неспецифичен имунитет весна карчевска

7
НЕСПЕЦИФИЧЕН ИМУНИТЕТ

Upload: fesna

Post on 01-Jul-2015

421 views

Category:

Education


3 download

DESCRIPTION

:)

TRANSCRIPT

Page 1: неспецифичен имунитет  весна карчевска

НЕСПЕЦИФИЧЕН ИМУНИТЕТ

Page 2: неспецифичен имунитет  весна карчевска

ШТО Е ИМУНИТЕТ?

Имунитетот е способност на организмот да дава отпор на болести со идентификација и уништување на туѓи супстанци или организми. Иако сите животни имаат некои имуни можности, малку се знае за немамалискиот имунитет. Цицачите се заштитени со различни заштитни механизми, од кои некои се неспецифични (на пример, бариери каква што е кожата), а другите се високоспецифични (на пример, одговорот на антителата).

Page 3: неспецифичен имунитет  весна карчевска

НЕСПЕЦИФИЧНА ОДБРАНА

Под неспецифична одбрана се подразбира борење на организмот кон повеќе болести.Неспецифичната одбрана вклучува физички и хемиски бариери, воспалителен одговор и интерферони. Физички бариери можат да бидат недопрената кожа и мукозните мембрани. Бариерите се потпомогнати од различни антимикробни хемикалии во ткивата и течностите. Пример за таква супстанца е лизозимот, ензим присутен во солзите кој ги уништува клеточните мембрани на одредени бактерии.

Page 4: неспецифичен имунитет  весна карчевска

ПРВА ОДБРАНБЕНА ЗОНА НА ОРГАНИЗМОТ

Кожата и лигавицата, на повеќе места во организмот, додека се неоштетени, обезбедуваат заштита од навлегувањето на пантогените преку :

Page 5: неспецифичен имунитет  весна карчевска

* Трепчестите и мукозните мембрани во респираторниот систем ( ги филтрираат навлезените честички и ги движат кон гркланот , од каде што се отстрануваат) ;

* Секретите на егзокрините жлезди во кожата , усната празнина и другите системи ( преку присуството на ензимот, лизозим, масните продукти, амонијак и уреа, интерферон,пропердин и др. )дејствуваат антимикробно ;

* Киселата реакција на желудечниот сок ( со присуство на хлороводородната киселина ги уништува бројните микроорганизми кои навлегуваат во храната) ;

* Нормалната бактериска флора која ја населува усната празнина, голтката, вагината во женскиот генитален систем и сл. ( попречува бројни патогени извори и го држи под контрола бројот на микроорганизмите).

Page 6: неспецифичен имунитет  весна карчевска

ВТОРА ОДБРАНБЕНА ЗОНА НА ОРГАНИЗМОТ

- Кога природните бариери ( кожата и лигавицата ) ќе се оштетат , се овозможува навлегувањето на микроорганизмите во организмот.

- Тогаш во одбраната се вклучуваат :

Page 7: неспецифичен имунитет  весна карчевска

* Фагоцитите ( неутрофилните, еозинофилните леукоцити и моноцитите ), кои се присутни во циркулацијата. Тие ги напуштаат крвните садови, навлегуваат во ткивата на местото на повредата или од нив излегуваат по пат на диапедеза и со фагоцитоза ги дигестираат бактериските клетки.

* Интерферонот е протеин кој го продуцира организмот како одговор на вирусната инфекција. Се појавува во различна форма и не е специфичен за одделни вируси. Тој ја спречува репродукцијата на вирусите се додека не се вклучи имунолошкиот систем за да ги разгради инфицираните клетки.