гаметогенеза весна карчевска

13
ГАМЕТОГЕНЕЗА ГАМЕТОГЕНЕЗА

Upload: fesna

Post on 22-Jun-2015

449 views

Category:

Education


6 download

DESCRIPTION

:)

TRANSCRIPT

Page 1: гаметогенеза  весна карчевска

ГАМЕТОГЕНЕЗАГАМЕТОГЕНЕЗА

Page 2: гаметогенеза  весна карчевска

- Гаметогенеза е процес на созревање на машките и женските полови клетки.- Се одвива во репродуктивниот систем на единките и започнува кога од герминативниот епител на семените каналчиња од тестисите кај мажите, односно јајчниците кај жените се создаваат првобитните сперматогонии или оогонии, кои се диплоидни.

Page 3: гаметогенеза  весна карчевска

* Созревањето на женските гамети - јајце клетки се вика оогенеза.

* Создавањето и созревањето на машките гамети – сперматозоиди се вика сперматогенеза.

Page 4: гаметогенеза  весна карчевска

ООГЕНЕЗАООГЕНЕЗА

Page 5: гаметогенеза  весна карчевска

Оогенеза е процесот на создавање и созревање на ооцитите (јајце клетките). Тој се одвива во овариумите. На крајот од овој процес се добива зрела хаплоидна јајце клетка.

Page 6: гаметогенеза  весна карчевска

Уште пред раѓањето, во ембриогенезата, кај жената се создаваат околу 2 милиони првобитни незрели јајце клетки од герминативниот епител, настанати по пат на митоза, а познати под името оогонии. Тие се сместени во примордијални фоликули (јајнички меурчиња). Со нивно растење се добиваат примарни ооцити. По пат на прва мејотичка делба се создаваат секундарни јајце клетки и една нефункционална хаплоидна клетка - прв полоцит.

Page 7: гаметогенеза  весна карчевска

Јајце клетките во ваков вид остануваат во мирување сѐ до пубертетот. Во овој период од развитокот кај жената се создава првата зрела јајце клетка и има можности за оплодување.

Page 8: гаметогенеза  весна карчевска

Во меѓувреме, бројот на незрелите јајце клетки се намалува на 300 - 400.000. Од нив, во периодот на половата зрелост остануваат околу 400, од кои по правило на секои 28 денови созрева по една јајце клетка, процес попознат како оваријален циклус.

Page 9: гаметогенеза  весна карчевска

Во понатамошните фази од оогенезата, секундарниот ооцит (јајце клетката) со втора мејотичка делба се поделува на јајце клетка и втор полоцит. Првиот полоцит може, а и не мора да помине низ втората мејоза. Доколку се подели и тој, се добиваат и три полоцити (еден од делбата на секундарниот ооцит и две од првиот полоцит). Доколку во претходната фаза настане оплодување, следува фаза во која јајце клетката преминува во зигот. Трите полоцити дегенерираат.

Page 10: гаметогенеза  весна карчевска

СПЕРМАТОГЕНЕЗАСПЕРМАТОГЕНЕЗА

Page 11: гаметогенеза  весна карчевска

Сперматогенеза е процесот на создавањето и созревањето на машките гамети - сперматозоиди. Тој се одвива во семените каналчиња на тестисите. Сперматозоидите се создаваат од клетките на герминативниот епител што ги обложува ѕидовите на каналчињата.

Page 12: гаметогенеза  весна карчевска

Создадените сперматогонии од герминативниот епител се делат по пат на митоза во тестисите и се добиваат два примарни сперматоцити, кои, како и сперматогониите се диплоидни.

Page 13: гаметогенеза  весна карчевска

- Со прва мејоза, сперматоцитите се делат на два секундарни сперматоцити, кои се хаплоидни. - Со втора мејоза на секундарните сперматоцити се создаваат четири незрели хаплоидни сперматиди, од кои со спермиогенеза се диференцираат четири зрели сперматозоиди.