Тема бр 3-iii odd

39
План за час по англиски јазик Одделение трето одделение Модул/ тема бр.3- My family (Моето семејство!) / (unit 4) Наставна единица 1. Модел на културно однесување-запознавање на две лица Датум III a -05.12.2011/III б -07.12.2011 Цели на часот Ученикот да може: да го усвои и увежба моделот на културно однесување-запознавање на две лица да соработува со соучениците при заеднички активности Фази на часот Активности Воведен дел (10 мин) Наставникот ги потсетува учениците на моделот на културно однесување кој беше поучуван во текот на претходната тема. На пример: S1: Hi Stojan! How are you? S2: I’m fine. This is my friend Aleksandar. S1: Hi Aleksandar! Главен дел (20 мин) Наставникот со двајца доброволци го презентира моделот на културно однесување. Наставникот бара од учениците во групи да излезат од училницата и да влезат велејќи “Hi mom! I’m home!” Потоа учениците го увежбуваат и вториот дел од дијалогот (It’s nice to meet you!). Наставникот го пушта аудиозаписот бр.73 и 74 за учениците да го слушнат дијалогот и да го увежбаат изговорот на речениците. Наставникот го пушта дијалогот повеќе пати. Завршен дел (10мин) Во групи, учениците го увежбуваат дијалогот. Секоја група го изведува дијалогот по три пати со тоа што учениците меѓусебно си ги разменуваат улогите и се обидуваат да го одглумат најдобро што можат. Наставникот им помага доколку има потреба. Учениците одбираат која група најдобро го извела дијалогот. Наставни Учебници, тетратки, моливи, табла, креда, CD, CD Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Upload: biljana-vlahova-karadachki

Post on 21-Apr-2015

273 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Тема бр 3-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.3- My family (Моето семејство!) / (unit 4)Наставна единица 1. Модел на културно однесување-запознавање на две лицаДатум IIIa-05.12.2011/IIIб-07.12.2011 Цели на часот Ученикот да може:

да го усвои и увежба моделот на културно однесување-запознавање на две лица

да соработува со соучениците при заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги потсетува учениците на моделот на културно однесување

кој беше поучуван во текот на претходната тема. На пример:S1: Hi Stojan! How are you?S2: I’m fine. This is my friend Aleksandar.S1: Hi Aleksandar!

Главен дел (20 мин) Наставникот со двајца доброволци го презентира моделот на културно однесување. Наставникот бара од учениците во групи да излезат од училницата и да влезат велејќи “Hi mom! I’m home!” Потоа учениците го увежбуваат и вториот дел од дијалогот (It’s nice to meet you!).Наставникот го пушта аудиозаписот бр.73 и 74 за учениците да го слушнат дијалогот и да го увежбаат изговорот на речениците. Наставникот го пушта дијалогот повеќе пати.

Завршен дел (10мин) Во групи, учениците го увежбуваат дијалогот. Секоја група го изведува дијалогот по три пати со тоа што учениците меѓусебно си ги разменуваат улогите и се обидуваат да го одглумат најдобро што можат. Наставникот им помага доколку има потреба. Учениците одбираат која група најдобро го извела дијалогот.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, табла, креда, CD, CD плеер и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, комуникативен метод, метод на драматизација, аудио-визуелен метод, аудио-лингвален метод, работа во заедница, работа во групи

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Учениците се потсетуваат на песничките кои беа поучувани во претходните теми.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, чек листа, усна повратна информација од наставникот, сооценување на учениците во групи и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 2: Тема бр 3-III odd

Очекуван исход Учениците го усвоија моделот на културно однесување-запознавање на две лица

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- односно учениците го усвоија комуникативниот модел- запознавање на две лица со посредство на трето лице. Тие го увежбаа истиот преку кратки дијалози обидувајќи се да го драматизираат истиот. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше токму драматизацијата на комуникативниот модел. Кога би го повторила истиот час би можела да применам некоја игра или вежба за увежбување на веќе познатите комуникативни модели.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 3: Тема бр 3-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.3- My family (Моето семејство!) /(unit 4)Наставна единица 2. Слушање и пеење песничка “The family sonд”Датум IIIa-12.12.2011/IIIб-07.12.2011 Цели на часот Ученикот да може:

да го увежба моделот на културно однесување (запознавање на две лица) преку песничка

да се потсети на членовите на семејството

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги прашува учениците да му ги кажат членовите во нивните

семејства. Потоа, со користење на флеш карти наставникот ги потсетува учениците на зборовите со кои се именуваат членови во семејството (mother, father, brother, sister) и го поучува зборот “family” (семејство).

Главен дел (20 мин) Наставникот повеќе пати ги повторува зборовите кои означуваат членови во семејството, а истото го прават и учениците со цел да ги увежбаат истите. Потоа, секој ученик ги претставува членовите во семејството на Kate.Наставникот го пушта аудиозаписот бр.75 за учениците да ги слушнат и да ги препознаат познатите зборови.Наставникот ја поучува песничката ритмички со плескање со рацете. Учениците ја слушаат песничката повеќе пати и се обидуваат да ја изведат.

Завршен дел (10мин) Во групи, учениците ја изведуваат песничката притоа правејќи соодветни движења (мавтање со рака-кое укажува на пријател, ракување за “Nice to meet you!”).

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на песна, комуникативен метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со музичко образование (пеење песничка)

Додатна активност Во групи од тројца учениците го увежбуваат моделот на културно однесување кој беше поучуван во текот на претходниот час.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, чек листа, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 4: Тема бр 3-III odd

Очекуван исход Учениците го увежбаа моделот на културно однесување (запознавање на две лица) преку песничка.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија и го увежбаа моделот на културно однесување- запозавање на две лица со посредство на трето лице преку песничка и учество во кратки дијалози. Сите ученици учествуваа во активностите предвидени за овој час, а најинтересна активност им беше изведбата на песничката со правење на соодветни движења. Кога би го одржала истиот час повторно би можела да применам краток видеозапис или презентација со членовите во семејството.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 5: Тема бр 3-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.3- My family (Моето семејство!) / (unit 4)Наставна единица 3. Активности во училницата и искажување способност со “can/can’t”Датум IIIa-15.12.2011/IIIб-12.12.2011 Цели на часот Ученикот да може:

да усвои и увежба наредби кои се среќаваат во училницата да ја усвои употребата на модалниот глагол “can/can’t” за

искажување способност

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги потсетува учениците на наредбите кои беа поучувани во

текот на претходните часови со покажување на флеш карти. Учениците ги извршуваат наредбите кои наставникот ги кажува или ги покажува на флеш карти.

Главен дел (20 мин) Наставникот кажува “I can’t find my book” и прави соодветно движење, а од учениците бара да погодат што значи оваа реченица според движењето кое го прави. Наставникот ги поучува глаголските фрази една по една, а учениците ги повторуваат истите повеќе пати. За да го провери разбирањето на фразите од страна на учениците, наставникот ги кажува со измешан редослед, а учениците ја извршуваат соодветната активност. Наставникот покажува флеш карти, а учениците ја кажуваат фразата и го прават соодветното движење.Наставникот ги потсетува учениците на модалниот глагол “can” и ја поучува неговата одречна форма “can’t”. Учениците ги кажуваат одречните реченици употребувајќи ги новите глаголски фрази. На пр.I can’t find my book.Наставникот го пушта аудиозаписот бр.77 за учениците да ги слушнат глаголските фрази, а потоа и да ги повторат истите.

Завршен дел (10мин) Наставникот ги дели учениците во две групи. Едната група има за задача да состави реченици со новите глаголски фрази употребувајќи го модалниот глагол “can”, а другата да состави реченици употребувајќи ја одречната форма “can’t”. Учениците меѓусебно си ги пронаоѓаат грешките доколку ги имаат направено.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, комуникативен метод, природен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во групи

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 6: Тема бр 3-III odd

Додатна активност Еден ученик со мимики се обидува да објасни некоја од фразите кои беа поучувани во текот на часот, а останатите од одделението да ја погодат. Оној кој ќе ја погоди фразата е следниот кој објаснува друга фраза.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, чек листа, усна повратна информација од наставникот, сооценување на учениците во групи и сл.

Очекуван исход Учениците искажуваат способност употребувајќи го модалниот глагол “can/can’t” заедно со новите глаголски фрази.

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија и увежбаа глаголските фрази предвидени за овој час, но неколку ученици имаа потешкотии при меморирање на фразите и им беше потребна помош. Тие составуваа едноставни искази употребувајќи го модалниот глагол “can/can’t” во кои искажуваа способност за вршење на некоја активност. Сите ученици учествуваа во активностите предвидени за овој час и сите активности им беа подеднакво интересни. Кога би го повторила истиот час би можела да применам наставно ливче со познатите глаголски фрази.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 7: Тема бр 3-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.3- My family (Моето семејство!) / (unit 4)Наставна единица 4. Усвојување на нов вокабулар-членови во семејствотоДатум IIIa-15.12.2011/IIIб-14.12.2011 Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нови зборови со кои се именуваат членови во семејството да ги увежба личните заменки за трето лице еднина во едноставни

искази

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот реди столчиња во круг за учениците да ја играат играта

музички столчиња. Тој реди едно столче помалку од бројот на учениците. Нааставникот ја пушта песничката за семејството и учениците се движат во круг околу столчињата. Кога ќе престане музиката, тие брзо седнуваат на столчињата, а оној кој ќе остане без столче извлекува картичка и го кажува зборчето претставено на картичката.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти, наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите зборови со кои се именуваат членови во семејството, а потоа ги поучува и новите зборови (чичко, стрина, братучед, внук, внука, син, ќерка).Наставникот ги покажува картичките со женските членови во семејството и ги прашува учениците што им е заедничко на тие членови (женскиот род). Потоа, ја поучува личната заменка “she”(таа). Истото го повторува и со машките членови во семејството и личната заменка “he”(тој).

Завршен дел (10мин) Наставникот бара од учениците да ги нацртаат членовите во нивната фамилија и потоа да ги претстават пред останатите во одделението.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, блок, боички и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на играметод на илустрација, природен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во групи

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со ликовно образование (цртање и обојување)

Додатна активност Учениците ја играат играта “hanдman” (бесилка) употребувајќи ги зборовите со кои се именуваат членови во семејството.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, чек листа, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 8: Тема бр 3-III odd

Очекуван исход Учениците именуваат членови во поширокото семејство.Рефлексија на часот Учениците ги препознаваат и ги именуваат членовите во поширокото

семејство. Во текот на овој час не беа забележани потешкотии и сите ученици зедоа учество во дадените активности. Најинтересна активност на учениците им беше играта, а кога би го одржала истиот час повторно би можела да применам интерактивна вежба со членовите во семејството. (http://www.englishexercises.org/makeagame/viewgame.asp?id=982 )

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 9: Тема бр 3-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.3- My family (Моето семејство!) / (unit 4)Наставна единица 5. Составување едноставни искази-претставување на членовите во

семејствотоДатум IIIa-15.12.2011/IIIб-14.12.2011 Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба зборовите со кои се именуваат членови во семејството

да ги увежба личните заменки за трето лице еднина заедно со формите на глаголот “сум” во едноставни искази

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот. Со

употреба на флеш карти наставникот ги потсетува учениците на зборовите со кои се именуваат членовите во семејството. Тој ги покажува картичките со измешан редослед, а учениците ги изговараат соодветните зборови.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги дели членовите во семејството на машки и женски членови. Потоа, наставникот бара од учениците да ги претстават женските членови употребувајќи ја личната заменка “she”, а потоа употребувајќи ја заменката “he” да ги претстават машките членови во семејството. Наставникот бара од учениците да ги претстават нивните партнери употребувајќи лична заменка (на пр. She is Marija. He is Bojan).Учениците го слушаат аудиозаписот бр.80 и го увежбуваат изговорот на речениците.

Завршен дел (10мин) Секој од учениците одбира еден ученик во одделението, го црта и го претставува пред останатите во одделението употребувајќи соодветна лична заменка.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, блок, боички и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на комуникација,метод на илустрација, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со ликовно образование (цртање и обојување)

Додатна активност Наставникот ги дели учениците на две групи. Потоа, на таблата црта табела во која има во секое поле по еден познат предмет. Предметите се претставени на флеш карти свртени со опачината, а полињата се обележани со броеви. Еден ученик од групата одбира поле, а ученик од неговата група треба да ја види картичката и со мимики и гестикулации да му го објасни зборот. Доколку тој го погоди зборот освојува поен, во спротивно ученик од другата група има право да го погодува зборот.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 10: Тема бр 3-III odd

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, чек листа, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Очекуван исход Во едноставни искази учениците именуваат членови во поширокото семејство употребувајќи и лични заменки.

Рефлексија на часот Учениците ја разбраа употребата на личните подметни заменки за машки и женски род во трето лице еднина (he / she) и се потсетија на зборовите со кои се именуваат членови во семејството. Тие составуваа едноставни искази претставувајќи ги членовите од нивните семејства. Кај мал дел од учениците беа забележани мали потешкотии при составувањето на едноставните реченици иако ги именуваа членовите од семејството и правеа разлика помеѓу употребата на личните подметни заменки ( he / she).Најинтересна активност на учениците им беше цртањето на нивните соученици и претставувањето на истите. Кога би го одржала истиот час повторно би можела да применам некоја игра за увежбување на овие искази и за поттикнување на натпреварувачкиот дух помеѓу учениците.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 11: Тема бр 3-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.3- My family (Моето семејство!) / (unit 4)Наставна единица 6. Поставување и одговарање на прашањаДатум IIIa-22.12.2011/IIIб-19.12.2011 Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба личните заменки за трето лице еднина заедно со формите на глаголот “сум” во едноставни искази

да ги увежба прашањата со прашалното зборче “who?”

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Игра. Наставникот ги дели учениците во две групи и учениците се редат во две редици. Секоја група добива по една флеш карта со некој од членовите во семејството. Кога наставникот ќе го означи почетокот со “Go!” првиот ученик го претставува членот од семејството и ја предава картичката на следниот ученик. Кога картичката ќе стигне повторно кај првиот ученик, играта завршува, а победник е групата која прва ќе заврши со пренесувањето на картичката.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти, наставникот го поучува прашалното зборче “who?” и прашањата кои започнуваат на истото зборче. Покажувајќи ја картичката, наставникот прашува “Who is he?”, а учениците одговараат “He is my (father)”. Наставникот го пушта аудиозаписот бр.82 и 83 за учениците да го увежбаат изговорот на прашањата и можните одговори. Учениците во парови ги увежбуваат прашањата притоа покажувајќи кон сликите во учебникот.

Завршен дел (10мин) Учениците, еден по еден, во улога на наставник ги прашуваат учениците “Who is he/she?”, а останатите од одделението одговараат.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, блок, боички и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, метод на комуникација, метод на игра, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, фронтална работа, работа во групи, работа во парови

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Наставникот ги запишува познатите букви на таблата, но со измешан редослед. Потоа, од учениците бара да ги именуваат истите и да именуваат зборови кои започнуваат на истите букви.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 12: Тема бр 3-III odd

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, учество во кратки дијалошки ситуации), усни одговори на прашања од наставникот, чек листа, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Очекуван исход Учениците прашуваат и одговараат на прашања со прашалното зборче “who?”.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги увежбаа личните заменки и прашуваа и одговараа на прашањата со прашалното зборче “who?”. Учениците ги разликуваа личните заменки за машки и женски род еднина во 3то лице.Сите ученици учествуваа во предвидените активности и не беа забележани потешкотии во текот на часот. Најинтересна активност на учениците им беше играта која ја играа, а доколку би го повторила истиот час би можела да применам наставно ливче за учениците да ги увежбаат добро личните заменки.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 13: Тема бр 3-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.3- My family (Моето семејство!) / (unit 4)Наставна единица 7. Усвојување на нов вокабулар- описни придавкиДатум IIIa-22.12.2011/IIIб-21.12.2011 Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на употребата на личните заменки “he/she” да ги усвои и увежба придавките со кои се опишува надворешен

изглед

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Наставникот ги дели учениците во две групи. Секој ученик од едната група има партнер од спротивната група. Секој ученик извлекува една флеш карта и на партнерот од спротивната групаму го поставува прашањето “Who is he/she?”, а доколку неговиот партнер го одговори точно освојува поен за својата група.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти, наставникот ги прашува учениците да му ги кажат разликите помеѓу картичките дадени во пар (млад-стар, убав-грд, дебел-слаб, низок-висок). Наставникот ги поучува придавките (антоними) со кои се опишува надворешен изглед, а учениците го повторуваат секој збор повеќе пати. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат зборовите, да покажат кон соодветните слики во учебникот и да ги повторат истите. Наставникот правејќи соодветни движења ги поучува описните придавки во реченица. На пр. “He/she is tall. Gorдi is thin.”. Учениците ги слушаат речениците од аудиозаписот бр.86 и го увежбуваат нивниот изговор.

Завршен дел (10мин) Во парови, со употреба на флеш карти, учениците ги употребуваат придавките во реченици. На пр. “А: She is short. B: He is tall.”Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, демонстративен метод, метод на комуникација, метод на игра, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, фронтална работа, работа во групи, работа во парови

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Учениците ги запишуваат новите зборови во нивните тетратки. Потоа, наставникот запишува неколку од новите зборови но на кои им недостасуваат букви, а учениците се обидуваат да погодат кои букви им недостасуваат на зборовите. На пр. o _ d (old), y _ u n _ (younд) и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 14: Тема бр 3-III odd

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, учество во кратки дијалошки ситуации), усни одговори на прашања од наставникот, чек листа, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Очекуван исход Учениците ги усвоија предвидените описни придавки и ги применуваат во едноставни реченици.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на личните заменки и ги усвоија описните придавки. Тие ја увежбаа употребата на описните придавки во едноставни реченици. Во текот на часот не беа забележани некои потешкотии, иако на мал дел од учениците им беше потешко самите да состават едноставна реченица и им беше потребна мала помош. Најинтересна активност им беше играта, а кога би го повторила овој час уште еднаш би можела да применам наставно ливче.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 15: Тема бр 3-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.3- My family (Моето семејство!) / (unit 4)Наставна единица 8. Увежбување на да/не прашања со членовите од семејствотоДатум IIIa-26.12.2011/IIIб-21.12.2011 Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба придавките со кои се опишува надворешен изглед да ги увежба да/не прашањата

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Со употреба на флеш карти наставникот ги потсетува учениците на придавките со кои се опишува надворешен изглед, а кои беа поучувани во текот на претходниот час. Наставникот ги потсетува учениците на да/не прашањата (Is he your father?)

Главен дел (20 мин) Наставникот го насочува вниманието на сликите од страна бр.33. Тој го пушта аудиозаписот бр.88 за учениците да го слушнат и да покажат кон соодветната слика во учебникот. Наставникот повторно го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат и да ги повторат прашањата и одговорите. Наставникот покажувајќи кон некој од ликовите во учебникот поставува да/не прашања кои учениците ги одговараат.

Завршен дел (10мин) Наставникот ја пушта песничката за учениците да ја слушнат и да покажат кон зборчињата, а потоа и да ги заокружат точните одговори. Учениците ја слушаат песничката повеќе пати и се обидуваат да ја пеат.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

демонстративен метод, метод на комуникација, метод на песна, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, фронтална работа, работа во парови

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со музичко образование (пеење песничка)

Додатна активност Со примена на флеш карти, учениците во парови ги увежбуваат да/не прашањата.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (учество во кратки дијалошки ситуации, пеење песничка), усни одговори на прашања од наставникот, чек листа, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 16: Тема бр 3-III odd

Очекуван исход Учениците ги увежбаа да/не прашањата и правилно ги употребуваат личните заменки и описните придавки.

Рефлексија на часот Учениците поставуваат и одговараат на да/не прашања. Тие правилно ги применуваа описните придавки и личните заменки во едноставни реченици. Кај послабите ученици беа забележани потешкотии при составувањето на едноставни реченици и им беше потребна помош. Најинтересна активност им беше песничката. Во иднина би можела да применам некоја игра од Интернет која е прилагодена на возраста на учениците.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 17: Тема бр 3-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.3- My family (Моето семејство!) / (unit 4)Наставна единица 9. Идентификување на букви од азбуката (д, h, i) и зборови кои

започнуваат на иститеДатум IIIa-29.12.2011/IIIб-26.12.2011 Цели на часот Ученикот да може:

да ги препознае и да ги именува буквите д, h, i да усвои нови зборови кои започнуваат на овие букви

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Со покажување на буквите на постер наставникот ги поканува учениците заедно да ја кажат азбуката. Потоа, наставникот ги потсетува учениците на веќе усвоените букви и на зборовите кои започнуваат на тие букви, а кои им се веќе познати на учениците.

Главен дел (20 мин) Наставникот покажува кон буквите д, h, i и бара од учениците да ги именуваат доколку можат.Наставникот ги поучува буквите и зборовите кои започнуваат на овие букви притоа објаснувајќи ги различните гласови [g ]- дirl и [ʤ]-дiraffe . Наставникот го пушта аудиозаписот бр.92 за учениците да ги слушнат зборовите, а вториот пат и да ги повторат истите. Со покажување на флеш карти учениците повеќе пати ги повторуваат зборовите. Наставникот ги запишува буквите и зборовите на таблата, а учениците ги запишуваат истите во нивните тетратки.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставни ливчиња со буквите д, h, i , а учениците ги пишуваат буквите и ги препознаваат помеѓу другите дадени букви.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, наставно ливче, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, метод на комуникација, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, фронтална работа, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Учениците се поделени во парови. Тие на грбот од својот партнер, со рака пишуваат некоја од познатите букви (a,b, c, d, e, f, g, h, i), а партнерот треба да ја препознае буквата. Потоа, си ги заменуваат улогите.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 18: Тема бр 3-III odd

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (учество во кратки дијалошки ситуации, усвоеност на вокабуларот), усни одговори на прашања од наставникот, чек листа, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат поими кои започнуваат на буквите д, h, i и ги препознаваат и именуваат овие букви.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати-учениците ги именуваат и препознаваат буквите д, h, i. Тие ги усвоија предвидените зборови кои започнуваат на овие букви. Сите ученици учествуваа во предвидените активности не беа забележани потешкотии во текот на часот. Најинтересна им беше играта на пишување на буквите на грбот од нивниот партнер. Во иднина би можела да применам квиз во текот на овој час за да го поттикнам натпреварувачкиот дух кај учениците.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 19: Тема бр 3-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.3- My family (Моето семејство!) / (unit 4)Наставна единица 10. Изработка на новогодишна честиткаДатум IIIa-29.12.2011/IIIб-28.12.2011 Цели на часот Ученикот да може:

да усвои зборови кои се поврзуваат со празнувањето на Нова година и Божиќ

да се стекне со информации за други култури

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги прашува учениците како тие ја прославуваат Нова година

и како го прославуваат Божиќ. Потоа, наставникот пушта кратко видео (http://www.youtube.com/watch?v=02eu9mxPDl8&feature=related ) поврзано со прославувањето на Божиќ и им објаснува на учениците како се прославува овој празник во некои земји во светот.

Главен дел (20 мин) Учениците добиваат копии со слики поврзани со прославувањето на новогодишните празници и тие ги обојуваат истите. Наставникот ги потсетува на начинот на кој се честита Божиќ и Нова година (Merry Christmas!/ Happy New Year!). Учениците изработуваат новогодишни честитки за нивните најблиски.

Завршен дел (10мин) Наставникот пушта видеозапис од песничката “We wish you a merry Christmas” (http://www.youtube.com/watch?v=WOe1RVuDJDk ) и од песничката “Jingle Bells” (http://www.youtube.com/watch?v=80CALDCNUrU ). Учениците ги слушаат песничките и се обидуваат да ги пеат.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, компјутер, екран, Интернет, проектор, наставно ливче-боенка, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, метод на комуникација, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со ликовно образование (цртање и обојување)-со музичко образование (песнички)

Додатна активност Поделени во групи учениците се обидуваат да ги пеат песничките кои ги слушаа во текот на овој час.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (усвоеност на вокабуларот, пеење песнички), усни одговори на прашања од наставникот, чек листа, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 20: Тема бр 3-III odd

Очекуван исход Учениците именуваат поими поврзани со прославувањето на Нова година и Божиќ.

Рефлексија на часот Учениците усвоија неколку зборови поврзани со прославувањето на Нова година и Божиќ. Тие се стекнаа со информации за други култури и традиции. Сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час и мислам дека сите активности им беа интересни. Кога повторно би го одржала овој час би можела да применам некоја игра од Интернет поврзана со Нова година и Божиќ.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 21: Тема бр 3-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.3- My family (Моето семејство!) (unit 4)Наставна единица 11. Искажување сродство со членовите во семејствотоДатум IIIa-23.01.2012 /IIIб-28.12.2011 Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на зборовите со кои се именуваат членови во семејството

да ги увежба да/не прашањата

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Со покажување на слики од членовите во едно семејство, наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите зборови кои беа поучувани во текот на претходните часови (father, mother, brother, sister, дrandmother, дrandfather, uncle, aunt, cousin). Учениците ги именуваат членовите во семејството.

Главен дел (20 мин) Наставникот покажува кон сликите на стр.34 во учебникот на кои се претставени членовите во семејството и го пушта аудиозаписот бр.93 за учениците да го слушнат дијалогот и да покажат кон соодветните слики.Наставникот повторно го пушта аудиозаписот за учениците да го впишат бројот во квадратчињата по редоследот по кој ќе ги слушнат членовите во семејството.Во парови, учениците прашуваат и одговараат на да/не прашања покажувајќи кон сликите од вежба C.

Завршен дел (15мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче со две вежби. Во првата вежба учениците треба да ги дополнат зборовите со буквите кои недостасуваат, а во втората вежба треба да одговорат на да/не прашањата.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, наставно ливче, и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на комуникација, аудио-визуелен метод, метод на практична работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Учениците цртаат двајца од членовите во нивните семејства. Потоа, во парови, прашуваат и одговараат на да/не прашања поврзани со сликите кои ги нацртале.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (усвоеност на вокабуларот, учество во кратки дијалошки ситуации), усни одговори на прашања од наставникот, наставно ливче, бодовна скала, писмена повратна информација од наставникот, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 22: Тема бр 3-III odd

Очекуван исход Учениците ги именуваат членовите во семејството и прашуваат и одговараат на да/не прашања.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги увежбаа зборовите со кои се именуваат членовите во поширокото семејство и ги увежбаа да/не прашањата. Сите ученици зедоа учество во предвидените активности и кај мал дел од учениците имаше потреба од мала помош при поставувањето на да/не прашањата. Најинтересна активност им беше активноста во парови, а доколку повторно би го одржала истиот час би применила некоја игра на погодување или имитирање.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 23: Тема бр 3-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.3- My family (Моето семејство!) / (unit 4)Наставна единица 12. Претставување на членовите во семејството и давање краток опис на

нивниот надворешен изгледДатум IIIa-26.01.2012 /IIIб-23.01.2012 Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на веќе познатите описни придавки да ги примени описните придавки при давање краток опис на

надворешен изглед на некои лица

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Наставникот поделува флеш карти на кои се претставени членовите во семејството при што поставува и да/не прашања на кои учениците треба да одговорат. (Is he your father? Yes, he is./ No, he isn’t.)

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ги претставува членовите на неговото семејство притоа давајќи соодветен опис на надворешниот изглед на лицето кое го претставува. (He is my father. He is tall and thin.). Учениците користејќи ги цртежите со членовите во нивните семејства ги претставуваат и даваат краток опис на нивниот надворешен изглед.Наставникот го пушта аудиозаписот бр.94 за учениците да ги слушнат исказите и да покажат кон соодветните реченици во учебникот.

Завршен дел (10мин) Учениците цртаат едно нивно другарче и потоа го претставуваат и даваат краток опис на неговиот надворешен изглед.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, хартија, боички, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, метод на комуникација, аудио-визуелен метод, метод на илустрација, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)Со ликовно образование (цртање и обојување)

Додатна активност Во парови, учениците го опишуваат надворешниот изглед на нивниот партнер.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (усвоеност на вокабуларот, учество во кратки дијалошки ситуации), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 24: Тема бр 3-III odd

Очекуван исход Учениците ги применуваат описните придавки во едноставни реченици давајќи краток опис на надворешен изглед на некое лице.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на описните придавки. Тие даваа опис на

надворешен изглед на некое лице од нивното семејство или некое другарче, а на мал дел од учениците им беше потребна помош при составувањето на кратките реченици. Сите ученици зедоа учество во активностите предвидени за овој час. Најинтересна активност им беше давањето опис на надворешниот изглед на нивниот партнер. Кога би го повторила истиот час би применила квиз или игра за да го поттикнам натпреварувачкиот дух кај учениците.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 25: Тема бр 3-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.3- My family (Моето семејство!) / (unit 4)Наставна единица 13. Усвојување на нов вокабулар- делови од телотоДатум IIIa-26.01.2012 /IIIб-25.01.2012 Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нови зборови со кои се именуваат деловите од човековото тело

да ја увежба употребата на глаголот “have дot” (има) во Present Simple Tense

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Наставникот покажува кон некои делови од своето тело барајќо од учениците да ги идентификуваат истите. Потоа, со затворени учебници, наставникот ги поучува новите зборови, а учениците го повторуваат секој збор повеќе пати и ги покажуваат соодветните делови од телото.

Главен дел (20 мин) Наставникот го пушта аудиозаписот бр.97 за учениците да ги слушнат зборовите и да покажат кон соодветните делови од телото на дадената слика во учебникот. Учениците ги слушаат зборовите од аудиозаписот и ги повторуваат истите.Наставникот го поучува глаголот “touch” (допира), а потоа го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат и да ја извршат соодветната наредба.Наставникот ги потсетува учениците на глаголот “have дot” (има) во Present Simple Tense и на неговата употреба. Учениците составуваат едноставни реченици употребувајќи го овој глагол. (I have a doд. She has a cat.)

Завршен дел (10мин) Учениците ја играат играта на обележување на деловите од главата (http://learnenglishkids.britishcouncil.org/en/language-games/label-the-picture/clowns-face ) и на обојување на соодветните делови од главата во соодветните бои според дадени инструкции (http://learnenglishkids.britishcouncil.org/en/language-games/paint-it/clowns-face ).

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, компјутери, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, демонстративен метод, метод на комуникација, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со работа со компјутери

Додатна активност Еден ученик дава наредби (на пр. Touch your nose!), а останатите од одделението ја извршуваат.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 26: Тема бр 3-III odd

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (усвоеност на вокабуларот), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Очекуван исход Учениците ги именуваат деловите од телото.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги усвоија зборовите со кои се

именуваат делови од телото, но во IIIб има потреба од дополнителен час за увежбување на вокабуларот кај дел од учениците. Сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час. Особено интересни им беа online игрите на Интернет. Кога би го повторила овој час, не би променила ништо.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 27: Тема бр 3-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.3- My family (Моето семејство!) / (unit 4)Наставна единица 13a. Увежбување на вокабуларот- делови од телотоДатум IIIб-25.01.2012 Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба зборовите со кои се именуваат деловите од човековото тело

да ја увежба употребата на глаголот “have дot” (има) во Present Simple Tense

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот покажува кон постер на кој е претставено човечкото тело. Тој

од учениците бара да ги именуваат деловите од главата кои тој ги покажува на постерот. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги потсетува учениците на деловите од телото. Учениците ги именуваат деловите од телото кои наставникот ги покажува. Учениците цртаат човечко тело и ја обојуваат сликата која ја нацртале. Потоа, ги обележуваат деловите од телото на сликата која ја нацртале. Неколку ученици ги презентираат нивните цртежи пред останатите од одделението именувајќи ги деловите од телото.

Завршен дел (10мин) Наставникот ги потсетува учениците на наредбата Touch your...!, при што тој дава наредби, а учениците прават соодветни движења. Потоа, некој од учениците, во улога на наставник, дава наредби за останатите од одделението да ги извршат истите.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

демонстративен метод, метод на комуникација, аудио-визуелен метод, метод на илустрација, целосен физички одговор, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со ликовно образование (цртање и обојување)

Додатна активност Учениците ја играат играта Hangman со примена на зборовите со кои се именуваат делови од телото.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (усвоеност на вокабуларот), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 28: Тема бр 3-III odd

Очекуван исход Учениците именуваат делови од телото.

Рефлексија на часот Учениците ги увежбаа зборовите со кои се именуваат делови од телото. На

мал дел од учениците им беше потребен дополнителен час за увежбување на вокабуларот. Најинтересно им беше извршувањето на наредбите кои им ги даваше еден од учениците (Touch your ...!) . Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а кога би го повторила овој час би барала од секој ученик поединечно да ги именува деловите од телото.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 29: Тема бр 3-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.3- My family (Моето семејство!) / (unit 4)Наставна единица 14. Потсетување на содржините од тема бр.3Датум IIIa-30.01.2012 /IIIб- 30.01.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на содржините од оваа целина да соработува со соучениците при активности во групи и во парови

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Во групи од тројца, учениците се потсетуваат на моделот на културно однесување- претставување на друго лице (A: This is my friend, ... B: It’s nice to meet you! C: It’s nice to meet you, too!)

Главен дел (20 мин) Наставникот го насочува вниманието на сликите од активностите Да се потсетиме! и бара од учениците да ги именуваат предметите кои ги гледаат на сликите и активностите кои се прикажани. Потоа, го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат и да ги заокружат соодветните слики. Наставникот ги проверува нивните одговори.Потоа, учениците го слушаат аудиозаписот бр.96, ги идентификуваат членовите од семејството и ги впишуваат соодветните броеви под сликите.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче на кое се дадени зборови на кои им недостасуваат букви, а со кои се означуваат делови од телото. Учениците ги дополнуваат зборовите и ги впишуваат во дадениот крстозбор. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на практична работа, метод на комуникација, аудио-визуелен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во групи, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Со употреба на флеш карти, наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите описни придавки. Потоа, во парови учениците се опишуваат меѓусебно.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (усвоеност на вокабуларот, учество во кратки дијалози), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 30: Тема бр 3-III odd

Очекуван исход Учениците именуваат познати поими и составуваат едноставни искази.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на лексичките единици кои беа поучувани во

склоп на оваа тема и правилно ги применуваа во едноставни реченици. Во текот на часот не беа забележани некои потешкотии, но на повеќето од учениците не им беше јасно како се пополнува крстозборот. Но откако им објаснив, мислам дека не им беше тешко да го пополнат. Најинтересна активност им беше драматизацијата на моделот на културно однесување. Кога би го повторила истиот час би можела да применам кратко видео со деловите од телото (http://www.youtube.com/watch?v=Ch9b6HcUuuo ).

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово