ДО: ЈДГ „8 ми МАРТ“ ПОНУДА ЗА СОРАБОТКА И НАСТАВЕН … ·...

15
ул. Шумадинска бр.10 а, Скопје тел. 077/917-513 www.letras.mk; e-mail: [email protected] ДО: ЈДГ „8-ми МАРТ“ ПОНУДА ЗА СОРАБОТКА И НАСТАВЕН ПЛАН ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НАСТАВА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО ПРЕДУЧИЛИШНИТЕ УСТАНОВИ ЗА УЧЕБНАТА 2010/2011

Upload: others

Post on 24-Sep-2019

18 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

ул. Шумадинска бр.10 а, Скопје тел. 077/917-513

www.letras.mk; e-mail: [email protected]

ДО: ЈДГ „8-ми МАРТ“

ПОНУДА ЗА СОРАБОТКА

И

НАСТАВЕН ПЛАН ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НАСТАВА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО ПРЕДУЧИЛИШНИТЕ УСТАНОВИ

ЗА УЧЕБНАТА 2010/2011

ул. Шумадинска бр.10 а, Скопје тел. 077/917-513

www.letras.mk; e-mail: [email protected]

КРАТОК ПРЕГЛЕД НА СОДРЖИНАТА:

1. ПРОФИЛ НА ЦЕНТАРОТ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ ЛЕТРАС

2. ПОНУДА

3. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КУРСОТ

4. ЦЕНА НА КУРСОТ

5. КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

6. КОМПОНЕНТИ НА КУРСОТ

7. СТРУКТУРА НА КУРСОТ

8. ДОПИРНИ ТОЧКИ НА КУРСОТ СО НАСТАВАТА ЗА ПРЕДУЧИЛИШНО

ОБРАЗОВАНИЕ

9. УСПЕШНА СОРАБОТКА

10. ПРИЛОЗИ

ул. Шумадинска бр.10 а, Скопје тел. 077/917-513

www.letras.mk; e-mail: [email protected]

ПРОФИЛ НА ЦЕНТАРОТ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ ЛЕТРАС

Слушај и живеј го јазикот

Види и биди нов збор,

Учи странски јазици буква по буква

во ЛЕТРАС

Летрас е Центар за странски јазици основан од искусни професори и

преведувачи, кои се активни на полето на образованието и преведувачката дејност.

Нашата визија е модерно образование и настава, која ќе биде постојано во тек со

новите образовни трендови.

Наставата во рамките на нашето училиште се одвива во мали групи со

оптимален број на слушатели во убаво опремени училници со пријатна атмосфера.

Компонентите на наставата се насочени кон учесниците на курсевите, за истите

директно да ги инволвираат во наставниот процес и да им ја наметнат улогата на

активни субјекти, а не на објекти.

Наставната програма е така осмислена за да го задоволи основниот постулат на

модерното образование интерактивност преку употреба на аудио, видео материјали и

визуелни помагала како придружен елемент на наставниот процес, кој се заснова на

актуелни теми и ситуации од секојдневниот живот, јасно и концизно претставена

граматика во функција на јазикот, насочени кон унапредување на клучните

способности за совладување на даден странски јазик: слушање, читање, пишување и

зборување. Во нашиот центар работат искусни, ангажирани и динамични млади

професори со универзитетска диплома и целосна посветеност кон работата.

Адреса: ул. Шумадинска бр. 10 а (позади Бугарска амбасада), Скопје

Тел: 077/917-513

Е-маил: [email protected]

Веб-страна: www.letras.mk

Лица за контакт: Александра Цветковиќ и Верица Милосављевиќ

ул. Шумадинска бр.10 а, Скопје тел. 077/917-513

www.letras.mk; e-mail: [email protected]

ПОНУДА

Со оваа понуда им овозможуваме на градинките попусти и поволности, кои ќе

одат во прилог на самите институции, децата и на родителите. Во ова време на

финансиска криза, големо олеснување на домашниот буџет ќе бидат нашите поволни

цени и бесплатните дополнителни работни материјали, со што секој родител ќе биде во

состојба да му овозможи на своето дете што поквалитетно образование. Курсевите ќе

се одржуваат по завршувањето на наставата во просториите на установата, со што

родителите ќе се ослободат од обврската и трошоците за превоз.

Реализирањето на наставата по англиски јазик е дел од дополнителните

активности, кои се така испланирани за да не ги нарушуваат основните активности и

наставната програма, што како задолжителна се одвива во предучилишните установи,

туку истите ќе ги надополнува и унапредува. Тоа значи дека курсевите ќе се одржуваат

по 14 h во договор со градинката.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КУРСОТ

Во учебната 2010/2011 предвидено е да се реализираат 64 наставни часа (32

работни недели), што значи дека во неделата ќе се оодржуваат по два наставни часа.

Земајќи ја во предвид возраста на учесниците на курсевите, следејќи ги

препораките на педагозите и психолозите и фактот дека се работи за нова материја со

која децата за првпат се сретнуваат, предвидено е времетраењето на еден наставен час

да се ограничи на половина час (30 мин.) што е сосема доволно доколку се следат

принципите на методиката на наставата по странски јазици да се постигнат наставните

цели и задачи предвивени за таа возрасна група.

Во првото полугодие од 04.10.2010 до 31.01.2011 ќе се реализираат 30 часа (15

недели)

Во второто полугодие од 01.02.2011 до 31.05.2011 ќе се реализираат 34 часа (17

недели)

Распуст од 01.01.2011 до 17.01.2011

Сите часови, коишто нема да се одржат поради празници, ќе бидат

дополнително реализирани се со цел да се исполни горенаведениот фонд на часови.

ЦЕНА НА КУРСОТ

Цената на курсот изнесува 350 ден месечно.

При оформувањето на цената за курсот ја земавме во предвид платежната моќ и

животниот стандард и сметаме дека истата, како и цената на учебникот, нема да биде

претерано оптоварување на буџетот за новата учебна година. Цената на курсот

изнесува 350 ддд месечно, а на учебникот 440 ддд, со можност за плаќање во 2 рати

(првите 2 месеца од курсот) односно по 220 ден. Сите дополнителни работни

материјали (работни листови и сл.) кои што ги обезбедува училиштето се бесплатни.

ул. Шумадинска бр.10 а, Скопје тел. 077/917-513

www.letras.mk; e-mail: [email protected]

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

Како резултат на стекнатото искуство, работата со учебникот Zig-Zag Magic во

минатата учебна година, консултациите со стручните лица и анализата на наставанта

програма за предучилишна воозраст, оваа година се одлучивме за нов учебник кој во

поголема мера излегува во пресрет на потребите на наставата по англиски јазик.

Новиот курс се вика Hippo and Friends, од авторите Claire Selby и Lesley

McKnight и е издание на Cambridge University Press. Самиот курс се состои од неколку

компоненети кои сочинуваат една моќна целина наменета за рано изучување на

англискиот јазик.

Зошто Hippo and Friends е толку посебен курс?

Клучната предност на овој курс е што става посебен акцент на интерактивното учење

преку песни и приказни.

ПЕСНИ

Овој курс се фокусира на тоа децата од предучилишна возраст да го учат вокабуларот

важен за таа возраст преку една цела палета на песни, специјално составени за да го

образуваат јадрото на курсот. Главната карактеристика на овие песни е тоа што го

будат интересот на децата, лесно се помнат и се многу ефективни во подучувањето

деца на таа возраст, што е веќе докажан факт. Песните имаат неколку клучни

предности:

-Децата потрајно ги запомнуваат зборовите научени преку песни

-Песните се така осмислени за да се изведуваат заедно со активности, така што овој

курс ги искористува во целост предностите на кинестетичкото учење

-Песните имаат вграден план за постојано повторување и утврдување на вокабуларот

во текот на курсот

Зошто песните се толку важни?

Постојат многу добри причини зошто е природно песните да го сочинуваат јадрото на

изучување на странски јазик на мала возраст, еве неколку од нив:

-асоцијацијата на зборовите со атмосферски звуци или ритмичка музика овозможува

истите полесно да се запомнат

-структурата на речениците може да стане природна и лесно да се меморира преку

асоцијации со музички фрази

-Песните со активности го зголемуваат кинестетичкиот ефект на учењето, а зборовите

преку движења добиваат визуелизација. Децата обично ќе ги следат прво дејствијата

пред да почнат да ги пеат зборовите. Но, ова е природен процес, бидејќи зборовите ќе

следат подоцна и ќе останат во трајната меморија бидејќи имаат визуелна основа и се

поврзани со дејствија.

ул. Шумадинска бр.10 а, Скопје тел. 077/917-513

www.letras.mk; e-mail: [email protected]

-Песните што ќе ги научиме во детството ги помниме долго време.

Заради сето ова песните се идеално средство за учење и усвојување на втор јазик.

ПРИКАЗНИ

Приказните се кратки и едноставни. Целта на приказните е да им покажат на децата

дека тие можат да го разберат и да почнат да го користат јазикот за кратко време.

Приказните во сите тематски единици можат многу лесно да се изведуваат.

Зошто приказните се толку важни?

-Децата сакаат приказни

-Се користат паралели со јазикот што се употребува во приказните на нивниот мајчин

јазик

-Приказните обезбедуваат контекст, кој им помага на децата да ја разберат примената

на новите зборови

-Приказната обезбедува совршен контекст за усвојување на јазикот заради постојаното

повторување на структури, фрази и зборови во рамките на приказните присутни во

тематските единици.

Освен тоа, придружен елемент на секоја приказна се ПОСТЕРИТЕ ЗА ПРИКАЗНИТЕ

кои помагаат да се фокусира вниманието на децата. Тие содржат дадена секвенца од

приказната, која на професорот му нуди одлична можност да ги поттикне децата и

нивната имагинација. Повторување на приказната е клучно, а за да не биде здодевно

истото може да се одвива преку многу различни активности, на пр. може да се направи

драматизација, професорот да прави паузи на одредени места за децата да го

надополнат во приказната, намерно да прави грешки и да дозволи децата да го

корегираат. На тој начин приказната ќе им стане блиска на децата, ќе почнат активно

да учествуваат и нивната самодоверба ќе расте.

ЕДНОСТАВНОСТ

Форматот на лекциите и дизајнот на страниците е едноставен и јасен, за едноставна

употреба во текот на часот.

ЦЕЛИ НА Hippo and Friends

Главните цели на курсот се:

-Да се предаде англискиот јазик на начин кој е забавен и во кој децата ќе уживаат

-Да се овозможи лесно учење и помнење на вокабуларот, значаен за таа возраст

-Да обезбеди материјали со интегриран англиски јазик во предучилишните наставни

планови

ул. Шумадинска бр.10 а, Скопје тел. 077/917-513

www.letras.mk; e-mail: [email protected]

Содржината на курсот соодведствува со и ги поддржува образовните потреби на

младите ученици. Истата е така осмислена за да ги развие вештините што го

подготвуваат детето да научи да чита, да смета и да ги разбира контекстите, преку

фрагментирање на целините и поврзување. Покрај тоа содржината на курсот ќе им

помогне на децата да се развиваат во следниве области:

Јазик

- јазикот како средство за комуникација

-унапредување на слухот- точен изговор и интонација

-разбирање на приказни и усни упатства

-активно учество во усната комуникација

Музика

-звуци, тишина и музика

-песни

-ритам и движење на музика

Игри и движење

-свесност за телото и движењата

-моторна координација и моторни движења

-основни познавања за просторната ориентација

-почитување на правилата на игра

-покажување внимание кон и поддршка на другите

КОМПОНЕНТИ НА КУРСОТ

Курсот се состои од:

УЧЕБНИК

Учебникот ги содржи следниве делови:

-работни листови со налепници

-работни листови за цртање, боење

ул. Шумадинска бр.10 а, Скопје тел. 077/917-513

www.letras.mk; e-mail: [email protected]

-работни листови со приказни

Има и работни листови со дополнителни активности за секоја тематска единица.

Страниците се перфорирани, со интересно дизајнирани страници што го

привлекуваат вниманието на децата, а истите ликови ги придружуваат децата во

текот на целата книга.

АУДИО ЦД-а

Уште една компонента се аудио цд-ата, кои ги содржат сите песни и приказни

отпеани и раскажани од страна на говорители на кои мајчин јазик им е

англискиот.

ДОПОЛНИТЕЛНИ РАБОТНИ МАТЕРИЈАЛИ

Материјали со дополнителни игри и активности.

СЛИКОВНИ КАРТИЧКИ

Сликовните картички се значителен помошен елемент во реализирањето на

наставата, бидејќи со нивна помош се постигнува визуелизација, што значи

полесно претставување, а со тоа и полесно помнење и повторување на јазичниот

материјал.

ПОСТЕРИ ЗА ПРИКАЗНИТЕ

Постои постер за секоја приказна, на кој е претставена секвенца од приказната,

со чијашто помош се привлекува вниманието на децата за тие да може да се

фокусираат на приказната.

HIPPO KУКЛА

Со помош на Hippо куклата се воспоставуваат одредени рутини, значајни во

образовниот процес за деца на предучилишна возраст. Доколку истата се користи на

почетокот и крајот на часот се воспоставува рутина, која е значаен дел од часовите,

бидејќи обезбедува сигурна рамка во којашто учат децата. Куклата се користи за да се

воспостави ефективна врска со децата. Со куклата се создава чувство на мистерија и

возбуда при презентирањето на вокабуларот. Истата може да се искористи и за да се

раскаже приказна.

ул. Шумадинска бр.10 а, Скопје тел. 077/917-513

www.letras.mk; e-mail: [email protected]

СТРУКТУРА НА КУРСОТ

Во Hippo and Friends има 9 главни тематски единици и три дополнителни. Во

секоја тематска единица има 5 компоненти. Секоја тематска единица почнува и

завршува со поздравна песна. Компоненти на наставата.

1. Учење низ песна. Во оваа етапа се претставува главниот вокабулар за тематската

единица, се слуша и се пее песната и се повторува вокабуларот со помош на работни

листови со налепници.

2. Учење преку слушање. Во оваа етапа се раскажува приказната и се користи

соодветниот постер за приказната како визуелно помагало.

3. Учење преку активности. Во оваа етапа се повторува песната и приказната преку

одредени активности и работни листови, за да се утврди материјалот од првите две

етапи.

4. Учење и зборување. Овој дел наречен Време за зборување посебно ги

охрабрува децата да одговорат со еден збор на поственото прашање или да состават

реченица. На тој начин децата стануваат посамоуверени при усното изразување.

5. Утврдување. Оваа етапа ги поврзува сите досегашни елементи и од песната и од

приказната. Децата повторно ја пеат песната и сликовито ја претставуваат приказната

на работни листови, што може да ги понесат дома. На тој начин може да ја повторат

истата и дома, самостојно или со помош на родителите.

Структура на дадена тематска единица

Да си кажеме здраво. Секоја тематска единица започнува со Hello песна.

Вокабулар и презентација на песната. Презентација или повторување на

главниот вокабулар од тематската единица .

Време за песна. Во секоја тематска единица има активности засновани на

песна.

Време за приказна. Во тематските единици 2-5 има активности засновани на

приказна.

Време за усно изразување. Во тематските единици 4 и 5 со помош на оваа

компонента се зајакнува самодовербата за усно изразување.

Презентација на работни листови. Со помош на работните листови со

налепници се повторува најважниот вокабулар. Работните листови за

приказната имаат две функции. Првата е надополнување на оној дел од

приказната кој недостига. Тоа го насочува вниманието на децата на содржината

на приказната. Втората е од работните листови да направат мини-книга, која

можат да им ја покажат на своите најблиски и да им раскажат што научиле, кои

пак од своја страна треба секогаш да ги охрабруваат децата, без оглед на

грешките што ги прават.

ул. Шумадинска бр.10 а, Скопје тел. 077/917-513

www.letras.mk; e-mail: [email protected]

Да си кажеме довидување. Секоја тематска единица завршува со Goodbye

песна.

Дополнителни активности. Игрите, креативните или другите активности

поврзани со тематската единица се наоѓаат на крајот од истата.

Методика на учење на странски јазик за деца од предучилишна возраст

На оваа возраст децата уживаат во пеењето песни. На тој начин ги помнат

зборовите, ги повторуваат новите зборови на глас и учат кинестетички, визуелно, усно

и преку слушање.

Единствената комбинација од песни и активности, приказни и драматизација,

активности и игри во Hippo and Friends обезбедува интерактивен пристап кон

учењето странски јазик.

Но, најважниот аспект на курсот е децата да уживаат во него. За таа цел треба да

се создаде забавна атмосфера, која ќе помогне во креирањето позитивна средина за

учење. Hippo and Friends е така осмислен да биде забавен, но и ефективен.

Важно е да напоменеме и дека Hippo and Friends опфаќа 2 учебника, наменети

за две различни нивоа. Доколку постои техничка можност за поделба на децата по

возрасни групи (мали, средни и големи групи) или пак поделба врз основа на

претходни предзнаења, со оглед на тоа дека веќе се одвиваше настава по англиски

јазик во ЈДГ 8-ми МАРТ во минатата учебна година, нудиме можност и за употреба на

двата учебника, инаку ќе се работи по Hippo and Friends 1, чијашто структура е

претставена подолу.

ул. Шумадинска бр.10 а, Скопје тел. 077/917-513

www.letras.mk; e-mail: [email protected]

ОПИС НА ТЕМАТСКИТЕ ЕДИНИЦИ

Тематска единица Јазик(Вокабулар) Цели на тематската единица

Почетна лекција

I can say hello!

Greetings

Клучен вокабулар : hello,

goodbye, hippo, monkey, dog,

cat

Да се научат hello и goodbye

Да се пее и да се изведуваат

активностите од песните

Да се развиваат моторните

вештини преку активности со

работни листови

Да се запознаат со куклата

Тематска единица 1

Ten pencils

Тема

School

Вокабулар: pencil, crayon, pen,

book

броеви од 1 до 10

Да се препознаат четири

елементи во училницата и да се

повторат броевите од 1 до 10

преку песна, приказна,

активности и работни листови.

Да се пее и да се изведуваат

активностите од песните

Да се разбере приказната преку

слушање и учество во истата

Да се развиваат вештините за

читање преку вежби за

поврзување

Тематска единица 2

A face

Тема

Body and face

Клучен вокабулар: eyes, nose,

mouth, face

Вокабулар за повторување

броеви од 1 до 5

Да се препознаат термините за

лицето преку песна, приказна,

активности и работни листови

Да се повторат броевите од 1

до 10

Да се пее и да се изведуваат

активностите од песните

Да се разбере приказната преку

слушање и учество во истата

Да се развиваат вештините за

читање преку вежби за

поврзување

Тематска единица 3

Our little house

Тема

House

Клучен вокабулар: house, roof,

door, window, little

Вокабулар за повторување

red, blue, yellow

броеви од 1 до 5

Да се препознаат термините за

лицето преку песна, приказна,

активности и работни листови

Да се повторат броевите од 1

до 10

Да се разбере приказната преку

слушање и учество во истата

Да се развиваат вештините за

читање преку вежби за

поврзување

Тематска единица 4

Family

Тема

Family

Клучен вокабулар: mummy,

daddy, brother, sister, grandma

Вокабулар за повторување

броеви од 1 до 5

Да се препознаат пет зборови

поврзани со семејството преку

песна, приказна, активности и

работни листови

Да се повторат броевите

Да се разбере приказната преку

слушање и учество во истата

ул. Шумадинска бр.10 а, Скопје тел. 077/917-513

www.letras.mk; e-mail: [email protected]

Тематска единица 5

The weather

Тема

Weather

Клучен вокабулар: It’s sunny,

It’s windy, It’s raining, It’s

snowing

Вокабулар за повторување

броеви, бои

Да се препознаат четири

видови на временски состојби

преку песна, приказна,

активности и работни листови

Да се повторат броевите и

боите

Да се пее и да се изведуваат

активностите од песната

Да се разбере приказната преку

слушање и учество во истата

Да се развиваат вештините за

читање и математика преку

вежби за поврзување

Тематска единица 6

Spring colours

Тема

Spring and colours

Клучен вокабулар: red, blue,

yellow, orange, purple, green,

flower

Вокабулар за повторување

red, blue, yellow, sun, hat

броеви од 1 до 10

Да се препознаат шест бои

преку песна, приказна,

активности и работни листови

Да се повторат боите и

броевите

Да се пее и да се изведуваат

активностите од песната

Да се разбере приказната преку

слушање и учество во истата

Да се развиваат вештините за

читање и математика преку

вежби за поврзување

Тематска единица 7

Wild animals

Тема

Wild animals

Клучен вокабулар: tortoise,

elephant, crocodile, lion

Вокабулар за повторување

броеви од 1 до 5

Да се препознаат животните

преку песна, приказна,

активности и работни листови

Да се повторат броевите

Да се пее и да се изведуваат

активностите од песната

Да се разбере приказната преку

слушање и учество во истата

Да се развиваат вештините за

читање преку вежби за

поврзување

Тематска единица 8

Bananas!

Тема

Food

Клучен вокабулар: apple,

orange, banana, pear

Вокабулар за повторување

броеви од 1 до 5

Да се препознаат четири

видови на овошје преку песна,

приказна, активности и

работни листови

Да се повторат броевите

Да се пее и да се изведуваат

активностите од песната

Да се разбере приказната преку

слушање и учество во истата

Да се развиваат вештините за

читање преку вежби за

поврзување

Тематска единица 9

The sea is blue

Тема

Hollidays

Клучен вокабулар: seaside, sea,

sand, sky, bucket, spade, fish

Вокабулар за повторување

бои

Да се препознаат седум

зборови поврзани со одморите

преку песна, приказна,

активности и работни листови

Да се повторат боите

Да се пее и да се изведуваат

активностите од песната

ул. Шумадинска бр.10 а, Скопје тел. 077/917-513

www.letras.mk; e-mail: [email protected]

Да се разбере приказната преку

слушање и учество во истата

Дополнителна тематска

единица

Halloween (Денот на

вештерките)

Клучен вокабулар: pumpkin,

funny, surprise

Вокабулар за повторување

Happy Halloween, orange, face,

nose, mouth

Да се препознае вокабуларот од

тематската единица преку

рима, активности и работни

листови, да се научат зборовите

поврзани со Halloween

Да се повтори вокабуларот

поврзан со темата лице

Дополнителна тематска

единица

Christmas (Божиќ)

Клучен вокабулар

Merry Christmas

Вокабулар за повторување

present, star, tree, angel

Да се препознае вокабуларот од

тематската единица преку

песни, активности и работни

листови и да се научи

вокабуларот поврзан со Божиќ

Да се пее и да се изведуваат

активностите од песната

Дополнителна тематска

единица

Easter (Велигден)

Клучен вокабулар

Happy Easter, rabbit, hop

Вокабулар за повторување

Happy Easter

Да се препознае вокабуларот од

тематската единица преку

песни, активности и работни

листови

Да се пее и да се изведуваат

активностите од песната

ул. Шумадинска бр.10 а, Скопје тел. 077/917-513

www.letras.mk; e-mail: [email protected]

ЕВАЛУАЦИЈА НА НАУЧЕНОТО

За оваа возрасна група евалуацијата мора да се одвива континуирано во текот на

целата година, а тестирањето мора да биде незабележливо за самите деца. Евалуацијата

може да се одвива преку одредени игри и активности, кои се соодветно означени во

самиот учебник за да се укаже на можностите децата да покажат што сè научиле и што

сè можат да сторат. Иако оценувањето не може да се одвива во класична смисла на

зборот, нашите професори запознавајќи ги способностите на децата ќе создаваат

кратки досиеја со описни квалификации за текот на наставата и усвојувањето на

јазичниот материјал од страна на децата. Родителите ќе имаат можност да добијат и

писмено известување за тоа како напредуваат нивните деца. Се разбира на крајот на

курсот децата добиваат и уверенија за завршен I (детски) степен по англиски јазик со

отворена можност добијат и препорака, доколку тоа им е потребно при запишувањето

на училиште.

ДОПИРНИ ТОЧКИ НА КУРСОТ СО НАСТАВАТА ЗА ПРЕДУЧИЛИШНО ОБРАЗОВАНИЕ

Проследувајќи ги прирачниците за предучилишно образование и консултирајќи

се со стручниот кадар во градинките успеавме да најдеме учебник, кој има многу

допирни точки со наставата во предучилишното образование. Анализата на темите и

методите што се применуваат за предучилишно образование одигра пресудна улога во

одбирањето на овој учебник како најсоодветен за наставата по англиски јазик. Темите

обработени во учебникот се во комплетна поврзаност со она што децата го учат во

градинка. Исто така и понудените методи се слични со оние, кои воспитувачите ги

применуваат при работата во групите. Секоја тема е во корелација со различните

домени од детскиот развој (развој на моториката, развој на говорот, емотивниот развој

итн.).

Еве неколку паралели помеѓу темите од курсот и темите опфатени со наставната

програма за предучилишна возраст.

1. Во наставната програма за предучилишно образование постои тема „Мојата

градинка“. Во Hippo and Friends се учи приборот за пишување преку вежби, кои се во

блиска поврзаност со математички поими (бројки, припадност, еднаквост). Преку

сликите и песните се учи и културното однесување во градинка, се поттикнува

другарството, правилниот однос кон другарчињата, преку сериите слики се поттикнува

креативноста во мислењето, решавање на проблем ситуации итн.

2. Следната слична тема е „Јас и мојот свет“. Во Hippo and Friends се учат поимите на

англиски за деловите од лицето, телото, сето тоа низ логички игри на поврзување,

цртање, со помош на налепници.

3. „Моето семејство“ како тема е присутна и во двете програми. Во Hippo and Friends

низ лесна песна се учат имињата за членовите од семејсвото на англиски, сето тоа

збогатено со колоритни цртежи, преку ликови кои децата ги следат низ целиот

учебник, ликови кои се неагресивни со смирен израз на лицето, цртежи со многу

детали кои го задржуваат вниманието на децата.

ул. Шумадинска бр.10 а, Скопје тел. 077/917-513

www.letras.mk; e-mail: [email protected]

4. „Годишни времиња“ е тема која во градинките се обработува посебно во моментот

кога е актуелно дадено годишно време. Тоа го нуди и Hippo and Friends, кадешто на

англиски јазик преку соодветни наставни методи се учат одредени атмосферски појави.

5. Темата „Животни“ е посебно интересна за децата и паралелно со изучувањето на

животните и нивните каратеристики во текот на наставата во градинките, децата ќе ги

научат и називите на англиски јазик.

6. „Како се храниме“ е поврзана со „Bananas“ од Hippo and Friends. Се изучуваат

основните видови овошје и зеленчук на англиски преку поврзување, боење, сликовни

картички итн.

ПРИРЕДБИ ЗА МАМА И ТАТО

Периодот, кога завршува старата година и започнува новата или кога ставаме

точка на учебната година, е време да го сумираме наученото и да го крунисаме нашиот

труд со пригодни, кратки но слатки приредби за родителите. За Нова година и кон

крајот на мај, наставната програма предвидува приредби, кои се посебна радост за

најмалите. Тогаш тие можат да им покажат на своите најблиски колку многу знаат низ

песна, игра и драматизација. Ова е еден важен аспект од наставата по странски јазици

бидејќи децата на овој начин ја зголемуваат самодовербата, а го намалуваат стравот од

јавни настапи, бидејќи нашите професори им овозможуваат целиот процес да го сфатат

како нешто забавно и интересно.

УСПЕШНА СОРАБОТКА

Нашето училиште во текот на изминатата 2009/2010 учебна година реализираше

настава по англиски јазик во просториите на Вашата градинка. Нашата оценка на

целиот тој процес е дека беше мошне успешен, бидејќи договорот беше испочитуван и

од Ваша и од наша страна, а целиот процес непречено се одвиваше. На ова место би

сакале во име на нашиот центар за јазично образование срдечно да им се

заблагодариме на сите вработени во градинката, кои го овозможија целиот овој проект

и несебично помагаа за неговата успешна реализација и секако на родителите, кои ни

доверија еден мошне значаен аспект од образованието на нивните најмили, со надеж

дека и оваа година ние повторно ќе бидеме Вашиот избор.