Зошто претседателот на Крушевската република го...

2
ЅЅ! НАШИТЕ ПОЗНАТИ ПРЕДЦИ ВО СЕКАВДЊАТА НА НИВНИТЕ ПО- ТОМЦИ: СПОМЕНИ НА МИШЕ КАРЕВ, ВНУК НА НИКОПА КАРЕВ 30ШТ0 ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА Никола Карев е роден во Крушево, 1877 го- дина. Во 1893 година заминал на печалба во Бугарија, каде што ра- ботел како ѕидарски работник во работил- ницата на Васил Гла- винов. По враќањето во Македонија, заедно со Веле Марков и дру- ги младинци, формира социјалистичка грула, а ло одржувањето на Првата социјалистичка кокференција се вклу- чил во ТМРО. По заги- нувањето на Веле Мар- ш , станал војвода на чета. Учествувал вв работата на Смилевс- киот конгрес, каде се слротивставил на од- луката за кревање предвремено востание. Селак, кога одлуката била донесена, се вра- тил во Крушевв, каде што бил назначен за началник на Горскиот штаб, кој веќе го под- готвувал востанието. По победата на воста- нието, бил избран за претседател на Кру- шевската Република. Таа функција ја вршел 13 дена. По поразот и нропаста на Републиката, Карев заминува најпрво во Белград, а потоа доа- ѓа ва Софија, но не можејќи оддалеку да слуша за теророт во Македонија, тргнува кон татковината. Иа 2 7 април 1805 година загинува кај кочанс- кото село Рајчани. Иикола Карев и при- паѓаше на онаа група македонски револуци- онери кои беа огорче- ни непријатели и про- тивници на сите над- ворешни мешања во македонското ослобо- дително дело. МАКЕДОНСКАТА ХИМНА? Оние што по секоја цена сакаа да го намалат значењето на Никола Карев, подоцна измислија дека Манифестот, наводно, го напишал Мајски, а не Ка- рев. Истите тие го избришаа од маке- донската химна неговото име, а зошто - знаат само тие П: Ј о задушувањето на Илинденското востание, чичко ми Петруш и татко ми Ѓор- ѓи Карев, извесно време се криеле во околината на Крушево, а чичко ми Никола, претседателот на Крушевската Република се засолнил во селото Дивјаци, потоа во Цер и на крајот во Мариово. Во се- лото Дивјаци имал средба со Даме Г руев, за да ги до- говорат следните актив- ности на македонската револуционерна органи- зација. Три месеци по за- душувањето на востание- то, Никола Карев, заедно со уште десетина борци, успеал некако да ја пре- мине турско-српската гра- ница и да стигне во Бел- град. По пристигнување- то, Никола испратил пис- ма до мајка му Марија во Крушево. Во тоа писмо, кое долго го чувавме до- ма, а потоа негде исчезна, тој пишуваше дека кај не- го во Белград ’секој ден доаѓаат новинари, ме пра- шуваат за нашата борба и се чудат која била таа си- ла што можела 13 дена да чува република сред Ото- манската Империја, во ср- цето на Балканот5 . Во Ср- бија, чичко ми Никола ос- танал до февруари 1904 година. При престојот та- му многу му помогнала Социјалистичката партија на Димитрие Туцовиќ. Ба- ба Марија тие писма, но и фотографиите, весниците и другите предмети на Ни- кола ги чувала како света рел иквија, но подоцна Ср- бите, Бугарите и нашата комунистичка власт се ни зедоа” , се сеќава на својот славен чичко и на неговата трагична судбина, неговиот сега 76-годишен внук од брат, Мише Карев. НАКДБА ДА ЈА ПК- ДАДЕ АРХИВАТА ВО СОфИЈА Неговиот татко Ѓорѓи Ка- рев, најмлад брат на Нико- ла Карев, како 16-годишно момче учествува во Илин- денското востание, во поз- натата битка кај месноста „Слива” . Починал во 1949 година во затворот „Идри- зово” , каде што издржувал казна поради таканарече- ниот македонски национа- лизам. Најстариот брат на претседателот на Крушевс- ката Република, Петруш Карев успеал да ги наджи- вее двајцата свои браќа и покрај сите малтретирања и голготи што ги поминал во животот. Умрел во 1968 го- дина. Според внукот Мише Карев, старецот умрел со голема болка во душата по- ради недостоинствениот и понижувачки однос на ма- кедонската власт кон брат му Никола Карев. Војводата и претседател на првата Република на Балканот, средниот син на Јанаки и Марија Кареви, бил убиен во 1905 годинаод турскиот аскер кај кочанското село Рајчани. „По престојот во Белград, каде што дал повеќе ин- тервјуа на странски вес- ници за состојбите во Ма- .шЅЅЅѕ * тЛѕ \ I I I 1 ] Мише Карев, внук од брат на Никола Карев: „Овој портрет е единственото нешто што ни остана од Никола Карев” кедонија, чичко ми Нико- ла, кој во тоа време имал 28 години, добил наредба од ВМРО веднаш да отпа- тува во Софија и таму, лично на Даме Груев да му ја предаде целокупна- та архива на Крушевската Република. Иако имал го- лема резерва околу пре- фрлувањето на архивата од Крушево во Софија, Никола пристигнал во Бу- гарија во март 1904 годи- на. По наредба на Груев, преку канал на Организа- цијата, испраќа абер до својот брат Петруш да ја откопа и да ја донесе во Софија архивата на Ре- публиката. Архивата би- ла закопана до една бука во Беговата корија, точно ! под буката која ’прва ја ј осветлува сонцето’. Во ј април таа 1904 година, ј чичко ми Петруш успеал | да ја пронајде и да ја отко- ј па архивата на Крушевс- | ката Република. Сместена | во кираџиски самар, дра- ; гоцената македонска ар- ј хива во мај веќе била во ј Бугарија, каде што му би- ; ла предадена на Даме ј Груев. Чичко ми Петруш ј кажуваше дека кога стиг- ј нал во Софија, Никола | веднаш го однел во кафе- ј аната каде што ги чекал ј Груев. Предавајќи му ја ј архивата, тој му рекол на | Даме дека презема голема ј одговорност врз себе пре- ј несувајќи ја ар- ј хивата на Кру- 12 јануари 2 0 0 5 351

Upload: imacedonian

Post on 24-Mar-2016

269 views

Category:

Documents


12 download

DESCRIPTION

Спомени на Мише Карев, внук на Никола Карев

TRANSCRIPT

Page 1: Зошто претседателот на Крушевската република го исфрлија од македонската химна

ЅЅ!

НАШИТЕ ПОЗНАТИ ПРЕДЦИ ВО СЕКАВДЊАТА НА НИВНИТЕ ПО- ТОМЦИ: СПОМЕНИ НА МИШЕ КАРЕВ, ВНУК НА НИКОПА КАРЕВ

30ШТ0 ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА

Никола Карев е роден во Крушево, 1877 го- дина. Во 1893 година заминал на печалба во Бугарија, каде што ра- ботел како ѕидарски работник во работил- ницата на Васил Гла- винов. По враќањето во Македонија, заедно со Веле Марков и дру- ги младинци, формира социјалистичка грула, а ло одржувањето на Првата социјалистичка кокференција се вклу- чил во ТМРО. По заги- нувањето на Веле Мар- ш , станал војвода на чета. Учествувал вв работата на Смилевс- киот конгрес, каде се слротивставил на од- луката за кревање предвремено востание. Селак, кога одлуката била донесена, се вра- тил во Крушевв, каде што бил назначен за началник на Горскиот штаб, кој веќе го под- готвувал востанието.По победата на воста- нието, бил избран за претседател на Кру- шевската Република. Таа функција ја вршел 13 дена.По поразот и нропаста на Републиката, Карев заминува најпрво во Белград, а потоа доа- ѓа ва Софија, но не можејќи оддалеку да слуша за теророт во Македонија, тргнува кон татковината. Иа 27 април 1805 година загинува кај кочанс- кото село Рајчани. Иикола Карев и при- паѓаше на онаа група македонски револуци- онери кои беа огорче- ни непријатели и про- тивници на сите над- ворешни мешања во македонското ослобо- дително дело.

МАКЕДОНСКАТА ХИМНА?Оние што по секоја цена сакаа да го намалат значењето на Никола Карев, подоцна измислија дека Манифестот, наводно, го напишал Мајски, а не Ка- рев. Истите тие го избришаа од маке- донската химна неговото име, а зошто - знаат само тие

П :Јо задушувањето на Илинденското востание, чичко ми Петруш и татко ми Ѓор-

ѓи Карев, извесно време се криеле во околината на Крушево, а чичко ми Никола, претседателот на Крушевската Република се засолнил во селото Дивјаци, потоа во Цер и на крајот во Мариово. Во се- лото Дивјаци имал средба со Даме Г руев, за да ги до- говорат следните актив- ности на македонската револуционерна органи- зација. Три месеци по за- душувањето на востание- то, Никола Карев, заедно со уште десетина борци, успеал некако да ја пре- мине турско-српската гра- ница и да стигне во Бел- град. По пристигнување- то, Никола испратил пис- ма до мајка му Марија во Крушево. Во тоа писмо, кое долго го чувавме до- ма, а потоа негде исчезна, тој пишуваше дека кај не- го во Белград ’секој ден доаѓаат новинари, ме пра- шуваат за нашата борба и се чудат која била таа си- ла што можела 13 дена да чува република сред Ото- манската Империја, во ср- цето на Балканот5. Во Ср- бија, чичко ми Никола ос- танал до февруари 1904 година. При престојот та- му многу му помогнала Социјалистичката партија на Димитрие Туцовиќ. Ба- ба Марија тие писма, но и фотографиите, весниците и другите предмети на Ни- кола ги чувала како света

рел иквија, но подоцна Ср- бите, Бугарите и нашата комунистичка власт се низедоа” , се сеќава на својот славен чичко и на неговата трагична судбина, неговиот сега 76-годишен внук од брат, Мише Карев.

Н А К Д Б А ДА ЈА П К - ДАДЕ АРХИ В А ТА ВО СОфИЈА

Неговиот татко Ѓорѓи Ка- рев, најмлад брат на Нико- ла Карев, како 16-годишно момче учествува во Илин- денското востание, во поз- натата битка кај месноста „Слива” . Починал во 1949 година во затворот „Идри- зово” , каде што издржувал казна поради таканарече- ниот македонски национа- лизам. Најстариот брат на претседателот на Крушевс- ката Република, Петруш Карев успеал да ги наджи- вее двајцата свои браќа и покрај сите малтретирања и голготи што ги поминал во животот. Умрел во 1968 го- дина. Според внукот Мише Карев, старецот умрел со голема болка во душата по- ради недостоинствениот и понижувачки однос на ма- кедонската власт кон брат му Никола Карев. Војводата и претседател на првата Република на Балканот, средниот син на Јанаки и Марија Кареви, бил убиен во 1905 годинаод турскиот аскер кај кочанското село Рајчани.„По престојот во Белград, каде што дал повеќе ин- тервјуа на странски вес- ници за состојбите во Ма-

.шЅЅЅѕ

* тЛѕ \

III1]

Мише Карев, внук од брат на Никола Карев: „Овој портрет е единственото нешто што ни остана од Никола Карев”

кедонија, чичко ми Нико- ла, кој во тоа време имал 28 години, добил наредба од ВМРО веднаш да отпа- тува во Софија и таму, лично на Даме Груев да му ја предаде целокупна- та архива на Крушевската Република. Иако имал го- лема резерва околу пре- фрлувањето на архивата од Крушево во Софија, Никола пристигнал во Бу- гарија во март 1904 годи- на. По наредба на Груев, преку канал на Организа- цијата, испраќа абер до својот брат Петруш да ја откопа и да ја донесе во Софија архивата на Ре- публиката. Архивата би- ла закопана до една бука во Беговата корија, точно

! под буката која ’прва ја ј осветлува сонцето’. Во ј април таа 1904 година, ј чичко ми Петруш успеал | да ја пронајде и да ја отко- ј па архивата на Крушевс- | ката Република. Сместена | во кираџиски самар, дра- ; гоцената македонска ар- ј хива во мај веќе била во ј Бугарија, каде што му би- ; ла предадена на Даме ј Груев. Чичко ми Петруш ј кажуваше дека кога стиг- ј нал во Софија, Никола | веднаш го однел во кафе- ј аната каде што ги чекал ј Груев. Предавајќи му ја ј архивата, тој му рекол на | Даме дека презема голема ј одговорност врз себе пре- ј несувајќи ја ар- ј хивата на Кру-

1 2 јануари 2 0 0 5 351

Page 2: Зошто претседателот на Крушевската република го исфрлија од македонската химна

НАШИТЕ ПОЗНАТИ ПРЕДЦИВО СЕКАВАЊАТА НА НИВНИТЕ ПОТОМЦИ СПОМЕНИ НА МИШЕ КАРЕВ, ВНУК НА НИКОЛА КАРЕВ

шевската Република во Бугарија. Чичко Петруш кажуваше дека Даме Груев дури и му се закану- вал на Никола, кој долго одла- гал да ја донесе архивата во Со- фија. Во кафеаната каде што би- ла донесена и предадена архива- та, заедно со Даме Груев бил и Борис Сарафов, човекот кој из- дејствувал одлука за предвре- мено востание, на која Никола, исто така, се спротивставил во Смилево. Како и да е, оттука на- таму претседателот на Крушевс- ката Република веќе немал ника- ков увид во тоа каде е и што се случува со архивата на Републи- ката” , вели внукот на Никола Ка- рев.

Д О Л ГО ВРЕМ Е НЕ ЗН А ЕВ М Е К А Д Е М У Е Г Р О Б О ТРазочаран од малодушноста, па дури и од незаинтересираноста на некои дејци на револуционерната организација за крвавата тиранија што ја спроведува Турција по заду- шувањето на Илинденското воста- ние, војводата Никола Карев во пролетта 1905 година решава да се врати во татковината и таму да ја

продолжи борбата за автономна и обединета Македонија. Тргнал на пат со мала чета одбрани борци, користејќи канал на Организација- та преку Кочанската Котлина. За жал, по пат четата е предадена, се разбира и овојпат од Македонец. Турскиот аскер ги опколува во бли- зина на селото Рајчани и успева да ја ликвидира речиси целата чета. Се спасил само војводата Петар Ацев со уште неколкумина комити. Според спомените на Петруш Ка- рев, најстариот брат на Никола Ка- рев, претседателот на Крушевска- та Република во тој судир со аске- рот бил тешко ранет. Ризикувајќи ги своите животи, двајца комити успеваат да го засолнат во една од блиските колиби, но војводата обилно крвавел и повремено ја гу- бел свеста. Целиот терен бил сар- дисан од војската која била веќе сосема близу и до колибата каде што бил ранетиот Карев. Немајќи друг излез, војводата и уште не- колкумина комити извршуваат са- моубиство. Речиси во исто време, во селото Цер на сличен начин, со самоубиство, животот го завршува и војводата Христо Узунов, близок пријател на Никола и на семејство- то Кареви. Притоа интересен е спо-1 менот на Петруш Карев во врска со ] тој настан: кога разбрала за смртта на Узунов, Марија, мајката на Ни- кола, три дена седела до прозоре- цот и плачела. Таа не знаела дека веќе бил мртов и нејзиниот син Ни- кола. Во врска со убиството на Претседателот, во некој турски весник излегла информација заед- но со фотографија на девојка.„Кога чичко ми Никола бил мр- тов, војникот што вршел пре- трес, во кошулата нашол слика на девојка. Тоа е фотографијата на Коца Јосева Хаџова, верени- цата на Карев. Таа умира некол- ку години подоцна во Струга, од туберкулоза. Тој весник долго го чувавме дома, но во 50-тите го- дини на минатиот век ни го зедоа за архивот, или за Институтот за историја, не се сеќавам точно, но знам дека никогаш не ни го врат-

„Даме Груев му нареди на Никола Карев архивата од Крушевската Ре- публика да ја однесе во Софија!”

ија, иако ветуваа дека ќе ни дос- тават барем копија. За семејство- то Кареви, по смртта на Никола, следуваа долги и мачни години, кои не завршија со ослободува- њето и создавањето на Народна Република Македонија. Долги го- дини по затворите скапуваа чич- ко ми Петруш и татко ми Ѓорѓи, браќата на Никола Карев. Татко ми Ѓорѓи Карев не само што ле- жеше туку и беше убиен во зат- ворот во ’Идризово’ во 1949 го- дина. Уште потешко ми е на ду- шата што до ден денес не знае- ме, не ни кажаа каде му е гробот. Во истиот затвор, пак поради Ма- кедонија, кон крајот на 50-тите години, година и пол лежев и јас. Во меѓувреме од нашата куќа бе- ше однесено се што беше повр- зано со чичко ми Никола, но и со неговите браќа. Бугарите ја зе- доа архивата на Крушевската Ре- публика и сите документи потпи- шани лично од Никола Карев; Србите, на пример, ни ги зедоа писмата на Никола до неговите родители, како и писмото кое Гоце Делчев му го напишал на Никола и во кое го советува да не оди во Солун, туку да остане во Битола, каде што е многу по- корисен за делото. Една фото- графија, која уште нигде ја немам видено дека е објавена, јас лич- но му дадов на нашиот истори- чар Љубен Лапе. Подоцна му да- дов една фотографија од Никола и на Орде Ивановски. Тоа беше фотографија на чичко ми напра- вена 1904 година. Фотографијата беше многу значајна поради тоа што на опачината беше потпиша- на лично од Никола. Тој го има- ше напишано и датумот - 1 мај 1900 година. Чичко ми Петруш кажуваше дека Никола, три де- на, во август 1903 година, лично му го диктирал на Никола Киров Мајски, неговиот братучед, поз- натиот Манифест на Крушевска- та Република. Тој оригинален за- пис на Манифестот и сите други белешки биле однесени во Со- фија, заедно со архивата на Гор-

скиот штаб и на Влада- јјга на Крушевската Ре-

публика. Оние што по ' секоја цена сакаа да го (намалат значењето на Никола Карев, подоцна измислија дека Манифес- тот, наводно, го напишал Мајски, а не Карев. Истите тие го избришаа од маке- донската химна неговото име, а остана, на пример,

ј името на Питу Гули, кој е еден од десетте војводи што биле во тој период во Крушево и Крушевско. Зошто Никола Карев, прет- седателот на Крушевската Република, е избришан од нашата химна, веројатно знаат само тие што го избри-

шаа. Не случајно и неговите мош- ти, по пренесувањето од Рајчани, се меткаа по разните визби низ Крушево, за на крајот да завршат фрлени под скалите на ’Македо- ниумот’. Дури во 1990 година, по сензационалното откритие на ’Нова Македонија’, ковчежето со неговите коски беше погребано внатре во споменикот.

П ОРТРЕТОТ Н А Н И К О Л А - Н А ЈС К А П О Ц Е Н О Т О НЕШ ТОЕдинствено нешто што успеале да зачуваат дома Кареви е портретот на Никола од 1901 година, врамен во рамка од ореово дрво. „И рам- ката и фотографијата се постари од сто години. Ги чуваме во се- мејството како најскапоцено нешто. Чувам и некои фотокопии на документи до кои имам дојде- но во последниве неколку деце- нии, како што е неговото интерв- ју за грчкиот весник ’Акропол ис’, дадено на грчки новинар на 8 мај 1903 година во Битола. Во ин- тервјуто направено само три ме- сеци пред Илинденското воста- ние, Никола Карев на грчкиот но- винар отворено му кажува дека е Македонец, но и дека се смета за потомок на Александар Маке- донски. Исто така, во тоа интерв- ју, Никола вели дека македонс- киот народ ’сака Република и пријателство не само со Бугари- ја, туку со секој што ќе ни помог- не да се ослободиме’, а истовре- мено потсетува дека засега не ос- танува ништо друго ’освен да ја продолжиме борбата’. Не е поз- нато дали новинарот некогаш дознал дека истиот тој човек са- мо три месеци подоцна ќе напра- ви Република во Крушево”, вели Мише Карев, застанат под големи- от портрет на Никола Карев во са- лонот на својата куќа во Крушево. Следната година се навршуваат сто години од смртта на Никола Ка- рев, претседателот на Крушевска- та Република. Македонската држа- ва веројатно ќе најде сили, во сог- ласност со „коалиционите парт- нери” , достоинствено и државнич- ки да го одбележи тој настан.

Блаже Миневски

12 јануари 2 0 0 5