бисера, желание и голапче

7
ПОЕЗИЈАТА НА ПОЕЗИЈАТА НА КОНСТАНТИН КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ МИЛАДИНОВ

Upload: skate99

Post on 17-Jul-2015

620 views

Category:

Education


10 download

TRANSCRIPT

Page 1: бисера, желание и голапче

ПОЕЗИЈАТА НА ПОЕЗИЈАТА НА КОНСТАНТИН КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВМИЛАДИНОВ

Page 2: бисера, желание и голапче

БИСЕРАБисеро моме, Бисеро,

шчо носиш бисер на грло?Твоето грло хубаво

и от дробнаго бисерахилјада пати побело.

 Бисеро моме, Бисеро,

зашчо со бисер покриваштвоето грло хубаво?

Ја нејку бисер да баца,тук сака твоето грло.

 Бисеро моме, Бисеро,

за кого нижиш бисерот?За кого готвиш дарои?Ја дарој бисер не сака,тук сака мома Бисера.

Page 3: бисера, желание и голапче

АНАЛИЗАМотив: љубовен

Форма: три строфи од по пет стиха-осмерциИзразни средства: -епитет

-реторско прашање -реторско обраќање

-рефрен, градација, хиперболаВо првата строфа поетот ја прашува Бисера зошто носи бисери, кога не и се потребни да ја разубават, нејзиното грло е побело и од бисер.Во втората строфа поетот ја открива својата намера да го бакнува нејзиното грло, односно ја открива својата љубов.Во третата строфа поетот и кажува на Бисера дека ја сака само неа, дека не му се потребни никакви материјални богатства.

Page 4: бисера, желание и голапче

ЖЕЛАНИЕ

Кога ке доит при мене

Кога ке седнит до мене

Така си велеф ката ден.

Ја кога дојде у мене -

как ке излеза пред неја

Да не би дошла никога

Page 5: бисера, желание и голапче

АНАЛИЗАМотив: љубовен

Форма: две строфи од по три стиха - осмерциИзразни средства: -симплоха

-реторско прашање

Во првата строфа поетот го изразува својот копнеж по саканата и исчекувањето да ја види.Во втората строфа се појавува и колебање, поетот почнува и да се плаши од средбата (можеби смета дека не е доволно добар за неа и не знае како би се однесувал). На крај одлучува дека најдобро е да не се сретнат и посакува таа воопшто да не дојде.

Page 6: бисера, желание и голапче

ГОЛАПЧЕГолапче, мало хубаво, голапче златокрилесто,

кога ти дојде при мене? И кога в часот побегна?

Уште ја глас ти не слушнаф, уште те арно не видоф.

Дан' ми се, мило налјути? Дан' ми се добро насрди

заш не ти хубост пофалиф? заш не ти крилја помазниф?

Ела ми, мило, ела ми, ела ми сега при мене.

Ја ке ти хубос пофалам, и ке ти крилја помазнам,

ја ке те тебе назобам се со дробнаго бисера,

ја ке те чува секога, мое ми мило, в пазува!

Page 7: бисера, желание и голапче

АНАЛИЗАМотив: обраќање кон саканата

Форма: две строфи, по пет и четири стиха - шеснаесетерциИзразни средства:-епитет

-реторско прашање -симбол -анафора

Во првата строфа поетот го прашува гулапчето зошто избегало, и се обвинува себеси дека поради тоа што не му обрнал доволно внимание тоа му се налутило.Во втората строфа го моли да се врати, и дека ако се врати ќе му надомести, ќе го сака и чува засекогаш.