МИГ magazine issue1 mk

32
Број #1 Јули 2013 МИГ Магазинот што (се) менува

Upload: info-front

Post on 14-Mar-2016

228 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

 

TRANSCRIPT

Page 1: МИГ magazine issue1 mk

Број #1Јули 2013

МИГМаг азинот шт о ( се ) мену в а

Page 2: МИГ magazine issue1 mk

2

ПРЕВОД:Сања Петреска

РУБРИКА:Александра СпасескаХристијан ЈорданоскиДаниеле ФероМарјан НаумоскиСања ПетрескаСилвиа ОртигосаВладимир Настески

НАСЛОВНА СТРАНАБорче Димитријоски

ДИЗАЈН:Силвиа Ортигоса

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК:Кети Спиркоска

Page 3: МИГ magazine issue1 mk

3

содржина

Инфо Фронт 4

Младински активизам 5

Човекови права 6

EVS 7

Промовирање на млади уметнци

Александра Спасеска 8 Борче Димитријоски 10 Дневникот на Силвиа 12

Дневникот на Даниеле 13

Глобализација 14

Loesje 15

Loesje Posters 16

Crafts. Eco up cycle 18

Еколошки отпечаток 20

After Brainstorm comes sunshine 21Web 2.0 24Прилепчани 26

Франка Раме 29

Page 4: МИГ magazine issue1 mk

4М. Наумоски

Здружението на млади Инфо фронт – Прилеп е младинска невладина организација која на младите од општина Прилеп им обезбедува информации поврзани со програмата „Млади во акција“ на Европската Комисија: младински размени, тренинзи и Европскиот Волонтерски Сервис.

Стимулира креативност, креативен активизам, неформално образование и културни размени.Проектите на кои работи здружението се поврзани со уметност и креативност, активизам, животна средина, намалување на невработеноста на младите и претприемништво.

Page 5: МИГ magazine issue1 mk

5

ШТО Е МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ

Младински активизам е ангажирање на младите во општествено организирање во заедницата, со цел да се постигне социјална промена.Низ светот, младите се инволвирани во активизмот како планери, истражувачи, учители, оценувачи, социјални работници, одлучувачи итн.

ФОРМИ НА МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ

Постојат три главни форми на младински активизам.

- Првата е инволвирање на младите во социјалниот/ општествен активизам. Денес, ова е предоминантната форма на младински активизам, кога милиони млади луѓе низ целиот свет учествуваат во општествен активизам кој е организиран, воден и оценуван од возрасните. Пример за оваа форма се Младинските Совети.

- Втората форма е актвивизам воден од младите, која бара младите луѓе да бидат примарните двигатели во рамките на општествено движење водено од возрасни.Постојат и случаи на оваа форма кога многу организации биле формирани од млади, кои подоцна станале возрасни.

- Третата форма е сé повеќе популарното општествено организирање, водено целосно од младите, кое станува секојдневие. Оваа форма опфаќа дејства и одлуки што се осмислуваат, дизајнираат, донесуваат, се доведуваат во прашање, па се редизајнираат и управуваат целосно од младите луѓе.Сега постои и глобална иницијатива од страна на младите за здружување во интернационални младински движења.

A К T И ИВ З M

И HЛМ А CД К И

А

Х. Јорданоски

Page 6: МИГ magazine issue1 mk

6

Човекови права

„Сите луѓе се родени слободни и еднакви во достоинство и со права“ – Универзалана Декларација на Човекови Права, усвоена од Обединетите Нации во 1948

*Првиот текст е измислен, а вториот е базиран на текст од Џанин ди Џовани во Newsweek, објавен во Декември 2012.

Д. Феро

Боб има 34 години и живее во Лондон. Кога се родил, неговата мајка имала проблеми при раѓањето, но на крај се испаднало како што треба, благодарение на способноста на докторите. Тоа била една од најдобрите болници во градот. По неколку дена, го однеле Боб дома, во куќа со добро соседство наоколу во јужен Лондон, во близина на реката Темза. На три години, Боб доби велосипед на подарок. Со помош на неговиот татко, набрзо Боб научи да го вози велосипедот и секој викенд го возеше по патеката покрај Темза. Тој го засака велосипедот толку што секое утро ги замолуваше родителите да си го земе велосипедот во градинка. По средното училиште, Боб студираше економија на Универзитетот на Кембриџ, и веднаш најде работа како менаџер во интернационална компанија што произведува велосипеди. Неговите соништа се исполнија во целост пред четири години, кога се ожени, а потоа доби ќерка. Денес, тој ја носи својата ќерка да вози велосипед на кејот на реката Темза, секој викенд.

Ајша живее во Јемен на село. Таа има осумнаесет години, а нејзината мајка починала на пораѓај. Во нејзиното село тогаш немало медицинска помош. Така, Ајша ја одгледала тетка и, затоа што татко и не сакал да се грижи за неа поради тоа што е девојче. Ајша живееше во колиба од кал и си играше на прашливите улици во селото. На четири години, таа почна да им помага на ќерките на тетка и во домашните обврски и немаше многу време за играње. Не одеше на училиште, како и сите други во семејството, така таа е неписмена како и 80% од жените во Јемен. На 12 години таа се омажи со маж 18 години постар од неа, само по еден месец од нејзиниот прв период. Тетин и го договори нејзиниот брак без нејзино одобрение. Тој ги омажи Ајша и неговата ќерка одеднаш за двајца браќа. Нивните бракови беа само добар пазар меѓу двете семејства. Денес Ајша има три деца, и чека ќерка и да порасне за да може да и помага околу домашните обврски.

Page 7: МИГ magazine issue1 mk

7

Програмата „Млади во акција“ им овозможува на младите Европјани да дејствуваат и да направат разлика во светот, и сопствениот живот, преку Европскиот волонтерски сервис (ЕВС). Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) им дава единствена шанса на младите Европјани да ја изразат својата лична посветеност преку волонтерска активност во странство, во земјите од ЕУ. На овој начин, преку програмата се развива солидарност, взаемното разбирање и толеранција меѓу младите луѓе, придонесувајќи кон зајакнување на социјалната кохезија во Европската унија и го промовирајќи активното граѓанство на младите луѓе.

Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС) е одлична можност за младите луѓе на возраст од 18 до 30 години да живеат во друга земја во период до една година и да стекнат работно искуство и да се спријателат со луѓе од различни националности и социјално потекло, да стекнат нови вештини и да го променат животот... нивниот и на луѓето околу нив. ЕВС волонтерите работат во различни области: култура и уметност, социјална работа, здравствена грижа, животна средина, спорт и сл.За да учествувате во ЕВС програмата треба да најдете акредитирана организација испраќач (Инфо фронт) . Учеството во оваа програма е бесплатно. Финансирано е од Програмата на Европската Комисија „Млади во акција“. Грантот ги покрива сите трошоци како што се патувањето, осигурувањето, храна, сместување, тренинг и вашиот џепарлак.

Покрај користа на локалните заедници, преку учеството во волонтерски активности, младите волонтери можат да развијат нови вештини, а притоа да го подобрат својот личен, образовен и професионален развој. Волонтерите може да имаат корист од определена обука во текот на активноста и да ги одредат однапред нивните очекувани резултати од учењето, процесите и методите. Нивното учење е формално признато со Јутпас (Youthpass). Учеството е бесплатно за волонтерите, кои исто така добиваат сместување и исхрана, осигурување и паричен надомест за време на траењето на проектот.

Европски Волонтерски СервисEVS

М. Наумоски

Page 8: МИГ magazine issue1 mk

8

СПАСЕСКААлександра

Поезијата ја објавувала во повеќе печатени и електронски медиуми, а нејзини стихови се застапени во Антологија на младата

македонска авангардна поезија во издание на „Феникс“ и во книжевниот журнал San Antonio Review со седиште во Сан Антонио,

Тексас, САД. Учествувала на бројни литературни манифестации, како Денот на културната разноликот на УНЕСКО во организација

на Македонскиот ПЕН, ПЕСНИЛО во организација на МКЦ, Чекалница и други. Членка е на непрофитната организација на

млади уметници Poets without Borders.

Александра Спасеска е родена во 1984 година во Кавадарци. Детството и средношколските години ги поминува во Прилеп и потоа заминува во Скопје на

студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за англиски јазик и книжевност. По

студиите останува во Скопје и таму продолжува да работи како преведувач во дневен весник. Пишува

поезија на македонски и англиски јазик, а работи и како книжевен преведувач и препејувач.

Page 9: МИГ magazine issue1 mk

9

ЖЕДНА ПЕСНА

грб со грбни се свртени

судбините,да имавме

очи, да се опулиме.гроб до гроб

лежатмилостините,

да имавмераце, да ги откопаме.

фрли ја мрежатакатаден нека лови

погледи,во мојава омарнина

река не течи.сведнат над пруга

со прекор во очите, рече:секој човек

е своја пустина.јас жедна

ти небо соблачено.залудно сакав

да сум тина сонотутока.

јули, 2012

Page 10: МИГ magazine issue1 mk

10

БОРЧЕ ДИМИТРИЈОСКИ

дипломиран економист, твори и работи како графички дизајнер скоро 8 години. Неговата работа е дел од повеќе групни патувачки изложби во Европа и Америка. Моментално живее и работи во Скопје.

Page 11: МИГ magazine issue1 mk

11

ДИМИТРИЈОСКИ

Page 12: МИГ magazine issue1 mk

12

С И Л В И А ДНЕВНИК

Се викам Силвиа и доаѓам од еден убав град на југот од Шпанија. Не бев задоволна со тамошната состојба. Не знаев што да правам. Ми требаше простор да дишам надвор од балонот во кој се чувствува како затвореник. Тешко е да се справиш во ситуации кога имаш волја да го работиш тоа што го сакаш, на пример графички дизајн или маркетинг, но немаш можност да го работиш тоа во споствената земја. Тоа е една од причините поради која решив да се приклучам на Европската волонтерска служба и да волонтирам во Прилеп, Македонија, земја што ми го привлече вниманието.

На почеток беше тешко да помислам дека ќе поминам една година далеку од дома, во земја која за многумина е непозната, чиј јазик го зборуваат малкумина. На мојот прв ден имав многу сомнежи и помислив дека можеби не ми е судено да го доживеам тоа и дека е многу далечно. не е лесно да почнеш да го

предаваш мајчиниот јазик на друг странски јазик или да започниш да учиш нов јазик целосно различен од мајчиниот, да работиш самостојно на дизајн на младинско списание и да дебатираш за темите на истото. . .

Постепено откриваш дека ништо не е невозможно ниту тешко, дека успехот доаѓа кога ќе ја поминеш секоја пречка. Се е возможно кога околу тебе имаш луѓе кои ти даваат точни инструкции за работата,ти помагаат на секој начин и ти ја олеснуваат работата. Поминаа два месеци откако живеам и работам тука во малдинската организација Инфо Фронт, Прилеп. Чувствувам дека учам и се подобрувам на многу начини, особено во себе-спознавањето, надградување ан личноста, откривање нови и интересни начини на живот и погледи на животот. Им благодарам на сите што ги запознав за се што доживеав овие денови.

Македонија е едноставно единствена.

Нови искуства, нов живот

С. Ортигоса

Page 13: МИГ magazine issue1 mk

13

ДАНИЕЛЕ

Изгледа автобусот од Скопје за Прилеп го грабнал моторот од некој авион, е баш толку многу брчи. Како и да е, очите ми се затвораат, и покрај тоа што сакам да го видам непознатиот хоризонт од прозорецот. Имам време самo да се запрашам дали најлонските кеси на секое седиште се израз на претерана педантност на возачот или на одвратното возење на патот, и заспивам. Од време на време скоковите на автобусот ме разбудуваат и тогаш успевам да видам, помеѓу сивилото на дождот: гробишта искачени на ритче искасани од бели крстови; села со сиромашни куќи, испуштаат чад; карпести планини, формираат кањони низ кои автобусот поминува како вселенски брод низ месечевиот пејзаж. Целосно се разбудувам кога автобусот пристигна во Прилеп. Неделно попладне, 7ми Април, ден кој со мала загриженост се надевам дека ќе навлезе во летописите на мојот живот.

Дојдов тука откако аплицирав минатото лето за ЕВС проект “The Missing Ingredient” предложен од Инфо Фронт. Овој проект ме заинтересира затоа што сум новинар и сакам да ги понудам моите професионални вештини .Се одлучив за волонтерство на подолг рок уште од прва година на факултет, затоа што сметам дека секој кој имал среќа да биди одгледан во добро семејство, да има добро образование и да нема големи економски проблеми, треба да подели дел од неговата среќа на другите.Во Италија работев како новинар, но не само тоа, работев и друго, затоа што бев многу малку платен. Многу млади новинари во Италија се експлоатирани. Така одлучив дека не сакам некој да ме експлоатира и дека ако мојата земја не ми даде можност да изградам живот во неа, ќе побарам живот на друго место.

Тоа е причината за мојот престој тука. Ве очекувам во просториите на Инфо Фронт ако сте заинтересирани за часови по Италијански јазик, фотографија или новинарска работилница.

Моето доаѓање во Прилеп

ДНЕВНИК

Д. Феро

Page 14: МИГ magazine issue1 mk

ГЛОБАЛИЗАЦИЈА

Д. Феро

Пред Римската Империја, Александар Македонски го отворил патот на глобализацијата кога со своите трупи ги допреле границите на Кина.

Дали некогаш ви паднало на памет дека живееме во „глобално село“? За тоа ќе зборуваме наредниот пат.

Сигурно е дека глобализацијата, процес кој се повеќе и повеќе го поврзува светот како резултат на зголемената трговска и културна размена (дефиниција според Би Би Си), е феномен кој достигна голем развој за време на 19от век и минатите години поради интернетот, но како што класицистот Лајонел Касон напишал во есејот „Античките морнари“ („The ancient mariners“)овој процес веќе не е новост.

“Римјанинот на улицата јадеше печен леб со житарки одгледани во Северна Африка или Египет, и риба уловена и сушена во

близина на Гибралтар. Тој готвеше со масло од Северна Африка во грниња и тепсии од бакар од рудникот во Шпанија, јадеше од порција испечена во Француски печки и пиеше вино од Шпанија

или Франција. Богатиот Римјанин се облекуваше во волнена рува од Милет или ленена рува Египет или дури и свилена

рува од Кина[…] Тие обожаваа да се украсуваат со скапоцени камчиња и бисери од Индија и да се мирисаат со ароми од

источна Африка и јужна Арабија. Тие ја зачинуваа храната со Индиски бибер и ја засладуваа со Атински мед, ја сервираа

во порции од Шпанско сребро на маси од дрво од Цитрон од Африка, а ја миеја со Сицилијанско вино од бокали направени од Сириско стакло. Тие живееја во куќи чии ѕидови беа фурнирани

со обоен мермер од рудникот во Мала Азија, а нивните соби беа исполнети со статуи увезени од Грција.“

14

Page 15: МИГ magazine issue1 mk

15

Она што е Loesje?

Loesje е спонтано светски распространета мрежа од луѓе кои сакаат да го направат светот позитивно и креативно место; исто така е и девојка од Холандија. Локалните Loesje групи пишуваат постери со логото на Loesje и ги шират со цел да ги стимулираат оние кои ќе ги забележат да погледнат на работите од друга перспектива, и да почнат да дејствуваат за промена на нивниот живот. текстовите на Loesje немаат намера да те насочат како да размислуваш, туку тие те наведуваат на различна интерпретација. Секој е добредојден да се придружи во изработката на постери за време на креативните работилници како и во другите креативни активности и проекти. Постерите се објавуваат на Интернет, каде секој може слободно да ги симне, испечати и да ги постави каде сака. Поголем број од луѓето во Loesje се млади, но нема определена старосна граница за учество. Не мора да заземаш поинаков став или мислење за да се приклучиш на Loesje. Основа на активностите се човечковите вредности, што значи верба во моќта на луѓето и нивната солидарност, како и воздржување од социјалнa дискриминација. Loesje е основана во 1983, но Интернационалната Фондацијата Loesje постои од 1994. Клучните вредности на Loesje се: покажување солидарност, без предрасуди кон сексуална или религиска определеност, иницијативност, одлучност, и независност.

http://www.loesje.orgWebsite:

Page 16: МИГ magazine issue1 mk

16

Page 17: МИГ magazine issue1 mk

17

Page 18: МИГ magazine issue1 mk

CRAFT

C R A F T

C R A F T

C R A F T

c r a f t[ [[ [

Терминот aпциклирање (upcycling) е прво употребен во 2002 од Вилијам МекДонав и Мајкл Браунгарт во нивната книга Cradle to Cradle: Way We Make Things. Од тогаш апциклирањето(upcycling) е познато како концепт што ни покажува дека имаме бескрајно многу ресурси на планетава што можат да се искористат. Сепак, имаме само една планета и треба да ја чуваме.

Сте помислиле некогаш дека може да се направи накит од списанијата што ги фрлате секој ден? Се разбира дека е можно! Пред неколку години, братучетка ми ми покажа рачно направена алка за на рака. Се разбира не се познаваше дека е рачна изработка, но беше рачно изработена. Беше направена од монистра од списанија. Со други зборови, монистрата беа направени од списание за фрлање. Навистина изненадувачки употребена хартија. Процесот на употреба на списание за монистра за накит, наместо истото да заврши во канта, е познат како апциклирање(upcycling).

18

Page 19: МИГ magazine issue1 mk

C R A F T

Луѓето низ цел свет експериментираат со потрошните материјали што им се на располагање. Сфаќаат дека во нивната канта има многу материјали и продукти кои можат да се искористат на друг начин. Така, тие почнаа да ги претвораат бескорисните материјали и продукти во материјали и продукти кои можат да се употребуваат и понатаму. Со тоа, фрлањето на материјалите и продуктите премина во нивна употреба.

ECO UPCYCLE

Има многу корисни работи во кантата за ѓубре. Можете да ги искористите дури и био материјалите, како на пример бананите и кесичките за чај. Материјал кој е на првото место во искористувачки материјали е хартијата. Секој производ од хартија може да се искористи повторно. На пример, можете да направите накит од списание, декорации во домот, применливи и украсни корпи или алатки. Од хартија можете да направите дури и држач за лаптоп. Ако имате стари дрвени продукти по дома, искористете ги за нови полици во собата. Ексеприментирањето нема граници. Само искористете ја вашата фантазија и почнете да ациклирате (upcycle) уште денес!

Убаво е да се знае дека апциклирањето (upcycling) не е решение за сите проблеми во животната средина. Тоа е само еден начин да бидеме поодговорни со ресурсите што ни ги нуди планетава и да ја подигнеме еколошката свест.

С. Петреска

C R A F T

19

C R A F T

Луѓето низ цел свет експериментираат со потрошните материјали што им се на располагање. Сфаќаат дека во нивната канта има многу материјали и продукти кои можат да се искористат на друг начин. Така, тие почнаа да ги претвораат бескорисните материјали и продукти во материјали и продукти кои можат да се употребуваат и понатаму. Со тоа, фрлањето на материјалите и продуктите премина во нивна употреба.

ECO UPCYCLE

Има многу корисни работи во кантата за ѓубре. Можете да ги искористите дури и био материјалите, како на пример бананите и кесичките за чај. Материјал кој е на првото место во искористувачки материјали е хартијата. Секој производ од хартија може да се искористи повторно. На пример, можете да направите накит од списание, декорации во домот, применливи и украсни корпи или алатки. Од хартија можете да направите дури и држач за лаптоп. Ако имате стари дрвени продукти по дома, искористете ги за нови полици во собата. Ексеприментирањето нема граници. Само искористете ја вашата фантазија и почнете да ациклирате (upcycle) уште денес!

Убаво е да се знае дека апциклирањето (upcycling) не е решение за сите проблеми во животната средина. Тоа е само еден начин да бидеме поодговорни со ресурсите што ни ги нуди планетава и да ја подигнеме еколошката свест.

С. Петреска

Page 20: МИГ magazine issue1 mk

20

отпечаток К О Л О Ш К И EДали може една чаша млеко да и наштети на планетата?

Д. Феро

Кога чекориме во песок, или кога ни се водени чевлите, ако погледнеме зад нас има патека. Не забележуваме секој ден (затоа што за среќа не врне секогаш или за несреќа не сме секогаш на плажа), но треба да се знае дека каде и да одиме и што и да правиме, ние оставаме отпечатоци. Ова значи дека човештвото, како целина, има оставено свој отпечаток на животот на земјата, кој е составен од индивидуалните животи.Концептот е осмислен пред 23 години од двајца професори во Канада, и се вика „еколошки отпечаток“. Тоа е индикатор (измерен во хектари на глава) за тоа колку земја и вода, една индивидуа, популација или активност бара за да ги произведе сите извори што ги консумира и да го апсорбира целиот отпад што го создава. Тоа значи дека секој од нас располага со одредена количина на хектари за да не го оштети производниот капацитет на Земјата. На пример, ако пиеш една чаша млеко, треба да помислиш дека млекото има одреден процес да дојде до таму. Млекото користи вода за наводнување на полињата со пченка која се користи како храна за кравите и загадува со сите потребни активности на фармата, пакувањето и транспортот на млекото што го пиеш. Потоа го фрлаш шишето од млеко во ѓубрето, кое понатаму се рециклира или се гори. Целиот овој процес има влијание на животот на Земјата. Чашата млеко има оставено свој еколошки отпечаток, кој со се друго што работиш во животот, го формираа твојот личен еколошки отпечаток, кој со други зборови претставува твое дејство врз животната средина.

За да дознаеш подобро што е тоа, направи го краткиот тест на www.footprint.wwf.org.uk

Page 21: МИГ magazine issue1 mk

21

Многукратниот семинар „After Brainstorm Comes Sunshine“ се одржа во Хотел „Дион“, во центарот на Прилеп, во Македонија, од 11.03 до 18.03.2013.

Младинската организација „Инфо Фронт- Прилеп“ беше домаќин и организатор на целиот проект. Темата на овој проект беше да поттикнеме бура на идеи, развој на креативна идеја, нејзина реализација и деловна промоција. Целите беа:

- да се надмине скептицизмот и стравот од неуспех, да се работи на самодовербата и самопочитта;- да се развиваат и промовираат сопствените таленти и иновативни идеи во бизнисот;- да се промовираат идните (следствено) иницијативи и да се поттикнат, мотивираат и инспирираат младите;- да се промовира работа преку Интернет, со користење на Web 2.0 и новите медиуми за промоција на креативност, воспоставување деловни контакти и пронаоѓање нови контакти;-да се креира, развива или промовираат нови методи и критериуми за достигнување на целите и постигнување успех.

AFTER BRAINSTORM COMESSUNSHINE

Page 22: МИГ magazine issue1 mk

22

За време на 6 дневниот проект, млади работници од 11 земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Чешка, Германија, Шпанија, Унгарија, Малта, Романија, Србија, Турција и Македонија беа активно вклучени во неформално учење преку интерактивни работилници, преку кои осознаа нови начини и вештини како да се промовираат на работниот пазар и/или да започнат свој бизнис.

Предвидените активности во проектот вклучуваа:

-работилници за тимска работа, каде беше користен методот „Протрет“;- интерактивни предавања на тема web 2.0 и S.M.A.R.T. критериумот за поставување достижни цели во бизнисот;- карактеристични групи – работилници на отворено, каде учесниците се изразија преку учење искуства и резултати;-дискусии и дебати, со користење на „fish-bowl“ , „world cafe“ I „statement game“ методи;-Loesje работилници за креативно пишување, со користење на методи креирани од Loesje Интернешнал;-евалуација и дополнителни дискусии.

Page 23: МИГ magazine issue1 mk

23

фото: К.Спиркоска

Х. Јорданоски

Page 24: МИГ magazine issue1 mk

24

Што е Web 1.0 ? Или вистинското прашање гласи, дали воопшто постои Web 1.0? Знаеме дека, интернетот претставува глобално поврзан мрежен систем, кој со помош на стандардна интернет конекција им служи на билиони корисници од целиот свет. Тој е мрежен систем е составен од милиони приватни, јавни и службени мрежи. Неговата главна цел е споделување на информацијата во светски рамки.Интернетот ја има главната улога во глобализацијата. Споделувањето на информацијата во денешно време веќе е секојдневие, и секој

корисник го прави ова преку целиот ден. Web. 1.0 е првичната форма на интернетот која ја опфаќа првата декада од неговото постоење. Во оваа фаза се разработува идејата за тоа како да прерасне во добропознатите www. Во тоа време со интернетот можело само да се споделуваат информации, кои можело само да бидат прочитани, а притоа корисниците биле оневозможени да го искажат своето мислење за истите со: коментари, допаѓања, споделуавања итн.

Прикажаната содржина со Web 1.0 беше во главно статична. Главна задача на веб-креаторот беше да ги ажурира веб-страните со што посетителите ќе бидат постојано информирани за новините. Посетителите тогаш можеа само да пребаруваат информација и најдената само да ја читаат ништо повеќе. Денес, интернет корисниците бараат многу повеќе од само готова информација. Тие бараат искуство. Новата технологија го видоизмени начинот на користењето WWW. Со Web 2.0 веб-администраторот ги соделува своите искуства со корисниците притоа одржувајќи ја

TwitterWEB 2.0

Internet

Facebook

E-mailSkype

Blogger

WordpressLinkedIn

TuentiXing

Page 25: МИГ magazine issue1 mk

25

страната во информативна и интересна форма.Во Web 2.0 спаѓаат : блогови, Facebook, Youtube, Wikipedia. Имаме пристап до голем број извори и веб-производи кои постојат за да ни помогнат. Во главно целта на Web 2.0 е да се развие во социјален медиум, кој ќе ни овозможи меѓусебна комуникација, размена на информација преку : пишување и читање на статуси на Twitter, споделување фотографии со Facebook, дискусии за виде на Youtube итн. Модерната веб-страна се трансформира од најобично место за чување информации до отворен динамичен форум каде луѓето се среќаваат и комуницираат интерактивно еден со друг. Со Web 2.0 се охрабруваат корисниците да ги објавуваат своите пишани зборови на страните, како што еден весник ги објавува своите изданија, со што нивните информации ќе бидат далеку полесно достапни и потранспарентни за останатите корисници. Големата разлика,

напредокот кај Web 2.0 се забележува во тоа што разговорите се одвиваат јавно. Дискусијата се случува на блог, форум, фејсбук итн. Денес е вообичаено да се најдат многу стари информации , кои пак се одговорот на нечие поставено прашање.Поради сите овие новитети Web 1.0 се гледа како многу позатворен систем. Ако некој постави прашање, одговор може да добие само преку e-mail, доколку тоа не се случи, тогаш прашањето останува неодговорено со Web1.0 .

Значи, Web 2.0 е приказна за заедницата и соработката на начин кој не е виден досега. Тоа претставува

космички компендиум на учењето од Wikipedia и на милионските канали од корисниците на Youtube заедницата и онлајн метрополата Facebook. Главната поента е ослободувањето на енергија на малата бројка на луѓе преку овој свет и помагање еден на друг, не само да се бара начин како да се смени светот, туку и како да се смени начинот на кој светот се менува. Како што технологијата и времетои еволуираат, така и професионалната работа на социјалниот свет еволуира со него. В. Настески

Page 26: МИГ magazine issue1 mk

26

Работилницата на Симон на ул. „Андон Слабејко“ е * на алати, парчиња железо, мали пластични каначки, машинерија за сечење и дупчење на метал. „Владее голем хаос“, вели тој, но тогаш ги крева веѓите, ги испружува рацете, како да вели „Што да правам?“. Всушност, не мора ни да средува. Тој се движи низ малата работилница со неверојатна агилност, оставајќи впечаток дека може да го направи тоа со затворени очи.Симон се согласи да биде интервјуиран за оваа колумна и да зборува за својот живот.Киро (мојот преведувач) и јас седевме надвор со него, под сенката на дрвото на кое е врзано Негро, шестмесечното црно куче. „Тој е средно интелигентен- вели тој- но не е многу валкан и ме слуша. Тоа е најважно.“

Симон, со што се занимававте?До 2008 работев како благајник во

ПРИЛЕПЧАНИ

Име: СимонПрезиме: БиџоскиВозраст: 70 годиниФамилија: 3 браќа и сестри, 3 деца, 4 внуциОсобена карактеристика: Никогаш не мирува

„немојте да тргнете по лоши патишта, може да ви се бендисаат“

Page 27: МИГ magazine issue1 mk

27

Музејот во Прилеп. Се вработив таму во 1972, но одсекогаш сум се занимавал со занаетчиство- пред, за време на работниот ангажман и сега.Со што се занимаваа Вашите родители?Татко ми беше првиот директор на Мермерниот Комбинат, мајка ми беше домаќинка и како и сите луѓе во Прилеп, одгледуваа тутун.Кога започнавте да се занимавате со занаетот?Во 1965 год., научив да работам како калфа. Во 1979 год. го купив дуќанот. Ми беше втора работа, а денес- хоби.Дали одсекогаш сте живееле во Прилеп?Да, тоа е местото каде се родив и живеам. Кога работев во музејот, патував по околните села.Кој Ви е наубав спомен од музејот?Во 1975 год. овде се одржа Меѓународниот археолошки симпозиум и тогашниот директор на музејот стана претседател на Светската археолошка организација.Што е според Вас најинтересен предмет во музејот?

Преисторискиот жртвеник, кој се користел за жртвување на животни.Што Ви се допаѓа кај Прилеп?Прошетките и излетите по околните места, старата чаршија и животот во неа, хуморот на лужето.А што не Ви се допаѓа?Посакувам да има повеќе културни манифестации, како порано. На пример, секоја година, сликари од целиот свет се среќаваа овде. Беа сместени во манастирот „Св. Архангел Михаил“.Колку блиски другари имате?Осум. Другари сме од детство. Секој понеделник се собиравме во кафана, дури и откако се оженивме. Сега се собираме во сабота на заеднички ручек во мојата работилница.Кој е најсмешниот спомен кој го имате со другарите?Во 1963 год., два дена после земјотресот во Скопје, го испраќавме еден од другарите во војска. Се враќавме дома

Симон Биџоски во работилницата што ја купил во 1979

Page 28: МИГ magazine issue1 mk

28

во 5 часот наутро и еден од нас влезе во една кола. Во тоа време, никој не ги заклучуваше колите. И сите влеговме, но не сакавме да возиме.А што сакавте да направите?Едноставно, бевме премногу пијани. Се случи сопственикот на колата да нé види и викна полиција. Поминавме една ноќ во затвор. Беше убаво искуство, бидејќи го јадевме најубавиот грав во животот.Дали можете да дадете дефиниција за младост?Најубавото нешто, затоа што значи слобода.Дали има нешто кај младите што никако не можете да го сфатите?Не, секоја генерација си има свои правила. Тоа е животот.Дали можете да им дадете три совети на младите?Прво, мора да учите. Потоа, мора да ги слушате постарите. И трето, немојте да тргнете по лоши патишта, може да ви се бендисаат.Која е најубавата работа во Вашиот живот?Мојот брак, затоа што тоа беше почетната точка на мојето семејство.А најлошата?Смртта на мојата сопруга.Дали има нешто за кое се каете?Што не се запишав на факултет после средно и што не изградив викендица на имотот што го имам надвор од градот.Дали има нешто што би промениле во својот живот?Тоа што стареам.На што се гордеете?На тоа што научив занает.Ако можете да се вратите низ времето, во кој период од животот би се вратиле?Во средношколските денови. Немаш обрвски, првата љубов...Што мислите за жените?Сé најубаво!Што има после смртта?Ништо. Јас сум атеист и агностик.Дали сте среќен?Да, задоволен сум од животот. Но бев посреќен порано, затоа што бев помлад.

Д. Феро

Page 29: МИГ magazine issue1 mk

29

Италијанската актерка, драматург и политички активист Франка Раме почина на 29 Мај, на 84 годишна возраст. Италија изгуби личност која се бореше за правата на жената преку театарот, а најпознатиот актер Дарио Фо ја изгуби својата жена, која ја нарече своја муза кога ја прими Нобеловата награда за литература во 1997. Се запознаа во 1950 година, и од тогаш и животот и делата им беа заеднички, што некои дури кажуваа дека Нобеловата награда треба да им биде доделена и на двајцата.

Раме беше родена актерка, откако се појави прв пат на сцената во мајчините раце кога имаше само осум дена. Со нејзиниот сопруг имаа важна улога во критиките на Италијанскиот културен конзерватизам. Во 1970 тие ја основаа нивната театарска група „Ла Комуна“ во Милано, а владата и Римската Католичка Црква беа често на мета во нивните театарски претстави.Тие дури и беа цензурирани неколку пати, а Ватикан ги прогласи за „богохулници“. Овој пар се бореше не само против политичкото угнетување и Католичките догми, туку против целиот конзерватизам во општеството, како статусот на жените.Во главно, Рамe беше феминистка и стана симбол за многу Италијанки кога во 1973 четири фашисти ја киднапираа, малтретираа и силуваа во комбе. Судската истрага во 1998 докажа дека нападот го нарачале фашистички службеници во војската се со цел политичка казна, но

ФРАНКА РАМЕактерка за правата на жените

Page 30: МИГ magazine issue1 mk

Неодамнешна фотографија од Франка Раме и Дарио Фо. На претходната страна двојката во 50те.

30

како и во повеќето италијански „мистерии“ никој не беше казнет.Десет години после таа свежа ноќ, Рама изведе монолог „Силување“, и се обрати на јавноста да пренесе што се случило. Во 2006, таа стана член на Сенатот за партијата „Италија на вредностите“, но две години подоцна, разочарана, даде оставка и изјави:„ова беше најнапорниот и најтешкиот период во мојот живот“. На нејзиниот световен погреб, на плоштадот на познатиот театар во Милано, пред толпата луѓе облечени во црвено, Дарио Фо ја поздрави неговата жена со долг извик кон небото: „Чао“.

Д. Феро

Page 31: МИГ magazine issue1 mk

31

КОНТАКТ:[email protected]

infofrontprilep.wordpress.comFacebook страна: Info Front - Prilep

Адреса: „Андон Слабејко” бб. 7500 Прилеп, МакедонијаТел.: +38970719945 +38970764064E-mail: [email protected] Шифра на акредитација: 2011-SI-14

“Овој проект е финансиран со поддршка од Европската комисија. Оваа публикација ги

одразува ставовите само на авторите и Комисијата не може да биде одговорна за било каква употреба

што може да се направи од информациите содржани во нив. “

со поддршка на “МЛАДИ ВО АКЦИЈА” програма на Европската Унија

Ова списание исто така е објавено на:Facebook https://www.facebook.com/infofrontprilep

Wordpress http://infofrontprilep.wordpress.comIssuu http://issuu.com/

Ако ви треба малку повеќе информации и сакате да бидете дел од нашата организација јавете ни се на [email protected]

Го цениме вашето мислење!

Статите содржани во списанието не ги одразуваат мислењата или ставовите на сите членови на Инфо фронт.

Page 32: МИГ magazine issue1 mk

2013