Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра...

37
Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за локални избори 2013-2017 НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА за подобра мАкЕДОНскА кАмЕНИцА! ДАркО мИтЕВскИ

Upload: gradonacalnik-opstina-makedonska-kamenica

Post on 15-Feb-2016

281 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

Изборна програмана ВМРО-ДПМНЕ за локални избори2013-2017

TRANSCRIPT

Page 1: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

Изборна програмана ВМРО-ДПМНЕ

за локални избори

2013-2017

НОВИ ДЕЛАЗА нов нАпредок,

НОВИ ДЕЛАза подобра мАкЕДОНскА кАмЕНИцА!

ДАркОмИтЕВскИ

Page 2: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

ф е в р у а р и 2 0 1 3

Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ОПШТИНА македонска каменица

2013-2017

Page 3: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 5

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

6 А. ВОВЕД7 I. ОбРАќАњЕ НА ПРЕТсЕДАТЕлОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

9 II. ОбРАќАњЕ НА кАНДИДАТОТ зА гРАДОНАчАлНИк

11 Б. ПОЛИТИКИ И ВИЗИИ ЗА РАЗВОЈОТ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

14 В. ПРОГРАМА14 I. ПРИОРИТЕТИ НА ОПШТИНА МАкЕДОНскА кАМЕНИЦА

17 II. лОкАлЕН ЕкОНОМскИ РАзВОЈ

21 III. ОбРАзОВАНИЕ И НАУкА

25 IV. сПОРТ И МлАДИ

31 V. ИНФОРМАТИчкИ РАзВОЈ

35 VI. УРбАНИзАМ И ЖИВОТНА сРЕДИНА

43 VII. зЕМЈОДЕлсТВО И РУРАлЕН РАзВОЈ

47 VIII. ТУРИзАМ

49 IX. кУлТУРА

53 X. МЕЃУНАРОДНА сОРАбОТкА

55 XI. бЕзбЕДНОсТ И ПРОТИВПОЖАРНА зАШТИТА

57 XII. сОЦИЈАлНА зАШТИТА И сОЦИЈАлНА ПРЕВЕНЦИЈА

61 XIII. зДРАВсТВЕНА зАШТИТА

65 XIV. ТРАНсПОРТ И ПАТНА ИНФРАсТРУкТУРА

69 XV. ИДЕИ ОД гРАЃАНИ

Page 4: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 7

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

I. Обраќање на претседателОт на ВМрО-дпМне

Почитувани граѓани,

Изборите се врвно демократско право. Тие се празник за демократијата, можност граѓаните давајќи го својот глас да ја креираат својата иднина. секој од вас ја има мож-носта за избор. Иако некој сака да ги потцени овие ло-кални избори, тоа не е така, таквиот пристап не е прави-лен ниту, пак, има оправдување. Токму од вашата одлука ќе зависи за каква иднина ќе се решите и во какво место сакате да живеете. Изборот не е никогаш едноставен, ниту лесен, но тој е препознатлив и е секогаш резултат на промислено и мудро однесување. Во изминатите четири години максимално се вложивме за изградба на совреме-

ни општини. Нашата цел беше да ги придвижиме работите, да почне да се решаваат напластените проблеми со кои се соочуваа граѓаните преку вложување во инфра-структурата, изградба на патишта, водоводна и канализациска мрежа, решавање на сообраќајниот хаос. Нашата цел беше облагородување на просторот со нови пар-кови, шеталишта, спортски терени, забавни паркови за најмладите, со содржини за народот и за неговите потреби, за секој дел од населението. создаваме повеќе прос-тор каде што нашите деца безгрижно ќе растат и ќе се развиваат, ќе напредуваат и ќе остваруваат успеси во својот живот. Јас, искрено, верувам дека секој од вас го препознава тој чесен и одговорен пристап кон работата. знам дека има и уште многу да се работи, но работите се придвижија и ние го вложуваме секој атом од својата сила за да овозможиме натамошен прогрес. секој од вас е одговорен пред самиот себе и пред своето семејство. И знам дека го посакувате најдоброто. На локалните избори што ни претстојат ја имате можноста за избор, да ги поддржите напредокот и развојот. Директно да донесете одлука за тоа во какво место сакате да живеете.

Ние не ветуваме дека преку ноќ ќе направиме чуда, но тоа што го ветуваме го испол-нуваме, со напорна и посветена работа, со беспоштедно вложување во решавањето на проблемите на граѓаните. Ние не говориме за измислени работи, туку за конкрет-ни проекти, голем дел од нив предложени од самите граѓани, видливи, со прецизна динамика на нивна реализација, со рокови кон кои се обврзуваме. Така ќе биде и овој пат. Тоа е тоа што нè прави поинакви од другите. Оценувајте нè според тоа што го имаме во нашите програми, кои се реален одраз на потребите на граѓаните. Дадени-от збор за нас е закон. Нашата вредност, во која јас цврсто и непоколебливо верувам, е ветеното. Од овој принцип нема отстапување ниту милиметар. Ние сè што ветуваме го има во нашите програми. Програмите што ви ги нудиме се такви какви што им се потребни на граѓаните. Вие може да ги видите и оцените и, тоа што е најбитно, да знаете дека тоа што го има во нив ќе се оствари затоа што сме докажале дека ние реализираме. Тие се нашата визија за развој на местото во кое живеете. Таа визија е гаранцијата за развој, визија што е преточена во стотици конкретни проекти, кои треба да се реализираат.

Јас не сум човек што ветува сè и сешто. Дадениот збор е голема работа. Од него нема отстапки ниту колебања. Тоа е тоа што јас го барам и од моите соработници, тоа е тоа што ќе го барам и од кандидатот за градоначалник, за кој при одлуката за избор

Page 5: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 9

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

II. Обраќање на кандидатОт за градОначалник

Почитувани сограѓани,

Поминуваат четири години откако со вашата доверба ја добивме одговорноста да ја водиме општина Маке-донска каменица. задоволство е денес да говориме за нашата општина затоа што со посветеност, сериозност, трудољубивост и со одговорност, за само четири години, таа е со нов лик.

При преземањето на локалната власт ја затеков општи-на Македонска каменица во многу незавидна финан-сиска состојба. Имено, општина Македонска каменица беше во прва фаза на децентрализација, со блокирана општинска сметка, со генериран долг кон физички и

правни лица од 40.000.000,00 денари, со четири неисплатени плати на општинската администрација и со распродадени општински објекти. Изминатите три години за мене претставуваа вистински предизвик затоа што не почнавме да работиме од по-четок, но моравме да се вратиме еден чекор наназад. Пред да почнеме да создаваме моравме да ги исплатиме затечените долгови. Имено, 2009 година и првата полови-на на 2010 година беа период кога моравме да ги регулираме должничко-доверител-ските односи, да ја деблокираме општинската сметка и да создадеме предуслови за реализација на проектите што беа дел од нашата изборна програма. Во јули 2010 година општина Македонска каменица помина во втора фаза на децентрализација и почнавме со решавање на комуналните и на инфраструктурните прашања. Во 2011 година и во првата половина на 2012 година целосно се посветивме на решавање на инфраструктурните проблеми и денес со право можеме да кажеме дека тоа што го ветивме во изборната програма во делот на инфраструктурата, целосно го реали-зиравме. Денес, нашата општина го има најубавиот плоштад, уредена патна мрежа, како и еден од најубавите пазари во републиката. Посебно задоволство е што наша-та општина е лидер по добиени проекти од програмите на ИПА за прекугранична соработка. Во периодот што е пред нас целосно ќе се посветиме на создавање ус-лови за подобрување на социо-економската состојба во општина Македонска каме-ница со формирање и уредување индустриска зона како еден од предусловите за алтернативни вработувања и економски просперитет. Покрај тоа, ќе продолжиме со реализација на инфраструктурни проекти и целосно ќе ја реконструираме водо-водната мрежа во централното подрачје на општината. социјалните, образовните и културните активности ќе продолжат со нови содржини, според потребите на вас, граѓаните. Отвореноста, транспарентноста и добрата комуникација со граѓаните и понатаму ќе бидат високо на нашата агенда.

Програмата што ви ја нудиме за наредниот период не е програма на празни вету-вања, туку програма настаната врз основа на вистинските потреби и можности на општина Македонска каменица и чијашто реализација ќе ја следите во наредните четири години. Носени од задоволството дека во нашата општина се враќа сјајот на општина лидер по проекти и општина на горди и трудољубиви граѓани, уште повеќе сме мотивирани со искуството и со знаењето да покажеме дека можеме и многу по-веќе.

беше пресудно тој да биде чесен и одговорен човек, да ги споделува вредностите на нашата работа и да си стои не ветеното. Тие личности што се кандидати на овие избори, а кои и досега беа градоначалници, направија конкретни работи што го по-добрија секојдневието, а тие што се кандидираат за првпат имаат богато професио-нално и лично искуство и сработени проекти во нивната кариера што е гаранција за нови резултати и токму овој личен кредибилитет на кандидатите беше значаен услов за да се здобијат со партиската поддршка затоа што тие мора да постапуваат во согласност со нашите вредности, кои по секоја цена ги браниме и од кои не от-стапуваме, а тоа се искреноста, чесноста, работливоста, посветеноста и блискоста со народот. Можам да ви ветам дека нивната главна задача ќе биде да го реализи-раат тоа што е во програмите, а моја главна цел ќе биде постојано и постојано да ги потсетувам на обврските што ги преземале спрема граѓаните и да обезбедам да ги исполнат ветувањата што ги дале.

Во оваа програма ќе видите многу проекти што ќе го разубават вашето место, од секоја сфера на општественото живеење, а што е во рамките на финансиските мож-ности. Разгледајте ги внимателно и увидете што сè ќе се подобри и унапреди во ва-шата општина. Тоа ќе биде направено. сакам да нагласам дека во идниот период стратегиски ќе се фокусираме на отворање нови работни места со учество на општи-ната, на отворање нови општински развојни зони во кои ќе може да се отвораат нови фабрики и капацитети, кои ќе носат нови вработувања, на можности за искористу-вање на природните ресурси за отворање капацитети во кои ќе се вработуваат луѓе, на поддршка на приватната иницијатива и развој на бизнисот, за што Владата, како ѝ досега, ќе дава огромна поддршка. ќе се осврнеме и на инфраструктурните проекти од секој вид, кои ќе ги модернизираат општините и ќе го променат ликот на местото во кое живеете градејќи го во модерно европско населено место, а посебно ќе се фокусираме на новите можности и мерки за обезбедување домови за населението, за нови населби во кои земјиштето ќе може да се откупува по поволна цена и да се градат домови за семејствата, таму каде што е тоа изводливо и каде што има потре-ба, односно побарувачка.

Драги пријатели,

Во изминатите четири години покажавме дека успесите се достижни, понекогаш за нив треба труд и време, но кога се работи се постигнуваат резултати и, допол-нително, успесите се поголеми кога се заслужени. Покажавме дека со заеднички сили, Владата, општините и, пред сè, граѓаните знаат како, и знаат да имаат успех. Во период кога треба да продолжиме уште посилно, соочени со предизвиците на новото време, со европската должничка криза и предизвиците во евроинтеграци-ите, ние треба обединети и сплотени да ги збиеме своите редови и да продолжиме со создавањето нови дела и вредности, кои се трајни и се за народот и кои се наш најдобар одговор. Да продолжиме да чекориме по патот на успехот и да постигнеме нови достигнувања за нас и за нашите семејства, за нашата држава Република Маке-донија. Тоа е влогот на нашата генерација за кој сум сигурен дека ќе го исполниме. со мудрост, со чесност и со работа.

Со почит,Никола Груевски

претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Page 6: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 11

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

Почитувани,

Јас цврсто верувам и силно сум убеден во светлата иднина на нашата oпштина. Ве повикувам да го довршиме почнатото, да направиме од Македонска каменица град во кој ќе се почитуваат способноста, стручноста и креативноста, а напредокот и перспективата ќе бидат императив.

сосема на крај би сакал да ви посакам многу здравје, благосостојба и хармонија во годините што доаѓаат, да ве повикам на локалните избори да излезете и да го ост-варите вашето право на глас гласајќи за тој за кој вие мислите дека е најдобро, а јас и понатаму останувам посветен на Македонска каменица, јас и понатаму останувам на ваше располагање бидејќи мене местото ми е токму меѓу вас, граѓаните на Маке-донска каменица.

ДА ОсТАВИМЕ ДЕлАТА ДА кАЖАТ ПОВЕќЕ зА НАс!

Со почит и искрено ваш,Д-р Дарко Митевски

Во изминатите четири години бевме исправени пред многу предизвици за модер-низација на општините. Во четиригодишниот период, Владата на Република Ма-кедонија спроведе амбициозна реформска агенда и доследно и посветено ги ре-ализираше ветените проекти во сите области значајни за локалната самоуправа.

заложбите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години резултираа со напредок во развојот на локалната самоуправа, што придонесе 99 проценти од општините да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација.

Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не стои само на ветувања за финансиска поддршка на општините. Општините добија повеќе сред-ства, кои ги управуваат на поприспособлив начин. зголемен е обемот на трансфе-ри и на дотации во областа на образованието, културата, социјалната заштита и противпрожарната заштита. Покрај издвојувањето три проценти од средствата од персоналниот данок на доход, како ниту една друга влада досега, ВМРО-ДПМНЕ одвои 50 проценти повеќе средства од ДДВ за општините, односно од три пто-центи на 4,5 проценти од собраните приходи од данокот на додадена вредност. со тоа голем дел од данокот платен од граѓаните повторно се враќа директно во буџетот на локалната самоуправа за да се користи за локални проекти и потреби.

На полето на образованието, основните и средните училишта веќе целосно се на-оѓаат во комплетна надлежност на локалните власти. Денес граѓаните самостојно донесуваат одлуки за образованието на своите деца водејќи се од сопствените потреби и приоритети. Навременото исполнување на финансиските обврски ја прави Владата на Република Македонија партнер во остварувањето на заеднички-те цели – современо и квалитетно образование. Покрај основните образовни пот-реби, Владата се грижи за секој ученик поединечно, со обезбедување бесплатни учебници најдоцна до 1 септември, бесплатен пристап до интернет, компјутери во образованието, се грижи градејќи спортски сали и терени... како никогаш досега, учениците имаат можност за високо образование на некој од новоотворените фа-култети или дисперзирани студии, по завршувањето на средното училиште.

Во сферата на социјалната грижа и заштита, успешно е совладана првата фаза од децентрализацијата: грижата за најмладите и за највозрасните членови на нашата заедница сега е целосно во надлежност на општините.

Детските градинки, домовите за стари и изнемоштени лица, домовите за згрижу-вање деца без родители... ги финансира општината со поддршка на трансфери од централната власт. локалната власт најдобро знае кои се нивните главни потреби и желби.

со крупни чекори, во изминатите четири години, се спроведе децентрализација и во областа на културата. Не дозволивме да се препуштат на заборавот нашата тра-диција и славно минато. Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се погрижи да има доволно средства за финансирање на многубројни

Page 7: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 13

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

културни манифестации, проекти за зачувување на фолклорот и на народното паметење... Нашите новоизградени плоштади станаа места за културни настани, собиралишта за споделување значајни моменти од секојдневниот живот, места за одмор и за дружење, места каде што секој граѓанин наоѓа свое катче...

Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО- ДПМНЕ, континуира-но ги поддржува напорите на општините за поттикнување на локалниот развој. Проектот за модернизација на локалните и на регионалните патишта е само еден од нив. Во многу блиска иднина, сообраќајот ќе се одвива побрзо и побезбедно, што ќе ги олесни нашите секојдневни потреби, а особено потребите на локалниот бизнис. Подобрувањето на инфраструктурата во многу општини беше и останува еден од главните приоритети. со изградба на инфраструктурата, општината не-посредно му помага на деловниот сектор имајќи предвид колку е тој важен дел од развојната стратегија.

Во иднина продолжуваме со работа и понатаму посветени на развојот на локална-та самоуправа преку заокружување на процесот на децентрализација и на поли-тиката на рамномерен регионален развој низ целата држава со цел надминување на развојниот диспаритет. Тоа значи поголема самостојност и одговорност на ло-калните власти и поголема вклученост на граѓаните во донесувањето одлуки за прашања што за нив се од суштинско значење.

Фискалната децентрализација бележи напредок во последните пет години, од ас-пект на зголемување на капацитетите на општините за собирање и за менаџирање на локалните даноци и такси, на грантовите од централната власт, како и зголему-вање на изворите на финансирање по основа на концесии, продажба на државно градежно земјиште и др. Така, успеавме да ја подобриме наплатата на даноците од имот за повеќе од 50 проценти на ниво на Република Македонија, со што сега можеме да финансираме идни проекти од локално значење.

Општините денес, по четиригодишното успешно засилување на фискалната авто-номија, се самостојни во донесувањето одлуки и во распределбата на општински-те финансиски средства. секоја општина сама донесува одлуки за финансирање на локалните приоритети, според желбите и искажаните сугестии од вас, граѓа-ните.

Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од 1 јули 2011 година им го даде правото на управување на државното градежно земјиште на општините. за нас, управу-вањето на градежното земјиште е одговорност кон идните генерации, со што се отвора патот за реализација на нови инвестиции и за подобрување на економска-та благосостојба.

Искрениот и партнерски однос на Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, при пренесувањето надлежности и финансиското засилување на општините е препознатлив во низа други чекори што ги презеде.

Во согласност со економската програма на ВМРО-ДПМНЕ за следните четири го-дини, ќе се реализира проектот „поволни заеми за општините“. со него ќе се обез-бедат поволни кредити за општините наменети за подобрување на општинските услуги и услови за спроведување дополнително финансирање со општински об-врзници. ќе се обезбедат финансиски средства за низа капитални проекти за кои граѓаните и локалната деловна заедница имаат голема потреба.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со иницирање дополнителни мерки за унапредување на развојот на локалната самоуправа што, несомнено, ќе придонесе кон созда-вање услови за економски, културен и за социјален напредок на општините, како и за зацврстување на демократијата воопшто.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане посветена на соработката меѓу централната и локалната власт и на соработката меѓу општините како услов за обезбедување поквалитетни и поекономични услуги за граѓаните, но и на соработката за подготовка на заед-нички проекти, кои ќе бидат конкурентни во обезбедувањето средства од фондо-вите на Европската унија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на спроведување конкретни мерки за поттикнување на локалниот економски развој преку кој би се подобрил квалитетот на живеење во општините. со тоа ќе се обезбеди поголема финансиска стабилност на општи-ните, намалување на диспаритетот во планските региони, поттикнување на учест-вото на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво и воспоста-вување партнерства како меѓу општините така и меѓу општините и граѓанскиот сектор.

како и досега, ВМРО- ДПМНЕ во остварувањето на својата програма на локално ниво целосно и недвосмислено ќе се води од принципите на одговорност, чесност и на транспарентност во работата. Транспарентноста и отчетот на органите на општините се препознаени како основни начела во работењето.

бевме, сме и ќе бидеме во постојана комуникација со вас. Вложен е огромен на-пор за да им се излезе в пресрет на приоритетните општински потреби. Но, не застануваме тука, сакаме да внесеме што поголема демократија и свежина во ло-калното донесување одлуки.

Денес во нашата општина е отфрлен стереотипниот начин на донесување од-луки во канцеларии и во кабинети. локалните претставници се секојдневно на терен, меѓу вас, граѓаните, спроведувајќи една од најдобрите светски практики за подобрување на распределбата на локалните буџетски средства. Тоа е пар-тиципативното буџетирање. со него сИТЕ граѓани имаат еднакви можности да бидат вклучени во донесувањето одлуки за намената на општинските финансии. Преку партиципативното донесување одлуки, граѓанинот го добива местото што го заслужувал отсекогаш: тој е централна клетка, од која поаѓаат и се разменуваат информации меѓу креаторите на локалната политика и корисниците на услугите.

за сето тоа што е ветено, остварено, потрошено, општините полагаат и ќе пола-гаат отчет, но не само пред централната власт, туку, многу поважно, пред ВАс, граѓаните. Тоа се врши на најтранспарентен начин, при што секој може бесплатно да пристапи кон информациите за донесените одлуки, акти и буџет.

Општините во Република Македонија, предводени од градоначалниците од редо-вите на ВМРО-ДПМНЕ, покажаа дека со ентузијазам и со посветеност се постигну-ваат резултати, кои граѓаните високо ги ценат и вреднуваат.

горди сме на постигнатото, но имаме уште многу идеи и иницијативи, кои ќе ги оствариме со ваша помош.

Ни претставува чест и задоволство во продолжение да ви ги претставиме нашите поединечни проекти и програми.

Page 8: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 15

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

I. приОритети на ОпШтина МакедОнска каМениЦаПроект: Отворање индустриска зона во општинатаОпис: Во насока на отворањето и оспособувањето на индустриската зона и нејзино ставање во функција, општината веќе изработи детален урбанис-тички план. Ние ќе продолжиме со активности во насока на нејзино инфра-структурно оспособување, кое ќе вклучува патна и комунална инфраструк-тура. Планираната површина на оваа зона е околу 10 ха, со намена за лесна и незагадувачка индустрија.

Средства: 12.000.000,00 денари

Извор на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013- 2014 година

Проект: Реконструкција на градска водоводна мрежа во Македонска Каме-ницаОпис: градската водоводна мрежа е изградена уште во шеесеттите години на минатиот век. Општината подготви квалитетна проектна документација, аплицираше и преку Министерството за транспорт и врски, обезбеди фи-нансиски средства за целосна реконструкција на второстепената водоводна мрежа во општината. со реализација на овој проект недостигот од вода ќе биде минато.

Средства: 16.150.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Република Македонија

Рок: 2013 година

Проект: Изградба на пристапен пат и уредување на манастриско–туристич-ки комплекс во место Еленец, с. ЦераОпис: Овој проект опфаќа изградба на пристапен пат во должина од 1,5 км, реконструкција на конаците, изградба на екопатеки до манастирот „Покров на Пресвета богородица“, поставување урбана опрема и осветлување, како и туристичка промоција.

Средства: 17.000.000,00 денари

Извор на финансирање: Меѓународни финансиски институции, буџет на Општината

Рок: 2013 година

Проект: Изградба на современ дом на култураОпис: Општина Македонска каменица веќе има подготвено проектна доку-ментација за изградба на современ дом на култура во кој ќе биде рестарти-рано градското кино со современа опрема и модерен изглед.

Средства: 30.000.000,00 денари

Извори на финансирање: Меѓународни финансиски институции, буџет на Општината

Рок: 2015–2017 година

Проект: Хортикултурно уредување на кејот на реката КаменичкаОпис: со реализација на овој проект ќе се овозможи хортикултурно уреду-вање на кејот на реката каменичка, како и поставување урбана опрема и ос-ветлување.

Средства: 1.500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2015 година

Page 9: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 17

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

II. лОкален екОнОМски разВОЈ

локалниот економски развој значи потреба од директна работа за економ-ско засилување на локалните области за да се подобри квалитетот на живот на граѓаните. Успехот на општеството денес зависи од способноста на ло-калните средини да се приспособуваат на брзите промените во светот и во способноста да ја засилат сопствената конкурентност.

за подобрување на конкурентноста, главниот импулс за економски пораст мора да произлезе од приватниот сектор затоа што само тој може да создаде економска благосостојба и нови работни места на долг рок.

со отворањето индустриска економска зона за лесна и незагадувачка индус-трија во општина Македонска каменица, придобивките ќе бидат значително забележливи за економскиот развој на општината, како и за подобрување на животниот стандард на нашите жители. Во оваа насока, општинската администрација, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе вложува напори и ќе се залага за промоција на индустриската зона, нејзините карактеристики и по-волности со цел привлекување странски инвеститори, кои ќе отворат нови производствени погони или фабрики. Дополнително ќе се залагаме за осло-бодување на потенцијалните инвеститори од одредени комунални давачки, како и надомест за земјиште и овозможување на целосна логистичка под-дршка за инвеститорите.

Дополнително, во периодот што следува локалната администрација ќе ги стави на располагање своите ресурси да даваат поддршка за нови детални геолошки истражувања на осоговскиот масив за создавање услови за екс-плоатација на минералните суровини, со единствена цел за искористување на рудните богатства на територијата на општина Македонска каменица и заживување и продолжување на рударската традиција на населението.

Најважни проекти на кои ќе посветиме значајно внимание во идниот четири-годишен мандат ќе бидат:

Проект: Изработка на нова стратегија за развој на локалната економија Опис: Досега не е изработена стратегија што претставува најважен доку-мент за локален развој. со изработката на оваа стратегија ќе ги предвидиме главните правци и ресурси со кои ќе го унапредиме развојот на локалната економија.

Средства: 300.000,00 денари

Извор на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013 година

Page 10: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 19

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

Проект: Отворање индустриска зона во општинатаОпис: Во насока на отворањето и оспособувањето индустриска зона и неј-зино ставање во функција, општината веќе изработи детален урбанистички план. Ние ќе продолжиме со активности во насока на нејзино инфраструк-турно оспособување, кое ќе вклучува патна и комунална инфраструктура. Планираната површина на оваа зона е околу 10 ха со намена за лесна и не-загадувачка индустрија.

Средства: 12.000.000,00 денари

Извор на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013- 2014 година

Проект: Изградба на Косевичка бранаОпис: Преку изградбата на косевичка брана, ќе се овозможат услови за раз-вој на земјоделство, за обезбедување чиста вода за пиење, како и услови за производство на електрична енергија. за овој проект е веќе изработена студија за економска оправданост, донесен е ДУП за воннаселено место. Проектот ќе биде понуден за реализација преку моделот за јавно-приватно партнерство.

Средства: 120.000.000,00 денари

Извор на финансирање: ЈПП

Рок: 2013- 2017 година

Проект: Организирање денови на дијаспората (во текот на летните месеци)Опис: Преку овој проект ќе се спроведува осмислена два- тридневна про-грама за дружење со сонародниците што се иселени во странство. Оваа програма ќе опфаќа културни дружења, а особен акцент ќе биде даден на деловни средби и состаноци. Проектот ќе има за цел да се соберат средства (добротворни прилози од дијаспората) со кои ќе се реализира некаква цел од локално значење

Средства: 150.000,00 денари годишно

Извори на финансирање: буџет на Општина/ донации од иселеници

Рок: 2013 - континуирано

Page 11: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 21

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

III. ОбразОВание и наУка

Основни приоритети на ВМРО-ДПМНЕ во областа на образованието се осовременување и унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес на сите степени (основно, средно и високо образование), создавање млади кадри, кои ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот, и развивање здрава психофизичка личност. спроведената децентрализација на основни-те приоритети од областа на образованието ќе биде поттик за спроведување и на локално ниво.

Покрај проектите: „бесплатни учебници за сите ученици од основно и од средно образование“, „бесплатен интернет во сите основни и средни учи-лишта“, „Опремување на училиштата и на училишните кабинети“, кои кон-тинуирано ќе се спроведуваат во наредниот период и ќе се финансираат со средства обезбедени од програмите на Владата на Република Македонија, од особено значење за нас ќе бидат и:

Проект: Организирање локални натпревари по математика, природни нау-ки и по иновации, во соработка со основните училиштаОпис: локалната самоуправа на Македонска каменица, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди награди и ќе биде патрон на локалните натпре-вари по математика, природни науки и по иновации. Училиштата, како сора-ботници во овој проект, ќе вршат осмислување на методологијата на оцену-вање на натпреварувачите, додека, пак, целосниот концепт на натпреварите би требало да го осмислат општината и училиштата заедно.

Извор на финансирање: буџет на Општина

Рок: 2013- континуирано

Проект: Субвенционирање курсеви по информатика, англиски и по герман-ски јазик за возрасни и за лица од посебни категории Опис: силно ќе се залагаме за подобрување на образованието и за зголему-вање на прагот на знаење на учениците од предучилишна возраст, на лицата со посебни потреби, лицата што се корисници на социјална помош, постари луѓе, како и на подолго невработените лица.

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013- континуирано

Проект: Бесплатни курсеви по странски јазици за децата од предучилишна возраст Опис: силно ќе се залагаме за подобрување на образованието и за зголему-вање на прагот на знаење на учениците од предучилишна возраст.

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013- континуирано

Page 12: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 23

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

Проект: Зголемување на фондот на книги во училишните библиотекиОпис: Преку овој проект ќе овозможиме зголемување на фондот на книги во основното и во средното училиште во општината, со што ќе овозможиме достапност на потребната литература за учениците, но ќе обезбедиме и на-слови од стручната литература, потребни за дополнителна едукација.

Средства: 400.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013 година

Проект: Реконструкција на ОУ „Кирил и Методиј“ Опис: Реконструкцијата на основните и на средните училишта од страна на Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО- ДПМНЕ, овозмо-жува подобрување на условите за реализација на наставата и создавање можности за унапредување на воспитно-образовниот процес. сето тоа при-донесува за правилен психофизички пораст и развој на учениците и нивно образовно профилирање. Преку овој проект ќе извршиме реконструкција на ОУ „кирил и Методиј“, односно реконструкција на покривната конструкција.

Средства: 3.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Република Македонија

Рок: 2014 година

Проект: Изградба на едно монтажно училиште во село МоштицаОпис: со изградбата на ова монтажно училиште ќе овозможиме услови за квалитетна настава за сите ученици во одделенска настава од с. Моштица бидејќи постојното не ги исполнува условите за нормално следење настава.

Средства: 3.500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Република Македонија

Рок: 2013 година

Проект: „Општината ги стипендира најдобрите“ Опис: со цел да ги поттикнеме најдобрите ученици, средношколци и спорти-сти, општинската администрација, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во соглас-ност со капацитетите и со можностите на општината, ќе обезбедува сред-ства за стипендирање на најдобрите три ученици, три средношколци, три студенти и три спортисти. со овој проект ќе го поттикнеме засилувањето на свеста кај граѓаните на локално ниво за значењето на образованието;

Средства: 300.000,00 денари годишно

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: континуирано

Проект: „Сакам да бидам“Опис: со цел учениците што го завршуваат своето основно или средно об-разование да ги осознаат своите можности, ќе им овозможиме преку одржу-вање соодветни бесплатни предавања од страна на соодветни предавачи да добијат визија за својата идна ориентација во школувањето.

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: континуирано

Проект: Целодневна настава во основното училиште во општинатаОпис: Во согласност со потребите на учениците и на родителите, општината ќе овозможи просторни и кадровски услови за реализација на целодневна настава во сите паралелки од одделенска настава, во зависност од потреби-те и пројавениот интерес.

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: континуирано

Проект: Наградување наставници и професори Опис: со цел да се поттикне мотивираноста на наставниот кадар со ученици-те, општината ќе обезбеди парични награди за наставници и за професори, кои се ментори на ученици што постигнале високи резултати на државни и меѓународни натпревари.

Средства: 100.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: континуирано

Page 13: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 25

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

IV. спОрт и Млади

Идеите и моќта што со себе ја носат младите луѓе се нашиот главен сојузник во остварувањето на визијата за создавање економски развиена, перспек-тивна општина, која за младите ќе обезбеди услови за квалитетен и модерен живот.

Вложувањето во здравјето на младите и поттикнувањето на спортскиот дух е инвестиција во иднината на нашата општина. затоа што спортот создава здрави луѓе, создава успеси и натпреварувачки дух, создава силни индиви-дуи подготвени за победи, издржување на поразите и повторно одење кон победа.

Поведени од тезата „Во здраво тело здрав дух“ и со предностите што ги има општина Македонска каменица, ќе се потрудиме и во идниот период да про-должиме со исто темпо како и претходно.

Во наредниот период ќе работиме на остварување на следниве проекти:

Проект: Изградба на едно повеќенаменско спортско игралиште Опис: Повеќенаменското игралиште ќе им биде ставено на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и за натпреварување. Игралиштето ќе може да се користи деноноќно и ќе биде место за собирање и за дружење на младите генерации, како и основа за создавање здрава младина и одлич-на превентива од пороците на модерното живеење

Средства: 5.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Република Македонија

Рок: 2013- 2015 година

Проект: Изградба на еден двоен терен за тенисОпис: со изградбата на тениски терен на нашите млади тениски таленти им овозможуваме да се развиваат во идни професионални тенисери, но исто-времено им овозможуваме на сите рекреативци, кои се во сѐ поголем број, да се занимаваат со овој интересен спорт. Тенискиот терен ќе биде современ, целосно инфраструктурно поврзан, со осветлување за ноќни натпревари, пристапни патеки, жичана ограда и, што е најбитно, најсовремена подлога по сите стандарди на светската тениска асоцијација.

Средства: 6.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Република Македонија

Рок: 2013 – 2015 година

Проект: Поддршка на спортски клубовиОпис: ќе се обезбеди континуирана финансиска поддршка за Фк каменица саса, на кошаркарскиот клуб, клубот за футсал, како и на сите други клубо-ви од дејноста на спортот, кои ќе се реализираат на територијата на општина Македонска каменица.

Средства: 1.200.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: континуирано

Page 14: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 27

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

Проект: Изградба на нови спортски мини-игралишта Опис: ќе бидат изградени четири спортски игралишта за мини-фудбал и за баскет на периферијата од градот.

Средства: 4.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013- 2014 година

Проект: Проект „Спортско лето – спорт за сите“Опис: Тргнувајќи од стратегиските приоритети изнесени во Националната програма за развој на спортот, предвидена е реализација на проект преку кој ќе се изврши популаризација на повеќе спортови. Проектот „спортско лето - спорт за сите“, има за цел, на едно место, во период од неколку денови, во летниот период да се врши презентација на различни спортови и да се одржуваат бесплатни часови за обука.

Средства: 300.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: континуирано

Проект: Училишни лиги во голем фудбал, футсал, кошарка, ракомет, шах, тенис и во други спортови Опис: Во соработка со федерацијата за училиштен спорт и со единиците на локалната самоуправа, низ координиран систематски пристап ќе се унапре-ди развојот на училишниот спорт преку одигрување општински, зонски и ре-гионални натпревари меѓу училишните екипи во повеќе спортови.

Средства: 300.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината и буџет РМ

Рок: континуирано

Проект: Основање училишни спортски клубови Опис: Во насока на унапредување на системот на натпревари во училиш-ниот спорт, предвидено е основање училишни спортски клубови во повеќе спортови, кои треба да претставуваат основа за остварување на огромните општествени придобивки што ги претполага развојот и негувањето на учи-лишниот спорт како национална определба.

Извори на финансирање: буџет на Општината и буџет на РМ

Рок: континуирано

Проект: Кампања „Чист спорт – борба против допингот во спортот“ Опис: Во последниве години, допингот во спортот зема огромен замав во светот и стана еден вид софистициран проблем. за штетните последици од допингот не треба да се говори. Тие се познати и за нив постои општ светски консензус. Неподелено е мислењето на повиканите од сферата на допин-гот дека во нашата земја се употребуваат недозволени супстанции и методи во спортот. голем е бројот на спортистите што го прават тоа на своја рака, што воедно претставува и непосредна опасност за самите спортисти. По-викувајќи се на Меѓународната конвенција против допингот во спортот на УНЕскО – ратификувана од страна на Република Македонија на 19 август 2008 година – со што стана дел од македонското законодавство, покрај об-врските произлезени преку споменатите инструменти за вршење контроли за допинг, нашата земја, преку Националната антидопинг-комисија при Аген-цијата за млади и спорт, ќе реализира годишни програми, кои опфаќаат вр-шење контроли за допинг врз македонски спортисти, вклучително кампањи за подигање на свеста на сите повикани страни вклучени во спорот.

Извори на финансирање: буџет на Општината и буџет на РМ

Рок: континуирано

Проект: Организација на спортски натпревари и турнири, кои ќе се одржу-ваат на територијата на општина Македонска Каменица.Опис: ќе даваме свој придонес при организацијата на повеќе спортски ма-нифестации и турнири.

Средства: 300.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013 – 2017 година

Проект: „Вклучување на младите во процесите на донесување одлуки и младинско информирање“Опис: Овој проект ќе се спроведе преку:

Формирање локален младински совет: за да се обезбеди институционално учество на младите во донесување одлуки во локалната самоуправа ќе се формира локален совет на млади. Преку локалниот младински совет би се обезбедило активно учество на младите во процесите на донесување одлу-ки во општествениот јавен живот. Во рамки на поддршка на локални мла-дински проекти, единицата на локалната самоуправа ќе обезбеди средства преку својот буџет, со што би ги поттикнала младите луѓе да бидат актив-ни и да размислуваат и да дејствуваат кон подобрување на средината и на заедницата во која живеат. На тој начин, се создава партнерство преку кое младите и единицата на локалната самоуправа заеднички ќе го подобруваат квалитетот на живеење во општината. Овој проект ќе се спроведува од стра-на на единицата на локалната самоуправа, а во соработка со Агенцијата за млади и за спорт и на невладините организации.

Page 15: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 29

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

Подготвување локална младинска стратегија: Целта на локалната мла-динска стратегија е посеопфатно третирање на проблемите на младите и изнаоѓање решенија. Иницијативата произлегува од Агенцијата за мла-ди и спорт преку приоритетите изложени во Националната стратегија за млади и во Акцискиот план за нејзино спроведување. Овој проект ќе се спроведува од страна на општината, во соработка со Агенцијата за млади и спорт и со невладините организации. Формирање младински информативни и советодавни центри: Преку овие центри младите ќе имаат пристап до сеопфатни, разбирливи, точ-ни, навремени и употребливи информации, дизајнирани според нивните потреби, како и нивно директно учество во процесот на младинско ин-формирање на неформален начин, во пријателска атмосфера, при што ќе имаат можност за размена на најдобрата практика и искуства, про-блеми и можности за соодветна обука. Овој проект ќе се спроведува од страна на општината, во соработка со Агенцијата за млади и спорт и со невладините организации.

Средства: 300.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: континуирано

Проект: Организирање хуманитарна акција за помош на младите од со-цијално загрозени семејства - „Донирај!“Опис на проектот: ќе овозможиме објавување известувања на веб-страни-цата на општината за потребата и за начинот на донирање парична помош, облека, спортска опрема, спортски реквизити и друго.

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013-2017 година

Проект: Кампања „Стоп за пороците“ Опис на проектот: Преку системот на образование, но и преку одржување трибини во населените места во општината, ќе се влијае врз младите со цел избегнување на штетните последици од консумирање наркотични средства и алкохол, како и други пороци.

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013-2017 година

Проект: Трибини за подигнување на свеста кај младите за претприемаштвоОпис: Целта на трибините ќе биде на нив да се истакнат можностите за мла-дите, кои се создаваат преку развивање на претприемачката иницијатива. На нив ќе се презентираат позитивните примери на успешни претприемачи и ќе се дискутира за поволностите што ги нуди државата за почнување на сопствен бизнис.

Средства: 200.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на општината

Рок: 2013- 2017 година

Проект: Организирање доброволна крводарителска акција во која ќе учес-твуваат и спортистите Опис: Организирање доброволни крводарителски акции во Македонска ка-меница во соработка со спортистите и со Црвен крст, со цел давање позити-вен пример кај младите за подигнување на хуманитарната свест.

Рок: 2013- 2017 година

Page 16: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 31

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

V. инФОрМатички разВОЈ

Информатичкиот развој е многу брз и приспособувањето кон современите информатички трендови значително ќе придонесат за отворање поголем број работни места и за привлекување странски инвестиции. Денес речиси не може да се замисли каква било работа без основни познавања од областа на информатичката технологија, без користење компјутери и интернет. Во новата ера на брз информатички развој, водечки ќе бидат тие што благов-ремено ќе донесат исправни одлуки базирани на разбирањето и на иско-ристувањето на трендовите на информатичката технологија. Тие што нема да го направат тоа ризикуваат да останат на маргините на развојот. Општина Македонска каменица, во соработка со Владата на Република Македонија, мора да се развива и ќе се развива во насока на информатичко општество.

Во наредниот период ќе работиме на остварување на следниве проекти:

Проект: Спроведување бесплатни обуки за информатичка технологија за сите категории граѓаниОпис: за сите заинтересирани граѓани ќе организираме курсеви за основно запознавање со информатичката технологија и со општинските веб- апли-кации.

Средства: 300.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: континуирано

Проект: Отворање интернет-клубови во Македонска Каменица и во поголе-мите селски срединиОпис: со реализација на овој проект на граѓаните ќе им се овозможи олес-нета и брза комуникација, а во исто време и информирање за актуелните секојдневни настани.

Средства: 1.500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013-2014 година

Проект: Продолжување на проектот за безжичен интернет на целата тери-торија на општината Опис: Во досегашниот период, интернетот беше спроведен само на централ-ното градско подрачје, а со овој проект ќе се обезбеди бесплатен интернет-пристап на територијата на целата општина.

Средства: 300.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013 година

Page 17: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 33

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

Проект: Изработка на повеќенаменски веб-апликации за потребите на ло-калната самоуправа во доменот на нејзините надлежностиОпис: со овие апликации, граѓаните ќе добијат олеснет и поефикасен начин за реализација на своите административни барања.

Средства: 300.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013 -2014 година

Page 18: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 35

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

VI. УрбанизаМ и ЖиВОтна средина

Убав и плански уреден простор е наша визија за современо општество, како и за интегрирање на нашите семејства во него. со работа и одговорност ќе воспоставиме нов систем на вредности во општината.

грижата за заштита на животната средина на секој граѓанин на Македонска каменица мора да претставува императив на современото живеење. Ако са-каме да изградиме модерна општина, мора да ги почитуваме принципите на заштитата на животната средина и притоа ќе мора да создадеме услови и ме-ханизми за планирање и за уредување на просторот така што ќе се овозможи негово одржливо користење.

На проблемот со цврстиот отпад ќе му посветиме значајно внимание, нај-напред преку модернизирање и осовременување на техничката база и на организациската основа во Јавното комунално претпријатие „Македонска каменица“, со што услугите на граѓаните ќе ги подигнеме на уште повисоко ниво, како и во санирање на дивите депонии, како предуслов за изградба на мрежата на регионални депонии, кои ќе работат по стандардите на ЕУ со воспоставување интегриран систем на управување отпад, со што отпадот веќе нема да претставува проблем, туку ќе има економска валоризација.

Во делот на урбанистичкото планирање, во Општина Македонска каменица ќе се донесат повеќе урбанистички планови на кои посебен акцент ќе ста-виме на:

Проект: Изградба на типски мостовиОпис: се планира изградба на три моста на каменичка Река, кои ќе бидат сместени во местото Долен Павлиш Дол, местото Раздол, како и во саса 2.

Средства: 3.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2015 година

Проект: Уредување на новите градски гробишта и изградба на капелаСредства: 4.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2014 година

Проект: Реконструкција на просториите од градскиот базенОпис: ќе бидат реконструирани гардеробите и санитарните јазли и ќе извр-шиме урбано доуредување на простор околу градскиот базен.

Средства: 3.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2015 година

Page 19: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 37

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

Проект: Продолжување на проектот за изградба на згради на месните за-еднициОпис: Во сите селски средини ќе ги изградиме или реконструираме зградите на месните заедници, со што ќе им создадеме услови на жителите да ги реа-лизираат своите потреби и интереси.

Средства: 2.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2016 година

Проект: Нов Генерален урбанистички план и проширување на сегашниот.Опис: ќе се овозможат услови на целата територија од општината и ќе се зголеми опфатноста да се планира намената на површините за натамошно изработување детални урбанистички планови.

Средства: 1.500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013- 2016 година

Проект: Нови урбанистички планови Опис: Подготовката на нови ДУП за населените места во општината има за цел да почне постапка за донесување и за спроведување урбанистички планови во деловите од градот каде што се од постар датум или се несо-одветни, како и вклопување на дивоградбите во урбанистичкиот план. По завршување со легализацијата на дивоизградените објекти, ќе се пристапи кон изнаоѓање решенија за решавање на инфраструктурата и на пристап-ните патишта до објектите со заедничко учество и со можности за плаќање на повеќе рати. Воедно, ќе се изработи и програма за изработка на приори-тетни урбанистички планови на голем број атрактивни локалитети - кои ќе поттикнат вложување од инвеститорите.

ќе бидат изработени ДУП за локалитетот источно од ул. „каменичка“, за ло-калитетот стружница, за локалитетот меѓу ул. „14 Јуни“ и ул. „Вера Јоциќ“, за локалитетот ливада, за локалитет меѓу ул. „Индустриска“ и ул. „Миле Јанев-ски“, за локалитет Цинкара, дел од блок 3 и блок 7 и 8.

Средства: 1.000.000,00 денари

Извор на финансирање: буџет на Општината/ донации

Рок: 2013- 2015 година

Проект: Донесување ДУП за викенд-населба околу езерото КалиманциОпис: Имајќи ги предвид убавините околу езерото калиманци, општината за определен локалитет ќе подготви ДУП и инфраструктурно ќе го уреди со цел да се изгради викенд-населба.

Средства: 250.000,00 денари

Извор на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2014 година

Проект: Систем за набљудување на реката КаменичкаОпис: Овој систем ќе овозможи континуирано следење на квалитетот на во-дата од река каменичка.

Средства: 1.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2014 година

Проект: Поддршка на невладиниот сектор во делот на заштита на животна-та срединаОпис: со цел подигнување на еколошката свест кај жителите на општината, како и заради континуирано набљудување на потенцијалните загадувачи, во делот на заштита на животната средина, ќе дадеме поддршка на НВО.

Средства: 300.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: континуирано

Проект: Продолжување на проектот за поставување големи контејнери во селските срединиОпис: Во најголем дел од селските средини веќе се поставија контејнери за смет, со тоа и се подобри управувањето на отпадот, овој проект ќе продолжи и во другите селски средини.

Средства: 500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2014 година

Проект: Продолжување на проектот за селективно собирање на комунал-ниот сметОпис: Управувањето на отпадот е значајно за секоја општина, со селектив-носта на отпадот овозможивме рециклирање определени материјали и по-чиста околина.

Средства: 500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013 година

Проект: Ангажирање сезонски работници за одржување на јавните површи-ни и за подобрување на јавната чистота. Опис: Огромните зелени површини во општината, како и кејот на река каме-ничка, се обележја на општината и е потребно континуирано наводнување и одржување. Покрај ова, сезонските работници учествуваат при прочисту-вање на локалните патишта, чистење канали, уредување и одржување на градскиот плоштад и на цветните насади.

Средства: 250.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: континуирано

Page 20: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 39

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

Проект: Доизградба на кеј на реката КаменичкаОпис: со изградбата на оваа стационажа на река каменчка, целосно ќе се уреди речното корито по течението на реката во централното градско под-рачје, а тоа ќе придонесе и за превенција од поплави.

Средства: 2.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2014 година

Проект: Континуирано порибување на езерото КалиманциОпис: со овој проект општината, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе донира средства за зголемување на рибниот фонд на езерото калиманци.

Средства: 300.000,00 денари годишно

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: во континуитет

КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИНФРАСТРУКТУРА

СИСТЕМ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ВОДА И КАНАЛИЗАЦИСКИ СИСТЕМ

благовременото решавање на проблемите на граѓаните преку изградба на системи за снабдување со вода и на канализациски системи создаваат усло-ви за поздрава и почиста животна средина за граѓаните.

снабдувањето со вода во општина Македонска каменица е еден од основ-ните проблеми, кој и во нaредниот мандат ќе се потрудиме целосно да биде решен. Приоритет ќе се даде на следниве проекти:

Проект: Изградба на зафат за зафаќање на дополнителни води на река Го-рештицаОпис: за надминување на проблемите со количеството на вода во летниот период, веќе е подготвена проектна документација, добиена е водостопан-ска согласност и од горештица ќе се обезбедат дополнителни количества квалитетна вода. со ова и целосно ќе се стави во функција прочистителната станица за вода за пиење.

Средства: 3.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013 година

Проект: Реконструкција на градската водоводна мрежа во Македонска Ка-меницаОпис: градската водоводна мрежа е изградена уште во шеесетите години на минатиот век. Општината подготви квалитетна проектна документација, конкурираше и преку Министерството за транспорт и за врски обезбеди фи-нансиски средства за целосна реконструкција на второстепената водоводна мрежа во општината. со реализација на овој проект, недостигот од вода ќе биде минато.

Средства: 16.150.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Република Македонија

Рок: 2013 година

Проект: Изградба на водоводна мрежа во маало Павлиш Дол Опис: старата и дотраена водоводна мрежа во тој дел од општината целосно ќе се реконструира, со што ќе се овозможат нови приклучоци и ќе се подо-бри квалитетот на водата.

Средства: 1.500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2014 година

Проект: Изградба на пречистителна станица за отпадни водиОпис: ќе биде лоцирана на местото каде што се влева реката каменичка во езерото калиманци и ќе го опфаќа главниот колектор со отпадни води од општина Македонска каменица со цел да се намали загадувањето на езеро-то калиманци и да се одржи здрава и чиста животна средина.

Средства: 50.000.000,00 денари

Извори на финансирање: Меѓународни финансиски институции, буџет на Општината

Рок: 2017 година

Проект: Изградба на канализациска мрежа во маалскиот дел во М. Камени-цаОпис: со овој проект се планира изградба на канализациски мрежи во след-ните маала: грчко маало, Тепеѓовци, буќерска маала, Тачовци, ситновци, ко-мандирци и стипцарска маала.

Средства: 3.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2015 година

Проект: Изградба на канализациска мрежа во с. МоштицаОпис: со овој проект ќе се зафатат отпадните води од с. Моштица и пред вклучување во каменичка Река ќе се направи филтер за прочистување.

Средства: 2.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2014 година

Page 21: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 41

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

УРЕДУВАЊЕ ПАРКОВИ И НОВИ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ

со уредувањето на парковите и на зелените површини, како хортикултурно, така и со поставување урбана опрема, обезбедуваме катче за релаксација за сите генерации. Остануваме посветени и во оваа област преку контину-ирано одржување на веќе постојните паркови, детски игралишта и зелени површини низ Македонска каменица. Но, и нашите граѓани што живеат во другите населби надвор од централното градско подрачје заслужуваат уба-во уредени јавни површини.

затоа, во наредниот четиригодишен мандат посебен акцент ќе дадеме на реализација на следниве проекти:

Проект: Изградба на систем за централно наводнување на зелените повр-шиниОпис: Целосно е подготвена проектна документација и со реализација на овој проект зелените површини ќе се наводнуваат со техничка вода и нема да се товар на централната водоводна мрежа.

Средства: 4.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2014 година

Проект: Хортикултурно уредување на кејот на реката КаменичкаОпис: со реализација на овој проект ќе се овозможи хортикултурно уреду-вање на кејот на реката каменичка, како и поставување урбана опрема и ос-ветлување.

Средства: 1.500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2015 година

Проект: Реконструкција на старото детско игралиште и изградба на ново на улица „Осоговска“.Опис: Оваа реконструкција на старото детско игралиште опфаќа поставу-вање урбана опрема и осветлување на игралиштата.

Средства: 1.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2015 година

Page 22: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 43

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

VII. зеМЈОделстВО и рУрален разВОЈ

крупните промени и значајната политика во земјоделството, кои за првпат владата на ВМРО-ДПМНЕ ги постави во изминатиот мандат и кои веќе при-донесуваат кон развој и поголема конкурентност на македонското земјодел-ство, ќе продолжиме да ги спроведуваме и во иднина на локално ниво во нашата општина, преку практичен придонес при спроведувањето мерки за поддршка на земјоделството. ќе понудиме можност секој земјоделец посве-тен на својата работа да развива квалитетен и одржлив агробизнис.

Придонесот што го дава земјоделството во секојдневниот живот на граѓа-ните е огромен и поради тоа оваа област продолжува да биде меѓу приори-тетните за порастот и за развојот на општината. земјоделството претставува клучен фактор за зголемување на економскиот пораст и на вработеноста во нашата општина, за обезбедување поквалитетен и посигурен живот на нашите граѓани.

како општина, ќе овозможиме максимална поддршка на нашите земјоделци со цел да помогнеме во практичното реализирање и промовирање на мер-ките за финансиска поддршка и за субвенционирање на земјоделството во насока на структурно приспособување од традиционално кон модерно кон-курентно земјоделство и создавање подобри услови за живот во руралните подрачја.

При тоа, се определуваме за остварување на следниве конкретни заложби:- Поддршка на земјоделците преку отворање посебен центар за редовно информирање на првичните производители, обука на земјоделците за подготовка на проекти за искористување на средствата од програмата на ИПАРД за изградба на производствени и на преработувачки капаци-тети и други мерки на поддршка на Владата на Република Македонија, советувања за употреба на добра земјоделска и хигиенска практика за сточарите за подобрување на квалитетот на млекото;- Општината особено ќе ги поддржи иницијативите за почнување нов сто-чарски бизнис во делот на говедарството, овчарството и на козарството;- Поддршка при формирање земјоделски задруги заради подобрување на статусот на ситните земјоделци на пазарот и подобрување на пласма-нот на нивните производи во насока на обезбедување основни услови за работа и за функционирање (простории, помош за патувања и др); - Промоција и популаризација на развојот на органското производство, сточарството, собирањето и третманот на самоникнатите растенија, на руралниот туризам, како и на искористувањето на средствата од програ-мите за финансиска поддршка и од програмата на ИПАРД преку сове-тувања со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјодел-ството и од други стручњаци,

Page 23: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 45

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

- Поддршка во формирање машински прстени за заедничко користење на механизацијата на земјоделците поддржани од програмите на Влада-та на Република Македонија и на ИПАРД;- Привлекување инвеститори (домашни или странски) преку олеснување на условите за градба и објавување локација за отворање откупен цен-тар за земјоделски производи со што треба да се подобри пласманот на земјоделските производи во општината и да се овозможи поквалитетна понуда за потрошувачите;- константно посредување и засилување на соработката меѓу индивиду-алните земјоделци и преработувачите од РМ како и соработка со стран-ски преработувачи и увозници на земјоделски производи од нашиот ре-гион.

Најважни проекти на кои ќе посветиме внимание во наредниот мандат:

Проект: Донесување програма за локален рурален развојОпис: со четиригодишната програма ќе се опфати изградба на полски пат-чиња на територијата на општината, кои треба да го олеснат пристапот на земјоделците до обработливите површини, изградба на патчиња во населе-ните места од општината и други инфраструктурни објекти што ќе придоне-суваат за подобрување на условите за живот.

Извори на финансирање: буџет на Општина; буџет на Република Македонија

Рок: 2013 година

Проект: Подготовка на планска документација за изградба на фарми за си-тен и за крупен добитокОпис: Во согласност со потребите на заинтересираните, општината ќе под-готви планска документација за тој локалитет и ќе овозможи услови за гра-дење фарми.

Средства: 500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2016 година

Проект: Отворање канцеларија за информирање на земјоделците и за по-мош при конкурирање за субвенции и за проектиОпис: Отворањето ваква канцеларија ќе претставува значајна помош за земјоделците да можат секојдневно, од страна на стручни лица, да се ин-формираат за начинот и за условите за конкурирање, но и да им се помага правилно да ги пополнуваат потребните документи за конкурирање за суб-венции и за проекти.

Средства: 250.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013 година, континуирано

Проект: Одржување јавни трибини за органско производство на храна со заинтересираните земјоделциОпис: за зголемување на интересот кон земјоделството, но и за подобра ин-формираност, во континуитет ќе организираме трибини на разни теми од оваа област.

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: континуирано

Проект: Формирање мобилна екипа за посета на земјоделцитеОпис: Во проектната канцеларија на општината, за почеток, ќе ангажираме стручњак за посета на земјоделците и за насочување при изборот на култура, а во континуитет тоа ќе го продолжат земјоделски инженери од општината.

Средства: 400.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: континуирано

Page 24: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 47

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

VIII. тУризаМ

за идеални дестинации се сметаат тие земји каде што постои одличен спој меѓу природните и културните вредности, како и другите форми на ту-ристичка понуда атрактивна за современиот турист. Имајќи ја предвид голе-мата улога што ја игра туризмот за локалниот економски развој, општините својата економска предноста сѐ повеќе ја препознаваат во збогатувањето на туристичката понуда и во подигнување на стандардите за квалитет во овој сектор. Во наредниот период Општината Македонска каменица и понатаму ќе биде посветена сѐ повеќе да ги искористува своите конкурентски пред-ности и максимално ќе се залага да ги развива и промовира најразличните видови туризам, особено спортскиот, културниот, руралниот и други алтер-нативни форми на туризам. со тоа ќе ги задоволиме очекувањата и вкусови-те на туристите, а нашата општина ќе настојуваме да ја направиме погодна и препознатлива дестинација на туристичката мапа на Македонија.

Проект: Изградба на пристапен пат и уредување манастриско–туристички комплекс во место Еленец, с.ЦераОпис: Изградба на пристапен пат во должина од 1,5 км, реконструкција на конаците, изградба на екопатеки до манастирот „Покров на Пресвета бо-городица“, поставување урбана опрема и осветлување, како и туристичка промоција

Средства: 17.000.000,00 денари

Извор на финансирање: Меѓународни финансиски институции, буџет на Општината

Рок: 2013 година

Проект: Изработка на промотивен материјал за најатрактивните историски локалитети во општина Македонска КаменицаОпис: Изработка на промотивен материјал за следните локалитети: спомен-костурница во с. Цера, локалитетот калата, како и за првиот печатар Јаков од камена Река

Средства: 500.000,00 денари

Извор на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2015 година

Проект: Промоција на спортски риболовОпис: со подготовка на промотивен материјал и на медиумско афирмирање на спортскиот риболов на езерото калиманци, ќе го зголемиме присуството на спортски риболовци.

Средства: 300.000,00 денари

Извор на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013 година

Page 25: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 49

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

IX. кУлтУра

културата е неодвоив сегмент во изградбата на европскиот модел на сора-ботка на земјите и сила што спојува бидејќи со насочување на културата про-тив дискриминацијата и заштитата на националните културни вредности се допира до глобалните вредности на Европа. културата не може сама да ги реши проблемите, но може да биде одличен начин на комуникација, особе-но во разбирањето, толеранцијата и во почитувањето на различните верски и етнички разлики на граѓаните. Општината Македонска каменица, со голе-миот број историски и културни знаменитости, како и одржувањето многуб-ројни традиционални и нови манифестации, ќе настојува да ги промовира своите можности, сѐ со цел да прерасне во позната културна дестинација, во која ќе може да се види и доживее духот на вековното културно-историско опстојување.

Најважните проекти во оваа сфера, кои ќе имаа посебно значење, ќе бидат:

Проект: Изградба на современ Дом на култураОпис: Општина Македонска каменица веќе има подготвено проектна доку-ментација за изградба на современ дом на култура во кој ќе биде рестарти-рано градското кино со современа опрема и модерен изглед.

Средства: 30.000.000,00 денари

Извори на финансирање: Меѓународни финансиски институции, буџет на Општината

Рок: 2015 – 2017 година

Проект: Проект за постојани културни настани во општината и во селските срединиОпис: со усвојување на програмата на советот на Општината Македонска каменица, ќе се организираат по неколку културни настани секој месец, како во централното подрачје така и во селските средини. со оваа програма ќе бидат опфатени театарски претстави, фолклорни концерти, литературни читања и сл.

Средства: 600.000,00 денари годишно

Извори на финансирање: донации, буџет на Општината

Рок: континуирано

Проект: Помагање на КУД „Вера Јоциќ“ за промоција на фолклорот, оби-чаите и на традицијата на Македонска Каменица во земјата и поширокоСредства: 300.000,00 денари годишно

Извори на финансирање: донации, буџет на Општината

Рок: континуирано

Page 26: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 51

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

Проект: Продолжување на организирањето Каменичко културно лето. Средства: 600.000,00 денари годишно

Извори на финансирање: донации, буџет на Општината

Рок: континуирано

Проект: Организација фестивал на забавни песниОпис: Општината ќе организира тридневен фестивал на забавни песни, на кој како гости ќе учествуваат и балкански естрадни уметници.

Средства: 2.000.000,00 денари годишно

Извори на финансирање: донации, буџет на Општината

Рок: континуирано

Page 27: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 53

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

X. МеЃУнарОдна сОрабОтка

Интензивирањето на меѓународната соработка е едно од приоритетните прашања во рамките на заложбите за динамичен развој на Општина Маке-донска каменица.

Поддржувајќи ги напорите на Македонија за приближување на општеството и на граѓаните кон Европската унија, приоритет на локалните власти е да се вклучат во проекти и во активности за интензивирање на меѓународната соработка со цел развој на локалната економија и надминување на клучниот проблем - невработеноста.

Во таа насока ќе се заложиме за поголема афирмација на општината со про-моција на нашите позитивни вредности во меѓународни рамки, но, исто така, ќе пристапиме и кон размена на искуства преку продолжување и проширу-вање на соработката со општини од соседните и од европските земји.

Проект: Збратимување со општини од Италија и од Словенија Опис: со овој проект ќе се поттикне соработката меѓу Македонска каменица и општините од Италија и од словенија, каде што живеат и работат поголем број наши сограѓани. соработката ќе се одвива на полето на економијата, културата, спортот, како и на заедничко конкурирање со проекти пред ев-ропските фондови.

Средства: 300.000,00 денари

Извори на финансирање: донации, буџет на Општината

Рок: континуирано

Проект: Обновување на соработката со рударски општини од Бугарија, Сло-венија и од РоманијаОпис: за зголемување на искуството за функционирање на рударските опш-тини, соработката со такви општини ќе биде од полза.

Средства: 400.000,00 денари

Извори на финансирање: донации, буџет на Општината

Рок: континуирано

Page 28: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 55

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

XI. безбеднОст и прОтиВпОЖарна заШтита

безбедноста како императив на времето претставува предуслов за развојот на општината. Таа е гарант на човековите вредности и чувар на редот, мирот и на поредокот во вкупниот општествен систем. безбедноста во општината ќе биде остварена со заемност и со соработка со сите фактори во системот на безбедноста на општинско и на републичко ниво.

Противпожарната заштита и во наредниот период останува на листата на приоритети за изградба на ефикасен систем на превенција и на заштита од пожари во општината. Општината Македонска каменица како носител на противпожарната заштита во рамките на своите надлежности ќе ги презема сите мерки и активности насочени кон заштита на животот и на имотот на граѓаните од настанување пожари.

Проект: Курсеви за едукација на учениците во основните и во средните учи-лишта од областа на сообраќајотОпис: Преку овој проект ќе извршиме зголемување на безбедноста на учени-ците и подобрување на сообраќајната култура на децата и на младите во гра-дот. Предавачи на овие едукативни часови ќе бидат членовите на општин-скиот совет за безбедност на патиштата.

Извор на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013 година - континуирано

Page 29: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 57

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

XII. сОЦиЈална заШтита и сОЦиЈална преВенЦиЈа

Најдобра социјална политика е политиката со која се отвораат нови работни места неопходни за подобрување на животниот стандард и на социјалниот статус на граѓаните на Република Македонија. Паралелно со создавањето услови за вработување на невработените, приоритет е и обезбедувањето грижа и заштита на лицата со телесни и со ментални пречки, децата без ро-дители и родителска грижа како и на сите категории граѓани што се нашле во положба на социјален ризик.

социјалната заштита и социјалната превенција е основен императив на по-литиката на ВМРО-ДПМНЕ со цел создавање услови за инклузивно и за кохе-зивно општество преку унапредување на положбата на ранливите групи во локалниот контекст на заедница.

Почнатите процеси на децентрализација продолжуваат со засилено темпо. Во оваа насока се отвораат многубројни можности и предизвици за уште по-активна улога на централната и на локалните власти, вклучително и граѓан-скиот сектор, да создаваат локални стратегии и програми за социјално вклу-чување на граѓаните на кои сме им најпотребни.

грижата за децата останува да биде во фокусот на нашата посветеност. се-кое дете треба да се вклучи во процесот на социјализација преку згрижу-вање во предучилишните установи. ВМРО-ДПМНЕ се залага за ширење на мрежата на нови детски градинки и за подобрување на условите за престој, сѐ со цел да им обезбедиме сигурно и безбедно детство на најмалите.

Политиката на ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон обезбедување достоинствен живот на старите лица преку развој на сервисни служби, ширење на мре-жата на вонинституционални облици со социјалнозаштитна функција за ли-цата со инвалидност, децата без родители и родителска грижа, децата во ризик, како и обезбедување социјална превенција од можни ризици заради подигнување на квалитетот на животот на индивидуите, семејствата и на општеството во целина.

ВМРО-ДПМНЕ обезбедува „бЕзУслОВНИ И ЕДНАкВИ МОЖНОсТИ зА сИТЕ“

со цел остварување на заложбите и на поставените приоритети, Општина Македонска каменица, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се посвети на реа-лизација на следниве проекти:

Page 30: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 59

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

Проект: Изградба на станбена зграда Опис: Веќе е донесена планска документација за зградата што ќе се гради во близина на градскиот стадион и ќе биде наменета за издавање под по-волни услови на социјални случаи и на млади брачни двојки. Овој проект ќе биде понуден на инвеститори за реализација по моделот на јавно-приватно партнерство.

Средства: во согласност со проектот

Извори на финансирање: ЈПП

Рок: 2016 година

Проект: Отворање центар за дневен престој за деца со посебни потребиОпис: со отворањето на овој дневен центар ќе бидат згрижени децата со по-себни потреби од општина Македонска каменица и ќе им биде обезбедена соодветна стручна помош.

Средства: 1.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината, буџет на Република Македо-нија

Рок: 2013-2014 година

Проект: Отворање клуб за пензионери и за стари лица во с. Саса Опис: со реконструкција на старата училишна зграда во село саса, ќе се приспособат простории за престој на пензионерите и на старите лица на кои ќе им бидат овозможени различен вид активности.

Средства: 7.000.000,00 денари

Извори на финансирање: ИПА 2

Рок: 2013 година

Проект: Изградба на пристапни рампи за лица со посебни потреби до сите јавни објектиОпис: лицата со инвалидност имаат основно загарантирано право на фи-зички пристап до јавните институциите на локално ниво, детските градинки, училиштата, здравствените установи и другите институции што им се неоп-ходни за отстранување на социјалните пречки и целосен независен и интег-риран живот во заедницата. со изградба на пристапните рампи се премос-тува хендикепот и се овозможува достапна средина за лицата со посебни потреби во сите сфери на општественото живеење.

Средства: 500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината, буџет на Република Македо-нија

Рок: 2016 година

Проект: Организирање екскурзии за ранливите групи граѓаниОпис: со овој проект ќе се организираат екскурзии на децата со посебни потреби, пензионерите, невработени лица, социјалнозагрозените, самохра-ните мајки и сл.

Средства: 300.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: континуирано

Проект: Доделување еднократна парична помошОпис: со усвоениот правилник на советот на Општина Македонска каме-ница се доделува еднократна парична помош за социјалнозагрозени лица, лица со ниски примања и за лица со тешки заболувања, како и на лица пого-дени од елементарни непогоди.

Средства: 1.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: континуирано

Проект: Доделување еднократна парична помош за новородено детеОпис: со овој проект, на секое новородено дете му се доделуваат финан-сиски средства во висина од 6.000,00 денари, а 12.000,00 денари на секое прво, новородено дете во календарската година.

Средства: 1.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: континуирано

Проект: Ваучери за доделување бесплатен превоз во пазарен ден (петок) за лицата со месечни приходи пониски од 5.000,00 денариОпис: со овој проект ќе изработиме правилник, кој ќе биде донесен од сове-тот на Општината и на социјалнозагрозените категории и фамилии со ниски примања со ваучер од општината ќе им овозможиме бесплатно патување до општината во пазарен ден.

Средства: 500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: континуирано

Page 31: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 61

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

XIII. здраВстВена заШтита

ВМРО–ДПМНЕ во континуитет спроведува реформи во насока на подобру-вање и на унапредување на квалитетот на здравствената заштита на граѓа-ните на Република Македонија, чиишто позитивни ефекти интензивно ги чувствуваат и ползуваат преку многуте проекти спроведувани од страна на Министерството за здравство, како што се:

Поевтините лекови – при што продолжуваат заложбите за дополнителни на-малувања на цените на лековите. со тоа се овозможува поголема достапност на лековите, но и сериозна заштеда на финансиски средства во здравстве-ните установи и кај граѓаните;

бесплатното болничко лекување за пензионери доколку нивната пензија е пониска од просечната во Република Македонија;

бесплатната вакцина за ХПВ за спречување рак на матката кај женската по-пулација, скенирање, превенција на кардиоваскуларни болести;

бесплатните здравствени превентивни прегледи - за проверка на холесте-рол, гликемија во крв, кои се прават на пунктовите и притоа се делат брошу-ри и материјали за промоција на здрав начин на исхрана и стил на живеење;

Националниот систем за закажување интервенции – чиј почеток претставу-ва проектот „Мој термин“ со кој во голема мера се придонесе кон намалу-вање на времето на чекање на пациентите за одредени здравствени услуги и дијагностички процедури;

Обезбедување услови за стручно усовршување на здравствените работници и на здравствените соработници;

Реорганизирањето и засилување на здравствените домови - зголемување на бројот и на видот на услугите со фокус на населението во руралните среди-ни, вклучително и унапредување со опрема и доекипирање на поливалентна (повеќефункционална) патронажна служба во нивни рамки - проект, кој во голема мера ќе придонесе кон засилување на соработката меѓу матичните гинеколози и патронажните сестри со цел навремено меѓусебно инфор-мирање за бремени и породени жени, зголемување на бројот и на видот на услугите што ќе бидат давани од страна на патронажните сестри на населе-нието во руралните средини.

Во соработка со Владата на Република Македонија, и понатаму ќе продол-жиме континуирано да го унапредуваме системот на здравствена заштита, со што ќе се овозможи граѓаните - корисници на здравствените услуги, да бидат задоволни, а нивните проблеми брзо и ефикасно решени.

Page 32: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 63

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

Во општина Македонска каменица во четиригодишниот мандат ќе бидат ре-ализирани следниве проекти:

Проект: Санација на покрив на Здравствен дом „Македонска Каменица“Опис: Покривната конструкција, заедно со зградата, е изградена во ше-есеттите години од минатиот век. со овој проект ќе се замени покривниот прекривач и Итната медицинска помош ќе добие подобри услови за работа.

Средства: 1.500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Република Македонија

Рок: 2014 година

Проект: Реконструкција на санитарни јазли на Здравствен дом „Македон-ска Каменица“Опис: со реализација на овој проект ќе се обезбеди замена на дотраената водоводна и канализациска инсталација и замена на керамичките плочки и столарија во санитарните јазли во здравствениот дом „Македонска камени-ца“.

Извори на финансирање: буџет на Република Македонија

Рок: 2015 година

Проект: Целосна реконструкција на постојната амбулантата во с. МоштицаОпис: Моментната состојба во која се наоѓа амбулантата во с. Моштица не овозможува услови за давање соодветна заштита на жителите од селото и ќе биде комплетно реконструирана.

Средства: 2.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината, буџет на Република Македо-нија

Рок: 2015 година

Проект: Набавка на медицинска опрема и апаратура во Здравствена стани-ца „Македонска Каменица“Опис: советот на Општина Македонска каменица има донесено одлука за одобрување средства за набавка на медицинска опрема и апаратура со која ќе се обнови амортизираната и стара апаратура и ќе се замени со нова со која на граѓаните во општината ќе им се биде овозможена квалитетна здрав-ствена заштита.

Средства: 1.200.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013 година

Проект: Набавка на теренско возилоОпис: со набавка на ова возило ќе биде овозможен ефикасен пристап до тешкопристапните населени места и ќе биде олеснет транспортот на итните случаи до соодветната здравствена установа.

Средства: 500.000,00 денари

Извори на финансирање: донација

Рок: 2014 година

Page 33: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 65

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

XIV. транспОрт и патна инФрастрУктУра

современата инфраструктура е основа за развој и за привлекување инвес-тиции и на локално ниво, а добрата сообраќајна поврзаност претставува неј-зин најзначаен сегмент.

Ефикасната и сигурна патна инфраструктура ја олеснува и поттикнува мо-билноста на луѓето и на стоката, ја надминува ограниченоста на локалните пазари и создава основа за рамномерен регионален развој.

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ И НА ПАТИШТА

сообраќајните проблеми во општина Македонска каменица се посебно ак-туелни во последниве години, така што нивното решавање и понатаму оста-нува значаен предизвик за нас, а во идниот мандат приоритет ќе се даде на:

Проект: Асфалтирање на улиците: „Ленинова“; „Пиринска“; „Индустриска - кејска“; „Питу Гули“; „Струјовска маала“; „Карадачка маала“Средства: 10.500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013-2014 година

Проект: Пробивање и асфалтирање на улица Кејска и пристапен пат до Мач-карска маалаСредства: 6.500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на РМ

Рок: 2013-2014 година

Проект: Доизградба и aсфалтирање на улиците: „Миле Јаневски“ и „Даме Груев“Средства: 2.500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013-2014 година

Проект: Поврзување на улица „Гоце Делчев“ со улица „Илинденска“Средства: 2.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2014 година

Проект: Изградба на кружен тек на улица „Маршал Тито“ со улица „14 Јуни“Средства: 4.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2014 година

Page 34: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 67

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

Проект: Поврзување на улица „Маршал Тито“ со улица „М. М. Брицо“Средства: 1.500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2014 година

Проект: Поврзување на улица „Вера Јоциќ“ со улица „Каменичка“Средства: 1.500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013 година

Проект: Изградба на пристапен пат во местото Прекопо, с. МоштицаСредства: 2.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2014 година

Проект: Асфалтирање крак на улица „Каменичка“Средства: 1.500.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2014 година

Проект: Изградба и асфалтирање пристапни патишта до маала во с. Дулица; с. Костин Дол; с. КоселицаСредства: 9.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2013- 2015 година

Проект: Изградба на станици во селските срединиОпис: Општината ќе изгради станици во с. саса, с. Моштица, с. луковица и с. Тодоровци, со што ќе се подобри сообраќајната комуникација на граѓаните.

средства: 400.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2015 година

УРЕДУВАЊЕ ТРОТОАРИ

ќе посветиме грижа и внимание и на уредувањето на тротоарите, кои треба да бидат безбедни места за движење на пешаците, особено на децата, уче-ниците, повозрасните лица и на лицата со телесна спреченост.

Проект: Изградба на нови и уредување на постојните тротоариОпис: Изградба на тротоари на ул. „Осоговска“, ул. „Индустриска“, ул. „14 Јуни“.

Средства: 5.000.000,00 денари

Извори на финансирање: буџет на Општината

Рок: 2016 година

Page 35: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 69

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

XV. идеи Од граЃани

ПРОЕКТ: ЛИЧНИ ПОМОШНИЦИ ЗА ХЕНДИКЕПИРАНИТЕ

Опис: Воведување сервис за лични помошници, кој претставува нов тип ус-луга за лицата со физичка инвалидност, кој во светот постои и успешно се применува со децении. На лицата со потежок степен на инвалидност им е потребна помош од други луѓе во секојдневниот живот при станување, лична хигиена, одење в тоалет, облекување, купување, подготовка на храна, чис-тење, чување деца или помош на остарен родител. Помошникот му помага на корисникот на работа, при излегување в град, на патувања, помага при комуникација и сл.

Општата цел на проектот е поддршка на самостојниот живот на лицата со ин-валидност преку воведување нова вонинституционална форма на социјална заштита на лицата со телесна инвалидност, а во втора фаза и на слепите лица и намалување на проблемот на невработеноста.

ПРОЕКТ: „24 ЧАСА ДОСТАПНА ОПШТИНА“

Опис: Идната општинска администрација, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, веднаш по завршувањето на локалните избори ќе го спроведе овој проект, кој подразбира радикално поедноставување на процедурите за детекти-рање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните, а со тоа и нивно забр-зано решавање. Имено, со овој проект, граѓаните преку телефонски повик, преку сМс или преку испраќање електронска порака до општинската адми-нистрација за јавен проблем од областа на осветлувањето, јавната чистота и други надлежности од делокругот на локалната администрација ќе можат да ја информираат Општината. Општината, пак, во рок од дополнителни 24 часа, ќе биде должна да го реши конкретниот проблем.

ПРОЕКТ: ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА СТОЧАРСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

Опис: Идната општинска администрација во руралните општини, предводе-на од ВМРО-ДПМНЕ, а во соработка со Владата на Република Македонија, ќе ги укине комуналните такси за сите објекти што се градат на село, а кои служат за одгледување жива стока.

ПРОЕКТ: „НУЛА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ“

Опис: Во секое село да се одреди место каде би можел да се транспортира отпадот. Во ваквата акција да се вклучат сите фирми што се занимаваат со ваквата дејност, како и сите фирми што се во состојба да помогнат за целос-на реализација на акцијата. Преку јавен оглас треба да се повикаат и сите граѓани, врз основа на доброволна работа, да учествуваат во реализацијата на проектот. По завршување на проектот, да се формира Општинска еколош-ка контролна служба, која ќе врши дневна контрола.

Page 36: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

НОВИ ДЕЛА ЗА нов нАпредок, НОВИ ДЕЛА ЗА подобрА мАкедонскА кАменицА! 71

Изборна програма на Вмро-ДпмнЕ 2013-2017

Page 37: Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!

избОрна прОграМа на ВМрО-дпМне 2013-2017

www.vmro-dpmne.org.mk