Бизнис план

20
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА KATEДРА: БИЗНИС ЛОГИСТИКА – ГЕВГЕЛИЈА СЕМИНАРСКА РАБОТА ПРЕДЛОГ МИНИ БИЗНИС ПЛАН НА КОНФЕКЦИЈА “КОНЕЦ-ТЕКСТИЛ” ментор: кандидат: 1

Upload: eftimovaelizabeta

Post on 12-May-2017

256 views

Category:

Documents


3 download

TRANSCRIPT

Page 1: Бизнис план

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - ШТИПФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКАKATEДРА: БИЗНИС ЛОГИСТИКА – ГЕВГЕЛИЈА

СЕМИНАРСКА РАБОТАПРЕДЛОГ МИНИ БИЗНИС ПЛАН НА КОНФЕКЦИЈА “КОНЕЦ-ТЕКСТИЛ”

ментор: кандидат:доц. д-р Елизабета Митрева Органџиев Круме 171 845

Гевгелија,ноември,2013 година

1

Page 2: Бизнис план

СОДРЖИНА

1. Апстракт............................................................................................3

2. Клучни зборови.................................................................................3

3. Abstract..............................................................................................4

4. Key Words..........................................................................................4

5. Предлог МИНИ БИЗНИС ПЛАН НА Конфекција Конец Текстил...5

6. Финансиски план..............................................................................13

7. Заклучок............................................................................................16

2

Page 3: Бизнис план

АПСТРАКТ

Во оваа проектна задача ќе го прикажам предлог бизнис планот за

конфекција Конец-Текстил. Намената на овој бизнис план е да се прикажат

податоците за идното функционирање на ова претпријатие, со цел да се

вклучи во програмата за самовработување на Владата на Република

Македонија. Податоците кои се дадени во овој бизнис план се добиени

советувајќи се со веќе постоечки претпријатија кои имаат долгогодишно

искуство во текстилната индустрија.

КЛУЧНИ ЗБОРОВИ

Конфекција, текстил, трикотажа

3

Page 4: Бизнис план

ABSTRACT

In this project assignment I will present a draft business plan for clothing

company Konec-Textil. The purpose of this business plan is to show data for the

future functioning of the company, in order to engage in self-employment

program of the Government of Republic of Macedonia. The data presented in this

business plan are obtained with counseling with existing businesses that have

extensive experience in the textile industry.

KEY WORDS

Clothing, textile, knitwear

4

Page 5: Бизнис план

Назив на инвеститор ДПТУ Конец Текстил ДОО

Скратен назив Конец Текстил

Правен статус ДОО

Големина на субјектот Среден

Седиште с.Јосифово , ул. Маршал Тито бб

Година на основање 2013

Сопственост Круме Органџиев

Матичен Број 2110992463004

Даночен Број 4003009500751

Шифра на дејност 18.00

Број на вработени 100

Овластени лица Круме Органџиев

Поврзани субјекти нема

Контакт [email protected]

ПОДАТОЦИ ЗА ИНВЕСТИТОРОТ

ГЕНЕРАЛНО ЗА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

5

Page 6: Бизнис план

„Конец-Текстил“ ДОО ќе биде фирма за производство на

конфекциски производи,односно лон доработка за познат странски

партнер.Таа ќе е во сопственост на Круме Органџиев. Фирмата ќе се наоѓа

во центарот на с.Јосифово.

МИСИЈА

Мисија- реализирање на идејата за основање на тестилно

претпријатие кое ќе работи за домашни и странски пазари, изнаоѓање на

купувачи, вработување на што поголем број лица во истото, како и

остварување профит.

ВИЗИЈА

Визија- претпријатието ќе има за цел да прерасне во голема фирма

која ќе биде позната на пазарот со добар квалитет и сопствен бренд.

ОПИС НА БИЗНИСОТ

Фирмата ќе се занимава со трговија на големо и мало и бизнисот ќе

биде независен.Засега нема да користам франшиза, а според моја

проценка бизнисот би требало да започне во Октомври 2013. Сметам дека

бизнисот ќе биде профитабилен затоа што имаме пример со многу кои

успеале со овој бизнис и се надевам дека и јас ќе бидам еден од нив.

ЛОКАЦИЈА НА БИЗНИСОТ

6

Page 7: Бизнис план

Просторот ќе биде 500м2 со посебна зграда во центарот на

с.Јосифово и е лесно пристапна со добро улично осветлување.Нема јавен

превоз,но превозот на работниците ќе им биде обезбеден со платен

приватен превоз од фирмата.Таа би била достапна за сите наши

потенцијални потрошувачи.

ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Производите ќе бидат трикотажни (блузи,маици) во сите бои и

големини во зависност од тоа каква ќе ни биде побарувачката на

пазарот.Овој производ веќе постои на пазарот,но ќе се залагаме да биде на

некој начин поразличен од конкурентите.Предноста на нашиот производ би

била цената, т.е. за неговата цена тој би бил доста квалитетен.Нашиот

производ засега ќе нема патент, но се планира за 4-5 години со набавка на

нова опрема(автоматизирана) фирмата да биде во состојба да го зголеми

бројот на вработени и обемот на производство,како би можела фирмата да

биде конкурентна на пазарот со поквалитетен и поголем обем на

производство.

Очекувано производство на месечно ниво со 100 вработени луѓе би

било околу 30000 парчиња трикотажни блузи или на годишно ниво околу

350 000 блузи.

Производите кои ке бидат произведувани ќе бидат блузи од памук кои

ќе служат за секојдневна употреба и ќе бидат изработувани од памучни

материјали,моделите ќе бидат различни од машка и женска колекција,со

што воедно ќе понудиме врвен квалитет и реални цени,кои ќе бидат

конкурентни на пазарот на конкуренцијата.

Карактеристики кои ќе ги спроведуваме во однос на трошоците,

технологијата, ќе настојуваме да во делот на производството трошоците ги

сведиме на реално ниво а технологијата на производството ќе ја

7

Page 8: Бизнис план

усовршуваме, тековно во зависност од развојот на производството и

профитот кои ќе бидат остварувани во текот на работењето.

Материјалите и репроматеријалите кои би ни биле потребни се

следниве:

-Метражен текстилен материјал, конци, игли, ножици, ленири, хартија за

кроење или готов производ кои можат да се набават во нашето блиско

опкружување по пристапни цени.

Финансиските аспекти ќе се базираат врз база на вкупниот број на

вработени кај кои ќе биде одреден соодветен норматив за секој модел

одделно како би можело да се утврди реалната цена по единица производ

која ке биде потребна да се покријат сите трошоци за нормално

функционирање на фирмата.Оптималната големина на нарачките ќе зависи

од секој модел на производот и времетраење на испораката на истиот.

КЛУЧНИ ЕЛЕМЕНТИ

Производството кое се планира да се произведува по принципот на

лон доработка ќе биде наменето за однапред договорен купувач по

можност реномирана фирма со свој бренд, со што би успеале да се

наметнеме на пазарот на лон доработувачи и целокупното наше

производство ќе биде наменето за извоз во земјите на ЕУ каде и цените на

нашите производи би биле подобри, и квалитетот на нашето производство

би одговарал на нивната побарувачка.

АНАЛИЗА НА ИНДУСТРИЈАТА

На територијата на која имам намера да го отпочнам бизнисот е веќе

присутна текстилната индустрија и доста разработена, благодарејќки на

близината на границата со Република Грција, од каде што доаѓат

поголемиот број на понудувачи на лон доработката на тексилните

производи, добавувачите од тие причини бараат поблиски локации до

8

Page 9: Бизнис план

нивните центри како би можело на побрз начин да ги остваруваат нивните

цели, а воедно и ние би можеле да создадеме услови како фирма да се

наметнеме на пазарот на понудувачите.

КОНКУРЕНТИ

Наши конкуренти се: „Шунтов Компани“, „Дока Текстил“, „Наматекс“,

„Анел“ и други помали конфекции.Некои од овие конкуренти се понапредни

од нас, но ние се надеваме дека ќе го развиеме бизнисот на повисоко ниво

и ќе им бидеме најголема конкуренција со поголем удел на пазарот.

ДОБАВУВАЧИ

Добавувачите за почеток би биле потенцијални партнери од република

Грција заради достапноста и близината до нашата фабрика. Тоа би го

правеле се со цел на побрз начин да стигнуваат материјалите до нашата

фабрика а исто така и готовите производи кои ќе бидат произведувани да ги

испорачуваме на побрз начин до нарачателот.

S.W.O.T. АНАЛИЗА

Јаки страни:-Поквалитетен производ

-Поприфатливи цени

-Флексибилен производ

-Соработка со клиентите

-Одговорност за навремена испорака на производот од страна на

нарачателот

9

Page 10: Бизнис план

Слаби страни:-Нов производ на пазарот

-Недоволна распространетост на бизнисот

-Недостаток на доволно обучен кадар за работа во текстилни фабрики

Можности:-Зголемена побарувачка

-Зголемен приход

-Евтини,а квалитетни репроматеријали

Закани:-Можност за расипување на машините

-Зголемени трошоци

-Економските услови

-Грабеж

-Постојан раст на цените на електричната енергија и погонските горива

ПОЗИЦИОНИРАЊЕ

Со понатамошното развивање на бизнисот и со доста големата

информираност околу истиот, би очекувал доста клиенти, кои истите би

биле задоволни од тоа што се нуди. Со тоа што народот би го препознавал

нашиот производ и би го разликувал од конкуренцијата со самото

видување.

10

Page 11: Бизнис план

ЦЕНИ-за лон доработка

Цената за нашот производ ќе биде базирана според трошоците и за таа

цена ние ќе нудиме доста добар квалитет.Цената би била доста

прифатлива и таа би изнесувала:

Производ: Цена:

Блузи 70 ден

Кошули 105 ден

ФАБРИКА И ОПРЕМА

Фабриката како и во претходно се планира да биде со корисен

простор од 500м2 во кои ќе биде сместен еден магазински простор, простор

за шивара, и простор за завршни операции (пегла,паковно и контрола на

готовите производи).За истото ќе ни биде потребно опрема од 50 машини

за производство на трикотажни блузи кои ќе се состојат од оверлок машина,

ибердек машини, прави или обични машини, машина за рупици, и машини

за копче.Во делот на пегла и завршно ќе биде потребно бојлер за

централно снабдување на пеглите со пареа, 15 правоаголни пегли со маси

за пеглање,работни маси за пакување на готовите производи и работни

маси за завршната контрола на готовите производи.Во зависност од

напредокот во производството и финансиските показатели на фирмата ќе

биде планирано и проширување на производството и зголемување на

просторот за производство.

ПЕРСОНАЛ

Лицата кои ќе бидат вработени би требало по можност да бидат

устручени за обавување на дејности за која ќе бидат примени на работа а

за останатите кои ќе бидат без работно искуство ќе се врши обука или

11

Page 12: Бизнис план

преквалификација, која ќе ја извршуват стручни лица за обука на

персоналот.

Трошоците за вработените во моментот се движат околу 10500 денари

како нето плата и 4300 денари трошоци по основ на платени придонеси.За

да бидат привлечени поголем број на вработени кои ќе бидат потребни за

исполнување на фабриката ќе се настојува да бидат платени по повисоки

цени, односно ќе планираме нето платата да биде поголема за најмалку

20% за разлика од нашите конкуренти.

МЕНАЏМЕНТ

Менаџментот ќе се состои од менаџер или управител на фирмата,

шеф на конфекцискиот погон кој ќе биде одговорен за квалитетот на

производот и продуктивноста на обработените,шеф на завршните

операции кој ќе биде одговорен за квалитетот на готовите производи кои ќе

бидат испорачувани на добавувачот.

Менаџерите кои ќе бидат одговорни по сектори ќе треба да

функционираат како еден тим како би можело да има позитивни ефекти и

добри финансиски показатели за остварување на добивка на фирмата.

Истите ќе треба да бидаат соодветно наградувани како би можела фирмата

да ги задржи на своите работни места за да се намали опасноста од

напуштање на фирмата.

НАДВОРЕШНИ ЛИЦА

Фирмата ќе склучи договор со одредено правно консалтинг фирма и

фирма за сметководствени работи за обавување на дејноста од областа на

сметководството,финансиите, и застапување на фирмата пред државните и

инспекциските органи.

12

Page 13: Бизнис план

Почетни влогови за започнување на бизнисот

Зграда(простор) 500м2 х 50 = 25 000 €

15 обични машини 15 х 1200 = 18 000 €

20 оверлок машини 20 х 1000 = 20 000 €

8 ибердек машини 8 х 1500 = 12 000 €

4 машини за рупици 4 х 2000 = 8 000 €

3 машини за копче 3 х 1000 = 3 000 €

3 компресора 3 х 1000 = 3 000 €

10 пегли 10 х 1200 = 12 000 €

5 казани за пареа 5 х 2500 = 12 500 €

30 работни маси 30 х 150 = 4 500 €

70 работни столови 70 х 50 = 3 500 €

2 маси за контрола и паковно 2 х 300 = 600 €

50 помошни апарати за машини 50 х 100 = 5 000 €

Вкупно: 127 100 €7 797 585 денари

ФИНАНСИСКА КОНСТРУКЦИЈА

Извори на средства:

средства Износ %

Пресметковна вредност 7 797 585 ден– 127 100€ 100%

Гранд средства 779 760 – 12 710€ 10%

Кредит 5 068 425 – 82 615€ 65%

Сопствено вложување 1 949 400 – 31 775€ 25%

13

Page 14: Бизнис план

Месечни трошоци:

Опис ЦенаПлати 100 работници 100х10500=1050000

Придонеси

Пензиско и инвалидско

осигурување,здравствено

осиг.,професионално

заболување и данок за

невработени лица

100х4200=420000

Кредит ДДВ 15205

Струја 50000

Горива 30000

Игли 10000

Резервни делови за

машини 10000

Превоз Автобус,Комбе 30000

Амортизација

Зграда 2550

33760Опрема 31210

Надворешни услуги Правно-сметководствено

биро 30000

Телефон Мобилен 5000

Вода 2000

Комуналии 2000

1 657 965 денари27 025 €

14

Page 15: Бизнис план

Вкупен месечен приход:

Секој месец произведуваме по еден од овие производи, а кој ќе биде тоа зависи од нарачателот .

Блузи 30 000 х 70 = 2 100 000ден.

Кошули 20 000 х 105 = 2 100 000ден.

Вкупен месечен профит:

Вкупен месечен приход 2 100 000ден.

Вкупно месечни трошоци 1 657 965ден.

Вкупен месечен профит 442 035 ден.7 205 евра

82 615€ x 18% = 14 870€ данок

14 870€ : 60 месеци = 248€ месечно = 15 205 денари

12 x 7 205€ = 86 460€ годишен профит

114 390 : 7 205 = 15,87

Фирмата ќе го поврати својот влог од прилика за 1 година и 4 месеци.

ЗАКЛУЧОК

15

Page 16: Бизнис план

Главна цел на нашата компанија е да ги задоволиме потребите на

нашиот партнер, што значи ќе им понудиме квалитетни блузи и кошули кои

ќе се одликуват со љубезен персонал. Се надеваме дека ќе успееме да

привлечиме и други фирми кои се заинтересирани со нашиот принцип на

работа и ќе успееме да го прошириме асортиманот на производство, а

подоцна и да создадеме сопствен бренд.

16