ТРГОВСКО ПРАВО

34
ТРГОВСКО ПРАВО ЈАВНО ТРГОВСКО ДРУШТВО; ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ; И КОМАНДИТНО ДРУШТВО

Upload: kenda

Post on 02-Feb-2016

232 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

ТРГОВСКО ПРАВО. ЈАВНО ТРГОВСКО ДРУШТВО; ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ; И КОМАНДИТНО ДРУШТВО. - PowerPoint PPT Presentation

TRANSCRIPT

Page 1: ТРГОВСКО ПРАВО

ТРГОВСКО ПРАВО

ЈАВНО ТРГОВСКО ДРУШТВО;

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА

ОДГОВОРНОСТ; ИКОМАНДИТНО

ДРУШТВО

Page 2: ТРГОВСКО ПРАВО

(1) Трговското друштво е правно лице во коешто едно или повеќе лица вложуваат пари, ствари или права во имот што го користат за заедничко работење и заеднички ја делат добивката и загубата од работењето.

(2) Трговското друштво самостојно трајно врши дејност заради остварување добивка.

  Разлика: „обичен“ облигационен договор – договор за трговско друштво – affectio societatis (Пример: излагање од метро)

Page 3: ТРГОВСКО ПРАВО

Друштва на лица Друштва на капитал

1. најчесто не се правни лица се правни лица

2. нема законска постапкa за инкорпорација

има постапка за регистрација

3. договорот е главен и единствен акт на друшт.

постои и статут

4. можен е отказ на договорот не е можен отказ на договор

5. нема друштво на едно лице можно е друштво со едно лице

6.основната главнина не е битен елемнт

основната главнина и нејзиното одржување е битен елемент на друштвото, посебно кај АД

7.поедноставно е да се врати влог влог не се враќа, освен по исклучок

8.неограничена одговорност на содружници

ограничена одговорност

9. со ограничено траење перпетуални, трајни

10.ограничување на содружници во поглед на основање други трговски друштва како содружници со неограничена одговорност (чл. 29)

по правило нема ограничувања

Page 4: ТРГОВСКО ПРАВО

11. сите содружници управуваат (редовно работ)

Сепарација на сопственост од управување

12. се форсира консензуалност на одлучување

принцип на мнозинство во одлучување

13. лични односи на доверба intuitu personae помеѓу содружниците имаат приоритет

повеќе erga omnes односи, без личен белег

14. поизразен приватно-правен елемент поизразен јавен елемент The State As a Lender of a Last Resort

15. може да се вложат труд и услуги труд и услуги не може да се вложат

16. тешка преносливост на удели лесна преносливост на удели

17. Приоритет на постојни содружници при пренос

нема ограничувања

18. удели не се изразуваат во ХоВ акциите се ХоВ

19. престанок на содружник влијае на опстанок на друштвото

содружнички однос не влијае на опстанок на друштво

Page 5: ТРГОВСКО ПРАВО

ЈАВНО ТРГОВСКО ДРУШТВО (1)- ПОИМ И ОСНОВАЊЕ -

• Историски развој:- корени во римското право;- развој на трговијата во средниот век.

• Дефиниција според ЗТД:Јавното трговско друштво (ЈТД) е трговско друштво во кое се здружуваат две или повеќе физички и правни лица кои на доверителите за обврските на друштвото им одговараат неограничено и солидарно.

Page 6: ТРГОВСКО ПРАВО

ЈАВНО ТРГОВСКО ДРУШТВО (2)- ПОИМ И ОСНОВАЊЕ -

Друштвото се основа со Договор за друштвото во кој што прецизно се определуваат односите помеѓу содружниците, а уписот на ЈТД во трговскиот регистар има конститутивно дејство.

ЈТД може да врши дејност поврзана со занимање за кое е потребна соодветна квалификација ако некој од содружниците или вработените има соодветна квалификација, освен ако со закон е предвидено сите или поголем дел од содружниците да ја поседуваат пропишаната квалификација за дејност.

Page 7: ТРГОВСКО ПРАВО

ЈАВНО ТРГОВСКО ДРУШТВО (3)- ПРАВНИ ОДНОСИ МЕЃУ СОДРУЖНИЦИТЕ -• Правните односи меѓу содружниците се определени

со Договорот на друштвото. • Обврски на содружниците: - внесување на влогови (пари, предмети, права, труд

и услуги)- забрана на конкуренција (содружник не смее да учествува во друго друштво или да склучува договори за своја сметка кои се однесуваат на предметот на работење на друштвото)- совесно постапување (секој содружник треба во работите што ги врши друштвото да постапува со посебно внимание)

Page 8: ТРГОВСКО ПРАВО

ЈАВНО ТРГОВСКО ДРУШТВО (4)- ПРАВНИ ОДНОСИ МЕЃУ СОДРУЖНИЦИТЕ -

• Права на содружниците:

- право на управување и воgење на работите на gруштвото;

- право на глас;

- право на награgа;

- право на gобивка и учество во загуба;

- право на известување.

Page 9: ТРГОВСКО ПРАВО

ЈАВНО ТРГОВСКО ДРУШТВО (5)- ОДНОСИ НА ДРУШТВОТО СО ТРЕТИ ЛИЦА -

• Застапување на друштвото – секој содружник е овластен да го застапува друштвото, но со договорот може да се определи еден или повеќе содружници да го застапуваат друштвото (самостојно или колективно).

• Лична одговорност на содружниците – лична, солидарна и неограничена.

• Правна положба на доверителите кон содружниците.

Page 10: ТРГОВСКО ПРАВО

ЈАВНО ТРГОВСКО ДРУШТВО (6)- ПРЕСТАНОК НА ЈТД -

ЈТД може да престане со:• истекот на времето за коешто е основано;• одлука донесена од сите содружници;• отварање на стечајна постапка над јавното друштво;• смрт на било кој од содружниците, односно со

престанок на содружник правно лице;• правосилна судска одлука;• отказ на некои од содружниците.

Истапување и исклучување на содружник од друштвото.

Page 11: ТРГОВСКО ПРАВО

КОМАНДИТНО ДРУШТВО (1)- ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ И ПОИМ -• Историски развој:- се развива во средниот век од договорот „commenda”

а особено се применувало во поморската трговија.

• Дефиниција според ЗТД:Командитното друштво е друштво во кое се здружуваат две или повеќе лица од кои најмалку еден содружник одговара за обврските на друштвото солидарно и неограничено (комплементар), а најмалку еден содружник одговара за обврските на друштвото само до износот на запишаниот влог во друштвото (командитор).

Page 12: ТРГОВСКО ПРАВО

КОМАНДИТНО ДРУШТВО (2)- ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ И ПОИМ -• Командтиното друштво се основа со договор кој го

склучуваат основачите во писмена фомра.

• Содржината на договорот е определена во ЗТД.

• Комплементарите мора да ги имаат својствата што треба да ги има трговецот, и се сметаат за трговци, додека командиторите го немаат тој статус.

• Основачи можат да бидат домашни и странски физички и правни лица.

• Влогот на членовите на друштвото може да биде во пари, предмети и права пресметани во парична вредност.

Page 13: ТРГОВСКО ПРАВО

КОМАНДИТНО ДРУШТВО (3)- ПРАВНИ ОДНОСИ МЕЃУ СОДРУЖНИЦИТЕ -

Внатрешни односи:• односите меѓу комплементарите се идентични со

однoсите меѓу содружниците на ЈТД;• командиторите немаат право на водење на работи и

застапување на фирмата;• командиторите имаат право да учествуваат во

делбата на добивката;• комантиторите имаат право да ја контролираат

работата на друштвото;• управувањето и водењето на работите на друштвото

им припаѓа на комплементарите.

Page 14: ТРГОВСКО ПРАВО

КОМАНДИТНО ДРУШТВО (4)- ПРАВНИ ОДНОСИ МЕЃУ СОДРУЖНИЦИТЕ -

Надворешни односи на членовите на друштвото се манифестираат преку:

• фирма;• застапување; и • гаранции на членовите.

Page 15: ТРГОВСКО ПРАВО

КОМАНДИТНО ДРУШТВО (5)- ПРЕСТАНОК НА КД -

Командитното друштво престанува да постои поради:

• истекот на времето за коешто е основано;• одлука донесена од сите содружници; • смрт или престанок на комплементар;• стечај над комплементар;• отказ на комплементар;• правосилна одлука на суд;• губење на деловната способност на комплементар;• одзамње на дозволата за вршење на дејност; и • други случаи определени со закон и со договорот за

друштвото.

Page 16: ТРГОВСКО ПРАВО

КОМАНДИТНО ДРУШТВО СО АКЦИИ (1)

• Командитното друштво со акции е такво друштво чија основна главнина е раздлена на акции, а го основаат еден или повеќе комплементари, кои одговараат неограничено и солидарно за обврските на друштвото со сиот свој имот и командитори кои имаат својство на акционери и не одговараат за обврските на друштвото.

• Командитното друштво со акции се разликува од обичното командитно друштво по тоа што командиторите се всушност акционери.

Page 17: ТРГОВСКО ПРАВО

КОМАНДИТНО ДРУШТВО СО АКЦИИ (2)

• Командитното друштво со акции има хибридна природа поради двојната положба на членовите.

• Фирмата на командитното друштво со акции ги содржи зборовите „командитно друштво со акции“ или кратенката „КДА“.

• Друштвото се основа со нотарски заверен договор.

• Највисок орган на одлучување е собранието во кое што учествуваат комплементарите и командиторите.

• Комплементарите управуваат со КДА.

Page 18: ТРГОВСКО ПРАВО

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (1)- ПОИМ И КАРАКТЕРСИТИКИ -

• Развој:- настанало како потреба од комбинирање на

карактеристиките на персонално дштво и друштво на капитал.

• Дефиниција според ЗТД:Друштво со ограничена одговност (ДОО) е трговско друштво во коешто едни или повеќе физички и правни лица учествуваат со по еден влог во однапред договорена основна главнина на друштвото.

Page 19: ТРГОВСКО ПРАВО

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (2)- ОСНОВАЊЕ НА ДРУШТВОТО -

• ДОО се основа со договор на друштвото, чија што содржина е определна со ЗТД, што го склучуваат сите основачи, нотарски заверен.

• Ако друштво го основа едно лице договорот се заменува со изјава за основање.

• Симултано основање на друштвото.• Постпка за основање – поднесување пријава за

упис на основањето во трговскиот регистар• Едношалтерски систем – Централен регистар.

Page 20: ТРГОВСКО ПРАВО

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (3)- ОСНОВНА ГЛАВНИНА НА ДОО И УДЕЛИ НА СОДРУЖНИЦИТЕ -

• Основната главнина на друштвото се состои од збирот на влоговите на содружниците.

• Влогот може да биде паричен или непаричен, но не може да биде во форма на труд и услуги.

• Поединечниот влог не може да биде помал од 100 евра во денарска противвредност.

• „Влог на содружник“ наспроти „удел на содружник“.

Page 21: ТРГОВСКО ПРАВО

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (4)- ОСНОВНА ГЛАВНИНА НА ДОО И УДЕЛИ НА СОДРУЖНИЦИТЕ -

• Уделот на содружникот се определува според големината на влогот што го презел содружникот, освен ако со договорот на друштвото не е поинаку определно.

• Потврда за удел, книга на удели.

• Содружниците располагаат со уделите под услови утврдени во договорот за друштвото.

• Уделот може да биде поделен само во случај на пренос на удел, правно следбеништво и при наследување.

• Повеќе сосопственици може да имаат еден удел.

• Друштвото може да стекнува сопствени удели под услови определени во ЗТД.

• Друштвото може да зема во залог удел на содружник во друштвото за којшто во целост е платен преземениот влог.

• Уделот може да биде повлечен само во случаи определени во договорот на друштвото.

Page 22: ТРГОВСКО ПРАВО

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (5)- ИЗМЕНА НА ДОГОВОРОТ НА ДРУШТВОТО, НАМАЛУВАЊЕ И ЗГЛЕМУВАЊЕ НА ОСНОВНАТА ГЛАВНИНА -• Договорот на друштвото може да се измени само со

одлука на содружниците, донесена најмалку со ¾ мнозинство од вкупниот број на гласовишто ги имаат содружниците во друштвото.

• Зголемување на основната главнина:

- ефективно (внес на нови влогови);

- номинално (прераспределба на имотот).

• Намалување на основната главнина:

- враќање на влоговите на содружниците;

- намалување на номиналните износи на влоговите;

- потполно или делумно ослободување од обврската за целосна уплата на влоговите.

Page 23: ТРГОВСКО ПРАВО

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (6)- АКТИ, ДОКУМЕНТИ И ИНФОРМИРАЊЕ НА СОДРУЖНИЦИТЕ -

• Друштвото во своето седиште мора да ги чува документите определени со член 210 од ЗТД.

• Секој содружник има право на пристап до актите, докуметите и информациите на друштвото.

• Пристап до актите, документите и инфомрациите со одлука на суд.

Page 24: ТРГОВСКО ПРАВО

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (7)- ОБВРСКИ И ПРАВА НА СОДРУЖНИЦИТЕ -

Обврски на содружниците:- уплата на влогот;

- дополнителни доплати;

- споредни дејства;

- лојално однесување.

Права на содружниците:– право на управување;– право на контрола;– право на добивка;– право на ликвидационен дел.

Page 25: ТРГОВСКО ПРАВО

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (8)- ИСТАПУВАЊЕ И ИСКЛУЧУВАЊЕ НА СОДРУЖНИК -

• Истапување наспроти исклучување на содружник.

• Според ЗТД истапување, односно исклучување на содружник може да биде:

- ако тоа е утврдено со договорот на друштвото;

- содружникот со тужба може да бара пред надлежен суд истапување од друштвото;

- секој содружник во друштвото може да поднесе тужба за исклучување на содружник од друштвото.

Page 26: ТРГОВСКО ПРАВО

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (9)- СОБИР НА СОДРУЖНИЦИ -

• Собирот на содружници го сочинуваат сите содружници.

• Надлежностите на собирот на соружници се определени со член 215 од ЗТД.

• Собирот на содружници го свикува управителот, еднаш годишно.

• Дејствија од името на содружникот може да врши застапник со писмено полномошно заверно кај нотар.

Page 27: ТРГОВСКО ПРАВО

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (10)- ОДЛУЧУВАЊЕ ПРЕКУ ДОПИШУВАЊЕ -

• Одлучување преку допишување, вклучувјќи и одлучување по електорнски пат ако тоа е определено во договорот на друштвото.

• Предлог на одлуката им се соопштува на содружниците во писмена форма со образложение и се определува примерен рок за изјаснување, кој не може да биде покус од 24 часа, ниту подолг од 8 дена.

• Ако содружникот не одговорил се смета дека гласал против предлогот.

Page 28: ТРГОВСКО ПРАВО

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (11)- ОДГОВОРНОСТ ЗА ДОНЕСЕНИТЕ ОДЛУКИ, НИШТОВНОСТ И ПОБИВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ -

• Ако содружниците донесат одлука за која знаеле или за која морале да знаат дека ги поврдеува интересите на друштвотото, одговараат неограничено и солидарно за штетата настаната со таа одлука.

• Со тужба може да се бара утврдување на ништовност на одлука донесена на собир на осдружници или преку допишување, под услови утврдени во ЗТД.

• Во ЗТД предвидени се посебни начини на заштитата на правата на малцинските содружници.

Page 29: ТРГОВСКО ПРАВО

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (12)- УПРАВУВАЊЕ СО ДРУШТВОТО -

• Со друштвото управува управител, односно управители (физичко лице кое е деловно способно) и го застапува друштвото во односите со трети лица.

• За избор на управител одлучуваат содружниците на собир на содружници.

• Управителот, неговото овластување за застапување на друштвтот и сите промени, без одлагање се запишуваат во трговскиот регистер.

• Управителот е должен да ги води работите на друштвото со внимание на совесен и уреден трговец, да ја чува деловната тајна на друштвото и има забрана на конкуренција.

• Управителот може во секое време да биде отповикан со одлука на содружници.

Page 30: ТРГОВСКО ПРАВО

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (13)- НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА ДРУШТВОТО-

• Со договорот за друштвото може да се предвиди образување на надзорен одбор, односно избирање контролор кој врши надзор над работењето на друштвото

• Собирот на содружници ги избира и отповикува членовите на надзорниот одбор односно контролорот

• Надзорниот одбор се состои од најмалку три членови• Во договорот за друштвото може да се определат работи

кои што не може да се вршат без одобрение на надзорниот одбор односно на контролорот

• Вршење на НЕПОСРЕДЕН НАДЗОР од страна на содружниците

Page 31: ТРГОВСКО ПРАВО

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (14)- ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ ОСНОВАНО ОД ЕДНО ЛИЦЕ -

• Прв пат е воведено во Германија во 1981 година со измените на Законот за друштва со ограничена одговорност

• ДООЕЛ е регулирано и со Дванаесетата Директива на Европската Унија од 1989 година

• ЗДТ предвидува формирање на друштво со ограничена одговорност основано од едно лице кое е едниствен содружник

• Ограничување: Физичко лице не може да биде единствен содружник во повеќе друштва со ограничена одговорност

Page 32: ТРГОВСКО ПРАВО

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (15)- ПРЕСТАНОК НА ДОО -

• Друштво со ограничена одговорност престанува да постои со:

1. истекување на времето опреgелено во gоговорот за gруштвото;

2. оgлука на соgружниците;

3. присоеgинување на gруштвото кон gруго gруштво, спојување со gруго gруштво, оgносно со поgелба;

4. стечај на gруштвото; и

5. оgлука на суgот.

Page 33: ТРГОВСКО ПРАВО

ПРАШАЊА???

Page 34: ТРГОВСКО ПРАВО

ЛИТЕРАТУРА:

а) задолжителна:учебник “Трговско право” од Д-р Александар Николовски и Д-р Снежана Плавшиќ, Скопје, 2005 година(стр. 25 - 73)

б) дополнителна:Закон за трговските друштва (“Сл.в.на РМ” број 28/04; 84/05; Одлука на Уставниот суд на РМ- "Сл.в.на РМ" бр. 71/06; 25/07; 87/08, 17/09 (Одлука на Уставниот суд на РМ ), 23/09 (Одлука на Уставниот суд на РМ ), 42/2010, 48/2010 24/2011 и 166/2012)

Презентација број 1: ОПШТО ЗА ТРГОВСКОТО ПРАВО 22