. По повеќе од половина век поминато во потполна тајност, во март 2010 година ова уметничко дело се појави на аукција и достигна цена од 65,5 милиони фунти. Со тоа, еротскиот мотив инспириран од Мари Терез, „тајната муза“ на Пикасо, стана неговото најскапо продадено дело. Првпат по откупот, сликата е изложена пред јавноста во галеријата „Тејт Модерн“, со согласност на новите сопственици.

Page 59: Порта3 153

25 март 2011 ПОРТА3 59

59

дубаИ

британска современа уметност во дубаиНа почетокот на овој месец, во Дубаи беше отворена изложба на британски современи уметници под наслов „New Wave - Британската уметност денес“. Делата се изработени во различни техники, тематики и димензии, претставувајќи обиди за традиционална изработка на слики релевантни за глобализираната и презаситена денешница. Меѓу другите автори, чии дела се застапени на ова изложба, се Tasha Amini, Tom Ellis, Mustafa Hulusi, Dan Perfect, и Petroc Sesti, и за нив ова претставува деби на пазарот на уметнички дела во Емиратите. Поставката е отворена до 1 мај.

мастрИхт

кина ја надмина британијаКина го презема од Британија приматот на најголем пазар за уметнички дела и антиквитети. Според извештајот од Европската Фондација за уметност „Глобалниот пазар на уметнини 2010: криза и опоравување“, е забележан зголемен пораст во 2010 година, и тоа на 43 милијарди евра, што е за 52% повеќе во однос на 2009 година, кога беше глобалната економска криза, а се предвидува уште посилно утврдување на ваквиот однос во текот на 2012 година. Токму затоа, извештајот го носи поднасловот „Криза и опоравување“.

скопЈе

„поинаков поглед“Во мултимедијалниот центар Мала станица, во тек е ретроспективна изложба на фотографии од проектот „Поинаков поглед“ реализиран во периодот 2007-2010 година од Македонскиот центар за фотографија со поддршка на Швајцарската програма за култура на Западен Балкан. На изложбата се прикажани фотографии на повеќе од 300 млади автори, фото-документи од активностите опфатени со проектот и фотографии од курсот по модна фотографија. Истата вечер беше промовиран и документарниот проект „Документ.дете“ на авторката Моника Мотеска, реализиран во соработка со ученици од ОУ „Димитар Миладинов“ од Скопје. Изложбата „Документ.дете“ содржи 34 фотографии снимени со тројна експозиција.

арт инфо

подготви: Леонида ПЕНКА БАША

Page 60: Порта3 153

ПОРТА 25 март 2011360

60

арт и дизајн

Лебдечка скулптура

Page 61: Порта3 153

25 март 2011 ПОРТА3 61

61

арт и дизајн

Скулптурата „1,26“ е дело на американската дизајнерка Џенет Екелман, која се

специјализирала за воздушни скулптури и инсталации. Таа е долга 70 метри и се спушта од покривот на седумкатниот Музеј за современа уметност во Денвер, САД. Според зборовите на самата дизајнерка, инспирацијата за своите скулптури ја добива од ракетните системи со

кои раководи НАСА. Ова се однесува на облиците на скулптурите, но и на нивниот колорит кој потсетува на огнени облици кои непредвидливо се движат на ветерот. Скулптурата „1,26“ е изработена од влакна направени од материјал кој е 15 пати посилен од челикот по тежина. Влакната се познати под комерцијалното име „Спектра“. Се работи за структура која е исклучително издржлива и постојана, поседува голема носивост, но исто така е и исклучително лесна, па затоа без проблем можела да се закачи на покривот од седумкатницата.Дури во вечерните часови скулптурата станува извонредно дело на современата уметност. Темнината ги сокрива носечките кабли, па на посетителите им изгледа дека шареноликата огнена топка благо се ниша на ветерот, менувајќи го постојано својот колорит.

Дејан БуѓЕвАЦ

Џенет Екелман

Page 62: Порта3 153

совети

ПОРТА 25 март 2011362

62

мала куќа за одмор

Просторот навистина е мал, но може да се уреди во скромно место за

уживање направено по мерка на човекот, и тоа нè само по мерка на телото туку и на духот. Богатата природна околина и дебелите ѕидови ќе даваат свежина во летниот период, а правилниот распоред на мебелот ќе ви овозможи и тука да имате сè што ви е потребно. Во просторијата може да се сместат два лежаја кои се извлекуваат под висечките комоди ноќе, а се собираат преку ден и формираат софи за седење. На ѕидот поставете полици, и тоа над плотната во кујната и на спротивниот ѕид меѓу лежаите. Трпезариската маса се извлекува од под работната површина од кујната. Кога не се користи се врти за 90° и влегува под работната површина. И столовите се расклопуваат. Аголот е место за плакарот-остава. Врз бродскиот под поставете простирка од бамбус. На терасата може да има сет за уживање - плетени седалки и масичка. Со неколку ентериерни детали (тропски мириси од декоративни свеќички, тавански вентилатор, декоративни перничиња) ќе внесете свежина во просторот и ќе овозможите уживање во изобилството од сончеви денови.

Билјана стЕвКОвсКА-сАвИќ, дипл.инж.арх.

[email protected]

- Годинава, кога постојано се опоменува дека треба да се штеди, да не се загрозува природата и опкружувањето и се зборува за одржливи принципи во архитектурата, помислив на просторот што го поседувам на дојранското крајбрежје. Просторот е мал и се состои од една просторија и санитарен јазол. Би можел ли да го уредам за летување без да доградувам и да правам градежни зафати?

Читател од Скопјепред

потоа

Page 63: Порта3 153

најчудните градби на светот

25 март 2011 ПОРТА3 63

63

Ви се случило ли некогаш, уште на прв поглед да бендисате објект, и да знаете дека тоа е местото на кое ќе ги потрошите

вашите пари? Тоа ќе ви се случи ако сте во Санкт Петербург и сакате да ја задоволите вашата шопинг треската. Неизбежно е да го забележите црвениот објект со прозорски вертикали и огромни бројки во форма на гигантски бар-код, и веднаш ви е јасно дека сте на правото место.Канцеларијата на студиото „Витрувиус и синовите“ го дизајнирала овој објект, кој го нарекле „Штрих код“ или кај нас попознато како бар-код. Зградата е изградена во центарот на класичното руско сивило во Санкт Петербург близу мостот Володарски. Објектот доминира во апартманската класика во овој дел на градот околу реката Нева и претставува освежување за целиот кварт. Имајќи предвид дека зградата е во црвена боја, таа е препознатлива оддалеку и мошне успешно го привлекува вниманието на луѓето.Вертикалните бар-код линии и бројките што се лоцирани над секоја од нив, се вдлабени во алуминиумската фасада оставајќи впечаток дека и тие се дел од целиот екстериер, како навистина да се прозорци, а не само имитација.Слични објекти се конструирани во Германија и во Холандија, но руската верзија привлекува најмногу внимание, пред сè заради одличното решение во кое авторите не претерале, туку направиле привлечна и едноставна фасада која ја разубавила околината. Според некои архитекти, доколку блиското опкружување на Бар-код шопинг центарот бил направен во сличен стил, или пак со користење на други содржини или бои, ќе пропаднел целиот проект. Тоа го објаснуваат со фактот што ваков каков што е сега, објектот изгледа како да е оаза во пустина. Таквиот елемент се надополнува со остатоците од долг сив комплекс згради во заднина, кои просто наликуваат на затворски целини без душа и привлечност.

Драган РИстОв

шопИнг центар во форма на бар-код

Page 64: Порта3 153

излогизлог

Американскиот дизајнер Victor Vetterlein ја дизајнирал оваа колекција светилки инспирирани од развојот на растенијата.

Невообичаен систем на полици за книги - Equilibrium (рамнотежа) од Malagana Design.

ПОРТА 25 март 2011364

64

Page 65: Порта3 153

подготви:сандра ДОНЧЕвАдипл.инж.арх.

Францускиот дизајнер Jean-Marie Massaud ги креирал овие табуретки како „зелени острови“ за OFFECCT.

Wetel Oberfell е дизајнерот на овој модуларен систем за седење наменет за деловни и комерцијални простори. Може да се комбинира на многу начини, правејќи го овој систем разновиден и адаптибилен.

25 март 2011 ПОРТА3 65

65

Page 66: Порта3 153

ww

w.p

ort

a3.

co

m.m

k

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

66

јавни набавки

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 27/2011

ПРАВИЛНИКЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА,

МЕТОДОЛОГИЈАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАРОТ НА ИСПУШТАЊЕ

И ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЧИ

ПРАВИЛНИКЗА ОДРЖУВАЊЕ НА КАТАСТАРОТ

НА НЕДВИЖНОСТИТЕ

ПРАВИЛНИКЗА НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ, ДИСТРИБУЦИЈА,

ПРИСТАП, ИЗДАВАЊЕ, ЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ ОД ГЕОДЕТСКО-

КАТАСТАРСКИОТ ИНФОРМАЦИОНЕН СИСТЕМ И ЗА НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

ОД КАТАСТАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 5/2011Назив на договорниот орган:АД МЕПСО, ул. “Орце Николов“ бб, 1000, СкопјеПРЕДМЕТ:Изработка на Основен проект за Реконструкција на 110 kV ДВ ХЕЦ Козјак – ТС Скопје 3 со примена на нов тип на проводник со поголема пропусна моќ, заради приклучување на ХЕЦ Св. Петка на ЕЕС.Контакт тел/факс: 3149-617, 3111-160, лице за контакт: Христо Кордаловски.Јавно отворање на понудите на ден 30.03.2011 год.

БРОЈ: 26/2011Назив на договорниот орган:Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Избор на фирма, за одржување (санација) на плочници на територија на Општина Аеродром.Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска.Јавно отворање на понудите на ден 30.03.2011 год.

БРОЈ: 05-504/2011Назив на договорниот орган:Општина Чаир, ул. “Христијан Тодоровски Карпош“ бр. 5, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на Детални урбанистички планови на територијата на Општина Чаир.Контакт тел/факс: 2603-019, лице за контакт: Вене Тасев.Јавно отворање на понудите на ден 28.03.2011 год.

БРОЈ: 05-545/2011Назив на договорниот орган:Општина Чаир, ул. “Христијан Тодоровски Карпош“ бр. 5, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Вршење на надзор за изградени работи од висока и ниска градба за потребите на Општина Чаир.Контакт тел/факс: 2603-019, лице за контакт: Вене Тасев.Јавно отворање на понудите

на ден 29.03.2011 год.

БРОЈ: 05-546/2011Назив на договорниот орган:Општина Чаир, ул. “Христијан Тодоровски Карпош“ бр. 5, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Асфалтирање на улици на подрачјето на Општина Чаир.Контакт тел/факс: 2603-019, лице за контакт: Вене Тасев.Јавно отворање на понудите на ден 29.03.2011 год

БРОЈ: 05-547/2011Назив на договорниот орган:Општина Чаир, ул. “Христијан Тодоровски Карпош“ бр. 5, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба и реконструкција на јавни површини со префабрикувани бетонски елементи.Контакт тел/факс: 2603-019, лице за контакт: Вене Тасев.Јавно отворање на понудите на ден 30.03.2011 год.

БРОЈ: 6/2011Назив на договорниот орган:ЕЛС – Општина Прилеп, ул. “Питу Гули“ бр. 2, 7500, Прилеп.ПРЕДМЕТ:Изградба на улици и патишта на територијата и за потребите на ЕЛС – Општина Прилеп.Контакт тел/факс: 048 401-721, 048 401-720, лице за контакт: Рубинчо Биновски.Јавно отворање на понудите на ден 30.03.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 28/2011

ПРАВИЛНИКЗА НАЧИНОТ И СОДРЖИНАТА НА ВОДЕЊЕ

НА ДНЕВНИК НА ГРАДЕЖЕН ИНСПЕКТОР, ОДНОСНО ОВЛАСТЕН ГРАДЕЖЕН ИНСПЕКТОР

ПРАВИЛНИК ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ ЗА ПОСЕБНИ НАМЕНИ

ПРАВИЛНИК ЗА ПРЕМЕР И ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ ОД ПРЕМЕРОТ

ТАРИФНИКЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА

ИЗВРШЕНИ ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ ОД СТРАНА НА ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ ОВЛАСТЕНИ ГЕОДЕТИ И ТРГОВСКИ ДРУШТВА ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 01/Е/2011Назив на договорниот орган:Општина Охрид, ул. “Димитар Влахов“ бр. 57, 6000, Охрид.ПРЕДМЕТ:Изведба на фекална и атмосферска канализација на ул. “Илинденска“ и “Коста Абраш“ и фекална канализација и преприклучување на водоводна линија на ул. “Илинденска“.Контакт тел/факс: 046 262-493, 046 262-545, лице за контакт: Лилјана Симоноска.

Јавно отворање на понудите на ден 29.03.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 29/2011

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА

НА РЕГИСТАРОТ ЗА ПОДНЕСЕНИТЕ БАРАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН

СТАТУС НА БЕСПРАВНИ ОБЈЕКТИ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 30/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 02/2011Назив на договорниот орган:Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите, ул. “Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на објекти во комплексот на Затвор Куманово (село К`шање).Контакт тел/факс: 02 3106-556, 02 3110-437, лице за контакт: Јасминка Дончевска.Јавно отворање на понудите на ден 04.04.2011 год.

БРОЈ: 13/2011Назив на договорниот орган:Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџивасилев Јасмин“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Набавка на работи – замена на кров и замена на прозорци во Средното училиште “Димитар Влахов“ Струмица.Контакт тел/факс: 02 3224-997, 02 3118-414, лице за контакт: Александра Џингова.Јавно отворање на понудите на ден 04.04.2011 год.

БРОЈ: 21/2011Назив на договорниот орган:Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџивасилев Јасмин“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Доградба на ОУ “Ѓерѓ Кастриот Скендербег“ Општина Арачиново – Скопје.Контакт тел/факс: 02 3224-997, 02 3118-414, лице за контакт: Александра Џингова.Јавно отворање на понудите на ден 03.05.2011 год.

БРОЈ: 05/2011Назив на договорниот орган:МЈП ПРОАКВА, Кеј “8 Ноември“, 6330, Струга.ПРЕДМЕТ:Изградба на доводен цевковод Бејбунар – Студенчишта.Контакт тел/факс: 046 250-122, 046 250-123, лице за контакт: Дијана Мошоска.Јавно отворање на понудите на ден 30.03.2011 год.

БРОЈ: 02/Е/2011Назив на договорниот орган:Општина Охрид, ул. “Димитар Влахов“ бр. 57, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Асфалтирање на улици по спецификација со асфалт АВ 11 и BHS 16 во Општина Охрид.Контакт тел/факс: 046 262-493, 046 262-545,

лице за контакт: Лилјана Симоноска.Јавно отворање на понудите на ден 04.04.2011 год.

БРОЈ: 03/Е/2011Назив на договорниот орган:Општина Охрид, ул. “Димитар Влахов“ бр. 57, 6000, Охрид.ПРЕДМЕТ:Изведување на градежни и градежно занатски работи за уредување на поткровјето и школскиот двор во гимназија “Св. Климент Охридски“ – Охрид.Контакт тел/факс: 046 262-493, 046 262-545, лице за контакт: Лилјана Симоноска.Јавно отворање на понудите на ден 04.04.2011 год.

БРОЈ: 04/Е/2011Назив на договорниот орган:Општина Охрид, ул. “Димитар Влахов“ бр. 57, 6000, Охрид.ПРЕДМЕТ:Асфалтирање на тротоари со асфалт АБ 8 во Општина Охрид.Контакт тел/факс: 046 262-493, 046 262-545, лице за контакт: Лилјана Симоноска.Јавно отворање на понудите на ден 04.04.2011 год.

БРОЈ: 06/2011Назив на договорниот орган:ЈП “Стрежево“, бул. “1-ви Мај“ бб, 7000, Битола.ПРЕДМЕТ:Изградба на мала хидроцентрала – ХЕЦ Експлоатационен минимум.Контакт тел/факс: 070 307-906, 047 207-836, лице за контакт: Вера Бешлиевска.Јавно отворање на понудите на ден 08.04.2011 год.

БРОЈ: 31/2011Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на инвестиционо техничка документација во сите фази од областа на сообраќајот.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Јавно отворање на понудите на ден 06.04.2011 год.

БРОЈ: 01/2011Назив на договорниот орган:Општина Виница, ул. “Бел Камен“ бб, 2310, Виница.ПРЕДМЕТ:Изведба на градежни работи на улици во Виница и населени места.Контакт тел/факс: 033 361-945, лице за контакт: Ангел Синадинов.Јавно отворање на понудите на ден 05.04.2011 год.

БРОЈ: 05-24/3/2011Назив на договорниот орган:Општина Ѓорче Петров, ул. “Ѓорче Петров“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба и реконструкција на објекти за спорт и рекреација.Контакт тел/факс: 2039-307, 2033-309, лице за контакт: Борис Петров.Јавно отворање на понудите на ден 06.04.2011 год.

Page 67: Порта3 153

25 март 2011 ПОРТА3 67

рубрика

67

Page 68: Порта3 153