систем за директно вбризгување

14
СОУ “Јосиф Јосифовски” Проектна задача по предметот Возила и механизација Тема: Систем за директно вбризгување ментор : изработил : проф. Михаил Гелов Благоја Марков

Upload: viktor-gorgiev

Post on 29-Jul-2015

680 views

Category:

Documents


3 download

TRANSCRIPT

Page 1: систем за директно вбризгување

СОУ “Јосиф Јосифовски”

Проектна задача по предметот

Возила и механизација

Тема:

Систем за директно вбризгување

ментор : изработил :

проф. Михаил Гелов Благоја Марков

Гевгелија, 2012

Page 2: систем за директно вбризгување

Содржина

1. Вовед.........................................................................................................3

2. Систем за директно вбризгување.......................................................4

2.1. FSI Директно вбризгување на бензинот од Volkswagen..................6

2.2 TSI - директно вбризгување на бензин и двојно полнење................6

2.3 Common rail технологија за 21 век.....................................................7

3. Заклучок ................................................................................................10

4. Користена литература ........................................................................11

1.Вовед

2

Page 3: систем за директно вбризгување

Моторот со внатрешно согорување е мотор во кој согорувањето на горивото

се одвива во цилиндар во внатрешноста на моторот. Во мотор со внатрешно

согорување, секогаш се создава висока температура и збиени гасови кои ги

подвижуваат мобилните елементи на моторот како клип и турбина. Терминот

мотор со внатрешно согорување најчесто се однесува на мотор со наизменично

согорување како познатите четиритактни и двотактни клипни мотори и нивни

варијанти како ротационите мотори Венкел.

Поголемите бензински мотори кои се користат за автомобили, преминуваат

на системите со вбризгување на гориво. Дизел моторите отсекогаш работеле со

овој систем затоа што прецизниот распоред на вбризгување го предизвикува и

контролира согорувањето. Моторите кои работат на автогас користат или систем

со вбризгување или карбуратор со пеперутка.

Пресек на автомобилски мотор со означени делови во боја

2.Систем за директно вбризгување

3

Page 4: систем за директно вбризгување

Горивото согорува побрзо и подобро во присуство на воздух. Течните

горива мораат да бидат атомизирани за да создадат смеса од гориво и воздух

што обично се право со помош на карбуратор во бензински мотори и со

вбризгување кај дизел моторите. Многу модерни бензински мотори сега работат

со вбризгување, иако технологијата кај нив е многу поразлична. Ако кај дизелот

вбризгувањето мора да се одвива во прецизен рок, тоа не е толку важно за

бензинските мотори. Сепак, недостатокот од подмачкувачи во бензинот значи

дека вбризгувањето мора да биде пософистицирано.Системот за директно

вбризгување пред се користи поради тоа што имаме намалена потрошувачка на

гориво, намалено е загадувањето на животната средина а воедно и се зголемува

моќноста на возилото.

Приказ на вбризгувач на гориво кај моторите со внатрешно согорување

Во поново време повеќе производители на автомобили, изработуваат

поцофистицирани мотори со директно вбризгување, со што сакаат да ја намалат

потрошувачката на гориво, и воедно да ја зголемат моќноста на возилата. Ќе

4

Page 5: систем за директно вбризгување

наведеме неколку производители на автомобили и ќе наброиме неколку модели

на дизел и бензински мотори со директно вбризгување.

Моторите со директно вбризгување имаат степен на компресија 14 - 20.

Најголемиот дел од просторот за согорување е сместен во вдлабнатината на

клипот. За да се намалат топлотните губитоци, просторот за согорување требе да

има што помала површина. На тој начин, топлотниот степен на искористување се

подобрува, а тоа поволно се одразува и на горивната економичност и ладното

стартување на моторот. Во просторот за согорување (во вдлабнатината на

клипот) под многу висок притисок (до околу 2000 ваг) низ вбризгалката со повеќе

мали отвори се вбризгува гориво. Горивото се пали од вжеште- ниот воздух и

многу брзо согорува поради што овие мотори работат тврдо. Тврдата работа на

моторот, работа со нагли зголемувања на притисокот во цилиндарот и бучавоста,

се ублажува со подобро мешање на горивото со воздухот. Тоа се остварува со

посебно обликуван влезен канал за воздух и вдлабнатина во клипот кои

предизвикуваат виорно движење на воздухот во цилиндарот.

2.1 FSI Директно вбризгување на бензинот од Volkswagen

5

Page 6: систем за директно вбризгување

FSI , иновативното директно вбризгување на бензинот од Volkswagen, се

одликува со високиот степен на делување и натпросечна искористеност. FSI

мотори овозможуваат пониска потрошувачка на околината и поголемо

задоволство во возењето. 2.0 FSI Турбо во новиот Golf GTI, најмладиот и

најпотентниот член на палетата од Volkswagen со директно вбризгување на

бензинот, е уште еден доказ на правиот потенцијал на FSI техниката.

Кај директното вбризгување на бензинот, горивото директно се вбризгува во

просторот за согорување. Тука исто така се зборува за внатрешно создавање на

смесата, затоа што запаливата смеса на горивото и воздухот се создава дури во

просторот за согорување. За разлика од конвенционалниот Ото-мотор со

надворешната припрема на смесата , кај кој што вбризгувањето на горивото и

создавање на смесата се одвива во усисната цевка, значи надвор од цилиндарот.

За доводот на воздухот во просторот на согорување FSI моторот Volkswagen

развил посебна геометрија на просторот за согорување. Покрај тоа при работниот

од, директното вбризгано гориво во илјадатинката од секунда се меша со дотокот

на воздухот. На тој начин моторот реагира исклучително спонтано на притисокот

на возачот врз папучата за гас.

2.2 TSI - директно вбризгување на бензин и двојно полнење

Со 2.0 FSI турбо моторот во моделот Golf GTI Volkswagen го претстави

својот прв мотор со директно вбризгување на бензин и турбо полнач на издувните

гасови. Со TSI техниката сега Volkswagen го активира вториот степен: резултат е

агрегат на врвната технологија со голема јачина и силен вртежен момент со ниска

потрошувачка. Новиот 1.4 TSI мотор поврзаноста ја отсликува со TDI

6

Page 7: систем за директно вбризгување

технологијата - не само со својот назив. Единствена карактеристика на TSI

техниката која Volkswagen ексклузивно како прв и единствен производител во

светот ја нуди, комбинацијата на директно вбризгување на бензинот со двојно

полнење. "Двоен полнач" („Twincharger“), е механички полнач кој во комбинација

со дополнителниот турбо полнач на издувните гасови обезбедува јачина од 90

kW, односно 121 КС по литар на работна зафатнина, што е врвна вредност помеѓу

сериските 4-цилиндрични мотори за патничките возила. Максималниот вртежен

момент од 240 Nm на располагање ви стои веќе од 1.500 В/min и го задржува ова

високо ниво се до 4.500 В/min. Оваа вредност одговара на силата на

вшмукувачкиот мотор со работна зафатнина од околу 2,3 l. Во споредба со нив

потрошувачката на 1.4 TSI моторот е за околу 20 проценти помалку. Golf GT е прв

автомобил со TSI техника. TSi моторот од 170 КС со потрошувачка од 7,2 l на 100

km се покажа исклучително штедлив. За моделите на Golf, Jetta и Touran веќе сега

на располагање ви стои друга варијанта на TSI мотори со 103 kW/140 КС и

максималниот вртежен момент од 220 Nm. Моделот Golf Plus може да се добие со

варијантите на TSI моторот од 140 и 170 КС. Volkswagen во иднина планира

примена на TSI техниката и на другите модели.

2.3 Common rail технологија за 21 век

7

Page 8: систем за директно вбризгување

Од сите алтернативи за гориво кои им се достапни во доцните 90-ти,

common rail вбризгувањето стана прв избор. Бош има произведено 1000000 само

една година по појавувањето на комон реил на пазарот, додека во 2000 година,

достигна бројка од три милиони. Од 1997 година Mercedes-Benz 220 CDI и Alfa

Romeo 156 JTD станаа првите автомобили со оваа иновација. Системот има

обезбедено доследно висок притисок на вбризгување на 1350 бар на сите

цилиндри, обезбедени од страна на комон реил. Common rail систем за првпат

овозможи повеќе инјекции.

Во 2003 година Бош ја претстави својота трета генерација common rail

систем за вбризгување со пиезоелектрични инјектори линија. За разлика од

неговите претходници, овој систем е за понатамошно намалување на

потрошувачката на гориво и емисија на штетни гасови на дизел мотори, како и

намалување на буката во возилото.Во 2005 година Германскиот сојузен

претседател ја додели наградата за иднината на производството на специјалистот

Бош. До денес, Бош комон реил има опремено над 66 милиони мотори.

Сите водечките европски производители на автомобили го воведоа дизел

погонот во своите модели во средината на 1970-тите. Дизајнираа различни дизел

прототипови за да се демонстрира практичност на дизел гориво во секојдневна

употреба. Опел во 1972 година на тестот нивниот автомобил на дизел Opel GT

урна 20 меѓународни и две апсолутни рекорди за автомобили во сите категории,

дизелot на Мерцедес предизвика големо воодушевување во светот со моделот

C111-III во 1978 година. Мерцедес постави девет брзински рекорди во италијански

Nardo, каде атрактивниот прототип моделот C111-III достигна максимална брзина

од 338 км/ч и просечна брзина од 325 км/ч. Овој успех се базира на

петцилиндарскиот мотор тогаш новиот Mercedes-Benz 300D.

8

Page 9: систем за директно вбризгување

Исто така познат е и новиот Common Rail систем систем за директно

вбризгување на дизел што го одржува притисокот низ целиот довод на гориво.

Електрониката на моторот го подесува притисокот и вкремето на вбризгување

според брзината на вртежи и оптеретувањето на моторот.

Шема на Common rail системот

9

Page 10: систем за директно вбризгување

3.Заклучок

Според наведеното во оваа проектна задача можеме да видиме дека

директното вбризгување е системот на кој моментално се базираат моторните

возила а тоа ќе продолжи и во иднина, поради тоа што ефективноста на моторите

кои го користат овој систем е многу поголема, намалена е потрошувачката а

зголемена е моќноста на самите возила, ова се однесува не само на дизел

возилата туку и на бензинските мотори кај кои овој систем заедно со

електронските системи придонесуваат за подобрување на самите мотори.

10

Page 11: систем за директно вбризгување

4.Користена литература

http://nikolavujic.weebly.com/uploads/3/4/8/0/3480733/

sistem_za_ubrizgavanje_benzina.pdf

http://koli.com.mk/forum_nov/showthread.php?t=1622

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D1%82%D0%BE%D1%80_

%D1%81%D0%BE_%D0%B2%D0%BD

%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%BE_%D1%81%D0%BE

%D0%B3%D0%BE%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5

http://www.vw.com.mk/rund_um_vw/innovation/motoren/fsi/fsi/

http://www.vw.com.mk/rund_um_vw/innovation/motoren/tsi/tsi/

http://www.nissan.com.mk/hrv/page.asp?v=pojmovnik

http://en.wikipedia.org/wiki/Common_rail

11