14488 poim za komunikacija

30
ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Факултет за политички науки Поим на комуникација - семинарскаа работа - Ментор: Кандидат: Проф.д-р. Луси Караниколова Елдин Хаџиќ

Upload: eldin-hadzic

Post on 31-Oct-2014

110 views

Category:

Documents


0 download

Tags:

TRANSCRIPT

Page 1: 14488 Poim Za Komunikacija

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Факултет за политички науки

Поим на комуникација

- семинарскаа работа -

Ментор: Кандидат:

Проф.д-р. Луси Караниколова Елдин Хаџиќ

Скопје

Page 2: 14488 Poim Za Komunikacija

Кратка содржина:

ВОВЕД……………………………………………………………3

Основен поим на комуникацијата………………………4

Медиуми за пренос на информација……………………7

Основни карактеристики на комуникацијата……..11

Комуникациски фактори………………………………..13

Дистрактори (пречки) во комуницирањето……....17

Надминување на пречките во комуницирањето…19

Заклучок…………………………………………….………..21

Користена литература………………………………...22

2

Page 3: 14488 Poim Za Komunikacija

ВОВЕД:

Комуникацијата е интердисциплинарна наука која своите корени ги

има во некои други науки кој своите корени ги имаа во некои други науки

и вештини како што се: беседништвото реториката,граматиката,

филозофијата, психологијата, лингвистиката, информатиката,

социологијата и др.

Слободно можеме да кажеме дека комуникацијата како посебна

вештина е вткаена во сите гранки на стопанството и уметноста, а

особено е важна во изучувањето на менаџментот , маркетингот и

односот со јавноста.

3

Page 4: 14488 Poim Za Komunikacija

Основен поим на комуникацијата

Комуникацијата е основен поим од кој се поаѓа при изучување на

комуникологијата. Во контекс на ова, комуникацијата претставува

перманентен процес на испраќање и примање на информации,со една

основна цел-размена на идеи.Денес може да се каже дека живееме во

ера на најсовремени комуникациски системи за масовни

комуникации.Секојдневно, човекот е изложен на постојанао примање на

информации од секаков вид.Според некои истражувања, просечното

семејство е изложено на повеќе од илјада рекламни пораки,кои се само

еден вид комуникација (1:5). Најголем број на пораки што ги примаме ги

игнорираме, но еден дел од нив сепак стигнуваат до нашата свест, па

дури и се меморираат. Поаѓајки од ова, треба да се истакне дека

индивидуалната комуникација поминува низ четири фази:

1. Внимание:За да го привлече вниманието на човекот пораката

мора да биде доволно силна,атрактивна,различна од останатите

и интересна;

2. Краткорочна меморија:пораките што допираат до

ова,привлично скалило на нашата свест имаат краток век на

помнење. За да останат подолготрајно во нашата свест,да се

повторуваат;

3. Долгорочна меморија:Оние пораки што допираат до оваа ниво

на свеста на човекот,остануваат запаметени и ќе бидат

заборавени само ако постојат и други "конкурентни" пораки што

го одзимаат вниманието;

4. Централна обработка: На овој степен се обработуваат пораките

што ја минале долгорочната меморија заедно со останатите

информации кои веќе постојат во меморијата и кои

предизвикуваат позитивни или негативни чуства. Сите тие

4

Page 5: 14488 Poim Za Komunikacija

заедно ги обликуваат: човечкото верувње, неговите чуства и

намери на евентуална акција;

Комуницирањето ги опфаќа сите средства и методи со кои луѓето

пренесуваат информации. Комуникациските активности го исполнуваат

целиот човечки ден. Една анализа за време се троши на комуникации,

покажуваа дека 40% од целукупното време што се троши во слушање,

35% во говорење,15% во читање, а само 10% во пишување.

Најзначајниот момент во комуникацијата е пренесување на

информациите. Некои теоретичари сметаат дека процесот на

комуницирање е еднонасочно при што испраќачот на информации е

активна страна, а примачот на информацијата е пасивна страна. Според

ова сваќање, комуникацијата е единство на три елементи:изворот

(испраќачот), пораката и примачот. Како извор може да биде некоја

личност, но исто така и телевизиските и радио емисиите или некоја

книга. Пораката може да има различни форми, какви што се:прашање,

молба па дури и насмевка. Во улога на примач може да биде секое

лице на кое пораката му е наменета, но може и некои други присутни

лица на кои не им е наменета пораката, но се нашле во

комуникациското поле. Овој симплифициран модел создава основна

концептуализација и покрај тоа што не е доволно софистициран за да се

разберат сите "заплети" од повеќе комуникации во една организација.

Посложен модел за комуницирањето што произлегува од

Ласвеловата изјава дека комуникацијата треба да се разгледува од

аспект на одговорите на петте прашања:кој ја испраќа

пораката(испраќач);зошто ја испраќа (цел на комуникацијата); кому му е

наменета информацијата (примач); по кој канал се испраќа

информацијата ( начин на пренесување) и каков ефект произведува

(повратната информација).

Кога се вели комуникациски канал, се мисли и на патот на

комуницирањето, но и на начинот на комуницирањето. Целта на

комуницирањето се смета дека е постигната тогаш, кога постои потполно

разбирање меѓу испраќачот и примачот. Во тесна врска е значењето на

5

Page 6: 14488 Poim Za Komunikacija

повратната информација од причина што, преку неа испраќачот

стекнува сознание за тоа дали примачот конкретно ја интерпретирал

пораката. Како елементи што се поврзани со комуникацијата а треба да

ги поседува и испраќачот и примачот ,се нивните: вештини, знаења,

ставови и социокултурата-кога е потребно декодирање на

информацијата,додека кога станува збор за кодирање на

информацијата, значајни се:мотивите,мислењата и одлуките.

Вака разбраната комуникација покажува дека комуницирањето е

двонасочен процес во кој постојат најмалку двајца соговорници и

активностите што тие ги преземаат а се состојат од непрекинат синџир

на акции и реакции. Теоријата на комуникациите го проучува

двонасочниот тек на пораките што ги носи информацијата, односно,

квантитативно ја одредува и прецизира.

За да може правилно да се разбере комуникацискиот процес

потребно е да се земат во предвид основните елементи на

комуницирањето:

Извор на комуникатор

Порака

Примач

Кодирање

Декодирање

Шумови или пречки

Комуникаторот презентира одредени информации кои претставуваат

порака. Пренесувањето на сканата порака од страна на изворот

(комуникаторот) се нарекува трансмисија или кодирање, а вистинското

дешифрирање од страната на примачот се нарекува толкување или

дешифрирање. При секое комуницирање постојат некои пречки или

шумови кои можат да се појават на било кое место од комуникацискиот

систем.Успешноста на комуникацијата зависи од капацитетот на

каналот,како и од можноста да се оствари врска.

6

Page 7: 14488 Poim Za Komunikacija

Медиуми за пренос на информација

Поаѓајки од основната дефиниција дека комуницирањето

претставува пренесување на информации од еден до друг човек,се

јавува потребата од дефинирање на каналите по кои се врши

пренесувањето на информациите, а во тесна врска со тоа и од

медиумите за нивно пренесување.

Кога станува збор за непосредна комуникација лице в лице,во улога

на преносен канал се јавува воздухот. Но, многу често, дирекното

комуницирање не е можно и пренесувањето на пораката се врши со звук,

со светлосен сигнал со механчки средства и слично. Во такви случаи

пренесувањето се врши така што на една страна е испраќачот на

пораката (глас,светло, радиопредавател)кој соодветно ја кодира

пораката,а на друга страна е примачот на пораката( уво, око или

радиоприемник).

Што се однесува до начинот на пренесување на идеи,треба да се

истакне дека постојат неколку медиуми за пренос на идеи, но ниту еден

од нив не е совршен. Комуницирањето е подложено на квантитативно и

квалитативно несовпаѓање. Човечкиот начин на обработка на

информации ги вклучува следните медиуми запренос на

идеите:мислење, дејствување, набљудување, зборување, слушање,

пишување и читање.

Многу често мислењето,како медиум за пренесување на идеите се

предвидува и се гледаат само начините на испраќање на

информациите.Речиси никогаш не се обрнува внимание на мислењето

како внатрешно комуницирање на поединецот со самиот себе,што

некогаш му претходи скоро на сите медиуми. Во човечкиот мозок се

одвиваат низа процеси кои го овозможуваат создравањето на

идеите,пренесувањето,помнењето и разбирањето на примените

информации. Затоа треба да се знае дека за успешно комуницирање

7

Page 8: 14488 Poim Za Komunikacija

помнењето е многу важно. Информацијата што се испраќа треба малку

да отстои во свеста,да се замисли правилно,и да се пренесе правилно.

Постојат многу народни поговорки кои упатуваат на тоа дека не треба

да се брза да со пренесувањето на пораките,туку тие треба да се

осмислат,или како тоа народот го рекол:ДВАПАТИ МЕРИ,ЕДНАШ СЕЧИ.

Дејствувањето,односно разните гестови што се користат при

невербалната комуникација се многу погласни од зборовите. Со изразот

на лицето и телото,честопати може да се комуницира поефикасно и

поинтересно отколку со многу напишани зборови. Невербалните аспекти

на комуникацијата како тонот,гестовите или изразот на лицето, често

имаат поголемо влијание на вербалните аспекти.

Набљудувањето игра голема улога во комуникацијата затоа што

луѓето ги набљудуваат оние настани и делови од тие настани, што сакат

да ги видат. Доколку човекот сака да постигне емоционална зрелос мора

да научи да гледа се околу себе,дури и оние работи кои не му се

пријатни. Искуството има големо влијание врз перцепцитее на луѓето.

Затоа тие морат да внимаваат на можните искривувања на пораките

што ги примат под влијание на порано стекнати впечатоци.

Кога станува збор за говорење/зборување, тогаш треба да се

знае дека просечната брзина е околу 125зборови на минута. Кажувањето

на многу повеќе зборови во една минута и употребата на непотребните

зборови многу ја комплицираат пораката. Помеѓу успешните деловни

луѓе постои едно правило кое гласи:ДОДЕКА ЗБОРУВАШ НИШТО НЕ

МОЖЕШ ДА УЧИШ. Претераното зборување и користење на премногу

зборови за објаснување на мислите само ги заморува слушателите и им

ја намалува концентрацијата.

Слушањето претставува еден од најважните медиуми за пренос на

пораката. Психолозите тврдат дека луѓето кои наидуваат на слушател

многу полесно да ги откријат своите проблеми и така да најдат начин за

нивно надминување. Во практиката постојат многу кои не го

овозможуваат слушањето на вистинската порака. Затоа треба да се

слуша и пораката меѓу редовите,односно говорот на телото,што

фигуративно се нарекува слушаер со трето уво.

8

Page 9: 14488 Poim Za Komunikacija

За разлика од останатите медиуми за пренесување на пораките,

пишувањето значително помалку се употребува во комуницирањето.

Но, од друга страна, тоанеизменлив начин на комуницирањето,со кој што

се обезбедува трајнос и неприменливост на пораката,заради што се

потенциранеговата важност при комуницирањето. Додека при

зборувањето може да се употребуват дополнителни зборови за да се

појаснат некои мисли,при што пишувањето ке биде потешко.

Познато е дека колку што поедноставно и пократко е напишана

пораката толку е поголема можноста за нејзино праволно разбирање.

Само за илустрација,десетте божји заповеди содржат околу 300зборови,

а една обична одлука за користење на годишен одмор на вработените

често пати содржи и повеќњ од илјада зборови.

Во секојдневното работење менаџерите добар дел од своето време

го трошат во читање на различни информации,одлуки или решенија.

Меѓутоа брзината на шитањето многу може да се зголеми само ако се

подобри вниманието при читањето. На тој нашин воедно се зголемува и

можноста за разбирање на пораката. Од друга страна читањето

претставува единствен начин да се одржи чекор со времето, со

промените. Никој не може да очекува дека се што ке прочита може и да

се запомни. Но во таа насока особено е важно она што се чита да се

поврзе добро со онаа што претходно се знае. Исто така од голема полза

е :поврзувањето на фактите, проценувањето, прашувањето и

споредувањето на онаа што се чита и онаа што претходно се знаело.

Квалитетот на информациите не зависи од медиумот за пренос,туку

од тоа колку се води сметка за правилното комуницирање. Без оглед на

тоа кој медиум се користи за пренос на информациите,постојат извесни

предуслови кои требат да бидат исполнети заради поголема ефикасност

на комуницирањето. Во таа смисла секој од ушесниците во

комуникацијата треба да се труди во комуницирањето да се придржува

кон следните барања за успешни комуникации:

Стручност, што подразбира најголема мерка на

објективност,веродостојност и длабочина на излагањето;

9

Page 10: 14488 Poim Za Komunikacija

Јасност, која се однесува на логична употреба и поврзување на

фактите и деталите, одбегнување на двосмислености,

конфузност и неодречност;

Сликовитост , што знаци максимално користење на визуелни

претстави на општо познати ситуации адекватни споредби со

цел да се намали апстрактноста во излагањето. Во оваа смисла

е поговорката дека една слика заменува илјада зборови;

Перманентна насоченост, или потребата постојано да се имаат

на ум основните цели на комуницирањето,за да се навестат пред

учесниците во комуникацијата со цел комуницирањето да не се

отиде во несакана насока;

Одржувањето на ритам во комуницирањето, се однесува на

потребата итензитетот на комуникацијата да се засилува

постепено,особено во однос на клучните точки и моментии што

треба да се потенцирани;

Повторување на основните ставови на предметот на

комуницирање ке придонесе за прифаќање на на принудниот

став од страна на деловниот партнер како учесник во

комуникацијата;

Елементи на изненадување, што претставува смислено

неконвенционално поврзување на фактите и деталите со цел

пријатно да се изненади лицето со кое се комуницира;

Густина на мислењето, која се однесува на неопходноста на

комуникацијата да има свои врвови и тоа кога во моментот се

бара максимална концентрацијаод учесниците во процесот со

цел да се консолидираат мислите;

Воспоставување граници на информирање, и односно

потребата при секој вид комуникација да се настојува да не се

каже се што е битно со се што се остава просторот за активно

учество на сите парципиенти во комуникацијата.на тој начин

нема да останат неодречени работи нема да има недорзбирања,

а информациите да бидат комплетни;

Внесување определена доза на хумор, со што се подига на

повисок степен моралот на комуникаторот и неговата

10

Page 11: 14488 Poim Za Komunikacija

подготвеност за активно селдење на комуникацијата. Употребата

на хуморот има и една друга важна улога во комуницирањето а

тоа се:со неговата примена многу полесно можат да се кажат

некои непријатни нешта.

Доколку се користат овие препораки,или барем некои од нив се зголемат

се зголемува и можноста за ефективно комуницирање во декојдневниот,

но и во деловниот живот.

Основни карактеристики на комуникацијата

За успешно комуницирање на поединците,особено е важно да се

обезбедат основни карактеристики на комуникацијата. Тоа се основните

претпоставки за правилен тек на комуницирањето меѓу луѓето. Такви се:

јавноста,комплетноста, свесноста,конкретноста и точноста.

Секоја порака за да биде точно примена и разбрана,мора да биде

јасна. Во тој контекст јасноста треба да се разбере како директно и

логичко и стражување на пораките. Колку повеќе се употребуваат

непшотребни зборови толку е поголем ризикот од двосмисленост,

нејасно и погршно разбирање на истото. Меѓутоа за обезбедување на

овие карактеристики при комуницирањето голем проблем претставуваат

хомонимите,зборовите што имаат повреќе значење. Такви примери има

многу и тие зборови,доколку се извлечат од контекстот,можат да

придонесат за погрешно разбирање на информациите.

Ова нешто често може да се случи заради селективно слушање на

луѓето само на некои зборови. Во такви случаи сосема е веројатное

дека ваквите зборови влечени од контекстот можат да го наведат

примачот на информацијата во погрешна насока. За да се избегне

опасностапотребно е информациите да се комплетни. Без оглед дали

станува збор за давање или за примање информација,таа треба да биде

комплетно додадена но и тој што ја прима треба комплетно да ја прими.

11

Page 12: 14488 Poim Za Komunikacija

Во западните земји особено во Америка се употребува терминот

KIS (keep it simple) што преку писмата и другите пишани документи и

вратен на испраѓачот означува дека писмената порака е неразбирлива и

треба да се преправи. Некои одат доттаму што на пратките испишуваат

KISS (keep it simple,stupid, што во превод значи: биди едноставен

глупчо).

Треба да се намене дека дека со поедноставувањето на пораките

секогаш постои опасност за испраѓање на некомплетна порака.

Опасноста е поголема ако ограниченоста на зборовите е толкава што не

може да доведе пораката да биде разбрана во поинаква конотација од

онаа што сакала да ја даде испраѓачот. Многу често се случува луѓето

да кажуваат или да пишуваат долги пораки. Таквите пораки се

оптоварени со многу непотребни зборови кои само ги компликуваат и

можат да доведат до погрешно разбирање.

Во комуницирањето потребно е секој учесник да е свесен за темата

и целта за комуницирањето. Но свесноста истовремено значи да се знае

на кому му е наменета информацијата и истата да се обликува така да

можат да ја разберат оние на кои им е наменета. Познато е дека

експерите во желбата за импресирање на аудиториумот одат дотаму

што нивните:информации, пораки, предавања или говори изедначување

за оние кои го слушат затоа што користат стручни изрази кои никој не ги

разбира. Многумина поведени од желбата да се остави впечаток на

висока интелегентност зборуваат на потребата од критичен однос кон

споствените комуникациски можности.

Често пати во практиката се случува луѓето кога се сигурност не се

знаат фактите или деталите од одредени работи,да прибегнуваат во

генерелизација на истите и да зборуваат воопштено. Изборот на

правилни ,конкретни зборовипридонесуваат за јасна и точна

комуникација меѓу поединците. Ова добива особено значење во

комуницирањето меѓу народите. Различните култури со нивните

особености во начинот на комуницирање и однесување и комуницирање

можат да бидат сериозна пречка меѓусебното разбирање на различни

нации.

12

Page 13: 14488 Poim Za Komunikacija

Понекогаш во најекстремните случаи, погрешните информации се

дават свесно, со намера да се профитира на нечесен начин. Во таков

случај, добро е да се знае изјавата на еден искусен политичар кој

забележал дека многу е поедноставно да се зборува вистаната,бидејќи

во спротивно ќе мора многу повеќе да се помни.

Комуникациски фактори

Ефикасната комуникација не е ни помалку лесна работа. Тоа е

комплексен процес кој претставува стратегии за реагирање на различни

ситуации.впрочем најдобро би било кога:идеите, мислите и поимите би

можеле да се пренесуваат со телепатија,директно од главата на едниот

до главата на другиот соговорник,бидејќи на тој начин најверодостојно

би била пренесена пораката. Бидејќи тоа е невозмижно, за ефективна

комуникацијаодносот за пренесување на своите мисли луѓето треба да

научат да го користат јазикот во социјалниот контекст. Еден од

најважните компоненти на секоја култура е комуникација со

симболи,вклучувајки го тука и јазикот. Во зависност од целта која треба

да се постигне со комуникацијата, јазикот може да се користи за:

размена на информации,за постигнување на различни барања,кога е

потребно убедување, проценување, или пак изразување на чувставата,

милењата или ставовите.

Меѓутоа треба да знаеме не само што да кажеме ,туку и кога тоа да

го кажеме, кому да го кажеме, и можеби најбитното од се како да го

кажеме. За таа цел потребно е да се определат сите комуникациски

фактори вклучени во испраќањето и примањето на пораките. Со нивна

помош поединецот може да определи соодветен стил на комуницирање

за секоја ситуација. Во оваа смисла,во комуникациските фактори спаѓаат

Јазична компетенција

Граници во комуницирањето

Култура на изразување

13

Page 14: 14488 Poim Za Komunikacija

Итност

Стил и одност во комуницирањето

За правилно определување на комуникацискиот фактор јазична

компетенција клуче е одговорот напрашањето:Што е целта на

интеракцијата?

Понекогаш зборовите ги примаме како изјава или како прашање, а

сепак не ни е сосема јасна пораката која ни ја испратил другата личност.

Секогаш кога пораката не е разбрана тој дел и во целост, треба тоа да

му се каже на соговорникот. Начинот на кој треба да се направи зависи и

од соговорникот,но без оглед на тоа ке биде направено на вербален

начин или со невербален начин,мора да резултира со повторно

разјаснување на пораката. Секогаш е подобро да се праша повеќе пати

одколку да се разбере погрешно, и никогаш не треба да се прикриваат

грешките кои настанале при комуникацијата туку треба да се направи

обид за тие повеќе да не настануваат, и ке се инсистира на точни пораки.

Од оваа произлегува дека за да настане комуникација не треба да се

знае само јазикот и граматиката. Онаа што е битно е свесноста како да

се употребат соодветните зборови во дадена ситуација.

Треба да се нагласи дека кога станува збор за комуницирањето во

една организација станува збор за размена на информации,

поставување на разни барања убедување на другите,проценување на

работата,изразување на чуствата,мислења и ставови. Сите овие

составни делови на деловното комуницирање треба да бидат

задоволени преку користење на соодветни зборови. За едно исто

прашање можат да се употребат различни реченици. Така на пример,

ако сакате да побарате некоја книга можете да го направите на неколку

начини:

Дај ми ја книгата!

Те молам,дај ми ја книгата!

Може ли да ја добијам книгата!

14

Page 15: 14488 Poim Za Komunikacija

Дали може да се послужам со твојата книга!

Сите овие реченици се однесуваат на исто барање само некои повеќе

учтиви некои помалку,некои во себе содржат молба,а некои доза на

наредба. Која форма ке се одбере,зависи од ситуацијата. Некои од

наведените форми можат да се употребат помеѓу поединци кои се во

блиски односи, а некои кога е потребно учтиво барање. Понекогаш ако

добро не се процени ситуацијата може да се погреши при изборот на

зборовите кои ке се употребат. За да се избегне тоа секогаш кога со

сигурност не може да се процени што сакал соговорникот да каже,треба

да се сигнализира. Тоа може да се направи со:

Зборови или гестови

Барања да се повтори информацијата

Барање дополнителни објаснувања

Барање повторна информација

Парафразирање

За вториот комуникациски фактор граници на комуницирањето

важно прашање е : кои права и одговорности ги има комуникаторот?

Многу често,во било која работа како проблеми се јавува

неправилното определување на правата и одговорности што

произлегуваат од неа.

Во секоја организација постојат граници во пренесувањето на

информации, кои што зависат од организациската култура,

хиерархиското ниво на комуникаторите и слично.

Од друга страна може да се каже дека поголем дел од конзервацијата

што се одвива во една организација се однесува на работата. Меѓутоа

постојат и такви разговори кои се однесуваат на социјалните димензии

на работата и кои се водат за време на паузата, но и во текот на

работните часови. Во декоја организација постојат и незапишани

правила за однесување и во зависност од тоа се формираат и

правилата за комуницирање.

Културата на комуницирање е поврзана со начинот на однесување на

поединците. Понекогаш луѓето не се сигурни како треба да одговорат,

бидејќи не се сигурни која е нивната позиција и статусот во

15

Page 16: 14488 Poim Za Komunikacija

рганизацијата. Затоа, за определување на овоој комуникациски фактор

потребно е да се одговори на прашањето: Со кого се разговора?

Начинот на изразување во организацијата зависи пре се,од

позицијата на која се наоѓаат комуникаторите. Во организаците,

најчеста е комуникацијата меѓу соработниците, но секако не треба да се

заборави дека, исто така чести разговорите меѓу поодредени и

претпоставени. Во зависност од тоа и изразувањето треба да се

прилагодува спрема конкретната ситуација. Не може на ист начин да се

комуницира на подредените со рамните на себе и со претпоставените.

Не може да се користат исти зборови, ниту да се испраќаат исти

невербални пораки со блиските членови на семејството како оние на со

соработниците или претпоставените. Би можеле да се набројат некои

насоки кои одат во правец на правилно изразување помеѓу соговорници

од исти или од различни хиреархиски нивоа. Така на пример доколку

станува збор за комуницирање на соработници конверзацијата би

требало да биде без претерани формалности, да произлегува од

потребата за дружење мњѓу соработниците. Тоа до определен степен

подразбира , и интерест за приватниот живот на колегите за нивните

проблеми, интереси и навики. На тој начин се тоага до размена на

личните искуства поврзани со работата и животот но и до најразлични

информации бидејќи така се зајакнува не формалната комуникација која

може да биде значаен извор на информации.

За разлика од овој однос комуницирањето помеѓу претпоставен и

подреден подразбира одредени правила кои ја сочинуваат културата на

комуницирањето. Секако дека постојат непишани правила кои се

применуваат за комуницирање со претпоставениот. Кога станува збор

за обраќање на претпоставен кон подредден подредените и нивната

работа, ниту треба да се употребува претерано наредувачки тон

предавање на задачите на поддредените. Многу поефективна

комуникација се остварува доколку се користи замолувањето како начин

за поставување на барањата. И подредениот спрема претпоставениот

треба да ги почитува правилата за комуницирање на дистанца со

примен на културен и љубезен тон кој во никој случај не смее да биде

пренагласен. Пренагласената љубезност делува

16

Page 17: 14488 Poim Za Komunikacija

грубо ,нереално,полтронски и има спротивни ефекти во секој случај ,при

сите видови комуникација без ралика на хиреархиското ниво на

соговорниците едно правило се провлекува како услов за успешна

комуникација-комуницирање со почитување на личноста на

соговорникот.

При комуницирањето можат да се издвојат четири таканаречени

зони на комуницирање и тоа:

Интимна зона-комуницирање со деца,сакана личност.

Лична зона –комуницирање со блиски пријатели.

Социјална зона- комуницирање на состаноци,со непознати,со

деловни партнери.

Јавна зона- комуницирање на конфекции,семинари, говори

презентации.

Мора деа се признае дека непостои идеален стил и дека секој од

наведените и уште многу други кои се сретнуваат а не се спомнати

имаат свои позитивни и негативни страни. За голем број поединци

ефективната комуникација со соработниците е тешка работа доколку не

се воспостави правилна комуникација можни се две крајности:

Поединецот да не умее да се однесува со луѓето и да биде

поквалификуван како тежок човек со кого не е можна комуникација

и

Поединецот да претерува во желбата да се покаже како супер

пријател со луѓето,постојано да се сложува со нив правејки

компромиси до тој степен што ке се претвори во човек со

неодличен стил а работата ке трпи.

Начинот на кој луѓето глеедаат на работите(нивните ментални

модели),го определува нивниот пристап во комуницирањето,стилот,

додека нивното позитивно или негативно реагирање го определува

нивниот однос кон комуницирањето. Најважно е е да се разбере дека

секој човек има и свои индивидуални карактеристики и дека тие во

поголем дел влијасат и на начинот на кој тој човек комуницира. Но

комуницирањето не е нешто што е дадено еднаш за секогаш, туку

17

Page 18: 14488 Poim Za Komunikacija

напротив тоа е процес на постојано менуввање и исовршување. Лугето

кои ги разбираат комуникациските фактоори можаат содветно да

одговорат во разни ситуаци така што ке научат да ги прилагодуваат

своите одговори.

Дистрактори (пречки) во комуницирањето

Постојат пречки во комуницирањето или како уште можат да се наречат

дистрактори. Притоа мора да се има во вид појавата на ефектот на

статусот во комуницирањето. Тоа е случај кога едната личност е на

повисока позиција во хиреархиската структура на организацијата во

однос на другата. Кога овие луѓе меѓусебно комуницираат тогаш се

јавуваат пречки во комуникацијата како резултата на пренагласен

респект, доминантнос, па некогаш и страв кои што се последица на тој

различен статус, во принцип пречките во комуницирањето можат да

потекнуваат од следните извори:

Семантички проблеми-се појавуваат тогаш кога луѓето користат

исти зборови на различни начини, или ралични начини или

различни зборови на ист начин.

Перцепциски искривување- можаат да бидат предизвикани ос

сиромашен сопстевен концепт, односно, начинот на

саморазбирање или недоволно разбирање на другите.

Култоролошки разлики- овие разлики влијаат врз комуницирањето

меѓу луѓето од различни сектори во организацијата(на пр.

Секторот за истражување и развој и секторот за

произвотство),вакви разлики,често се јавува и меѓу луѓе кои имаат

различни искуства како и луѓе кои потекнуваат од различни

општествени и религиозни средини.

Физички пореметувања- се јавуваат во случај кога е предизвикана

голема врева како на пример чукање во блиската канцеларија на

18

Page 19: 14488 Poim Za Komunikacija

машина за пишуване,играње на моливот во рака,дури и носење

на кафе во текот на комуницирањет.

Лош избор на канзал за комуницирање- ако се очекува брза

реакција од примачот тогаш нетреба да се испраќа долг говор,

туку да се направи дирекна комуникација со примначот.

Непостоење потврдна информација- иако еднонасочната

комуникација е побрза ,сепак двонасочната е поправилна во

сложените ситуацоии таа им помага и на испраќачот и на

примачот да го огредат степенот на нивното разбирање , а и го

зголемува чуството на поврзанос кон задачата,тоа им овозможува

и на двете страни да го согледат и надминат недоразбирањето, а

со тоа води кон повисок квалитет на примање и прифаќање на

информацитее.

Комуникацискиот процес може да се наруши доколку испраќачие или

примачите не се способни да ги надминат комуникациските бариер.

Пречките го искривуваат текот на комуникацијата па затоа нивното

препознавање им овозможува на менаџерите да станат ефикасни

комуникатори.

Начинот на изразување:изборот на зборови, начинот нас кој

менаџерот ја составува реченицата стилот на изразување можат да

претставуваат сериозен проблем за воспоставувањето успечни деловни

комуникации. Менаџерот треба внимателно да ги користи стручните

изрази и да ги прилагодува на стручното ниво на соговорнико

Надминување на пречките во комуницирањето

Од се што беше наведено за причините ,за појавата на пречките во

комуницирањето,може да се заклучи дека во процесот на комуницирање

многу важна улога има перцепирањето. Меѓутоа многу често се случува

тоа преципирање да е селективно во однос на нештата кои не

19

Page 20: 14488 Poim Za Komunikacija

опкружуваат и врз основа на таквото перципирање да се донесуваат

оценки. Овие оценки најчесто се и основа за донесување на одлуки во

текот на процесот на работењето. Таквите одлуки предизвикуваат

конкретни активности или непреземање на никакви активности.. и во

двата случаи се јавиваат одредени последици или консеквенции кои се

однесуваат на самата перцепција. Понекофаш одлуката на некој

поединец, особено ако тој е во улога на водач може да биде

собирањето дополнителни информации. Во церлокупниот овој

интеракциски процес врз перцепцитее проценувањето и обочувањето

силно влијание имаат искуството стекнато во минатото и мотивацијата.

Една од техниките за надминување на бариерите е и

повторувањето на пораките, односно искажување на пораката на неколку

начини на пример : откако пораката ке се искаже со зборови би требало

да се пренесе со некој пример или со споредување на слични случаи. На

тој начин се овозможуваа дообјаснување на поимите и пораката станува

појасна. Оваа техника наоѓа примена во деловната работа кога

пораката се прима по различни канали. Таков случај е кога пораката е

испратена преку телефон е потврдена со писмо. Меѓутоа мора да се

истакне дека прекумерното повторување и настојување да се искаже

истата порака на повеќе начини може да предизвика кај соговорниците и

тие да не го слусаат ниту онаа основното што се пренесува со пораката.

За успешната комуникација важно е местото каде се комуницира да

не предизвикува перцептивни пречки односно да не постојат премногу

непшотребни предмети кои го одвлекуваат вниманиет на оние кои

учествуваат во процесот на комуницирање. Денес постојат случаи некои

канцеларии на луѓето од врвниот менаџер да потсестуваат на

продавници за најсовремена опрема или на изложбени простори кои не

доликуваат на намената што треба да ја имаат-да бидат место за

успешно деловно работење и водење на успешен бизнис.

20

Page 21: 14488 Poim Za Komunikacija

Заклучок:

Од сето оваа излагање закучуваме дека комуникацијата е дел од

секојдневниот живот на човекот и дека ја има во повеке фази. Но исто

така можеме да видеиме дека има фактори кои го угрозуваат

комуницирането помегу луѓето.

21

Page 22: 14488 Poim Za Komunikacija

Користена литература

Деловно комуницирање од Д-р. Костадин Петковски и Д-р. Павлина

Јанкуловска.. Битола 2006

22