ачка гачка

32

Upload: mekici

Post on 24-Jun-2015

438 views

Category:

Education


1 download

TRANSCRIPT

Page 1: ачка гачка
Page 2: ачка гачка

Необјавено мини издание

Новогодишен подарок за сите млади читатели

Page 3: ачка гачка

На син ми МИЛАНДа не му исчезне

насмевката мила...

Page 4: ачка гачка

Светислав РАКИЌ

ЧИРИ БУЧИРИ БА

поезија за деца

2008

Page 5: ачка гачка

АЧКА ГАЧКА – КАРАКАЧКА

Ачка Гачка – Каракачказа појадок еже смачка...

До ручек уште брав и страчка,две лисици и дива мачка.

За вечера волк и мечка,печен слон сосе печка

Се што сретна смачка Ачка,се што виде спастри Гачкано пак е гладна Каракачка- ненаситна Ачка Гачка.

Леле боже што да прави,леле боже што да чинигладот како да го смири!?

Се досети Ачка Гачка,везден гладна каракачка:Кога нема веќе страчки,ежиња и диви мачкикога нема веќе мечкислонови и стари печки,Ачка Гачка – Каракачкареши сама да се смачка.

Page 6: ачка гачка
Page 7: ачка гачка

ЧИРИ БУ – ЧИРИ БА

Чири бу – чири баПес ќе прави колиба!

Желби силни место гредиСобрал вполе две - три педи,Цел ден в сенка, ене, седи,Во мислите сал ги реди.

Чири бу – чири ба,Леле каква колиба!

Ветрец тивко штом ќе пирнеИ низ гранки лач ќе ѕирнеЌе го фати, ќе го скротиМеѓу греди ќе го вплоти...

Чири бу – чири баШто ќе му е колиба!?

Два – три лакти густа сенкаСкаени под стара дренкаПокрив широк ќе му бидатДур горештини да минат.

Чири бу – чири баПес ќе прави колиба!

Page 8: ачка гачка
Page 9: ачка гачка

ОРТАКЛУК

Со мрзата се здружив лесно,во креветот се пружив чесно:хектар ипол вертер ниваизорав со мољња дива,и пет коли магла густаисплевив од гора пуста.

После тоа: три товарива греб фалби натоваривпа со сонот под перницаудрив страшна итаницада ожнеам од улицатри шиника виулица,да ја однесам воденица,воденица – ветерница,бело снеже да сомеламгладни усти да нахранам.

Со мрзата се здружив леснона креветот се пружив чесно,но креветот стар и лошме искриви ко прачка в кош

- го продавам за грош,го продавам за грош...

Page 10: ачка гачка
Page 11: ачка гачка

СТРАВ

Дур и болен јас сум голем,Ептен силен ден штом згине.

Стодрам важен, ока страшенШтом ќе слезеш в подрум мрачен.

Час сум студен, час, пак, студен,В твојте мисли везден буден.

Ваму – таму сал се мувамБостан, лозје вредно чувам.

Шушкам, врескам, штрекам, ѕиркамНиз прозорец ноќе ѕиркам.

Коски тропам, в срце копамМраз те мразнам и те потам.

Како лист те в гора тресам,Ако в мракот сам те стрефам.

Уште можам – в мало дупчеСлон да втерам како глувче.

Се да слушнам, се да видамСегде носот да го пикнам.

Слава имам и кај лав- јас сум, дете, чичко Страв.

Page 12: ачка гачка
Page 13: ачка гачка

.ЧУДНО МИ ЧУДО

Чудно ми чудо да дресираш брав,Да скротиш тигар, да острижеш лав,Но ај да те видам биди јунак здравПа скроти, да речеме, една ока страв.

На стравот ѕвонче, врзи му на вратотДа трепери ѕвони ноќе крај патот,И очила, две сонца, на очите клај муИ закон над закони ти ваков дај му:

„Дур ѕиркаш ноќе, в соба кај детеНа златни игли сон да му плетеш,Од сенки ко плашила што играат в мракотБарбики напрај, играчки накот!“

Е, ај да ТЕ видам дал си јунак здрав? (БАТКА)

Page 14: ачка гачка
Page 15: ачка гачка

ОП ТРОП

Оп - тротГрмна топ,Удри в небо дебел поп- Попот рикна,Сонце бликна,Бело цвеќеВ поле никна...Оп - тропНе бил попТуку облакГрадски смог.

Page 16: ачка гачка
Page 17: ачка гачка

ШУШ, ШУШ, ШУШУЛЧЕ

Шуш,шуш, шушулченешто шушна в грмувче...

Сет се смалив како зрно сам пред тоа страшно чудо:

Што ли ќе е – волк ил мечкаили пострашна од нив ѕверка?

Ниту волк бил, ниту мечка,ни пострашна од нив ѕверка,туку простум оклоп влечка една стара баба желка.

Шуш, шуш, шушулче,баш сум мало будалче...

Page 18: ачка гачка
Page 19: ачка гачка

ТРПИ, ТРПИ, ТРПАНЕ

Трпи, трпи, ТрпанеНа времето стопане!

Еден чичко на ѕид штрака:штрака – трака, штрака – трака.

Дење – ноќе нешто брои- вода стои, тој не стои.

Тика – така, тика така,времето го в неврат враќа.

Будно око везден имаи во лето и во зима.

Тој на одмор право нема,ниту секунда не дрема.

Зарем глава не го боли,зарем сонот не го мори.

Штрака – трака, штрака – тракаотчукува на лева рака.

Page 20: ачка гачка
Page 21: ачка гачка

РОДЕНДЕН СЕ СЛАВИ

Зошто денес денот светналтолку јасно, толку силно,зошто сончко в злато блеснал- куќи, згради згрнал милно:

Зошто мама цел ден пее,кај ќе мини радост сее,нешто в кујна вкусно печеко немирна вода тече?

А пак, тато ита брза,сегде стига тој без мрза- полни торби пазар прави,ко да нешто ќе се слави?

Зошто денес Мики самода одмора има право,на телефон врти, бира,кај роднини телефонира?

Многу зошто уште можатво недоглед да се сложат,но одговор сал има еденденес Мики слави роденден...

Page 22: ачка гачка
Page 23: ачка гачка

НЕ Е ВИЦ НИТУ ШЕГА

Не е виц, ниту шегапес пред зајак овде бега!

Кумчо волчо држи пости,бело јагне милно гости.

Тетка лиса сее житода и биде петле сито.

На топола праски зреат,штрк и жаба в дует пеат.

Среде лето снежец снежи,мачор се од глувче ежи.

Не е виц, ниту шега,што не било бива сега...

Од далечна Априлилијапоздрав праќа Емилија.

Page 24: ачка гачка
Page 25: ачка гачка

НОВА ГОДИНА

Стара баба беззабаво пензија ќе оди,место неа годинанова ќе се роди.

Елката е стокменажелби рој се ројатполна санка даровив ноќта бела бродат

Весели сме ситепесна силно ечи:

здравје, радост, благодет, секој нека сети,

Page 26: ачка гачка
Page 27: ачка гачка