Петка број 1

16

Upload: -

Post on 22-Nov-2014

395 views

Category:

Documents


3 download

TRANSCRIPT

Page 1: Петка број 1
Page 2: Петка број 1

НАКРАТКО ЗА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

Петта приватна гимназија постои веќе три години и во неаучат близу двесте ученици поделени во две одделенија Скопјеи Струга. Наставата се одржува на три наставни јазика: Маке-донски, Албански и Англиси јазик, со што сме единственотоучилиште во нашата држава кое може да се пофали со одр-жување настава на три наставни јазика.

Имаме редовни, визитинг и професори, коишто предаваат науниверзитетот ФОН, магистри, доктори на науки. Тие даваатсе од себе и максимално се трудат од нас да направат идниакадемски граѓани на оваа држава. Во нашето училиште по-стојат два вида на образование: гимназиско и стручно обра-зование. Визијата и целта на нашето училиште е во него ситеда се чувствуваат пријатно и убаво, да се развие чувството заодговорност и желбата за понатамошно напредување. Еднаод работите во која најмногу се разликуваме од останатитеприватни и јавни училишта е новиот Европски кредит тран-сфер систем по кој се оценуваат нашите ученици.

И З Д А В А Ч :

ПСУ„Петта приватна гимназија”

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК:

Ена Пеева

УРЕДНИЦИ:

Мартин НацевскиНаташа Трпевска

Теодор СтојановскиВикторијан МуцунскиМихаела Михајловска

КОМПЈУТЕРСКА ОБРАБОТКА:

Владимир

ОДГОВОРЕН НАСТАВНИК:

Зоран МеханџискиПанде Поп-Антоска

ПЕЧАТИ:

Page 3: Петка број 1

Следејќи го развојот на инте-лектуалната мисла, оваа епохаќе остане запаметена во исто-ријата на човековата еволу-ција бидејќи дава резултатибазирани на вистински научни

и хумани вредности. Училиштето еместо каде таа мисла се раѓа и ја доживува

својата креативна и создавачка природа. По петго-дишното постоење на нашиот Прв Приватен Универзитет ФОН се

наметна потребата да се интегрираме во сферата на средното образова-ние, нудејќи поинаков пристап и нов концепт на сега веќе задолжителното средно

образование, кој ќе биде прифатлив за сите.

Трагајќи по желбата да се побудат и реализираат вистинските вредности кај младиотчовек во 2006 година ја основавме „Петта Приватна гимназија“ - место кое се разли-кува од другите по многу нешта. Место кое во себе ги интегрира позитивните искустваод останатите приватни и јавни средни училишта, но со воспоставување отворен, ефи-касен и рамноправен пристап на сите, почитувајќи го индивидуалниот развој на лич-носта. Училиште кое го прати развојот на демократијата, потребите на стопанството,локалните и глобалните промени.

Затоа, инвестирајте во своето знаење, придружете ни се и станете дел од нас, бидејќиимаме заедничка цел - изградување на младиот човек во личност кој ќе има своја жи-вотна визија.

М-р Фијат Цаноски

Основач на приватното училиште

за средно образование

„Петта Приватна Гимназија“

Page 4: Петка број 1

Ова е една од темите за кои ние, учениците одПетта Приватна Гимназија, кои имаме искуствои во државното и во приватното образование,можеме најмногу да дискутираме, па затоа јаодбрав за овој број на Петка.

Многу често, кога ќе прашате некој кој зав-ршил или учи во државно средно училиште,што мисли за приватното образование, доби-вате најнегативен одговор, кој често се состоиод гласините дека тука ние „спиеме“, оцен-ките ни се од 2 до 5, купуваме дипломи ислично. Но, сигурен сум дека ниеден ученикод Петта Приватна Гимназија нема да се сог-ласи со ова. Зошто? Прочитајте понатаму.

Односот на професорите. Сите го знаеме „дик-таторскиот“ начин на предавање кој често есекојдневие во државните средни училишта.Таму можеме да сретнеме професори кои сеповеќе спремни да им стават слаби оценки на-

место да им помогнат на учениците да се стекнатсо знаење и да им влејат љубов кон предметот.Професорите неправилно постапуваат со учени-ците кои се во најважниот период во животот, шточесто води до трајни последици. Многу пати сме јаслушнале фразата „не ме плаќаат доволно за даве научам“, што полноправно ја сумира нивнатанезаинтересираност и негрижа. За разлика од таму, во Петта Приватна Гимназијаимаме млади и перспективни професори кои сегрижат учениците да ги разберат и научат нивнитепредмети, професори кои се на располагање даим помогнат на учениците после часовите, па дурии за викендите. Спремни се во секое време да гиислушаат нивните проблеми, дури и ако тие не сеповрзани со наставните содржини, и на интерак-тивен начин се трудат да ги натераат ученицитеда уживаат на нивните часови.

Услови за наставa. Не можеме да одречеме декаусловите за настава во приватните средни учи-лишта се многу подобри од тие во државните. Че-стопати на часовите гледаме најразличнисимулации, бараме дополнителни информации наинтернет, па дури и излегуваме од училницата запрактично да го видиме и примениме она што гоучиме. Часовите ги одржуваме во најсовременоопремени простории каде ги имаме сите потребниуслови за квалитетна едукација по европски стан-дарди. За разлика од државните средни училишта,каде има по повеќе од 35 ученици во паралелка,во Петта Приватна Гимназија се работи со многупомали групи, што овозможува многу полесна ипоквалитетна настава, како и учење на поголе-миот дел од лекцијата на час.

Ред и дисциплина. Сите сме свесни за неодамне-шните немили настани кои се случија во едни однајпрестижните државни средни училишта во Ма-кедонија, што покажува дека редот и дисципли-ната, кои се многу важни делови одобразованието, се запоставени. Колку пати се слу-чило ученик да биде физички нападнат на учи-лиште, а за тоа да не се превземе ништо? Заразлика од таму, во Петта Приватна Гимназија сеобрнува многу големо внимание на безбедноста идисциплината на учениците на сите можни на-чини.

Заклучокот е јасен – приватното образование нудимногу повеќе можности од државното, а со самототоа и им обезбедува многу поубава и посигурнаиднина на учениците.

ПРИВАТНО ИЛИ ДРЖАВНОСРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Page 5: Петка број 1

Добар ден почитувана Директорке, најпрвин би сакала да ви се заблагодарамод мое лично име и од името на редакцијата на весникот “Петка” што јаприфативте поканата да бидете гостин во првиот број на “Петка”.

L Со сите овие обврски и задачи коишто гиимате дали е напорно да се води ваква инсти-туција?Мојата работа за мене е премногу интересна, полна

со предизвици и секако работа која дава нови иску-ства, незваисно дали тоа било разговор со наставникили решавање на некој проблем со ученик. Воеднонаставничката работа е циклусна и се работи во одре-дени циклуси, се со цел усовршување на ученикот исоздавање на неговата личност. Но сепак на крајот замене најголемо задоволство е кога после неколку го-дини , некој мој ученик ќе ме сретне на улица и ќе мепоздрави. Тоа е за мене најголема награда и тогашвсушност сваќам дека целата наставничка работа ивложена енергија се исплатела.

L Со какви се проблеми сте се сретнале до-сега и што од тоа ви створило најмногу гла-воболки?

L На самиот почеток кажете ми како изгледаеден работен ден на Директорот на “Петтаприватна гимназија”?Благодарам за вниманието, особено задоволство мипредставува што ќе бидам дел од првиот број на вес-никот на учениците на “Петта приватна гимназија”,прашањето е интересно и ќе ми биде задоволство дави објаснам какви се ангажманите, обврските и зада-чите на Директорот на вашето училиште. Најпрво данапоменам дека освен како Директор во ова учи-лиште сум вклучена и во наставниот процес, што се-како ми одзема доста време, но сепак кога се сака сесе може. Моја задача е да учествувам во следењетона наставниот процес, потоа во стручното усовршу-вање на професорите, секако тука е и администра-тивниот дел од работата, анализа на работата наперсоналот. Всушност работата на директорот е по-делена на две рамништа: индиректна работа со уче-ниците и директна работа на персоналот.

Page 6: Петка број 1

Нашата гимназија е релативно младо училиште, по-стои две и пол години, мала е бројката на ученици ивоопшто не е тешко временски да се постигнат и из-вршат задачите. Мојата концентрација е да го пра-виме тоа на се подобар и подобар начин. Значи се штосте направиле вие учениците добро, следниот паттреба да биде уште подобро. Не мозжам да се пожа-лам дека досега сум имала ситуација која не сум мо-жела да ја разрешам , но сепак полна сум соочекувања во врска со оваа гимназија и никогаш не-знаеме што ни следи понатаму, но сепак сметам декасум спремна да се соочам со секаков вид на предиз-вици.

L Колку ученици брои училиштето?Во склоп на “Петта приватна гимназија” има две од-деленија едно во Скопје и едно во Струга, двете оде-ленија заедно бројат двесте ученици, со тоа штоодделението во Скопје брои 120 ученици, а тоа воСтруга 80 ученици.

L Како сте задоволни од досегашниот успехна учениците?Јас прво сметам дека оцените се објективна работа, есега друго прашање е што според мене е солиденуспех? Сметам дека оценката треба да претставувареална слика за работата на ученикот, но сепак и завложувањата на наставникот. Севкупно задоволнасум од успехот и работата на нашите ученици.

L Која е разликата меѓу јавните и приватнитеучилишта, често сме оспорувани во јавностадека овде нема доволно добри ученици, нојас искрено сепак мислам дека во нашево учи-лиште има деца коишто имаат знаења и желбаза понатамошна успешна работа?Многу е неблагодарно вакви компарации да се пра-ват, но јас мислам дека ќе го погодам одговорот акокажам дека она што е визија и развој на нашето учи-лиште не е само да им обезбеди знаења туку и да имдаде шанса тие знаења да ги покажат. Разликата меѓујавните и приватните училишта е таа што овде пара-лелките се мали, имаме паралелки и од 6 ученици, аво државните училишта паралелките се од 30 и по-веќе ученици и воопшто не е исто за време од 45ми-нути да им се посвети внимание на 30 и на 6 ученици.Слободно можам да кажам дека овде се изведува еденвид на индивидуална настава, бидејќи ние овде гиимаме тие услови.

L Знаеме дека во склоп на гимназијата постоии одделение во Струга, дали нашата гиман-зија ќе се шири понатаму и во другите гра-дови на државата, бидејќи факт е дека вонашево училиште учат ученици од различниделови на нашата држава?Забелешката дека во нашето училиште има многуученици од внатрешноста е сосема на место и јасможам слободно да кажам дека доколку има заинте-ресираност секако дека ќе се отворат и други одделе-нија ширум државата. Секако тоа се ќе се случувапонатаму, бидејќи наша сегашна задача е да ги до-

развиеме сегашните две одделенија на Гимназијата.Повторно ќе напоменам ние сме релативно младо учи-лиште со голема визија за понатаму.

L Што мислите за актуелните проблеми во гим-назијава, како например превозот, кој им пре-тставува голема главоболка на учениците,бидејќи училиштето се наоѓа подалеку од цен-тарот на градот?Да тоа е еден проблем за кој што не успеавме да из-најдеме решение досега, бидејќи користењето на авто-буси од превозници, се покажа економскинеисплатливо. И во наш интерес е добивањето на соп-ствен превоз бидејќи на тој начин ќе се намали бројотна изостаноци и доцнења на првите часови и секакокога би имале сопствен превоз би било полесно реали-зирањето на некои воннаставни активности, посети набазени, театри, кина, лаборатории и слично. Затоа сенадеваме дека од следната учебна година ќе успеемеда набавиме наше превозно средство.

L Дали би сакале да ни кажете нежто повеќеза Вашето претходно искуство во образова-нието и што беше тоа што Ве натера да станетепрофесор?Пред 28 години дипломирав на Природно математич-киот факултет, отсек Применета математика и по зар-шувањето на студиите себеси се замислував какоработник во некоја информатичка лабораторија. Ноживотот ме однесе во Струга и бидејќи таму немашетакви лаборатории, добив понуда да работам во Учи-лиштето за средно образование “Нико Нестор”. По 20години работа во училиштето бев назначена за врши-тел на должноста директор, а потоа бев и избрана задиректор. По 6 години изминати како директор во“Нико Нестор”, во април оваа година добив понуда дабидам директор на “Петта приватна гимназија”којашто радо ја прифатив.

L Кажете ни колку слободно време ви останувасо сите овие обврски и со највеќе го исполну-вате слободно време?Во слободното време сакам да прочитам добра книга,да одам во кино, театар, на концерт. Исто така сакам дасе дружам со пријателите, често одиме на викенди иуживаме во дружбата, во моите години, како и во ва-шите е многу важно дружењето со пријателите. Мипретставува задоволство и дружењето со семејството,но секако и исполнувањето на семејните обврски.Многу често работата ја носам дома, бидејќи сакамсите обврски да ми бидат навремено и уредно зав-ршени.

Ви благодариме што бевте дел од првиот број научилишниот весник “Петка”.

Интервјуто го водешеЕна Пеева

Page 7: Петка број 1

Кошарката е најпопуларниот спорт кај младите воМакедонија, па и пошироко. Големиот избор нашколи и тренери, пристапните цени и желбата за на-тпреварување на младите се само дел од причинитеза тоа. Од минатата година, Општина Гази Баба почнасо редовни натпревари во кошарка за учениците одпрва и втора година од средните училишта во оп-штината. Ова е одличен начин за поттикнување нанивниот натпреварувачки дух и желба за дружење.

Во натпреварите можат да учествуваат сите учи-лишта кои се наоѓаат на територијата на ОпштинаГази Баба. Целта на проектот е младите да се дру-жат со нивните врсници од другите средни училиштаво оштината и да се забавуваат, но мал поттик на на-тпреварувачкиот дух никогаш не е на одмет. Дома-ќин на овој турнир беше нашата гимназија, атурнирот се одржа во спортскиот центар „Јуниор“,каде ние редовно ги извршуваме часовите по Спорти спортски активности.

Нашата екипа броеше најмногу членови и беше при-дружена од професорот по Спорт и спортски актив-ности, Жарко Костовски. Во натпреварот противСУГС „8-ми Септември“ победивме со убедливи 26-12, а за најдобар стрелец беше прогласена ЛуизаПетрушевска со максимални 12 поени. Покажавмедобра и квалитетна игра, а добриот резултат е самодоказ за тоа.

Покрај нашиот натпревар, се одржаа и три други на-тпревари. Натпреварот помеѓу СЕТУГС „МихајлоПупин“ и СУГС „Владо Тасевски“ заврши со победатана СЕТУГС „Михајло Пупин“ од 25-16, СУГС „ПанчеАрсовски“ ги победи АСУЦ „Боро Тасевски“, а најне-извесен беше натпреварот помеѓу ЦОР „ПартенијаЗографски“ и СУГС „Владо Тасевски“, каде ЦОР„Партенија Зографски“ победи со 28-27.

Ова е одличен проект кој ние целосно го поддржу-ваме. Се надеваме дека Општина Гази Баба ќе бидепример и за другите општини во Република Македо-нија. Секоја чест на организаторите за идеата и совр-шената релизација.

Мартин НацевскиНаташа Трпевска

С Р Е Д Н О Ш К О Л С К И К У П В О

КОШАРКАЕкипата на ПСУ

„Петта приватна гимназија“

ПСУ „Петта приватна гимназија“ – СУГС „8-ми Септември“ (26-12)

СЕТУГС „Михајло Пупин“ – СУГС „Владо Тасевски“ (25-16)

ЦОР „Партенија Зографски“ – СУГС „Владо Тасевски“ (28-27)

Еден од најдобрите погодоци на Луиза

Page 8: Петка број 1

КАКО ДА СЕ СТИГНЕ?

• Со авион: Меѓународниот аеродром Ferihegy енајголемиот во земјата. Има два терминали коисе оддалечени од себе неколку километри. Пома-лиот, терминалот 1 е место каде што слетуваатlow cost компаниите. Значително поголемиот тер-минал 2 е поделен на 2А каде слетуваат Malev, AirMalta, Moldavian Airlines, CSA Czech Airlines,Carpatair и 2В на кој што слетуваат сите останатикомпании.Од аеродромот до градот може да стигнете со ае-родромскиот минибус за цена од околу 8 евра. Завраќање на аеродромот, резервирајте си комбееден ден однапред. Брз начин е и таксито, а аконе сте сами, ова е и поефтина опција (14-18 евра).Обрнете внимание на "дивите таксисти" кои неприпаѓаат на ниедно такси здружение (ехеј, да, итука постојат) и кои знаат да бидат значително по-скапи.• Со воз: Будимпешта има три главни желзничкистаници: Keleti (источна), Deli (јужна) и Nyugati(западна).

Мартин Нацевски

Будимпешта (унг: Budapest) е главен град на Унгарија и нејзин главен политички, култу-рен, трговски, индустриски и транспортен центар. Официјалниот говорен јазик е унгар-ски. Според пописот од 2007 година, Будимпешта има 1 697 343 жители, за разлика одсредината на 1980-тите кога имала 2,1 милион. Будимпешта станал еден град располо-жен на двата брега на реката Дунав со спојувањето на десниот (западниот) дел, Будим(Buda), со левиот (исток), Пешта (Pest), на 17 ноември 1873 година.

ТРАНСПОРТ

Јавниот транспорт во Будимпешта и не етолку скап. Билетот за превоз чини 0.75 евраво киоск или 0.85 евра доколку се купи во во-зило. Доколку планирате да го шетате целиотград, убава опција е и дневниот билет којчини 4,6 евра, блок од 10 билети (6,6 евра)или тродневен билет (9,7 евра).• МЕТРО: се состои од три линии - М1 (југо-запад-североисток), М2 (исток-запад) и М3(север-југ). Метрото е во добра состојба и еедно од првите во светот. На линијата М1 се-уште се користат старите дрвени вагони, коисе нарекуваат и милениумски, бидејќи прваталинија била изградена 1896 година на 1000годишнината од унгарската нација.Бидете внимателни и не се лажете да се"шверцувате" како во автобусите на ЈСП кајнас, бидејќи има редовна контрола, а главнамета им се туристите. Доколку ве фатат, мол-бите да ве пуштат нема да пројдат и секогашследи казна од 10 евра.

Page 9: Петка број 1

• Трамвај: ова е најдоброто превозно средство за тури-сти. Поспоро е од метрото, но и поинтересно бидејќи завреме на возењето можете да го разгледувате градот.• Автобуси: таму каде што не оди трамвајот, одат авто-бусите. Будимпешта има густа мрежа на автобускилинии. Ноќните автобуси се добро организирани иобично тргнуваат на секои 15 до 60 минути од 23-04часот.

ОРИЕНТАЦИЈАОсвен Дунав, најдобра референца за ориентација се мо-стовите.

АТРАКЦИИНајголемиот број на атракции се наоѓаат околу Тврди-ната на кралската палата во Буда, во центарот Пешт ипокрај Дунав. Кралската палата е најпопуларната тури-стичка атракција во тој дел на градот. Националната га-лерија во крилата B,C и D од кралската палата имазапрепастувачки колекции на слики. Црквата на Св.Матеј e изградена во неоготски стил и доминира напејсажот на Буда. Мостовите на Дунав се атрактивни инезаобиколен дел. Најдобар поглед на мостовите имаод ридот Гелерт во Буда. Вelváros (центарот на градот)во Пешт е административниот и деловниот центар на Бу-димпешта и на цела Унгарија.

Главните атракции се:• Парламентот - неоготска градба, совршено позицио-ниран на самиот брег на Дунав. Зградата е проектиранаво 1986, на 1000 годишнината од унгарската нација, аиз гра дена е во 1902. Проектирана е по пример на ан-глискиот парламент, но е подолга и поширока за 1 метарод него. Има скоро 700 простории, 20 километри ход-ници, 88 статуи на унгарски владетели, принцови и војс -ко водци. Во парламентот е изложена и круната наун гарските кралеви, кои по Втората светска војна избе-га ле во САД. Круната во 1978 година во Унгарија ја вра-тил американскиот претседател Џими Kартер. Вле зни-цата изнесува 3,2 евра.• Базиликата на Св. Иван - главната и највисоката цркваво Будимпешта, познат пример на неокласичната архи-тектура која неодамна е и реновирана.• Големата синагога и еврејскиот музеј, најголемата си-нагога во Европа.• Државната опера.

• Градскиот парк - еден од најпријат-ните квартови во цела Будимпешта.

ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ

Будимпешта изобилува со хипермар-кети како Аuchan, Tesco и Cora кадешто храната е ефтина, а изборот еогромен. За електронски апарати сезадолжени Electro World и MediaMarkt. Особено интересен е тргов-скиот центар Nagy Vásárcsarnok кадешто цените не се фиксни и дозволеное ценкање.

СМЕСТУВАЊЕ

Во Будимпешта постои сместување одсите категории и цени. Најскапите хо-тели се во близината на кралската па-лата, додека најефтините се оддругата страна на реката, во предгра-дието на Пешта.

Повеке слики од Будимпешта можете данајдете на: http://images.google.com/ im-ages?hl=en&q=Budimpesta&um=1&ie=UTF-8&sa=N&tab=wi

Page 10: Петка број 1

За првпат од почетокот на учебната2008/09 во нашето училиште постои ихор. Во него членуваат 12 ученици.Хорот е камерен и е во два гласа. Говодат професорите Наташа Поповиќ иАлександар Трајковски, кои воедно јаизведуваат и наставата по музичка умет-ност на македонски и англиски наставенјазик. Тие напредуваат прекрасно и сесекогаш подготвени да изведат некојанумера на било која манифестација.Како што тргнале, можеби токму нив ќеги видиме на некоја прослава во нашетоучилиште.Ена Пеева

Во овој број на „Петка“ ре-шивме да ги посетиме

проектните активности„Природни науки“, „Музичкауметност и хор“ и „Спорт

и спортски активности“.

Во работилницата на про

ектната актив-

ност „Природни науки“ се работи

на те-

мата „Телескоп“. За жал, во оваа

проектна активност учест

вува само еден

ученик, но менторот на овој проект,

проф. Јулија Гајдаџиева, е задов

олна од

неговата досегашна работа. Ра

ботат мен-

торски, со помош на многу материјали

од кои ги избираат најдо

брите. Плани-

раат трудовите да ги през

ентираат во вид

на семинарска работа. Учеснико

т во оваа

проектна активност вели де

ка сака да ра-

боти и дома и на часовите поради за

ем-

ните предности.

Мартин Нацевски

На часовите по проектната активност

„Спорт и спортски активности“ се работи

практично, при што методот на работа е

вербално демонстративен, што значи

дека прво усмено се објаснуваат еле-

ментите кои треба да се обработат, а

потоа се изработуваат практично. Часот

по спорт и спортски активности го води

проф. Жарко Костовски. Учениците

можат да го презентираат трудот во вид

на семинарска работа или Power Point

презентација. Учениците работат во

групи од 2 до 3 членови па се до цели

класови, обемот на трудот зависи од

бројот на членови.

Page 11: Петка број 1

Во текот на месец декември, дел од учениците од нашата гимназија, го посетијаИЗИИС(Институт за земјотреси и инжињерска сеизмологија), со цел да ги про-шират своите знаења за земјотресите и да научат како да се заштитат од земјотре-сите. Посетата се одржа во рамките на физичката секција и учествуваа ученициод прва и втора година од македонските и албанските паралелки. Беше едно инте-ресно научно истражување во кое научивме интересни податоци за зажтита од земјотреси.Една од поинтересните работи која ја научивме од љубезната професорка која не прими,беше таа дека сите ние можеме да се заштитиме од земјотресите, преку проверка на из-држливоста на нашите домови, која се врши токму во овој институт. Имавме шанса да по-гледнеме и макети на кои се вршат испитувања, а присуствувавме и на едно многу интереснопредавање од кое излеговме со многу побогати знаења. Инаку ИЗИИС работи во состав на Уни-верзитетот „Кирил и Методиј„. Се надеваме дека во иднина ќе се организираат повеќе вакви по-сети, каде што учениците ќе осознаваат нови работи.

Во организација на ученичката организација, со помош на директорот и одго-ворниот наставник, на ден 11.02.2009 (среда), присуствувавме на предавањево Европскиот инфо центар по повод Светскиот ден за заштита од интернетопасностите.

Предавањето беше интересно и го водеа тројца експерти од Македонија и пре-тставник на Европската Мисија во Македонија. Беше интересно, дознавмемногу, а секако и прашавме за многу нешта кои што не ги знаевме, но сакавмеда ги дознаеме, а љубезните експерти одговорија.

Ова предавање беше несекојдневно бидејќи на крајот од кога сите експерти гиискажаа своите ставови, мислења и презентации им дадоа збор на ученицие,кои што беа желни за нови знаења за тоа како да се заштитат од виртуелниотсвет и несаканите виртуелни пријателства. Како и од сите претходни преда-вања, така и од ова излеговме со многу побогати знаења на темата како да сезаштитиме од Интернетот.

Во склоп на активностите на младинската организација на учениците одПСУ „Петта приватна гимназија”- Скопје, со поддршка на директорот на училиштето и одго-ворниот наставник на ден 27.11.2008 година (четврток) беше остварена средба со евро амбаса-дорот во Република Македонија г. Ерван Фуере.Целта на средбата беше реализирање наинтервју со г. Ерван Фуере за теми и прашања кои се во фокусот на интерес на младите, мож-

носта за продолжување на образованието во некои од земјите на Ев-ропската унија.Непосредноста и љубезноста на г.Фуере ги освои симпатиите на ситенас. Со задоволство го следевме разговорот и за нас ова претставувашеново и интересно искуство.

Јавно изразуваме благодарност до г. Ерван Фуере за времето посветенокон нас.Следниот ден во инфо центарот на ЕУ присуствувавме на пре-давање за Европската Унија од основањето до денес подготвено одстрана на г. Валентин Николовски. Се запознавме со многу нови по-датоци и интересни факти. Во училиштето разви-ваме катче посветено на ЕУ, па соработката соинфо-центарот продолжува преку проекти иидеи иницирани од страна на нашите ученици.

Од посетата на ИЗИИС

ВО ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ЕУ ВО СКОПЈЕ

Од посетата кај г. Фуере

П О В Т О Р Н ОВО ЕВРОПСКИОТ ИНФО ЦЕНТАР

Page 12: Петка број 1

ГОСТИН ОД СТРАНАИнтервју со

Владимир Младеноски, ликовен уметник од Струга

� Која е инспирацијата за вашите слики?K Реалист по вокација, вљубеник во пејс а -жот на подгоречкото поле и планина, водитена Дрим и кајчињата во езерската шир наструшко-охридските бранови, старата маке -дон ска архитектура во дримколијата, Ванго-говски разиграни бои, по клоник на им пре-сионизмот.

� Од колку години започнавте да сликате?K Уште од рано детство ќе најдев лист, хар -тија и ќе шаркав кругови фигури по тој лист.

� Што Ве натерало токму да изберите ли -ковна уметност како Ваша професија?K Едноставно морам да сликам, да работам.Тоа е посилно од мене. Ме влечат и ми вне-суваат немир во душата овие прекрас ни мо-тиви со житното класје, работата на поле, даја овековечам на некој начин таа убавина.

� Колку изложби на слики сте поставиле?K Во моето четири децениско ликовно тво-рештво имам органзирано (55) педесет и петсамостојни и (30) триесет групни илзожби.

� Дали сте имале изложби надвор оддржавата? (Каде би сакале да е таа, што биизложиле?)K Би сакал да излагам надвор од нашатадржава, би се претставил со моите нај до бридела, ама тоа не зависи од мене. Кога биимал таков мецена (помагател) со мате-ријални добра би бил среќен да ми орагни-зира една таква самостојна изложба востранство.

�Колку време Ви беше потребно да ги нас -ликата сликите кои беа на Вашата последнаизложба во Центарот на култура “Браќа Ми-ладиновци” Струга?K Таа изложба беше по повод четири-деце-ниското ликовно творештво, а имав дела од1968 година и најновите работени во 2008сите масло на платно.

�Дали нешто сликате во моментов? (и акосликате дали може да ни кажeте што?)K Да, сликам во исто време повеќе плат на,

циклус ”Игра на цутови на вода”� Со сликите од изложбата што сакавте дапотенцирате, дали сакавте да ја претставитеповеќе природата или?K Сметам дека сликите треба да бидат едно-ставни, да може секој што ќе ги види, да про-најде дел од себе или дел од своетоопкружување. Моите слики се топли, разбир-ливи, достапни за секого и особено ме радуватоа што моето атељје во Подгорци е често по-сетувано од љубителите на моите уметничкидела, или од љубителите на сликарството во-општо, токму затоа и ги изложувам моитеслики, духовно да се надградат луѓето, но изатоа што она што го работиш треба некој даго види, да излезе пред најстрогите крити-чари, а тое е секако публиката, аудиториумот.

� Кој е Ваш уметнички идол?K Од македонските основоположници на сли-карството: Мартиноски, Личеноски, Коџиоманкој ми беше професор, додека од светот: ВанГог, Сезан, Моне, Мане и др.

� Што за Вас претставува името Леонардода Винчи?K Универзала личност, личност за чии идеи иденес се зборува.� Вашиот начин на сликање доста не по-тсетува на познатиот Ван Гог! Дали има слич-ности во сликите?

K Да има сличности во житните полиња и топ-лината, силината на сонцето.� Дали се сеќавате на некоја Ваша случкаод средношколските денови, што Ви оставилаголем впечаток?K Тоа беше многу одамна.

� Дали ги продавате сликите?K Да ги продавам, секој љубител на моетосликарство, ако има желба, може да има моедело кое ќе го краси неговиот дом.

� За крај што би им препорачале на учени-ците во врска со уметноста?K Да ја сакаат и подржуваат уметноста во се-којденвниот живот.

Подгорци,с24.12.2008 Интервјуто го подготвија: Салоски Амир, Шуменковска Ирена и Велиоска АзраМентор: Мерсиха Исмајлоска

Page 13: Петка број 1

Едно мое сеќавањeЕднаш ’91 јас и мојот другар отидовме на еден концерт на Judas Priest.Концертот се одржуваше надвор на отворено, па затоа имаше многупублика. Како и на многу концерти претходно јас и Демо дојдовме соогнено оружје АК-470 и базока и нормално на точак. Па, како што ситене знаете, јас и Демо бевме големи дрогираши и убијци и многу љубевмеда весламе. Кога заврши концертот јас и Демо заедно стапивме во акцијакако Танго и Кеш. Јас го глумев кеш, а Демо Танго. И така време беше даубиеме некого. Демо уби 46 годишен маж, а јас ја силовав неговата жена,затоа заради овој настан ’92 девет месеци одлежавме затвор.

Изработил: Бењамин АјдароскиМентор: Мерсиха Исмајлоска

Љубовта е...Љубовта била, е и ќе остане вечна уметничка инспирација. “Да сакаш и да бидешсакан, значи да те грее сонцето од двете страни”. Овој бисер на мудроста, излеанод перото на Денев е само една од многуте скапоцени мисли на тема љубов.Интересно е какви трансформации љубовта прави кај луѓето. Слабите ги правихрабри, а храбрите ги остава без ни малку сила. Красноречивите ги лишува од моќтана говор, мирните ги претвора во лавови... Вистинити се зборовите на Белмонд: “Љу-бовта е најефикасниот козметички препарат”. Љубовта го облагодарува и оној штосака и оној што е сакан. Бидејќи, кога сме вљубени, нашите очи го забележуваат самообјектот на нашата љубов, а само неговиот глас е единствената музика за нашитеуши. Кога сме вљубени, несовршеното го претвораме во совршенството.Љубовта е дар. Таа е слатка состојба на опиеност, омаеност... Љубовта те прави совр-шен, а тогаш совршено можеш да уништуваш во совршеноста на другиот. Но, кога сивљубен, треба да знаеш да принесеш голем број на жртви за да ја зачуваш тааљубов. Но, тоа не е тешко. Заљубовта паѓале цели градови, нели?

Наташа Трпевска

“Мојата идна професија”Што е професија? Професија е занимање, занает или струка со која се занимаваат луѓето восекојдневното работење. Постојат многубројни и најразлични професии. Некои бараат многуучење и подготовка, некои помалку. За некои професии треба талент и креативност, за некоине. Некои луѓе умеат своето хоби да го претворат во вистинска професија. Повеќето профе-сии се избираат за цел живот, но се случува некој да смени и повеќе професии. Некои про-фесии може да ги работиш сам, некои бараат тимска работа.Кога станува збор за мојата професија се уште не сум ја донел конечната одлука. Мислам декасега кога сум прав година од средното училиште сеуште е рано да се размислува за тоа, но мо-жеби и не е, затоа што за некои одлуки треба подлабоко размислување. Кога би требало сега дарешам би избрал професија од областа на информатиката и кибернетиката на пример компјутер-ски програмер или би се занимавал со пронаоќање на примената на компјутерите и другите на-предни технологии во индустријата, трговијата, вселенските истражувања, медицината.Ваквите професии ме привлекуваат бидејќи ги сакам и сакам да знам како рабо-тат компјутерите, а интересно ми е и да им ја наоѓам примената босекојдневниот живот на луѓето.За професијата мислам дека е важно човек да ја работи со задо-волство, а не да му биде товар. Затоа е важно при одлучувањетосекој да се води по своите знаења, талент и афинитети. Успехот вопрофесијата е многу важен, а во голема мера зависи од изборот напрофесијата. Јас се надевам дека ќе го направам вистинскиотизбор и дека ќе бидам успешен во она што ќе го работам. Така знамдека ќе го дадам својот придонес и дека ќе бидам задоволен со себе.

Михаил Василевски

НАШИ ТВОРБИ

Page 14: Петка број 1

Човек сакал да се обеси затоа што жена му го напуштила. Отишол на некој мост и си го врзалјажето околу половина. Поминува друг човек и го прашува:

- Што правиш бе ти?- Еве се бесам.

- Па што си го врзал јажето околу половина, околу врат треба?- Не можам таму, ме гуши.

O O O K O O O Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција.

Подготвувајќи се да даде податоци, признава:-Само, знаете, имам една физичка мана . . .

-Навистина? А која?-Немам грбка!

O O O K O O O Влегува пијаница во кабина за исповедање во католичка црква, седнува и молчи. Молчи тој

така неколку минути, па свештеникот поткашлува да го потсети дека треба да почне соисповедање. Пијаницата уште молчи. Поминува уште една минута и свештеникот веќе

изнервиран тропнува по ѕидот неколку пати. Од другата страна го слуша пијаницата: - Џабетропаш, нема ни кај мене тоалетна.

O O O K O O O Се нашле Американец, Русин и Македонец. Сите се расправале кој од нив

има најголем авион. Американецот рекол:- Во Америка што има еден џамбо-џет кога се качуваат луѓе се качуваат цел ден...

Русинот: Кај нас што има еден херкулест кога лета цел ден и прави сенка на Москва... А Македонецот немал што да каже па рекол:

- Кај нас што има еден авион па јас кога летав со него слушам нешто прави ,,БЗЗЗЗ,, кога давидам џамбо-џет лета околу светлото како мушичка,а потоа ѕирнав кон прозорецот и кога

да видам на едното крило 20 херкулеста чекаат на ред да наполнат бензин!O O O K O O O

Умрел Бил Гејтс и отишол кај Господ и бидејки направил многу за општеството Господ мурекол да бира каде сака да биде во рајот или пеколот. Оди Бил во рајот гледа потоци

славејчиња, добри луѓе, и потоа оди во пеколот. Таму гледа журки, пиење стриптиз свашта!и се враќа кај Господ и вели во пеколот ке одам. Господ рекол добро како сакаш ти, и одиГејтс во пеколот и веднаш го стават во казан и го варат! и Бил го прашува на Ѓаволот - абе

кога дојдов не беше вака ! еее епа тоа беше SCREEN SAVER братче!!!O O O K O O O

Молер ја молерисова Лудницата. Двајца лудаци стојат под неговата скала и разговарааат:- Еј сакаш ли да му ја тргнеме скалата да падне.

- Џабе!!! Се држи за четката. O O O K O O O

Душо ќе те чекам во 5 саатот, во 7 ако не дојдеш во 8 јас си одам. O O O K O O O

Имало натпревар во некој град, се барал некој храбар човек што ке преплива базен полн со пирани, ајкули и други крвни суштества.

Чекале сите да се најде некој, ама се изначекале со денови, месеци и по едно време сеслуша - плјас! -скока некој внатре и плива. Кога излегол надвор трчат новинари и му велат:

- Што ќе изјавите за телевизија за вашата храброст?- Море ке му ебам тоа племето на тој шо ме турна!

O O O K O O O Како се вика најбрзиот Јапонец во светот?

- То шиба ко лудо.O O O K O O O

Си бил еден полицаец и сопрел едно фичо и возачот бил врзан а сувозачот не бил врзан ијадел бурек и цел умрсен од бурекот и цајканов му вика:

- Зашо не си врзан?И сувозачов вика:

- А ти си врзан дома кога јадеш?

Page 15: Петка број 1
Page 16: Петка број 1