ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

62
ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ ОДСЕК – СОЦИОЛОГИЈА Дипломска работа ТЕМА: „Сиромаштија, социјална исклученост и општествена нееднаквост“ 1

Upload: elvirapomak

Post on 28-Jul-2015

2.647 views

Category:

Documents


1 download

TRANSCRIPT

Page 1: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ

ОДСЕК – СОЦИОЛОГИЈА

Дипломска работаТЕМА:

„Сиромаштија, социјална исклученост и општествена

нееднаквост“

МЕНТОР : СТУДЕНТ:

Доц. Др. Сунај Раими Елвира Помак

Тетово, 2011

1

Page 2: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

СОДРЖИНА

Содржина ......................................................................................................................2

Вовед ..............................................................................................................................3

Сиромаштија ................................................................................................................5

- Поим на сиромаштијата ....................................................................................5

- Димензии на сиромаштијата ............................................................................8

- Апсолутни димензии на сиромаштијата .........................................................8

- Релативни димензии на сиромаштијата ..........................................................9

- Причини за сиромаштијата .............................................................................10

- Полот и сиромаштијата ...................................................................................11

- Расизмот и сиромаштијата ..............................................................................14

- Сиромаштијата во Македонија .......................................................................16

Социјална исклученост .............................................................................................19

- Поим на социјалната исклученост .................................................................19

Општествена нееднаквост ........................................................................................21

- Поим на општествената нееднаквост ............................................................21

- Објаснувања за општественаа нееднаквост ..................................................25

- Преку Божјата волја .........................................................................................25

- Преку вродените природни разлики .............................................................25

- Преку општествената поделба на трудот ......................................................26

- Класи .................................................................................................................26

- Касти .................................................................................................................28

- Сталежи ............................................................................................................29

- Слеви ................................................................................................................30

- Видови на општествената нееднаквост ........................................................32

- Парадигми на социјалната нееднаковст низ историјата ............................33

- Општествена стратификација .......................................................................36

- Општествена стратификациона скала ..........................................................37

Заклучок ...............................................................................................................39

Благодарница ......................................................................................................40

Користена литература .......................................................................................41

2

Page 3: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

ВОВЕД

Во оваа дипломска работа имаме можност да се запознаеме со

сиромаштијата, социјалната исклученост и општествената нееднаквост. Борбата

против сиромаштијата претставува еден од најголемите проблеми во нашата

држава но исто така претставува еден од најголемите светски проблеми на

денешницата. Тоа претставува една од причините за пишувањето на оваа тема за

мојата дипломска работа.

Во првиот дел се објаснува сиромаштијата како причина за неправдите,

маргинализацијата, социјалната исклученост и општествената нееднаквост. Таа има

различни манифестации, вклучувајќи недостаток на приходи и производни ресурси

за обезбедување одржливи средства за живот, глад и неисхранетост, нарушено

здравје, ограниченост или непостоење на пристап до образование и други основни

услуги, зголемена чувствителност и смртност од болести, бездомништво и

несоодветно домување, небезбедна околина и социјална дискриминација и

ексклузија.

Сиромаштијата ја дефинираме со апсолутни димензии кога на индивидуата

и недостигаат нужните ресурси за опстанок и релативни димензии каде што се

работи за разликите во нивото на материјалните ресурси односно нееднаквости во

нивната распределба во општеството.

Во овој дел се објаснети и причините за сиромаштијата. Како една од

димензиите на сиромаштијата се наведуваат и структуралните нееднаквости на

општеството базирани на полот, религијата, етницитетот и расата. На крајот на овој

дел се објаснува сиромаштијата во Р. Македонија.

Во вториот дел се објаснува социјалната исклученост. Постојат три значења

на овој термин. Првото го дефинира социјалното исклучување во однос на

социјалните права. Второто во однос на социјалната изолација од поширокото

општество и третото во ситуации на екстремна маргинализација.

Третиот дел е наменет за општествената нееднаквост каде се објаснува

поимот на општествената нееднаквост како постоење на разлики и нееднаковсти

3

Page 4: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

помеѓу луѓето, кои се условуваат од општествените фактори од економски,

политички или културен тип.

Постојат три објаснувања за општествената нееднаквост и нив ги

објаснуваме а тоа се: Преку Божјата волја; Преку вродените разлики ; Преку

општествената поделба на трудот. Оваа општествена поделба предизвика раѓање на

класите, кастите, сталежите и слоевите кои подетално се објаснуват.

Во делот каде се објаснуваат видовите на општествената нееднаквост

правиме разлика помеѓу вертикалната и хоризонталната диференцијација.

Постојат три форми на социјална нееднаквост. Прва форма на социјална

нееднаквост се јавува во робовладетелскиот систем, и тука постојат три видови на

ропство: традиционално, античко и источно ропство. Втората се јавува во

феудалниот систем а третата во капиталистичкиот и во секоја од овие форми се

објаснува социјалната нееднаквост.

На крајот на оваа дипломска работа ја објаснуваме општествената

стратификација и ја прикажуваме општествената стратификациона скала.

4

Page 5: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

СИРОМАШТИЈА

Поим на сиромаштијата

Сиромаштијата е негирање на основните човекови права и нејзиното

сузбивање треба да биде преокупација за сите општества. Неправдите,

маргинализацијата, социјалното отуѓување, нееднаквоста, која сиромаштијата

особено екстремната сиромаштија ги предизвикува, мора да бидат сузбиени, а

економскиот напредок, социјалната правда и мирот мора да продолжат да се

зацврстуваат. Екстремната сиромаштија денес погодува повеќе од 1,2 милијарди

луѓе низ целиот свет. Борбата против сиромаштијата денес претставува еден од

најгорчливите светски проблеми на денешницата. Овој проблем иако е најизразен

во земјите од третиот свет, во Азија, Латинска Америка и Африка, се уште е

присутен и во економски развиенитe делови од светот како САД и Европската

унија.

Постојат повеќе дефиниции за сиромаштијата. Една од најинтересните

дефинирања на сиромаштијата е од аспект на човековите права а наедно и

најкомплицирана, бидејќи не претставува збир на статистички податоци, туку има

сосема поинаква димензија во која клучната улога ја има конотацијата базирана од

нешто. Првиот обид сиромаштијата да се дефинира од оваа гледна точка е направен

од Отец Вресински, според која сиромаштијата е човечка особина

окарактеризирана со константна или хронична лишеност од ресурси, способности,

избори, сигурности и моќ неопходни за уживање адекватен стандард на живеење и

други граѓански, културни, економски, политички и социјални права.

Сиромаштијата има многу аспекти. Таа е еден од најбитните фактори што ги

условуваат квалитетот на животот и навремената реализација на човековите права.

Според Гордон Маршал сиромаштијата е состојба во која недостигаат

ресурси, обично материјални, но некогаш и културни. 1

1Маршал, Гордон, Оксфордски речник по социологија, МИ – АН, Скопје, 2004, стр.473.

5

Page 6: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Сиромаштијата има различни манифестации, вклучувајќи недостатоток на

приходи и пpоизводни ресурси за обезбедување одржливи средства за живот, глад

и неисхранетост, нарушено здравје, ограниченост или непостоење на пристап до

образование и други основни услуги, зголемена чувствителност и смртност од

болести, бездомништво и несоодветно домување, небезбедна околина и социјална

дискриминација и ексклузија.2 Децата кои израснале во сиромаштија во

седумдесетите години постојано постигнувале полоши резултати на училиште,

имале шест пати помала веројатност да продолжат со високо образование, еден и

пол пати поголема веројатност да бидат невработени и зарабоувале десет проценти

помалку во текот на нивниот живот за разлика од оние кои не искусиле

сиромаштија.

Како што покажуваат овие цитати, сиромаштијата се сфаќа како проблем и

на национално и на итернационално ниво. Тоа е проблем во кој не се работи само

за парите туку и за широк спектар форми на лишување и ексклузија, и тоа има

влијание врз нас не само сега туку и потенцијално и во текот на целиот наш живот.

Постојат многу дебати и несогласувања и помеѓу научниците и креаторите на

политиката за тоа како да се дефинира и мери сиромаштијата, без да се дојдe до

една точна, научна договорена дефниција. Сиромаштијата по својата природа е

оспоруван концепт. Сепак научниците, креаторите на политики, дури и

политичарите се согласуваат околу една работа – дека сиромаштијата е проблем.

Каква и дае дефиницијата или описот на сиромаштијата, каква и да е состојбата кон

која авторите на дефинициите и описите сакаат да ни го насочат вниманието,

основната порака е дека сиромаштијата не е само состојба туку е и неприфатлива

состојба.

Една студија за концептите на сиромаштијата, исто така ги опфаќа начините

на кои луѓето говорат за сиромаштијата и како ја визуелизираат, дискурсите на

сиромаштијата, како што е артикулирано преку јазикот и сликите. Овие дискурси

се конструирани во различни домени, политиката, академските кругови и

медиумите. Секое од овие влијае врз начините на кои сиромаштијата се сфаќа во

општеството. Обично поимањата поддржани од помоќните групи, наместо од тие

2 Алкок, Пит, Разбирање на сиромаштијата, Магор, Скопје, 2008, стр.4.

6

Page 7: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

кои ја искусуваат сиромаштијата, се рефлектирани во доминантните

концептирања.3

Дефинициите на сиромаштијата, засновани на средствата за егзистенција,

имаат значајна вредност при испитувањето на сиромаштијата во земјите од Третиот

свет при што меѓународните стандарди покажуваат дека општото ниво на

сиромаштија, мерено врз основа на средствата за живот, е многу високо, а некои

студии покажуваат дека речиси половината население во земјите со ниски приходи

живее во апсолутна сиромаштија.4

3 Листер, Рут, Сиромаштија, Академски печат, Скопје, 2009, стр. 14.4 Маршал, Гордон, Оксфордски речник по социологија, МИ – АН, Скопје, 2004, стр.474.

7

Page 8: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Димензии на сиромаштијата

Апсолутни димензии на сиромаштијата

Дефинирана со апсолутни термини, сиромаштијата значи состојба во која на

индивидуата и недостигаат нужните ресурси за опстанок.5 Апсолутната

сиромаштија се јавува во земјите на третиот свет и претставува недостаток на

доволни количества од храна и вода како основни човекови потреби неопходни за

преживување. Во овој случај социјалниот контекст и социјалните норми како

одредници на сиромаштијата не се земаат предвид бидејќи овој тип на сиромаштија

се определува преку голата човекова егзистенција како најзина граница. Во овој

случај значи станува збор не само за приходот кој е неопходен за да би се

обезбедила голата човекова егзистенција туку и за пристапот до определни

социјални услуги преку кои би се обезбедиле, на пример, безбедна вода за пиење

или здравствени услуги.

На луѓето им се потребни различни работи на различни места во зависност

од различните околности. На различните индивидуални потреби исто така ќе влијае

како луѓето живеат или го споделуваат просторот во кој живеат со други единки во

семејства или домаќинства. Раунтри прави разлика помеѓу примарна и секундарна

сиромаштија. Примарната сиромаштија се однесува на оние кои немаат пристап до

средствата за да ги задоволат своите основни потреби, секундарната сиромаштија

се однесува на оние кои ги имаат средствата, но не се способни да ги користат за да

се издигнат над нивото на основни средства за живот. Иако Раунтри направи

разлика помеѓу овие два поима, и двата ги нарекуваше сиромаштија.6

5 Маршал, Гордон, Оксфордски речник по социологија, МИ – АН, Скопје, 2004, стр.473.6 Алкок, Пит, Разбирање на сиромаштијата, Магор, Скопје, 2008.стр. 67

8

Page 9: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Релативни димензии на сиромаштијата

Овој концепт значително се разликува од претходно претставениот тип на

апсолутна сиромаштија и тоа особено во базичниот принцип на нејзиното

определување. Релативните дефиниции, најмногу почитувани од социолозите

упатуваат на индивидуален или групен кусок на ресурси во споредба со други

членови на општеството – со други зборови, нивниот релативен животен стандарад.

Бидејќи во случајот на релативната сиромаштија се работи за разлики во нивото на

материјалните ресурси – значи, нееднаквости во нивната распределба во

општеството – мерките на релативната сиромаштија не се пообјективни од оние на

апсолутната сиромаштија.7 Релативната сиромаштија е дефинирана како

недостаток од ресурси на определени поединци, семејства и групи да практикуваат

определен режим на исхрана, да учествуваат во определени општествени

активности и да имаат објекти и животни услови кои се вообичаени за општествата

на кои тие им припаѓаат. Преку оваа дефиниција може да се види дијаметралната

сопротивност при определувањето на двата основни типа на сиромаштија при што

едната се определува преку границата на преживување и е прифатена во

општествата со низок приход и релативно неразвиени општества, додека

релативната сиромаштија е карактеристична за државите со релативно висок

животен стандард. Поради големите разлики во определувањето на концептот на

сиромаштијата многу често поимот на релативна сиромаштија се заменува со

социјално повлекување или социјално отуѓување.

Апсолутните дефиниции за сиромаштијата мора да вклучуваат релативи

проценки и мислења за да бидат применети во одредено општество, а релативните

дефиниции бараат одредена апсолутна суштина за да се разликуваат од

пошироките нееднаквости. Доколку сакаме да ја задржиме сиромаштијата како

основа за анализа, мерење и политичко дејство, мора да ги избегнеме

недостатоците на двете дефиниции, или да се сосредоточиме на нивните

предности.8

7 Маршал, Гордон, Оксфордски речник по социологија, МИ – АН, Скопје, 2004, стр. 474.8 Алкок, Пит, Разбирање на сиромаштијата, Магор, Скопје, 2008, стр. 68.

9

Page 10: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Причини за сиромаштијата

Проблемот на сиромаштијата е објаснуван во повеќе правци. Според

структуралните објаснувања, оваа појава се анализира во општествен контекст.

Тука спаѓаат.

1. Класното објаснување – сиромаштијата е резултат на маргинализација на

група луѓе кои се исклучуват од производните процеси поради што се ограничуваат

нивните животни избори.

2. Административното објаснување – сиромаштијата се препишува на

грешките и на неефикасноста на државните служби.

3. Нееднаквоста – сиромаштијата е продукт на нееднаквоста во

општествената структура што имплицира демантирање на сите можности, пр, расна

и полова нееднаквост.

Патолошките објаснувања сиромаштијата ја препишуваат на карактерот и

поведението на сиромашните луѓе. Тука се вклучени.

1. Индивидуалистичко објаснување – сиромашните се навикнати да бидат

неадекватни, да прават лоши избори во животот, а со тоа и самите да си го

креираат својот животен стил.

2. Фамилијарното објаснување – верување дека сиромаштијата владее со

едно семејство и таквото сиромашно објаснување се одржува со генерации.

3. Супкултурно објаснување – културата на сиромашните ги учи

сиромашните да бидат поинакви и да се адаптираат на сиромаштијата заедно со

елеминирање на секаква амбициозност и верба.

10

Page 11: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Полот и сиромаштијата

Последиците од екстремната сиромаштија се чувствуваат насекаде низ

светот. Се до неодамна сиромаштијата била видена како недостаток на финансиски

средства и според тоа единствено логично решение бил економскиот развој.

Комплексноста на сиромаштијата долго време не била препознаена и никој не ја

споменувал можноста дека сиромаштијата може да е резултат на опсесија и

следствено на тоа нејзината редукција да бара и други решенија покрај

економскиот развој. Еден од најновите пристапи кон сиромаштијата што ја

признава нејзината комплексност и мултидимензионалност, е пристапот на

човековите права. Овој пристап, кој се развива паралелно со развојот на човековите

права нуди јасна законска рамка која што има потенцијал да ги “зајакне”

сиромашните и на тој начин да придонесе за намалување на сиромаштијата. Според

овој пристап сиромаштијата е пред се кршење на основните човекови права.

Понатаму, сиромаштијата вклучува повеќе димензии меѓу кои најзначајни се,

слабото здравје и неисхранетоста, неписменоста, невработноста и политичката

маргинализација. Во рамките на овие димензии се негираат човекови права како,

правото на квалитетна исхрана, правото на здравствена заштита, правото на

образование, правото на пристојна работа и секако политичките права и слободи.

Во последно време пристапот на човековите права, како една од димензиите

на сиромаштијата ги наведува и структуралните нееднаквости на општеството

базирани на полот, религијата, етницитетот и расата. Сите овие се важни фактори

коишто влијаат врз сиромаштијата и начинот на кој што таа е доживеана од

различните групи на луѓе.

Статусот на жените секако со себе носи многу недостатоци во споредба со

онаа на мажите во различни области на општествениот живот, вклучувајќи ги и

можностите за вработување, сопственоста, приходите и така натаму. За поголемиот

дел од жените општествените и економските придобивки на жените се утврдуваат

пред се од позицијата на нивното семејство а особено на главата на семејството.9

9 Giddens, Antony, Sociologjia, Çabej, Tiranë, 1997, стр. 228

11

Page 12: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Феминистите и женските групи константно докажуваат дека жените ја

искусуваат сиромаштијата многу посилно од мажите бидејќи половата нееднаквост

во политичката, социјалната, економската и културната сфера на животот е сеуште

многу изразена и тоа во корист на мажите. Отсекогаш имало очигледни историски

докази дека жените се предмет на дискриминација во домот, работата, кредитната

политика и имотното наследство. Многу економски политички институции се

дискриминаторски насочени кон жените, како резултат на традицијата и обичаите.

Поголемиот ризик на сиромаштија кај жените се должи на нееднаквиот статус на

жените на пазарот на трудот, пониските плати и помалите шанси за напредување во

кариерата.10

Сите наведени фактори се значајни елементи за зајакнување на жените како

посебно ранлива група и лесно може да се заклучи дека жените биле оневозможени

да имаат еднаков пристап со мажите до изворите на финансиски средства и

политичка моќ. Ова резултирало во социјална исклученост на жените како група и

овој историски факт денес многу им отежнува на жените (посебно на оние кои

живеат сами) да создадат услови за живот над границата на сиромаштијата.

Понатаму со прифаќањето на половата нееднаквост како една од димензиите на

сиромаштијата, многу прашања поврзани со потеклото на сиромаштијата и

начините на кои таа би се намалила би можеле да се одговорат. Сите различни

фактори кои што ја зголемуваат чувствителноста на жената кон сиромаштијата

претставуваат составни делови од феноменот наречен “феминизација на

сиромаштијата”. Според Чатагај, главните одлики на овој концепт се следниве:

- жените имаат повисока стапка на сиромаштија од мажите

- женската сиромаштија е потешка од онаа на мажот

- во последната деценија има тренд за зголемување на сиромаштијата кај жените

Половата дискриминација со која што жените се соочуваат при нивниот пристап

до здравствената заштита, образованието, пазарот на работна сила и недоволната

застапеност во политичката сфера се главните фактори што ја помагаат

феминизацијата на сиромаштијата.

10 Алкок, Пит, Разбирање на сиромаштијата, Магор, Скопје, 2008, стр. 139.

12

Page 13: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Поголемите одговорности на жените во однос на грижата за децата и за

возрасните кои не можат да се грижат за себе ги изложуваат на уште поголем

ризик од сиромаштија. Зависноста на жените од мажите создава идеолошка рамка

која може да ги зголеми шансите за сиромаштија кај жените.11

Постојат многу семејства меѓу работничката класа, каде што мажот е една

класа повисоко од онаа на жената, или се билатерални. Според студиите кои што

се спроведени за семејството, ние не можеме да имаме доверба дека секогаш треба

да ја земаме за соодветна работата на мажот како решавачка.12

11 Алкок,Пит Разбирање на сиромаштијата, Магор, Скопје, 2008, стр. 139.12 Giddens, Antony, Sociologjia, Çabej, Tiranë, 1997, стр. 229.

13

Page 14: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Расизмот и сиромаштијата

Дискриминацијата и обесправеноста на етничките малцинства се

вообичаени во поголем дел од, ако не и во сите, социјални структури. Широко

распространетиот расизам треба да биде сфатен како алузија на тоа дека

последиците од расизмот не претставуваат проблем, или пак не претставуваат

проблем кој треба да биде подложен на анализи и стратегиски реакции. Всушност

токму поради тоа што “расата” е многу важна особина на структурата на

сиромаштијата и нееднаквоста нејзиното влијание мора да биде вклучено во

сфаќањата и развојот на политиките во однос на ова прашање.

Малцинските етнички групи исто така имаат тенденција да бидат

непривилегирани во социјалната држава. Вклучени се бројни фактори. Тие се,

правила кои ја дискриминираат првата генерација на имигранти, универзални

услуги кои не успеваат да ги приспособат културните разлики, расни ставови меѓу

службениците и слаба побарувачка кај малцинските етнички општества.13

Меѓутоа она што во овој контекст се подразбира под поимот “раса” е

предмет на одредени дебати и во однос на терминологијата и во однос на

употребата на веќе прифатените термини. Оваа дебата веројтно не може да се

реши, поради тоа што, како што беше случајот и со дефинирањето на

сиромаштијата, значењето е тесно поврзано со пошироките теоретски и политички

прашања во однос на природата на проблемот и решението кое е соодветно за него.

Така, во Британија зборот раса означува боја на кожата и поточно разликата

помеѓу белата и црната кожа. 14 Црнците и припадниците на другите етнички

малцинства се соочуваат со обесправеност на пазарот на трудот преку повисокиот

степен ниски плати и повисоката стапка на невработеност кај некои одредени

групи. Постојат податоци кои покажуваат дека етничките малцинства се

обесправени во однос на социјалната заштита, бидејќи тие можат да бидат

исклучени од пристапот до некои бенефиции и се соочуваат со понизок степен на

13 Листер,Рут, Сиромаштија, Академски печат, Скопје, 2009, стр.84.14 Алкок, Пит, Разбирање на сиромаштијата, Магор, Скопје, 2008, стр. 154

14

Page 15: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

напредок. Социјалната ексклузија во однос на домување, здравството и

образованието исто така се прави врз основа на расната и етничката припадност, а

искусувањето на расизмот за голем дел од црнечкото и другите етнички

малцинства вклучува и други аспекти од социјалната ексклузија. Поопшто

“расното малтретирање и расистичкиот криминал се широко распространети”, тие

“може да креираат состојба на страв” и да придонесат за оопштественото

исклучување на малцинските етнички групи.15

Непријателското однесување засновано врз расата е секојдневен товар на

дел ако не и на целокупното црно население. Припадниците на белото население

никогаш не би можеле да ја сфатат тежната на овој товар, а многумина од нив не се

во состојба ниту да го препознаат, иако можеби и тие имаат придонес во тоа.

Непријателското однесување ги тера овие луѓе да се чувствуваат неприфатено и

исклучено, да се чувствуваат како жртви на насилство и на јавни места, но и во

домот. Ваквата состојба може да ги обесхрабри припадниците на црното население

и на другите етнички малцинства да присуствуваат на јавни места и може да

предизвика страв и несигурност во нивниот секојдневен живот, во исто време

соочувајќи се со социјалната ексклузија и еден вид заробеност.

15 Листер, Рут, Сиромаштија, Академски печат, Скопје, 2009, стр. 84.

15

Page 16: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Сиромаштијата во Македонија

Околу една третина од населението во Република Македонија живеат во

сиромаштијата. Порастот на бруто-домашниот производ во изминативе години

(пред почетокот на светската економска криза) и намалувањето на невработеноста

придонесоа да се запре трендот на пораст на сиромаштијата и релативно за малку

да се намали. Во 2003 година сиромаштијата го има достигнато највисокото ниво

од 30 проценти, додека пак во 2008 година незначително е намалена на околу 29

проценти. За таа значително да се намали потребен е подолг временски период на

висок економски развој, затоа што сиромашните се исклучени од главните текови

во општеството и придобивките од порастот ги чувствуваат со задоцнување. 16

Официјалните податоци покажуваат дека индексот на сиромаштијата во

Македонија изнесува нешто помалку од 30 проценти, што значи дека секој трети

Македонец е сиромашен. Повеќе од 53 илјади семејства земаат социјална помош, а

на работ на сиромаштијата живеат и околу 23 илјади луѓе кои поради кризата

останаа без работа.17

Сиромаштијата во Македонија се дефинира според релативниот концепт на

сиромаштијата, односно според степенот на социјалното отуѓување на поединците

или групи на граѓани. Сиромаштијата во Македонија бележи негативен биланс,

односно има прогресивен тренд и е најмногу распространета во руралните области

и меѓу семејствата со повеќе членови. Сепак како главна причина за сиромаштијата

не се потенцира нискиот доход туку високата стапка на невработеност. За да се

дефинира проблемот со сиромаштијата во Македонија најпрво треба да се лоцираат

причините за енормната невработеност која во последните години се зголемува со

геометриска прогресија и изнесува близу 40% од активното население во државата.

Невработеноста во Македонија не е само една од причините за социјалното

отуѓување, туку се појавува како најзначаен фактор, односно чинител за растечкиот

степен на сиромаштија во државата.

16 www.nova makedonija .com. mk 10.11. 201117 www.makdenes.org 10. 11. 2011

16

Page 17: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Сиромаштијата и невработеноста се зависни и тесно поврзани меѓу себе.

Дури 43 проценти од невработените лица живеат во сиромаштија. Но покрај

невработените, околу половина од сиромашните живеат во семејства каде што

двајца членови се вработени, додека пак 30 проценти од сиромашните живеат во

семества со по еден вработен. Ова е резултат на многу ниските плати во одредени

сектори, како што е текстилниот, каде што иако се работи во лоши услови, речиси

секаде сабота е работен ден, луѓето живеат во сиромаштијата без можност

нормално да ги задоволат своите животни потреби. 18 Податоците за сиромаштијата

и за невработеноста се поразителни. Македонија е длабоко пропадната во

сопствената социјална бездна. Невработеноста е доближува бројка од 342 илјади

нерегистрирани невработени, странските инвестиции се премали за да апсорбираат

дел од слободната работна сила на пазарот, индустриското производство

стагнира.19

Зголемувањето на бројот на членови во едно семејство во голема мера го

зголемува ризикот од сиромаштијата. Степенот на образование исто така е еден од

поважните фактори што влијаат врз сиромаштијата. Местото на живење исто така

има големо влијание врз квалитетот на живеење и сиромаштијата.

Првпат во изминативе 20 години,во Република Македонија сериозно

внимание му се посвети на решавањето односно намалувањето на овие проблеми.

За жал не поради тоа што самите ја имаме согледано потребата од решенија за овој

проблем, туку поради тоа што некој друг однадвор ни го бара тоа. Деновиве се

промовира “Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и

социјалната исклученост во Република Македонија” од страна на Министерството

за труд и социјална политика. Ова е голем чекор напред што заслужува пофалби.

Без постоењето и имплементирањето на вакви стратегии со сигурност нема да се

подобри ситуацијата, но постоењето на овие документи може да ни даде мала

надеж дека нешто се работи во конкретна насока.20

Како решение за сето ова може да се применат еден од следниве механизми

или комбинација од истите:

18 www.nova makedonija .com. mk 10.11. 201119 www.makdenes.org 10. 11. 201120 www.nova makedonija .com. mk 10.11. 2011

17

Page 18: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

1. Намалување на фискалните оптоварувања кои се врзани директно на

платите на вработенте.

2. Отворање на можности за ниско платени работни места (како на пример,

работите со половично работно време)

3. Висококвалитетни тренинзи и прекфалификации финансирани од буџетот и

изведувани со помош на невладини организации

4. Рано пензионирање, но и преиначување на обврската за задолжителен

придонес во јавниот пензиски фонд (опции за сопствен фонд, приватен фонд

и јавен фонд).

18

Page 19: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

СОЦИЈАЛНА ИСКЛУЧЕНОСТ

Поим на социјална исклученост

Сиромаштијата како и сите општествени појави, не може да се набљудува

изолирано. Еден од најголемите општествени проблеми што се појавуваат со

сиромаштијата е социјалната исклученост. Недостигот од материјални средства

многу лесно доведува до социјално, културно, морално и политичко

осиромашување. Овие лица повеќе или помалку се изолираат од општеството, им

се намалува социјалната интеракција, со што им се намалуваат реалните можности

што постојат во општеството. Од ваквата ситуација последици трпи целото

општество. Како пример за тоа колку се сериозни последиците врз развојот на

државата од социјалната исклученост ќе ги земеме и невработените лица со високо

образование. Оваа категорија граѓани брзо ги губат знаењето и професионалните

вештини, дополнителен проблем е и тоа што знаењето и вештините многу брзо

застаруваат а тоа доведува до намалување на работната способност. Единствено

што им преостанува е да работат на пониско квалификувани работни позиции или

да живеат од социјална помош. Ова доведува до разочараност, самоповлекување и

слично што дополнително им ги намалува шансите за подобар живот. Како

резултат на претходното, влегуваат во еден затворен круг, од кој е многу тешко да

се излезе, односно социјално се исклучуваат. Состојбата на лицата со пониско

образование е многу полоша и тие лица доколку влезат во затворениот круг имаат

многу помали шанси да излезат од него.21

Се смета дека сиромаштијата и невработеноста влијаат на

социјалната исклученост иако самиот поим на социјална

исклученост е поширок од поимот сиромаштија, што се сведува

главно на недостаток на материјални добра или пари. Со

поврзувањето на невработеноста со различните димензии на

социјалната исклученост се согледува повеќедимензионалната

21 www.nova makedonija .com. mk 10.11. 2011

19

Page 20: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

природа на феноменот на невработеноста и неговите

материјални, но и социјално – психолошки и општествени

последици.22

Концептот на социјалното исклучување делумно го потиснува оној на

сиромаштијата, во европската политика и во академските дебати. И покрај

популарноста, има само лимитиран консензус било за значењето или за односот со

сиромашијата. Додека некои го опишуваат како невообичаен емпириски феномен

кој опишува одредена група луѓе, некоја состојба или процес, другите тврдат дека е

подобро да се разбере на нивото на концепциски или политички дискурс.

Социјалното исклучување е процес во кој индивидуите или домаќинствата

доживуваат лишување било од ресурси (како на пр, приходи) било од социјални

врски до пошироката заедница или општеството.23 Терминот се употребува со

најмалку три значења.

Првото го дефинира социјалното исклучување во однос на социјалните

права и бариерите или процесите кои ги спречуваат луѓето да ги остварат тие

права. Ова сфаќање на терминот ги воведува истражувачите во дискусија за

граѓанското содружништво и модерниот поим за граѓанственост.

Второто значење се потпира на Диркемовата поимна рамка. Во таа рамка

социјалното исклучување се концептуализира како состојба на социјална или

нормативна изолација од поширокото општество и се поврзува со поимите анемија

и социјална интеграција.

На крај терминот се употребува за означување на ситуации на екстремна

маргинализација, особено во услови на мултикултурните општества.24

22 www.mtsp.gov.mk 10.11.201123 Маршал, Гордон, Оксфордски речник по социологија, МИ – АН, Скопје, 2004, стр. 182.24 Ibidem, стр. 182.

20

Page 21: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Поим на општествената нееднаквост

Есенцијално прашање на човековиот род е да опстане како посебен ентитет

во објективната стварност. Својата материјална егзистенција низ историјата

човекот ја обезбедувал на различни начини во зависност од околностите и условите

што владееле во природата и во општествениот живот. На почетокот природата е

дарежлива, има готови плодови, големи можности за лов и риболов. Подоцна се

наметнува нужноста од произведување на храна и на останатите животни потреби.

Се јавува поделбата на трудот, поразвиените средства за работа овозможија појава

на вишок на производи, но и нивно присвојување од страна на помал број на луѓе

со што се устоличи и акомулацијата на капиталот. Поделбата на трудот и неговата

специјализација, како и вишокот на производи го означи почетокот на

општествената диференцијација и стратификација. Едни се зафатија со

производство на храна, а други се ангажираа како производители на оружје, како

рудари, трговци и војници. Поснаодливите и поодважните ја наметнаа

експлоатацијата врз поголемиот дел од општеството, зашто примарна работна сила

беше работната способност на човекот.

Тоа значеше, од своја страна, промовирање на една од карактеристиките на

човековото општество во епохата на цивилизацијата – општествената нееднаковст

која означува генерална состојба во која едни луѓе ги поседуваат највредните и

најзначајните општествени ресурси а други поседуваат помал дел или не

поседуваат ништо од нив. 25

Во сите човечки општества постои некаков вид на општествена нееднаквост,

што посебно вреди за моќта и угледот. Моќта е степен кога поединците или

групите можат да ја наметнат својата волја на другите, со или без одобрение на тие

другите, додека угледот се односи на степенот на почитувањето или честа поврзана

со општествената положба, карактеристиките на човекот и начинот на живеење.

Богатството се однесува на материјалниот имот кој е дефиниран како вреден во 25 Тоновски, Ѓорѓи, Вовед во социологијата, НИП Студентски збор, Скопје, 1995, стр.236.

21

Page 22: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

одредени општества. Терминот општествена нееднаквост се однесува на постоење

на општествено створените нееднавости.

Одредени општествени заедици имаат заединчки идентитети, интереси и

сличен начин на живеење. Меѓутоа општествената нееднаквост може да постои и

без општествените слоеви. Општествената нееднаквост може да биде резултат на

различни причини: талентот, способноста, полот, расата, физичкиот изглед,

националноста, богатството идр. Од друга страна нееднаквоста може да биде и

резултат на општествената поделба на трудот. Според оваа логика можеме да

заклучиме дека нееднаквоста е условена од биолошките и социјалните фактори. На

пример, некои поединци од нивното раѓање се повеќе квалификувани, повеке

талентирани или поинтелигентни од другите како нешто наследно. Нема сомнение

дека овие особини може да им помогнат во општествената хиерархија. 26 Така

хиерархијата на општествените групи се заменува со хиерархијата на поединците.

Помеѓу членовите на секој слој постои тенденција за развивање на сопствената

субкултура, т.е одредени норми, ставови и вредности кои се карактеристични за

нив како општествена група. Субкултурите на слоевите покажуваат тенденција да

бидат многу различни кога можностите да се движат од еден слој во друг се многу

мали. Таа може да биде усмерена према горе како на пример преод од радничка во

средна класа, или обратно. Во затворените системи кои нудат мали можности за

општественото движење, положбата на поединецот обично е препишана, условена

со неговото раѓање и поединецот не може да направи ништо за да ја промени. За

разлика од тоа, системот на стратификацијата во капиталистичкото општество

може да послужи како пример на општественото движење или отворениот систем.

Некои тврдат дека класната позиција е стекната со сопствени карактеристики и

способности. Многу системи веруваат дека општествената нееднаквост е биолошки

утемељена. Таа е природна или физичка, состевена од разлики во годините,

здравјето, физичката спремност и особините на духот. Биолошките фактори се

важни во многу стратификациски системи поради значењето кои им го придаваат

различните култури. Таквите веровања служат за да го објаснат системот, да го

оправдаат и легитимираат повикувајќи се на природата.

26 Aziri, Etem, Sociologjia, Arbëria-Desing, Tetovë, 2010, стр.169

22

Page 23: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Во социолошкиот речник Гордон Маршал ја опишува нееднаквоста на

следниов начин: Општествената нееднаковост претставува нееднаква награда или

шанса за разлчни индивидуи во групата или за различни групи во општеството.

Ако еднаквоста се промислува како правна еднаквост, еднаквоста на шансите или

еднаквоста на резултатите, тогаш нееднаквоста е константна карактеристика на

човековата состојба.27

Некои социолози разликуваат два типа на нееднаквости меѓу луѓето,

социјална диференцијација и социјална стратификација. Социјалната

диференцијација има врска со разликите или нееднаквостите меѓу поединците, кај

овој вид на нееднаквост не е потребна стратификација на општеството. Вториот

тип на нееднаквост, социјалното раслојување се однесува на стабилна и трајна

нееднаквост меѓу социјалните групи.28

Оштествената нееднаквост или социјалната диференцијација (diferentio -

разлика; socius – општество), се нарекува феномен на постоењето на разликите и

нееднаквостите помеѓу луѓето, кои се условуваат од општествените фактори од

економски, политички или културен тип. 29

Постоењето на вакви разлики помеѓу луѓето доведува до постоење на

слоеви во општеството – а тоа се нарекува социјална стратификација (stratum - sloj;

social – општествен).

Стратификацијата може да се дефинира како структурни нееднаквости меѓу

различни групи на луѓе.

Поимот “стратум” во почетокот не бил употребуван во социологијата. Прво го

употребува геологијата (наука за земјата) и тоа за да ги класифицира слоевите на

земјината кора. Поимот “стратификација” во социолошкиот речник е воведен

некаде после дваесетите години на дваесетиот век во САД каде започнуваат првите

озбилни студии за структурата на слоевите во општеството. Можеме да видиме

дека социјалната стратификација претставува слоевитост на човечкото општество.

Ако сакаме ова да го дефинираме тогаш ќе кажеме дека социјалната

27 Маршал, Гордон, Оксфордски речник по социологија, МИ – АН, Скопје, 2004, стр. 318.28 Aziri, Etem, Sociologjia, Arbëria-Desing, Tetovë, 2010, стр.170.29 Raimi, Sunaj, Sociologjia, Kosta Abras, Ohër, 2009, стр. 219.

23

Page 24: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

стратификација претставува феномен на појава на различни и повеќе слоеви во

општеството.30

Овој термин во социологијата вообичаено се однесува на студиите на

структурираната социјална нееднаквост т.е проучување на која било систематска

нееднаковст помеѓу групите, која се појавува како ненамерна последица на

социјалните процеси и односи. Кога ќе запрашаме зошто има сиромаштија, зошто

некои групи луѓе (расни, етнички малцинства) имаат помали можности споредено

со други групи или какви шанси има некој роден во работничката класа да

достигне среднокласна позиција, ние тогаш поставуваме прашања за социјалната

стратификација.31

Во објаснувањето за човековата природа како основа се земала биолошката

нееднаквост на луѓето. Оваа нееднаквост воспоставена е од самата природа и ја

карактеризира разликата во годините, физичката сила, особините на човекот. Сепак

општествената нееднаквост е многу побитна. Богатството, моќта, власта и угледот,

тие кои што ги поседуваат не значи дека се заслужни за нив, но сепак имаат

можност да ги користат привилегиите во однос на тие кои што не ги поседуваат.

Изворите на социјалните конфликти се многубројни. Некои од структурна природа

и произлегуваат од разликите во интересите и објективен социјален статус на

различни социјални групи, класи и слоеви. Други видови на конфликти се различни

во однос на социо-професионалните интереси на социјалните групи. Посебен вид

на конфликт се јавува во организации каде што постои конфликт измеѓу групите

или поединците. Во едно општество се уште може да дојде до религиозни етнички,

културни и други конфликти.

Сопственоста и моќта се основите врз кои се темелат општествените

нееднаквости. Нееднаквостите се релативно трајни. Во социологијата се дискутира

за економската и културната стратификација. Ова е повисока или пониска

општествена положба окупирана од страна на поединци или групи на луѓе.

Објаснувања за општествената нееднаквост

30 Raimi, Sunaj, Sociologjia, Kosta Abras, Ohër, 2009, стр. 229.31 Маршал, Гордон, Оксфордски речник по социологија, МИ – АН, Скопје, 2004, стр. 518.

24

Page 25: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Разликите и општествените нееднаквости се објаснуваат преку три основни

начини:

1. Преку Божјата волја – според првото објаснување, значи преку Божјата

волја, разликите и општествените нееднаквости не беа случајни, него беа

направени со Божјата волја и заповед. Ова се подпира врз фактот дека дури и во

светите книги на големите светски религии како христијанството, исламот,

будизмот, Бог одделува некои луѓе и привилегира давајќи им одредени

овластувања и надчовечки сили. Такви беа пророците Мојсеј, Соломон, Авраам,

Исус Христос, Мухамед, кои според нивната верска доктрина, можат да лекуваат

дури и неизлечиви болести, да го оделат морето со еден заповед, да ја претворат

водата во вино или да го оживеат мртвиот. Со овие “свети” објаснувања се

оправдува дискриминацијата и човечката нееднаквост, каде што секој човек треба

да се согласи со својот статус, статус на роб, слуга или сопственик.

Покасно со развојот на филозофијата и науката ова убедување се соочува со тешки

критики од страна на филозофите и научниците на времето, кои иронично се

подсмеваат на нивните оправдувања за човечката дискиминација и општествената

нееднаквост. 32

2. Преку вродените природни разлики – ваквиот вид на социјална

диференцијација се објаснува со природните разлики на луѓето, но не се разликува

од првото објаснување затоа што не е позната вистинската причина на сите

општествени нееднаквости. Според ова објаснување луѓето од моментот на

нивното раѓање поседуваат различни индивидуални карактеристики, кои нив ги

прават различни и во нивниот општествен живот. Вакви карактеристики се

интелигенцијата, снаодливоста, генијалноста, духовитоста, благородноста,

талентот, ревноста идр. Апологетите на ваквиот став мислат дека разликите во

општеството се природни, нив ги ствара природата, така што сите луѓе не ги

поседуваат горенаведените карактеристики. Некои луѓе се поинтелигентни,

поснаодливи во животот или талентирани за секаков вид на работа, додека другите

32Raimi, Sunaj, Sociologjia, Kosta Abras, Ohër, 2009, стр 220.

25

Page 26: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

не ги поседуваат овие карактеристики. Со ова доаѓа до една општествена состојба

каде што снаодливите и талентираните владеат, додека останатите им служат. 33

3. Преку општествената поделба на трудот – покасно кога филозофијата и

социологијата ја достигнуваат нивната зрелост за ова прашање, доаѓа до појава на

трето објаснување, кои всушност подразбира научно мислење за социјалната

диференцијација. Според ова мислење, ниту Божјата сила ниту природните разлики

меѓу луѓето не се причина за социјалната диференцијација, но вистинскиот

виновник е самото општество. Науката конечно сфати дека сите разлики и

општествени нееднаквости, се формираат како резултат на општествената поделба

на трудот. Сега е јасно дека главниот виновник за сите форми на социјална

диференцијација е општествената поделба на трудот. Во моментот кога луѓето

почнуваат да ја делат својата работа така што некои работаат физича работа додека

другите ментална, човештвото се соочи со феноменот на разлики и општествени

нееднаквости. Во овој случај, некои луѓе почнаа да работат повеќе вредни работи,

да заработуваат повеќе пари, да градат престиж, да поседуваат општествена сила,

дедека останатите остануваат без овие вредности. Ова доведе до зголемување на

разликите и општествените нееднаквости, кој како што знаеме предизвика раѓање

на класите, кастите, сталежите и слоевите.34

- Класи – класите се групираат врз основа на некои заеднички

карактеристики а класната позиција се определува врз основа на распределбата на

материјалните и духовните добра, влијанитето на угледот. Класите се големи

опшествени групи кои настануваат врз основа на економската нееднаквост на

луѓето. Постоењето на класите било воочено уште со нивното настанување, но

нивната суштина и природа биле различно толкувани, а различно се толкуваат и

денес. Дури и самиот поим за класите различно се определува. Многу социолози

денес кога зборуваат за класите мислат, всушност на општествените слоеви.

Според професорот Сунај класите претставуваат општествени парцијални

групи, кои се појавуваат како резултат на појавата на приватната сопственост и

економската нееднаковст помеѓу луѓето.35

33 Raimi, Sunaj, Sociologjia, Kosta Abras, Ohër, 2009, стр. 221.34 Ibidem, стр. 221.35 Raimi, Sunaj, Sociologjia, Kosta Abras, Ohër, 2009, стр. 224.

26

Page 27: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Класниот сосотав значи пласман на поединците според ниванта економска

положба во општеството, дека рангирањето може да се менува во согласност со

промените на економскиот статус. Нееднаквата распределба на социјалните добра,

моќта, богатството и престижот е постојан услов за класната разлика во

општеството.36

Според марксистичката теорија, класите настануваат во процесот на

распаѓањето на првобитната човекова заедница, на преминот кон

робовладетелските општествени односи. Тоа значи дека класите се историска

појава и дека тие не постоеле отсекогаш. Во првобитното општество неразвиеноста

на производните сили, постојаната и неизвесната борба за опстанок, не можеле да

создадат поголеми разлики меѓу луѓето. Се произведувало толку колку што било

можно за да бидат задоволени најосновните човекови потреби. Со појавата на

вишокот од производи што било резултат на постепеното усовршување на

средствата за производство и на првите големи општествени поделби на трудот

(земјоделство, занаетчиство и трговија) се создале објективни претпоставки за

појавата на приватната сопственост, а со тоа и на класите.

И во современата социологија, при определувањето на поимот и суштината

на класите, не може да бидат одминати определбите што ги дале класиците на

марксизмот.

Така, Маркс пишувајќи за разните групи во општеството, класите ќе ги

определи на следниов начин: “Доколку милиони семејства живеат под економските

услови за егзистенција и нивниот начин на живот, нивните интереси и нивното

образование ги одделуваат од начинот на живот, интересите и образованието на

другите класи и ним непријателски им ги противставуваат, доколку тие сочинуваат

класа”. Значи, станува збор за такви општествени белези на луѓето што доведуваат

до тоа тие да се разликуваат по начинот на живот, по интересите и по

образованието. Според таквите белези тие и припаѓаат на една или друга класа.

Според Ленин класите се големи групи на луѓе кои во општеството

меѓусебно се разликуваат според:

36 Aziri, Etem, Sociologjia, Arbëria-Desing, Tetovë, 2010, стр.178.

27

Page 28: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

а) Своето место во историски определениот начин на производство, што

значи дека класи се само групите што се носители на определени производствени

односи, а не и разните други групи во општеството.

б) Својот однос кон средствата за производство, а кој однос во општеството,

најчесто е законски утврден, и според кој луѓето се делат на сопственици и

несопственици.

в) Својата улога во општествената организација на трудот која луѓето ги

дели на организатори и управувачи, од една страна и извршители во процесот на

трудот од друга страна.

г) Начинот на стекнувањето и големината на делот од општественото

богатство со кој тие располагаат, при што сопствениците на материјалните блага го

присвојуваат поголемиот дел.

За класите зборуваат и други социолози како што се Јозеф Шумпетер, Ралф

Дарендорф, Жорж Гурвич и други. Сите тие нивното постоење го објаснуваат со

различни причини. Како позначајно меѓутоа се издвојува сваќањето за класите на

познатиот германски социолог Макс Вебер кој постоењето на класите го објаснува

со различната положба што поединците ја имаат на пазарот, а со тоа и со разликите

што се јавуваат меѓу нив во располагањето со материјалните богатства. Меѓутоа за

Вебер положбата за поединецот во општеството па според тоа и неговата класна

положба е резултат и на поседувањето определена моќ и углед во општеството.

Значи според него поседувањето материјални богатства не е единствениот услов за

класната поделба во општеството, со што тој ги удира и основите на

таканаречената теорија на социјалната стратификација.

Касти – Кастите се главно поврзани со културите на индискиот

подконтинент. Доаѓа од португалскиот што значи раса или чисто потекло. Секоја

општествена формација на класното општество се карактеризира со свои

специфични облици на класна поделба. Така на пример, за почетоците на класното

општество е карактеристично постоењето на кастите, а за феудалниот период на

сталежите. Системот на касти е форма на социјална стратификација во која

кастите се организирани строго хиерархиски и се разделени меѓу себе едни од

други со правила на “верска чистотија”. Во овој хиерархиски систем секоја

28

Page 29: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

повисока каста е релативно почиста во верските ритуали од пониската каста. Овие

групи се јасно разграничени помеѓу себе со статусна хиерархија во која “чистото” е

супериорно над “нечистото” како во однос на верските ритуали така и во однос на

поделбата на трудот.37 Кастите кои што се среќаваат во стариот Египет, во Персија,

на Далечниот Исток, а особено во Индија, биле строго затворени општествени

групи кои настанале врз основа на строгата поделба на трудот на одделни

занимања – едни се занимавале само со религиозни и управувачки функции, други

– со војнички занимања, а трети – со производство, занаетчиство и трговија.

Односите меѓу припадниците на кастите биле регулирани со посебни религиозни

норми, додека припадноста кон определена каста се стекнувала со самото раѓање.

Кастите се затворени социјални групи, бидејќи преминот од една во друга каста е

невозможен.38

Сталежи – општествен слој на кој му се припишани специфични права и

должности, поддржани со силата на правната санкција. Најтипични примери се

селаните, слугите свештенството и благородниците во постфеудалните држави на

континентална Европа.39 За разлика од кастите кои беа општествено затворени

групи, сталежите претставуваат малку поотворени општествени групи. Така,

додека движењето од една каста во друга не е возможно, движење од еден сталеж

во друг може да се деси, но многу ретко. За разлика од кастите, средновековните

сталежи се одржувале со посебни правни правила, при што припадноста кон нив се

стекнувала со раѓањето, и со наследувањето на имотните и другите права. Меѓутоа

постоела можност сталешкиот статус да се стекне и на друг начин, со што

сралежите се јавуваат како поотворени општествени групи. Такви сталежи биле,

световното и црковното благородништво, третиот сталеж на граѓанството и сл.

Сталежите во средновековното Европско општество беа специфични

издвоени групи кои извршуваа определени општествени задачи што произлегуваа

од нивната оспособеност за определени професии. Тие имаа три значани

карактеристики.

37 Тоновски, Ѓорѓи, Вовед во социологијата, НИП Студентски збор, Скопје, 1995, стр. 24938Raimi, Sunaj, Sociologjia, Kosta Abras, Ohër, 2009, стр. 227.39 Маршал, Гордон, Оксфордски речник по социологија, МИ – АН, Скопје, 2004, стр. 508.

29

Page 30: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

- Прво тие беа дефинирани со закон, секој сталеж имаше свој статус во

општеството, прецизиран законски комплекс од права и должности, или

привилегии и обврски.

- Второ, тие ја презентираа широката поделба на трудот и имаа дефинирани

функции.

- Трето, феудалните сталежи беа политички групи кои поседуваа определена

политичка моќ.40

И покрај ваквите надворешни белези, кастите и сталежите го имаат својот

корен во класната поделеност на општеството. Дури во капитализмот, каде што

сите граѓани се изедначени во поглед на своите формални права, класите се

јавуваат во својот чист вид, како класи.

Слоеви – Со поразвиената поделба на трудот, а со тоа и на дејностите, што

поединците и групите ги вршат во современото општество, различните функции и

улоги што ги имаат, условуваат и различни положби што тие ги заземаат во

општеството. Како резултат на тоа, се се побројни и поразновидни разликите во

нивниот материјален статус, начин на живот образование и култура во

поседувањето политичка и друга моќ и сл. Таквите белези што ги поседуваат

поединците овозможуваат и разликување на такви општествени групи кои денес се

нарекуваат слоеви. Оттука се истакнува дека слојот е таква општествена група што

ја сочинуваат поединци со слични општествени белези, а со тоа и со слична

положба во општеството. Според тоа слоевите се делови од општеството кои се

разликуваат меѓусебно според статусните белези и различните општествени

положби што ги заземаат во него, а кои ги одвојуваат еден од друг. Во таа смисла

во современото општество се јавуваат повеќе слоеви, слој на големосопственици,

слој на ситносопственици, слој на државни и административни работници, слој на

интелигенција, слој на ситни и крупни земјопоседници исл. Инаку, слоевите се,

отворени општествени групи и поединецот со промената на статусните белези и

општествената положба може да премине од еден во друг слој. Тоа преминување се

нарекува меѓуслојна подвижност.

40 Тоновски, Ѓорѓи, Вовед во социологијата, НИП Студентски збор, Скопје, 1995, стр.249.

30

Page 31: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Видови на општествена нееднаковст

Социјалната нееднаквост (социјалната диференцијација) денес се објаснува

со општествената поделба на трудот како основен извор за разликите меѓу луѓето,

31

Page 32: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

која доведува и до нееднаквост при присвојувањето различни делови од

материјалните и духовните блага. Врз основа на тоа, поединецот или групата

стекнуваат и различна моќ и углед во општеството, што социјалната

диференцијација ја прави уште поизразена. Во тој поглед се прави разлика меѓу

хоризонтална и вертикална социјална диференцијација.

Хоризонталната диференцијација произлегува од разликите меѓу луѓето и

групите кои што се во врска со вршењето на определени функции во процесот на

трудот и управувањето со општеството, со поседувањето одделно образование и

знаења, политичката припадност, културните навики и потреби, со групирањето

според местото на живеење (град – село) и сл.

Вертикалната диференцијација пак произлегува од разликите во

поседувањето материјални блага, власт, моќ и углед што на поединците и групите

им овозможува да присвојуваат и различни делови од материјалните и духовните

богатства во општеството. Вертикалната диференцијација, всушност доведува до

создавање различни слоеви и класи во општеството. Сепак треба да се каже дека

овие два вида диференцијација, најчесто, се условуваат и надополнуваат.

Социјалната диференцијација и во минатото и денес може да биде

посматрана од повеќе гледишта. Меѓу нив, секако, едно од позначајните е она кое

тргнува од класната поделба на општеството, а со тоа и со постоењето повеќе

слоеви во него.

Парадигми на социјалната нееднаквост низ историјата

1.Првата форма на социјалната нееднаковст се појавува во

робовладетелскиот систем, каде што ропството е клучниот елемент кој ја

32

Page 33: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

идентификува социјалната нееднаквост таму. Иако во робовладетелското

општество робовите се во поголем број, тие секогаш биле во служба на

аристократските сопственици. Значи карактеристика на ропството е постоењето на

рабовите, како и нивното приватно поседување од робовладетелите. Тоа е

бездушен систем во кој еден човек поседува друг човек како своја приватна и

неприкосновена сопственост. Робот без разлика дали тоа станал по своето раѓање

или по пат на закон го губи потполно својот човечки идентитет и дигнитет и се

третира како обично суштество кое од другите предмети во објективна стварност

се разликува само по тоа што умее да зборува. Продажбата на робовите била

нормална појава, како што е појавата на живата стока.

Ропството е екстремна форма на нееднаквост во која некои поединци ги

поседуваат другите како нивен имот. Законските услови за сопственост на

робовите беа различни во различни општества. Понекогаш робовите беа лишени

речиси од сите законски права, а во некои држави неговата позиција е слична со

онаа на останатите.

Во историјата на човештвото познати се три главни видови на ропство и тоа,

традициоално ропство, античко ропство и источно ропство.

-Традиционалното ропство е таков вид на ропство каде што робовите

живеат традиционално со другите членови на семејството. Тие служат како работна

сила за да се обезбеди егзистенцијата на целото семејство. Робовите на овој период

ги извршуваат сите физички работи потребни за опстанок на заедницата,

почнувајќи од обработка на земјиштето, одгледување на добитокот, до

обезбедување на водата и одржувањето на хигијената во домаќинствата.

- Античкото ропство е состојба на каде што робот е во целосна сопственост

на неговиот сопственик. Во овој период робовите се сметаа како еден вид на

орудие за работа, но тие имаа душа, па Аристотел робовите ги нарекува “алатки

кои зборуваат”. Сопственикот може својот роб да го продаде, да го убије кога сака

и каде сака. Важно е дасе знае дека во Античка Грција и во Рим, ропството се

добива на два начина, со самото раѓање и со закон. Робови од раѓање стануваат

оние чии родители се робови, а роб со закон се станува кога некој е фатен или

неможе да ги врати позајмените пари.

33

Page 34: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

- Источно ропство претставува вид на ропство кој се наоѓа во источниот

дел на цивилизациите како што се Месопотамија, Египет, Персија идр. Тука

робовите не се сопственост на поединец или на едно семејство туку се во

сопственост на државата. Овие државни робови беа третирани како вид на

“државна машина” со кои што ги спроведуваа општите национални интереси.

2. Феудалните слоеви се дел од европскиот феудализам, но исто така

постоелево многу традиционални цивилизации. Тие се состијат од слоеви со

различни права и обврски еден кон друг, а некои од нив биле санкционирани со

закон. Во Европа највисокиот слој се состоеше од аристократијата и

благородништвото. Свештенството формира уште еден слој, кој имаше понизок

статус, но поседуваше многу привилегии.оние кои припаѓаа на овој слој, кој се

нарекуваше третиот слој, се обичните луѓе, земјоделците, робовите, слободните

селани, трговците и занаетчиите. За разлика од кастите, помеѓу слоевите дозволени

се до одреден степен браковите и индивидуалната мобилност.41 Во феудалниот

систем слугите не се сметаа како приватна сопственост на нивниот владател како

што беше случајот со робовладетелството. Феудалците тука немаат право да го

убијат робот, но го задржуваат правото да го продадат заедно со земјата. Робот во

феудализмот не е сосема слободна личност, и неговата судбина е поврзана за

феудалецот и за земјата на која што работи. Со текот на времето некои робови

почнаа да изнајмуваат земја од феудалците, поради што се принудени да плаќаат

данок за земјата. Овој долг кон феудалните сопственици може да се врати на три

начина: изнајмување за пари, изнајмување за работа и изнајмување за стока. Во

изнајмувањето за пари, робот му плаќа голема сума на пари на феудалецот за

земјиштето. Со изнајмувањето за работа се подразбира физичка работа на робот за

одредени потреби на феудалецот. Изнајмување во стока значи давање на одреден

дел од стоката на феудалецот.

3. Во капиталистичкиот систем капиталистите го промовираат системот

на граѓанските права, според кои сите луѓе беа еднакви пред законот. Но сепак и

тука постои некаков вид на нееднаквост. Во капиталистичкиот систем, работникот

е слободен да ја продаде својата работна сила када сака, на кого сака и колку сака.

41 Giddens, Antony, Sociologjia, Çabej, Tiranë, 1997, стр. 213.

34

Page 35: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Денес состојбата на работниците во светот е сменета, затоа што се промениле и

општествените односи во капитализмот. Денес состојбата на работничката класа во

капиталистичкото општество, не е мизерна како порано. Напротив, состојбата на

пролетаријатот се обновува , затоа што масовно се образува организирајќи се преку

синдикати, здруженија, политички партии идр.

Во модерните општества на високоразвиените земји овој тренд во

денешното време продолжува со воведување во производната игра на современи

средства за работа кои го менуваат карактерот на трудот и на искористувањето на

физичката и умствена работна сила на човекот (доминација на умствениот, а не на

физичкиот труд, автоматизација и комјутеризација на производниот процес),

порамномерно распределување на општественото богатство преку различни форми,

како и поголеми можности за социјална мобилност на населението. Луѓето се

повеќе се нееднакви меѓу себе според своите лични умствени и работни квалитети,

а се помалку според големината на богатството и имотот.

Општествена стратификација

Како што објаснивме претходно, постоењето на различните и бројните

општествени слоеви во социологијата денес се нарекува општествена

35

Page 36: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

стратификација. Некои од дефинициите на стратификацијата се. Општествен

поредок кој е најблиску поврзан со

1. различната процена на улогите,

2. присуство – посебно во големите системи – на категории на општествени

поделби на улоги,

3. постоење на хиерархија на категориите на улоги.

Или, системот на стратификацијата може да биде виден како систем на

добра, награди и казни, распределени меѓу членовите на општеството согласно со

начините на кои тие ги обавуваат своите функционално значајни улоги. 42

Општествената стратификација е таков облик на општествена диференцијација на

поединците и општествените групи при која тие се распоредени во посебни

социјални слоеви – стратуми, според определени нивни белези. Тие белези можат

да бидат определени според според сопственоста, висината на приходите,

животниот стандард, занимањето, образованието, начинот на живеење, социјалното

однесување, положбата на поединецот во власта итн. Па сепак како најзначајни

меѓу нив, покрај поседувањето материјални богатства, се сметаат поседувањето

определена моќ и определен углед во општеството од кои најчесто зависи и

поседувањето на другите такви белези. Моќта најчесто се сфаќа како способност на

поединците и групите да ја наметнат својата волја во општеството преку неговите

различни механизми. Угледот пак е одреден степен на почитување, чест која им се

оддава на поединците и групите од страна на општествената средина во која тие

живеат и работат. Тој углед зависи од општествената положба што тие ја имаат, од

нивните други белези кои ги поседуваат, од нивниот начин на живот исл. Значи

поимот на општествената стратификација е поврзан со поимот на општествениот

слој, како почест облик на социјално групирање и диференцирање на луѓето во

вертикална смисла.

За правилно разбирање на структурата на општеството постојат повеќе

теории меѓу кои четири се сметаат како главни а тоа се: 43 Функционалистичка

теорија за стратификацијата, Марксистичка теорија за класната борба,

42 Ташева, Марија, Социологија, 2-ри Август С-Штип, Скопје, 2003, стр. 147.43 Raimi, Sunaj, Sociologjia, Kosta Abras, Ohër, 2009, стр. 229.

36

Page 37: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Веберијанската теорија за стратификацијата како и теорија на циркулација на

елитите.

Проучувањето на социјалната стратификација има три цели. Првата е да го

утврди нивото до кое класните или статусните системи доминираат на општествено

ниво на начин што тие се составни делови на модусите на социјалната акција.

Втора цел е анализа на класните и статусните структури и на детерминантите на

создавање на класите и статусите. На крај социјалната стратификација ги

документира нееднаквостите во условите, можностите и начините на кои што

групите ги одржуваат сопствените привилегии, а другите групи бараат пристап до

нив.

Општествена стратификациона скала – во зависност од критериумите за

разликување на одделните слоеви во општеството, се определува и изгледот на

таканаречената општествената стратификациона скала, на која тие се вертикално и

хиерархиски подредени од пониските кон повисоките положби што ги заземаат

слоевите. Социолозите во зависност од своите конкретни истражувања и сфаќања

за општествената слоевитост, направиле повеќе такви скали.

Една од наједноставните скали е онаа што прави разлика меѓу три основни слоеви

во општеството, висок, среден и низок слој. Меѓутоа,постојат и такви општествени

стратификациони скали кои разликуваат многу поголем број слоеви. Меѓу нив

секако најпозната е скалата на американскиот социолог Лојд Ворнер според која во

современото општество можат да се разликуваат шест стратуми. Таа скала би

можела да се представи на следниов начин.

1. Висок слој

- Повисок висок слој

- Понизок висок слој

2. Среден слој

- Повисок среден слој

- Понизок среден слој

37

Page 38: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

3. Низок слој

- Повисок низок слој

- Понизок низок слој

ЗАКЛУЧОК

При изработка на оваа дипломска работа ги објаснивме на повеќе начини

сиромаштијата, социјалната исклученост и општествената нееднаквост.

Почнувајќи од фактот дека во општеството не е ништо идеално, мислам

дека оваа дипломска работа ја достигна целта каде неколку читатели ке имаат

38

Page 39: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

можност да се запознаат со основните прашања во врска со сиромаштијата,

социјалната исклученост и општествената нееднаквост.

Општеството како концепт е една од најопширните категории и има

различни значења во различни науки. За утврдување на концептот на човечкото

општество треба да се земаат предвид оние елементи кои се заеднички за сите

општества, без разлика дали станува збор за неговата сегашна или мината

физиономиа.

Врз база на сето она што го споменавме може да се каже дека

сиромаштијата е една од најбитните фактори кои ги условуваат квалитетот на

живот и навремената реализација на човековите права. Сиромаштијата по своја

природа е оспоруван концепт. Сепак научниците, креаторите на политики, дури и

политичарите се согласуваат околу една работа дека сиромаштијата е проблем.

Какова и да е дефиницијата или описот на сиромаштијата, каква и да е состојбата

кон која авторите на дефинициите и описите сакаат да ни го насочат вниманието,

основната порака е дека сиромаштијата не е само состојба туку е и неприфатлива

состојба.

Пристапот на човековите права како една од димензиите на сиромаштијата ги

наведува и структуралните нееднаквости на општеството базирани на полот,

религијата, етницитетот и расата. Сите овие се важни фактори кои што влијаат врз

сиромаштијата и начинот на кој што таа е доживеана од различните групи на луѓе.

Сиромаштијата влијае на положбата на поединецот или групите во

општеството, затоа велиме дека во секое општество постојат нееднаквости.

БЛАГОДАРНИЦА

Со почит се заблагодарувам на сите професори на Филозофскиот Факултет

и за сите оние кои кои придонесоа за отварањето на Социолошкиот одсек, и

39

Page 40: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

особено на истакнатиот професор Доц.Др. Сунај Раими на неговата достоинствена

посветеност, неговото знаење со што ми овозможи да бидам дел од неговиот успех.

Исто така се заблагодарувам на сите автори кои објавуваат книги од областа

на социологијата, со кои се служев за време на изработка на оваа дипломска

работа.

ЛИТЕРАТУРА

1.Raimi, Sunaj – Sociologjia, Kosta Abras, Ohër, 2009.

2. Маршал, Гордон – Оксфордски речник по социологија, МИ-АН,

Скопје, 2004.

40

Page 41: ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

3. Ташева, Марија – Социологија, 2-ри Август С-Штип, Скопје, 2003.

4. Листер, Рут – Сиромаштија, Академски печат, Скопје, 2009.

5. Алкок ,Пит – Разбирање на сиромаштијата, Магор, Скопје, 2008.

6. Aziri, Etem – Sociologjia, Arbëria-Desing, Tetovë, 2010.

7. Тоновски, Ѓорѓи – Вовед во социологијата, НИП Студентски збор,

Скопје, 1995.

8. Giddens, Antony – Sociologjia, Çabej, Tiranë, 1997.

9. www.nova makedonija .com. mk 10.11. 2011

10. www.makdenes.org 10. 11. 2011

11. www.mtsp.gov.mk 10.11.2011

41