Орална хормонска контрацепција

9

Upload: hera

Post on 17-Mar-2016

231 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

Мој избор, моја одлука

TRANSCRIPT

Page 1: Орална хормонска контрацепција
Page 2: Орална хормонска контрацепција

01/

Контрацепцијата претставува средство што штити од непланирана бременост. Постојат најразлични контрацептивни с р е д с т в а : о р а л н а х о р м о н с к а контрацепција, спирала, кондоми и други.

Сепак, како најпогодни за користење за младите девојки се издвојуваат оралните контрацептиви, односно пилулите. И тоа, пред сѐ поради начинот, но и поради н и в н и т е п о з и т и в н и с т р а н и и придобивките од користењето.

Пилулите се составени од хормони, кои телото на девојката природно ги лачи. Притоа, тие функционираат на тој начин што ја зголемуваат обвивката на матката, со што се оневозможува движењето на сперматозоидите и настанувањето на бременоста.

Планирам да почнам да користам заштита од бременост, но сѐ уште не сум сигурна

која е најдобра.

Ќе поразговараме, има различни

контрацепциски методи: орална

хормонска контрацепција ...

... или пилули, спирала,

инјектибилни контрацептиви,

субдермални имплантати,

кондоми и други.

Page 3: Орална хормонска контрацепција

02/

Тоа се мали бели таблети, кои се земаат секој ден во исто време. Тие се составени од хормони и функционираат на тој начин што го регулираат циклусот,кој трае 28 дена. За време на користењето на пилулите секој месец девојката има менструално крварење. Важно е пилулата да се зема секој ден во исто време. По завршувањето на едно пакување веднаш се започнува со ново. Доколку се пропушти една пилула, тогаш таа треба да се земе веднаш и потоа наредната се зема следниот ден во планираното време. Сепак, доколку се испуштат повеќе од две пилули, треба да се користи друга контрацепција, на пример кондом, затоа што нивната ефикасност е намалена и не претставуваат целосна заштита.

Пилули??? А, како се користат?

Пилулата се пие секој ден.

Page 4: Орална хормонска контрацепција

03/

. . . промени во расположението , зголемување на тежината, зголемување на влакнавоста, стерилност...

Овие приказни и уште многу други се само митови што во неврзани муабети се прераскажуваат помеѓу младите. Ваквите нерелевантни информации најверојатно потекнуваат од првите генерации пилули, кои содржеле висока доза на хормони, па се појавувале повеќе несакани ефекти. Но, од почетокот на користењето на првите пилули поминаа околу 50 години. Денешните пилули содржат минимална доза на хормони и поради тоа овие несакани ефекти се сведени на минимум, а пилулите се истовремено и ефикасни.

Бев на гинеколог, ќе почнам да користам

орална хормонска контрацепција.

Пилули??? Си слушнала што може

да ти направи...

Page 5: Орална хормонска контрацепција

04/

Оралната контрацепција не само што штити од бременост, туку има и други позитивни ефекти. Нема повеќе грижи околу доцнењето на менструацијата, кога се земаат пилулите циклусот трае 28 дена, а покрај тоа крварењето е многу полесно. Поради тоа што крварењето е помало, се намалува и веројатноста за појавување на анемичност (слабокрвност). Предменструалниот синдром (ПМС) и сите проблеми што се јавуваат, како чувствителност на градите, поголема генерална чувствителност, болки во стомакот и други, со пилулите се намалуваат. Исто така, кога се користат пилулите, поради воспоставувањето на хормонскиот баланс во телото на девојката, доколку постојат проблеми со кожата (акни), тие може да се намалат или да исчезнат. А, покрај тоа, најновите истражувања потврдуваат дека со употребата на контрацепцијата се намалува ризикот од рак на ендометриумот (внатрешниот дел на матката) и јајниците.

Леле, а знаеш дека после нема да можеш

да имаш деца?

Не, напротив, гинекологот ми кажа

дека има многу позитивни страни.

Page 6: Орална хормонска контрацепција

05/

С о к о р и с т е њ е т о н а о р а л н а т а контрацепција, како и кај секој друг фармаколошки производ можни се несакани ефекти. Такви ефекти се: главоболка, гадење, чувство на повраќање, појава на невообичаено крварење во текот на циклусот. Најсериозен несакан ефект може да биде згрутчувањето на крвта во нозете или белите дробови. Сепак, ова се случува многу ретко и пред гинекологот да препорача користење пилули, во разговорот открива дали девојката има какви било предиспозиции за појава на некој ефект. Очекувано е дека во почетокот на користењето на пилулите може да се јави неугодност, но тоа е пред сѐ поради адаптацијата на телото. Потоа, со текот на користењето тие исчезнуваат. Доколку некој од овие несакани ефекти е премногу изразен, треба повторно да се консултира со гинеколог.

А, дали има некои несакани ефекти?

Да, има несакани ефекти, но тие се многу ретки.

Page 7: Орална хормонска контрацепција

06/

Важно е да се напомене дека оралната контрацепцијата штити единствено од непланирана бременост, но не и од сексуално преносливи инфекции. Кондомот е единствената заштита од овие инфекции, па затоа се препорачува двојна заштита, односно истовремена употреба на оралната контрацепција и кондом.

Page 8: Орална хормонска контрацепција

07/

Пред да се започне со користење на оралната хормонска контрацепција потребно е да се советуваш гинеколог. Гинекологот ќе одреди дали можеш да користиш и детално ќе ти објасни за сите аспекти поврзани со користењето.

Во младинскиот центар „Сакам да знам“ можеш да направиш бесплатен гинеколошки преглед, да се советуваш, но и да добиеш бесплатна орална контрацепција. За повеќе информации можеш да се јавиш на 02/3176-950 или дa пишеш на [email protected]

Page 9: Орална хормонска контрацепција