Фокус бр. 15 / focus no 15

16

Click here to load reader

Upload: youth-magazine-fokus

Post on 08-Apr-2015

895 views

Category:

Documents


8 download

TRANSCRIPT

Page 1: Фокус бр. 15 / Focus No 15

ФОКУС 19 ДЕКЕМВРИ 1969 БР.15 ЦЕНА 0.50Д.

Page 2: Фокус бр. 15 / Focus No 15

ШУНДОТ и МЛАДИТЕ Од ден на ден шунд — литературата зема се поголем замав и станува, за жал, нераскинлив дел на нашето секојдневие. Младата генераци-ја е нејзиниот главен консуматор и приврзеник па токму затоа и нејзиното влијание врз неа е најголемо. Мораме тажно да констатираме дека — шунд — литературата за поголемиот дел од младите е и основната литература, a со тоа и еден од главните воспитувачи. Чудно како сме сите ние некако безизразно равнодушни кон ова своевидно духовно зло чи последици веќе се чувствуваат: идејна затупеност, деградација на интелектот политичка апатија па дури и анти-патија, минимална свест, недостаток на основ-ните елементи на културата, малограѓански мен талитет и начин на живот; со еден збор духов-нa декаденција. Би бил едностран кога причини-те за ваквата состојба кај еден не баш така мал дел на младата генерација би ги барал са-мо во шунд — литературата, но сите мора да се сложиме дека таа е еден од основните, ако не и најголемиот причинител.

Еден продукт на капиталистичкото општество во нашето општество ја доживува својата пол-на манифестација. Она што и буржуите го нарекле ѓубре и невредна стока (тоа е значење-то на зборот шунд), кај нас се печати во огром ин тиражи. Несфатливо, но вистинито. Живееме во социјалистичко општество, но шунд — литера турата не воспитува во спротивен дух. Нашите особени се, или треба да се; револуционерност, авангардност, хуманост, безкомпромисност, ин вентивност, етнузијазам; наша особина е мла-дост. Но шунд — литературата тоа го побива. И додека успева. Таа не побива нас, таа не труе.

Таа не учи дека револуционерите се убијци и лу-ѓе болни за слава — (стрипот со Че Гевара). наспроти хуманост го пропагира злочинот, фи-зичкото уништување и власта на посилниот. „Спо-ред шунд — литературата авангардата не пос-тои, а ако постои таа е разурнувачка и штетна, но затоа постои закон на подземјето, светот на криминалот, постои парата која отвора и создава се. Безкомпромисноста, инвентивноста и ентузи-јазмот не се реални за неа освен ако не слу-жат за задоволување на ниските лични желби,-шунд — литературата ги велича свирепоста, нас траноста, силата. Нашиот идеал е изградба на социјалистичко општество, таа ни сервира лаж-ни слики од таканареченото „високо општество" во кое важи експлоатацијата на човек врз чо-века. Ние сме за самоуправување. таа не учи де-ка оној што е над тебе е семожен и ти мораш да се потчинуваш за да си го зачуваш животот. Додека за сексот знаеме дека е нераскинлив со љубовта, дека е одраз на човековата слобода и љубов, таа вели дека е тоа задоволување на жи-вотинскиот нагон и дека е тоа машинерија ко-ја работи на принципот „плати па имај"; за неа не постои љубов, нежност, почитување, но тука

се затоа проституцијата, садизмот, перверзија-та. Посебно поглавие се издавачите на шунд — ли-тературата. Навистина, противниците на нашето општество не можеле да најдат свои подобри пријатели и истомисленици. Поведени од своите лични интереси, од матери-јализирање на неквалитетот познавајќи ги на-шите слаби точки, скриени зад параванот на самоуправувањето и сопственото планирање на производството, лишени од секаква морална свест и одговорност, тие работат, поткопуваат, уназадуваат. He би се согласил дека се поведени од pентабилноста. Па парата може да се зара-боти на многу почесни, почисти и понекобни аачини. Во што се состои опасноста на шунд — литера-турата врз политичката ориентација на млади-ната, не правејќи разлика меѓу работничката, училишната и студентската. Што ке биде од мла диот работник, како тој ќе самоуправува кога за тоа нема никакви познавања бидејки посто-јано ги читал продуктите на шунд — литерату-рата. Што ќе биде од младиот ученик. од мла-диот студент кога тие ќе се вклучат во сите пори на општествениот живот, а врз кои делува шунд литературата. Што ќе биде од сите тие млади луѓе кои ќе бидат и единствените гра-дители на нашето општество. Како тие ќе збору-ваат и делуваат во духот на социјализмот, са-моуправувањето, демократичноста кога за нив имаат, или минимални,или искривени познава-ња и погледи. Како тие ќе живеат во социјали-стички дух кога шундот ги воспитува во по-инаков и за поинаков начин на живот. Отсуствува отворена идејност меѓу младите, от-суствува воспитување во социјалистички дух на сите полиња. Индиферентноста од наша стра-на а и од страна на одговорните е крајно штет на. Во чие име се дозволува шунд — литерату-рата? Во чие име шундот се поставува на на-ишот пат? Шундот е во офанзива. Потребна е контра-офанзива. Подоброто утре е наше утре, да не дозволиме да е полошо, Да се бориме про-тив шунд-литературата на сите полиња, не со пароли туку со дела. Бидејки одамна помина фазата во која важеше мислата „подобро да се спречи отколку да се лечи", сега нам не ни останува ништо друго од нопходно лечење и тоа долготрајно, макотрпно но и ефикасно. Лечењето мора се одвива во две насоки: 1. Редукција на шунд —литературата до нејзи-но искоренување и изумирање. Бидејки целта ни е важна, дозволени се сите средства. 2. Враќање и надоместување на сите особини што ги носи младоста а кои што шунд — ли-тературата ги одзеде од нас и надминување на последиците од неа; идејно и политичко офор-мување на секој млад човек, воспитување во со-цијалистички дух, оспособување за успешен жи-вот и градење на општеството во кое живее и во кое ќе живее. Бидејќи оваа цел ни е уште поважна, средствата треба да се бираат со голе-мо внимание и чувство. Борбата против шунд — литературата е наша должност, наше право, наша обврска. Тоа е за-дача на сите нас, од поединец до највисоките раководства. Во името на младоста, во името на општеството, во името на социјализмот, да се почне веднаш. Деновите си врват?

А. Димитров

Ф О К У С н е д е л н и к за м л а д и

Издава: Градска конференција на CM Скопје. Уредува редакциски колегиум во состав: Вељковиќ Љубомир, Сашо Ч о м о в с к и . Александар Димитров, М и л -чин В л а д и м и р и Аљоша Руси (главен и одговорен уредник) Ликовно обликува-ње К о с т а д и н Танчев — Динка.

Page 3: Фокус бр. 15 / Focus No 15

ПОЛИТИЧ KИOT ПОРТРЕТ НА НАШАТА МЛАДИНА

(Ill) Досегашните размислувања за политичката

определеност на нашата младина се сведуваа главно на оценки за политичките афинитети на средношколските младинци и студентите. Се разбира, неодрживо е сваќањето дека токму спо-менатите категории се и единствените носители на целокупната општествена и политичка актив-ност во нашето самоуправно општество.Таквото убедување е,освен тоа, и опасно за нашите со-времени општествени односи.

Работничката младина има Засебно место во подполитичкиот покрив на нашето социјалистич-ко општество. Младите работници имаат мож-ност непосредно да ги запознаат производните сили и односи, оние честоспомнувани термини во теоретските предавања на средношколците и студентите. Токму затоа, тие веќе ја почувству-вале целата тежина на апроксимативното зна-чење на тие зборови, често споменувани во училиштата во науката за општествените односи.

Да се биде непосреден учесник во производ-ството, да се планира иднината на една работ-на организација, да се биде во текот на проме-ните што носат заедничко име — општествена и стопанска реформа" тоа секако не е исто како и да се размислува околу тоа, незадолжително да се запознава преку литературата, едноставно, заради извесно изградување на личноста, што се разбира има своја смисла, но и поинакво зна-

чење. Н о , да се биде производител, а да се ос тави на „упатените" судбината на колективот, да се остави „извесни" теоретски подготвени лу-ѓе да го определуваат доходот на работникот, неговите стручни квалитети — тоа уште помал-ку е оправдано. И , така, определувајќи ги нај-значајните прашања од животот на непосредни-те производители, се наметнува прашањето — колку се политички култивирали младите ра-ботници, оние во кои им ја доверуваме нашата економска иднина?

Да појдам од училишните програми за учени-ците во стручните училишта. Треба навистина да се биде внимателен за да не се испушти „препораката" што се сретнува во тие програми, наставниците по предметот за Општествени од-носи да ги прилагодат своите предавања спрема можностите (секако станува збор за временските можности) и да им ги изложат на учениците нај-важните прашања од општествените односи. Ко-га на тоа ќе се надоврзе и „редуцирањето" на веќе малубројните часови по овие предмети од страна на самите ученици, не е ни малку реално да се верува дека нашите млади луѓе во производството имаат потенцијални снаги да им се спротивстават на различните нереформски тенденции во општествените и политичките дви-жења, кои, за жал. постојат.

За Марксизмот популарно се зборува дека е идеологија на работниците, но станува модерно да се модифицира оваа определба во: идеологи-ја за работниците. За суштинската разлика на овие „алтервативи" на Марксизмот, беспредмет-но е да се зборува. Тоа го знаат и младите про-изводители, но како може тоа и практично да се покаже? Co политичката незаинтересираност и инертност? Co неразбирањето на улогата на работникот во современото општество? Co ма-совното посетување на фудбалските стадиони и воодушевување од лажни или тилнуски спектак-ли во кино-салите?

Се прашувам: дали треба„извесни", „упате-ни", „подготвени", „одговорни" и многу други категории со вакви способности да определуваат што е добро за иднината на работниот колек-тив, да го определуваат доходот на производи-телот, да ја водат кадровската политика и да ја „спроведуваат" општествена, а и стопанската ре-форма. а работниците, особено овие помладите, да се согласуваат или да ги кажуваат своите за-белешки околу горливите проблеми на нивниот стандар? Зошто, да се проникне во длабочини-те на економиката, потребна е и политичка зре-лост и подготвеност што за младите работници им недостасува.

Во фабриките и другите организации каде што има млади работници, постојат младински активи, во тоа се главно групи млади работни-ци кои само имаат можност да присуствуваат на седниците на Советот и другите општествено-политички организации. Идејното воспитување на младите работници во рамките на спомена-тите активи е неопходно и можно. Политичката култура на младите работници е вознемирувач-ки минимална. Општествената ангажираност е со-сема безначајна. Перспективите на состојбата се такви што можеме да им веруваме на скепти-ците: Марксизмот станува за работниците.

Конечно, нека поразмислат и младите произ-водители. Дали и тие достатно се грижат за сво-јата општествено-политичка иднина?

Спасе Ј О В К О В С К И

Page 4: Фокус бр. 15 / Focus No 15

Кај учениците од средните училишта постои и н и ц и ј а т и в а

за создавање на едно самоуправно тело на сите средни у ч и л и ш т а ,

што ќе ги обединува сите напори за решавање на проблемите на

о б р а з о в а н и е т о . Т о а е облик на делување на СМ з а у с м е р у в а њ е

на с в о ј а т а активност за ц е л о с н а примена на самоуправните

односи во училиштата п о а ѓ а ј к и од фактот д е к а учениците и

наставниците се рамноправни чинители во образовниот процес

Едно вакво тело ќе придонесе не само за зближување на учениците

меѓу с е б е , т у к у и за премостување на јавот к о ј постои м е ѓ у .

гимназиите и средните стручни у ч и л и ш т а , в о е д н о и з а здружено

делување и реализирање на реформата в о о б р а з о в а н и е т о во склоп

на општествената и стопанската реформа. Ваквото т е л о би с е

з а л о ж у в а л о за отворање на училиштата кон о п ш т е с т в о т о , за о б р а -

зование како чинител на проширената репродукција а и наоѓање

на ново место на училиштата во о п ш т е с т в о т о , како по начинот

на финансирање, така и по в л и ј а н и е т о што училиштата можат да

г о вршат во општеството ,

Собранието на у ч и л и ш т а т а , како г о нарекуваат у ч е н и -

ците од средните училишта, с в о ј а т а активност би ј а н а с о ч у в а л о

во овозможување училиштата. да с о з д а в а а т целосна личност к о ј а

ќе може да се вклучи в о сите текови на р а з в о ј о т на нашата

зем ја .

Собранието би д е л у в а л о со помош на самоуправните

органи на училиштата , в к л у ч у в а ј ќ и ги тука сите облици на

ученичката самоуправа и заложувајќи с е претставничките о р г а -

ни општествено-политичките организации да ги прифаќаат р е -

шенијата што ќе ги предложуваат у ч е н и ц и т е .

Базирајќи с е на самоуправни д о г о в о р и , Собранието

секако дека ќе н а ј д е с в о е место во животот на младите од

Скопје, затоа оваа иницијатива треба да се п о д р ж и и овозможи

што поорганизирано формирање на едно вакво т е л о на сите

средни училишта од градот.

МИНГОВА БЛАГОРОДНА

ВЕСТ БРОЈ ЕДЕН: Интензивирајќи ја својата активност, Конферен-цијата на CM на Скопје иницира собир на мла-дината од средните училишта. На собирот кој се одржа на 15 декември се расправаше по следните прашања : 1. По предлог-заклучоците за ангажирањето на Сојузот на младината од Скопје во развивање-то на самоуправните процеси во училиштата од I I степен. 2. Разгледување на ставовите, предлозите и при-медбите на Сојузот на младината од Скопје по Нарцт — законот за средното образование. 3. Разгледување на Нацрт-резолуцијата на РК на Сојузот на младината на Македонија и Ре-публичкиот одбор на Синдикатите од опште-ствените дејности.

ВЕСТ БРОЈ ДВА: Минатата недела помина во знак на младите и за младите. На 12 декември во Социјалистички-от сојуз се расправаше по Нацрт - законот за образование. Четири дена подоцна, врз база на студиското истражување цгго го изврши Инсти-тутот за социолошки и политичко-правни истра-жувања, а го подготви Димитар Мирчев, се одржа советување за самоуправните проблеми во средните училишта.

BECТ БРОЈ ТРИ: Светската федерација на демократската млади-на (СФДО) објави аиел во кој се вели: „Со ова писмо Be повикуваме да ја покажете солидарноста со борбата на шпанскиот народ и младината против Франковата диктатура. Во прашање се животите на стотици политички затвореници. Денес во Шпанија има околу 20.000 оптужени од кои повеќето се млади лу-ѓе. Режимот се спрема на тешки репресалии, особено во Баскија. .

ВЕСТ БР0Ј ЧЕТИРИ: За ректор на Скопскиот универзитет „Кирил и Методи" е избран др. Кирил Пенушлиски ре-довен професор на филозофскиот факултет; a за проректори др. Славчо Бахчеванџиев, вонре-ден професор на природно — математичкиот факултет и инж. Димитар Грчев редовен про-фесор на Електро — машинскиот факултет.

Page 5: Фокус бр. 15 / Focus No 15

ВРЕМЕТО ОДМИНУВА. . . В030Т поминува. . . КОНФЕРЕНЦИЈАТА. . . наближува ИЛИ

СЕЛСКА МЛА ДИ НА

Се побројни и научно сериозни, социолошки, социјално — психолошки, антрополошки и еко-номски се истражувањата на оној дел од совре мената популација која ја нарекуваме „млади-на", луѓе од 14 до 25 год. Меѓутоа, еден по-глед назад ќе не доведе до една констатација не така благонаклонета на селската младина. Сите анализи за младината околу неа и пред неа, всушност биле истражувања за проблема-тиката која е карактеристична за Г Р А Д -С К A Т А младина. Селската младина се запоставува и тоа е еви-дентно. И да не беше првата тематска конференција на СМЈ посветена токму на овој проблем, се чини дека кон селската младина се однесуваме како кон безвреден дел на младата генераци-ја, како сираче без мајка (општеството и е тат-ко).

ЕДНА МОМЕНТНА СОСТОЈБА или ШТО Е ДОСЕГА НАПРАВЕНО

He можеме да бидеме незаинтересирани за суд-бината на 1.600.000 млади луѓе кои живеат на село. Уште помалку нашата индеферентност за животот на 49.000 млади селани ем селанки во Македонија, смее да биде на видело. He така дамна се одржаа два семинара во ор-ганизација на ГК на СМ од Скопје. Едниот за образованието, вториот за работничкото самоуп равување. Се е во ред и за пофалба. Но . . . He тврдиме дека во околината на Скопје има најголем број на селска младина, меѓутоа не можеме да бидеме убедени во непотребноста на уште еден семинар ако веќе како форма на активност се практикува) за проблемите на сел ската младина.

Радоста ќе е голема ако некој ја оповргне мо-ментната состојба; досега не е „регистрирана" конференција на CM во ниедна општина каде селската младина е равноправен дел (квантита-тивно) на градската: како Титов Велес, Прилеп, Битола, така и Гевгелија, Охрид . . . можат да се пофалат со тоа. Инсистирањето на форумско решавање на овој проблем не значи ништо повеќе туку задово-лување на оваа наша општествена јавност, a таа знае да биде многу брзо надразнета. Ако веќе изградиме една теза, тогаш да се „поткрепиме" до крај; никако не смееме да би-деме задоволни со 4-те (и со букви, четири) стра ни посветени на општествената и економската положба на младите во македонските села. За-ради оријентација, материјалот подготвен за првата тематска конференција на СММ има четириесет и пет страни. Се добива впечаток како да сме задоволни со студијата што пред четири години ја изготви Институтот за соци-олошки и политичко — правни истражувања од Скопје. He може да се суди за една објективна

состојба меѓу селската младина преку така (во моменти) застарена положба.

ЗА ОДНОСОТ ГРАДСКА — СЕЛСКА МЛАДИНА или ЗА МИГРАЦИЈАТА НА М Л А Д И Н А Т А ОД СЕЛО ВО ГРАД Кога во обичниот, секојдневен говор, некој не-кого сака да навреди по обичај вели: „сељак". „оди в село, ти не си за град"! Ваквото вулгаризирање на едан состојба, особе-но се однесува до оној дел од младината што го носи „епитетот" селска младина. Што всушност се крие зад навредата? He можеме да се одтргнеме од впечатокот за (не) намерната повреда на човековото достоин-ство. Всушност, станува збор за одредена кул-тура па и политичка дискриминација кон сел-ската младина. Најпрво за културната разлика; Она што во овој момент сакаме да го истакни-ме се однесува не само до информираноста на младите во село, туку и до нивната културна разонода. Секако младината на село не е во состојба да го чуе еден Арсен Дедиќ, поради материјални при-чини, но таа исто така не знае што доживеала Кристина Килер во „аферата Профијумо", кол-ку мажа имала Лана Тарнер, тоа не ја интере-сира. Едноставно неможе да го прочита. Ако едно радио е единствената забава на село, една свадба веселба до крајни граници, не можеме да останеме пострана од таква состојба. Покре-навме акција затоа што во Скопје нема младин-ски клубови. А кога тоа го направивме за села-та? Културните вредности на една личност се многу блиски до неговата политичка ангажираност. Еве еден пример; На поставеното прашање: во нашата земја со Уставот е загарантирано правото на слобода на

религија. Значи ли тоа дека религијата е потреб на?, респондентоте одговориле

селска млад. 1. потребна е 41% 2. не е потребна 57%

И додека младината во градовите дискутира за Нацрт — Законот за образование, дотогаш мла дината на село му се поклонува на богот. Уште една разлика е на видело кога станува збор за односот град — село — економската. Во економската подреденост на селото наспрам градот принудени сме да ги изнаоѓаме причини-те за интензивната миграција село — град. Миграцијата на младината од село во град, од земјоделски во неземјоделски дејности. од екс-тензивно кон интензивно стопанисување, пред-ставува секаде во светот, па и кај нас, феномен на општествено — економскиот развој. Тоа што најголемиот дел од мигрантите го сочинуваат младите, како најподвижен дел на населението, не сме криви.

Зошто младииата во голем обим го напушта се-лото? На ова прашање на двапати ќе Првиот пат со контра — прашање; Дали повеќе сакате да живеете во;

град 44% село 25% сеедно ми е 31%

Овие одговори не се баш охрабрувачки. Зошто е тоа така? Ниската продуктивност и малите доходи, се ос-новни предуслови за заминувањето од селото. Миграциите влијаат на структуралните економ-ски промени во општеството, директно, поната-му и на сето општество, индиректно. Co зами-нувањето на младите се зголемува просечната старост на земјоделското васеление. Натаму, мно гу домаќинства оставуваат без младина, наслед-ник кој ќе продолжи со индивидуалното земјо-делство. И, одеднаш, порано или подоцна, на-шето земјоделство непродуктивно. Трагедијата да биде поголема, оној дел од сел-ската младина кој му пристапува на градот или допрва ќе се наобразува (стручно), или воопшто не се повинува на едно интензивно стопанису-вање, па како „непожелна" работна сила бива отпуштено од работа. И одеднаш што се слу-чува?

Тој младеж поставува онаа наша „тешка физи-чка рака" наместо зелка и домати, таа уредува градини и паркови, станува чистач на улици, И затоа; селанинот останува „сељак"; без образование!, „култура", политички пор-трет, тотелно затворен во себе, својот свет, селски свет! До кога???

Page 6: Фокус бр. 15 / Focus No 15

ПОСЕТА НА ГИМНАЗИЈАТА >>ОРЦЕ НИКОЛОВ<<

ЗА НЕ0СВ0ЕНИ TE ВРВ0ВИ BO ФИЛ030 ФИЈАТА И НИВНИТЕ 0СВ0ЈУВАЧИ

Kora го најавивме нашето доаѓање во гимна-зијата „Орце Николов", неколку пријателки ученички во оваа гимназија љубезно ни ја по-нудија својата помош. Чувствуваме особено за-доволство да и.м ја изразиме нашата благодар-ност, сега, кога, средувајќи ги впечатоците од дводневната посета ја сваќаме одговорноста што ни беше доверена. Да се определи ова што е најактуелно деновиве меѓу учениците од гим-назијата, да се запознаат горливите проблеми на младите луѓе од една генерација која сеуш-те се наоѓа во ВРТОЛОГОТ на времето, да се почувствува пулсот на седумнаесетгодишниот ученички живот — ве уверуваме, тоа, едностав но, вознемирува со својата деликатност, многу-страност и одговорност.

Нека не ни забележат Лидија, Мирјана, Вe pa, Лилјана, Драган, Владислава, што одеднаш ги натоваривме со такво значење на ннвната „мисија", но, нашата должност е да бидеме об јективни и искрени. Тие можеби не слушнале за Херберт Маркузе, за Даниел Кон Бендит, за Рихард Вагнер, за Џером Селинџер, не г и знаат г о д и н е ш н и т е добитници на Нобеловата награ-да за медицина, но можат веднаш да ви ре-

чат дека во нивната гимназија не постои Марк-стички клуб, Историска група ниту Политичка трибина. За нив е мистерија почетокот на нив-вниот живот, но тие ќе ви речат дека на памет ги знаат писмата на „Драга Савета" од еден младински лист. Тие, велат дека знаат во кои земји во Европа се изучува сексуалното праша ње како засебен предмет во средните, дури и основните училишта. Нашата земја, велат тие, не е меѓу тие земји. За нив, можеби е сеедно, кој ке биде лидер на Западна Германија, но прашањето дали единаесетмина наши фудбалери ќе одат на следното светско првенство е од вонредна важност.

И така, по ред, за нивните желби, пробле ми, афинитети, зборуваат: Вера Николовска, Јован Стојановиќ (претседател на Младинскиот комитет), Бранка Латиновиќ, Милован Рунојчиќ, Лидија Регоје, Драган Мијановиќ, Мирјана Чи-ровиќ, Лилјана Пејовиќ, Олгица Ќаровиќ и мно гу, за жал, анонимни младинки и младинци од оваа гимназија.

„Кај нас има односи на разбирање" — вели Бранкица. „Нашите професори ги разбираат нашите проблеми. Зарем и тие не биле учени-ци? — додава. „Се разбира, ние често од нив бараме премногу", — таа е самокритична — ,.и тогаш се јавуваат несогласувања. Да речеме некој мој другар целата година заборавил дека учи историја и за тоа се сетил на крајот на учебната година, па љубезно бара да покаже дека Историјата го интересира. И. кога ќе биде исто така љубезно, поканет тоа да го покаже на поправниот испит, тој вели дека тоа не е фер Ако, пак, покрај Историја, заборавил за уште еден — два предмети, тогаш ги мобилизира си-те сили во себе и од „страна" да се избори за

своето „право". Верувајте, тоа се случува" Веруваме, Бранкице, но што ммслат за тоа

другите ученици? „Нашите професори, некогаш забораваат дека одреден ден сме сдговориле многу добро, а секогаш се спремни да ви кажат дека некогаш не сме кажале ни збор. Што се однесува до крајот на учебната година, точно и тоа дека се случува, целата година да учиме Историја — како што спомена Бранка, и на крајот, заради еден слаб одговор да „отпату ваме" на поправен испит.“

Ветивме дека ќе го „заборавиме" името на овој ученик. Но, понатаму нема да правиме вакви отстапки, се договоривме. Патем да спо менеме дека предметот Историја е сосем ин-цидентно спомнат. Всушност, учениците немаа проблеми со Историјата.

„Јас не знам каки треба да учам за да до бијам вајвисока оценка по Филозофија". вели Олгица. „Можеби и не претендирам на „так ви висини", но добивам впечаток дека тие вр-вови се неосвоиви." Спортски расположената Олгица изгледа де-ка е во право. „Одлични оценки по Филозофија..

скоро нема. Ако воопшто има, тие имаат дале-ку поголема вредност“.

Знаев, изгледа, нема да се воведат повисо-ки оценки во училиштата, па не ни останува ништо друго освен да забележиме, тоа нема да делува стимулативно. Зар не, Олгице?

Математиката во оваа гимназија не е „стан-дарден" проблем. Подоцна тоа го потврди и наставничката по овој предмет. Но тоа е така главно за оние кои ги слушат нејзините пре-давања. Заправо, во гимназијата има уште еден

наставник, кој прв пат застанува пред учени ците и сеуште не се снашол „Тој поседува со-лидно знаење, но сепак, се чувствува неговото неискуство" вели Јован Стојановиќ „Можеби и не треба ние да го „оценуваме" како наставник, но, зарем нема тоа сепак да се одрази на на-шиот успех? Како и да е, ние веруваме дека тој ќе се навикне и на нас а ние на него."

јован е и без тоа оптимист, па тоа, сметаме, не мора да се случи. Но, младите лесно се при викнуваат, особено ако немаат друг излез. По-важно е дека учениците имаат склоност кон ма-тематиката и тоа е она што ни влева надеж. А свикцувањето

„И професорот по Биологија, Драган Илиев ски, е млад и неискусен. Но, тој е привремено во нашата гимназија и со тоа проблемот е ре-шен" — вели Драган. „Тој инсистира на својата младост и неискуство, но самиот сака да пока-же дека „може" да ги прилагоди своите учени-ци на неговиот начин на работа. А, учениците, сепак, не мислат така. И, — секој по своето."

Но, Драгане, човекот мора некаде да стек-не искуство, да се научи на сите незгоди и не-пријатности.

„Во ред, но, НИЕ сме оние кои треба да научиме, другари"

Интелигентна забелешка. Но, и Лидија ги познава своите проблеми.

„Ние му „помагаме" во неговата непријатна сос-тојба и ја правиме уште понепријатна. Кога би биле малку посериозни, полесно би било и за нас. Мене ме интересира Биологијата, во тешко е да се научи дома нешто што не се слуша на часовите. А, на часовите, само да дојдете, ние просто се соживуваме со Биологијата" — . . .

Драган се сложува дека и тоа е точно. Се сложува и Вера. Значи, медалјата има две стра-ни и сега двете ги запознавме.

На разговорот присуствуваше и другиот про-фесор по Биологија, Шарац. Веруваме дека не-говото присуство не влијаеше премногу на иск-реноста на учениците. Тие и понатаму отворено зборуваа за она што ги мачи, радува, возбуду-ва.

„Има лекции по Социологија кои не се пре-давани, а се испитуваат" — забележа некој од присутните.

Наставникот (или наставничката) очигледно, премногу верува во афинитетите на своите уче-ници за Опшествените науки. Но , зарем оцев-ките по овој предмет не се наобјективниот по-казател за интересирањето? Освен, ако оценки-те не се реални, можеби . . .

„Оценувањето кај вас е јавно. Тоа е корисно во секој поглед. Така стануваме самокритични и реални" — вели Вера.

А, дали и професорите научуваат нешто од јавното оценување, Вера?

„ П а , знаете, важно е дека се трудат да би дат реални. Н о , луѓето можат и да грешат. Оценка — две, тоа е природно.“

И, грешат Вера. Некогаш несвесно, неко-гаш. . .

„Сепак, кај нас интервенциите се скоро без-значајни" — тврди Мирјана. Некои не мислат така. Добро е што постои борба на мислења.

Што станува со редовното посетување на часовите?

„Некои редовно НЕ ги посетуваат. За нив — одсега изјавуваме — нема да бараме милост" — се возбуди Бранкица. „Нив ги има малку, но

Page 7: Фокус бр. 15 / Focus No 15

доволно да бидат дамка.. ." — додава Мило-ван, кој за целото време се сложуваше со Бранкица.

„Во нашата гимназија има граница, преку која, навистина не се може. Ако некој, сепак, ја пречекори, со тоа го пречекорува и прагот на нашата гимназија, за секогаш".

Се надевам дека оние ученици кои мечтаат за „слобода надвор од училиштето" добро ги паметат своите отсуства. Зашто, иитервенциите во оваа гимназија не помагаат како во некои други вo градот. Така, барем, велат учениците.

Но, ако им веруваме на учениците, ќe мо-раме да слушнеме што велат тие за залагањето на наставниците за подобар успех на учениците.

„Во рамките на своите можности — ни по-магаат. Има вонредни часови за Математика, Англиски јазик, Француски.. . Но, не многу чес-то."

„ И не многу посетени". „Очекуваме повеќе од наставниците да ни

помогнат околу претстојното формирање струч-ни секции — за Социологија, Филозофија, Ис торија".

Тоа: повеќе помош, за нас значи нешто. Be-руваме дека учениците исто така го знаат зна-чењето на таа забелешка.

Разговорот траеше подолго време и нам би ни требало уште многу време и простор да би го интерпретирале до крајот. За нас ќе биде доволно, горниот текст да биде реална интер-претација на искажувањата на младите средно-школци.

Проблемите на Младинската oрганизација беа предмет на посебен разговор со потесното раководство на оваа организација во гимнази-јата. За нив зборува претседателот Јован Стоја-новиќ, Бранка Латиновиќ, минатогодишен прет-седател и сега активист, и Милован Рунојчиќ. Сите се сложуваат, самокритично, дека сеуште не се во состојба да ги започнат активностите околу организирањето на младинците во раз-лични подрачја на општествениот живот, Овде, пред се станува збор за самоуправувањето на учениците, формирањето Марксистички клуб, Социолошко - политичка трибина, Литературна група. Но, причините постојат: сегашното рако-водство е штотуку избрано и ги започна подго-товките. Всушност, на Литературната група не и треба некоја посебна и нова opганизација и за неа повеќе се грижат одговорните наставници. Стрелачката и феријалнага дружина имаат сво-ја традиција и афирмација. Планинарите само-иницијативно организираат прошетки по пла-нините во околината на градот. Спортистите не бараат посебни услови, зашто основните ги имаат — спортска сала и реквизити.

Очигледни, задачата на раководството на Младикската организација овде е да ги коор-динира активностите на младите. Амбициозните младински ентузијасти, Јован, Бранка и Мило-ван велат дека сериозно ја сфатиле задачата и одговорноста.

Но, фактот дека учениците не се сосем на колосеците на современите општествени дви-жења, зборува за квалитетни недостатоци на најмасовната организација на младите.

Ние сме спремни да веруваме дека самите ученици ќе покажат интерес за она што треба да е нивна иднина, за она со што ќе се суко-бат кога ќе станат академски граѓани за сво-јата политичка култура.

Живите дискусии околу новиот испит на зре-лоста се доказ дека нашите надежи имаат си-

гурна основа. Се, разбира,мислењата за Новата матура се различни и разновидни, но тоа само зборува за интересирањето на младите за нај-суштествените прашања од нивниот живот.

Минатата година во оваа гимназија се слу-чуваа непријатии работи, за кои никој од уче-ниците не покажа особена желба да зборува. Велат, тоа се приватни работи, за кои ие треба да се пишува. Се согласуваме. Овде, заправо владее попријатна клима отколку што можеше да се очекува спрема минатогодишните трагич-ни случаи. Весело е во ходниците, во дворот, во спортската сала, па дури и на некои часови.

За тоа е виновна младоста, велат во гимна-зијата.

Но, ние нејзе нема да и судиме, зар не? Во разговорот со неколку професори од гим-

назијата се обидовме да го определиме, дефи- тивно нашиот впечаток за животот во оваа институција, да го определиме портретот на една од најдобрите гимназии, како што подоц-на дознавме од директорот на гимназијата.

Професорка по музика, млада и помалку на-лутена на своите ученици — заправо на нив-ниот недоволен интерес за музиката, зборува тивко м мирно. Нејзиното име — за жал ќе остане тајна. (Учениците зборуваа дека се пре-зива Диневска или слично). Како и да е, за нас беше поинтересно ова што таа го кажа за сво-ите ученици, а тоа навистина не е нешто зa што ние би пишувале со задоволство. Но, слуш-нете фрагменти од вашиот разговор.

Вообичаено прашање Колку години се учи Музичката уметност во гимназијата: — сите четири години за хуманитарниот смер, а за природно — математичкиот наставата е нешто редуцирана — не се учи во третата година.

Прашање: Дали вашите ученици имаат инте-рес за музиката?

— Да, има ученици кои ги иитересира. Тие одат и на концерти.

Прашање: Дали вашите ученици имаат доб-ри оценки по овој предмет?

— Знаете, оценувањето е со зборови и тоа малку ги стимулира учениците. Тогаш, како мо-жам да ви речам дали имаат добри оценки, ко-га учениците и не ги сметаат за оценки оние неколку реченици во Сведетелството.. . .

Токму така, значи: нашите врсници учат за неколку различни бројки. . .

Професорот по Биологија, другарот Шарац беше многу љубезен и многу ни помогна во на-шите напори да ја претставиме оваа гимназија. Ќ е ги изнесеме накратко впечатоците од раз-говорот со учениците во кој учествуваше про-фесорот Шарац.

Учениците добро ја почнаа школската годи-на и се надева дека така и ќе ja завртат. Me-ѓу него в учениците постојат односно на потпол-но разбирање и доверба. Всушност, и вашиот впечаток го потврдува тоа. Што се однесува до оценувањето, тоа секако треба да биде јавно и во него треба да учествуваат активно и совесно учениците.

Смеровите — тоа е деликатно прашање. сме-та професорот. Се согласуваме, за тоа треба поширока расправа. Тој ни го вети своето при-суство, ако дојде редот да се зборува за тоа на тркалезната маса на „Фокус"

Тоа се впечатоци за кои со задоволство си спомнуваме.

Разговараме со професорката по литература Вера Иванова, околу актуелните проблеми по предметот што таа го предава — Во последно време зачестија разговорите за македонскиот јазик и литература. Дали сте задо-волни од интересот на учениците кон овие пра-шања и дали, кога би можеле да ја менувате наставната програма, би направиле нешто со македонската литература ?

— Македонската литература и македонските пи-сатели воопшто послабо се застапени во програ-мата што ние ја предаваме. Меѓутоа, во I V годи-на, каде што се изучува современата светска и наша литература, сепак се обидуваме да внесе-

ме нешто повеќе изучувајќи некои од совреме-ните македонски писатели според афинитетот на учениците. Инаку, самоиницијативно, често орга-низираме директни средби со нашите современи автори, кои наидуваат на интерес кај учениците. Овде посебно би ја истакнала соработката со клубот НА ПИСАТЕЛИТЕ П Р И ВИСОКОТО ШКОЛСТВО. Што се однесува до учениците, мислам дека нивниот интерес и успех би можел да биде подобар, иако и вака состојбата не е во-општо лоша.

— Кон која област од литературата учениците покажуваат поголем интерес? — Мислам дека современата литература е поин-тересна за нив иако за нејзино толкување се по-требни и извесни предзнаења. Она што недоста-сува кај нив, тоа е еден критички осврт кон со-времената литература. Следниот наш соговорник беше професорката по француски јазик: — Дали има многу слаби оцени од вашиот пред-мет? — Мислам дека има просечно како во секој предмет. Јас од своја страна се трудам уште повеќе да се подобри успехот затоа пгто веро-јатно и сами знаете колку му е потребен стран-скиот јазик на еден современ интелектуалец. Често пати организирам додатна настава за сла-бите ученици, а и предавањата се комбинирани со плочи и други помагала.

— Сметате ли дека учениците од математичкиот смер совладуваат доволно од странскиот јазик? — He, сметам дека се нужни повеќе часови по странски јазик во овие паралелки, иако тие глав-но се предодредени за предметите од матема-тичкиот смер. Тоа е пак во смисол на ова: дека странскиот јазик му е потребен секому. — Сметате ли дека смеровите го оправдуваат своето постоење? — Смеровите, според мене, не би требало да постојат. Кому тие му се нужни? Самите ние, насгавниците, гледаме дека класовите од мате-матичкиот смер се подобри дури и од предмети-тe какви што се странски јазик и литература, кои се заправо главни предмети во хуманитарниот смер. Така доаѓа до одделување на класовите, затоа што на една страна имаме добри, а на дру-га слаби ученици.

Page 8: Фокус бр. 15 / Focus No 15

Откако ги запознавме проблемите што се на дневен ред во гимназијата, ни преостана уште разговорот ео директорот Нада Гугу-шевска.

— Во неодамна водениот разговор со ди-ректорот на гимназијата „Георги Димитров", „ Ф О К У С " им пренесе на своите читатели де-ка оваа гимназија, со среден успех од 2,72, во конечниот биланс е пред „Орце Николов" . А тоа со други зборови Значи дека вашиот средев успех е дури под овие, секако неслав-ни, 2,72. Каде се причините, според вас, за ваквиот слаб успех?

— Бк сакала најостро да го осудам неточ-ното зборување на мојот колега од гимнази-јата „Георги Димитров" и воедно да ги де-мантирам тие информации со фактот што ус -пехот во вашата гимназија никогаш не ја пре-минал долната граница која изнесува 3. И да додадам дека ова не е прв пат да се јавуваат неточни податоци о к о л у нашиот успех. Дури и официјалните документи често „забораваат" дека гимназијата „Орце Николов" по својот среден успех секогаш била веднаш зад „Јосип Броз Т и т о " и „Раде Јовчевски-Корчагин". Впрочем еве го и документот од кои гледате дека средниот успех во минатата година кај нас изнесуваше дури 3,11. За споредба само ќе ги наведам средните успеси на сите скоп-ски гимназии заеднички и на сите средни у -чилишта воопшто. Првиот изнесува 2,88, а вто-риот 2,97. Значи, сепак сме над просекот.

— Ш т о мислите, зошто секогаш сте зад овие две гимназии што ги опоменавте? Дали тоа се д о л ж и на подобриот наставен кадар во овие гимназии или пак квалитетот на учени-ците таму отскокнува во споредба со вашиот?

— Јас не би рекла дека причината за тоа л е ж и во подобриот наставен кадар. Професо-рите, се разбира со исклучоци, предаваат се-каде со приближно ист квалитет. Според мо-ето мислење, нашето постојано место зад гим-назиите „Јооип Броз Т и т о " и „Раде Јовчевски-Корчагин", се должи на фактот што овие две гимназии имаат долгогодишна пракса да при-маат само многу добри одлични ученици од оововните училишта. Тоа, меѓутоа, не беше случа ј и со нас. Ние примавме, заради спе-цифичноста на гимназијата, и ученици со до-бар успех. Сето тоа мораше да се одрази и на целокупниот успех.

— К а к о стоите со повторувачите? — Интересно е да се напомене дека ние

имаме најмал број на повторувачи од сите скопски гимназии, иако по успехот заостану-ваме за што веќе беше збор.

— Учениците велат дека по некои пред-мети доаѓа до чести промени на наставници-те што мошне тешко се одразува врз наста-вата по тој предмет. Зошто доаѓа до такви со-стојби?

— Мислам дека таквите промени кај нас дојдоа од сосем оправдани причини. Co други зборови, ние бевме приморани така да поста-пиме заради тоа што не сакавме учениците да

губат од наставата од поедини предмети. Т у -

ка се во прв ред предметите биолигија и ма-тематика. Нашиот наставник по биологија , заради напредната болест мораше да биде по-долго отсутен од своето работно место. Бидеј-ки хонорарната работа веќе е и законски за-бранета, бевме принудени по пат на конкурс да го решиме прашањето. Нешто слично се случи и со предметот математика. Редовниот наставник едноставно си отиде затоа што на друго место доби поголем материјален доход отколку што бевме во оостојба да му дадеме, иако тој овде имаше надпросечна плата. М е -ѓутоа, јас верувам дека наскоро ќе се стаби-лизираат односите.

— Но, токму па овие новопримени настав-ници паѓаат сите протести на учениците. Тие велат дека и покрај тоа што наставниците се млади, не успеваат да ги разберат и дека во-општо не покажуваат желба таа состојба да се промени.

— Сето тоа нам добро ни е познато. М е -ѓутоа, мислам дека со натамошен тек на ра-ботата овие наставници, кои впрочем се и доста млади, ќе го стекнат своето педагошко искуство што е мошне важно во нивниот од-нос кон учениците. Co тоа мислам дека к о -нечно ќе бидат отстранети сите недоразби-рања на тоа поле.

— Ш т о е преземено од ваша страна за ре-шавање на овој проблем?

— Ние се обидуваме со искрен и отворен дијалог да им укажеме на нашите млади ко-леги и да ги посоветуваме. Дури и јас лично

имам чести разговори со нив и мислам дека тие го разбираат својот проблем и дека ќе на-прават се тој да се реши најповолно.

— Учениците се жалат на јазикот на на-ставникот по биологија Драган Илиевски. В е -лат дека тој воопшто не знае да зборува срп-скохрватски.

— Учениците малку и претеруваат. Н е -колку пати сум присуствувала на неговите часови. Точно е тоа дека тој има проблеми со јазикот во паралелките со српскохрватски на-ставен јазик. Меѓутоа, сметам дека со малку само да додадам дека тоа не е нов проблем кај нас. Потребата од наставници што добро поголеми настојувања од обете страни, и од учениците и од наставникот, состојбата може значително да се подобри. Впрочем, јас ве уверувам дека наставникот ќе го совлада со-сема добро српскохрватскиот јазик. Би сакала ги владеат двата наставни јазика не била се-когаш задоволена. Меѓутоа, барем, досега у ч е -ниците секогаш покажувале разбирање кон ваквите непријатности.

— Да се вратиме на учениците. К а ж е т е ни за нивната редовност на часовите, за изос-таноците и за казните?

— За жал, проблемот околу неоправдано-то изостанување од часовите сеуште не нашол свое решение. И покрај сите наши напори да се стави крај на лажните лекарски оправду-вања, тие сеуште суштествуваат. Но, сепак ќе речам дека кај нас има повеќе пофалени от-колку казнети ученици што ни дава некаква надеж. Инаку, бројот на неоправданите изос-таноци што треба да ги направи ученикот за

да биде отстранет од вашата гимназија изне-сува 25. Такве тешки случаи навистина сме имале многу ретко и никогаш не сме ја при-мениле најстрогата казна. Секогаш сме оделе на тоа уште еднаш да се преиспитаат причи-ните за таквата нередовност на ученикот, сме покажувале максимум разбирање и трпели-вост само за да не дојде до истерување, и до последиците кои тоа ги носи.

— Од вашите наставници слушнавме дека поделбата на учениците на смерови, ваква каква што е сега е неодржива. Тие велат де-ка класовите од математичкиот смер се неспо-редливо посилни, дури и од оние предмети кои, нормално, повеќе ги учат „хуманитарци-те". Ш т о мислите за тоа?

—- Точно е тоа дека на математичкиот смер одат подобрите ученици. Првобитната замисла за смеровите мислам дека е на место. Но, настанаа проблеми кога таа се реализира. Јас ни сама не знам како дојде до тоа учени-ците од математичкиот смер да бидат подоб-ри. Можеби проблемот е во тоа што кај нас веќе постои една јазична поделба, а новата поделба уште повеке ја измеша состојбата. Значи јас ги оправдувам смеровите, дури сме-там дека треба да постојат уште, во тоа е са-мо во принцип. Проблемите се јавуваат кога доаѓа до нивната практична примена.

— Ш т о сте направиле за културно - забав -ниот живот на учениците?

— Тука имаме една убава активност. Тоа е вашата гимназијада. Идејата за неа ја усво-ивме од V белградска гимназија со која долго време соработуваме. Тоа е заправо еден убав натпревар меѓу поедини класови кои подгот-вуваат по една точка. За наградите одлучува специјална жири комисија. Наградите се не-колку дена одмор со извесна парична помош наградениот клас да оствари некој убав излет. Интересот на учениците е значителен и еве веќе 5 години ние ја одржуваме оваа убава манифестација. Јас ве поканувам да присус-твувате на овогодишната гимназијада што ќе се одржи кон крајот на оваа учебна година.

— Во последно време во просветните кру-гови често се зборува за новата матура. Ш т о мислите вие за неа?

— За испитот на зрелоста, каков што е сега, немам добро мислење. Заправо, да бидам попрецизна, во денешни услови кога постојат приемни испити на факултетите матурата во-општо не би требало да постои. И л и пак, ако постои тогаш треба да се укинат приемните испити на факултетите. Инаку, вака, мислам дека доаѓа до непотребно дуплирање.

— На крајот, што очекувате од новата зграда за вашата гимназија која деновиве поч ва да се гради?

— Секако знатно подобри услови за ра-бота, резултати и петдневна работна недела. Мислам дека тоа ќе можеме да го оствариме.

Прилозите ги подготвија:

НИНО И В А Н О В С К И и С П А С Е Ј О В К О В С К И

Page 9: Фокус бр. 15 / Focus No 15

ДЕДОТО ЗA РЕПATA

БAБAТA ЗA ДЕДОТО...

Да се пишува за состојбата вo југословен-ската кинематографија, особено во оваа годи-на, е мошне неблагодарно и не одредено. Име-но оваа година обилуваше со се и сешто на тема — југословенскиот филм девес. Како никогаш досега, дури и од постоењето на со-времената југословенска кинематографија, не се кршеле толку копја, не паѓале толку напа-ди, одбрана, мислења, ставови и што се не о-колу кутриот домашен филм. Се добива впе-чаток дека до крајност, би рекол до извито-перност се користеше самоуправниот манир да се дава личното мислење ,да се дискути-ра, критикува, полемизира, околу нашиот филм. К о ј се не се н а ф р л и и кој се не го бра-неше (повеќе се оние кои атакуваа и сеуште атакуваат). К и н о двораните се отворени за секого, па според тоа секој на свој начин г л е -да, размислува, а што е најважно се обидува да се стави во позиција на „критичар". Л у ѓ е -то имаат очи, уши, а ммаат и уста, во рет-ки се оние кои при оценувањето го користеа умот при фронталниот напад на југословен-скиот филм. Сите одеднаш станаа душегриж-ници, совест на нацијата и културата, сите се претворија во познавачи на филмската уметност, изигруваа стручњаци, покажуваа дека „имаат ронка памет". Во 69-ва година практично домашниот ф и л м се најде во по-зиција на „копиле" , по кое сите најчесто ви-каат и го „тепаат". Т о ј беше терен на кого се тренираа малограѓаните од секаков вид. Паѓаа клевети и озборувања, интриги и што не друго за да се докаже „црнилото" на до-

машниот ф и л м , неговата „реакционерност“, „декадентност", „претераност", „необјектив-ност", и особено му се префрлаше за „рези-лот" што тој на нашето општество му го на-несува. И токму во ваква атмосвера е многу тешко да се снајде секо ј оној кој би се пови-кал на трезвено размислување во настанатата ситуација. Т о ј вител од погледи, спрег од идејна разединетост секаква нова идеја во поглед на стабилизирање на југословенската кинематографија обид за нејзнино оценување, е хендикепиран и лишен од конкретност и прегледност. Во услови кога секој трга на сво ја страна, по малку иронично делува дека би-ло каков облик или мислење ќе се најде нег-де осамено, како дел од создадената какафо-нија, т . е . априори ќе биде осудено или игно рирано, бидејќи постојат безброј тврдоглави апгологети на сопствените теории и тези во врека со филмот. Тоа веќе не личи на борба на мислење ,туку пазар на кој се купуваат, продаваат препродаваат, а распродаваат раз

ни мислења, одговорни и неодговорни, вер-зирани и неверзирани, компетентни и неком-потентни итн. Човек едноставно добива ком-плекс од сета таа чаршиска клима која нез-драво ја загадува атмосверата околу југосло-венскиот филм. Конјуктурно, филмот стана тема на денот, а за тоа се најзаслужни раз-ни булеварски пискарала кои му прават не-благодарна реклама на домашниот филм. По нив, се создаде ред од „заинтересирани": по-литички интервенции на поединци, луѓе со илузија дека можат да дават компетентни ми-слења, разнобојни бирократи, демагози, реак-ционери и такви кобајаги благонаклонети кон филмот. Едноставно, оваа година се претвори во една голема имагинарна судница за фил-м о т . Ј а т о „шакали" се нафрлија врз филмови те од инкриминираната црна серија, лице-мерно миејќи си ги сопствените гревови пре-ку филмот, обидувајќи се да ги заташкаат грешките од нивното поле на дејствување. Т а ка, домашниот филм оваа година и плаќаше цех на својата комуникативност, т . е . на сво-јата слобода. За момент црните филмови ста-наа виновни за некои грешки во реформата, за националистичките испади, луѓето забора-ваја за миг на грешките околу неликвидноста, за тоа дека скопската Ж е л е з а р а ја прекинала работата бидејќи не се предвиделе сушните периоди, затоа што имало студентски немири и многу други секојдневни проблеми. Сето тоа се најде на втор план — филмот става тема на денот — дрште го крадецот, удри по него. Б л а з е с и , м у на филмот што наеднаш „застана на ч е л о и сите почнаа да гледаат во него и да мислат околу него".

Наеднаш, општеството почна, можеби не-сакајќи, да го манифестира својот страв пред вистината, стравот од слободата кои се него-ви импераиви. Душегрижниците (за својот статус и својот стандард) во филмот гледаа опасност (тие заправо неа ја измислуваат) за да најдат оправдување за својата „загриже-ност". Всушност, тоа се л у ѓ е од разни слоеви на општеството кои преку инсинуации а псе-удо — ангажираност се залагаат за статус куо, ним вистината им пречи, ги вознемирува, тие наводно се повикуваат на смерниците на општествената реформа и жонглираат со нив. Т и е се декларативно против цензурата, а пра ктично за административни интервенции —-и сл.

Се покажа дека оваа година се претвори во лов во матно. Тоа го илустрираат многу на-стани од културното поле . В о тој метеж да се присетиме на некои типични: забраните на студентскиот весник „Студент" од Белград, забраната и менувањето на комплетната ре-дакција на младинскиот весник „Сусрет", за-браната за понатамошно изведување на сцен-ското дело на Попович „Прва врата лево", по-тоа, забраната за изведба на истоимениот ро-ман „ К о г а цутеа тиквите", судењето и осуда-та на писателот и новинар Глушчевиќ за на-писот во „Книжевна новина", судењето на филмот на Ж и л н и к „Рани трудови", напади-те на Петровиќевиот филм „ Ќ е биде скоро пропаст на светот", а особено, на филмот „За-седа" на Ж к в о и н Павловиќ ,како и многу други интервенции од сличен вид. Но, за да биде иронијата поголема, филмовите од на-паѓаната „црна серија", се, заправо, меѓу нај -добрите остварувања и се добитници на до-машни и странски награди. А уште повеќе

додека на домашен терен се фрлаат камења на слободата на тие филмови, тие и нивните автори во светот добиваат пофалби и ги збу-нуваат и најдемократските општества со нив ната отвореност и искреност. Тие филмови ги провоцираат и им го наметнуваат на преис-питување нивното третирање на слободата. Значи, додека кај нас таа слобода станува спорна, во странство истата добива позитивни поеми, збунувајќи ги странците и создавајќи своевиден комплекс кај нив.

Некако се добива впечаток дека се крена многу врева за ништо. Во овој момент не тре ба да се мисли по инерција и компромисно да се бара разрешување по цена да се скра-ти уметничката слобода, туку поважно од тоа и таа и понатаму да остане како составен дел на уметничката креација. Од другата страна, т . е . од таборот на филмските работ-ници, покрај одбраната на своите права, во последно време особено се актуелни, барања-та на промени во поглед на општествениот третман на филмот. Сведоци сме на кампања-та околу домашниот филм, за своевидна за-конска заштита и материјална безбедност (белградскиот разговор за состојбата во ју го -словенската кинематографија). "Но, што ста-нува? Филмските работиици удираат особено на материјалниот момент. Сите се подеднакво гласноговорни, иако вистинските автори и вистинските филмски остварувања, за ж а л , се минимални. Исто така, состојбите во Репу-бличките кинематографии не се еднакви. Под плаштот „заштита на филмските автори и филмот", бараат свое место а оние автори и продуцентски куќи кои со ништо не покажу-вале дека имаат право на глас. Лошите про-дуцентски куќи со своите резултати и слаби-те режисери се стават себе си на исто ниво, во поглед на барањата со оние кои покажале дека вредат. He се исто режисерите од Б е л -град и Загреб, со оние од останатите центри. Неможат сите да имат еднакви барања. Но, и покрај тоа многумина се свесни дека посто-јат Републички к и н е м а т о г р а ф и ј а во кои нао-ѓаат угнездиле авторите од соодветните Репу-блики и тоа го користат. Сите сакаат да имаат филмови, сите сакаат да снимаат, без разлика на реалните можности. К о г а се бара заштита на југословенскиот филм, под тоа не се подразбира и заштата на филмови од ти-пот на; „Децата на војводата Шмит" , „Каде по дождот", „Рамка за сликата на мојата дра-га", „Планината на гвевот" и слично, заедно со такви филмови како што се: „ К о г а бев мертов а бел" , „ Љ у б а в е н случа ј" , „Понедел-ник или вторник", „Низводно од сонцето" и др. или пак, заштита на еден Љ . Георгиевски заедно со такви режисери како што се: Мака-веев, Петрович, Мимица, Ѓорѓевиќ. Павловиќ итн.

Во моментов се наметнува заклучокот де-ка филмот треба да биде работа на филмски-те автори (особено добриот ф и л м и добриот автор). М о ж е да се размислува за нивната креативна можност, инвентивноста на духот, може да се размислува за откривање на та-лентирани млади автори, со еден збор, конс-труктивно да се опсервираат настаните околу развитокот на југословенската кинематогра-фија, но со мерка за правото на ингеренции и компетенции и со потребна доза на меѓусеб-но толерирање.

Б. К. Доре

Page 10: Фокус бр. 15 / Focus No 15

УНИВЕРЗИТЕТ НА ОСЛОБОДЕНИОТ Д Е Н И О Т УМ (1)

CAM СРЕДЕ ГЛУТНИЦА

Мојата дилема кој треба да ја почне оваа ру-брика беше прекината со веста дека Алексан-дар Исајевич Солженицин е исклучен од Со-јузот на советските писатели. Самото исклучување не е нишго што би мо-жело да не вчудоневиди. Писателот чие дело очајнички апелира за човечен и слободен со-цијализам не може да биде толериран таму каде со години се гушела слободата и се угнетувал човекот. И се во името на социјали-змот! Солженицин се појави во еден интервал во кој послободно се дишеше. Се појави за да каже дека конц — лагерите. култот на лич-носта, ноќните апсења, поткажувањата и при слушкувањата немаат ништо заедничко со со цијализмот и со традициите на Лениновиот Октомври. Пред неговото перо се распаднаа сите објаснувања за „засилената класна бор-ба" и за империјалистичките саботери и шпи уни" со кои беа објаснувани монструозните репресалии чии жртви беа комунистите! Значи, да ја оставиме настрана апсурдната логичност на овој чин. Нешто друго е поинте-ресно. Стоицизмот и смелоста на Солженицин со кои тој стои зад својата Вистина. Знам за многу советски уметници кои не издржааа. Без право да му бидат печатени книгите, без право да ги објаснува своите ставови преку сретствата за јавно информирање, тој забра-ни неговите дела да се печатат во странство! Така тој си одзеде себе си сакаква можност да говори Денес и да го потсетува светот де-ка постои. Колку е депласирано обвинението дека тој ја помага пропагандата против С С С Р ! Солженицин очевидно не живее за денешни-ната, туку за утрешнината. Убеден е дека не-говите дела по неговата смрт еден ден ќе би-дат сигнал и сведоштво за мрачноста на една голема заблуда. Знам дека Солженицин ќе издржи и без неопходниот глас на совеста на француските напредни писатели што го пот-пишаа и Сартр, Арагон, Триоле и Веркор и во кој се вели дека злосторството на С о л ж е -ницин е само во тоа што го преживеа стали-нистичкиот притисок! Солженицин ќе издржи заради неговото другарување со Иднината!

Лектира:

„Еден ден на Иван Денисович", Култура , Бел-град

„Во ирвиот круг", Отокар Кершовани, Ријека „Одделение за рак" и „Река без устие", Ото-

кар Кершовани. Ријека

(писмо на Солженицин до колегите) 12.ноември 1969 г.

Бесрамно газејќи го својот статут, вие ме ис-клучивте во отсуство, без да ме повикате со телеграма и без да почекате четири часа, кол ку што ми се потребни да допатувам од Рја-зан. Вие отворено покажавте дека „решение-то" било донесено уште пред да почне диску-сијата. Дали така ви беше полесно да измис-лите обвинувања против мене? Дали се упла-шивте од тоа што ќе моравте да ми дадете десет минути за одговор? Принуден сум мес-то тие десет минути да го напишам ова пис-мо. Оддувајте ја прашината од своите часовници! Заостанати сте неколку векови зад своето вре ме. Дигнете ги своите сакани тешки пердиња Вие не сте ни забележале дека надвор осам-нала зора, Ова не е она мрачно, сиво, безна-дежно време кога така послушно ја исклучи вте Ахматова. He е ни она мизерно, плашливо време кога виевте по Пастернак. Зар не ви е срам? Са-кате ли работите да одат уште полошо? Но, доаѓа времето кога секој од вас ќе се погри-жи да најде начин да го избрише своето име од денешнава револуција. Слепец води слепец. Вие не сте во состојба да видите дека паѓате на страна на оние про-тив кои се боревте. Во ова време на криза на нашето сериозно болно општество, Вие не сте во состојба да предложите ништо конструк-тивно освен својата будна омраза, освен: „Стој цврсто и не дозволувај ништо да помине!" Вашите матни статии ползат наоколу, вис-куцате без дух, кај вас нема никаква диску-сија освен гласање и администрација. Еве зо-ш1о дури ни Ш о л о х о в , дури ни сите вие за-едно не се осмеливте да одговорите на добро-познатото писмо на Лидија Чуковска која е гордост на руските есеисти. Сега за неа се готват административните ножици. Како мо-жеше да поднесе нејзината необјавена книга да остане непрочитана! А ако се донесе реше-ние некој да не биде објавуван, тој треба са-миот себе си да се задуши, да престане да постои. Нека никој не го чита!

Се приготвувате да го исклучите Лав Копе-љев, воен ветеран кој веќе помина десет го-дини в затвор за ништо. Cera е виновен за-тоа што застана на страна на прогонуваните и затоа што изнесе во јавност еден свој таен разговор со некаква Влијателна личност. От-кри кабинетска тајна! Па зошто тогаш води-те разговори што мораат да се кријат од на-родот? Зар пред 50 години не ни ветивте де-ка никогаш нема да има тајна дипломатија, поставување и промени без било каква сми-сла, дека масите ќе бидат известени за се и дека отворено ќе се суди?

„Непријателот слуша", тоа е вашиот изговор, вечните и постојани „непријатели", удобна ба-за за вашата работа и егзистенција. Како не-пријатели да немаше и тогаш кога беше ве-тена јавноста. Ш т о би правеле вие без „не-

пријателите"? Без „непријателите"' не би

можеле да живеете. Вашата бесплодна атмо-сфера се претвори во омраза, не се запрени пред расната омраза. Ете како се губи чувство за човештво и како се забрзува смртта. А к о утре сиот мраз од Антарктик се истопи и ние почнеме да се давиме, чии уши тогаш ќе полните во својага „класна војна"? А да не го спомнувам денот кога преживеаните двоношци ќе почнат да скитаат наоколу и да умираат на радиоактив-ната земја.

Време е да се сетиме на крајог дека му при-паѓаме на човештвото. А човештвото се одво-ило од другите животни со мислењето и гово-рот. Луѓето по природа мораат да бидат сло -бодни. Ако ги замолкнат, тие повторно ке ста нат животии.

Слобода на израз — чесна, потполна слобода на израз — тоа им е најнужната потреба на секое здраво општество, вклучувајќи го и на-шето. Т о ј што во вашата земја не сака слобо-да на израз, рамнодушен е кон татковината, тој мисли само на своите интереси. Т о ј што не сака слобода на израз во татковината, не сака да ја излечи од нејзините болести, тој сака да го затвори внатре, каде што ке загнојат".

ОД „РЕКА БЕЗ УСТИЕ“ Можеби еден процент луѓе сепак ќе се извле-че? Јас бев во тој процент! И се посветив на чистата биологија — најдов мирно пристани-ште! . . . Но и таму почна чистка, и тоа как-ва! Ги чешлав катедрите на биолошките фа култети. He дојде ли моментот да престанам да предавам? Добро, престанав. Помивав во асистенти. Се согласив да бидам ситен!

Ги уништував стручните книги на големите научници, ги менуваа програмите — добро, јас се сложив — ќе учиме од нови. Предло-жија анатомијата, микробиологијата и нер-вните болести да се изучуваат по книгите на еден необразуван агроном и врз основа на градинарската пракса. Браво, и јас сум за тоа! He е доволно, откажете се и од асистент-скиот положај ! Добро, не се бунтувам јас, мо-жам да бидам и демонстратор. He, жртвата не е прифатена, нема да бидам ни демонстратор — добро, се сложувам, ќе бидам библиоте-кар, библиотекар во далечниот Коканд. К о л к у попштав! Сепак, ете останав жив, а децата завршија школи. Библиотекарите често доби ваа тајли упатетва: да се уништат сите книги од псевдонауката генетика! Да се уништат сите книги од тие и тие писатели. Д а л и и јас не се навикнав на тоа? Зар токму јас од ка-тедрата на дијалектички материјализам пред четврт век не ја прогласив теоријата на ре-лативитетот за контрареволуционерна назад-ност. И сега пак составувам дописка, ми го потпишува партиската организација и одде-лението за внатрешни — и ние убаво В печка и генетиката, и левата естетика, и етиката, и кибернетиката, и аритметиката . . . Пак се смееше. Т о ј луд гавран!

, . . Зошто да палиме огнови на улица, зош-то да драматизираме? Можеме ние в ќош, па в печка, уште и ќе се загрееме . . . Ете до ка-де дотеравме — до печката . . .

Кажете, во што се состои загатката во која се сменуваат периодите во историјата? Еден

Page 11: Фокус бр. 15 / Focus No 15

ист народ, за неполни десет години потполно ја губи општествената историја и импулсите на јунаштво, откога се менува бајракот. ста-нуваат импулси на плашливост. Јас сум бол-шевиќ од седумнаесеттата година. Да знаете како смело вo Тамбон ја изгонив тогашната есерско — меншевичка дума, иако таа ништо не знаеше. Учествував во граѓанската војна. Па ние воопшто не си ги чувавме главите! Бевме просто среќни да ги дадеме за светска-та револуција! И што ни се случи? Како мо жевме да папсаме? И од што? Од страв? Пред пазарните идоли? Пред театарските идоли? Добро, јас сум мал човек, но Надежда Кон-с т а т и н о в а Крупска? Зар таа не сфаќаше зар не гледаше? Зошто т a а не крена глас?! Ш т о ќе значеше за сите нас само еднаш да проговореше таа, дури и ако заради тоа го изгубеше животот? Можеби сите ќе се изме-невме, можеби ќе пружевме отпор — и мо-жеби не ќе појдеше сето наопаку? A Орџо-никидѕе? Барем тој беше орел! Ни Ш л и с е л -бург ни робијата не го скршија — а што не-му му попречи барем еднаш, само еднаш да стапи јавно против Сталин? Но сите тие по-веќе сакаа мистериозно да умираат или да се самоубиваат— само, дали тоа е херојство, се прашувам?

Се поставува прашањето: социјализам. ама каков? Ние брзо се свртивме мислејќи: до-волно е да се измени начинот на производ-ството — и веднаш ќе се изменат луѓето. Ама мајчето негово! Ни малку не се изменија. Ч о -векот е биолошко суштество! За да се измени потребни му се неколку илја-ди години! Добро, каков социјализам тогаш? Да: каков? Некои велат — „демохратски", но тоа е само површна форма која не ја содржи суштината на социјализмот, ами се однесува на начинот како го воведуваме, на врстата на државното уредување. Тоа е само гаранција дека нема да се сечат глави, но пак не се знае какви темели ќе се гради тој соци-јализам. Социјализмот не може да се гради на вишокот на работа, бидејќи луѓето, ако живеат како волови ќе ја згазат таа роба во прав. Социјализам не е ни оној што вечно проповеда омраза — бидејќи општествениот живот не може да се базира врз омраза. A овој што со години горел од омраза не може еден ден едногласно да рече: доста! — до де-нес престанувам да мрзам и само ке љубам, Т о ј и понатаму ќе мрази, ќе најде во својата близина некого што ќе го мрази.

Треба на светот да му се предложи такво оп-штество во кое сите односи,принципи и зако ни ќе произлегуваат од моралот — само о д м о р а л о т! Се за што ќе се зафатиме,-воспитувањето на децата, приготувањето на децата за идниот живот, насочувањето на де ј -носта на возрасните и неполнувањето на нив-ното слободно време, сето тоа мора да произ-легува само од моралните начела. А научни-те истражувања? Треба да се прифатат само оние што нема да му штетат на моралот — и, во прв ред, на самите истражувачи. Исто та-ка и во надворешната политика! И во праша-њето за границите. не треба да мислмме кол-

ку ќе се збогатиме со една педа земја. кол-ку со тоа ќе го зајакнеме или зголемиме на-шиот престиж, ама само за тоа колку наши-от потез е морален. — Се сомневам дека тоа ќе се оствари! Ќе треба да се чека уште двес-та години! — Само почекајте — се намурти Костогутов. — Нешто не ми е јасно! Каде ви е материјалната база? Треба да се потпираме на економијата . . . H e треба ли прво таа да се доведе в ред?

— Прво економијата? Мислењата се различ-ни. На пример, Владимир Соловјов прилично сигурно тврди дека и економијата треба да се базира врз морални темели.

Ќе кажам што е морален социјализам! Н е -говата цел не е луѓето да ги насочи кои , среќата, затоа што и тоа е пазарен идол — таа „среќа"! Т о ј ги насочува кон вза емна толеранција. Среќно е и животното ко-га го јаде плевот, а взаемно толерантни мо-жат да бидат само луѓето! И тоа е највисоко то до што можат да се качат. Среќата е привид! — со последната сала Шу-л у б о н го тврдеше своето. Беше веќе блед. — Ете, јас воспитував деца и бев среќен. А тие ме исплукаа. Во име на истата таа среќа па-лев во печката книги полни вистина. Уште полоша е таканаречената „среќа на идните поколенија". К о ј може да ја насети? К о ј раз-говарал со тие идни поколенија за да знае пред какви идоли тие ќе се поклонуваат? Претставата за среќата премногу се менува-ше во текот на вековите за да се осмелиме од-напред да ја изградиме. А к о газиме по бели лепчиња и ако се залеваме со млеко, сепак нема да бидеме среќни. А ако немаштијата ја поделиме меѓу себе, ќе бидеме среќни уште денес! А к о се грижиме само за „среќата" и за размножувањето, идиотски ќе ја затрупа-ме земјата и ќе создадеме грозно општество... Ми се лоши, знаете . . . Морам да легнам . . .

приготвил, Владимир Милчин

ИСПРАВКА

ВО БРОЈОТ 14, ВО СТАТИЈАТА „ Д А Л И ДИЈА-ЛОГОТ ОКОЛУ КУЛТУРАТА Е ВАШ ДЕМОКРАТ-СКИ", ВО Д Н О Т О H A ТРЕТАТА КОЛОНА, ПО ГРЕШКА Е О Т П Е Ч А Т Е Н О : „БЕШЕ ТОА, КАЛ. ДИСКУСИЈАТА H A ОСКАР Д А В И Ч О " . Р Е Ч Е Н И Ц А Т А ВО РАКОПИСОТ Г Л А С И : „БЕ-Ш Е ТОА, ЗА Ж А Л , ДИСКУСИЈАТА H A ОСКАР Д А В И Ч О "

Page 12: Фокус бр. 15 / Focus No 15

Било како било, никогаш не било ништо да не биде

А ШТО CO СПИСАНИ ЈATA? Во Југославија се издаваат стотина книжевни, уметнички, културни и слични списанија. И во секој републички центар постои барем една кни-жарница во која тие можат да се разгледаат и купат. Само во Скопје не може да се најдат „Књижевност", „Дело" , „ К о л о " . „Видик". „Савре меник", „Наше теме", „Филмске свеске" и др. А може да се најдат странски ревии и списани-ја . . . Мислам дека не е во наша полза да прекинува ме или да не воспоставиме еден мошне жив начин на комуницирање со останатите култур-ни средини во Југославија и дека е последен момент една од скопските книжарници да ја земе на себе дистрибуцијата на југословенските списанија во Скопје. „ Г О Л Е М А Т А АВАНТУРА Н А Ф И Л М О Т " И „ЃА-ВОЛСКИ Ф И Л М " Одамна се готвам да ви ги претставам овие две книги. Две книги напишани од две еминентни имиња на југословенскиот филм; Душан Стоја-вовиќ и Живојин Павловиќ. Интересно е што и двете книги се составени од поранопишувани, објавени и необјавени, статии, белешки и раз-говори. Авторите како да почувствувале дека е потребно после една кулминација на успеси на

нашиот филм, да бидат и изнесени и објаснети некои услови, причини и стремежи што учеству вале во растот на југословенската кинематогра фија. Душан Стојановиќ е наш најистакнат филмски естетичар чија естетика претставува еден мошне компактен, но и флексибилен систем. Неговата книга е чиста структура од размислувања за при-родата и улогата на филмот. „Оваа книга е исповед." „Оваа книга е спомен". Еве ја впрочем структурата на книгата... Големата авантура на филмот.-Грифит, Ејзенштејн и ние Магиски вител на светлост и сенка Слика на стварноста, стварност на сликата Боиште на новиот израз Додаток: Второто раѓање на југословенскиот филм Книгата завршува вака : „ А понатаму? Верувам: Желимир Жилник". (1968) Книгата на Живојин Павловиќ е поактуелна за-тоа што во неа има неколку полемички интони-рани разговори во кои тој ја објаснува својата естетика на драстични слики". Пак ви ја цитирам структурата... I дел: Моќта на филмот

Кон вистинскиот филм Co убавината на сонот За експресивната монтажа Во потрага по правиот симбол За кинематографскиот портрет Јунаците мораат да умрат

Поезија на жестокоста Naturalia von sunt turpia

Жестокоста во класичната уметност Драстична филмска слика Два жестоки филма I I дел: Битката за филмот Револуција и филм Ејзенштејн: множество Маса Да се биде или да не се биде Опседнатост со митот Патиштата на фантазијата Проблемот на искреноста Потрага по лицето Револуцијата како лага Привидувања Чехословаците денес Нишани! III дел: Поглед назад

Секој вид на животот заслужува внимание и почитување

Вистина на место „убавина" Свеста — карцином на природата Човекот и животот Антихерој, војна, морал, „сексуална револуција" Револуцијата е плод на биолошка нужност, ре-волуцијата е анархистички чин Книгата на Душан Стојановиќ е објавена во при-ватно издание (!?), а книгата на Живојин Пав-ловиќ ја објави Институтот за филм. Мислам дека не е неопходно да мислиме исто како Стојановиќ или Павловиќ за да ги читаме нивните книги. Тие секако се реткост во наши-те библиотеки!

Владимир Милчин

Page 13: Фокус бр. 15 / Focus No 15

ЧИТАЈ И ШИРИ ПОНАТАМУ море какво младинско движење бре па негледaш ли дека стоиме во место,

сите знаат бре,дека нешто треба да се ce-че,ама вуна, бате,никој не сака да сече,сек-

ој сака да гледа како се сече,и тоа тие бре она учените што го викаат аполитичност,стој гледај си ја

душичката, па штo ти е г а ј л е има к о ј д а с е г р и ж и , з б о -ри,збори па ти си крив ,а крив си што си жив,па што-ни-кому ништо-а то е работата клавче или тавче гравчв,што

ти е г а ј л е - н е си ј а п р ж е л т ж з а п р ш к а т а , п р ж е л е д р у г и , ќ е се печат д р у г и , н а з д р а в ј е б р и ч е њ е , п о в е л е т е и д р у г п а т , н е м а зошто а и з а ц в р с т о сме б р е , ш т о е о в а , с и т е р а з г а л е н и п о п о в и , п а во

ц р к в а п р д а т , с е к о ј с а к а д а м и с л и , е п а к а д е г о има т о а б р е , н и г д е , н и г д е - п а н е м о ж е д а г о има ни о в д е , а и в е с н и ц и в е м н о г у з б о р а т к р а ј о т н е им с е ф а ќ а - п а н т а р е и - р е д а к ц и и т е се м е н у в а а т , в е с н и ц и т е с е з а б р а н у в а а т - и д у д а д и и - а х а а и јас п и ш у в а м д а ми про ј д е в р е м е , о т и и в е ќ е м и с е д р е м е , б р е б р е к а к в и в р е м и њ а , м и ј н о - з е , м и ј л и ц е , м и ј з а б и , м и ј у ш и , м и ј м о з о ч е т о , д а н е б а а т , м и ј с е с е к о ј д е н , ч и с т о т а т а е п о л о в и н а з д р а в ј е , а м а ч и е , н е м и е ј а с н о , п а ш т о а к о н е ти е ј а с н о , ќ е т и б и д е к о г а ќ е т р е б а , к а ј си з а

м и н а л , о р ј е н т и р а ј с е п р а в о , д а н е т и б и д е п о с л е к р и в о , и д а ти р а с т е д и в о , б р е не т и д о а ѓ а п а м е т , и м а ј си б р а т к о р а б о т а и п а р и ч к а с л а т к а , п а н е с е к и р а ј си с е , н е т р о ш и н е р в н и в л а к н а не ти в р е д и п о с л е ни д а к у п и ш с в и л е н и в л а к н а , н е ј а д и о д м о з о ч н а т а м а с а , д а н е п о в р а ќ а ш п о с л е , п а д а ти б и д е ж а л с о к о л е н а т а в о к а л , и т а к а н а т а м у ш т о в п р о ч е м п р о г р е с

нивните с и л и ќ е г о р а з б е р а т о в а , н и т р к а л е з н о п а н а ќ о ш е , а ј а с ќ е с е п р а в а м н а т о ш о , и т о а н е ч и н и а -ц р н о м у б и л о п и ш а н о н а а л е к с а н д а р т у р у н џ е н а

с е д у м н а е с е т г о д и н и , и т а к а н а т а м у , п а што н и ш т о , п а т о г а ш к а ј о д и т е , ч е к а ј т е - ќ е

в е ч е р а м е , ќ е с е н а ј д е нешто и з а в а с , с о т е н о к г л а с , м о л ч е т е и

ПОНАТАМУ CO ЦЕЛО

ЗДРАВЈЕ! А.РУСИ

Page 14: Фокус бр. 15 / Focus No 15

ЏОН ЛЕНОН УШТЕ ЕДНАШ ЈА ШОКИРА БРИТАН СКАТА ЈABHOCT

О Д C E П О М А Л К У Сведоци сме на ce посилното антимилитаристичко движење на-секаде во светот. На запад, главен носител на ова движење се младите — студентите. Неодамна, следејки ги многуте свои колеги. повеќе или помалку познати, Џон Ленон направи еден гест што ги шокира дури и ладнокрвните Британци. Имено тој и го врати на кралицата Елизабета највисокото британско одли-кување МВЕ што своевремено го доби од неа за ширење на мир меѓу народите заедно со своите другари од групата. При-чина: Џон смета дека Кралицата и Велика Британија воопшто не превземале никакви чекори за запирање на војната во Ви-етнам и Бијафра. Оваа постапка на Џон Ленон можеше и да се очекува. По венчавката со Јоко Оно, Џон изјави дека тие ќе работат со сите сили за воспоставување на мир насекаде. Во тој правец тој ја оформи групата „Пластик Оно Бенд" чиј прв сингл го носеше насловот „Дајте му шанса на мирот". Интерес-, но е да се спомене фактот дека оваа Џонова постапка наиде на разбирање кај повеќе поп-личности. Стив Елис од „Лав афер" изјави: „Џон секако тоа не го стори заради публицитет. Нему тој не му треба, затоа што тој е најголемата поп личност од сите. Можам само да му честитам, бидејќи тоа е добар начин да се протестира против виетнамската војна". Еве уште неколку изјави од анкетата на „Диск енд мјузик ехо" со наслов „Има ли Џон право". П И Т ТАУСЕНД од „ Х у " : Ленон е луд човек, но еден од моите најсакани луди луѓе. Тој е кловн по некои работи што ги пра-вел, но сигурен сум деља токму таквите клонови во минатото го менувале светот. ДЕЈВ Д И : Сигурен сум дека со тоа нема да ја запре војната во Виетнам. Тоа не им успеало на многу поголеми луѓе. А Л А Н ПРАЈС: Џон постапил онака како што чувствувал. Ако ништо друго многумина барем ќе чујат за оваа негова постапка и ќе се замислат малку. Р И Н Г О СТАР, носител на истото одликување: Џон го доби од-ликувањето за неговите мировни напори, а сета од исти при-чини го враќа. Тоа е круг. Сепак среќно Џ о н ! Како и да е Џон сепак го даде својот допринос во засилената антимилитаристичка кампања во светот. Веројатно ќе има такви што ќе ги инспирира оваа Џонова постапка да направат нешто слично. Тогаш Џон ќе ја постигне својата цел. БИ Џ И С К О Н Е Ч Н О НЕПОСТОЈАТ Петорицата мали Би Џиси право изненадување, еден ги напушти — и тие останаа четворица, Четворицата мали Би Џиси не беа добро друштво еден стана солист — и тие останаа тројца. Тројцата мали Би Џиси не беа сигурни што да прават тапанер не им требаше — и тие останаа двојца. Двојцата мали Би Џиси почувствуваа дека не им е прекрасно едниот ги дигна рацете од тоа и остана само еден. Co овој поетски коментар „ Њ у мјузикл експрес" го коменти-раше истапувањето на Бари Џиб од дуетот „Би Џис". Значи не-мa ништо од „Би Џис",

СТОУНСИ И З Д А Д О А НОВ АЛБУМ „ L E T I T B L E E D " се појави неодамна. Моите први импресии за овој албум (Деветте композиции ги чув на радио Луксембург) се:

1. тоа е типично стоуновски албум. Долги композиции кои треба повеќе пати да се чујат па да не задоволат.

и 2. ме воодушеви „контри" — верзијата на „Хонки Тонк жени" со наслов „Контри Хонк".

Да се надеваме дека „Југотон" набргу ќе ја издаде оваа L P — плоча.

Ова американско дуо минатата недела гостуваше во Британија. Како придружба им служеа„Пријателите" меѓу кои секако најпозиати се Џорџ Харисон и Ерик Клаптон. Судејќи по некои снимки што ги чув, а на кои ги прати Клаптон, ова дуо е сосема солидно, но не може дa се избегне заклучокот дека Клаптон со своето музицирање ги става на втор план. Оние пак што го са-каат рок ен ролот секако ќе бидат аздоволни од ова дуо.

„Крозби. Стил, Неш и Јанг" напјосле ќе одржат концерт во Лондон. Концертот ќе биде на 6 јануари идната година во Ро-јал Алберт Хол инаку оваа супер група по доаѓањето на Јанг повеќе пати настапи во САД и тоа претежно со композициите на Јанг, од неговиот соло албум. Ова секако е сторено заради фактот дека музиката на Јанг е многу покомерцијална од онаа што ја чувме на албумот на „Крозби, Стил и Неш". Неодамна, најнапред во САД подоцна и во Британија, излезе вториот сингл на „Крозби, Стил и Н е ш " — Суитата: „Џудините сини очи" од нивниот прв албум. Тоа е композицијата на Стивн Стил и трае 7 минути и 22 секунди. СОЛО КОНЦРЕТ Н А Џ И Н Џ Е Р БЕКЕР Овој врвен тапанер, за кого се мислеше дека се повлече од сцената ќе одржи соло концерт на 16 јануари. Ќe го придру-жуваат Стиви Винвуд, Рик Греч, Крис Вуд и други. Тоа без сом-нение ќе биде голем настан за оние што ќе го видат концер-тот. К И Н Г КРИМСОН Оваа групца заедпо со „КРИДЕНС КЛИРВОТР РИВАЈВЛ" е се-како откритие на годината. Последниот албум на „Кинг Крим-сон" беше издаден пред 7 недели и мошне високо оценет, но за топ листата за албуми не се котира добро. Можеби затоа што е тоа навистина некомерцијална музика, како што беше случај со „Крим"-овите плочи. Криденс Клирвотр Ривајвол издадоа нов албум со ист наслов како и нивниот последен сингл — „Зелена река". Ш Т О И М А HOBO КАЈ НАС Последниот сингл на Корни — група ме воодушеви. Пријатно е да се чуе домашен андерграунд. Вонредно музицирање и одли-чен аранжман на „Девојченце мало". Соло — делниците на Кацл во многу потсетуваат на звукот на „Дип парпл" од нив-ниот трет албум. (Ова е комплимент!) Јас сум голем оптимист н понатаму како таков очекувам „Бис — Без" да се појават! Се разбира со концерт! Толку!

И. Руси

Page 15: Фокус бр. 15 / Focus No 15

PANTO LOG I J A NUOVA(II) ВАСИЛ ПУЈОВСКИ

СУДБИНА ( M И X O A T A H A С O B C K И )

HAJГОЛЕМИОТ П Р И Ј А Т Е Л I I I T O ГО И М А В БЕШЕ СИН НA ЕДЕН ОД „ В И С О К И Т Е "

T A T K O МИ Р А Б О Т Н И Ч Е CO Н Е С И Г У Р Н О M E C T O .

CO П Р И Ј А Т Е Л О Т С Е К О Г А Ш Н И Б Е А И С Т И Н А С О К И Т Е

З А Е Д Н О Ч Е С Т О .

З А К О Г А Г И З А В Р Ш И В М Е И Ф А К У Л Т Е Т И Т Е

Д А РЕЧЕ Н Е Ш Т О — К А К О И С М Е В А Ј А С ГО Ф А Н А В :

— Т И У Ш Т Е Н И У Ч И Т Е Л Ч Е HE СИ A Ј А С В Е Ќ Е Д И Р Е К Т О Р С Т А Н А В .

СОНАТИНА (Г:ТОДОРОВСКИ)

СЕГА СМЕ САМО МРАВКИ СКИТНАТИ ЛУТИ В ПОЛЕ ОД ВРИЕЖ НА ДИСКУТАНТИ

ЗАЛУДНО НЕКОЈ ЗАВРЕСНУВА И Н И К О Ј HE МЕНУВА НИШТО НИ MOPE ДЕМОНСТРАНТИ

СЛАБИОТ САМО ЧЕПКА МИР! МИР! И СЕ Е З А Г Л У Ш Е Н О М У Д Р У В А Њ Е ! М У Д Р У В А Њ Е !

С0НУВАЈКИ ТИКВИ НА ТУГИ НИВИ

(С. ЈАНЕВСКИ)

CO Т Е Ш К И С Т А П К И Б А Ј Б А Њ О В Р В И П А СЕ ГО Б А Р А М О Е В О П О Л Е В У М Л И М У Ш Е Т А Т С М Р Д Е Н И Ц Р В И ДА СИ ГO ВИДИ Т И Л О Т Н А К О Л Е Ц И Д Р Ж И Д Р Ж И П О Г А Н А B O Ш K A ЈА П Р Ж И П Р Ж И Г Н И Л А Т А Т Р О Ш К А .

АЈ, В О Ш Л И В СЕГДЕ Ш Е Т А Ј П О СВЕТОВ П Р И Б И Р А Ј Ш И П И Н К И ЗА ТЕБЕ Ш И П К А HE М И Е У М О Т Д О Т Р А Е Н , В Е Т О В КАЈ Ш Т О С У М Т Е Н О К Г А Њ О ДА П И П К А И П Р Ж И П Р Ж И ПЕЧЕНИ В О Ш К И Н А Г Н И Л И Ц Р Н И С О М Л Е Н И Т Р О Ш К И .

Г А Њ О И ПОЛЕ. А П О Л Е Т О МОЕ, Б У Д А Л Е С Т . К Р В Ц А М И П И Е Л СЕГА И ЈАС С У М ЗА НЕГО СВОЕ „ Г А Њ О ME Б Р А Н Е Л Д Р У Г Ш Т О М ME

Б И Е Л (!??!) Ш Т О Л И Ч Е Н Г А Њ О Г Л А В А Т Е С Т Л О Н Е Ц О Б Е С И Л H A В Р А Т ОД П Р Ч И ЅВОНЕЦ.

П А Ѕ В О Н И Г А Њ О Ѕ В О Н И И З Б О Р И С И Ч К О Е МОЕ, С И Ч К О ГО И С К А М ,

И С К А М Т О В А И С О Н И . НЕГОВО СЕ СЕ С Т О Р И Ш И П И Н К А В А Д А М ЕВЕ Т И О В А . И Ж И Т И С О Н О Т ЕВЕ Т И Д Р Ж И П Р Ж И П А ЈАДИ ЈАДИ П А П Р Ж И

ШТО НЕ ТИ СТИГА? EBЕ ТИ! САКАЈ СЕ ШТО Е ВОШКА ОД ШТО СЕ ЖИВИ ЕВЕ ТИ ЕВЕ И ЏВАКАЈ ЏВАКАЈ

И HE С У М C Т И C Н A Т C A M O Т И С А К А Ј ДО O H A В И С Н А Т Џ В А К А Ј СИ Џ В А К А Ј .

И З Г У Б Е Н . HE ГЛЕДА — Т И К В А Т А H A Г Л А В А СИ ЈA Н О С И

A ОД В О Ш К А Н И Т P A Г A Д У Р И И НИВ ГИ ИЗЕЛ Д А М Н А

И Ш Т О Л И У Ш Т Е П О Н И В И В Е ОВИЕ П Р О С И

EBE Т И Г А Њ О В О Ш К И Ч К А С Р А М Н А ! ! ! С О Н И С И Т И К В И ПОД CBOE З Г Л А В Ј Е И A J CO З Д Р А В Ј Е И A J CO З Д Р А В Ј Е !

ОРАЧ МЕГУ CKEЛETИ

(C. ЈАНЕВСКИ)

Љ У Б И Т Е В Р А Г И . ОД С И Т Е С Т Р А Н И ME К Л У К А А Т Н А С Т Р В Е Н И В Р А Н И ( П O ЕДЕН Р А З Г О В О Р CO ЕДЕН

„ П Р И Ј А Т Е Л " П О Е Т BO С Л И Ч Н И П Р И Л И К И H A М О И Т Е Д О

, П Р Е Д Н Е К О Л К У Г О Д И Н И , A СЕГА „ В И С О К А Л И Ч Н О С Т " ) У М О Т BO Г Л А В А И P E M E H С Т Е Г Н И ОД П Е С Н И Ж И В Е Ј Н А Д П Е С Н И Л Е Г Н И Љ У Б И Т Е В Р А Г И — T O A М И Р Е Ч Е У Ш Т Е ME ПЕЧЕ, У Ш Т Е M E П Е Ч Е . Б И Д И Н И П О Е Т М О Ж Е Ш И Г Л А Д Е Н З А Д А С И Г О Л Е М Б И Д И И С Т Р А Д Е Н Љ У Б И Т Е В Р А Г И — Т И T O A М О Ж Е Ш A РИЕ BO M E H E П О Г А Н О Н О Ж Е .

П И Ш У В А Ј П O B E Ќ E , П О М А Л К У М Е Л И К О Л К У E И T O J T A K O B Д А В Е Л И 3 A Т Е Б Е HE E Р А Б О Т Н О M E C T O .

Љ У Б И Т Е В Р А Г И , Љ У Б Е Т Е Ч Е С Т О

Д А Л ' И С Т О З Б О Р Е Ш Е В Р А Г О Т Л И M P A 3 E H

Д А Л ' И С Т О С А К А Ш Е З А СЕБЕ T A K A К О Г А И Н Е М У М У Б Е Ш Е И Џ Е Б О Т

П Р А З Е Н И СЕГДЕ „ П Р У Ж Е Н А " Ф А М А ОД P A K A .

Page 16: Фокус бр. 15 / Focus No 15

101 НАЧИН КАКО СЕ МАЛТРЕТИ РААТ ПРОЛЕТЕРИТЕ

1. Да се повикуваат на обединување во атмос-фера на масовна разединетост.

2. Да им се зборува за диктатура на пролета-ријатот што ја чувствуваат на својот грб.

3. Да се зборува дека биле носители на ре-волуцијата, а во која се изневерени.

1. Да се тврди дека живеат вo земја на пролетери каде пролетериге имаат најмал стандард

5. Дека би - во првите редови на револуција-та, а потоа да останат последни во соци-јализмот.

6. Да им се нуди комунизмот како утеха за преодниот период.

7. Да им се даде да се самоуправуваат, за да бидат самите криви за грешките.

8. Да им се префрлува дека не се образовани затоа што се бореле кога, оние што им префрлаат се школувале,

9. Да се тврди дека тие се најголемо богатство во теоријата, а најмалку во праксата.

10. Да им се пее дека биле ништо, а ќе станат нешто — но сепак не напреднале.

11. Марксизмот да им изгледа како утопија. 12. Да гледаат во стандардот на општинските

раководители и при гоа да знаат шго пи-шува во „ К О М У Н И С Т И Ч К И О Т М А Н И ФЕСТ".

13. Да земаат плати последни, затоа што непо-средно произведуваат.

14. Да чекаат оние што треба да прејдат од збо рови на дела, да „изградат" мост меѓу нив.

15. Да им се предлага реформа во којаа тие се препознаваат по својата униформа.

16. Да им се даваат ниски плати. 17. Да им се нуди менза, додека други имаат

бифе или клуб. 18. Да се залажуваат со формални конкурси. 19. Да им се префрлува дека се неснаодливи за

тоа што немаат „врски". 20. Да им се даде можност да бираат дирек-

тор од кого подоцна ќе се плашат. 21. Да се уценуваат со безработност. 22. Работното место да им претставува лотарис

ка премија. 23. Да нема работа и за другите членови од

нивните семејства. 24. Да гледаат како оние што имаат — пак

имаат — работни места.

25. Бирократијата да им се смее „под мустаки“ 26. Бирократијата да им се прави пријател

27. Бирократијата да живее на нивна сметка. 28. Да бидат жртва на својот мерлив труд.

29. Да не добиваат плати точно на први доде-ка бирократите земаат секој први.

30. Тие да се трудат за избивање на светскиот пазар.

31. Да им префрлуваат за неликвидност оние кои немаат поим со тоа.

32. На администрацијата да и се обезбедени платите кога тие примаат намалени Л. Д.

33. Претпријатијата во кои работат, да можат да се ликвидират, додека административни-те се имуни на тоа.

34. Кај нив да има шкарт, а кај „духовните" работници да го нема.

35. Да одговараат за лошите резултатти, доде-ка на овие од надградбата им се простува.

36. Нивната општествена интелигенција да ги прави глупави.

37. Интелигенцијата да се отуѓува од нив.

П Р И Н О Ж Н И К З А М Л А Д И : И С Т А Р И Б И Р О К Р А Т И

38. Раководителите да им пропагираат еднак-вост, доаѓајќи меѓу нив од богата трпеза и со луксузни коли.

39. Да ги терат да истраат, додека им крчат цревата.

40. Да ги „стегаат коланите", додека другите ги испуштаат.

41. Да се тепаат по кафаните, додека другите се забавуваат отмено.

42. Да живеат во згради како касарни, додека на одделни места живеат „избраниците на општеството.

34. Да ги полнат болниците. 44. Да ги полнат затворите. 45. Да ги слушаат тоа шго не мораат да го

слушаат. 46. Да го гледаат тоа што не мораат да го гле-

47. Да јадат тоа што не мораат да јадат 48. Да бидат исмевани затоа што не ja пратат

модaтa. 49. Затоа што не седат на скапи приредби 50. Затоа што не одат на викенди. 51. Затоа што не учат странски јазици. 52. Затоа што не ги праќаат своите деца на

студии во друг град или во странство 53. Затоа што не приредуваат приеми. 54. Затоа што не одат на море или на скија-

ње. 55. Затоа што не играат хазардни игри. 57. Затоа што не знаат повеке од десетина ја-

дења. 58. Затоа што не ја познаваат англиската или

француската кујна. 59. Затоа што не пијат коктели. 60. Затоа што не примаат хонорари од по еден,

два или пет милиони. 61. Затоа што не знаат што се тоа: „Курвоазие, 61. Затоа што не знаат што се тоа : „Курвоазие",

„Ваит Хорс", „Филип Морис", итн.

62. Затоа што не читаат „Плејбо ј" . 63. Затоа што не ги знаат сонатите ла Моцарт

или симфониите на Бетовен 64. Затоа што не знаат што е тоа: футуризам,

фофизам, структурализам пиктурелност итн. 65. Затоа шго не се колекционери на марки,

фрески, слики итн. 66. Затоа што не патуваат по фестивали. 67. Затоа шго не се дел од „елитата". 68. Затоа шго не се: луцидни. пикантни, шар-

мантни, ноншалантни итн. 69 Затоа што не се: глумци, сликари, пејачи,

композитори, политичари, режисери, дирек-тори инженери, доктори, писатели, новина-ри или нешто слично. туку се пролетери.

70. Затоа што немаат пријатели во странство. 71, Зatоа што немаат син или ќeрка со титу-

ла 72 Затоа што не добиваат високи признанија

или награди како октомвриски, ноемврис ки, јулски итн

73. Затоа што не им оставаат на своите деца во наследство: автомобил, стан или некој милион.

74. Затоа што живеат во разно-разни „Харле-ми" и по тоа се распознаваат.

75. Затоа што јадат секој втор ден грав. 76. Затоа што не одат на премиери. 77. Затоа што не јадат со нож и вилушка. 78. Затоа што немаат огромни библиотеки,

дискотеки итн. 79. Затоа што не играат тенис или мини голф. 80. Затоа што своите деца не ги запослуваат со

„дебели врски". 81. Затоа што мораат да одат на печалба. 83. Затоа што не знаат да уживаат. 82. Затоа што сопствената земја ги заборава. 84. Затоа што немаат девизни сметки. 85. Затоа што преку летото ги клоцаат разно-

разни лигави угостители. 86. Затоа што се потценети и предизвикуваат

сожалување кај странските туристи. 87. Затоа што нивните раце се глуждови. 88. Затоа што јадат добро само на празниците. 89. Затоа што нивните деца не другаруваат со

децата на „високите кругови". 90. Затоа што не знаат каде се Пикадили.

Вашингтон Сквер Монпарнас, Ермитаж итн. 91. Затоа шго не ги читааг Фројд, Маркузе.

Фром, Фишер, Кроче Кacnepc игн 92. Затоа што не го прочитале Марксовиот „Ка

питал'' 93. Затоа што зборот работник или пролетер

предизвикува нелагодност 94. Затоа што добиваат инвалидски пензии. 95. Затоа што не се луѓе од дистинција.

96. Зaтoa што се дават во море од закони и кодекси што ги бунат и се разбирливи за одредени кругови.

97. Затоа што интелигенцијата е со нив затоа што „мора".

98. Затоа што секогаш остануваат тоа што се. 99. Затоа што, ако затреба, ќе бидат први

патриоти и први борци. 100. Затоа што се чесни, искрени, верни, истрај-

ни, трпеливи, но и бунтовни. 101. Затоа што се пролетери: рудари, ѕидари

патари, машинци. дреари, ливничари, ложа чи, нафташи, каменокршачи, тунелобушачи, работници од фабрички хали, зе.мјоделци игн.

Б. К. Доре