БИЛТЕН - znm.org.mkznm.org.mk/wp-content/uploads/2017/01/bilten-oktomvri-2016.pdf ·...

8
БИЛТЕН НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ОКТОМВРИ 2016

Upload: vukien

Post on 06-Feb-2018

227 views

Category:

Documents


4 download

TRANSCRIPT

Page 1: БИЛТЕН - znm.org.mkznm.org.mk/wp-content/uploads/2017/01/bilten-oktomvri-2016.pdf · спитување и политичка култура, што се гра- ... несе

БИЛТЕННА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

ОКТОМВРИ 2016

Page 2: БИЛТЕН - znm.org.mkznm.org.mk/wp-content/uploads/2017/01/bilten-oktomvri-2016.pdf · спитување и политичка култура, што се гра- ... несе

2

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

3

Здружението на новинарите на Македонија во октомври 2016 година регистрираше нови напади врз новинари. На 21 октомври пред Ми-

нистерството за внатрешни работи во Скопје, лице со криминално до-сие со тупаници и клоци го нападна новинарот на Телма Телевизија Пав-ле Беловски додека се подготву-вал да известува за увидот на Спе-цијалното јавно обвинителство во Управата за безбедност и контра-разузнавање во врска со аферата за прислушувањето.

Здружението на новинарите на Македонија остро го осуди физич-киот напад врз новинарот Белов-ски, оценувајќи го како смислен атак врз слободата на медиумите. За овој напад Управниот одбор на ЗНМ обвини одредени структури на МВР, кои сакаат да ги спречат новинарите да известуваат за оп-струкциите врз истрагата за афе-рата со прислушувањето на Спе-цијалното јавно обвинителство.

„Дали инспираторите на си-ноќешниот напад се истите струк-тури на МВР кои во исто време прават опструкции врз истрагата на СЈО во УБК и дали истите струк-тури стојат зад досегашните не-расветлени напади врз новинари“, јавно прашуваше Управниот одбор

на ЗНМ додавајќи дека се јалови сите обиди преку напади и запла-шување на новинари да се попречи и избегне правдата.

Во реакцијата ЗНМ го поздрави брзото приведување на насилни-

НОВИНАРОТ НА ТЕЛМА ФИЗИЧКИ НАПАДНАТ ВО СКОПЈЕ

кот и побара од МВР случајот да се расветли до крај и да поднесе кривични пријави против насилникот и неговите инспиратори.

ЗНМ, исто така, го потсети министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека поминала една година откако дал јавно вету-

вање дека ќе работи на расветлување на сите напади врз новинари.

И покрај јавното ветување на министерот, ни еден од 35 напади врз новинари не е рас-ветлен, ниту пак некој од насилниците е каз-нет.

Издава: Здружение

на новинарите на Македонија, Градски ѕид

блок 13, 1000 Скопје;

Тел: (+3892) 3298-139;

Факс: (+3892) 3116-447,

E-mail: [email protected]

Во реакцијата на Управниот одбор на ЗНМ се оценува дека нападот врз новинарот на Телма Павле Беловски е смислен атак врз слободата на медиумите оркестриран од одредени структури на МВР

Структури на МВР стојат зад нападот врз Беловски

Page 3: БИЛТЕН - znm.org.mkznm.org.mk/wp-content/uploads/2017/01/bilten-oktomvri-2016.pdf · спитување и политичка култура, што се гра- ... несе

4

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

5

Вицепремиерот за економски пра-шања Владимир Пешевски, во ок-томври 2016 година, повторно беше вовлечен во скандал со новинари, откако минатата година среде бел

ден во центарот на Скопје физички го на-падна новинарот Сашо Ивановски. Овој пат, Пешевски, кон крајот на октомври, тешко на-вреди новинарка на Вест, која ја нарече прос-титутка зашто поставила незгодни прашања на прес-конференција.

Здружението на новинарите на Македо-нија остро гo осуди ваквото недолично одне-сување на потпретседателот на Владата Вла-димир Пешевски, кој на инсистирањето на новинарката да добие точен одговор околу можноста да се покачи старосната граница за одење во пензија, одговорил со контрап-рашање: „Дали вие можете да одговорите со да или не ако ве прашам дали твоите дома знаат дека си проститутка“.

ЗНМ ваквото однесување на Пешевски го оцени како отсуство на основно домашно во-спитување и политичка култура, што се гра-ничи со силеџиство и примитивизам. „Вакви-

те напади имаат за цел да ги омаловажуваат и заплашуваат новинарите да не бараат от-чет за работата на јавните функционери и да ја убијат смислата на новинарството во де-мократско општество“, реагираше ЗНМ.

Здружението, освен тоа, непријатно беше изненадено од однесувањето на колегите присутни на настанот, кои не реагирале на навредите на Пешевски. „Апелираме во ид-нина во слични ситуации новинарите заед-нички да реагираат и да покажат поголема солидарност“, повика ЗНМ.

ЗНМ го осуди ваквото непримерно однесување на Пешевски и го обвини за отсуство на основно домашно воспитување и политичка култура, што се граничи со силеџиство и примитивизам

Според новинарската организација, крај-но лицемерно е политичарите да бараат од медиумите да известуваат професионално за изборната кампања кога во исто време физички напаѓаат и навредуваат новинари без да понесат каква било одговорност.

„Бараме вицепремиерот Пешевски кој лани среде бел ден нападна новинар, јавно да ѝ се извини на новинарката, но и да по-несе политичка одговорност. Или сам да си поднесе оставка или премиерот Емил Дими-триев да го разреши. Го потсетуваме Дими-

триев дека за слични навреди кон новинар-ка, српскиот премиер го разреши министе-рот за одбрана“, побара ЗНМ.

Истовремено, Здружението ја повика ВМРО-ДПМНЕ да се огради од однесување-то на нивниот министер и член на најтесното партиско раководство и побара да не го кан-дидираат за пратеник на следните избори. „Во спротивно, ќе сметаме дека партијата оправдува и дозволува насилство и непри-мерно однесување кон новинарите“, заклучи еснафското здружение.

Новинарка на Вест ја нарече проститутка

НЕДОЛИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ

НА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ

ВЛАДИМИР ПЕШЕВСКИ

Page 4: БИЛТЕН - znm.org.mkznm.org.mk/wp-content/uploads/2017/01/bilten-oktomvri-2016.pdf · спитување и политичка култура, што се гра- ... несе

6 7

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Здружението на новинарите на Маке-донија на 25 октомври во Клубот на новинарите организираше едноднев-на обука за фоторепортери на тема „Безбедноста на фоторепортерите и

професионалната етика“, на која учествуваа околу дваесетина најискусни фоторепортери од Скопје.

На почетокот на обуката, фоторепортерот Роберт Атанасовски го претстави Прирачни-кот за следење на настани од висок ризик подготвен од американскиот фотограф Мет Лутон, каде што се претставени меѓународ-ните стандарди и процедури што се приме-нуваат кога фоторепортери известуваат од настани со висок ризик.

Атанасовски ги објасни условите што тре-ба да се исполнат за безбедно сликање пред уредникот да го упати фоторепортерот на за-дача. Освен тоа, тој ги претстави и основните етички стандарди на фоторепортерите кои треба да ги почитуваат во текот на работата.

Од друга страна, фоторепортерот Томислав Георгиев, преку конкретни слики, пред ко-легите илустрираше ситуации кога фоторе-портерите поради лоша проценка, несвесно биле изложени на ризици. Според него, за да се избегнат непријатни ситуации, фотографот треба да биде добро информиран за наста-нот кој треба да го покрие и да има лични контакти со локални актери.

Во текот на дискусијата, колегите ја поздра-вија иницијативата на ЗНМ да подготви при-

рачник за безбедноста на фоторепортерите и побараа тој да биде изменет и надополнет во согласност со македонските услови.

Тие се пожалија дека секојдневно се по-пречени во извршувањето на нивните про-фесионални обврски. Беше побарано ЗНМ да иницира средба со претставници на Ми-нистерството за внатрешни работи, на која ќе се разговара за обезбедување на нормални услови за непречена работа на фоторепорте-рите кога покриваат настани или протести.

Според нив, во прирачникот треба да се вградат сите законски права и обврски на фо-торепортерите кога се на работна задача, со цел да знаат точно што смеат, а што не смеат да сликаат.

Фоторепортерите изразија подготвеност да се зачленуваат во ЗНМ и да формираат нивна секција во рамките на Здружението со цел да се зајакне солидарноста меѓу колегите

ЗНМ ОРГАНИЗИРА ОБУКА ЗА БЕЗБЕДНОСТА И ПРОФЕСИОНАЛНАТА ЕТИКА НА ФОТОРЕПОРТЕРИТЕ

Инаку, Прирачникот за безбедноста и ети-ката на фоторепортерите подготвен од аме-риканскиот фоторепортер Лутон е наменет за потребите на македонските колеги, кој е произлезен од прoектот на ЗНМ финансиран од Амбасадата на САД во Скопје. По кон-султациите со колегите планирано е пред изборите прирачникот да се издаде и да се

дистрибуира до медиумите.Освен тоа, колегите ја поддржа идејата

да се зачленуваат во ЗНМ и да формира-ат секција во рамките на Здружението. Со тоа, тие сметаат дека ќе се зајакне соли-дарноста меѓу колегите и полесно ќе мо-жеме да се соочиме со заедничките про-блеми.

Претставени светските стандарди за сликање од кризни реони

Page 5: БИЛТЕН - znm.org.mkznm.org.mk/wp-content/uploads/2017/01/bilten-oktomvri-2016.pdf · спитување и политичка култура, што се гра- ... несе

8 9

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Европскиот центар за слобода на пе-чатот и на медиумите со седиште во Лајпциг, Германија, во октомври 2016 година објави повик за апли-цирање на новинарите за програма-

та „Journalists in Residence” за 2017 година. На програмата можат да се пријавуваат новина-ри од земјите- членки и кандидати за член-ство во Европската унија, кои се изложени на притисок поради нивната навинарска работа. Целта на програмата е новинарите под при-тисок привремено да ja напуштат небезбед-ната средина и угнетувањето и да закрепнат од анксиозноста.

Новинарите што ќе бидат примени во про-грамата предвидено е да се згрижуваат за 12 месеци надвор од матичната земја, а Европ-скиот центар за слобода на печатот и на ме-диумите ќе им обезбеди сигурен дом, врабо-тување, школарина и многу други форми на поддршка.

ЕЦСПМ е организација формирана во 2015 година во Лајпциг, Германија, а Здруже-нието на новинарите на Македонија е еден од оснoвачите на организацијата. Претседа-телот на ЗНМ Насер Селмани, на Првото со-брание, е избран за член на Надзорниот од-бор на организацијата.

Здружението на новинарите на Македо-нија на 13 октомври додели три еднократни грантови за граѓански организации што рабо-тат во сферата на слободата на изразување и човекови права. Добитници на грантовите се Самостојниот синдикат на новинари и меди-умски работници, Младинскиот клуб Штип и Онлимит медиа, кои во наредните 12 месеци треба да ги реализираат предвидените актив-ности.

Висината на грантовите е 5 илјади евра и се доделуваат во рамките на проектот „Мре-жа на новинари за медиумските слободи во Македонија“, финансиран од Европската унија.

Целта на нивното доделување е да се про-мовира професионалното новинарство и да се подигне свеста на граѓаните за важноста на слободата на медиумите.

Во рамките на грантот ССНМ ќе созда-де медиумски содржини за теми поврзани со отпуштањето на новинари и затворање на медиуми. Преку овие аналитички тексто-ви јавноста ќе има сведоштва на новинари за вистинските причини за нивното отпуштање и за затворањето медиуми. Објавувањето на секоја приказна ќе биде проследено со деба-та за теми од витално значење за новинарска-та професија.

Активностите на Онлимит медиа ќе бидат насочени кон поголема вклученост на граѓа-ните за градење јавни политики, поголема транспарентност и отчетност на институции-те и борба против корупцијата.

Младинскиот клуб Штип ќе спроведе ис-тражување во источниот дел на Македонија за да ја утврди социоекономската состојба на новинарите. Посебна групна цел ќе бидат дописниците што работат за националните медиуми и јавните медиуми, како што се Ма-кедонската радио-телевизија и Македонската информативна агенција.

ЕВРОПСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ОБЈАВИ ПОВИК ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ НА НОВИНАРИ ВО РИЗИК

ЗНМ СО ПОДДРШКА НА НОВИНАРСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Програмата на Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите предвидува згрижување на угнетувани новинари за 12 месеци надвор од сопствената земја, каде што се обезбедува сигурен дом, вработување и школарина

Добитници на грантовите на ЗНМ се организациите ССНМ, Онлимит медиа и Младинскиот клуб Штип, кои во наредните шест месеци ќе изработуваат стории за отпуштени новинари и за состојбата на новинарите во внатрешноста

Привремено засолниште за новинарите во опасност

Грантови за подигнување на свеста за слободата на говорот

Page 6: БИЛТЕН - znm.org.mkznm.org.mk/wp-content/uploads/2017/01/bilten-oktomvri-2016.pdf · спитување и политичка култура, што се гра- ... несе

10 11

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Здружението на новинарите на Маке-донија во соработка со Американската амбасада во Скопје, Канцеларијата на УНХЦР и Македонското здружение на млади правници, кон крајот на октомври

2016 година распиша повик за награди за фото-графии на тема Бегалскиот бран во Македонија.

На повикот можеа да се пријават сите ма-кедонски фоторепортери што го покриваа бра-нот на сириските бегалци, кои поминаа преку Македонија барајќи спас од ужасите на граѓан-ската војна во нивната земја.

За трите најдобри фотографии на конкурсот беше предвиден награден фонд од вкупно 120 илјади денари. Наградата за првата најдобра фотографија беше 60 илјади денари, за вто-рата 40 и за третата најдобра фотографија 20 илјади денари.

Во конкурсот беа предвидени услови кои требаше да ги исполнат. Еден од условите

беше фоторепортерите да бидат државјани на Македонија, а фотографијата да биде автентич-на од бегалската криза во Македонија. Освен тоа, се бараше фотографијата да ги задоволува професионалните стандарди и етика и да не била користена за комерцијални цели. Допол-нително, пријавените фотографии на конкур-сот требаше да избегнуваат сензационализам, стереотипи и/или да ги прикажуваат бегал-ците во негативно светло.

Рокот на пријавување беше 10 ноември 2016 година, а доставените фотографии треба-ше да бидат снимени во периодот од 1 јануари 2015 до 31 декември 2015 година. Кандида-тите можеа да се пријават со најмногу пет фо-тографии, на кои се прикажува искуството на бегалците, мигрантите и барателите на азил, како и да придонесуваат за запознавање и по-дигнување на свеста на пошироката јавност за теми поврзани со бегалците.

Во конкурсот беа утврдени и други технички услови за пријавување, како што се форматот на фотографиите и начинот на доставување.

Доделувањето на наградите беше предви-дено да се случи на 18 ноември 2016 на при-годна свеченост во галеријата на Национални-от музеј на Македонија во Скопје. Планирано беше на настанот да се изложат наградените, како и дел од пријавените фотографии.

ЗНМ ОБЈАВИ КОНКУРС ЗА ФОТОРЕПОРТЕРИ

Во октомври годинава ЗНМ објави конкурс за наградување на три најдобри фотографии од бегалскиот бран во 2015 година во Македонија

НАГРАДИ ЗА ТРИ НАЈДОБРИ ФОТОГРАФИИ ЗА БЕГАЛЦИТЕ

Page 7: БИЛТЕН - znm.org.mkznm.org.mk/wp-content/uploads/2017/01/bilten-oktomvri-2016.pdf · спитување и политичка култура, што се гра- ... несе

12 13

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Секој член на Здружението на новина-рите на Македонија во иднина ќе има-ат можност да имаат увид во неговите податоци и по потреба да ги и про-мени со цел постојано нивно обнову-

вање. Ваква можност на членовите на ЗНМ ќе им даде новата база за членство, која треба да ја подобри комуникација на Здружението со членството, полесно филтрирање на подато-ците и олеснување на нивната достапност.

Оваа членска база е изработена со помош на iVote, која е една од најуспешните компании во полето на развоја на софтвери во Македо-нија. Базата е финансирана од страна на триго-дишниот институционалниот грант на ЦИВИ-КА МОБИЛИТАС.

Потребата за нов начин на обновување на базата на податоци за члеснтво произлезе од проблемите што Здружението ги имаше во минатотот во комуникацијата со члеството за-тоа што членовите постојано ги менуваат лич-ните податоци, а во базата на податоци оста-

нуваат старите. Такви се податоците во кој ме-диум работи новинарот, адресата на живеење, телефонски броеви, е-маил афреси, и друго. Ако ЗНМ ги нема правите податоци, комуни-кацијата со новинарите ќе се отежнува. Често

ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СО НОВА БАЗА ЗА ЧЛЕНСТВО

Секој член на ЗНМ во иднина ќе има пристап до базата за членство каде ќе можат да ги обноват нивните податоци за да ја подобрат комуникација со Здружението

пати се случувало ЗНМ да изгуби контакти со поранешни членови затоа што податоците застаруваат и преку нив е неможно посвторно да се комуникацира со нив.

Членовите наскоро ќе имаат можност да

ја користат новата база на податоци и канце-ларијата на ЗНМ наскоро ќе испрати објасну-вање како да се пристапува до базата и како може секој член самостојно да ги обновува сопствените податови.

ПОДОБРУВАЊЕ НА КОМУНИКАЦИЈАТА НА ЗНМ СО НОВИНАРИТЕ

Page 8: БИЛТЕН - znm.org.mkznm.org.mk/wp-content/uploads/2017/01/bilten-oktomvri-2016.pdf · спитување и политичка култура, што се гра- ... несе

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на ЗНМ и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.