крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок

10

Upload: fesna

Post on 01-Jul-2015

1.781 views

Category:

Education


3 download

DESCRIPTION

:)

TRANSCRIPT

Page 1: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок
Page 2: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок

Една од функциите на крвотокот е да ги пренесува материите низ телото со посредство на крвта.Крвта се состои од течност наречена плазма што содржи бели крвни зрнца, црвени крвни зрнца и крвни плочки.

Page 3: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок

Големиот Крвоток е кружно движење на крвта од левата комора на срцето,преку аортата, другите помали артерии, крвните капилари и вените до десната преткомора.Бидејки во левата страна на срцето има оксидирана крв, таа преку комората т.е. преку артеријата аорта излегува, оди до сите органи и ткива и преку вената во десната предкомора се враќа редуцирана крв.

Page 4: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок

Малиот крвоток кај птиците и цицачите е циркулација на крвта од десната комора на срцето, преку белодробните артерии до белите дробови, каде што се врши размена на гасовите (јаглерод диоксид и кислород). Оксидираната крв (крвта богата со кислород) преку белодробните вени се враќа во левата преткомора на срцето. Од левата преткомора крвта оди во левата комора каде што започнува големиот крвоток.

Page 5: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок

Крвен притисок е притисок на крвта врз ѕидовите на крвните садови и е еден од

основните витални знаци. Крвниот притисок е резултат на две сили: едната е

создадена од срцето кое пумпа крв низ циркулаторниот систем, а другата е

силата на артериите кои се спротиставуваат не крвотокот. За време на секое чукање на срцето, крвниот притисок

се менува од максимален (систолен) до минимален (дијастолен).

Page 6: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок

Средниот крвен притисок, заради пумпањето на срцето и отпорот во крвните садови, се

намалува како што крвта којашто кружи се движи од срцето низ артериите.

Тој има најголем пад во малите артерии и артериолите и продолжува да се намалува како што крвта се движи низ капиларите и

назад до срцето преку вените. Гравитацијата, залистоците во вените и пумпањето од

контракцијата на скелетните мускули се некои од другите влијанија врз крвниот притисок во

различни места во телото.

Page 7: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок

Доколку притисокот се мери со апарат со

живин столб, вредноста 120/80

означува дека високиот

(систоличниот) притисок е 120 мм

живин столб, а нискиот

(дијастоличен) има вредност од 80 мм

живин столб.

Page 8: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок

Вредностите на крвниот притисок се менуваат под влијание на различни

внатрешни и надворешни фактори, на пример: хормонални промени, физички напор, промена на емотивната состојба,

болка и тн.

Page 9: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок

Доколку ви се извршени неколку мерења со вредност над 120/80, веројатно страдате од висок крвен притисок (прехипертензија или хипертензија):

* Прехипертензија – вредности меѓу 120/80 и 139/89* Прва фаза на хипертензија – вредности меѓу 140/90 и 159/99* Втора фаза на хипертензија – вредности над 160/100

•Колку се поголеми вредностите на крвниот притисок, толку е поголем ризикот од инфаркт и други сериозни здравствени нарушувања.

Page 10: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок

- Одржувајте здрава телесна тежина.- Користете храна која содржи ниски нивоа на масти и холестерол, избегнувајте црвено месо и рафинирани шеќери.- Внесувајте доволно зеленчук и овошје, како и млечни производи со ниска масленост.- Помалку сол во исхраната.- Намалете внес на кофеин.- Бидете физички активни и одете редовно на лекарски прегледи.