загадување на околината

6

Click here to load reader

Upload: stamenkova

Post on 12-Jul-2015

449 views

Category:

Education


2 download

TRANSCRIPT

Page 1: загадување на околината

Загадувањето во МакедонијаЗагадувањето во Македонија

Page 2: загадување на околината

Загадувањето во Скопје според Загадувањето во Скопје според последните информации ( 2011)последните информации ( 2011)

Скопје и дефинитивно е најзагадениот град во светот. Според податоците на Светската здравствена организација од пред извесно време, во светот најзагаден е градот Ахваз во Иран со 372 микрограми ПМ10 прашина на метар кубен, но во моментов според веб

страницата на Град Скопје – „Скопје дише„ во главниот град на Македонија оваа прашина е застапена со 433 микрограми на метар кубен.

Инаку границата на СЗО за ПМ10 е 50 микрограми на метар кубен воздух.

Статистиката на светот вели дека градови во Иран, Индија, Пакистан и Монголија имаат најлош квалитет на воздухот. Најзагаден воздух во светот има иранскиот град Ахваз, а

според СЗО, најздрав воздух има во делови од Соединетите американски држави и Канада.

Микроскопските честички, наречени ПМ10, можат да се вгнездат длабоко во белите дробови и се многу канцерогени, соопштуваат од СЗО.

Page 3: загадување на околината

Скопје лежи на 10.000 тони отров - надлежните Скопје лежи на 10.000 тони отров - надлежните спијат. Сите зборуваат за прашината, а линданот спијат. Сите зборуваат за прашината, а линданот

од ОХИС не' отруод ОХИС не' отру ( според податоци од 2011 година) ( според податоци од 2011 година)

Скопје лежи на 10.000 тони отров - надлежните спијат. Сите зборуваат за прашината, а линданот од ОХИС не' отру

Скопскиот воздух не е загаден само со прашина, туку и со испарувања од несоодветно складираниот опасен отпад на линдан во фабриката ОХИС.

Според професорот на Институтот за хемија, Трајче Стафилов овој загадувач е неоправдано игнориран, бидејќи последиците од него се катастрофални за здравјето на луѓето. Инсектицидот, кој веќе неколку децении е забранет во огромен број држави во светот, се' уште се наоѓа во дворот на некогашниот

хемиски капацитет. Еколошката бомба која е број еден на листата на жешките точки во нашата земја, може да биде причинител на голем број болести што ги

мачат скопјани.

Линданот е високо канцерогена хемикалија која има специфичен мирис. За нејзиното присуство во воздухот во околината на ОХИС сведочат и жителите на населбите кои гравитираат кон капацитетот. Особено се чувствува во лето,

кога при високи температури има и поголеми испарувања, но и во зимски услови, како сегашните, кога скопската магла не дозволува струење на

воздухот, па сите загадувачи се задржуваат во градот.

Page 4: загадување на околината

Вредноста на линдан во воздухот во Скопје е од 1.700 Вредноста на линдан во воздухот во Скопје е од 1.700 до 3.000 пикограми на кубен метар, за разлика од до 3.000 пикограми на кубен метар, за разлика од

Лазарополе каде што е помала од 100Лазарополе каде што е помала од 100

Page 5: загадување на околината

Што превземаат властите од Што превземаат властите од градот ?!градот ?!

Градските власти ќе формираат координативно тело кое ќе дава препораки и ќе презема мерки во рамки на своите

надлежности за да се подобрат состојбите со аерозагадувањето. Ова вчера го најави градоначалникот

Коце Трајановски по редовната координација со општинските колеги на која една од темите за дискусија

била и состојбата со воздухот. На координацијата присуствувал и државниот секретар во Министерството за

животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова, со цел, како што истакна Трајановски, Градот и

надлежните институции да се координираат за ублажување на состојбата со квалитетот на воздухот.

Page 6: загадување на околината

Користена литература :

весници од 2011 година

википедиа.

Изработила Марија Т.

Oнур Амет 8 В ОДД

Наст. м-р. Слаѓана Т Стаменкова