Последната Објава

56
Последната Објава ПОСЛЕДНАТА ОБЈАВА اَ ذَ هَ وٌ ابَ تِ كُ اهَ تْ لَ ز نَ اٌ كَ ارَ تُ م وهُ عِ بَ ّ ت اَ ف...ُ “Оваа е Света Книга која ви ја Објавивме, одповикајте се на неа!...„ 1

Upload: ibrahim-rufat-ajdin

Post on 11-Mar-2016

230 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

Дали Кур`анот е навистина Објавен од Бог?! Кои се доказите дека Кур`анот е Божје Дело?!

TRANSCRIPT

Page 1: Последната Објава

Последната Објава

ПОСЛЕДНАТА ОБЈАВА

بعوه مبارك أنزلناه كتاب وهـذا فات ...“Оваа е Света Книга која ви ја Објавивме,

одповикајте се на неа!...„

1

Page 2: Последната Објава

Последната Објава

Севабот од ова дело, го поклонувам на мојата мајка која верски ме одгои.

Hadimul fukara: Ibrahim - Rufat Ajdin

2005 година.

2

Page 3: Последната Објава

Последната Објава

Порано или подоцна, ќе треба да го прифатите Исламот. Бидејки тој е во склад со разумот!

GEOTHE

(од писмото упатено до WILLEMER)

3

Page 4: Последната Објава

Последната Објава

СОДРЖИНА

Настанокот на универзумот...............................................................Ширење на универзумот.....................................................................Движење на небеските тела во орбити.........................................Заштитна обвивка на нашата планета............................................Повратно небо.......................................................................................Форма на земјата..................................................................................Железо....................................................................................................Настанокот на континентите............................................................Улогата на планините........................................................................Не мешање на соседните води........................................................Тежина на облаците...........................................................................Одредена мерка на врнежи..............................................................Растот на нивото на водата...............................................................Потеклото на животот......................................................................Создавање од капка сперма.............................................................Факторот за полот на детето...........................................................Првобитна наша состојба ‘Зигот’..................................................Како се создава млекото...................................................................Човековото ткиво елементите на земјината кора...................

4

Page 5: Последната Објава

Последната Објава

Отисоци ...............................................................................................Нервни завршетоци и сетилата за болка....................................Центар за креирање на постапки..................................................Важноста на менување позиции при спиење...........................Релативитет.........................................................................................Пчела....................................................................................................Најниска точка на земјата.............................................................Раните следбеници на Христос...................................................Заклучок...............................................................................................

Esselamu Alejkum

Почитуван Руфат Ајдин. Со особено задоволство ја прочитав книгата и во низа нови сознанија кон кои таа ме упати. Срдечно.

Prof. Ферид Мухич

5

Page 6: Последната Објава

Последната Објава

В О В Е Д Одкако Севишниот Бог, ги изведе Адем и Ева од рајот, им даде до знаење дека нивниот пат, а и патот на нивните потомци, ќе го осветли со помош на Објавата која ќе им ја достави по пат на ангел задолжен за тоа. Во Светиот Кур’ан се вели:

Esteizubillah: قلنا منها اهبطوا كم فإما جميعا تبع فمن هدى مني يأتين هداي عليهم خوف فال ذين38} يحزنون هم وال { وال كفروا

بوا ار أصحاب أولـئك بآياتنا وكذ {39} خالدون فيها هم الن

“И Ние рековме: Слезете од (Џеннетот) сите! Од Мене ќе ви пристигне Упатство, па тие кои ќе одат по патоказот Мој, не ќе стравуваат и не ќе тагуваат! А што се однесува до тие кои не(ма да) веруваат и кои ајетите Наши за лажни ќе ги сметаат, жители на Огнот (џехеннемски) ќе

6

Page 7: Последната Објава

Последната Објава

бидат, и во него за навек ќе останат.“ 1

Потомството на Адам и Ева се размножи. Почнувајки од неколкучлено семејство, па се до племиња и народи; земјата се насели со нивното потомство. А; Севишниот Бог, како кажа така и стори. Тој редовно ја објавуваше Својата Објава до избран Гласник меѓу луѓето, со посредство на ангелот Џебраил. Во Светиот Кур’ан се вели:

Esteizubillah:سول أمة ولكل بينهم قضي رسولهم جاء فإذا ر

وهم بالقسط {47} يظلمون ال

“И за секој народ имаше Пејгамбер. Па кога ќе дојдеше Пејгамберот нивни меѓу нив праведно ќе судеше и не им се нанесе неправда.„2

Но, луѓето кои беа во канџите на својата суета, наместо да се одзвијат на Божјата порака објавена до нив, тие за лажни ги третираа Гласниците Божји, не веруваа во нив; оти беа обични луѓе кои секојдневно можеа да ги видат на вообичаени места како и останатите. Тие очекуваа да се појави Ангел кој ќе го видат и кој ќе ја достави Божјата порака до нив. Во Кур’аноот се вели:

Esteizubillah: أنزلنا ولو ملك عليه أنزل لوال وقالوا قضي ملكا ل

ثم األمر جعلناه ولو {8} ينظرون ال جعلناه ملكا ل وللبسنا رجال{9} يلبسون ما عليهم

“И кажуваат: Требаше да му се спушти Мелек (над него, за да можеме и ние да го видиме). А да им пратевме Мелек, со нив завршено ќе беше и не ќе им се дозволеше ниту очи да отворат! А и Мелек да им пратевме, (се)пак како човек

1 Бекаре 38/39.2 Јунус/47.

7

Page 8: Последната Објава

Последната Објава

ќе го определивме, па повторно нејасно ќе им го сторевме тоа што не им е јасно!„3

Луѓето кои несакаа да веруваат во Гласниците, дека тие се одбрани од Бога, упорно бараа докази со чии авторитет ќе се уверат во тоа што го тврдеа. Така, тие почнаа од Гласниците да барат чудотворија со кои ќе докажат дека Бог ги одбрал за ваква Мисија. Па и во Евангелието според Матеј, се пренесува дека книжниците и фарисеите барале да видат чуда од Христос.

“Тогаш некои од книжниците и фарисеите му одговорија велејки: Учителе, сакаме да видиме знак – чудо од тебе. А тој им одговори и рече: Зло и прељуботворно поколение бара знак – чудо?! не ќе им се даде чудо, освен чудото на Пророкот Јона!„4

И арабјаните барале чудотворие од Пророкот Мухаммед (мир над него), кој ќе им послужи како доказ и потврда за неговата Пратеничка Мисија. Кур’анот не известува и вели:

ه وقالوا لوال أنزل عليه ب ...آيات من ر“И (неверниците) зборуваат: Зошто од Господарот негов не му се објавуваат

чуда?!...„5

И секој пат, кога арабјаните ќе побарале некое чудотворие од Мухаммед (мир над него), Возвишениот Бог му велел: „Зарем не им е доволно тоа што тебе ти објавуваме Книга кој аим се кажува, во нејзе навистина е Милоста и поуката за народот кој верува.„6 Со оваа изјава, Севишниот Бог вели дека Кур’анот е доволен како чудо. Но; се поставува прашањето: Зошто Бог бара да се покаже Кур’анот, а не друго чудо? Зошто Книга, а не надприродни феномени?! Одговорот на ова може да

3 Ен’ам 8/9.4 Матеј 38.39.5 Анкебут 50.6 Анкебут 51.

8

Page 9: Последната Објава

Последната Објава

биде едноставен, можеби Кур’анот има повеќе чуда одколку што ние очекуваме?!

***

Слични времиња, слична мисија.

Да, иако времињата се различни, сепак луѓето останаа исти. Човекот ја унапреди техниката, ја унапреди и науката, но тој остана ист; слуга во канџите на суетата. Денес, живееме во слично време како и во периодот кога Бог ги објвуваше своите објави. И денес имаме луѓе кои не веруваат во Божјата објава. И денес луѓето имаат потреба од докази со чии авторитет ќе се уверат дека Кур’анот е Последната Божја порака и дека за таа Света Мисија е задолжен Пратеникот Мухаммед (мир над него), како последен Гласник на лицето на земјата.

Па пред оваа реалност, ние треба да се потрудиме да ги разбереме луѓето кои не веруваат во Светиот Кур’ан. Па учтиво да пристапиме до нив како што е наредено, да го покажеме текстот на Светиот Кур’ан како доказ, и со Божјето помилување да ги поканиме во Светлиот Пат, Патот на Спасението.

Универзален јазик.

За оние кои имаат сомнеж, и сакаат да се уверат дека Кур’анот е последната Божја Објава за адамовото потомство, доколку бараат чудотворие како ‘доказ’, Севишниот Бог не задолжи, да го покажеме Текстот на Севетиот Кур’ан. Но; за да го обелодениме чудотворието во Текстот на Кур’анот, кој ќе им послужи како ‘доказ’, ние на нашите соговорници треба да им пристапиме со универзалениот јазик, со чија употреба ќе не разбере секој поединец на целиот свет. Тој јазик е Науката!

Ние сме сведоци, дека Светиот Кур’ан, кој е објавен во далечниот 6-ти век, вдахнат среде пустина, пред 1400 години, во услови каде не се знаело за наука, Тој во својот текст, допрал до закључоци на такви научни вистини, кои

9

Page 10: Последната Објава

Сл. бр: 1 - Големата Експлозија `Big Bang`.

Последната Објава

се постигнати во блиско минато; и тоа со помош на специјални научни тимови и нивни макотрпни истражувања, со посебни научни набљудувања и пресметувања, во специјални лабаратории со техничкиките алатки кои им ги нуди современата технологија. Па ваквите примери од Светиот Кур’ан, каде Тој со својот текст, укажува кон најсовремените научни достигнувања, се нашиот Голем Доказ и Чудо, на чија основа и авторитет, веруваме дека Кур’анот е вон делото на човечката способност, и цврсто сме уверени дека е Објавен од Господарот на Небесата и Земјата, авторот на предходните Свети Списи, Божеството на сите Пратеници.

Па доколку и самите имате потреба да бидете сведоци за овој Доказ, дружете се со нас во нашата археолошка прошетка по текстот на Светиот Кур’ан, оти наша Човечка одговорност е да не сме себични во понудата на Спасението...

НАСТАНОКОТ НА УНИВЕРЗУМОТ

Науката вели дека се започна со Големата Експлозија наречена – Big Bang. Сите нешта низ огромниот универзум беа соединети во една извонредна тешка и густа маса од материја. Таа маса, пред 15 милијони години

10

Page 11: Последната Објава

Сл. бр: 2. - Edvin Habl

Последната Објава

доживеала експлозија, и исфрлила парчиња околу себе во сите насоки. На овој начин се оформија ѕвездите; галаксиите; сончевите системи; природните сателити; небесата; земјата и т.н.

Светиот Кур’ан, во својот текст дал место за оваа научна вистина. Во сурето Енбија цитат 30, стои:

ذين ير أولم ماوات أن كفروا ال كانتا واألرض الس ...ففتقناهما رتقا“Зарем незнаат неверниците дека небесата и земјата

беа една целина, на Ние ги распарчивме...„

Покрај ова, овој цитат го употребува зборот: رتقا – (ratk), што значи меѓусебно мешање - меѓусебно потопување. Каде укажува на густата маса, што е фаза пред експлозијата. Веднаш по него, го употребува зборот: - فتقا (fatk), што значи расцепување на потопените делови, со што ја опишува експлозијата Big Bang.

Па се прашуваме, како е можно Кур’анот објавен во 6-тиот век, да ја каже оваа научна вистина која модерниот човек ја достигна со макотрпна научна анализа?! Размислувајки на ова прашање, се доаѓа до заклучок дека ова е едно од чудата за кој Бог нареди да го покажеме Светиот Кур’ан!

ШИРЕЊЕ НА УНИВЕРЗУМОТ

Според научните набљудувања и пресметувања, утврдено е дека универзумот, уште од самата голема експлозија па наваму, постојано се шири. Во 1919 година, американскиот научник Vesto Slipher ја изнесе хипотезата

за ширењето на универзумот, утврдувајќи кај повеќето галаксии постоење на црвено поместување. Покасно, во 1929 година, ова е потврдено од страна на американскиот научник Edvin Habl. Тој, со својот специјален телескоп, забележал дека галаксиите едни од други се оддалечуваат; а постојаното

11

Page 12: Последната Објава

Последната Објава

оддалечување на небеските тела значеше ширење на универзумот.

Светиот Кур’ан, оваа научна вистина прецизно ја опишува во сурето Заријат 47-ми цитат каде Возвишениот Аллах вели:

ماء ا بأيد بنيناها والس لموسعون وإن“Ние небото со Моќта Своја го создадовме,

и ние навистина го прошируваме.„

12

Сл. бр: 3.Big Beng и натамошно

ширење на универзумот.

Page 13: Последната Објава

Сл. бр: 4 – Орбити на небеските тела.

Последната Објава

ДВИЖЕЊЕТО НА НЕБЕСКИТЕ ТЕЛА ВО ОРБИТИ

Според астрономските истражувања, во универзумот постојат околу 200 милијарди галаксии. А секоја галаксија, поседува околу 200 милијарди ѕвезди. Секоја ѕвезда има свои планети, а секоја планета има свои природни сателити како што е нашата месечина.

Сите овие небески тела, секоја поединечно си има своја траекторија по која се движи, која ја викаме орбита. Орбитите се толку совршено дизајнирани, што безбро-јните небески тела кои во движење се вртат, не се судруваат.

Светиот Кур’ан, укажува кон оваа вистина

за која модерната наука штотуку стана сведок во бликското минато. Во Сурето Енбија 33-ти ает стои:

يل خلق الذي وهو هار الل مس والن يسبحون فلك في كل والقمر والش“И Тој ги создаде ноќта и денот, Сонцето и

Месечината, и сите тие во вселената пловат„

А во Сурето Јасин, 40-тиот ает стои:

مس ال تدرك أن لها ينبغي الشيل وال القمر هار سابق الل يسبحون فلك في وكل الن

“Ниту Сонцето не треба да ја стигне Месечината, а ниту ноќта да дојд епред денот, се по одредена

патека плови.„ЗАШТИТНА ОБВИВКА НА НАШАТА ПЛАНЕТАТА

Нашата планета ‘Земја’, е обвиткана со заштитни слоеви. Атмосверската обвивка, која ја обликува целата земја, не штити од смртоносните зраци кои доаѓаат од вселената, така таа игра улога на филтер.

13

Page 14: Последната Објава

Сл. бр: 5 – Ван аленовите појаси.

Последната Објава

Исто така, таа не штити и од метеорите кои се привлечени од гравитацијата на земјата, таа ги топи пред да паднат на земјата и не заштитува од катастрофални последици. Но, покрај сето ова, атмосферската обвивка, не штити и од фселенскиот студ кој изнесува – 270 степени Ц.

Но, покрај атм-осферската обвивка, земјата има и други заштитни слоеви кои произлегуваат од гравитационото поле на земјата. Тоа се Ван Аленовите појаси. Тие не штитат од сончевите енергетси експлозии кои испуштаат штетни зраци.

Светиот Кур’ан прецизно укажа кон заштитните слоеви на земјата. Во Сурето Енбија 32-ри ает стои:

ماء وجعلنا الس سقفا معرضون آياتها عن وهم محفوظا“А небото го направивме заштитен свод, но тие се

рамнодушни кон знаците наши.„

Во Сурето Бекаре 22-ри ает стои:

األرض لكم جعل الذي ماء فراشا بناء والس“Оној кој земјата ви ја определи како постела а

небото како таван.„

Во овој ает, се употребува терминот بناء - (bina), што во превод значи ‘таван’. Но, арабјаните овој термин го употребувале за сите нешта кои заштитуваат од надворешни влијанија. Арабските селани, бедуините го употребувале и за шатор кој ги штител од сончевите зраци.

14

Page 15: Последната Објава

Сл. бр: 6. Атмосферските обвивки.

Последната Објава

ПОВРАТНО НЕБО

Атмосферската обвивка, која ја обвиткува земјата ја сочинуваат повеќе сфери, така што секаја си има своја функција. Секој слој на сфера, ги враќа назат материите и зраците кои стигаат до нив од земјата или од фселената.

На пример, тропосферата која се наоѓа на висина од 13 до 15 километри, ја враќа испарената вода назат на земјата. Озоносферата, која се наоѓа на 25 километри висина, ги рраќа назар штетните и ултра вилетовите зраци. Јоно сферата ги рваќа назат радио брановите што ни овозможува да следиме

ТВ прием. Магнетосферата ги враќа назат штетните зраци кои доаѓаат од фселената, така што не дозволува да стигнат до земјата.

Светиот Кур’ан, ова поврата функција на атмосверската обвивка ја опишува на многу едноставен начин. Во Сурето Тарик 11-ти ает стои:

ماء جع ذات والس الر“Се колнам во небото повратно.„

15

Page 16: Последната Објава

Последната Објава

ФОРМА НА ЗЕМЈАТА

Во минатото, се верувало дека земјата е рамна како плоча. Во времето кога се Објави Светиот Кур’ан, луѓето беа далеку од науката. Верувањето за формата на нашата планета, беа заосновани на слепи верувања. Арабјаните веруваа дека земјата е рамна како тепсија, а небото стои потпрено на планинските врвови за кои мислеа дека се создадени како столбови. Па, Севишниот Аллах џ.ш. укажа кон неточноста на ова слепо верување велејки: “Погледнете, Аллах ги подигна небесата без столбови...„ 7

Во Сурето Зумер, петтиот цитат стои:

ماوات خلق يل يكور بالحق واألرض الس هار على الل هار ويكور الن يل على الن الل ...وسخر

“Небесата и земјата ги создаде со Вистина. Тој ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со

ноќта...„

Чудото во овој ајет е тоа што Севишниот Аллах при текстот: ‘ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со ноќта’, го употреби терминот `tekvir` кој во арабскиот јазик значи мотање на тркалезен предмет. Со што Аллах џ.ш. укажа дека денот и ноќта ја покриваат земјата која е во тркалезна форма.

7 Рад 2.

16

Сл. бр: 7. Tekvir – мотање на тркалезна форма.Тој ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со ноќта

Page 17: Последната Објава

Сл. бр:8Големината на Супер Нова наспрам нашето

сонце

Последната Објава

ЖЕЛЕЗО

Светиот Кур’ан посебно усмерува нашето внимание кон еден елемент, а тоа е железото, кого во периодниот систем на елементите го одбележуваме како – (Fe). Возвишениот Аллах вели:

اس ومنافع شديد بأس فيه الحديد وأنزلنا للن“Железото го симнавме, во кое има голема

јачина и корисно на луѓето.„8

Чудото во овој ајет е изјавата `enzelnaa` - ‘го симнавме’. Ова укажува кон една вистина за која науката дозна во блиско минато. Современите астрономски истражувања, тврдат дека железото кое се наоѓа на земјата а и на целиот Сончев Систем, е дојдено по пат на Големите експолозии

на џиновските ѕвезди наречени: ‘Супер Нова’. Тоа се ѕвезди – сонциња, со милијони пати по големи од нашето сонце.

Температурата на нашето сонце не е во состојба да го произведе елементот (Fe) – железо. Тоа го можат само огромнните ‘нова’

ѕсвезди. Па одкако тие ќе ја надминат границата на производство на железо, експлодираат, па распостранувањето на железото низ сончевиот систем е по пат на овие експлозии. На овој начин во нашата планета ‘Земја’ дојден е овој елемент. Баш како што вели Кур’анот: Железото го симнавме.

8 Хадид 25.

17

Page 18: Последната Објава

Сл. бр:Периоден систем на елементите и елементот

Fe.

Последната Објава

И како важен податок, го сметаме и следниот факт; Арабската азбука воедно има и своја нумеролошка вредност. Така што секој текст, има свој математички израз. Терминот hadid и неговата математичка вредност

изнесува 26, што е истовремено бројот на атомите од железото. Ова слободно можете да го видите во периодниот систем на елементите.

18

Page 19: Последната Објава

Сл. бр: 9.Alferd Wegener

Сл. бр: 10. Тектоника на плочите, одпочетокот до денес.

Последната Објава

НАСТАНОКОТ НА КОНТИНЕНТИТЕ

Светиот Кур’ан, има точна и прецизна изјава за настанокот на континентите и нивното постојано поместување кое со научен јазик го викаме: ‘тектоника на плочите’.

Германскиот геофизичар Alferd Wegener, со своето истражување, во средината на шеесеттите години, утврдил дека континентите и останатите помали делчиња од копно кои денес се распространети, на почетокот биле една целина. Со тектонското движење на тектонските плочи, копното се раздвои движејки се кон различни страни. На овој начин дошло до одделување на поголеми и помали парчиња копно кои денес оформуваат 7 континенти и други мали оствови. Поцесот на на движењето на

тектонските плочи сеуште се одвива. Ова движење на континентите годишно може да постигне од 1 до 5 см. Па, според ова, во земјината географија често се појавуваат промени. Како пример, можеме да го покажеме Атланскиот океан, кој постојано се проширува.

Светиот Кур’ан, говори за оваа научна вистина пред 14 века. Возвивишениот Аллах во Сурето ‘Немл’ 88-ми ајет вели:

حاب مر تمر وهي جامدة تحسبها الجبال وترى ...الس“Ги гледаш планините и мислиш дека не се статични,

а тие се движат, како што облаците се движат...„УЛОГАТА НА ПЛАНИНИТЕ

Една од карактеристиките на планините е таа што тие не заштитуваат од краткотрајните земјини потреси –

19

Page 20: Последната Објава

Сл. бр: 10Планински корени.

Последната Објава

земјотреси. Со векови наназад, се мислело дек апланините се испапчени висини на земјината површина.

Научниците од 20-тиот век, со своите истражувања утврдија дека планините не се само испапчени ви-ина на површиата од земјата, туку тие си имаат свои корени кои се 10 до 15 пати по големи од самата планина. Пример, Монт Еверест со својата надморска висина изнесува 9 км, а нејзиниот корен е над 125 км.

Планинските корени се оформуваат со движењето на тектонските плочи. Кога меѓусебно ќе се судрат две плочи, плочата со поцврст и по издржлив слој, навлегува кон земјината длабина, и го оформува коренот, а плочата со послаб слој, се испапчува над површината и ја оформува планината.

Точката на спојување на двете плочи (планината и коренот), е веќе зацрвстена и силна, така што заштитно делуваат од земјотресите и лизгање на земјиштето.

Светиот Кур’ан оваа научна вистина ја спомнува во својот текст, каде Возвишениот Аллах џ.ш. вели:

...بهم تميد أن رواسي األرض في وجعلنا“И по земјата поставивме планини, за да не се

затресат...„9

9 Енбија 31.

20

Page 21: Последната Објава

Последната Објава

А во друго суре од Светиот Кур’ан, опишувајки ја заштитната улога на планините од земјотресите се прави споредба, како да се колци поставени на земјата.

والجبال* مهادا األرض نجعل ألم أوتادا“Не ли земјата ја направивме како постела. А брдата

како колци?!„

21

Page 22: Последната Објава

Сл. бр: 11.Примерок од немашање на две

мориња

Последната Објава

НЕМЕШАЊЕ НА СОСЕДНИТЕ ВОДИ

Возвишениот Аллах џ.ш. во Светиот Кур’ан, уште во 6-тиот век, среде пустина, каде тешко е да се дојде до вода, на Пратеникот Мухаммед а.с. му Објавил научни вистини за кои окејанографите разоткрија во блиско минато. Во Сурето ‘Рахман’ 19/20-ти ајет се вели:

{20{ بينهما برزخ ال يبغيان }19مرج البحرين يلتقيان }“Допушти да се спојат две мориња. А меѓу нив

препрека и не се мешаат.„

Како примерок за оваа линија на спојување на две соседни мориња можеме да го покажеме Гибралтар. Тоа е местото каде се спојуваат водите на Средоземно море и Атланскиот океан. А нивните води не се мешаат поради физичка димензија која ја нарекуваме Површински Напон и која оформува невидлива граница која не допушта

мешање на водата.

22

Page 23: Последната Објава

Сл. бр: 12.Облак – Кумулонимбус.

Последната Објава

ТЕЖИНА НА ОБЛАЦИТЕ

Обаците се оформуваат како резултат на кондензацијата на водената пареа во атмосферата. За да се оформи облак, воздухот треба да содржи доволно количество на водена пареа да му се намали температурата и во него да има доволно кондензацијони јадра.

Облаците меѓусебно се разликуваат по: изгледот; височината и составот. Интересно, и зачудувачко е тоа што облакот наречен ‘Кумулонимбус’ може да достигне тежина и до 300 илјади тони, а како резултат што восебе сод-ржи големо количество на вода. Во Светиот Кур’ан, Возвишениот Аллах џ.ш. вели:

يرسل الذي وهوياح الر ى رحمته يدي بين بشرا ت إذا حت أقل سحابا

ت لبلد سقناه ثقاال كل من به فأخرجنا الماء به فأنزلنا ميمرات كم الموتى نخرج كذلك الث رون لعل تذك

“И Тој е оној кој ветрот го испраќа како радосна вест пред да дојде Милоста Негова; кога ќе ги понесе тешките облаци. Ние ги управуваме во мртвиот предел, па со нив спуштаме вода со чија помош вадиме плодови разни. Исто така мртвите ќе ги

оживееме. Вразумете се!„10

10 Араф 57.

23

Page 24: Последната Објава

Сл. бр: 13.Одредена мерка на врнежи.

Последната Објава

ОДРЕДЕНА МЕРКА НА ВРНЕЖИ

Според научните истр-ажувања, од земјината површина во една секунда испарува 16 илјади тони вода. Оваа количина, годишно изнесува 505 трилјони испарена вода. Но; воедно, ова е ѝ истата количина на врнежи во годината. Што значи, водата постојану кружи според одредена мерка и количина.

Во Светиот Кур’ан, оваа научна вистина е спомната уште пред научните достигнувања. Така, во Сурето Зухруф 11-ти ајет се вели:

ماء ماء بقدر فأنشرنا به بلدة ميتا ل من الس ذي نز والكذلك تخرجون

“И оној кој од небото со мерка ви спушта вода со чија помош во живот ги враќаме мртвите предели, така и

вие ќе бидете оживеани.„

24

Page 25: Последната Објава

Сл. бр: 13.Топењето на мразот во

Антартикот

Сл. бр: 14.Нивото на водата како расте така

го голта копното од краиштата нејзини.

Последната Објава

РАСТОТ НА НИВОТО НА ВОДАТА

Топењето на мразот во антартикот, е причина да порасне нивото на водата, така што водата го голта копното од нејзините краишта, и како резултат на тоа, со Кур’анскиот речник: земјата се стеснува. Оваа научна вистина, во Светиот Кур’ан е спомната во Сурето Енбија 44-ти ајет, кеде се вели:

ا يرون أفال... من ننقصها األرض نأتي أن... أطرافها

“...Не гледаат ли дека Ние ја стеснуваме земјата од краиштата нејзини...?!„

25

Page 26: Последната Објава

Сл. бр: 15.Вода, потеклото на живите организми.

Последната Објава

ПОТЕКЛОТО НА ЖИВОТОТ

Според современите научни достигнувања, животот потекнува од водата. Водата е првиот составен дел на секоја жива клетка. Без вода, не е можно никаков живот. Штом се расправа за некаков живот во некоја планета, веднаш се

поставува прашањето: Дали таа планета има вода?

Светиот Кур’ан, јасно и прецизно говори за оваа вистина која науката ја достигна со научни трудови. Во Сурето Енбија, 30-тиот ајет се вели:

يؤمنون أفال حي شيء كل الماء من وجعلنا “И се што е живо, Ние од вода го создадовме.

Не веруваат ли?!„

26

Page 27: Последната Објава

Сл. бр: 16.Сперматозоиди на пат да ја

оплодат јајцеклетката.

Последната Објава

СОЗДАВАЊЕ ОД КАПКА СПЕРМА

Создавањето на човекот во мајчината утроба, не е од селосната исфрлена сперма, туку од само еден сперм-атозоид. Сперматозоидите кај матката минуваат низ еден тежок пат за да стигнат до јајце клетката. Во ова патување, од 250 илјади сперматозоиди, до јајце клетката стигнуваат само 1.000 сперматозоиди. Ова е еден вид натпревав меѓу нив, кој трае 5 минути. А кога ќе стигнат до јајце клетката, таа прифаќа само еден сперматозоид. Па од тој сперматозоид се создава детето во мајчината утроба. Што значи.

Светиот Кур’ан, прецизно укажал кон оваа вистина. Во Сурето Кијамет ајет 36/37 стои:

يمنى مني من نطفة يك ألم * سدى يترك أن اإلنسان أيحسب

“Мисли ли човекот дека ќе биде оставен туку така?!Не беше ли капка семе што се исфрла?!

Во овој цитат, Светиот Кур’ан, вели дека човекот не е создаден од целосната течност на спермата, туку од негова капка. Во цитатот на арабаски, спомнати се термините: - meni – مني што во превод значи ‘сперма’; и терминот: ــة - نطف nutfe – што во превод значи само еден најситен дел од спермата - односно со јазикот на науката: ‘сперматозоид’. Ова ни го потврдува и Хадисот на Пратеникот Мухаммед а.с. во кој вели: ‘Човекот не се создава од целосното meni, туку од парче негово.’ 11

ФАКТОРОТ ЗА ПОЛОТ НА ДЕТЕТО

11 Муслим

27

Page 28: Последната Објава

Сл. бр: 17. - (Х) и (У) хромозоми кои се во семето на мажот.

Последната Објава

Во минатото, се мислело дека жената е факторот кој го определува полот на детето. Дури, во минатите култури, ја окривувале жената ако таа не роди машко.

Денес, генетиката и микро бијологијата осветли многу тајни за кои човекот не зналел во минатото. Според прецизните лабараториски истражувања, полот на детето се определува според (Х) и (У) хромозомите кои доаѓаат од спермата на таткото.

Светиот Кур’ан, оваа научна вистина ја обелодени пред лабараториските истражувања и научно истражуваќките трудови. Во Сурето Неџм ајет 45/46 се вели:

وجين الذكر واألنثى } ه خلق الز طفة إذا تمنى }45وأن {46{ من ن“Тој создава пар машко и женскоОд семето кога ќе се исфрлува.„

28

Page 29: Последната Објава

Сл. бр: 18.Zigot, закачен во

утробата на мајката.

Последната Објава

ПРВОБИТНАТА НАША СОСТОЈБА(ZIGOT)

Одкако сперматозоидот ќе се соедини со јајце клетката, воедно се оформува и првиот стдиум на детето наречен zigot. Тоа е налик парче месо, кое е закачено и виси на утробата од мајката и од каде се храни за неговото развивање.

Светиот Кур’ан говори за оваа состојба на детето во мајчината утроба. Во Сурето Алек 1/2 ајет се вели:

ذي خلق } ك ال {2{ خلق اإلنسان من علق }1اقرأ باسم رب“Читај! Во Името на Господарот твој кој те создаде!

Кој човекот го создаде од угрушок.„

Во арабскиот текст од наведениот ајет, се користи терминот ,alek – علق што во превод значи нешто што се закачува и виси. Па на овој начин, Кур’анот прецизно укажа кон првобитната состојба на детеот zigot.

29

Page 30: Последната Објава

Сл. Бр: 19 – Млеко.

Последната Објава

КАКО СЕ СОЗДАВА МЛЕКОТО

Како се создава млекото? Научниците успејаа да го следат движењето на храната во цревата на стоката. Тие докажаа дека киселите ензими храната ја претвараат во кашеста смеса која се движи во цревата. Крвните зрнца, ги апсорбираат растворените хранливи материи од смесата, кои потоа се движат во крвта се додека не стигнат до млечните жлезди, каде млечните материи абсорбираат од крват и настанува млекото.

Светиот Кур’ан точно и прецизно го објаснува овој процес. Во Сурето Нахл 66-ти ајет се вели:

سقيكم فرث بين من بطونه في مما ن ودم بنا ل خالصا اربين سآئغا للش“Ве напијуваме со онашто е во стомаците нивни, со млеко чисто, меѓу крв и огризина во трбушината,

пријатно за тие кои го пијат.“

30

Page 31: Последната Објава

Сл. бр: 20Човечкото тело содржи одбрани елементи од

земјината кора.

Последната Објава

ЧОВЕКОВОТО ТКИВО ЕЛЕМЕНТИ НА ЗЕМЈИНАТА КОРА

Денес, кога се анализира телесното ткиво на човекот, утрвдено е дека се состои од 26 елементи кои ги поседува земјината кора: кислород; силициум; калцијум; железо; калиум; водород; хлор; јод; манган; фосфор; олово; сребро; јаглен; цинк и др.

Светиот Кур’ан, прецизно говори за оваа научна вистина. Во Сурето Му’минун 12-тиот ајет се вели:

طين من ساللة من اإلنسان خلقنا ولقد“Навистина човекот го создадовме од глина одбрана.„

31

Page 32: Последната Објава

Сл. бр: 21. - Отисоци.

Последната Објава

ОТИСОЦИ

Облици кои создаваат бразди од врвовите на прстите ги викаме: отисоци. Обликот на отисоците се оформува месеци пред раѓањето и такви остануваат засекогаш. Сите луѓе на светот си имаат светот си имаат свои лични отисоци, дури да се работи за близнаци. Затоа, отисоците се сметаат за посебна лична карта на човекот.

Светиот Кур’ан, укажа кон оваа вистина, уште во 6-тиот век, дека отисоците од врвот на нашите прсти кај секого се различити. Во сурето Кијамет 3/4 ајет се вели:

ن نجمع عظامه } أيحسب سوي بنانه }3اإلنسان أل {4{ بلى قادرين على أن ن“Човекот мисли дека нема никогаш да ги собереме

коските негови?! Ние сме во можност да ги подредиме и јагодиците на прстите негови!„

32

Page 33: Последната Објава

Сл. бр: 22.Нервни завршетоци на кожата.

Последната Објава

НЕРВНИТЕ ЗАВРШЕТОЦИ И СЕТИЛАТА ЗА БОЛКА

Неодамна се верувало дека целото тело е осетливо на болка. Модерната наука, утврдила дека во телото постојат посебни нерви кои се рецептори на болката.

Постојат околу 15 центри за различните типови на нервни сензации.

Медицинските стручњаци сетилото за бол го поделиле во три друпи: површински; длабински; и сложени. Површинскиот е специфичен за допир, бол и топлота. Што се однесува до длабокото чувство, тој е карактеристичен за мускулите и зглобовите. Анатомијата покажала дека нервните завршетоци за бол и топлота се многу блиски и дека нервните завршетоци за бол обилно присуствуваат во кожата. Така, кожата е најважниотдела на човечкото тело приврзано за чувството на болка, поради постојаните бројни нервни завршетоци. Денеска на специјалистите им е многу добро познато дека длабоките опекотини ги уништуваат нервните завршетоци, така да изгорената личност после тоа веќе не чувствува болла.

Светиот Кур’ан, говори за сензорските карактеристики на кожата. Во Сурето Ниса 56-ти ајет се вели:

ذين إن ال نصليهم سوف بآياتنا كفروا ما نارا نضجت كل بدلناهم جلودهم غيرها جلودا الله إن العذاب ليذوقوا

كان عزيزا حكيما

33

Page 34: Последната Објава

Последната Објава

“На оние кои неверуваат во ајетите Наши, сигурно ќе ги фрлиме во огнот. Кога кожите нивни ќе изгорат, Ние ќе ги замениме со други кожи, за да ја искусат

казната. Аллах секако е Силен и Мудар!„

Во наведениот цитат, Севишниот Аллах вели дека кожата на жителите од пеколот ќе ја замени одкако ќе им изгоре. Укажувајки кон оваа научна вистина дека ако изгоре кожата горат и нервните завршетоци кои ја перцепираат болката.

34

Page 35: Последната Објава

Сл. бр: 23.Предниот дел од челото т.е. мозокот;

центар за креирање на постапки.

Последната Објава

ЦЕНТАР ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПОСТАПКИ

Според современите истражувања на наичните тимови по анатомија и физиологија, утврдено е дека во предниот дел од челото се наоѓа еден дел од нашиот мозок, со кои ние ги креираме некои наши постапки: планирања; мотивации; агресија; извршување на добри и лоши дела; кажување на лага или вистина. Сето ова се одвива во предниот дел од нашиот мозок односно нашето

чело.

Светиот Кур’ан, 14 столетија пред науката, укажа кон оваа вистина за предниот дел од мозокот. Во Сурето Алек ајети 15 и 16 стои:

م لئن كال ينته ل اصية لنسفعا خاطئة كاذبة * ناصية بالن“Но не! Ако не престане со тоа, Ние ќе го фатиме за

чело, за чело лажно и грешно!„

35

Page 36: Последната Објава

Сл. бр: 24.Рани на телото, кока кожата почнува да

умира.

Последната Објава

ВАЖНОСТА НА МЕНУВАЊЕ НАПОЗИЦИИ ПРИ СПИЕЊЕ

Според медицинските истражувања, ако човекот остане подолго време на една позиција при спиење, тоа предизвикува сериозни здравствени проблеми.

Доколку некој дел од телото, остане подолго време на една позиција, истиот дел е постојано изложен на притисок. Па, поради притисокот, неможе да стигне доволно кислород и хранливи материи до кожата, така кожата почнува да умира така што на телото остануваат рани. Па, доколку овие рани не се лекуваат, или доколку дојде до некаква инфекција може да се дојде и до сериозна здравствена опасност.

За да се избегне оваа опасност, од важна улога е да се мануваат позициите во текот на спиењето. Од истата причина, во медицинските установи, на пациентите со посебни потреби, кои сами не се во можност да си ја сменат положбата при спиење, ангажирани се медицински сестри кои на на секои 2 часа им помагаат превртувајки ги на лево или на десно.

36

Page 37: Последната Објава

Сл. бр: 25.Ashabu`l-Kef – (дружината од пештерата)

или 7-те заспани.

Последната Објава

Светиот Кур’ан, точно и прецизно укажа кон оваа вистина, за која медицината дозна после долги 14 столетија.

Кур’анот, говори за ‘дружината од пештерата’ наречени: Ashab`ul-Kef. Тоа беа млади момци кои знаеле и го очекувале да се роди последниот Пратеникот Мухаммед а.с. Непотврдено се пренесува дека биле 7 момци и едно куче. Тие, бегале од лошиот владар кој ги

гонелпоради наводно нивна нелојалност кон кралството, оти верувале во Еден Бог – Аллах. Младите момци се засолниле во една пештера. И со надеж дека ќе преноќат таму, Севишнот Аллах, према Кур’анскиот речник ги успал: ( نين ســ عــددا ) - ‘години многу’.12 Според извесни анализи, тоа билу околу 309 години.

Веќе во 18-тиот ајет, од ова Суре насловеко ‘Ќеф’ – (пештера), се укажува кон важноста на мењавањето на позициите при спиењето. Па се вели:

وتحسبهم بهم رقود وهم أيقاظا مال وذات اليمين ذات ونقل ... الش“Би поверувал дека се будни, а тие спијат. И ги

превтрувавме, налева и на десна страна... „

12 Кеф – 11.

37

Page 38: Последната Објава

Сл. бр: 26.Големиот физичар: Алберт Ајнштајн

Последната Објава

РЕЛАТИВИТЕТ

Времето е концепт кој зависи од оној кој го перцепира. Ист временски интервал, за некого може да бие многу краток а за друг пак, многу долг. Со цел да се перцепира точното време, ние имаме потреба од часовник и календар, без кои невозможно е да се изврши прецизна проценка на времето. Денес, со научен факт е

докажано дека времето е релативно. Овој факт, се појави со Ајнштајновата теорија за релативитет. Тој докажа дека времето зависи од масата и брзината.

Светиот Кур’ан, во неколку цитати укажува кон оваа научна вистина дека времето зависи од оној кој го перцепира, и дека зависи од масата и брзината. Во Сурето Му’минун од 112-ти, до 114-ти ајет се вели:

األرض في لبثتم كم قال لبثنا { قالوا112} سنين عدد بعض أو يوما فاسأل يومبثتم إن { قال113} العادين إال ل و قليال كم ل {114} تعلمون كنتم أن

“и ќе рече: Колку години останавте на земјата? Ќе кажат: Останавме само еден ден или дел од еден ден.

Па, прашај ги бројачите! Ќе каже: Останавте многу малку. Е, само кога би знаеле.„

Во Сурето Меариџ 4-ти ајет се вели: وح إليه في يوم كان مقداره خمسين ألف سنة تعرج المالئكة والر

“Преку кои се каќуваат мелеците и Џебраил до него (а тоа е местото каде се издава Божјата наредба), за

еден ден кој изнесува педесет илјади години.“

38

Page 39: Последната Објава

Сл. бр: 27. Пчела

Последната Објава

ПЧЕЛА

Општо познато е дека медот е храна и лек за човекот. Пчелите произведуваат поголема количина на мед, одколку нив самите им е потребо, се разбира; таа како и останатите животни, му служи на човекот.

Пчелите летаат долги растојанија со цел да пронајдат храна. Така тие ги собираат состојките за правење мед. Интересно и занимливо е, дека пчелите одкако ќе најдат цветови, се враќаат назат во кошницата, и на останатите пчели со помош на акробации точно и прецизно им го опишува патот до цветовите.

Родот на пчелите се дели во три групи, и тоа: - Матици – пчела кралица.- Мајки пчели, и- Пчели работници кои градат кошница, јахранат

матицата, собират полен и нектар, ги одгледуваат новородените пчели, ја чистат кошницата и сл.

Сите три групи на пчели се исклучиво од женскиот род. Ако се прашувате за машките, тие служат само за оплодување на матицата и живеат само неколку недели. А и нешто интересно, немаат игла за убод.

Светиот Кур’ан, точно и прецизно укажуваа кон тоа дека во родот на пчелите женката ја врши сета должност. Кога и да стане збор за пчелата, Кур’анот при арабскиот јазик, говори во женски род. Во сурето Нахл – што во превод е (пчела) се вели:

ك وأوحى حل إلى رب النخذي أن الجبال من ات جر ومن بيوتا كلي { ثم68} يعرشون ومما الش

مرات كل من ك سبل فاسلكي الث رب بطونها من يخرج ذلالاس شفاء فيه ألوانه مختلف شراب آلية ذلك في إن للن قوم ل

رون {69} يتفك

39

Page 40: Последната Објава

Последната Објава

“И Господарот твој и вдахна на пчелата: Прави куќа по ридовите и по стеблата и по она шѕо го прават

луѓето. Потоа; јади од секаков плод, а потоа оди по патиштата на Господарот твоој послушно! Од

внатрешноста нивна излегува напивка со различни бои, во која има лек за луѓето. Ете во тоа, навистина,

има знак за луѓето кои размислуваат!„13

13 Нахл 68 / 69.

40

Page 41: Последната Објава

Сл. бр: 27.Мртво Море или Лотово

Езето – Езерото на Љут а.с.

Последната Објава

НАЈНИСКА ТОЧКА НА ЗЕМЈАТА

Денес со помош на унапредената технологија, утврдено е дека најниската точка на земјата е долината на мртвото

море или Лотовото Езеро. Тоа е од 396 до 400 метри подморско ниво. И се смета за најниска точка на планетата.

Светиот Кур’ан, укажа кон оваа вистина, кога говори за триумфот над византииците. Во Сурето Рум 2-ри и 3-ти ајет се вели:

وم غلبت األرض أدنى * في الر“Византииците се победени,

во земјата најниска!„

Овде во арабскиот текст се користи зборот: األرض أدنى – edne`l-ard. Терминот: edna, води корен од терминот: deni, што во буквален превод значи: ниско – најниско. Па, зборот: األرض أدنى – edne`l-ard, се преведува како

Најниска Земја.

41

Page 42: Последната Објава

Сл. бр:Назаретќани, раните

следбеници на Христовото учење.

Последната Објава

РАНИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ НА ХРИСТОС

Интересен е фактот, зошто Кур’анот следбениците на Христос не ги нарекува христијани, туку наместо ова име, Тој ги нареква ‘назаретќани’.

Ова Кур’анска вистина историски е точна. Оти терминот: ‘христијан’ не е со Божествено потекло. Овој термин е воведен како новитет во Исусовото учење, после неговото воздигнување на Небото. Во Делата на Апостолите 11/26 стои:

“И така цела година се собираа во црквата и поучија големо множество. И прво во Антиохија учениците ги

нарекоа; христијани.„

42

Page 43: Последната Објава

Последната Објава

ЗАКЛУЧОК

Во ова скромно дело, во рамките на можноста се потрудивме да изнесеме примери од научни вистини, постигнати со долгогодишни научни тудови и истражувања, постгнати со специјални научни тимови, со помош на најмодерната технологија, а истите закључоци спомнати во Светиот Кур’ан пред 14 столетија, во преиод кога човекот беше далеку од нешто што се вика ‘наука’. Овие примери од науката кои се во совршен склад со Текстот на Кур’анот, се доказот кои го бараат луѓето кои имаат потреба од тоа, и да им служи како доказ за да се уверат дека Кур’анот не е дело на човечкиот ум, туку е Говор на Возвишениот Творец на небесата; земјата и се што е меѓу нив, архитектот на природата, Возвишениот Аллах освен кого нема друг Бог.

Со ова дело, посакавме да си ја извршиме нашата Човечка должност кон сите кои не опкружуваат. Целуваме да ве увериме дека Кур’анот е Последната Божја Објава до потомството на Адам и Ева. Да ви дадеме до знаење дека секој човек, без разлика на нација, должен е да се одповика на оваа Објава, да живее според нејзините начела и принципи доколку посакува Вечно Спасение. Накрајот, имам чест крајните зборови да се Аллаховите зборови:

كم من الحق وقل ب ومن فليؤمن شاء فمن را فليكفر شاء للظالمين أعتدنا إن سرادقها بهم أحاط نارا

بئس الوجوه يشوي كالمهل بماء يغاثوا يستغيثوا وإنراب وساءت الش مرتفقا

‘Кажи: Вистина ви е од Аллах, па кој сака нека верува а кој сака нека не верува! Ние на неверниците им припремивме Оган чии чад ќе ги опколи од сите

страни. Ако замолат за помош ќе им се помогне со стопен метал кој лицето ќе им го испржи. Страшен

напиток и грозно престојувалиште!“

Кеф: 29.ПОСЛАНИЕ ДО: ХРИСТИЈАНСКАТА ЧИТАТЕЛСКА ПУБЛИКА.

43

Page 44: Последната Објава

Последната Објава

Пишувајки го ова дело, со кое радо целувам да ви докажам дека Светиот Кур’ан е Божја Реч, бев со надеж и голема желба да бидам причина за читателот да доживее Спасение. Но; во иста мера бев и загришен; особено за читателите од христијанска вероисповед; од гласот на реактивниот ум, кој, и покрај овие докази, може да шепоти нешта кои ќе бидат препреки од клучна важност, и кои нема да дозволат знаењето од ова дело да роди симпатии кон Кур’анот. Па, одвреме навреме, навлегував во ходниците на емпатијата, каде верував дека со спознанието на менталната состојба кај читателот, ќе откријам ефикасен метод за да им помогнам на моите читатели во овој лавиринт.

Па во ова духовно патување, од: надежта на писателот до перцепцијата на читателот, во рамките на мојата можност, го предпоставив шепотот на реактивниот ум, и одлучив навреме да припремам одговори, со кои се надевам ќе допринесам да биде помалку влијателен гласот на реактивниот ум, а се разбира; во меѓувреме убеден дека Аллах помилува и упатува кого сака.

Менување на верско убедување, не е менување на идентитет!

Сакам да ја споделам реалноста со моите читатели, дека верските убедувања се прашање и избор на душата. Затоа, каде душата ќе најде исполнување; каде таа ќе доживее духовен мир и спокој, тоа е всушност и верата на човекот.

Изборот на верско убедување, е прашање на фкус, тоа нема допирни точки со националистичкиот концепт на идентитет. Личноста, која од наследено христиајство сака да премине во религија која со свој труд ја Спознал, тоа не значи дека одлучил да ја менува својата националност - идентитет. Како што американец со будистичко убедување, не го прави кореец, како што африканец со христијанско убедување не станал хрват, исто така ако некој македонец прифати исламско убедување, не станува турчин! Да, националноста, полот, бојата на кожата, е врзано за материјалното битие кај човекот, и тој е тоа што е; и таков ќе остане. Но, душевното убедување нема допирни точки

44

Page 45: Последната Објава

Последната Објава

со националната гордост, оти според Светите Списи, духот е дар Божји кој го оживеа телото. Затоа духот не се смета за припадник на нација.

Доколку за да преминете во исламското убедување, препрека ви е националната гордост, тоа повеќе нетреба да ви представува проблем, оти вие и понатаму останувате горд македонец! Ете едноставен пример; македонците за време на Филип и Александар, беа со паганско религиозно убедување, но со прифаќањето на Христовото учење од Апостол Павле не станале евреи.

Лојален Христијанин треба да ги следи хрстовите препораки.

Месија Христос, е личност која има авторитет во Исламот. Дури, името на 19-тото поглавие од Светиот Кур’ан, е посветено на чест на Дева Марија. Кур’анот, не известува дека Христос го наговести доаѓањето на Пратеникот Мухаммед (мир над него). Во Сурето ‘Саф’ 6-тиот ајет се вели:

“И кога синот на Мерјем - (Марија) рече: О синови израилови, јас сум ви вам навистина Аллахов

Пејгамбер! Дојден да го потврдам Теврат (Тората, книгата на Мојсеј) и она што е меѓу рацете мои

(Евенгелие), и да донесам радосница за Пејгамберот што ќе дојде по мене, чие име ќе биде Ахмед.„

Ова Христово наговестување дека по него ќе дојде друг Пејгамбер, се наоѓа и во Новиот Завет, во Евангелиоте според Јован 14/15:“Ако ме љубите, ќе ѓи пазите моите заповеди. И јас ќе го молам мојот татко и Тој ќе ви даде друг утешител...

“А сега одам при оној кој ме прати, сепак јас ви ја кажувам вистината, подобро е за вас јас да си отидам,

зашто ако не си отидам Утешителот нема да дојде при вас, а ако пак заминам, ќе ви го испратам.„

Јован 16/5-9.

45

Page 46: Последната Објава

Последната Објава

Да, Христос го наговести доаѓањето на Пратеникот Мухаммед (мир над него), Библијата говори за неговото Пратеништво, сметам дека прав христијанин, треба да ги следи Христовите препораки...

Со надеж; Причината ќе бидеме ние,Упатството (Hidaet) од Аллах Господарот на световите.

Скојпе 2013.

الفقراء خادمИбрахим Р. Ајдин

________________

46