Содржина - uniqa20policy_hcm0105311.docx · web viewВсушност, оваа...

21
UNIQA Insurance Group AG Политика за усогласеност Прв документ URN 00201005 Верзија 2.0 Автор Rita Wittmann, Legal & Compliance Прегледано од Kurt Svoboda, CFO / CRO Одобрено од Management Board of UNIQA Insurance Group AG на 22 May 2017

Upload: others

Post on 31-Dec-2019

8 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Содржина - UNIQA20Policy_hcm0105311.docx · Web viewВсушност, оваа Политика ги регулира релевантните теми за усогласување,

UNIQA Insurance Group AG

Политика за усогласеност

Прв документ

Page 2: Содржина - UNIQA20Policy_hcm0105311.docx · Web viewВсушност, оваа Политика ги регулира релевантните теми за усогласување,

СодржинаПреамбула......................................................................................................................... 3

1. Дефиниции................................................................................................................... 3

2. Вовед ............................,,,,,,,,,,..................................................................................... 4

2.1 Цели и правен основ ..................................................................................................... 4

2.2 Опфатеност/Имплементација ...................................................................................... 5

3. Функција за усогласеност ......................................................................................... 6

3.1 Вовед .............................................................................................................................. 6

3.2 Воспоставување на функцијата за усогласеност ......................................................... 6

3.3 Fit & Proper ............................................................................................................... 7

3.4 Организација на функцијата за усогласеност во Уника Груп ( UNIQA Group)................ 7

3.4.1 Вовед .....................................................................................................................................7

3.4.2 Функција за усогласеност во Групацијата ............................................................................ 7

3.4.3 Функција за усогласеност во осигурителните компании….................................................. 7

4. Задачи на функцијата за усогласеност ................................................................8

4.1 Теми поврзани со усогласеноста............................................................................... 8

4.2 Детален опис на задачите на усогласеноста ............................................................ 9

4.3 План за усогласеност ..................................................................................................10

4.4 Извештај за усогласеност ...........................................................................................10

4.5 Право на информирање и потребна документација ...............................................10

5. Прашања за разграничување.................................................................................11

6. Комуникација ............................................................................................................127. Механизам на ескалација........................................................................................12

8. Измени .......................................................................................................................129. Кратенки .....................................................................................................................12

10.Прилози ..................................................................................................................... 12

Прилог./1: Конформација за пополнување............................................................... 13

Прилог./2: Резиме .......................................................................................................... 14

URN 00201005

Верзија 2.0

Автор Rita Wittmann, Legal & Compliance

Прегледано од Kurt Svoboda, CFO / CRO

Одобрено од Management Board of UNIQA Insurance Group AG на 22 May 2017

Датум на носење 22 Мај 2017

Page 3: Содржина - UNIQA20Policy_hcm0105311.docx · Web viewВсушност, оваа Политика ги регулира релевантните теми за усогласување,

Преамбула Бизнисот во осигурувањето се заоснова на доверба. Затоа, одговорното и законското однесување е основен услов за успех и има одлучувачко влијание врз целата репутација на Уника осигурителното друштво (UNIQA Group). Уника Иншурнс Груп (UNIQA Insurance Group AG ("UIG") и сите субјекти на Уника Груп (UNIQA Group ) се задолжени да имаат посебен однос не само кон нејзините продукти и процедури, туку и спрема третите лица.

Централниот елемент на Програмата за усогласување на Уника Груп (UNIQA Group ) се состои од мерки кои се изработени со цел да обезбедат придржување кон надворешни и во понатамошните случаи, кон внатрешни правила. Целта на програмата за усогласување е да ги заштити субјектите на Уника Груп (UNIQA Group ), нејзините клиенти, бизнис партнери и вработени од судир со законот и непочитување на правилата.

Членовите на Управниот одбор, директорите и раководителите треба да бидат пример за сите вработени во Уника Груп (UNIQA Group ). Сите вработени се повикани да се однесуваат согласно правилата, односно да се однесуваат едноставно, сигурно и тимски на работното место. Економските размислувања не треба да бидат ставани пред другите вредности. Уника (UNIQA) поставува низа од сопствени, внатрешни стандарди за етичко однесување, кои се поставени засебно од законските одредби. Никој не смее да си дозволи да биде вовлечен во нелегални активности на работното место. Дури и личното однесување треба да биде усогласено со законските и социјалните правила гледано од страна на УНИКА ( UNIQA) . УНИКА (UNIQA) не толерира никакви нелегални активности.

За да се минимализира ризикот од грешки и злоупотреби, важните одлуки во компанијата ни критичните активности не треба се преземаат и да бидат извршувани од страна на индивидуи ( правило на две лица) . Постојат сеопфатните дефиниции за одговорностите и надлежностите на одделни тела во носењето на одлуки во поглед на процесот на носење одлуки и постои точна дистрибуција и распределба на надлежностите меѓу поединечните тела (проверки и рамнотежа-check and balances).

1. Дефиниции

Усогласност значи постапување во согласност со применливите закони, регулаторните барања, како и внатрешните и индустриските регулаторни шеми во сите деловни области. Сите национални, Европски и меѓународните правила применливи во областа на осигурувањето, претпријатијата најчесто прифаќаат правилници на однесување и Австрискиот кооперативен владин правилник како надворешени извори и сите внатрешни водичи ( вклучувајќи го правилникот на УНИКА за однесување) ги создаваат насоките врз кој се базира усогласноста на УНИКА Групацијата.

Претставник

Page 4: Содржина - UNIQA20Policy_hcm0105311.docx · Web viewВсушност, оваа Политика ги регулира релевантните теми за усогласување,

за усогласеност е лидерот на одделите или тимовите, кој главно има за задача унапредување на информацииите на статутарните одредби и сите измени кои го засегнуваат одделот или тимот, како и другите правни случувања и новини во овој поглед, и мора да дејствува како главен контакт со Менаџерот на усогласување во врска со сите прашања релеванти за усогласување.

Функција за усогласеност претставува внатрешна административна позиција доделена со доволно капацитети и задачи за следење на усогласеноста на барањата и оценување на соодветноста на мерките превземени од страна на компанијата за заштита од неусогласеноста со применливите статутарни правила (,,Неусогласенос”). Функцијата за усогласност, која е поставена заедно на ниво на групацијата (“UIG Compliance Function”) и во секоја осигурителна компанија која е дел од Уника Груп (“UNIQA Group”), се состои од службеник надлежен за усогласеноста, негов заменик, вработени и претставници за усогласеност.

Проценката на усогласеност значи процедура донесена од страна на фуникцијата за усогласност на Уника Иншурнс Груп (“UIG Compliance Function”), со која треба да се утврди дали мерките кои имаат задача да ја превенираат неусогласеноста се во согласност со применливите статутарни одредби и дали тие се претставени пред одделите на компанијата, кои ги користат овие мерки.

Ризик на усогласеност значи ризик од неусогласеност со применливите статутарни одредби (,,Неусогласност”) .

Анализа на ризик на усогласеност значи процедура поставена од страна на функцијата за усогласеност на Уника Иншурнс Груп (“UIG Compliance Function”) за утврдување на ризиците на усогласеност.

Службеник надлежен за усогласеност е индивидуа која е назначена од страна на Управниот одбор, со доделена задача за реализирање на сите задолжителни задачи на функцијата за усогласување пропишана со правилата од Политиката за извршување. Службеникот надлежен за усогласеност и неговиот заменик мора да бидат назначени на ниво на групацијата и во сите осигурителни компании на Уника Груп (“UNIQA Group”)

Управен одбор претставува Управниот одбор на Уника Иншурнс Груп ( “UNIQA Insurance Group AG”)

Неусогласност значи неусогласување со применливите законските одредби.

Политика значи Политика на усогласеност на групацијата

Услужна компанија е компанија која е дел од Уника Груп (“UNIQA Group”), која не е поврзана со осигурителниот бизнис, но ја поддржува во други нејзини активности.

2. Вовед

2.1 Цели и правен основ

Page 5: Содржина - UNIQA20Policy_hcm0105311.docx · Web viewВсушност, оваа Политика ги регулира релевантните теми за усогласување,

,,Усогласеност” значи постапување во согласност со применливите закони, регулаторните барања, како и внатрешните и индустриските регулаторни шеми во сите деловни области. Според тоа, сите национални, Европски и меѓународните правила применливи во компаниите за осигурување, општо прифатените кодекси за однесување и австрискиот Кодекс за коооперативно управување, како надворешени извори и сите внатрешни водичи (вклучувајќи го Кодексот за однесување на UNIQA), претставуваат основ врз која е базирана усогласеноста во Уника Груп (“UNIQA Group”).

Оваа Политика на усогласување на групацијата ( во понатамошниот текст ,,Политика” ) ги дефинира генералните услови и минималните стандарди на основот на функцијата на усогласување (како што е наведено понатаму, inter alia, во Solvency II). Оваа Политика ги регулира целите, задачите и организацијата на функцијата за усогласување во сите компании на Уника Груп (“UNIQA Group”). Всушност, оваа Политика ги регулира релевантните теми за усогласување, воспоставувајќи распределба на компетенции и давајќи одговор на прашања во врска со разликите на другите трите управувачки функциии во согласност со Solvency II.

Политиката на годишно ниво се разгледува во врска со нејзината точност и целост , и согласно потребите се прилагодува. Задачата на функцијата за усогласување на Уника Иншурнс Груп ( “UNIQA Insurance Group AG”) е да ја разгледува годишно Политиката, да ја подготвува за одредени предложени измени, и да разговара за предлози за нивна имплементација во сите осигурителни компании на Уника Груп (“UNIQA Group”) во согласност со применливите процедури пропишани во Политиката на управување на групацијата. Во случај на некакви материјални промени, на осигурителните компании им се дава временски период од минимум 3 месеци како период за имплементација. Политиката треба да биде адаптирана во деловните единиците во согласност со Додаток 1 ( Потпишана конформација). Секои материјални промени треба да бидат усвоени од Управниот одбор.

За полесно упатување, во текстот се користи родово неутрален јазик.

2.2 Опфатеност / Имплементација

Оваа Политика е документ од прво ниво според 7.2 Политиката за управување со групацијата .

Оваа Политика е усвоена од страна на Управниот одбор на Уника Иншурнс Груп( “UNIQA Insurance Group AG”) .

Политиката се однесува на сите субјекти и вработени на Уника. Политиката влегува во сила од 22 мај 2017 година и трае се до нејзиното повлекување . Оваа политика е замена за верзијата од 01 октомври 2015 година.

Сите осигурителни компании на Уника Груп (“Уника Груп”) се задолжени да ја имплетираат оваа Политика. Општо, сите компании се должни да ги имплементираат сите одредби од оваа Политика без никакви измени. Измените на оваа Политика се дозволени само врз основ на локалните задолжителни законски и регулаторни одредби. Во вакви случаи, служебникот надлежен за усогласеноста во осигурителната компанија мора да ја информира функцијата за усогласеност на Уника Иншурнс Груп (“UNIQA Insurance Group AG”) и да поднесе соодветно барање за измена, поткрепено со соодветно образложение.

Page 6: Содржина - UNIQA20Policy_hcm0105311.docx · Web viewВсушност, оваа Политика ги регулира релевантните теми за усогласување,

Управниот одбро може да одобри промени од оправдани причина. Деталната процедура е наведена во делот 7.6.3 во Политиката за управување на групацијата.

Стандардите за усогласување на групацијата и стандардите за спречување на перење пари и превенција од финансирање на тероризам ќе бидат донесени врз основ на оваа Политика.

Оваа Политика е усвоена на англиски и германски јазик. Верзијата на англиски јазик е оригинална. Во случај на некакви несогласувања, ќе преовладува англиската верзија, освен ако задолжителните локални прописи не предвидуваат нешто поинаку.

3. Функција на усогласеност

3.1 Вовед

Согласно член 46 (1) од Solvency II и Одделите 108, 117 и 118 од VAG 2016, друштвата за осигурување и реосигурување треба да имаат систем за внатрешна контрола, кој мора да ја предвидува функцијата за усогласеност. Субјектите кои се дел од Уника Груп (UNIQA Group), кои не се вклучени во осигурителниот бизнис, носејќи други (придружни) активности (во понатамошниот текст ,,Услужни компании’’) не се задолжени да воспостават посебна функција за усогласување. Функцијата за усогласност на соодветната надлежна осигурителна компанија на овие услужни компании е одговорна за усогласување со одредбите и применливите услови во услужните комапании, во согласност со правилата дефинирани во Политиката и по потреба, може да назначи лице кое ќе ја преземе оваа задача.

3.2 Воспоставување на функцијата за усогласеност

Функција во смисла на член 13 (29) од Solvency II е внатрешна административна позиција, која има доволно капацитети да превземa одредени задачи во управувањето. Функцијата за усогласеност е дел од системот за внатрешна контрола (оддел 117 од VAG 2016, член 46 (1) од Solvency II) и нејзината задача е следење на усогласеноста со барањата и проценка на соодветноста на мерките кои се превземаат од компанијата за спречување на неусогласеноста (види точка 4.2).

Организацијата на Функцијата за усогласност треба да ја земе во предвид природата, опсегот и комплексноста на деловните активности, како и големината на претпријатието ( ,,принцип на пропорционалност’’). При примена на принципот на пропорционалност, Функцијата за усогласување во компанијата, во определени случаи може да се комбинира со Функцијата за управување со ризик или Актуарската функција по претходна консултација со Функцијата за усогласеност на Уника Иншурнс Груп (“UNIQA Insurance Group AG”). Меѓутоа, не е дозволено комбинирање на Функцијата за усогласеност со Функцијата за внатрешна ревизија.

Службеникот надлежен за усогласеноста и неговиот заменик мора да бидат назначени за Функција за усогласување од страна на целиот Управен одбор. Не се дозволени надворешните работи на Функцијата за усогласеност со поединци или претпријатија надвор од Уника Груп (“UNIQA Group”) во согласност со Политиката за надворешни работи на групацијата.

3.3 Fit and proper

Page 7: Содржина - UNIQA20Policy_hcm0105311.docx · Web viewВсушност, оваа Политика ги регулира релевантните теми за усогласување,

Според применливите правила, лицата кои се задолжени за Функцијата за усогласување, односно носителот на функцијата за усогласеност, мора во секое време да ги исполнува следниве услови:

- Нивните професионални квалификации, знаења и искуство треба да бидат соодветни за да обезбедат сигурно и внимателно менаџирање (,,професионални квалификации”) и

- Треба да имаат добар углед и интегритет (,,лична сигурност’’).

Службеникот надлежен за усогласеност и неговиот заменик мора да ги исполнуваат барањата за професионалните квалификации и лична сигурност дефинирани за раководителот на Функцијата за усогласност со правилник,одреден пропис или уредба донесена од надлежен супервизорски орган. Во оние земји, кои не се директно подложни на режимот на Solvency II, профилот на барањето и fit and proper барањата за службениците надлежни за усогласеноста и нивните заменици треба да бидат одредени во консултација со Функцијата за усогласеност на Уника Иншурнс Груп (“UNIQA Insurance Group AG”), земајќи ги во предвид правилата на Политиката на фит анд пропер на групацијата. Минималните барања во врска со професионалните квалификации и личната сигурност на службеници надлежни за усогласеност и нивните заменици се дефинирани во Стандардите за усогласеност на групацијата. Во одредени случаи и при оправдани причини, Функцијата за усогласеност на Уника Иншурнс Груп (“UNIQA Insurance Group AG”), може да направи исклучоци од дефинираните минимални барања.

3.4 Организација на функцијата за усогласеност во Уника Груп (“UNIQA Group”)

3.4.1 Вовед

Функцијата за усогласност ќе биде воспоставена како на ниво на Групацијата, како организациона единица, така и во секоја осигурителна компанија во секоја земја. Во земјите каде постојат повеќе осигурителни компании, Функцијата за усогласеност ќе се воспостави во секоја од нив, составена од барем еден службеник надлежен за усогласеност и негов заменик , кои ќе бидат назначени од Управниот одбор. Пред да се именуваат службениците за усогласување во осигурителните компании треба да се добие согласност од Функцијата за усогласеност на Уника Иншурнс Груп (“UNIQA Insurance Group AG”).

Во зависност од организационата структура на осигурителната компанија, раководителите на одделите или тимовите ќе дејствуваат како Претставници за усогласеноста во нивните надлежни оддели т.е тимови. Управниот одбор, на соодветната осигурителната компанија може да донесе различни прописи кои треба да се предвидени во локалната политика за усогласеност и во локалните стандарди за усогласеност.

Во суштина, задачите на Претставниците за усогласеност се да обезбедат информации за постоечката легислатива и сите поврзани измени кои се однесуваат на нивните оддели и тимови, како и други правни случувања и новини во овој поглед и да дејствуваат како главен контакт на Службеникот надлежен за усогласеност во соодветната осигурителна компанија во однос на сите прашања релевантни за усогласување во нивниот оддел или тим.

Page 8: Содржина - UNIQA20Policy_hcm0105311.docx · Web viewВсушност, оваа Политика ги регулира релевантните теми за усогласување,

Целиот Управен одбор на надлежната осигурителна компанија, по потреба може да формира Комитет за усогласување, со цел подобрување на координираниот пристап за спроведување на мерките за усогласеност.

Функцијата за усогласеност се остварува независно од другите оперативни оддели, клучни функции и други извршни функции ( вклучувајќи ги и оние на Управниот одбор). Функцијата на усогласеност треба да работи под надзор на целиот Управен одбор, но има и можност да се поднеува извештај и до член на Управниот одбор во организационата структура. Целиот Управен одбор е одговорен за воспоставување на соодветен и ефикасен систем за управување со усогласеноста во компанијата и треба да носи специфични релевантнии мерки за претпазливост. Во однос на активностите за усогласеност, Службеникот надлежен за усогласеност е одговорен и обврзан само кон насоките доделени од Управниот одбор.

3.4.2 Функција за усогласеност на групацијата

Функцијата за усогласеност на Уника Иншурнс Груп (“UIG Compliance Function”) има задача да ги развива унифицираните минимални стандарди за организација на усогласноста и потребите на внатрешните правила во рамки на Уника Груп (“UNIQA Group”), да го следи и поддржува унифицираното спроведување на овие упатстава и правила и да обезбеди нивна доследна интерпретација и имплементација. Покрај тоа Функцијата за усогласеност на Уника Иншурнс Груп (“UIG Compliance Function”) има за задача да организира и спроведува редовни обуки за релвантни теми за усогласување за Службениците надлежни за усогласеност, другите вработени за усогласеност и по потреба за Претставниците на усогласеноста.

Дополнително, Функцијата за усогласеност на Уника Иншурнс Груп (“UIG Compliance Function”) мора да ги презема сите задачи опишани во делот 4.2 кои се однесуваат на поделбите, одделите и тимовите на Уника Иншурнс Груп (UIG) ( како единствен субјект.

3.4.3 Функција за усогласеност во осигурителните компании

Секоја осигурителна компанија на Уника Груп (UNIQA Group) мора да воспостави сопствена функција за усогласување. Таа мора да ги вклучува задачите кои се предвидени во делот 4.2 во определена осигурителна компанија, без да се ограничува само на задачата за спроведување на анализа на ризик, се со цел идентификување на материјалните ризици и создавање профил на ризик на компанијата. Врз основа на ова, треба да се предолжат мерки за подобрување, чија имплементација ќе биде постојано следена како дел од Проценката за усогласеност. Функцијата за усогласеност на Уника Груп (UNIQA Group) мора да поднесува извештај до Функцијата за усогласеност на Уника иншурнс Груп (“UIG Compliance Function”) два пати годишно (опишано во делот 4.4). Анализата за усогласување на ризици треба редовно да се надополнува на годишно ниво.

4. Задачи на функцијата за усогласеност

4.1 Теми поврзани со усогласеноста

Задача на Функцијата за усогласеност е да го контролира почитувањето на одредбите, кои се однесуваат на релевантните, суштински теми за усогласување. Стандардите за

Page 9: Содржина - UNIQA20Policy_hcm0105311.docx · Web viewВсушност, оваа Политика ги регулира релевантните теми за усогласување,

усогласеност на групацијата ги дефинира оние теми кои смета дека се релевантни за усогласување.

Спречувањето на перење на пари се смета за една од суштинските, релевантни теми за усогласување. Деталните прописи се пропишани во Стандардите за спречување на перење на пари и спречување финансирање на тероризам.

4.2 Детален опис на задачите за усогласеност

Како дел од задачата за предвремена заштита, Функцијата за усогласеноста мора да ги увиди и процени ефектите од можните промени во законодавството врз активностите на компанија и нејзината организација. Од таа причина , Функцијата за усогласеноста треба да ги следи тековниoт правен развој, меѓународните и националните трендови и судските постапки , и да го известува Управниот одобор за можното влијание врз компанијата.

Проценка на ризик: Оваа задача има за цел идентификација и евалуација на ризици поврзани со неусогласеноста со правните одредби (“Неусогласеност”) (“Ризик на усогласеност”) во надлежните оддели кои се занимаваат со суштинските теми за усогласеноста (види погоре во делот 4.1), а со тоа и проценка на изложеноста на ризик на компанијата. Оваа задача се спроведува како дел од анализата за усогласување на ризици. Функцијата за усогласеност мора да ги пријави утврдените ризици на Управниот одбор и да му предложи соодветни мерки за намалување на овие ризици.

Функција на адекватност : Проценката на усогласеност ( во согласност со годишниот или времениот план за усогласеност) ја разгледува адекватноста на мерките кои се воведени во компанијата за да се избегне неусогласеноста. Резултатите од проценката треба да се дел од Извештајот за проценка на усогласеноста (врз основа на насоките додели од Функцијата за усогласеност на Уника Иншурнс Груп) и презентирани пред Управниот одбор. Извештајот за проценка на усогласеноста мора да содржи и препораки за дополнителни мерки.

Функција на набљудување: Оваа задача на Функцијата за усогласеност вклучува проценка и контрола на придржувањето кон правилата кои се применуваат во работењето на осигурителниот бизнис и дали тоа придржување се поттикнува преку ефективни внатрешни постапки. Ова особено се однесува на одредени, оперативни процедури и внатрешни упатства, кои се важни за усогласеноста.

Превенција: Функцијата за усогласеност обезбедува соодветни превентивни мерки за да се избегне неусогласеноста. Најважните превентивни мерки предвидуваат внатрешни правила и обуки.

Како суштинска превентивна задача е носењето на внатрешни акти (пр.политики,стандарди, прирачници). По правило, соодветните деловни сфери кои се одговорни за носење на овие правила се во соработка со Функцијата за усогласеност. Зависно од темата, Функцијата за усогласеност може да организира курсеви за обука или да ги делегира истите на други лица. Во одредени случаи, оваа задача може да биде доделена и на надворешни партнери, но под услов да се обработува тема која има

Page 10: Содржина - UNIQA20Policy_hcm0105311.docx · Web viewВсушност, оваа Политика ги регулира релевантните теми за усогласување,

посебно значење за компанијата. Истотака може да се користи алтката за е-учење , се со цел исполнување на оваа задача.

Советување: Оваа задача на Функцијата за усогласеноста предвидува давање на совети во врска со законските одредби применливи во осигурителниот бизнис и одредбите од Solvency II на членовите на Управниот одбор и сите вработени. Оваа задача има за цел да ги идентификува и процени ризиците кои се поврзани со неусогласеноста. Покрај тоа, Функцијата за усогласеност мора да обезбеди совети за соодветни мерки за претпазливост и за усогласување на престојните измени во компанијата, како и да обезбеди поддршка во процесот на усвојување на внатрешните постапки и процеси во однос на усогласеноста на одредбите.

4.3 План за усогласеност

Функцијата за усогласеност на Уника Иншурнс Груп (“UIG Compliance Function”) ќе изготви План за усогласеност кој треба да биде одобрен од страна на Управниот одбор . Планот за усогласеност ги опишува планираните активности за усогласување за следната деловна година и може да ги дефинира приоритетите на овие активности.

Функцијата за усогласеноста подготвува секоја година План за усогласенсот за соодветна компанија и го доставува до Функцијата за усогласеност на Уника Иншурнс Груп (“UIG Compliance Function”) за да дадат мислења и коментари, две недели пред да биде одобрен и усвоен од страна на Управниот одбор. Следејќи ги коментарите и мислењата, Планот за усогласеност ќе биде презентиран пред Управниот одбор на надлежната компанија за одобрување. Планот за усогласеност мора да биде одобрен од Управниот одбор најдоцна со декември во годината.

4.4 Извештај за усогласеност

Функцијата за усогласеноста мора да поднесе директно извештај до целиот Управен одбор, најмалку еднаш квартално или по потреба и почесто. Дополнително, ad-hoc извештаите мора да бидат презентирани пред Управниот одбор кога се работи за итни случаи или кога се откриени сериозни повреди.

Функцијата за усогласеност треба да поднесува извештај до Надзорниот одбор два пати годишно.

Функцијата за усогласеност редовно ( на квартален период) го известува Одоборот за ризик на надлежната осигурителна компанија за ризиците на усогласеност во писмена форма.

Два пати годишно, Функцијата за усогласеност на секоја осигурителна компанија треба да прати извештај до Функцијата за усогласеност на Уника Иншурнс Груп (“UIG Compliance Function”). Извештајот за усогласеност кој се доставува до Надзорниот одбор се доставува и до Функцијата за усогласеност на Уника Иншурнс Груп (“UIG Compliance Function”).

4.5 Право на иформирање и потребна документација

Функцијата на усогласеност може да ги побара сите информации, да ги проверува сите документи и досиеа, и да ги започне сите потребни испитувања за да ги исполни задачите во согласност со применливите закони и внатрешни правила. Сите вработени се должни

Page 11: Содржина - UNIQA20Policy_hcm0105311.docx · Web viewВсушност, оваа Политика ги регулира релевантните теми за усогласување,

по барање на Функцијата за усогласеност да обезбедат информации и да им ги достават бараните документи и датотеки. Функцијата на усогласеност секоја добиена информација треба да ја чува внимателно и доверливо. Доверливите информации мора да се чуваат во доверба и не смеат да се користат за лични потреби или за потребите на трети лица. Покрај тоа, УИГ може да врши увид во сите документи и да бара преводи во сите компании на Уника Груп, во согласност со локалните закони.

Функцијата за усогласеност треба да ги врши овие активности со минимално влијание врз оперативните просеци, клиентите и односите со клиентите, како и да не ги загрози законските обврски.

Сите резултати и наоди од Проценката на усогласеност, Анализата на ризик на усогласеност и другите истражувања за усогласеноста мора на сигурен начин да бидат документирани. Функцијата за усогласеност може самостојно да ја одобере формата и опсегот на документацијата во зависност од видот на истражувањето, освен ако Функцијата за усогласеност на Уника Иншурнс Груп (“UIG Compliance Function”) има посебни образци за одредени случаи, проследени со унифицирани минимални стандарди.

5. Прашања за разграничување

Во согласност со статутарните одредби, особено оние утврдени во Solvency II и VAG 2016, системот за управување во секоја осигурителна и реосигурителна компанија ги вклучува функцијата за управување со ризик, функцијата за усогласеност, внатрешната ревизија и актуарската функција. Сите овие четири главни функции се поставени на еднакво рамниште и имаат за цел ефикасно да работат заедно. Поделбата на задачите ќе се заоснова на моделот “Три линии на одбрана”.

Првата линија на одбрана, вклучува оперативна одговорност за управување со ризици и интегрирани процеси и контроли во соодветните дисциплини. Управувањето со ризици, усогласеноста и актуарските функции се спроведуваат заено во процедура и во специфична контрола на ризик (втората линија на одбрана), додека третата линија на одбрана ја вклучува внатрешната ревизија, која има за задача да ја разгледува и оценува адекватноста и ефективноста на целиот систем на внатрешна контрола и другите компоненти на системот на управување.

Функцијата за управување со ризици мора да ги идентификува, проценува, следи и управува со различните ризици. Ризиците на усогласеноста претставуваат оперативни правни и специфични ризици кои произлегуваат од непочитување на применливите законски обврски. Функцијата за усогласеност мора да ја координира анализата на ризик на функцијата за усогласеност со методот кој треба да се усвои. Oсвен тоа, Функцијата за усогласеност мора да провери дали Функцијата за управување со ризик е соодветно утврдена и по потреба да предложи одредени мерки.

Внатрешната ревизија предвидува проценка на адекватноста и ефективноста ( третата линија на одбрана) на системот за внатрешна контрола и другите елементи на системот за управување ( вклучувајќи ги и другите три функции на управување). Според внатрешните правила на Уника, Функцијата за усогласеност и внатрешната ревизија не треба да се комбинираат во иста организациона единица. Додека внатрешната ревизија е предвидена покасно во временската рамка за вршење на ревизија, функцијата на

Page 12: Содржина - UNIQA20Policy_hcm0105311.docx · Web viewВсушност, оваа Политика ги регулира релевантните теми за усогласување,

усогласеност мора од почеток да биде вклучена во текот на планирањето и спроведувањето на мерките ( тековно) и континуирано да ги ревидира овие активности. Меѓу другото, функцијата на усогласеност е должна да испита дали внатрешната ревизија е соодветно утврдена и дали ги почитува сите применливи одредби, и по потребно да предлага одредени мерки.

Не постои тематско преклопување помеѓу актуарската функција и функцијата за усогласеност. Задачата на функцијата за усогласеност е да утврди дали актуарската функција е соодветна воспоставена и дали ги почитува сите применливи одредби, и по потреба предлага одредени мерки.

6. Комуникација

Уника е обврзана на целосно, фер, прецизно, навремено и разбирливо известување во сите области, и тоа е основната нејзина вредност. Уника е посветена на чесно и искрено внатрешно и надворешно известување, па затоа претставува веродостоен партнер. Придржувањето кон основните принципи мора да биде утврдено од страна на сите оние кои се одговорни во оддредени области во Уника, како што се вработените, раководителите или членовите на надзорниот одбор.

Управниот одбор и вработените кои се назначени и овластени од Управниот одбор се надлежни за комуникацијата со медиумите, акционерите, надзорните органи и други надворешни претставници. Претпоставените мораат да бидат информирани за ваквите активности.

7. Механизам на ескалација

Во случај на несогласување во однос на имплементацијата и примената на Политиката или поединечни одредби од истата, меѓу Функцијата за усогласеноста на одредена осигурителна компанија со Функцијата за усогласеноста на Уника Иншурнс Груп (“UIG Compliance Function”), прашањето на несогласување Функцијата за усогласеноста на Уника Иншурнс Груп (“UIG Compliance Function”) ќе го достави до Управниот одбор, кој има за задача да донесе обврзувачка одлука.

8. Измени

1.Дефиниции Измени и нови дефиниции (Претставник на усогласеност, Неусогласеност, Управен одбор)

2.Вовед Различни формални измени и измени на содржината што се бараат според Политиката за управување.

3.4 Организација на функцијата за усогласеност

Измени на одредбите посветени на Претставникот за усогласеност.

4.1 Теми поврзани со усогласеноста

Спречувањето на перењето пари е поставена како релевантна тема за усогласување.

Прилози Нови додатоци: Конформација за пополнување, Резиме

9. Кратенки

Page 13: Содржина - UNIQA20Policy_hcm0105311.docx · Web viewВсушност, оваа Политика ги регулира релевантните теми за усогласување,

АG - акционерско друштво

D-Regulations- Commission Delegated Regulation (EU) 2015/35 of 10 October 2014 supplementing Solvency II

Solvency II- Directive 2009/138/EC of the European Parliament and of the Council of November 2009 on the taking-up and pursuit of the business of Insurance and Reinsurance (Solvency II)

UIG - UNIQA Insurance Group AG VAG 2016 Federal Act on the Operation and Supervision of the Contract Insurance (Insurance Supervisory Act) 2016

Z letter- (Ziffer)

10. Прилози

Прилог 1 – Конформација за пополнување

Пополнување на конформација

[Наслов на политика]Верзија [Број на верзија]Датум на влегување во сила

[Дата]

Управниот одбор на <UNIQA Business Unit> со ова потврдува дека < Името на Политика > е одобрена во согласност со приложената резолуција.

< Име на UNIQA BU>

Член на одбор ________________________________________________

< Име >

_________________ < датум, потпис >

< Име на UNIQA BU>

Член на одбор _______________________________________________

Page 14: Содржина - UNIQA20Policy_hcm0105311.docx · Web viewВсушност, оваа Политика ги регулира релевантните теми за усогласување,

< Име >

_________________ < датум, потпис >

Прилог 2 – Резиме

Документ Политика за усогласеност Верзија 2.0Датум на влегување во сила 22 Мај 2017Автор Rita Wittmann

Цел на Политика за усогласеност

Политиката за усогласеност ги утврдува барањата и минималните стандарди за воспоставување на Функцијата за усогласеност ( inter alia, во согласност со Solvency II) во целата Уника Груп (“ UNIQA Group”) . Правниот основ за задолжително воспоставување на Функцијата за усогласеноста во Уника Груп (“UNIQA Group”) и за оваа Политика се состои во следните оддели 107, 108, 117,118 VAG 2016, како и член 46 Solvency II and член 270 oд D-Regulation.

Оваа Политика се разгледува годишна од страна на Функцијата за усогласеност на Уника Иншурнс Груп (“UIG Compliance Function”) во однос на нејзината комплетност и коректност, и по потреба се менува.

Опсег на Политика за усогласеност

Оваа политика ги регулира целите, задачите и организацијата на функцијата за усогласеност во сите компании на Уника Груп (“UNIQA Group”). Општо, одребите од Политика се применливи за сите компании на Уника Груп (“UNIQA Group”), додека одредбите за основање и реализирање на задачите на Функцијата за усогласеност се применуваат само во осигурителните компании. Оваа Политика влегува во сила од 22 мај

Page 15: Содржина - UNIQA20Policy_hcm0105311.docx · Web viewВсушност, оваа Политика ги регулира релевантните теми за усогласување,

2017 година. Оваа Политика е усвоена на англиски и германски јазик. Во случај на несогласувања, ќе преовладува англиската верзија.

Главна содржина на Политиката за усогласеност

Основната содржина на Политиката се минималните стандарди за воспоставување на Функцијата за усогласеност на Уника Груп (“UNIQA Group”), принципите за проценка на професионалната квалификација и личниот интегритет, опис и распределба на задачите на Функцијата за усогласеност на Уника Иншурнс Груп (“UIG Compliance Function”) и Функцијата за усогласеност во осигурителните компании, подготовка и одобрување на Планот за усогласеност и известување на различните засегнати страни. Покрај тоа, во Политиката се дефинирани соодветени релевантни теми, се врши распределба на надлежностите и се одговара на прашања што се однесуваат на разликите на трите функции за управување согласно Solvency II.

Промени

Најважните измени на оваа верзија се посветени на претставниците за усогласеност и нивните позиции. Според новата регулатива, раководителите на одделите или тимовите ќе дејствуваат како претставници за усогласеноста. Не е задолжително да се назначи заменик на претставникот за усогласеноста. Спречувањето на перењето пари е дефинирана како релевантна тема за усогласување. Другите измени се формални и се еден вид на дополнување на содржината, кои беа потребни да се направат за да бидат во согласност со Политиката за управување.