Охридски бисери

68
~ 1 ~ Ana Dedova OHRIDSKI BISERI

Upload: kristina-velevska

Post on 06-Mar-2016

236 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

Првата книга на младата поетеса Ана Дедова

TRANSCRIPT

Page 1: Охридски бисери

~ 1 ~

Ana Dedova

OHRIDSKI BISERI

Page 2: Охридски бисери

~ 2 ~

Izdava~

IRIS, Struga

M

Za izdava~ot

Cane Prentoski

M

Lektor

Liljana Kre`eska

M

Dizajn na korica

Magdalena Kre`eska

M

Ilustrator

Tanas Dedov

M

Pe~at

Iris Print, Struga

СПОНЗОРИ

МАРИЈА КУНДУЏИЕВА-БОГДАНЦИ

БРАНКО КОСТАДИНОВ-СКОПЈЕ

БЛАГИЦА ПЕТPОВСКА-КОЧАНИ

Page 3: Охридски бисери

~ 3 ~

Ana Dedova

OHRIDSKI

BISERI

Iris

Struga, 2012

Page 4: Охридски бисери

~ 4 ~

Page 5: Охридски бисери

~ 5 ~

Biser~iwa

Page 6: Охридски бисери

~ 6 ~

ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Охридското езеро

бисерчиња чува

во длабочини сини

во места тајни

во кутии мали

од школки сјајни

езерото мирно стои

и бисерчиња брои.

Page 7: Охридски бисери

~ 7 ~

Page 8: Охридски бисери

~ 8 ~

УБАВИНА

Над Охридското езеро

Галичица како стражар стои

eзерото го чува

кајчињата ги брои.

Колку убавина

крај езеро да стоиш

и во него бели

лебеди да броиш.

Page 9: Охридски бисери

~ 9 ~

Page 10: Охридски бисери

~ 10 ~

ВРЕДНА ПЧЕЛКА

Сакам да сум пчелка мила

да имам крилца ко од свила

по полиња од цвет на цвет

да собирам сладок мед.

Кога другарчиња на гости ви дојдат

повелете засладете ги со мед

и верувајте на мојот збор чесен

чекорот ќе ви биде лесен.

Page 11: Охридски бисери

~ 11 ~

Page 12: Охридски бисери

~ 12 ~

БИСЕРЧЕ

Крај Охридското Езето

пронајдов бисерче бело

Полека го кренав смело

ми заблеска во раце

го сместив во моето срце.

Го засакав силно

ми стана многу милно

Со многу почит ќе го чувам

само јас си знам до кога

како скапоцен дар од Бога.

Page 13: Охридски бисери

~ 13 ~

Page 14: Охридски бисери

~ 14 ~

MОЕТО КУЧЕ

Имам куче мало

име му е Шарко

така го крсти

другарчето Дарко.

Mоето кученце

убаво е и мило

шаренко е

бело и сиво.

Page 15: Охридски бисери

~ 15 ~

Page 16: Охридски бисери

~ 16 ~

МОЈАТА СЕСТРА

Сестричката моја

на пат се спрема

учењето

од рака не и бега

додека во рацете

книгите ги стега.

На часови прва оди

со неа и другарка води

мојата сестра

е вредна и лична

на мене многу е слична.

Page 17: Охридски бисери

~ 17 ~

Page 18: Охридски бисери

~ 18 ~

МОЈАТА УЧИТЕЛКА

(на Нада Ангелова)

Беше строга

но добра по душа

четири години

секој од нас

мораше да ја слуша.

Ни беше како мајка

не' учеше за добро

затоа ние ја сакавме

и со добро и враќавме.

Споменот за неа

секогаш ќе трае

и во нашите срца

како сонце ќе сјае.

Page 19: Охридски бисери

~ 19 ~

Page 20: Охридски бисери

~ 20 ~

МОЈАТА ВНУКИЧКА

(на мојата принцеза Ива)

Мојата внукичка

Ива се вика

многу сака да слика

пенкало и тетратка

секогаш и е во рака

уметник како дедо

да биде сака.

По цел ден пише и шара

и од дедо совет бара

сонце, срце како се црта.

За мојата внукичка

сликовниците

се играчки прави

со песнички и сказни

со стихови разни.

Page 21: Охридски бисери

~ 21 ~

Page 22: Охридски бисери

~ 22 ~

МОЈАТА БАБА

Имам баба

со два заба

многу е лута

кога треба

зелник да сука.

Додека во зима

снегулката

радосно се вее

мојата баба

до печка се грее.

Page 23: Охридски бисери

~ 23 ~

Page 24: Охридски бисери

~ 24 ~

ЛУДИОТ ЗАЈАК

Еден зајак сив

трчал како див

го бркале три ловци

глупави како овци.

Лудиот зајак итар бил

во грмушката се скрил

од глупавите ловци

трагата ја загубил.

Page 25: Охридски бисери

~ 25 ~

Page 26: Охридски бисери

~ 26 ~

ЖЕЛЧИЊА

Желката бавно оди

со неа желчиња води

цел живот на грб

куќичка носи

за да спие мирно

кога в зима ветерот коси.

Желчињата мали ги кара

и од нив секогаш бара

чорапчиња

да носат секој ден

ако сакаат да бидат

здрави како дрен.

Page 27: Охридски бисери

~ 27 ~

Page 28: Охридски бисери

~ 28 ~

КУТРОТО МАЧЕ

Едно маче

три дена плаче

запче го боли

лекар да дојде моли.

Кутрото маче

жално плаче на цел глас

лекар да дојде в час.

Мачето и награда

ќе му даде

едно парче цело

слатко сиренце бело.

Page 29: Охридски бисери

~ 29 ~

Page 30: Охридски бисери

~ 30 ~

ЛАВ ШТО НЕ ЗНАЕЛ ЗА СТРАВ

Еден силен лав

не знаел за страв

шумата ја брани

на сите страни.

Уште како мал

го избрале за крал.

На престолот гордо седи

сериозен и прав

како што му доликува

на кралот лав.

Page 31: Охридски бисери

~ 31 ~

Page 32: Охридски бисери

~ 32 ~

САКАМ ДА БИДАМ

Сакам да бидам

писателка славна

во мојот град главна.

Да пишувам песни

и сказни, со стихови разни

зборови во низа да редам

како гердани, бисери да гледам.

Page 33: Охридски бисери

~ 33 ~

Page 34: Охридски бисери

~ 34 ~

НОВА ГОДИНА

Елката среде соба стои

украсена со балони

во разни бои.

Радувајте се дечиња мали

на лампионите од кристали

да запееме во еден глас

за вчас ќе дојде Дедо Мраз.

Page 35: Охридски бисери

~ 35 ~

Page 36: Охридски бисери

~ 36 ~

ПТИЦА

Сакам да сум птица мила

да раширам лесни крила

Да летнам високо

кон небото ширно

Да видам каде се криеш

и мирно спиеш

а моето срце тажно

чека да се вратиш

и да сфатиш кој те сака

за да ми подадеш рака

за ова што нам ни се случува

сигурно некој те подучувa.

Page 37: Охридски бисери

~ 37 ~

ВОЛК

Еден волк

три дена е во молк

забот го боли

лекар да дојде моли.

Но ако лекар дојде

прашање е

дали тој жив

дома ќе си појде.

Page 38: Охридски бисери

~ 38 ~

НАУЧИВ ДА БРОЈАМ

eден петел, дворот го метел

две мачки, бркале квачки

три оси, оделе боси

четири слона, биле тешки четири тона

пет зајчиња сиви, трчале како диви

шест коњи бели, јуришале како стрели

седум деца, ги бркала баба меца

осум муви, биле глуви

девет штурчиња, свиреле тамбурчиња

десет желки, свиреле на шупелки.

Page 39: Охридски бисери

~ 39 ~

Page 40: Охридски бисери

~ 40 ~

Page 41: Охридски бисери

~ 41 ~

Lavirint na uspehot

Page 42: Охридски бисери

~ 42 ~

ЛАВИРИНТ НА УСПЕХОТ

Чекорам исплашено

Низ лавиринтот

на мојот живот

барајќи го патот

на среќата и успехот

се борам сама низ

тесните улици

полни со препреки

и искушенија

со нови сили

гордо со крената глава

продолжувам по патот

кон целта за нови победи.

Page 43: Охридски бисери

~ 43 ~

ГАЛЕБ

(на татко ми)

Две синила

езерско и небеско

меѓу нив

галебот бел

високо лета

гледај

слика палета

Сликарот слика

на платно од лен

секој ден

бела боја

галеб ќе е

облаците ги сече

прекрасно е

сликарот во себе си рече.

Page 44: Охридски бисери

~ 44 ~

ТОДОР ПРОЕСКИ

Замина премногу млад

Остави зад себе илјадници срца

Затворени во убави сеќавања

Пред вратата стоеше ангел

Со твојот мил и нежен глас

Ги пееше твоите песни

Отпеани несебично за нас

Тага и непребол

Завиткани во свила

Бел чаршав од спомени

На твоите дела и хуманост

Ќе те чуваме со љубов

Во секој дел во душите наши

Твојата песна ќе се слуша

Безгранично секаде во светот

Се додека постои векот.

Page 45: Охридски бисери

~ 45 ~

АНГЕЛОТ

Ангел преобразен

Во чиста душа човечка

Во скромност облечен

Гласот негов како славеј

Во секој наш дом слетуваше

По земјата на чудата чекореше

Со завеса од две лица покриена

Љубов-почит и омраза-лицемерност

Ангелу наш те сокривме

Во нашите срца заклучен

Со клучот на сеќавањата

како икона стоиш во сечиј дом.

Page 46: Охридски бисери

~ 46 ~

ЦЕЛ

Летај, летај галебе бел

кон ширното небо со летот смел

да не' научиш да бидеме дел

од твојата замислена цел.

Ангелу, небески мил

сите знаеме колку хуман си бил

како сонце засекогаш ќе сјае

за тебе споменот вечно ќе трае.

Твојата добрина и хуманост

од твоето срце што беа дадени

од секој од нас ветуваме

нема да бидат заборавени .

Page 47: Охридски бисери

~ 47 ~

ДОЖД

Еднаш еден

Дожд силен

Ги попрска улиците

Ги натопи крилцата

На птиците во лет

А под покривот

на балконот

не можеше

да напои еден

жеден цвет.

Page 48: Охридски бисери

~ 48 ~

ВЕЧЕРВА

Вечерва тагите

своја мрежа плетат

Вечерва ни ѕвездите

за мене не светат

Се расплете мрежата

светлината ја покри

од болка солзата

лицето го мокри

Ја сечам мрежата

од една тага

Не сакам болка

и ноќи долги

Сакам топлина

сакам светлост

во мојот дом

радост нека доликува

Вечерва тагата и болката

во непознат правец да патува.

Page 49: Охридски бисери

~ 49 ~

ЅВЕЗДИТЕ ВО НОЌТТА

Се распрскуваат

во рацете на ноќта

ѕвездите

Се буди светлината

влегува

во дворец на желбите

Залутан патник

чекори

во царството на среќата

Месечеви дланки

остануваат притаени

во непознат правец

Улицата тагува

за нови вљубеници.

Page 50: Охридски бисери

~ 50 ~

ЅВЕЗДА

Ако имав ѕвезда

ќе посакав

да останеме заедно

засекогаш

Ако имав ѕвезда

ќе посакав

нашата љубов

да трае вечно

Ако имав ѕвезда

ќе посакав

да не дојдеше

тој ден

Да не дојдеше

тој час кога

не разделија

двајцата нас.

Page 51: Охридски бисери

~ 51 ~

ЕХ ДА МОЖАМ

Eх, да можам да го отстранам

темниот облак од болка

Златното сонце да блесне

во бескрајните небесни сни

Да ги растопи смрзнатите

човечки грешни души

Ех, да можам да ги сокријам

лошите спомени завиткани

во бел свилен чаршав

Во одајата на моето срце

заклучени со клучот од среќа

Ех, да можам да се борам

со љубов и внимание

против проклетниците:

љубомора и завидливост

И со гордо крената глава

да продолжам по патот

на успехот. ЕХ, ДА МОЖАМ!

Page 52: Охридски бисери

~ 52 ~

ЗАБОРАВЕНА

Заборавена чекорам

по празните улици

Ледени улици чии

сенки ми се пријатели

Заборавена сонувам

да сум некоја

Заборавена чекорам

по улиците на овој

ладен град

каде сенките

ми станаа пријатели

ЗАБОРАВЕНА ОСАМЕНА ДУША

Page 53: Охридски бисери

~ 53 ~

ЗАСЕКОГАШ

Засекогаш ти се дарувам себе

Бакнежи нежни и долги

Ти дарувам денови љубов

Ти одземам денови тага

Засекогаш ти ја дарувам мојата душа

милост бескрајна во ноќите

ти дарувам љубов и внимание

ти ја одземам засекогаш осаменоста

засекогаш ти дарувам срце

насмевка и шепот во раните утра

ти дарувам среќа и радост

те сакам денес те сакам за утре

засекоаш ти ја давам и оваа песна

и се останато што ќе биде

те бакнувам со секој збор напишан

те сакам не можам да сокријам.

Page 54: Охридски бисери

~ 54 ~

ДОМ

Човек сиромав

Талка низ трнлив пат

Полн со искушенија

Извалкан од пакост

Злоба и завист

Потпрен на тојага

Изделкана од честа

И трпението тешко

Чекори стрпливо

По сопствениот пат

Сонува да стигне

До домот кој го нема.

Page 55: Охридски бисери

~ 55 ~

НАСМЕВКА

Подари ми насмевка

но не било каква

туку насмевка од срце

радосна и со љубов

Ми ја подари

својата искреност и честитост

Јас не барам многу од животот

само да има кој да ме разбере

Во потрага по љубов, искрена

јас те барам само тебе

и твоето насмеано лице

Се барам себе во твоето срце

и твојата љубов за мене.

Page 56: Охридски бисери

~ 56 ~

НЕКАДЕ ВО МЕНЕ

Некаде во мене,

во мојата душа

лежиш сокриен

и заклучен како тајна

никој, никогаш

да не дојде до тебе

До тебе во мене,

не постои пат

сите патокази

се уништени

сечија врата

е отворена

Сепак,

некаде во мене

Ти си само мој

отсекогаш, засекогаш

И додека живеам јас

живееш и ти, во мене.

Page 57: Охридски бисери

~ 57 ~

ПРИЈАТЕЛСКА НАСМЕВКА

Ако оскудни

пријателски гестови

можат со насмевка

лесно да го заземаат

срцето во контрола

тогаш зошто?

зошто и каква

е потребата?

со гнев зло и лага

да се натера некој

во немоќ и тага...

Page 58: Охридски бисери

~ 58 ~

ИМА ЛИ СМИСЛА

Дали има смисла да се чека сонот

кога знаеш дека нема да ти дојде

Mоже ли некој да го забави времето

кога знаеш дека наскоро ќе помине

Дали има смисла да се негува надеж

кога неблагодарността, им ја знаеш многу

добро

И да се пее за среќата

кога за тебе не се грижи таа

И дали смислата е лага што ги обвиткува

сенките

на животот, златниот блесок над сопствениот

очај

или заблуда е смислата за смислата?

И дали би било опасно без утеха

да се живее животот, каде се крие сивилото

Убавината на илјадници презрени луѓе сјае

едноставно нудиш, но сето тоа се заблуди

затоа што ти всушност судиш кој на нив има

право

а за повеќето луѓе тие остануваат само сон.

Има ли смислата, смисла?!

Page 59: Охридски бисери

~ 59 ~

МИ НЕДОСТАСУВАШ

Ми недостасуваш како никогаш досега

Не можам да го сокријам своето лице

својата желба ...

Не можам да го сокријам копнежот

да го почувствувам здивот на моето лице

твоите усни ...

Не можам да го дочекам денот

кога ќе ти ги видам очите

да се видам себе си во нив

мил мој погледни во мене

ќе ја видиш љубовта што ја чувствувам за тебе

Останувам без здив, бидејќи ми недостасува

ми недостасува воздух

ми недостасува допир

ми недостасува прегратка

Ми недостасува некој

кој ќе ги брише солзите од моето лице

ми недостасува се' ...

А тоа се'

тоа се' си ти.

Page 60: Охридски бисери

~ 60 ~

ОБВРЗАНИ

Биди ми светлина

во оваа темна ноќ

сенка што ме следи

без зборови

тихо мракот ми вели:

убаво е, убаво е...

Те чувствувам до мене

гласот твој одекнува

како ехо на мојата душа

засекогаш поврзано, поврзани.

Page 61: Охридски бисери

~ 61 ~

ОХРИДСКИ БИСЕР

Пронајдов бисер

Во близна на

Охридското Езеро

Полека го кренав

го сместив во џебот

на моето срце

внимателно и со

многу почит ќе го чувам

сокриен и зачуван

како скапоцен дар од Бога.

Page 62: Охридски бисери

~ 62 ~

РАЗДЕЛБА И НАДЕЖ

шетајки се покрај езеро боса

во пресрет ми дојде момче со црна коса

чудо се случи во мојата душа

и се прашав дали срцето ме слуша

заедно го гледавме зајдисонцето

разговорот многу течеше лесно

тоа и обајцата не правеше среќни

мојата среќа кратко траеше

се појави девока златокоса

самовила по глас и тело

го вивна кон облаците смело

к’о ветар

Ете судбина е таква

да останам со срце к’о камен

надежта моја остана само

и во раце сликата твоја

да ги чува спомените наши.

Page 63: Охридски бисери

~ 63 ~

САМУВАЊЕ

Отиде за да ме оставиш

меѓу планините на ноќта

што надвиснуваат од тага

во котлините, натежната како олово.

Ме остави со сеќавањата

меѓу зградите до пеплосување

да согорам од чекање.

Во одајата моја се всели есента

додека пожолетените лисја паѓаат

се прашувам:

Како ќе самувам зимава?

меѓу липите

што како стражари

стојат пред мојот праг.

Page 64: Охридски бисери

~ 64 ~

СЕЌАВАЊА

Се сеќавам на ноќта темна

Напуштена и празна

Морничави соништа

Кога ли ќе зазори?

А болката ладна како дожд

Натежната како камен клет

Ниту трепет ниту чувства

Ронка надеж дал ке имам

Но знам дека ќе морам

Со сета сила да се борам.

Page 65: Охридски бисери

~ 65 ~

ТАЈНА ЉУБОВ

Те засакав

не ни знаев зошто

Го растопи мразот во мене

Само твоите очи имаат пристап

Во тајната моја

но, што значи времето

се затвори книгата

од нашата љубов

или се листа понатаму

на ова прашање

не знам одговор

само знам што чувствувам

Тебе, во секој миг во мене.

Page 66: Охридски бисери

~ 66 ~

СЛИКАТА ВО ТВОЕТО СРЦЕ

Биди познат уметник

насликај ме на платно

од чисти мисли а боите

нека ги избере срцето.

Насликај ја внатрешноста

на мојата душа

каква што ти ја познаваш.

Урами ја со твоите чувстава

закачи ја длабоко во твоето срце.

Мотивот нека ти ги шепне

поминатите мигови.

Page 67: Охридски бисери

~ 67 ~

КАЈ ПОЕТОТ, ПЕСНИТЕ СЕ РАЃААТ КОГА ЧОВЕКОТ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ИЗВОРОТ НА

СВОИТЕ ТЕМИ

Ана Дедова е родена во Кочани, во семеј-ство каде што се негува уметноста (татко и се зани-мава со сликарство). Таа е поетеса по вокација со изградено чувство за стих и мелодичност во стихот. Мотивите во песните се со различна инспи-рација, впрочем како и што е се' во животот на еден човек. Но, во првата нејзина книга преовла-дуваат две гледишта, едното видено низ призмата на детето и другото низ призмата на возрасниот човек. Оттаму произлегува и поделбата на двата дела: поезија за деца и поезија за млади.

Уште од рана возраст, Ана често го посе-тува Охрид и престојува во него, така се раѓа голе-мата љубов кон овој град на убавината. Нејзината прва песна е " Oхридско езеро" и е напишана ток-му во овој град, следуваат " Галеб" и многу други песни, поврзани токму со изворот на повеќето неј-зини теми, па некако логички се наметнува насло-вот на книгата "Охридски бисери".

Се надевам ќе уживате во откривањето на достоинствата на оваа книга, првенец на Ана Де-дова и дека таа и понатаму ќе продолжи да ни да-рува песни.

Лилјана Крежеска

Page 68: Охридски бисери

~ 68 ~

СОДРЖИНА Biser~iwa ............................................................. 5 ОХРИДСКО ЕЗЕРО ........................................................... 6 УБАВИНА ......................................................................... 8 ВРЕДНА ПЧЕЛКА ............................................................. 10 БИСЕРЧЕ .......................................................................... 12 MОЕТО КУЧЕ ................................................................... 14 МОЈАТА СЕСТРА .............................................................. 16 МОЈАТА УЧИТЕЛКА ......................................................... 18 МОЈАТА ВНУКИЧКА ........................................................ 20 МОЈАТА БАБА ................................................................. 22 ЛУДИОТ ЗАЈАК ................................................................ 24 ЖЕЛЧИЊА ....................................................................... 26 КУТРОТО МАЧЕ ............................................................... 28 ЛАВ ШТО НЕ ЗНАЕЛ ЗА СТРАВ........................................ 30 САКАМ ДА БИДАМ ......................................................... 32 НОВА ГОДИНА ................................................................ 34 ПТИЦА ............................................................................. 36 ВОЛК ................................................................................ 37 НАУЧИВ ДА БРОЈАМ ....................................................... 38 Lavirint na uspehot ............................. 41 ЛАВИРИНТ НА УСПЕХОТ ................................................. 42 ГАЛЕБ ............................................................................... 43 ТОДОР ПРОЕСКИ ............................................................ 44 АНГЕЛОТ .......................................................................... 45 ЦЕЛ .................................................................................. 46 ДОЖД .............................................................................. 47 ВЕЧЕРВА .......................................................................... 48 ЅВЕЗДИТЕ ВО НОЌТТА .................................................... 49 ЅВЕЗДА ............................................................................ 50 ЕХ ДА МОЖАМ................................................................ 51 ЗАБОРАВЕНА ................................................................... 52 ЗАСЕКОГАШ ..................................................................... 53 ДОМ ................................................................................ 54 НАСМЕВКА ...................................................................... 55 НЕКАДЕ ВО МЕНЕ ........................................................... 56 ПРИЈАТЕЛСКА НАСМЕВКА .............................................. 57 ИМА ЛИ СМИСЛА ........................................................... 58 МИ НЕДОСТАСУВАШ ...................................................... 59 ОБВРЗАНИ ....................................................................... 60 ОХРИДСКИ БИСЕР ........................................................... 61 РАЗДЕЛБА И НАДЕЖ ....................................................... 62 САМУВАЊЕ ..................................................................... 63 СЕЌАВАЊА ...................................................................... 64 ТАЈНА ЉУБОВ ................................................................. 65 СЛИКАТА ВО ТВОЕТО СРЦЕ ............................................ 66 КАЈ ПОЕТОТ, ПЕСНИТЕ СЕ РАЃААТ КОГА ЧОВЕКОТ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ИЗВОРОТ НА СВОИТЕ ТЕМИ ............. 67