тема бр 1- Јас и другите

32
План за час по англиски јазик Одделение прво одделение Наставна тема Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите) Наставна единица 1. Презентација на текстот A cat, kittens, lost and found mittens (Мачка, мачиња и изгубени и пронајдени ракавички) Датум 07.09.2011 Цели на часот Ученикот да може: да го збогати својот вокабулар со нови зборови кои се среќаваат во текстот да учествува во раскажувањето на текстот преку мимики, повторување на клучните зборчиња и сл. Фази на часот Активности Воведен дел (5 мин) Наставникот ги прашува учениците да му набројат неколку домашни животни. Потоа ги прашува учениците да му кажат дали дома имаат некои миленици и кои миленици ги имаат. Потоа бара да ги именуваат нивните миленици и да чажат зошто ги чуваат истите. Главен дел (25 мин) Наставникот со употреба на флеш карти ги поучува новите зборчиња кои се среќаваат во приказната. Учениците ги повторуваат зборчињата повеќе пати за да го увежбаат нивниот изговор. Наставникот ги претставува животните од приказната и ја раскажува истата правејќи соодветни движења и употребувајќи слики при раскажувањето. Учениците внимателно го следат. Наставникот ја раскажува приказната уште еднаш, но сега ги охрабрува и учениците да му се придружат во раскажувањето преку правење на соодветни движења и преку повторување на новите зборчиња. Наставникот кажува зборче на англиски а учениците го имитираат слушнатото животно или со мимики го објаснуваат слушнатиот предмет. Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче- боенка со мачка и им дава инструкции како да ја обојат сликата. Учениците ја обојуваат сликата и ја отсекуваат со Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Upload: biljana-vlahova-karadachki

Post on 29-Jul-2015

1.282 views

Category:

Documents


2 download

TRANSCRIPT

Page 1: тема бр 1- Јас и другите

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)Наставна единица 1. Презентација на текстот A cat, kittens, lost and found mittens (Мачка,

мачиња и изгубени и пронајдени ракавички)Датум 07.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да го збогати својот вокабулар со нови зборови кои се среќаваат во текстот

да учествува во раскажувањето на текстот преку мимики, повторување на клучните зборчиња и сл.

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Наставникот ги прашува учениците да му набројат неколку домашни

животни. Потоа ги прашува учениците да му кажат дали дома имаат некои миленици и кои миленици ги имаат. Потоа бара да ги именуваат нивните миленици и да чажат зошто ги чуваат истите.

Главен дел (25 мин) Наставникот со употреба на флеш карти ги поучува новите зборчиња кои се среќаваат во приказната. Учениците ги повторуваат зборчињата повеќе пати за да го увежбаат нивниот изговор.Наставникот ги претставува животните од приказната и ја раскажува истата правејќи соодветни движења и употребувајќи слики при раскажувањето. Учениците внимателно го следат.Наставникот ја раскажува приказната уште еднаш, но сега ги охрабрува и учениците да му се придружат во раскажувањето преку правење на соодветни движења и преку повторување на новите зборчиња. Наставникот кажува зборче на англиски а учениците го имитираат слушнатото животно или со мимики го објаснуваат слушнатиот предмет.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче- боенка со мачка и им дава инструкции како да ја обојат сликата. Учениците ја обојуваат сликата и ја отсекуваат со ножици. Додека тие работат, наставникот се движи низ училницата поставувајќи им прашања за мачката која ја обојуваат на сликата. Потоа секој ученик и дава име на неговата мачка.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, наставно ливче-боенка, боички, ножици, флеш карти, предмети во училницата и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст, аудио-лингвален метод, тивка активност (silent way), фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (обојување на слика)со запознавање на околината (животни-миленици)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 2: тема бр 1- Јас и другите

Додатна активност Игра –погоди го животното. Еден ученик излегува пред одделението и имитира некое животно, а останатите од одделението треба да го погодат животното. Доколку го знаат зборчето на англиски, тие го кажуваат истото на англиски јазик (на пр. dog, cat, kitten.). Откако ќе го погодат животното, друг ученик имитира животно.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот за учење на ученикот , соработката со соучениците на ученикот и сл.

Очекуван исход Ученикот усвои нови зборчиња и учествуваше во раскажувањето на текстот преку мимики, повторување на клучните зборови и сл.

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија предвидените зборчиња и учествуваа во раскажувањето на текстот преку правење мимики и повторување на новите зборчиња кои се среќаваат во текстот, а со тоа беа постигнати целите на часот.Приказната која ја раскажуваше наставникот им беше доста интересна.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 3: тема бр 1- Јас и другите

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)Наставна единица 2. Прераскажување на текстот A cat, kittens, lost and found mittens (Мачка,

мачиња и изгубени и пронајдени ракавички)Датум 12.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да го збогати својот вокабулар со нови зборови кои се среќаваат во текстот и да се потсети на зборовите кои беа поучувани во текот на претходниот час

да учествува во раскажувањето на текстот преку мимики, повторување на клучните зборчиња и сл.

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Наставникот ги потсетува учениците на клучните зборови кои беа

поучувани претходниот час. Тој користи флеш карти за оваа активност. Учениците ги гледаат картите и го изговараат соодветниот збор. Потоа со мимики наставникот им ги објаснува зборовите а тие ги погодуваат.

Главен дел (25 мин) Наставникот со употреба на флеш карти поучува нови зборчиња кои се среќаваат во приказната. Учениците ги повторуваат зборчињата повеќе пати за да го увежбаат нивниот изговор.Наставникот со употреба на слики или флеш карти ја раскажува приказната и им дава инструкции на учениците. Учениците внимателно го следат раскажувањето од наставникот и кога ќе ги слушнат зборовите dog и cat треба да ги имитираат гласовите кои ги прават овие животни (ав-ав, мјау).Наставникот дистрибуира наставно ливче-боенка со слики од ракавички, а учениците ги обојуваат истите. Додека тие работат наставникот се движи низ училницата и ги прашува за веќе учените зборчиња (ракавички, куче, мачка, маченце и сл.)

Завршен дел (10мин) Учениците ја играат играта “duck, duck, goose” при што учениците се седнати во круг, а еден ученик кружи околу нив и вели “duck, duck,... ” се додека не стигне до еден од учениците кој го одбрал. Тогаш вели “goose”, а тој ученик брза да го фати. Доколку не го фати, ученикот кој е одбран е следниот кој кружи околу другите ученици.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, наставно ливче-боенка, боички, флеш карти, слики од животни, табла, креда и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст, аудио-лингвален метод, метод на игра, тивка активност (silent way), фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 4: тема бр 1- Јас и другите

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (обојување на слика)со запознавање на околината (животни-миленици)

Додатна активност Игра –погоди го зборчето. Учениците се поделени во групи. Наставникот сокрива животни-играчки во училницата , а тие треба да ги пронајдат. Онаа група која ќе пронајде најмногу играчки е победник во играта.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот за учење на ученикот , соработката на ученикот со соучениците и сл.

Очекуван исход Ученикот усвои нови зборчиња, се потсети на веќе познатите зборчиња и учествуваше во раскажувањето на текстот преку имитирање на животните и сл.

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија предвидените зборчиња, ги изговараа веќе познатите зборчиња и учествуваа во раскажувањето на текстот преку имитирање на животните, а со тоа беа постигнати целите на часот.Сите ученици учествуваа во активностите предвидени за овој час, но најинтересна им беше играта “duck, duck, goose”.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 5: тема бр 1- Јас и другите

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)Наставна единица 3. Одбираме животни за наши пријателиДатум 14.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на зборовите кои беа поучувани во текот на претходниот час

да учествува во раскажувањето на текстот преку правење на соодветни движења и гестикулации и сл.

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Наставникот поканува еден од учениците да излезе пред одделението и да

се обиде да направи тажно лице и среќно лице. Останатите од одделението треба да погодат и да го изговорат соодветното зборче (happy, sad) . Оваа активност се повторува и со останатите ученици од одделението.

Главен дел (25 мин) Наставникот со употреба на флеш карти ги потсетува учениците на веќе познатите зборови. Учениците ги гледаат флеш картите и го изговараат соодветниот збор. Доколку има потреба наставникот им помага.Наставникот со употреба на слики или флеш карти ја раскажува приказната правејќи соодветни движења и гестикулации, а учениците му се придружуваат. Наставникот покажува слики од животни (домашни и диви животни), а учениците одбираат кои животни ги сакаат за нивни пријатели, а кои животни ги сметаат за лоши и не ги сакаат за пријатели.Наставникот дистрибуира наставно ливче-боенка со слики од тажно лице и среќно лице. Учениците ги обојуваат сликите, а наставникот се движи низ училницата додека тие работат и ги прашува за зборчињата поврзани со сликите (тажен, среќен).

Завршен дел (10мин) Наставникот ги става флеш картите со веќе познатите зборови во кутија, но претходно им ги покажува картичките на учениците. Тој ги вади картичките од кутијата една по една, а учениците ги именуваат предметите и животните од сликите, но наставникот остава една картичка во кутијата, а учениците треба да погодат која е таа картичка, односно кое е зборчето претставено на картичката.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, наставно ливче-боенка, боички, флеш карти, слики од животни, компјутер, Интернет, Power point презентација, табла, креда и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст, метод на презентација, аудио-лингвален метод, метод на игра, тивка активност (silent way), фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 6: тема бр 1- Јас и другите

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (обојување на слика)со запознавање на околината (животни)

Додатна активност Игра – “огледало”. Учениците се поделени во парови. Еден ученик е актер, а другиот е огледало. Ученикот-актер прави некои движења, а ученикот-огледало треба да го следи и да ги прави истите движења. Учениците одбираат најдобар пар на актер-огледало.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот за учење на ученикот , соработката на ученикот со соучениците, и сл.

Очекуван исход Ученикот се потсети на веќе познатите зборчиња и учествуваше во раскажувањето на текстот преку правење соодветни движења и гестикулации и сл.

Рефлексија на часот Учениците ги изговараа веќе познатите зборчиња и учествуваа во раскажувањето на текстот преку правење на соодветни движења и гестикулации, а со тоа беа постигнати целите на часот.Учениците покажаа најголем интерес при играта наречена “Огледало”.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 7: тема бр 1- Јас и другите

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)Наставна единица 4. Обојување на слики од животниДатум 19.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на зборовите кои беа поучувани во текот на претходниот час

да ги групира сликите според даден критериум (на пр. боја) да учествува во раскажувањето на текстот преку правење на

соодветни движења и гестикулации и сл.

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Наставникот ја прераскажува приказната за мачката, мачињата и нивните

ракавички, а учениците со мимики и гестикулации ги објаснуваат клучните зборчиња. Потоа наставникот покажува слики од животни, а учениците одбираат кои животни ги сакаат за миленичиња и ги имитираат истите.

Главен дел (30 мин) Наставникот бара од учениците да ги нацртаат нивните омилени животни и да ги претстават на останатите од одделението. Наставникот дистрибуира наставно ливче-боенка на која има претставено слика од мачка и учениците по нивен избор ја обојуваат сликата. Потоа ги групираат нивните изработки според бојата која ја употребиле за обојување на дадената слика (на пр. “кафена мачка” и сите кои ја обоиле сликата од мачката со кафена боја креваат рака). Сите заедно бројат колку ученици ја употребиле истата боја.Наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите бои, а потоа учениците ја играат играта “допри предмет во ... боја”, при што наставникот кажува боја, а учениците брзаат да допрат предмет во истата боја.

Завршен дел (5мин) Наставникот ги става флеш картите со веќе познатите зборови во кутија, но претходно им ги покажува картичките на учениците. Учениците еден по еден извлекуваат некоја од картичките, го објаснуваат зборчето со мимики и гестикулации за останатите од одделението да го погодат. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, наставно ливче-боенка, боички, флеш карти, слики од животни, табла, креда, предмети во училницата и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст, метод на илустрација, аудио-лингвален метод, метод на игра, тивка активност (silent way), фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 8: тема бр 1- Јас и другите

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (цртање и обојување на слика)со запознавање на околината (животни)

Додатна активност Наставникот кажува животни, а учениците треба да ги имитираат истите правејќи соодветни движења.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот за учење на ученикот , соработката на ученикот со соучениците, и сл.

Очекуван исход Ученикот се потсети на веќе познатите зборчиња и учествуваше во раскажувањето на текстот преку правење соодветни движења и гестикулации. Ученикот ги групира сликите според нивната боја.

Рефлексија на часот Учениците ги изговараа веќе познатите зборчиња и учествуваа во раскажувањето на текстот преку правење на соодветни движења и гестикулации. Учениците можеа да ги групираат сликите според бојата, но мал дел од учениците беа несигурни при оваа активност. Сите ученици учествуваа во предвидените активности.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 9: тема бр 1- Јас и другите

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)Наставна единица 5. Вежби- поздрави и броеви до 6Датум 21.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои броевите до 6 да увежба поздравување и отпоздравување да соработува со соучениците при заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот оди од ученик до ученик и го поздравува со “hello”, а

ученикот му возвраќа на поздравот на истиот начин. Потоа, во парови, учениците се движат низ училницата и кога ќе сретнат друг пар на ученици ги поздравуваат со “hello”. Потоа наставникот ја пее песничката “Hello, hello, goodbye, goodbye”, а учениците прават соодветни движења.

Главен дел (25 мин) Наставникот со употреба на постер со броевите, ги поучува броевите до 6. Учениците го повторуваат секој број повеќе пати увежбувајќи го нивниот изговор. Потоа наставникот, бара заедно да бројат помал број на предмети кои се среќаваат во училницата. Наставникот ги поучува учениците како да се претстават самите себе и да прашаат некого како се вика. Наставникот се движи од еден ученик до друг и ги прашува за нивното име, а името им го запишува на постер на кој се нацртани отпечатоци од нивните раце.Учениците ги обојуваат отпечатоците од рацете. Потоа учениците еден на друг го поставуваат истото прашање и си ги кажуваат нивните имиња.

Завршен дел (5мин) Наставникот ги става флеш картите со веќе познатите броеви во кутија, но претходно им ги покажува картичките на учениците. Наставникот вади една по една картичка со некој број, а учениците треба да го погодат бројот кој наставникот го извлекол од кутијата. Оној ученик кој прв ќе го погоди бројот е следниот кој извлекува картичка.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, боички, флеш карти, постер со броевите, табла, креда и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на песна, аудио-лингвален метод, метод на игра, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа.

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (обојување на слика)со математика (броеви)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 10: тема бр 1- Јас и другите

Додатна активност Наставникот ги дели учениците во групи и секоја група добива број од 1 до 6. Потоа наставникот пее песничка за броевите, а учениците кога ќе го слушнат нивниот број треба да кренат рака. Потоа наставникот ги прашува учениците од групата дали ги запаметиле броевите на другите групи.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот за учење на ученикот , соработката на ученикот со соучениците, меморирањето на броевите и сл.

Очекуван исход Ученикот ги усвои броевите до 6, се претставува самиот себе и ги поздравува другите.

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија броевите до 6 со мали потешкотии при изговорот кај мал дел од учениците. Можат да поздрават некого и да се претстават самите. Целите на часот беа постигнати и учениците беа доста активни во текот на часот.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 11: тема бр 1- Јас и другите

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)Наставна единица 6. Вежби-едноставни наредби и боиДатум 26.09.2011Цели на часот

Ученикот да може: да ги увежба боите да ги усвои и увежба едноставните наредби кои се применуваат во

училница да соработува со соучениците при заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Наставникот влегувајќи во училницата ги поздравува учениците со “hello”

и од нив бара да му возвратат на поздравот. Потоа ја прераскажува приказната, а учениците повторуваат зборови и фрази од истата кои им се веќе познати.

Главен дел (25 мин) Наставникот со употреба на флеш карти ги потсетува учениците на веќе познатите зборови со кои се именуваат бои. Учениците ги гледаат флеш картите и ја изговараат соодветната боја. Доколку има потреба наставникот им помага.Потоа, наставникот бара од учениците да ги стават нивните боички пред нив и им дава инструкции за следната активност-тој кажува боја, а тие одбираат од боичките и ја креваат онаа со соодветната боја која ја слушнале. Наставникот ја повторува оваа активност уште еднаш. Наставникот ги поучува наредбите “Stand up! и Sit down!” и ги увежбува истите преку игра-наставникот кажува наредба а учениците ја извршуваат, оној кој ќе погреши излегува од игра.

Завршен дел(10 мин) Учениците одбираат еден предмет, животно или растение и го обојуваат во нивната омилена боја. Потоа ги претставуваат нивните изработки пред останатите од одделението именувајќи ја бојата која ја употребиле.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, хартија, боички,молив, гума, флеш карти, табла, креда и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст, метод на илустрација, аудио-лингвален метод, метод на игра, тивка активност (silent way), целосен физички одговор (TPR), фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа.

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (цртање и обојување на слика)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 12: тема бр 1- Јас и другите

Додатна активност Учениците ја играат играта со давање наредби, но сега наредбите ги кажува еден од учениците.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот за учење на ученикот , соработката на ученикот со соучениците, и сл.

Очекуван исход Ученикот ги увежба боите, ги усвои и увежба едноставните наредби кои се применуваат во училница и учествува во заеднички активности соработувајќи со останатите од одделението.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на боите и ги увежбаа едноставните наредби соработувајќи сите заедно, а со тоа беа постигнати целите на часот. Особено им беше интересно играњето на играта со наредбите.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 13: тема бр 1- Јас и другите

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)Наставна единица 7. Изведба на текстот “A cat, kittens, lost and found mittens” и песничка

“Three little kittens”Датум 28.09.2011Цели на часот

Ученикот да може: да учествува во драматизација на текстот да учествува во изведбата на песничката најдобро што може да соработува со соучениците при заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Наставникот ја раскажува приказната “A cat, kittens, lost and found

mittens”, а учениците внимателно го следат и му се придружуваат во раскажувањето преку повторување на познатите зборови и фрази.

Главен дел (30 мин) Наставникот ги дели учениците во групи од четири ученици. Секој ученик добива своја улога во приказната. Потоа, во групи, учениците ја драматизираат приказната, при што наставникот им помага со раскажувањето и изговорот на текстот. Учениците одбираат група која најдобро ја драматизирала приказната. Наставникот ја поучува песничката за трите мачиња. Учениците ја слушаат песничката повеќе пати, а потоа се обидуваат да му се придружат на наставникот во изведбата на истата. При пеењето на песничката наставникот прави соодветни движења, а учениците го следат и ги прават соодветните движења.Учениците добиваат наставно ливче-боенка со ликот на мачка кое треба да го обојат, а потоа и да го отсечат и да го превиткаат за да може нивната мачка да стои.

Завршен дел(5 мин) Во мали групи, учениците ја изведуваат песничката за останатите од одделението. Наставникот им помага во изведбата на истата песничка.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, хартија, боички,молив, гума, флеш карти, табла, креда и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст, метод на драматизација, аудио-лингвален метод, метод на песна, тивка активност (silent way), фронтална работа, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа.

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (цртање и обојување на слика)со запознавање на околината (животни)со музичко образование (пеење песничка)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 14: тема бр 1- Јас и другите

Додатна активност Наставникот дистрибуира копии од ракавички. Учениците ги обојуваат, а потоа ги презентираат ракавичките кажувајќи во која боја се обоени истите.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот за учење на ученикот , соработката на ученикот со соучениците, сооценување на учениците во групи и сл.

Очекуван исход Ученикот учествува во драматизација на приказната и во изведба на песничката соработувајќи со соучениците.

Рефлексија на часот Учениците учествуваа во драматизацијата на приказната и одбраа која група најдобро ја драматизирала истата. Учествуваа во изведба на песничката за трите мачиња иако делумно им беше тешко да ја научат истата, но сепак ја пееја најдобро што можат.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 15: тема бр 1- Јас и другите

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)Наставна единица 8. Изведба на текстот “A cat, kittens, lost and found mittens” со хартиен

театарДатум 03.10.2011Цели на часот

Ученикот да може: да учествува во раскажувањето на текстот да се потсети на клучните зборови од текстот да соработува со соучениците при заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Наставникот со употреба на флеш карти ги потсетува учениците на

клучните зборови од текстот. Учениците ги именуваат поимите од флеш картите кои им ги покажува наставникот.

Главен дел (25 мин) Наставникот ја раскажува приказната со употреба на хартиен театар. Учениците внимателно го следат наставникот.Потоа, неколку од учениците ја раскажуваат приказната со помош од наставникот користејќи го хартиениот театар. Останатите од одделението внимателно ја следат оваа активност.Наставникот им пушта видеозапис од песничка за трите мачиња. Учениците внимателно го следат видеозаписот. Наставникот го пушта видеото уште еднаш, а потоа преку прашања бара да му раскажат што виделе во краткото видео. Учениците одговараат на поставените прашања.

Завршен дел(10 мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче на кое се претставени цветчиња и дава инструкции како треба да се обојат цветовите. Учениците ја слушаат бојата која ја кажува наставникот и го обојуваат соодветното цветче.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, хартија, боички, молив, гума, флеш карти, хартиен театар, компјутер, Интернет, табла, креда и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст, метод на песна, аудио-визуелен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во групи

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со запознавање на околината (животни)со музичко образование (пеење песничка)

Додатна активност Наставникот ги потсетува учениците на песничката за трите мачиња која беше поучувана во текот на претходниот час. Учениците му се придружуваат на наставникот во изведбата на песничката. Потоа, во групи ја пеат песничката, а наставникот им помага доколку има потреба.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 16: тема бр 1- Јас и другите

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот за учење на ученикот , соработката на ученикот со соучениците, наставно ливче-обојување по слушнат исказ и сл.

Очекуван исход Ученикот учествува во раскажување на приказната и во изведба на песничката соработувајќи со соучениците.

Рефлексија на часот Учениците учествуваа во раскажувањето на приказната и во изведба на песничката за трите мачиња која беше поучувана претходниот час. Тие внимателно го следеа крткиот видеозапис од песничка за трите мачиња и одговараа на прашањата од наставникот. На барање од учениците наставникот го пушти видеото повеќе пати.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 17: тема бр 1- Јас и другите

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)Наставна единица 9. Изработка на хартиени напрстоци со членовите во семејствотоДатум 05.10.2011Цели на часот

Ученикот да може: да усвои нов вокабулар-членови во семејството да учествува во индивидуални и заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Наставникот со употреба на флеш карти ги потсетува учениците на

клучните зборови од темата и на броевите до 6. Учениците ги именуваат поимите од флеш картите кои им ги покажува наставникот. Потоа ја играат играта “седни-стани”.

Главен дел (30 мин) Наставникот со употреба на флеш карти ги поучува членовите во семејството. Учениците го повторуваат секое зборче по повеќе пати увежбувајќи го изговорот на истите.Наставникот дистрибуира копии од напрстоци со членови на семејството. Учениците ги обојуваат сликите и ги отсекуваат . Наставникот им помага да направат напрстоци. Потоа, наставникот кажува еден збор (член од семејството), а ученикот кој го има тој член од семејството крева рака и го покажува на останатите од одделението.Наставникот им кажува на учениците да донесат слики од членовите на нивното семејство за наредниот час.

Завршен дел(5 мин) Наставникот ги става картичките во кутија и извлекува една по една картичка, а учениците ги именуваат поимите кои ги гледаат. Потоа еден од учениците извлекува картички, а другите ги именуваат поимите.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, наставно ливче-боенка, хартија, боички, молив, гума, флеш карти, табла, креда и сл.

Наставни методи и форми на работа

природен метод, аудио-лингвален метод, комуникативен метод, метод на игра, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со запознавање на околината (членови во семејството)со ликовно образование (обојување на слика)

Додатна активност Наставникот дистрибуира наставно ливче на кое се дадени силуети на мајка, татко и дете. Ученикот треба да ги доцрта нивните лица (очи, уста, нос, коса) и да ги претстави ликовите како да се неговите родители тој самиот кога бил помал.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот за учење на ученикот , соработката на ученикот со соучениците,

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 18: тема бр 1- Јас и другите

работата на учениците

и сл.

Очекуван исход Ученикот усвои нови зборови-членови во семејството и соработува со соучениците.

Рефлексија на часот Учениците учествуваа во играта потсетувајќи се на наредбите. Тие ги усвоија новите зборови со кои се именуваат членови во семејството и ги увежбаа истите преку различни активности во текот на часот. Кај некои ученици беа забележани потешкотии во изговорот на зборчињата, но со увежбување нивниот изговор се подобри.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 19: тема бр 1- Јас и другите

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)Наставна единица 10. Корелација со дома изготвениот семеен албум-членови на семејствотоДатум 10.10.2011Цели на часот

Ученикот да може: да се потсети на вокабуларот -членови во семејството да ги претстави членовите во неговото семејство да учествува во индивидуални и заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот со употреба на флеш карти ги потсетува учениците на

зборовите кои беа поучувани во текот на претходниот час, а со кои се именуваа членови во семејството. Учениците ги именуваат поимите од флеш картите кои им ги покажува наставникот. Учениците ја играат играта “расипан телефон” со зборови со кои се именуваат членови во семејството.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите бои покажувајќи предмети обоени во различни бои.Наставникот ги прашува учениците дали носат слики од членовите во нивното семејство. Оние ученици кои носат слики излегуваат пред одделението и ги претставуваат членовите во нивното семејство притоа покажувајќи ги нивните слики. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа. Потоа, ги цртаат членовите во нивните семејства.

Завршен дел(10 мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче-боенка со членови во семејството. Учениците ја обојуваат сликата. Додека тие работат наставникот се движи низ училницата и ги прашува за членовите во семејството дадени на сликата.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, наставно ливче-боенка, хартија, боички, молив, гума, флеш карти, табла, креда, слики од членовите во семејството на ученикот и сл.

Наставни методи и форми на работа

аудио-лингвален метод, комуникативен метод, метод на игра,метод на илустрација, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со запознавање на околината (членови во семејството)со ликовно образование (обојување на слика)

Додатна активност Наставникот ги дели учениците во парови. Еден од учениците во парот се врти со грб кон другиот ученик, а тој со рака на грбот му пишува еден број до 6. Ученикот кој е свртен со грбот треба да го погоди бројот и да го изговори на англиски јазик. Потоа си ги заменуваат улогите.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 20: тема бр 1- Јас и другите

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот за учење на ученикот , соработката на ученикот со соучениците, и сл.

Очекуван исход Ученикот се потсети на членовите во семејството и ги претстави членовите во неговото семејство.

Рефлексија на часот Учениците учествуваа во играта потсетувајќи се на членовите во семејството. Покажувајќи слики тие ги претставуваа членовите во нивното семејство, но дел од учениците имаа заборавено слики од членовите во нивните семејства.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 21: тема бр 1- Јас и другите

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)Наставна единица 11. Изработка на брошура со клучните зборови од оваа темаДатум 12.10.2011Цели на часот

Ученикот да може: да се потсети на вокабуларот кој беше поучуван во оваа тема да изработи брошура со клучните зборови од темата да учествува во индивидуални и заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот со употреба на флеш карти ги потсетува учениците на

зборовите кои беа поучувани во склоп на оваа тема. Учениците ги именуваат поимите од флеш картите кои им ги покажува наставникот. Потоа заедно со наставникот ја пеат песничката за трите мачиња.

Главен дел (20 мин) Наставникот им покажува брошура на учениците која тој однапред ја има изработено. Потоа, наставникот дава инструкции како учениците да ги изработат нивните брошури. Учениците ги следат инструкциите од наставникот и ги изработуваат брошурите.Додека учениците работат, наставникот се движи низ училницата и ги прашува учениците што цртаат и кои бои ги имаат употребено при изработката на нивната брошура.

Завршен дел(10 мин) Учениците на играат играта пронајди го предметот. Наставникот кажува една боја, а учениците треба да го пронајдат предметот во училницата обоен во таа боја. Оној ученик кој ќе погоди е следниот кој кажува боја.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, хартија, боички, молив, гума, флеш карти, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, метод на игра, метод на илустрација, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со запознавање на околината (членови во семејството, животни)со ликовно образование (обојување на слика)со музичко образование (песничка)со математика (броеви)

Додатна активност Наставникот покажува картичка со една од боите. Учениците треба да ја именуваат бојата и да проверат дали ја имаат на нивната облека.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот за учење на ученикот , соработката на ученикот со соучениците, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 22: тема бр 1- Јас и другите

Очекуван исход Ученикот се потсети на клучните зборови од оваа тема преку изработка на брошура.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на клучните зборови од темата изработувајќи брошура со истите. Во текот на часот не беа забележани некои потешкотии при учеството на учениците во реализираните активности.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 23: тема бр 1- Јас и другите

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)Наставна единица 12. Презентација на брошурата со клучните зборови од оваа темаДатум 17.10.2011Цели на часот

Ученикот да може: да се потсети на вокабуларот од оваа тема да ја претстави својата изработка-брошурата да учествува во индивидуални и заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја раскажува приказната, а неколку од учениците ги играат

улогите на ликовите од приказната. Останатите од одделението кога ќе го слушнат зборот “мачка” (cat) или “маче“ (kitten) извикуваат “мјау”, а кога ќе го слушнат зборот “куче” (dog) извикуваат “ав-ав”.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги потсетува учениците на зборовите кои се среќаваат во оваа тема, а кои се веќе познати при што користи флеш карти и слики. Учениците ги гледаат картичките и ги изговараат зборовите.Наставникот ги потсетува учениците дека претходниот час изработија брошури и дека секој треба да ја презентира неговата изработка пред останатите од одделението. Учениците еден по еден излегуваат и ги претставуваат нивните брошури, именувајќи ги броевите до 3, нивните омилени бои и омиленото животно. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.Потоа, наставникот ги става брошурите во кутија и извлекува една брошура, а учениците треба да погодат кој ја изработил истата. Оној кој ќе погоди е следниот кој извлекува брошура од кутијата.

Завршен дел(10 мин) Учениците ја играат играта наречена модел и глина. Наставникот ги дели учениците во група од тројца каде еден е модел, другиот е глина, а третиот е уметникот. Моделот прави некоја поза, а уметникот треба да го намести ученикот- глина во истата поза. Ученикот-глина е свртен со грб кон ученикот-модел.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници,претходно изработени брошури, хартија, боички, молив, гума, флеш карти, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

аудио-лингвален метод, комуникативен метод, метод на игра,метод на илустрација, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со запознавање на околината (членови во семејството, животни)со ликовно образование (обојување на слика)со математика (броеви)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 24: тема бр 1- Јас и другите

Додатна активност Игра. Еден ученик излегува пред одделението и е свртен со грб кон другите. Еден од учениците во групата извикува “hello”, а ученикот свртен со грб треба да погоди кој ученик кажал “hello”. Доколку го погоди ученикот седнува во групата, а ученикот кој го погодиле излегува и се свртува со грб кон одделението.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот за учење на ученикот , соработката на ученикот со соучениците, и сл.

Очекуван исход Ученикот се потсети на клучните зборови од оваа тема, ја претстави својата изработка-брошурата пред останатите во одделението и зема учество во заеднички активности.

Рефлексија на часот Учениците ги именуваа клучните зборови од оваа тема преку употреба на флеш карти од страна на наставникот и ги претставија нивните брошури, иако на поголем дел од учениците им беше потребна помош при оваа активност. Соработуваа при учеството во заеднички активности-игри кои им беа доста интересни.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово