Профил на Општина Карпош

49

Upload: opstina-karpos

Post on 17-Mar-2016

267 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

Подетални информации за Општина Карпош

TRANSCRIPT

Page 1: Профил на Општина Карпош
Page 2: Профил на Општина Карпош

ПРОФИЛ НА ОПШТИНА КАРПОШ

Page 3: Профил на Општина Карпош
Page 4: Профил на Општина Карпош

Општината Карпош е формирана на 8 ноември 1976 година со Законот за фор-мирање на општини на Град Скопје и

за утврдување на нивните подрачја (“Службен весник на СРМ” бр.8/76).

Најголемиот дел од подрачјето на кое е форми-рана општината го носело името Карпош кое е заедничко име (прекар) на две значајни личности од историјата на македонскиот народ:

Карпош - војвода, кој во 1689 година бил водач на селското востание од Кривопаланечкиот и Кумановскиот крај и се борел против турските

Page 5: Профил на Општина Карпош

феудалци - паши (Карпошево востание). Востанието било задушено, а Карпош бил заро-бен, набиен на колец, избоден со копја, по што од Камениот мост во Скопје Турците го фрлиле во реката Вардар,

За да не се заборави името на Карпош тоа име го земал Христијан Тодоровски - народен херој на Македонија од НОБ и легендарен парти-зански командант во североисточна Македонија. Тој храбро загинал на 7 февруари 1944 година, во борба против фашистичката полиција во се-лото Билјача.

По кажување на еминентни македонски исто-ричари името на Општината Карпош не може да се поврзе само со една од овие две значајни историски личности, со оглед на тоа дека са-мото име Карпош асоцира на монолитност и истрајност на македонскиот народ за сопствена држава и сопствен национален идентитет.

Page 6: Профил на Општина Карпош

Општината Карпош претставува составен дел од Градот Скопје, т.е. е една од десетте скопски општини.

Општина Карпош е поделена на 14 единици т.н. месни заедници, од кои 12 се урбани единици, а само две (Бардовци и Горно Нерези) се рурални единици.

Површина: 35 km2

Надморска височина: 362 mНаселение: мешовито, од кои 88,52% се Mаке-донциМестоположба: северозападен дел од Македо-нија, централнозападен дел на Град СкопјеВкупна површина под шума: 235,12 haКлима: средна годишна температура 13,8 оCПросечни годишни врнежи: 441,2 l/m2

Денови со појава на дожд: 102Денови со појава на снег: 9Денови со магла: 14

Page 7: Профил на Општина Карпош

Реки:Низ територијата на Општина Карпош тече реката Вардар која е најголема река на територија на Република Македонија (вкупна должина 388 км.). Низ Карпош исто така тече и реката Лепенец.

Планини: Планината Водно е сместена во ју-жниот дел на Скопската котлина. Водно има поволна географска положба, бидејќи во негова близина се наоѓаат важни патишта, железници и најпосетуваната локација во Македонија - градот Скопје. Највисоката точка на Водно е врвот Крстовар, 1066 m

ИСТОРИЈАТ НА ОПШТИНАТА

ПРИРОДНИ РЕСУРСИ

ОБРАЗОВАНИЕ

КУЛТУРА

СПОРТ

ЗДРАВСТВО

ЕКОНОМИЈА И СТОПАНСТВО

ЗЕМЈОДЕЛСТВО

ГРАЃАНСКИ СЕКТОР

МЕДИУМИ

ЕКОЛОГИЈА

Page 8: Профил на Општина Карпош

Број на население: 59.666 жители

Полова структураМажи: 28.460Жени: 31.206

Број на домаќинства: 19.680

Број на станови: 22.849

Национална структура

Националност Жители ПроцентМакедонци 52.810 88,50%Срби 2.184 3,66%Албанци 1.952 3,27%Роми 615 1,03%Власи 407 0,68%Турци 334 0,55%Бошњаци 98 0,16%Останати 1.266 2,12%Вкупно 59.666 100%

Старосна структура0 – 19 години – 13.28920 – 44 години – 21.32745 – 64 години – 16.004Над 65 години – 8.952

ИСТОРИЈАТ НА ОПШТИНАТА

ПРИРОДНИ РЕСУРСИ

ОБРАЗОВАНИЕ

КУЛТУРА

СПОРТ

ЗДРАВСТВО

ЕКОНОМИЈА И СТОПАНСТВО

ЗЕМЈОДЕЛСТВО

ГРАЃАНСКИ СЕКТОР

МЕДИУМИ

ЕКОЛОГИЈА

Page 9: Профил на Општина Карпош

Структура по образование

Степен на образование %

ВСС 19.96%

ВШС 6.11%

ССС 50.25%

Основно 15.26%

Непотполно образование 6.57%

Без школска подготовка 1.56%

Непознати 0.29%

Вкупно 100%

Економски активно население: 64%

Стапка на невработеност: 16%

Процент на наталитет и морталитет:Родени: 555Починати: 583Природен прираст (-28)

* Податокот се однесува за 2008 год.

Page 10: Профил на Општина Карпош

Патишта: Дел од општината со Градот и со соседните општини ја поврзуваат два булевара. Во останатиот дел на општината има локални и собирни улици.

Мостови и надвозници: Мост «Обединети Нации», Железнички мост, Мост «Газела», Mост на бул. «8-ми sептември”, Mост на река Лепенец, надвозник Влајко.

Page 11: Профил на Општина Карпош

Состојба на улици

Состојба на улици Должина (m) Површина (m2)

Асфалтирани улици 37.630 190.220

Бекатон коцки / 36.000

Тампонирани улици 1.200 4.800

Земјени улици 600 1.800

Водоснабдување и канализација

Вода за пиење: Општината Карпош е целосно покриена со изворска вода од градски водовод од изворот Рашче. На територија на општината постојат и пет бунари од кои 3 се наоѓаат кај р.Лепенец и 2 во Нерези. Овие бунари во ле-тниот период го снабдуваат градот Скопје со приближно 30% вода за пиење.

Page 12: Профил на Општина Карпош

Профил Ф Должинаmm m250 1600300 9000350 1000400 7400450 220500 7000600 3000700 2500800 4800900 2200

1000 23001200 8001400 600

1700/700 4001800/1200 7501900/1187 650

2000 12002400/1500 620

Вкупно 46040

Фекална канализацијa Примарна и секундарна мрежа

Профил Ф Должинаmm m150 4580200 30000250 17000300 25500350 1350400 3600450 360500 6800600 1500

600/1100 2210700 720

880/1400 2280900 1220

1000 21601075 320

Вкупно 99600

Атмосферски води

Примарна и секундарна мрежа

Page 13: Профил на Општина Карпош

Одвоен колекторски систем: во тек е изградба-та на ваков систем од левата страна на реката Вардар.

Пречистителни станици за отпадни води: по-стои една станица во населено место Нерези.

Електроенергетска мрежа

мрежа, покриеност и квалитет на мрежа: Општина Карпош е целосно покриена со електрична мрежа која одговара на потребите на населението, на само мал дел од нејзината територија мрежата е застарена и има потреба од нејзино обновивање како и поставување на трафостаници.Исто така во тек е обновата на уличното осветлување кое е предвидено во програмата за енергетска ефикасност на Општина Карпош.

Page 14: Профил на Општина Карпош

Телекомуникациипокриеност со мрежа: за реализација на телефонски приклучоци и обезбедување на останатите телекомуникациски услуги на територијата на Општина Карпош постои совре-мена телекомуникациска мрежа.мобилна мрежа: целосна покриена од сите мобилни оператори.интернет: на целата територија постои доста-пност до интернет конекција (кабелски, ISDN, wireless)

кабелска: низ цела општина има поставено кабелски приклучоци.Железнички сообраќај: низ општината поми-нува пругата Скопје – Кичево, а најблиска желе-зничка станица е во Општина Ѓорче Петров.

Page 15: Профил на Општина Карпош

Автобуски сообраќај:Градски линии – 2, 4, 5, 7, 8, 12, 15, 19, 21, 22, 24, 57.Приградски линии – 11, 18, 22, 56, 60, 64.

Такси сообраќај: постојат 4 такси здруженија кои се регистрирани на територија на Општина Карпош.

Аеродром: единствениот аеродром во Скопје – “Александар Велики” се наога на 25 km од општината.

Page 16: Профил на Општина Карпош

Степен на образование

ГРАДИНКИ 6Општински 4ЈУОДГ ”Мајски Цвет”ЈУОДГ “Орце Николов”ЈУОДГ “Пролет”ЈУОДГ“Распеана Младост”Приватни 2“Бисери”“ American school”

ОСНОВНИ УЧИЛИШТАОпштински 10ОУ “Христијан Тодоровски – Карпош”ОУ “Вера Циривири Трена”ОУ “Лазо Трповски”ОУ “Петар Поп Арсов”ОУ “Војдан Чернодрински”ОУ “Владо Тасевски”ОУ “Братство”ОУ “Димо Хаџи Димов”ОУ “Јан Амос Коменски”ОУ “Аврам Писевски”Приватни 3“Нова”“Јахја Кемал”“American school”

Page 17: Профил на Општина Карпош

СРЕДНИ УЧИЛИШТА 8Средни училишта на Град Скопје 6

СУГС “Никола Карев”СУГС “Зеф Љуш Марку”СУГС “Орце Николов”СУГС “Георги Димитров”СУГС “Лазар Танев”СУГС “Здравко Цветковски”Приватни 2“Нова”“American school”

ФАКУЛТЕТИ 8Државни 6Педагошки факултетЕлектро – ТехничкиМашински факултетТехнолошко–металуршки факултетФакултет за ликовна уметностФакултет за драмски уметностиПриватни 2Факултет за ТуризамNew York College

Услови за сместување на ученици, студенти, постипломци:Ученички дом “Здравко Цветко-вски”Студенски дом “Гоце Делчев”Дом за постдипломци

Page 18: Профил на Општина Карпош

Објекти од областа на културата во Општина Карпош во кои се одржуваат редовни и повремени претстави, фолкло-

рни фестивали, концерти, ликовни колонии, манифестации и слични дејствија, се:

Драмски ТеатарКинотека на РМ сместена во Библиотеката “Другарче»Амфитеатар – на кејот на реката ВардарАнтичкиот локалитет СкупиМанастирот Св. Пантелејмон

Општината Карпош се вклучува во негувањето и развојот на културата преку организација и покровителство на повеќе културни манифе-стации кои се предвидени во програмата која ја подготвува опшината.

Page 19: Профил на Општина Карпош

Меѓународна детска ликовна колонија Манастир Св. Пантелејмон – с. Горно НерезиКултурно лето - КарпошДетски театар

Поддршка на установи и НВО од областа на културата каде општината традиционално се вклучува како покровител:

1. Поддршка на Програмата на АКУД “Цветан Димов”

- Меѓународен детски фолклорен фестивал, “Од цвет на цвет со оро и песна” кој традиционално се одржува на територија на Општина Карпош. Учесници на фестивалот се фолклорни ансамбли од земјата и странство.

2. Поддршка на програмата на АКУД “Мирче Ацев”

Меѓународен студентски фолклорен фестивал

Page 20: Профил на Општина Карпош

3. Поддршка на здружението за негување на древните традиции “Касантика”

“Денови на Александар Македонски“ – на локалитетот Скупи традиционално се одржува концерт или театарска претстава.

4. Поддршка на други институции и здруженија од областа на културата и творештвото кои дејствуваат на територијата на Општина Карпош: Македонска етно група Монистра, АКУД Етнос, АКУД Каршијака, Детски ликовен центар и др.

По повод празникот на Општина Карпош секоја година се одржува прослава со богата културно-уметничка програма на која земаат учество голем дел од академските уметници кои живеат и творат во Општина Карпош. По тој повод општината прогласува заслужни граѓани на Општина Карпош истакнати во својата област/професија.

Page 21: Профил на Општина Карпош

ИСТОРИЈАТ НА ОПШТИНАТА

ПРИРОДНИ РЕСУРСИ

ОБРАЗОВАНИЕ

КУЛТУРА

СПОРТ

ЗДРАВСТВО

ЕКОНОМИЈА И СТОПАНСТВО

ЗЕМЈОДЕЛСТВО

ГРАЃАНСКИ СЕКТОР

МЕДИУМИ

ЕКОЛОГИЈА

Спортски сали – 3: сала “Борис Трајковски”, сала “Партизан”, сала “Форца”Базени – 1: затворен базен “Младост”Спортски игралишта – 19Детски игралишта – 34

Page 22: Профил на Општина Карпош

Дејност Јавни ПриватниОпшта пракса 3 41Брза помош 1Специјалистички установи 10Школски и предшколски диспанзерПсихијатриски диспанзер 1Стоматолошки ординации 53Очна ординација 2Уво, нос и грло 2Педијатрија 1Кардиохирургија 1Гинеколошка-акушерска клиника 5Болница за ТБЦ 1Воено здравствена установа (болница) 1Поликлиники 1 4Аптеки 2 16

Мрежа: Развиена здравствена мрежаВидови на услуги: можност за давање на квалитетна и разновидна здравствена услуга, почнувајки од примарна, специ-јалистичка, хируршка и секако голем дел на приватни здравствени услуги.Број на здравствени установи

ИСТОРИЈАТ НА ОПШТИНАТА

ПРИРОДНИ РЕСУРСИ

ОБРАЗОВАНИЕ

КУЛТУРА

СПОРТ

ЗДРАВСТВО

ЕКОНОМИЈА И СТОПАНСТВО

ЗЕМЈОДЕЛСТВО

ГРАЃАНСКИ СЕКТОР

МЕДИУМИ

ЕКОЛОГИЈА

Page 23: Профил на Општина Карпош

Вкупно користено земјоделско земјиште 486Сопствено користено земјоделско земјиште 354Број на индивидуални земјоделски стопанства 555Број на стопанства со индустриски растенија 4Број на стопанства кои произведуваат жита 279Број на стопанства кои произведуваат фуражни растенија 62

Број на стопанства кои произведуваат зеленчук 257Број на стопанства кои произведуваат лозови насади 138Број на стопанства кои произведуваат цвеќе и украсни растенија 70

Број на стопанства кои произведуваат овошни насади 251Пчелни семејства 198Вкупна расположлива површина на земјиште 542

ИСТОРИЈАТ НА ОПШТИНАТА

ПРИРОДНИ РЕСУРСИ

ОБРАЗОВАНИЕ

КУЛТУРА

СПОРТ

ЗДРАВСТВО

ЕКОНОМИЈА И СТОПАНСТВО

ЗЕМЈОДЕЛСТВО

ГРАЃАНСКИ СЕКТОР

МЕДИУМИ

ЕКОЛОГИЈА

ИСТОРИЈАТ НА ОПШТИНАТА

ПРИРОДНИ РЕСУРСИ

ОБРАЗОВАНИЕ

КУЛТУРА

СПОРТ

ЗДРАВСТВО

ЕКОНОМИЈА И СТОПАНСТВО

ЗЕМЈОДЕЛСТВО

ГРАЃАНСКИ СЕКТОР

МЕДИУМИ

ЕКОЛОГИЈА

Вкупен број на деловни субјекти - на територија на Општина Карпош се наогаат над 2000 стопа-нски субјекти од најразновидни области мегу кои најзастапени се: супермаркети, ресторани, кафетерии, салони и сервиси за автомобили, проектантски бироа, производство на текстил, бели печива, школи за странски јазици, компјуте-рски услуги и сл. Трговски центри – 7 Банки – 22Штедилници – 1 Менувачници – 11Осигурителни куќи – 1 Пошти – 6

Page 24: Профил на Општина Карпош

Општината Карпош е урбана општина која се наоѓа во зоната на градот Скопје и претставува негов составен дел. На тери-

торијата на која се протега општината наследени се локалитети од културно значение кои се негуваат и воедно претставуваат туристички лока-литети кои отсликуваат делови од минатото.

АНТИЧКИ ГРАД СКУПИ - Во подножјето на Зајчев Рид, од левата страна на реката Вардар, во непосредна близина на населбата Злокуќани, се наоѓа античкиот град Скупи, древниот поредок на Скопје. Пред доаѓањето на Римјаните на овие простори, градот бил населен од познатото племе Дарданци, а со населувањето на Римјаните овој град прераснал во колонија со што започнал опшиот развиток процвет. Скупи се наоѓал на една важна сообраќајница која ги поврзувала Егеј и Средна Европа, а во помала мера и Тракија со Јадранското Море. Пронајдените историски

ИСТОРИЈАТ НА ОПШТИНАТА

ПРИРОДНИ РЕСУРСИ

ОБРАЗОВАНИЕ

КУЛТУРА

СПОРТ

ЗДРАВСТВО

ЕКОНОМИЈА И СТОПАНСТВО

ЗЕМЈОДЕЛСТВО

ГРАЃАНСКИ СЕКТОР

МЕДИУМИ

ЕКОЛОГИЈА

ИСТОРИЈАТ НА ОПШТИНАТА

ПРИРОДНИ РЕСУРСИ

ОБРАЗОВАНИЕ

КУЛТУРА

СПОРТ

ЗДРАВСТВО

ЕКОНОМИЈА И СТОПАНСТВО

ЗЕМЈОДЕЛСТВО

ГРАЃАНСКИ СЕКТОР

МЕДИУМИ

ЕКОЛОГИЈА

Page 25: Профил на Општина Карпош

податоци зборуваат дека во 313 година Скупи станал епископско седиште, а нешто повеќе од еден век подоцна и архиепископско. Овој град својот голем економски и културен подем го за-бележал во два различни временски периоди, првиот во I и II век, а вториот во раниот IV век по Христа. Пронајдените материјали и предмети го покажуваат различниот социјален статус на граѓаните на Скупи, неговите културни и еконо-мски белези кои говорат за еден град како значај-на станица на патот Via Egnatia.

СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН – мана-стир со црква, за-дру*жбина на Алексеј Комнин. Се наоѓа во с. Горно Нерези. Подигнат е во 1164 година. Црквата претставува петокуполна градба врз крсто-образна основа, со три апсиди и правоаголен нартекс. Градена е од кршен камен и тули. По-себна уметничка вредност има фрескоживописот, реализиран од сликар повикан од Цариград. Сликите што ги украсуваат ѕи-довите претста-вуваат ремек–дело на уметничките текови од XII век и се предвесник на италјанската слика-рска ренесанса. Од тој корпус, нај позната е композицијата “Оплакувањето на Христос”.

Page 26: Профил на Општина Карпош

Во 1555 година, како последица од земјотрес, се урнала централната купола на црквата и највисоките сводни површини околу неа. Денешниот живопис на овој простор е од втората половина на XIV век.

ХАВЗИ – ПАШИНИ КОНАЦИ - Во непосредна близина на Скопје,на периферијата на с.Бардовци се наоѓаат конаците на Хавзи – паша. Конаците,

кои биле харем во кој живееле 4 жени и 30 слугинки (конкубини), Хавзи – паша ги изгра-дил во период помеѓу 1830 и 1845 година. Тие по својата намена биле изградени како летниковец за одмор на пашата. При повле-кувањето на Германците во 1944 година, конаците биле запалени и уни-

штени, со што е дојдено до денешната состојба во која има само голи ѕидови.

Page 27: Профил на Општина Карпош

МИЛЕНИУМСКИ КРСТ Милениумскиот крст симболично го означува јубилејот 2000 години од христијанството. Крстот е бетонска основа од мали столбови (12 апостоли) и големи (4 евангелисти) со 66 метри конструкција поделена на 33 делови (години на Христос). Милениумскиот крст се наоѓа на врвот на пла-нината Водно (1.066 метри надморска висо-

чина), непосредно над градот Скопје. Пуштен е во 2002 година и претставува највисок објект во Македонија.

СОНЧЕВ ЧАСОВНИК – Универзалниот верти-кален сончев часовник, единствен од ваков тип во светот, е поставен на зградата на При-родонаучниот музеј. Карактеристично за овој универзален мерач на времето е тоа што тој може да биде поставен на која и да е географска ширина и должина, а сепак да покажува точно време. На него може да се отчитува реалното физичко време со точност од плус или минус 15 минути. На часовникот се прикажани и основните точки, линии, насоки и рамнини од небесната сфера како и сферните координатни системи за потребите на астрономските набљудувања и мерења.

Page 28: Профил на Општина Карпош

Авторот на пронајдокот, Коља Асенов, инаку прв професор по асторномија во земјава, е добитник на бројни домашни и меѓународни награди.

САРКОФАЗИТЕ ОД КАРПОШ – Збирката од литографски споменици пред Музејот на Град Скопје е составена од триесетина камени споме-ници од античкиот град Скупи, откриени во локали-тетот во подножјето на Зајчев рид, на само 5 km од денешниот центар на градот. Гратскиот музеј

поседува околу 23.000 предмети од локалитетот Скупи. Преку овие камени споменици може да се направи хронолошки пресек низ материјалната и духовната култура во римскиот период од I до III век, а одбрани се ексклузивни, раритетни предмети со голема естетика, материјална, историска и археолошка вредност, споменици кои се разликуваат според намената и поводот поради кој биле подигнати, според материјалот и според статусот на личностите на кои им биле посветени. Интересен е податокот дека четирите гробни ковчези веднаш пред влезот во Музејот биле откриени во една од најурбаните населби на денешно Скопје, во Карпош 3, во околината на денешниот трговски центар во таа населба.

Page 29: Профил на Општина Карпош

Сместувачки капацитети: (хотели, мотели, апартмани) - 10Услужни дејности:туристички агенции – 2рент а кар – 2угостителски објекти: (ресторани, кафе барови, млечни ресторани, сендвичари, слаткарници) – 150уметнички галерии (продажни) – 3

Page 30: Профил на Општина Карпош

Граѓански сектор:

Сојуз на возачиОпштинска организација на Црвен Крст - КарпошОрганизација на жени - КарпошОпштинска организација на Сојуз на борци - КарпошДруштво за физичко воспитување и спортска рекреација

Здруженија и локални НВО

На територијата на Општина Карпош егзистираат 22 НВО-и кои се во постојан контакт со општината за взаемна подготовка и реализација на проекти.

По области на делување, тие се поделени на следниот начин:

Ред. број Област Број

1. Демократија и владеење на правото 92. Животна средина 43. Здравство 34. Култура и уметност 6

Вкупно 22

Page 31: Профил на Општина Карпош

Амбасади: 5

Амбасада на Република Словачка,Амбасада на Република Унгарија,Амбасада на Република Австрија,Амбасада на Република Германија,Амбасада на Босна и Херцеговина.

Конзулати: 3

Конзуларно претставништво на Австралија,Конзуларно претставништво на Кралството Данска,Конзуларно претставништво на Република Бугарија.

Фондации:

Чентова фондацијаСтипендирање на талентирани млади студенти, државјани на Р.М. Стипендирање на странски научници што ја изучуваат македонската историја

Женска федерација за светски мир, ЖФСМУтврдување на улогата на жената на семејството и општеството како фактор за изградба на мирно, добродетелно и високоморално општество.

Page 32: Профил на Општина Карпош

Телевизии: 4 Телевизија Телма, К-15 Телевизија, Канал 5 Телевизија, Кабловска дигитална телевизија Cabletel

Радио станици: 5 Класик ФМ, Роса ФМ, Ват ФМ, Буба Мара ФМ, Фолк Радио

Весници: 5 Билтен БС, Капитал, Лајф Магазин, Македониум, Медиа Принт Македонија - МПМ

Институт за македонски медиуми

Page 33: Профил на Општина Карпош

Јавни зелени површи-ни на територија на Општина Карпош

Зеленилото на терито-ријата на општината е поделено на:Парк на толеранција 22.044 m2

Булеварско зеленило 111.073 m2

Блоковско зеленило 611.193 m2

Неуредени површини 24.820 m2

Јавното градско зеленило по населби:

Ред. Бр.

Населби Површина m2

1. Карпош 1 и 2 142.2472. Карпош 3 103.7753. Карпош 4 142.2934. Тафталиџе 1 28.0965. Тафталиџе 2 20.0626. Нерези 4.5967. Порта Влае 10.0478. Козле 90.783

9. Новоподигната површина кај студентски дом “Гоце Делчев” 2.501

ИСТОРИЈАТ НА ОПШТИНАТА

ПРИРОДНИ РЕСУРСИ

ОБРАЗОВАНИЕ

КУЛТУРА

СПОРТ

ЗДРАВСТВО

ЕКОНОМИЈА И СТОПАНСТВО

ЗЕМЈОДЕЛСТВО

ГРАЃАНСКИ СЕКТОР

МЕДИУМИ

ЕКОЛОГИЈА

Page 34: Профил на Општина Карпош

Локална самоуправа – Општина Карпош

Во рамките на Локалната Самоуправа согласно Законот за Локална самоуправа постојат 2 (два) органи и тоа:

Градоначалник на Општина КарпошСовет на општината

ИСТОРИЈАТ НА ОПШТИНАТА

ПРИРОДНИ РЕСУРСИ

ОБРАЗОВАНИЕ

КУЛТУРА

СПОРТ

ЗДРАВСТВО

ЕКОНОМИЈА И СТОПАНСТВО

ЗЕМЈОДЕЛСТВО

ГРАЃАНСКИ СЕКТОР

МЕДИУМИ

ЕКОЛОГИЈА

Page 35: Профил на Општина Карпош

1. Градоначалник

Стевчо Јакимовски е роден на 27.08.1960 година. Ди-пломирал на Еко-номскиот факултет во Скопје, 1987 го-дина. Бил волонтер, но-винар во спорската редакција на Радио Скопје, јануари-јуни 1988 година,

потоа во информативно-политичката редакција на втората програма на Радио Скопје, јуни-октомври 1988 година. Бил стручнополитички работник во претседателството на Младина на Југославија, октомври 1988 година - мај 1990 година. Работи како приватен стопанственик, а од јануари 1992 година станал директор на Катланово-Турс.Во септември 2000 година бил избран за гра-доначалник на општина Карпош, а во ноември 2003 година за министер за економија во Влада-та на Република Македонија. Министер за труд и социјална политика бил од декември 2004 го-дина.По завршувањето на мандатот е вработен во своја приватна фирма.Активно користи англиски јазик. Поседува од-лични ораторски и аналитички спосособности, комуникативност и умешност за пишување. Од-лични организаторски способности, лидерство и тимска работа. Еден е од најпознатите македон-

Page 36: Профил на Општина Карпош

ски колумнисти.Поранешен репрезентативец на Македонија во карате и петкратен републички првак.По втор пат функцијата Градоначалник на Оп-штина Карпош ја превзема на 12.04.2009 годи-на.

Надлежности на Градоначалникот

Согласно член 51 од Статутот на Општината, Градоначалникот на Општината Карпош во рам-ките на своите овластувања:Mу предлага на Советот на Општината доне-сување на одлуки и други општи акти од негова надлежностКога е изрично овластен донесува поединечни акти во согласност со закон, статут, односно од-лука на СоветотРаководи со управните и административните органиИменува и разрешува раководни лица на управ-ните, односно административните органи на Оп-штинатаДонесува акт за систематизација на работите и задачите во управните и административните ор-гани на ОпштинатаПредлага еден член на Советот за архитектура на Градот СкопјеВрши прием во работен однос и дава отказ од работа на лица за извршители во управните и административните органи во Општината по претходно добиено мислење од Комисијата за мандатни прашања, избори и именувањаВрши и други работи утврдени со закон и со овој Статут

Page 37: Профил на Општина Карпош

2. Совет на општината

Во Советот на општината партиципираат 23 со-ветници од различни политички партиии. Со но-вите Локални избори одржани на 05.04.2009 годи-на, Советот на Општина Карпош го сочинуваат:

ВМРО-ДПМНЕ – 10 советнициСДСМ – 9 советнициНезависна листа на Мила Искреновиќ – 2 советнициЛДП – 1 советникВМРО-НП – 1 советник

Надлежности на Советот

Надлежностите на Советот и Градоначалникот се уредени со Статутот на Општината (“Служ-бен гласник на Град Скопје” бр. 8/97), а во исто време е донесен и Деловник за работа на Со-ветот.Согласно член 43 од Статутот на Општината,

Page 38: Профил на Општина Карпош

Советот на Општината ги врши следниве работи:Донесува Статут на Општината• Донесува Деловник на Општината• Донесува Програма за работа на Советот• Донесува Буџет на Општината и Завршна сметка • на БуџетотДонесува детални урбанистички планови и урбани-• стичка документација за населените места во Оп-штинатаДонесува Програма за уредување на градежното • земјиштеДонесува Програма за изградба и одржување на • локалните патиштаДонесува Програма за јавно осветлување и за сер-• висните и станбените улици и улиците во населе-ните местаДонесува Програма за изградба, реконструкција и • одржување на локални водоводиДава мислење на Програмата на јавната чистота• Донесува Програма за уредување, организирање • и одржување на јавното зеленило, дрворедите, јавните водени површини и јавните фонтани на сервисните и станбените улици и улиците во на-селените местаДава мислење на Програмата за одржување на • гробиштатаДава мислење на Програмата за одржување и • користење на коритата на рекитеДонесува Одлука за одржување и користење на • јавниот пазар – ТафталиџеДонесува Одлука за начинот на чистење на • оџацитеДава мислење при основање на основни училишта• Делегира претставници во органите на управу-•

Page 39: Профил на Општина Карпош

вање на училиштата од основното образование и во установите од областа на културата, спортот, социјалната и детска заштита, предучилишното образование и здравствена заштита, заштитата на животните и билките и унапредување на жи-вотната средина

Врши работи од областа на цивилната заштитаВрши одделни овластувања во согласност со Законот врз добрата од општа употреба и при-родните богатства на подрачјето на ОпштинатаОснова управни и административни органиОснова инспекциски органи и службиОснова jавни служби, јавни установи и јавни претпријатијаИменува и разрешува раководни органи на јавните служби, установите и претпријатијата што ги основа на предлог на ГрадоначалникотВрши надзор и контрола над работата на орга-ните и службите, установите и претпријатијата што ги основаИзбира и разрешува Претседател на СоветотФормира Комисија за мандатни прашања, избо-ри и именувања

Page 40: Профил на Општина Карпош

Формира Надзорен одбор за вршење надзор над материјалното и финансиско работење во ОпштинатаФормира постојани и повремени работни телаВостановува општински признанија и наградиДава мислење по предлог-законите што се од-несуваат на ОпштинатаДава мислење на Градот Скопје по материjалите што тој ќе ги достави до СоветотДонесува Одлука за бројот на вработените во управните и административните органи на Оп-штината и Одлука за основање, организација и работа на управните и административните орга-ни на ОпштинатаВрши и други избори и именувања од својата надлежностДонесува и други одлуки за работите од своjата надлежностДава автентично толкување на актите што ги до-несуваВрши други работи утврдени со Закон, Статут и други акти

Page 41: Профил на Општина Карпош

Комисија за прашања на верификација, ман -• датни прашања, избори и именувања на Сове -тот на Општина КарпошКомисија за прописи на Советот на Општната • КарпошКомисија за урбанистичко планирање на Сове -• тот на Општина КарпошКомисија за финансирање и локален економ -• ски развој на Советот на Општната КарпошКомисија за јавни дејности (образование, соци-• јална и детска заштита) на Советот на Општна -та КарпошКомисија за комунални работи и сообраќај на • Советот на Општната КарпошКомисија за заштита на животната средина и • природа на Советот на Општната КарпошКомисија за спорт на Советот на Општната Кар -• пошКомисија за култура на Советот на Општната • Карпош

Комисии во функција на Советот на општината:

Page 42: Профил на Општина Карпош

3. Организациска поставеност на локалната администрација

Општинската администрација ја сочинуваат:

Секретар на ОпштинатаОсум сектори поделени во одредени области

а) Секретарот на општината има за цел да врши остварување на законско, ефикасно и ефек-тивно работење и раководење со општинска-та администрација во насока на извршување на надлежностите на Општината кои се од ло-кален итерес за Општината, обезбедување на извршувањето на други надлежности утврдени со закон, како и подршка и спроведување на работата и политиката на Градоначалникот за развој на Општината.

б) Сектори во општинската администрација:

Сектор за поддршка на работата на Советот обезбедува вршење на работите од областа за кој е формиран, а за кој се поврзани со функции-те на Советот на општината согласно со Законот за локална самоуправа, други закони, прописи и општи акти.

Комисија за негување и чување на традициите • на Македонскиот народ и Македонската држава и заштита на историските споменици и спомен обележја на Советот на Советот на Општната Карпош

Page 43: Профил на Општина Карпош

.Сектор за финансии • го подготвува и извршува Буџетот на општина-та; - врши утврдување и наплата на даноците, так-сите и надоместоците што се приходи на оп-штината; - водење на сметководството; - ја координира својата работа со работата на другите сектори во рамките на општинската администрација и врши други работи врз осно-ва на Законот за локалната самоуправа, Зако-нот за буџетите, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот

Сектор за поддршка на Градоначалникот на оп-• штината- организира и подготвува белешки и записници од протоколарните и работните средби и соста-ноци на Градоначалникот на Општината; изготвува одлуки, прописи и други општи акти и материјали од областа на работњето на сек-торот, организирање и спроведување на инфо-рмирањето на јавноста и медиумите за актив-ностите на органите на Општината и јавните установи од надлежност на општината; - одговорен е за ефикасното, квалитетно и на-времено примање и одговарање на претставки-те и предлозите на граѓаните; - се грижи за организацијата и пласирањето на информации на веб-страната на општината; ја координира својата работа со работата на другите сектори во рамките на општинската администрација

Page 44: Профил на Општина Карпош

за даноците и другите закони и прописи со кои се уредуваат изворите на приходи на Општина-та, водењето на сметководството за буџетите и буџетските корисници и други прашања од об-ласта на финасиското работење.

Сектор за локален економски развој• - изработува програми и мерки за поддршка на малите и средни претпријатија и претприемни-штвото на локално ниво и вршителите на зана-етчиска дејност; остварува соработка со невладиниот сектор; - врши промовирање на туристичките вредно-сти на Општината;- ја уредува туристичката и угостителска дејност од мал обем; - ја координира својата работа со работата на другите сектори во рамките на општинската администрација.

Page 45: Профил на Општина Карпош

Сектор за урбанизам• - врши урбанистичко планирање на просторот, издавање на услови и одобренија; - го уредува градењето на објекти од локално значење утврдени со закон;

- врши следење на состојбата во области-те, и предлагање на мерки и активности за подобрување на истите; - ја координира својата работа со работата на другите сектори во рамките на општинската администрација и врши други работи врз осно-ва на Законот за градење и Законот за урбани-стичко планирање.

Сектор за дејности од јавен интерес• - ги врши работите поврзани со: пратење на состојбата во областите на образованието, кул-турата, социјалната заштита и спортот во ра-мките на надлежностите кои општината задол-жително ќе ги извршува; - следење на прописите од овие области и предлагање мерки и активности што треба да ги преземат советот и градоначалникот; - ја координира својата работа со работата на

Page 46: Профил на Општина Карпош

другите сектори во рамките на општинската администрација.

Сектор инспекторат• - обезбедување вршење инспекциски надзор над работите од подрачјата за кој е формиран Секторот, а кои се поврзани со функциите на Општината согласно Законот за локалната са-моуправа, други закони, прописи и општи акти, како и ефикасно раководење со Секторот.

Сектор за уредување на градежно земјиште, • комунални работи и заштита на животна сре-дина и природа - врши уредување на градежното земјиште; - врши изградба, реконструкција и одржување на

локални патишта, улици и други инфраструктурни објекти од значење и надлежност на Општината; го организира и регулира користењето на јавно-прометни површини; - врши заштита на животната средина и при-

Page 47: Профил на Општина Карпош

родата и преземање мерки за заштита и спречување од загадување на водата, возду-хот и почвата; - ја координира својата работа со работата на другите сектори во рамките на општинска-та администрација и врши други работи врз основа на Законот за градежно земјиште и Законот за животната средина

Одделение за човечки ресурси • - врши следење на секојдневната работа на Одделението и спроведување на над-лежностите во врска со развојот на орга-нот, информативниот систем, човечките ре-сурси, односите меѓу вработените, обука и развој, мотивација, организациски развој и вработување.

Одделение за внатрешна ревизија • - го спроведува Законот за внатрешна реви-зија во јавниот сектор и ги следи насоките на Министерството за финансии.

Page 48: Профил на Општина Карпош

4. Месни заедници

На територија на Општина Карпош основани се четиринаесет Месни заедници, како облик на Месна самоуправа.Со нив раководат Месни одбори избрани на Со-бири на граѓани во Месните заедници, кои се со-ставени од по седум до девет члена.

Page 49: Профил на Општина Карпош

ИздавачСтевче Јакимовски - Градоначалник на Општина Карпош

Раководител на Сектор за локален економски развојЕвантија Стојановска

ПодготвилеПетар Теов

Помошник раководител на Сектор за локален економски развојАлександра Тодоровска

Раководител на Одделение за локален економски развојГордана Максимовска

Виш соработник во Одделение за локален економски развојБлагоја Павловски

Соработник во Одделение за локален економски развојМаја Филипчева

Референт во Одделение за локален економски развој

ФотографијаАлександар Манчевски – Советник за информатички технологии

Техничко уредувањеСкенпоинт, Скопје

ПечатиСкенпоинт, Скопје