Упатство за аплицирање - rcgo.mk  · web viewја спроведува...

14
УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Јавен повик до граѓански организации за доделување грантови Програма: „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ Проект: „Акциски грантови за застапување“ 19 11 НРЦ 301 Референтен број: 11-86/2-2019 Датум на објава на повикот: 10 септември 2019 година Краен рок за аплицирање: 10 октомври 2019 година до 16:00 часот

Upload: others

Post on 19-Oct-2019

22 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Упатство за аплицирање - rcgo.mk  · Web viewја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Јавен повик до граѓански организации за доделување грантови

Програма: „Национален ресурсен центар за граѓански организации“

Проект: „Акциски грантови за застапување“ 19 11 НРЦ 301

Референтен број: 11-86/2-2019

Датум на објава на повикот: 10 септември 2019 година

Краен рок за аплицирање: 10 октомври 2019 година до 16:00 часот

Содржина

Page 2: Упатство за аплицирање - rcgo.mk  · Web viewја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

Упатство за аплицирање

1. ВОВЕД..............................................................................................................................................3

1.1. Контекст...................................................................................................................................3

1.2. За програмата.............................................................................................................................4

1.3. За повикот: цели и резултати...............................................................................................4

1.4. Расположливи средства.........................................................................................................5

1.5. Финансирање.............................................................................................................................5

2. КРИТЕРИУМИ ЗА ПОДОБНОСТ.................................................................................................5

2.1. Кој може да аплицира..............................................................................................................5

2.2. Активности..................................................................................................................................6

2.2.1. Подобни активности.........................................................................................................6

2.3. Трошоци.......................................................................................................................................6

3. АПЛИЦИРАЊЕ...............................................................................................................................7

3.1. Потребни документи за аплицирање.................................................................................7

3.2. Краен рок и начин на поднесување....................................................................................7

3.3. Комплетирање на формуларот............................................................................................8

3.4. Прашања и информации........................................................................................................8

3.5.Прелиминарна временска рамка..........................................................................................9

4. ОЦЕНКА НА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИТЕ........................................................................................9

4.1. Административна проверка..................................................................................................9

4.2. Проверка за подобност.....................................................................................................10

4.3. Оценка за квалитетот........................................................................................................10

5. ПРИЛОЗИ.......................................................................................................................................11

Листа на кратенки 2

Page 3: Упатство за аплицирање - rcgo.mk  · Web viewја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

Упатство за аплицирање

АДИ- Асоцијација за демократски иницијативи - Гостивар

ЕУ - Европска унија

ЗЗФ - Закон за здруженија и фондации

МЦМС - Македонски центар за меѓународна соработка

ГО – Граѓански организации

1. ВОВЕД1.1. Контекст

Во демократските општества, граѓанските организации (ГО) се вклучени како партнери во креирањето и во имплементирањето на важни развојни политики. Вклучувањето на ГО од страна на државните и на локалните власти е важен сегмент во обезбедувањето на демократијата и владеењето на правото, а придонесува за суштински општествен развој. ГО како претставници на интересите на групите граѓани кои ги претставуваат неопходно е истите да се проактивни во јавноста и да се вклучуваат во иницијативи што го јакнат плурализмот и партиципативната демократија. ГО играат значајна улога во подготовките на земјата за нејзино приклучување во Европската унија и тие се важен партнер во подготовките и во имплементирањето на секторските реформи, па како такви се препознаети од владата, локалната самоуправа и од донаторската заедница.

Чинителите на граѓанското општество преку активности за застапување можат да дадат одговор на голем број проблеми со кои се соочуваат граѓаните и институциите на национално и на локално ниво воопшто. Со процесите на децентрализација се отвори поголема можност за вклучување на локалните граѓански организации во креирањето на локалните развојни политики. Интегрирањето на демократските принципи во општеството преку остварување на начелата за добро управување и владеење на првото, како и почитувањето и уважувањето на слободата на изразување и здружување носи поголема транспарентност, отчетност и ефективност од јавните институции на локално и на национално ниво. Преку остварувањето на целите за нивното формирање, како и преку структурирани активности за застапување, ГО можат да овозможат иницирање на локални или на национални политики фокусирани на потребите на граѓаните.

Помалите и локалните организации во земјава имаат потреба од поддршка за подготовка и за имплементирање на локални иницијативи користејќи ги методите на застапување и влијание на политиките. Преку малите грантови за застапување и

3

Page 4: Упатство за аплицирање - rcgo.mk  · Web viewја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

Упатство за аплицирање

активности на локално ниво, се очекува зголемена активност на локалните организации, поттикнување на нивниот придонес во заедницата и зацврстување на нивните врски со граѓаните. Истото ќе се овозможи преку поддршка на нивните иницијативи за застапување за важни локални прашања.Малите акциски грантови за застапување се дел од програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации”.

1.2. За програматаПрограмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ ја

спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип во периодот од 2018 до 2021 г. Во рамките на програмата дејствуваат три граѓански ресурсни центри - во Скопје, во Штип и во Гостивар со кои се дава поддршка на граѓанските организации преку јакнење на нивните капацитети, регрантирање, навремено информирање и сл. Програмата е финансирана од Европската унија (ЕУ).

Општата цел е јакнење на граѓанското општество кое активно учествува во донесувањето одлуки и придонесува кон зајакната и партиципативна демократија во земјата. Целта на програмата е обезбедување услуги за градење капацитети на граѓанските организации за тие да бидат ефективни и отчетни независни актери како и придонесување кон опкружување кое е поволно за граѓанското општество.

Програмата опфаќа два типа финансиска поддршка, и тоа:1. Партнерски грантови за организациски развој; и2. Мали акциски грантови за застапување.

Овој повик се однесува на точката 2. Мали акциски грантови за застапување.

1.3. За повикот: цели и резултатиЦелта на овој повик е поддршка на локалните организации во подготовка и

спроведување иницијативи за застапување, придонес кон подобри локални политики и активности на локално ниво. Преку овој повик се очекува да се зголеми придонесот на граѓанските организации во заедницата како и да се подобрат нивните врски со граѓаните. Овој повик ќе поддржи активности кои ќе ја зајакнат локалната демократија, преку застапување на потребите и надминување на проблемите на локално ниво, на пример активности за решавање општествени, еколошки, младински, социјални, родови и други проблеми и предизвици кои се од интерес на локалната заедница. Активностите треба да ја вклучат и грижата за родовиот баланс и интересите на етничките заедници и маргинализираните групи.

Оттука, се очекува акциите поддржани преку овој повик да придонесат кон зголемување на влијанието на граѓанските организации во процесите на носење политики, стратегии и

4

Page 5: Упатство за аплицирање - rcgo.mk  · Web viewја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

Упатство за аплицирање

одлуки на локално ниво во кои се одразени потребите и проблемите на населението и на граѓанските организации.

Поднесените предлог-проекти на организациите во рамките на овој повик треба да придонесат за постигнување на некои и/или на сите од следните резултати:

- Зголемено учество на граѓанските организации во процесите на носење одлуки, креирање, спроведување, следење и евалуација на јавните политики, стратегии и програми на локално ниво;

- Применети иновативни модели на партнерство со институции, локалната самоуправа и со други засегнати страни кои нудат развој на локалната заедница;

- Воспоставени силни врски меѓу граѓанските организации и граѓаните видливи во активностите за застапување;

- Спроведени иницијативи и активности на граѓански организации за клучните потреби и проблеми во заедницата.

Предност ќе имаат активностите кои што ќе покажат дека во процесот на идентификација и решавање на проблемот ќе ги вклучат граѓаните, целните групи и ќе поттикнат граѓански активизам и волонтерство.

1.4. Расп оложливи средства Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој

повик за грантови изнесува 30.000 евра (1.845.000,00 МКД).Со овој повик ќе се доделат не повеќе од десет мали грантови. минимален износ: 2.000 евра (123.000 МКД); максимален износ: 3.000 евра (184.500 МКД).

МЦМС и АДИ го задржуваат правото да не доделат дел или сите расположливи средства и истите да ги пренаменат за идни повици.

Времетраењето на проектите не треба да биде помалку од 4 односно повеќе од 6 месеци.

1.5. ФинансирањеЗа овој повик организациите кои ќе поднесат предлог-проект не се обврзани да

обезбедат кофинансирање. Грантот ќе покрие 100% од вкупните трошоци.

2. КРИТЕРИУМИ ЗА ПОДОБНОСТ2.1. Кој може да аплицира

На овој повик може да аплицира организација регистрирана согласно Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ) која ги исполнува следните услови:

- Да е регистрирана најмалку една година пред објавата на повикот;- Да дејствува на локално ниво;

5

Page 6: Упатство за аплицирање - rcgo.mk  · Web viewја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

Упатство за аплицирање

- Да има соодветни човечки и административни капацитети;- Да биде активна и да може да презентира минимум една граѓанска

иницијатива/активност реализирана на локално ниво;- Годишниот буџет во последната година да не надминува 30.000 евра.

Една организација може да аплицира како единствен носител и тоа само со еден предлог-проект во рамките на повикот. На повикот може носителот на апликацијата да аплицира и во партнерство со една граѓанска организација. Партнерската организација треба да ги задоволи условите наведени погоре. Една партнерска организација може да се јави како партнер во најмногу два предлог- проекта.

2.2. Активности2.2.1. Подобни активности

Грантовите ќе бидат доделени за активности кои ќе придонесат за остварување на целта на повикот.

Видовите активностите наведени подолу се само индикативни, а предлог-проектите не мора да бидат ограничени само на овие видови активности.

- Активности насочени за воспоставување и зајакнување механизми за учество на граѓаните во процесите на носење одлуки на локално ниво и мониторинг на јавните политики;

- Активности кои користат нови методи и технологии за зголемено учество на граѓаните во процесот на носење одлуки;

- Активности кои ги мобилизираат граѓаните за одредено прашање релевантно за заедницата;

- Активности насочени за донесување нови локални политики или подобрување на постоечките.

Други активности кои не се споменати погоре, но се јасно поврзани со целта и со резултатите на повикот, ќе бидат земени предвид.

2.3. ТрошоциВо рамките на овој повик вообичаените оперативни трошоци ќе бидат подобни, вклучително:

- трошоци за надомест на ангажираниот персонал вклучен во реализирањето на предлог-проектите;

- патни локални трошоци поврзани со активностите во проектот; - директни трошоци настанати за време на фазата на спроведување на предлог-

предложените активности;- канцелариски трошоци кои се релевантни за предложените активности.

Во рамките на овој повик нема да се сметаат за подобни следните трошоци:6

Page 7: Упатство за аплицирање - rcgo.mk  · Web viewја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

Упатство за аплицирање

- трошоците кои се финансирани од друга програма и донатор;- предлог-активности кои предвидуваат лична заработка и корист;- за финансирање политички партии и избори;- за ретроспективно финансирање;- данок на додадена вредност;- за финансирање на трети лица и долгови и давачки за подмирување долгови.

3. АПЛИЦИРАЊЕ3.1. Потребни документи за аплицирањеАпликацијата за овој повик треба да ги содржи уредно пополнети следните документи:

- Прилог 1 Формулар за аплицирање (преземи го формуларот тука);- Прилог 2 Буџет (преземи го формуларот за буџет тука);- Копија од тековната состојба (не постара од 6 месеци) од денот на поднесување

на апликацијата; - Копиja од наративен и финансиски извештај за 2018 година.

3.2. Краен рок и начин на поднесувањеРокот за поднесување на апликацијата е 10 октомври 2019 година, најдоцна до

16:00 часот. Апликациите доставени по овој рок нема да бидат разгледувани. Апликациите може да се достават по пошта (исклучиво со препорачано писмо), по курир или лично на рака на една од следните адреси:

Граѓански ресурсен центар - ГРЦул. „Кирил и Методиј“ бр. 50, реон 7

1000 Скопје

(наспроти дирекцијата на НЛБ Тутунска банка Скопје)

види ја локацијата на мапатаИЛИ

Ресурсен центар Гостиварул. Тоде Богдановски бр. 90

1230 Гостивар

види ја локацијата на мапата

7

Page 8: Упатство за аплицирање - rcgo.mk  · Web viewја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

Упатство за аплицирање

Апликациите мора да бидат доставени во еден запечатен плик со истакнати:

- Име на организацијата;- Адреса на организацијата;- Референтен број на повикот:11-86/2-2019;- Зборовите: „ДА НЕ СЕ ОТВОРА ПРЕД СЕСИЈАТА ЗА ОТВОРАЊЕ“.

Запечатениот плик треба да содржи:

- Една апликација во оригинал со сите придружни документи (види во делот 3.1.); - Електронска верзија на апликацијата на CD или на USB во верзија Word/Excel

којашто мора да биде идентична со печатената верзија.

За апликациите коишто ќе бидат доставени лично или преку курир приемот ќе биде евидентиран од вработените во Граѓанскиот ресурсен центар со соодветна потврда со датум и како време на приемот. Датумот и часот на препорачаното писмо ќе се сметаат за релевантен доказ за поднесување во дадениот рок (ве молиме лично да погледнете дали писмото кое го праќате во пошта содржи датум и време на печатот/налепницата). Апликациите примени по електронски пат (е-пошта) нема да бидат разгледувани.

3.3. Комплетирање на формуларотСите делови на формуларот мора да бидат комплетирани. Формуларот мора да биде

пополнет на компјутер. Формуларот кој ќе биде пополнет рачно нема да се земе предвид. За време на пополнувањето на формуларот користете македонска поддршка. Внимавајте да ја почитувате бараната должина на текстот за секој дел од формуларот (насоките се дадени во самиот формулар). Користете фонт „Ariel“ со големина 11. Се препорачува формуларот да го печатите двострано.

3.4. Прашања и информацииСекое прашање поврзано со повикот може да се достави на [email protected] со

назнака: Референтен број 11-86/2-2019, најдоцна до 27 септември 2019 година до 16:00 часот. Поставените прашања и одговори ќе бидат објавени на www.rcgo.mk на 4 октомври 2019 година.

Предвидени се три информативни сесии за претставување на повикот и за поставување прашања и тоа:

-- Информативна сесија на 17 септември (вторник) 2019 година во Тетово од

12:00 часот;- Информативна сесија на 18 септември (среда) 2019 година во Велес од 12:00

часот; и - Информативна сесија на 19 септември (четврток) 2019 година во Прилеп од

12:00 часот.

8

Page 9: Упатство за аплицирање - rcgo.mk  · Web viewја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

Упатство за аплицирање

Ве молиме задолжително да го најавите своето присуство за гореспоменатите термини и локации за информативните сесии најдоцна до 13 септември 2019 година на info .gv @rcgo.mk . Се поттикнуваат организациите ажурно да ја следат веб-страницата и фејсбук-страницата на ГРЦ, МЦМС и АДИ за да добијат навремени информации за веќе поставените прашања и одговори.

3.5.Прелиминарна временска рамкаОбјава на повикот 10.09.2019

Информативни сесии 17.09.2019 – Тетово18.09.2019 - Велес19.09.2019 – Прилеп

Краен рок за поставување прашања 27.09.2019

Краен рок за поднесување апликации 10.10.2019 до 16:00 часот

Известување за доделени грантови и одбиени пријави ноември, 2019 г.

Потпишување договори ноември, 2019 г.

Согласно одлуката, секоја организација ќе добие писмено известување за статусот на својата апликација. Содржината на апликациите нема да биде достапна за пренесување на трети лица.

4. ОЦЕНКА НА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИТЕПоднесените предлог-проекти подлежат на административна проверка, проверка на

подобност и оценка за квалитетот. Предлог-проектите мора да поминат прво низ административна проверка и проверка за подобност за да можат да се оценуваат за квалитетот. Оние предлог-проекти што нема да ги исполнат сите услови од административната проверка и проверката за подобност нема да бидат оценувани за квалитетот. 4.1. Административна проверка

Краен рок: ако пријавата е доставена во зададениот краен рок, датум и час, ќе се

прифати, ако не е, пријавата нема да се разгледува;

Формулар за аплицирање: формуларот е поднесен во бараниот образец и е

целосно пополнет согласно дадените насоки;

Буџет: буџетот е поднесен во зададениот формат согласно дадените насоки;

Прилози: сите прилози се уредно доставени;

Јазик: поднесениот формулар е поднесен на македонски јазик;

9

Page 10: Упатство за аплицирање - rcgo.mk  · Web viewја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

Упатство за аплицирање

Оригинал и копии: поднесениот формулар и буџет, заедно со сите прилози се

поднесени во 1 оригинал и 1 копија во електронска форма на CD или на USB;

Изјави: изјавaта е уредно потпишанa од законскиот застапник на организацијата

4.2. Проверка за подобност Носител на проектот: организацијата е регистрирана согласно ЗЗФ една година

пред објавата на повикот;

Носител на проектот: една организација се јавува со еден предлог-проект;

Носител на проектот: организацијата дејствува на локално ниво;

Тековна состојба: поднесена е тековна состојба не постара од 6 месеци;

Годишни извештаи: доставени се финансиски и наративни извештаи за 2018

година;

Барање за грант: предлог-буџетот вклучува барање за грант во износ од минимум

2.000 евра (123.000 МКД) и максимум 3.000 евра (184.500 МКД);

Временска рамка: временската рамка за спроведување на активностите во

предлог-проектот е од 4 до максимум 6 месеци.

Доколку носителот на проектот аплицира во партнерство со друга организација, истата ќе

биде предмет на административна проверка и проверка на подобност како и носителот на

проектот.

4.3. Оценка за квалитетот Критериуми за оценка Број на

бодови1. Организациски капацитет за спроведување на предлог-

проектот 20

1.1 Дали организацијата (или двете организации – носителот на проектот и партнерската организација) има основен капацитет за спроведување на проектот (вклучувајќи персонал, опрема и способност да раководи со буџетот)?

10

1.2 Дали носителот на проектот (или двете организации – носителот на проектот и партнерската организација) има претходно искуство во имплементирање акции слични со целите на повикот?

10

2. Релевантност на предлог-проектот со дефинираните цели и резултати на повикот

20

2.1. Дали предлог-проектот е во согласност со поставените цели и очекувани резултати наведени во повикот?

10

10

Page 11: Упатство за аплицирање - rcgo.mk  · Web viewја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

Упатство за аплицирање

2.2. Колку е кохерентен целокупниот дизајн на предлог-проектот особено, дали дава јасно дефинирана заложба за спроведување на проектот?

10

3. Опис на предлог-проектот (општа цел, специфична цел, резултати, активности, план)

45

3.1. Дали предложените активности се соодветни, практични и во согласност со поставените цели и резултати?

15

3.2. Дали временската рамка е јасна и изводлива? 103.3. Дали постојат јасно дефинирани индикатори за мерење на

постигнувањата? 10

3.4. Дали е планирана соработка со релевантни чинители во реализацијата на проектот?

10

4. Буџет и ефикасност на трошоците 154.1. Дали активностите соодветно се одразуваат во буџетот? 104.2. Дали односот меѓу предвидените трошоци и очекуваните

резултати е соодветен? 5

ВКУПНО 100

5. ПРИЛОЗИПрилог 1. Формулар

Прилог 2. Буџет

11