дневни подготовки-4то одд.-тема 4

20
План за час по англиски јазик Одделение четврто одделение Наставна тема Тема бр.4- Делови од облеката, професии и занимања! Наставна единица 1. Усвојување на нов вокабулар-професии и занимања Датум 30.11.2011 Цели на часот Ученикот да може: да ги усвои новите зборови со кои се именуваат професии и занимања да соработува со соучениците при заеднички активности Фази на часот Активности Воведен дел (10 мин) Наставникот ги прашува учениците што би сакале да станат кога ќе пораснат, односно која им е омилена професија и зошто. Наставникот покажува слики од луѓе кои работат различни професии и од учениците бара да ги именуваат професиите на истите на македонски јазик. Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ги поучува новите зборови со кои се именуваат различни професии, а учениците го повторуваат секој збор повеќе пати. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат зборовите, да покажат кон соодветните слики во учебникот и да ги повторат зборовите. Наставникот им пушта на учениците видеозапис со песничка за професиите http://www.youtube.com/watch? v=JBXaupIJHr8&feature=related , а учениците го гледаат видеото и кога ќе видат позната професија го повторуваат зборот со кој се именува истата. Завршен дел (10мин) Учениците ја играат играта погоди ја професијата, при што еден ученик со мимики и гестикулации се обидува да објасни една професија, а другите да ја погодат. Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Upload: biljana-vlahova-karadachki

Post on 29-Jul-2015

928 views

Category:

Documents


10 download

TRANSCRIPT

Page 1: дневни подготовки-4то одд.-тема 4

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Делови од облеката, професии и занимања!Наставна единица 1. Усвојување на нов вокабулар-професии и занимањаДатум 30.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои новите зборови со кои се именуваат професии и занимања

да соработува со соучениците при заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги прашува учениците што би сакале да станат кога ќе

пораснат, односно која им е омилена професија и зошто. Наставникот покажува слики од луѓе кои работат различни професии и од учениците бара да ги именуваат професиите на истите на македонски јазик.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ги поучува новите зборови со кои се именуваат различни професии, а учениците го повторуваат секој збор повеќе пати. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат зборовите, да покажат кон соодветните слики во учебникот и да ги повторат зборовите.Наставникот им пушта на учениците видеозапис со песничка за професиите http://www.youtube.com/watch?v=JBXaupIJHr8&feature=related, а учениците го гледаат видеото и кога ќе видат позната професија го повторуваат зборот со кој се именува истата.

Завршен дел (10мин) Учениците ја играат играта погоди ја професијата, при што еден ученик со мимики и гестикулации се обидува да објасни една професија, а другите да ја погодат.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, компјутер, проектор, екран, Internet, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, метод на комуникација, работа во заедница

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со музичко образование (песничка)

Додатна активност Учениците ја илустрираат нивната омилена професија.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (меморирање и именување познати поими), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 2: дневни подготовки-4то одд.-тема 4

Очекуван исход Учениците именуваат професии.

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија предвидените зборови и учествуваа во предвидените активности за овој час. Најинтересна активност им беше играта на погодување. Кај дел од учениците беа забележани потешкотии при меморирање на зборчињата, но поголемиот дел од учениците истите ги усвоија без никакви потешкотии.

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделение

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 3: дневни подготовки-4то одд.-тема 4

Наставна тема Тема бр.4- Делови од облеката, професии и занимања!Наставна единица 2. Читање со разбирање на краток текстДатум 05.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба зборовите со кои се именуваат професии и занимања

да го увежба читањето на текстот со познати зборовиФази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Со употреба на флеш карти наставникот ги потсетува учениците на зборовите кои беа поучувани во текот на претходниот час, а со кои се именуваа различни професии и занимања.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги потсетува учениците на боите кои им се веќе познати. Учениците ги именуваат истите. Наставникот ги чита прашањата од вежба бр.2, а потоа го пушта дијалогот за учениците да го слушнат. Наставникот поставува прашања поврзани со слушнатиот текст, а учениците одговараат на истите. Потоа, наставникот го пушта дијалогот правејќи пауза по секоја реченица за учениците да ја слушнат, прочитаат и да ја повторат истата.Во групи, учениците го читаат дијалогот поделени по улоги, а потоа се сооценуваат, односно го сооценуваат нивното читање.

Завршен дел (10мин) Наставникот бара од учениците да се обидат да го преведат текстот, а тој им помага доколку има потреба од тоа.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на работа со текст, метод на комуникација, аудио-лингвален метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Учениците ја играат играта “hangman” користејќи ги зборовите со кои се именуваат различни професии.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (именување познати поими, читање, превод), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, сооценување во групи и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат познати професии и читаат даден текст со познати зборови.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците именуваат познати професии и занимања и го читаат дадениот текст со познати зборови. Најинтересна активност им беше читањето по улоги и

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 4: дневни подготовки-4то одд.-тема 4

сооценувањето во групи кое може да се каже дека беше објективно. Поголемиот дел од учениците можеа да одговорат на поставените прашања. Доколку го повторам часот би додала некоја интересна игра.

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Делови од облеката, професии и занимања!Наставна единица 3. Вежби- Употреба на показните заменки “this, that, these, those” и

искажување присвојност со генитивДатум 05.12.2011

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 5: дневни подготовки-4то одд.-тема 4

Цели на часот Ученикот да може: да ги усвои и увежба показните заменки “this, that, these,

those” и нивната употреба да го увежба искажувањето присвојност со генитив

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Со употреба на флеш карти наставникот ги потсетува учениците на зборовите со кои се именуваат различни професии и занимања.

Главен дел (20 мин) Наставникот покажувајќи кон дел од облеката вели “This is my shirt and these are my shoes”. Потоа, го чита примерот од вежба бр.4, а учениците го повторуваат и ги составуваат речениците за останатите слики. Наставникот ги поучува показните заменки “this, that, these, those” и нивната употреба. Потоа, учениците ја решаваат вежба бр.5.Наставникот ги потсетува учениците на начинот на искажување присвојност со генитив(Marija’s book) и ги поучува прашалните зборови “ Whose?” и “Who?”и нивната примена. Потоа, учениците ја решаваат вежба бр.6. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението и истите ги запишуваат на таблата.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.7. Учениците го слушаат, читаат и повторуваат дијалогот. Потоа, во парови, следејќи го дадениот пример учениците составуваат свои дијалози (вежба бр.8) и ги презентираат пред останатите во одделението.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, метод на комуникација, аудио-лингвален метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Наставникот запишува неколку зборови (професии) чии букви се измешани, а учениците треба да откријат кои се тие зборови и да ги напишат правилно (на пр. cdtoro=doctor)

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (именување познати поими, вежби, учество во дијалози), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците правилно ги употребуваат показните заменки и искажуваат присвојност со генитив.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 6: дневни подготовки-4то одд.-тема 4

Рефлексија на часот Учениците ги увежбаа показните заменки “this, that, these, those”, но имаа потешкотии при употребата на “these” и “those”-односно ги помешуваа зборовите. Сите ученици учествуваа во предвидените активности , а најинтересна им беше активноста на откривање на измешаните зборови.

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Делови од облеката, професии и занимања!Наставна единица 4. Усвојување на нов вокабулар-делови од облекаДатум 07.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нови зборови со кои се именуваат делови од облека и предмети кои се среќаваат во домот

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 7: дневни подготовки-4то одд.-тема 4

да го увежба читањето на дијалогот со познати зборовиФази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот ги потсетува учениците на употребата на показните заменки и на искажувањето присвојност со генитив.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ги поучува зборовите со кои се именуваат делови од облека, а учениците го повторуваат секој збор повеќе пати. Учениците го слушаат аудиозаписот од вежба бр.1 и ги повторуваат зборовите.Наставникот ги чита речениците од вежба бр.2 и го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат истиот, а потоа да ги обележат речениците со да/не.Наставникот го пушта дијалогот повеќе пати за учениците да го слушнат, прочитаат и да го повторат слушнатото.

Завршен дел (10мин) Учениците поделени во парови го читаат дијалогот поделен по улоги. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, метод на комуникација, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, метод на работа со текст, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Учениците го преведуваат дијалогот, а наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (именување познати поими, читање, превод), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат делови од облека и го читаат дијалогот со познати зборови.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги именуваат деловите од облека и го читаат текстот. Кај мал дел од учениците беа забележани потешкотии при меморирање на зборовите и при читањето на текстот. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а сите активности им беа подеднакво интересни.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 8: дневни подготовки-4то одд.-тема 4

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Делови од облеката, професии и занимања!Наставна единица 5. Употреба на присвојни заменки (mine, yours, his, hers, ...)Датум 12.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нови зборови со кои се именуваат делови од облека и предмети кои се среќаваат во домот

да го увежба читањето на дијалогот со познати зборовиФази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 9: дневни подготовки-4то одд.-тема 4

Наставникот ги потсетува учениците на присвојните придавки и нивната употреба. Движејќи се низ училницата наставникот крева предмети кои им припаѓаат на учениците и вели “This is your book. This is his baд. This is her pencil.”

Главен дел (20 мин) Наставникот ја крева својата книга и вели: “This is my book.”и ја запишува реченицата на таблата, а учениците ја повторуваат. Потоа вели: “It’s mine.” И го запишува истото на таблата. На истиот начин ги поучува и другите присвојни заменки.Вежба бр.5. Наставникот го чита и објаснува примерот, а потоа учениците ја решаваат вежбата. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението. Вежба бр.6. Учениците ги именуваат деловите од облеката кои ги имаат Lucy и Patrick. Наставникот го чита примерот, а учениците повторуваат. Во парови, учениците прашуваат и одговараат на прашања следејќи го моделот.

Завршен дел (10мин) Наставникот го пушта дијалогот за учениците да го слушнат и повторат. Потоа, следејќи го примерот тие прават слични дијалози. При оваа активност учениците работат во парови.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, предмети во училницата, табла, креда, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, метод на комуникација, аудио-визуелен метод, метод на практична работа, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Игра погоди го зборот. Еден ученик се обидува со мимики да опише еден ученик во одделението и неговата облека, а останатите во одделението да го погодат.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (именување познати поими, составување едноставни искази), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците правилно ги употребуваат присвојните заменки во едноставни искази.

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија присвојните заменки и нивната употреба во едноставни искази. Најинтересна активност им беше опишувањето на облеката на нивните соученици. Сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 10: дневни подготовки-4то одд.-тема 4

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Делови од облеката, професии и занимања!Наставна единица 6. Вежби- слушање и читање со разбирање на краток текстДатум 12.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба зборовите со кои се именуваат различни професии и делови од облеката

да ги увежба вештините- слушање и читање со разбирањеФази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Со употреба на флеш карти наставникот ги потестува учениците на веќе познатите зборови од оваа тема со кои се именуваат професии и делови од облеката.

Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да ги именуваат професиите на

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 11: дневни подготовки-4то одд.-тема 4

ликовите кои ги гледаат на сликите, а потоа ги поучува новите зборови кои учениците ги повторуваат повеќе пати. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат, а потоа и да го прочитаат и да го повторат текстот ред по ред. Учениците се обидуваат да го преведат текстот со помош од наставникот.Вежба бр.2. Учениците ги читаат двете колони на зборови , а потоа ги поврзуваат за да состават реченици. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.3. Учениците ги разгледуваат сликите, а потоа треба да го обележат ликот кој се опишува. Тие го слушаат аудиозаписот и го обележуваат точниот лик.Наставникот пушта видеозапис со деловите од облеката. Учениците го гледаат видеото и ги именуваат деловите од облеката. http://www.youtube.com/watch?v=taoCF1cKZSY

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, компјутер, проектор, Интернет, екран и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на комуникација, аудио-визуелен метод, метод на практична работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со општество (професии)со ликовно образование (бои)

Додатна активност Следејќи го моделот од вежба бр.1. учениците ги опишуваат мајка му на Оскар и таткото на Венди.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (именување познати поими, составување едноставни искази), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците го читаат со разбирање дадениот текст и ги разбираат слушнатите искази.

Рефлексија на часот Учениците ги увежбаа вештините- слушање со разбирање и читање со разбирање. Дел од учениците имаа потешкотии при разбирање на слушнатите искази. Сите активности беа реализирани, а најинтересна активност им беше гледањето на краткото видео и составувањето на едноставни искази поврзани со деловите од облеката.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 12: дневни подготовки-4то одд.-тема 4

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Делови од облеката, професии и занимања!Наставна единица 7. Игра и песничка “My father’s a policeman”Датум 14.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба клучните зборови и граматичките структури од оваа тема преку игра и песничка

да соработува со соучениците и со наставникотФази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите предлози за место (in, on, under, behind) при што разместува различни предмети низ училницата и поставува прашања за нивната местоположба (Where is/are…?), а учениците одговараат на истите прашања.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги дели учениците во две групи и бара од учениците да ја разгледаат сликата, а потоа да ги затворат ницвните учебници. Наставникот поставува прашања за местоположбата на предметите од сликата, а учениците од двете групи наизменично одговараат. За

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 13: дневни подготовки-4то одд.-тема 4

секое точно одговорено прашање групата добива еден поен. Победник е групата со најмногу поени.Наставникот го пушта аудиозаписот повеќе пати за учениците да ја слушнат песничката, а потоа да се обидат да ја пеат.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче со показните заменки “this, that, these, those” и со деловите од облеката. Учениците ја решаваат вежбата од листот и пополнетите листови ги враќаат кај наставникот за тој да ги провери нивните одговори.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, наставно ливче и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на комуникација,метод на игра, метод на песна, аудио-визуелен метод, метод на практична работа, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со општество (професии)со музичко образование (песничка)

Додатна активност Учениците, во групи, се обидуваат да ја отпеат песничката. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (усвоеност на вокабулар, составување едноставни искази), усни одговори на прашања од наставникот,наставно ливче, писмена повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците учествуваат во играта и во изведбата на песничката.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците се потсетија на содржинте од оваа тема преку игра и песничка. Најинтересна активност им беше играта која го поттикна натпреварувачкиот дух меѓу нив. Сите ученици учествуваа во предвидените активности.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 14: дневни подготовки-4то одд.-тема 4

План за час по англиски јазик

Одделение четврто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Делови од облеката, професии и занимања!Наставна единица 8. Потсетување и утврдување на содржините од тема бр.4Датум 19.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на содржините од тема бр.4 да ги утврди своите познавања на содржините од оваа тема

Фази на часот АктивностиВоведен дел (8 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ги потсетува учениците на

клучните зборови од оваа тема (делови од облека, професии и занимања). Потоа, ги потсетува учениците на граматичките структури од оваа тема (показни заменки и присвојни заменки) и нивната примена во реченици.

Главен дел (30 мин) Наставникот дистрибуира тестови и бара од учениците да ги разгледаат вежбите. Наставникот дава објаснување за начинот на решавање на вежбите. Доколку има некои прашања од страна на учениците наставникот дава одговор на истите. Учениците ги решаваат вежбите од тестот, а наставникот ги потсетува учениците дека тоа треба да го прават самостојно.

Завршен дел (2 мин) Тестовите со решените вежби учениците ги враќаат кај наставникот за тој да ги провери нивните одговори.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 15: дневни подготовки-4то одд.-тема 4

Наставни средства и помагала

тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, тест и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на комуникација,метод на тест, метод на практична работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со општество (професии)

Додатна активност Поправка на вежбите од тестот.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (усвоеност на вокабулар, составување едноставни искази), усни одговори на прашања од наставникот, тест, бодовна скала, писмена повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците ги решаваат вежбите од тестот.

Рефлексија на часот Учениците ги решаваа вежбите од тестот и според добиените резултати од истиот само еден ученик има слаба оцена, а целокупниот резултат е добар.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки