ДНЕВНИК ТОЧКА ПЕ ДЕ ЕФ

13
УНИВЕРЗИТЕТ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈАРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ - Практика 1 - код 2.15.4 ДНЕВНИК практиката е реализирана од _______09.06.2014_______ до ________20.06.2014________ во проектанска фирма:______________ __ ___БИЛД ДООЕЛ________ __ ____________ Студент Предметен наставник (Александар Кочовски 7027) Проф. Д-р Страхиња Трпевски ________________________________________________________________________ кредити _________ 2

Upload: -

Post on 24-Dec-2015

38 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

journal of a fictional apprenticeship

TRANSCRIPT

Page 1: ДНЕВНИК ТОЧКА ПЕ ДЕ ЕФ

УНИВЕРЗИТЕТ “СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ” АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

- Практика 1 - код 2.15.4

ДНЕВНИК

практиката е реализирана од _______09.06.2014_______ до ________20.06.2014________ во

проектанска фирма:______________ __ ___БИЛД ДООЕЛ________ __ ____________

Студент Предметен наставник (Александар Кочовски 7027) Проф. Д-р Страхиња Трпевски ________________________________________________________________________

кредити _________

2

Page 2: ДНЕВНИК ТОЧКА ПЕ ДЕ ЕФ

Содржина

Покрај содржината и начинот на пополнување на Дневникот за Летнатапрактика 1 (прилог на веб страната на Факултетот www.arh.ukim.edu.mk), студентот треба да направи увид во Законот за градење на РМ,Службен весник бр.130 од 28.10 2009 година, и измени на Законот, Службен весник на РМ бр.59 од 20.04.2011 (веб страница на Службен весник: www.slvesnik.com.mk)

- Поглавје III, чл. 15, 16, 17, 18, 19; Поглавје IV, од чл. 43 дочл. 50 и Поглавје V, од чл.56 до чл.67

- практика 1 - IV семестар/код 2.15.4

Page 3: ДНЕВНИК ТОЧКА ПЕ ДЕ ЕФ

-2-

- практика 1 - IV семестар/код 2.15.4

ПРВ ДЕН (09.06.2014)

Име на фирма: Целосен назив на фирма: друштво за производство, услуги и промет БИЛД ДООЕЛ експорт-импорт СкопјеКратко име:БИЛД ДООЕЛФирмата е основана на 27.11.2002 година, со број на регистрација 0809-50/150120140033867Фирмата има: - Лиценца Б за проектирање со број П.251/Б важечка од 02.06.2009 до 02.06.2016;- Лиценца А за проектирање на градби од прва и втора категорија со број П.091/А важечка од 02.06.2009 до 02.06.2016;- Лиценца за изработување урбанистички планови бр. 0014 важечка од 05.12.2008 до 05.12.2018.За добивање на лиценца А за проектирање, правното лице е потребно да достави: - доказ дека е регистрирано за вршење на соодветната дејност и - доказ дека има вработено најмалку тројца инженери од кои еден со овластување А за проектирање и еден со овластување Б за проектирање.Со барањето за добивање на лиценца Б за проектирање, правното лице потребно е да достави: - доказ дека е регистрирано за вршење на соодветната дејност и - доказ дека има вработено најмалку двајца инженери од кои еден со овластување Б за проектирање.

Page 4: ДНЕВНИК ТОЧКА ПЕ ДЕ ЕФ

-3-

- практика 1 - IV семестар/код 2.15.4

ВТОР ДЕН (10.06.2014)

Фирмата има вкупно 19 вработени, од кои 7 се архитекти.Работното време на фирмата е од 9 до 17 часот, од понеделник до петок.Приоритетна дејност: 43,39 – Останати градежни работиДруги дејности: регистрирани дејности во надворешно-трговскиот промет

Page 5: ДНЕВНИК ТОЧКА ПЕ ДЕ ЕФ

-4-

- практика 1 - IV семестар/код 2.15.4

ТРЕТ ДЕН (11.06.2014)

Фирмата во моментов работи на следните проекти:

Основен проект за мала хидроелектрична централа со реф.бр. 1, дел од ХС Бошава, КО Страгово и КО Ваташа, Општина КавадарциОсновен проект за мала хидроелектрична централа со реф.бр. 2, дел од ХС Бошава, КО Страгово и КО Ваташа, Општина КавадарциОсновен проект за мала хидроелектрична централа со реф.бр. 3, дел од ХС Бошава, КО Страгово и КО Ваташа, Општина КавадарциОсновен проект за мала хидроелектрична централа со реф.бр. 4, дел од ХС Бошава, КО Страгово и КО Ваташа, Општина КавадарциОсновен проект за мала хидроелектрична централа со реф.бр. 5, дел од ХС Бошава, КО Страгово и КО Ваташа, Општина КавадарциОсновен проект за Магацин „Жито Алтан“ с.Петровец,Основен проект за станбен објект на ул. Загребска, бр.15, КП 11317/6 и КП 11319/2, Општина Центар

Page 6: ДНЕВНИК ТОЧКА ПЕ ДЕ ЕФ

-5-

- практика 1 - IV семестар/код 2.15.4

ЧЕТВРТ ДЕН (12.06.2014)

Ми беше даден увид во следните готови основни проекти:

Основен проект за Антенски систем за контрола и мониторинг на радиофрекфенции на територијата на Република Македонија

Основен проект за КПУ Затвор Скопје, општина Шуто Оризари

Page 7: ДНЕВНИК ТОЧКА ПЕ ДЕ ЕФ

-6-

- практика 1 - IV семестар/код 2.15.4

ПЕТТИ ДЕН (13.06.2014)

Процесот на проектирање на еден објект започнува со одредување на проектанти и распределба на одговорностите меѓу нив. Се работи врз основа на барањата на инвеститорот, од кого проектантите добиваат проектна програма која ги содржи сите програмски барања.Доколку објектот кој се гради е од категорија Б, се бара ДУП од Општината, односно ДУПД, ако објектот е од А категорија, за да се работи врз основа на тие податоци.Откако ќе се изработи основниот проект, се изработува тектуален опис на објектот кој содржи информации за намената на ојектот, начинот на функционирање итн. и предмер, кој служи за евалуација на цената за изградбата на објектот.

Page 8: ДНЕВНИК ТОЧКА ПЕ ДЕ ЕФ

-7-

- практика 1 - IV семестар/код 2.15.4

ШЕСТИ ДЕН (16.06.2014)

Содржина на фаза А:

Фазата А е составена од следните делови:

- Основен дел со информации за: - Регистрација на проектантското претпријатие - Лиценца на носителот на проектна документација - Решение за назначување на проектанти - Овластувања на проектантите

- Програмски дел (проектна програма)

- Локациски дел кој содржи извод од ДУПД

- Проектен дел, кој содржи: - Текстуален дел - Технички опис - Предмер- Графички дел (технички цртежи)

Page 9: ДНЕВНИК ТОЧКА ПЕ ДЕ ЕФ

-8-

- практика 1 - IV семестар/код 2.15.4

СЕДМИ ДЕН (17.06.2014)

Ревизија на основниот проект во зависност од карактеристиките на градбата, треба да се спроведе во поглед на исполнување на основните барања за градбата.Ревизијата на основниот проект задолжително се врши во поглед на механичката отпорност, стабилност и сеизмичката заштита на градбите.Ревидентот за извршената ревизија на проектот е должен да состави извештај во писмена форма и да го завери ревидираниот проект.Ревизијата на основниот проект задолжително се врши на сите фази од основниот проект.Ревизијата ја врши ревидент кој има овластување А и/или овластување Б за вршење ревизија.За вршење на ревизија на градби од прва категорија, Комората на овластени архитекти и инженери издава овластување А за ревизија на проектна документација, а за градби од втора категорија овластување Б за ревизија на проектна документација.

Page 10: ДНЕВНИК ТОЧКА ПЕ ДЕ ЕФ

-9-

- практика 1 - IV семестар/код 2.15.4

ОСМИ ДЕН (18.06.2014)

Одобренијата за изградба на објекти од прва категорија ги издава Министерство за транспорт и врски.Одобренијата за изградба на објекти од втора категорија ги издава надлежната Општина.Со барањето за изградба инвеститорот дигитално ги поднесува следните документи кај надлежниот орган:- извод од детален урбанистички план или урбанистички план за вон населено место или урбанистички план за село или државна односно локална урбанистичка планска документација, а за линиските инфраструктурни градби проект за инфраструктура заверен од надлежен орган;- архитектонско-урбанистички проект заверен од надлежен орган доколку со урбанистичкиот план или државната односно локалната урбанистичка планска документација е предвидена изработка на овој проект;- основен проект во три примероци со извештај за ревизија на основниот проект или писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект доколку истиот е изработен во странство;- идеен проект доколку истиот претходно е доставен и одобрен;- доказ за право на градење и- геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште.

Page 11: ДНЕВНИК ТОЧКА ПЕ ДЕ ЕФ

-10-

- практика 1 - IV семестар/код 2.15.4

ДЕВЕТТИ ДЕН (19.06.2014)

Носител на правото на градење е правно или физичко лице сопственик на земјиштето на кое се гради градбата, или лице на кое сопственикот на земјиштето му го пренело правото за градење.Инвеститорот може да одреди правно лице со дозвола за тоа да биде управител на градба.Проектантот, кој е регистриран во Централниот регистар на Р.М., е должен проектот да го изработи согласно со стандардите за проектирање и е одговорен за усогласеноста на проектите со условите за градење. Проектантот, за проектирање на градби од прва категорија треба да има лиценца А за проектирање, а за градби од втора категорија лиценца Б за проектирање. Во случај на постоење на повеќе проектанти, се назначува еден главен проектант.Ревизија на основниот проект во зависност од карактеристиките на градбата, треба да се спроведе во поглед на исполнување на основните барања за градбата.Проектна документација претставува севкупност на меѓусебно усогласени студии, проекти, елаборати, анализи, експертизи и друга документација, со која се утврдува концепцијата и се дефинира техничкото решение на градбата, се разработуваат условите и начините на изградбата и се обезбедуваат нејзината технолошка функција, предвидената трајност и услови за употреба.Проектната документација содржи општ дел во кој се даваат генералиите на објектот, информации за инвеститор и проектант. Основниот проект е збир на меѓусебно усогласени проекти со кои се дава техничко решение на градбата, се прикажува поставеноста на градбата во локацијата и исполнувањето на основните барања за градбата и истиот се изработува врз основа на извод од детален урбанистички план или урбанистички план за вон населено место или урбанистички план за село или државна односно локална урбанистичка планска документација, а за линиските инфраструктурни градби врз основа на проект за инфраструктура. Изведувањето на градби од членот 57 на овој закон може да започне со издавањето на одобрение за градење. Одбренијата за градба ги издава надлежниот орган (надлежното Министерство за објекти од прва категорија, а надлежната Општина за објекти од втора категорија). Инвеститорот е должен писмено да го пријави започнувањето на изградбата до надлежниот орган, градежната инспекција и инспекцијата на трудот, пред започнувањето на изградбата. Инвеститорот е должен да ги назначи изведувачот и правното лице за вршење надзор со определен надзорен инженер.

Page 12: ДНЕВНИК ТОЧКА ПЕ ДЕ ЕФ

-11-

- практика 1 - IV семестар/код 2.15.4

ДЕСЕТТИ ДЕН (20.06.2014)

Во текот на мојата пракса во фирмата, се стекнав со знаења за начинот на основање и работа на едно проектантско биро. Научив нови нешта со кои не бев запознаен во досегашниот тек на моето образование. Се запознав со начинот на тимска работа во рамките на една фирма и дознав многу за обврските и одговорностите кои ги носи една проектанска фирма. Научив како се изготвува еден основен проект, се запознав со законите и прописите кои мора да се следат при проектирањето на еден објект, сите постапки кои се поминуваат, од барање на основни информации за локацијата од Општината од деталните урбанистички планови, до процесите за добивање одобрение за градба. Ова искуство ќе биде од големо значење за мојот понатамошен развој и ќе влијае на начинот на кој понатаму ќе ги учам работите во текот на моето факултетско образование.

Page 13: ДНЕВНИК ТОЧКА ПЕ ДЕ ЕФ